1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. C.Bradshaw

    C.Bradshaw Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    15
    Краткотрајни мечти

    Некогаш ко мала слатка тајна , дојди ми на гости,
    некогаш ко ветер разбушави ми ја косата
    присети се на мене,присети се на мојата миризба и дива прегратка
    Прегратка која искажува премногу љубов ,премногу емоции..
    Помини некогаш накај мене,
    помини , ке броиме ѕвезди,
    сети се на нашите летни денови ,
    сети се на нашите кратки мигови заедно поминати ,
    недоволни ноки кои ништо не ни шепнаа,
    краткотрајни прегратки , но сепак искрени
    и сети се дека ти , во мене го будиш ѕверот!
     
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Д Клише

    Дождот предизвикувa
    различни расположенија
    за секс
    за тмурна збиранка на кафе
    кога излогот е испрскан
    од есенската лигавица.
    Буквата Д е како клавир
    за да заседнеш и отсвириш
    четири годишни времиња
    од Вивалди.
    Оти сите не’ поминаа.
    Чадорот е само орудие
    исконско
    за да се спасиме од плуканиците
    на ова небо
    што одамна не’ проколнува.

    Дојди да прошетаме
    и кога истура
    да ти кажам збор два
    оти сме отуѓени
    без причина.


    Мојот дожд
    нека биде твоја вистина.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Одам.Ама не знам каде.
    Несвесно се вртам.Не гледам ништо.
    Раксрсница.Полесен или потежок пат.
    Полесен.Пречка.Болка. Попатна станица.

    Од некаде го слушам твојот глас.
    Сон.Јаве.Кој да знае.
    Солза.Една.Солзи.Повеќе...
    Навираат.Течат.Од каде доаѓаат?

    Зошто.прашувам очекувајќи одговор.
    Не добивам продолжувајќи разочарана.
    Целта не ја гледам.полека губам надеж.
    Веке се влечкам.небитно.сеуште одам.

    Пак болка.Патов не е лесен.
    Никој не ме предупреди.
    Шамар силен. Животот е тежок.
    Кој би можел да го претпостави тоа уште од пред да се роди?
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    ти ти ти ... Само ти .
    Ме рануваш.Ме лекуваш.
    Ме полудуваш ме гушкаш.
    Ме мрзнеш. Ме топиш.
    Можно ли е? Од некој да си зависен?
    Без него да не можеш.
    До кога? како? колку време?
    траело и ке трае.Бескрајна приказна.
    Круг што се врти.
    Глуп ден.Претерано глуп.
    Одвај чекам.Да те видам.да те стиснам.
    да се почувствувам сакана.потребна.
    што е тоа длабоко во нас?
    Што всушност е љубовта?
    Опсесија?Потреба? Навика? Или ништо од ова?
    Кога те нема секоја болка е два пати поголема.
    твојот глас е мој лек за се.
    Повредена.Од се. Од секој.
    Луѓе? што беше тоа ?
    Душа. Кој уште ја има?
    Чувства и општа култура.Смешно.
    Јас и ти.кревет.филм.кебе.
    Никој друг.
    Те сакам.Два збора што можат секој орган да ти го изместат.
    Срце.Скршено или цело. Мое си е.
    Помош пружена.Фала нигде.
    Растроена.Напната.Чувства измешани.Помешани со болка.Неодредено.
    вести.лоши.поинакви и не очекував.
    трагедија.Повеќе би рекла трагикомедија.
    Простотилак и малоумност.
    До каде вака?
    Ми требаш ти .. ти ти ти
    Само ти.
    Сега одма во моментов... сега и засекогаш.
    Свесно или несвесно те посакувам.
    ненормално многу.
     
    На Плоко Поетот, donna.17, mysterious и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Желба да пишувам.да пишувам и да извадам се од мене. Тежи.Боли. корне.
    за што се трудиме кога крајот ни се знае. Тешко е да се живее. Тешко е да ги избегнеш проблемите. Тешко е со се да се соочиш.

    Татко болен. Плаче и Вика . Со секој негов крик моето срце се кине. Повеќе и повеќе. До кога ? Страв во мене. Дали ке го изгубам ? дали ке биде успешно? Дали ке оздрави ?Или ке отиде со една нога во гроб? Или ке остане полачовек? Зошто тој ? Зошто не јас . Немој Господе да го земеш .Земи ме мене . Помогни му. Те молам. Дали вреди ... Не вреди. Јас спијам со едно око отворено.Очекувајќи ужас.
    Ништо не вреди ... се е џабе ... што и да направиш. вистинско Богатство - Мирна совест. Чиста сметка долга љубов рекол некој.
    Мојата сметка не е чиста.Многу ми должат а пак пружам љубов. До кога ке имам сила . Нема одговор . 18 Години и преголема болка на моето срце. Претрпено се и сешто . Ништо веќе не би ме зачудило .
    Искреност.Прескапа е.Не знам зошто срдечно ја подарувам и неа. Добрина ... зошто продолжувам да ја давам кога постојано сум згазена. Дали стварно некогаш со добро ке ми се врати? останува да почекам и видам. Нервирање. џабе. Не помага за се да се реши. Смирено размислување . пак џабе . Ништо не разрешив.Останува да чекам. Надевајќи се дека се ке биде добро.


    Утре е нов ден .
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    еј Ти.
    Подај ми рака и оди до мене.
    Ветрот да не дува додека се смееме гледајќи се во очи.
    Кажи ми пак... еј не се нервирај за глупости.
    Оди со мене.
    Дозволи ми да се потпрам на тебе и да ти го слушам срцето како ти чука.
    Чувството е незаменливо.
    Налути ме .. изнервирај ме бескрајно.. Доближи ми се полека
    Онака како што знаеш само ти. Бакни ме.
    Знаеш дека ке се тргнам.
    Погали ме. Полека ке попуштам.
    Легни до мене откако ке ја испушиш цигарата по завршеното водење љубов.
    ке те гледам и ке трепкам. како божем не те знам.
    Ке те изгризам.
    што ми правиш ???
    свесен ли си.Дали и јас вака ти влијаам.Тешка дилема.
    Одговор непознат.И еден непознат број.
    Караница.Сегде ги има.Барем така се тешам.
    Телефонот треснат од земја.расклопен.
    Не ни појавуваш желба да вртиш пак.
    ниту пак јас.
    Цел еден саат. Потоа пак. Се поминува.
    И пак одиме заедно.
    Јас и ти.Две личности.. една душа.
    Те познавам предобро.А и ти мене.
    Купи ми чоколадо и смеј се додека го јадеме.
    штипни ми ги образите и смеј се додека се правам лута.
    Пак ке се бориме.
    Победникот се знае.Ти.мојот осет за скокот не дозволува ни да те нападнам. Ме претркуваш.
    Те посакувАМ пак. ИЛи не. Хмм ... лежи и молчи. Во пригушената светлина гушнати галејќи се под кебе.
    дали има нешто поубаво.Нема.Барем за мене.
    Живот.Долг и мачен.Сакам да го делам со тебе.Со никој друг.
    Ние и нашите деца. буцкасти со обравчиња за штипење и гризење.
    Ќе ги обожаваш знам. Сонови. Фантазии. Дали некогаш ке бидат реалност.
    Уживај сега. Ме имаш те имам. Целосно ти припаѓам . Цел си мој . Од глава до пети .
    Не мисли на утре. Бездруго се ке биде добро. како и до сега. Те сакам најмило мое.

    Научи да го цениш тоа.
     
    На Плоко Поетот и mysterious им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Тедибеар доколку сакаш да го дополниш постот,користија опцијата Редактирај.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Потрага

    Наврати некогаш
    во од, додека имаш здодевни минути
    разбркај ги како муви
    во досадно августовско попладне.
    Донеси ми новост
    Мал грам ум за големи радости
    како новороденчиња
    нека се раѓаат зборови
    (оти нашиот јазик, полека умира)
    Да обновиме
    некои стари ќошиња.
    Наврати, во палто
    во кое нема да препознаам
    дали си ти или староста.
    Како песимизам кој
    се убил чекајќи ја невестата
    (Оптимистка, што не верува во брак).
    Дојди ми, во мрак.
    Зароби ја мојата светлина.
    Да обновиме
    некои ведри сеќавања.


    Знаеш, ли воопшто
    Која сум јас...
    навистина?
     
    На Плоко Поетот, Devi, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Разделба



    Погледнав низ прозорецот,
    видов бели облаци, шаренолики.
    Личеа на лебед, но и на крокодил.
    Се сетив на твојата прегратка,
    нежна и топла,
    а сепак раздразливо болна.
    Бакнежот твој, како првиот.
    Колку само си личат
    почетокот и крајот.
    Можеби тие се еднодушни
    кружејќи стигнавме,
    таму каде што почнавм
     
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Црниот портрет






    Можеби не го гледам твоето лице,
    не го чувствувам твоето тело,
    а ти си тука.
    Сенка беше и сенка остана.
    Бледило некое, сивило,
    раката ми остана празна.
    Имаше некој звук,
    но и тој од неодамна замре.
    Безмилосните контури
    на твојата појава
    оставија длабока трага
    врз моето битие,
    да би ме небило,
    а уште подлабоко егзистираш
    на мојот ѕид.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Бескрајни идиоти сме
    кога си докажуваме кој е повеќе во право.
    Јас се гледам во огледало.
    А во одразот стоиш ти.

    Вистински опозит од мене.
    Додека нервно се извикувам
    од дното на моите гласни жици,
    ти смирено ми вариш кафе.

    Ме скокоткаш,
    а јас не испуштам ни глас.
    Велиш - го љубиш мојот стас.

    Јас можам светот да го подгазам под нозе,
    но кога доаѓа до тебе
    се покорувам себе.

    Би одела и онаму
    каде трњата дупло боцкаат
    и плачот е сув и тежок -
    за една твоја насмевка.
     
    На ciribiribela, Gordana10, Angelche и 2 други им се допаѓа ова.
  12. rainbow.girl

    rainbow.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    СУпер..
    еве нешто и од мене:

    На другиот крај од човечката глупост

    О, тие денови во младоста
    денови кои го вознемирија моето срце
    кога прв пат те видов.
    О, тие денови во младоста
    денови кога срцето забрзано биеше,
    кога прв пат затреперив од возбуда,
    кога ја пронајдов мојата љубов.
    Сакав само од тебе едно
    ТЕ САКАМ да слушнам.
    Но, го подари на друга
    не мислејќи на мене.
    Ме остави сама на ветерот и дождот.
    Ме препушти на рацете на судбината.
    О, тие денови кога бев среќна,
    денови во кои уживав чувствувајќи ја љубовта,
    кога мислев дека ќе дојде денот
    кога ќе бидеме заедно.
    О, тие денови кога бев среќна,
    денови кои ги посветував мислејќи на тебе,
    денови кои се само минато,
    едни детали од моите спомени.
    И не останав истото,
    сега не сум како порано.
    Сега се навикнав да уживам во
    тишината,
    се навикнав да уживам во
    осаменоста,
    се навикнав да уживам во
    болката и тагата.
    За мене ти беше еден и единствен.
    Онаа прва љубов, која сега
    не ми дозволува да сакам.
    Осамена, те видов.
    Се враќаше кон мене со насмевка.
    Милно со поглед
    и ги подаде рацете како за прегратка.
    Не ја примив, само отстапив.
    О, тие денови болни,
    тие денови во кои го сакав,
    денови кои несакав да постојат,
    кои сакав да згаснат.
    Се прашував дали би можела
    да го пронајдам патот до ѕвездите,
    патот до рајот.
    Не сакав да зборувам,
    Не сакав да те гледам,
    Не сакав дури ни да те слушам,
    мислев дека уживам во блажена
    осаменост, болка, темнина и глувост,
    не знаев дека рајот бил таму,
    на другиот крај од човечката глупост.
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Кој си ти??

    Кој си ти така смело да чекориш кон моето срце?

    Ме опиваш, ме труеш

    а потоа пробуваш да ме спасиш

    од тој опасен отров кој го имаш во себе.

    Не си ладен, но својата топлина

    не ја делиш со мене.

    Ме галиш, мазиш, размазуваш,

    но пак не сум со тебе.

    Се прашувам кон што води сето ова??

    Ме гледаш, но твојот поглед не ме пронаоѓа.

    Ме бакнуваш, но дали заслужуваш.

    Кој си ти, за така да ме заведуваш?

    Велам крај!


    Со солзи во очите

    ти велам крај

    Иако длабоко во себе

    викам не, не заминувај

    Но, тие усни неможам

    да ги љубам јас

    Твојте усни не се

    мојот спас

    Те сакам, и веќе губам глас

    Но, неможам вака

    да продолжам

    Па затоа си заминувам.
    Еве само еден мал дел, малку сум уморна а и мрзлива сега, повеќе ќе прочитате понатаму.
     
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    За една личност која ми значеше многу...

    Се почна ненадејно. Дојде како џокер. Токму кога бев најповредена, ранлива и осамена. Ми подаде рака и ми пружи рамо за плачење. Заедно поминавме безброј денови и прекрасни вечери во смеење и лудување. Бевме неразделни, заедно плачевме, заедно се смеевме...
    Занесена, не гледав подалеку од мене и тебе, не размислував надвор од кутијата. Правев се` за тебе, внимавав на секој кажан збор, на секој мал детаљ. Ни самата не ја знам причината, небаре непознат човек со прст ми се закануваше во мојата глава. Западнав во твојата игра без крај. Бев твоја марионетка и се плашам дека можеш пак да ги движиш моите конци кога и да посакаш. Се срамам да кажам, но ми недостига твојата прегратка повеќе од се`.
    Понекогаш се будам сред ноќ, а некогаш не можам воопшто да заспијам. Ме гризе совеста, не ме остава да дишам. Не знам дали само ја пренесе вината на мене, ако е така честитам бидејќи ти успеа. Огромна грутка се смести во празнината која што остана по тебе, ми пречи. Ми пречи при секое вдишување кое е болно и тешко.
    Имаш многу лица. Ја знам твојата слаба точка. Ми недостига твоето старо лице кое го покажуваше само кога беше со мене. Не можам да разјаснам дали беше само корист или потреба од вистински пријател. Тоа и ти бев. Твојата гордост те демнее, не си храбра како што покажуваш. Во тебе е заробена една мала, кревка и добра душа желна да љубов, поддршка и почит. Не си девојчето кое сака да ги понижи сите без да внимава на туѓите чувства.
    На моменти многу ми недостигаш. Толку си блиску, а сепак толку далеку. Те сонував. Се` беше како порано. Јас и ти како едно, заедно до врвот. Се разбудив и излегов од мојата илузија. Во реалноста ти ме турна сакајќи го тоа место само за себеси.
    Не чувствувам вина туку копнеж и болка. Ме искористи како крпа и ме отфрли на подот, бев една од ретките кои се согласија на твоја манипулација. Ме боли фактот дека ти дозволив, ме гуши и не ми дава спокој. Пече секој збор наметнат од твојата уста, чиста невистина облеана со твоето големо его. Признај ја вината, полесно ќе ни биде на сите. Не чекај извини, туку дојди и побарај прошка. Можеби никогаш нема да биде како порано, но нема да те заборавам. Растеме и времињата се менуваат, а со тоа и сфаќањата. За некоја година ќе гледаме поинаку на работите.

    Гордоста е тивок убиец.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  15. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    -Зошто се што посакуваме, тешко добиваме!?
    Единствено нешто што сум барала од животот е трошка љубов и среќа. Да љубам и сум љубена, да водам љубов со емоции, а не да ме води `животинскиот инстикт`. -Но никогаш не сум добила . . .
    Кога првпат љубев бев дете, ДА! -Но таа љубов беше чиста и искрена, го имав тој сјај во очите, ја имав таа топлина во душата, ја имав таа способност да сакам и љубам со цело срце и душа, а сега . . .
    Сега сум иста како сите, љубовта ми стана еден сон, мечта, ме води разумот, а не емоциите. Не сакам да љубам од страв да не бидам повредена, бидејќи уште еден таков удар не знам дали ќе издржам, дали ќе можам да продолжам . . .
    Едноставно јас сум сепак жена, која длабоко во себе знае да љуби како дете и сака да биди љубена како жена, која доволно доживеала љубовни разочарувања и која сеуште се надева дека еден ден повторно ќе ја осети љубовта . . .
     
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Не ме покривај.
    Не ме оставај.
    Сакај ме. Заљубена сум.
    Многу време помина од првиот поглед, првата средба,
    првиот збор, првиот допир, првиот цртеж што ти го нацртав.
    Само за тебе. Ти ме убеди, ти ме освои.
    Првото твое фала, првиот подарок.
    Скромен. Мал. Важно беше од љубов.
    Уште повеќе те засакав. Почнуваш да ме заразуваш.
    Ми ги опседнуваш зениците. Јадрата, цитоплазимте, сè буквално.
    Стануваш моја болест, опсесија, неможам да не мислам на тебе. Заразена сум.
    Нема никогаш да те заборавам. Не прави го тоа ни ти.
    Не ме обвиткувај со пајажина. Ти верувам.
    ГО докажа тоа. На никој го немам кажано тоа. Освен на тебе.

    Само вети ми дека нема да ме разочараш. Дека нема да ме оставиш сама.
    Јас сум само ... само една ...
     
    На blueeparadise и skyAngel им се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Очите Затвори ги.Срцето отвори го.
    Мозокот исклучи го. Дозволи му на срцето да те води.
    Тоа не греши.Скоро никогаш.
    Слушај го.
    Јас сум тука. 24 саати.Безрезервно ти ја пружам мојата љубов.
    Ти давам се.Се што едно машко може да посака.
    Не си одам.Не те повредувам.
    некогаш претерувам.Ајде насмеј се.
    Речи пак.. Ах тие женски хормони.
    Спиеш убаво.јас те чувам.
    Ја истураш на мене твојата мака и нервоза.
    Те гледам и трепкам.
    Зарем можеш да ми одолееш.
    Ми посвети песна.Фала. Ти посветувам и јас.
    Не една. Многу. Секојдневно.
    нездраво те сакам.
    Каде со овој памет.
    Како каде? На седмо небо.
    ако не таму.и во твојот кревет.
    Одлична дестинација.
    Никогаш досадна.
    Љубов.Никогаш доволна.
    за твоите бакнежи и допири.јас сум ненаситна.
    Ненаситна.А ти се смееш.
    Па ти само се смееш.
    Ти си толку смирен.Насмеан ке ме бациш.
    Убаво ти е.И мене ми е.
    Заклучок.Се сакаме.И убаво ни е.
    Со тебе се е убаво.
    Немој да упропастиме и овој пат.
    пс.те сакам.Точка.
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Четири ѕида. Затворен простор.Мојата соба.Моето царство.
    Музика.Чоколадо.Солзи колку сакаш.
    Се прашувам.Дали на некој му е грижа за мене.
    Јас знам се грижам за скоро сите.
    Потрчко.Глупава девојка.
    Во огледалото нов лик.
    Непознат.Не ни сака да се запознаеме.
    Ме одбива.Зошто?
    Си ја бара старата друшка.
    Не знам каде сум ја скрила.
    Венецијанките цел ден затворени.
    Темница надвор.Темница во мојата соба.
    Темница и во мојата душа.Уште колку удари треба да поднесам?
    Чудно прашање ми помина низ главчето мало.
    Кој ке ми дојде на погреб ако јас умрам.
    Ај ке дојдат што ке дојдат.
    Ама кој од дојдените ке плачат искрено.
    Освен мајка ми и татко ми.И можеби брат ми.
    Вложуваме труд.Некако не се враќа.
    Чаша црвено вино.Голтка.Се меша со солзи.
    Го гори мојот хранопровод. Моето срце забрзано чука.
    Еве пишувам а мобилниот ѕвони.Не кревам.
    Остави ме да се смирам
    ОСтави ме да пишувам да се олеснам
    Остави ме .. Најлесно е тоа.
    папагалчето пее. што ли ми збори.
    Дали разбира зошто плачам.
    Дали можеби нешто ми кажува.
    Штета.Сакам да знам.
    Се сакам да знам.
    Можеби тоа е она лошото во мене.
    подвижно биро за информации не ми е рамно.
    Камен тежок.Срцето плаче.
    Го чувствувам.
    Хармонично си се разбираме и си плачеме.
    Песниве болат.
    оставете ме сама
    Само.
    10 минути.со.песна.солзи.вино и чоколадо па повторно ке бидам онаа старата.
    Ветувам.
     
    На silvy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Taylor

    Taylor Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Песнава е од девојчето кое ми е ривалка, а ја сакам како сестра. Бевме многу добри другарки, после јас се оддалечив малку, и сеа се натпреваруваме која да биде прва.Мила ми е песната, инаку е напишана од неа за нејзиниот помал брат.

    Нешто на хоризонтот се вее
    го чувствувам во срцето
    мислам дека знам што е.

    Денот е сончев
    ваков нема ни во сон
    Играј си, тоа е се што ти остана.
    Бидејќи суровоста се вкоренува
    ти треба заштита
    пред да биде предоцна.

    Кој ли знае кој ќе те допре?
    Кој ли ќе те повреди??
    Каде ли ќе те однесе ветрот?

    Облачен ден, сиво е се
    твоето летало некаде далеку се вее.
    Дали ветрот ќе ти го донесе??

    Безгрижен, ко птица во лет
    никој не ја гледа сенката во тебе
    додека леташ од цвет на цвет.

    Не брзај, не си последен.
    Леталото те чека, ветрот е совршен.
    Играта не трае вечно,
    но секогаш има следен ден.
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Ноември......

    Секоја вечер излегувам на тераса да те вдишам.. Да... A знаеш ли зашто? Tвојот ладен мирис за мене има посебна моќ, ти ја имаш моќта да ме навратиш кон најубавите мигови... Јас само ги затварам очите, дишам од твојот специфичен и ладен парфем... и еве ги спомените еден по еден се поредуваат!
    Ги гледам дреч зелените греачи, еве ја и ламбадата од теранова, мојата насмевка,и елемент (клучното место за нас 14 годишните)... Колку би сакала да се вратам таму знаеш ли?? Барем на 5 минути, да се видам за последен пат како дете...Толку ми беше убаво, невино, среќнооо. ЗАШТО ПОРАСНАВ? И најлошото од се е ЗАШТО УЖИВАШ ДА МЕ ПОВРЕДУВАШ?? ЗАШТО СЕКОГАШ МЕ НАВРАЌАШ НА СПОМЕНИТЕ? Ако не си ти, мене меморијата не ми работи, без тебе ноември, јас не би можела да се навратам на спомениве, блокиран ми е мозокот, осеќам дека е преокупиран со возрасните проблеми кои ми следуваат...., Но, твојот парфем, само тој може да ме наврати! тој чуден воздух што го имаш ти, ме враќа на спомените, на сите спомени, и ме тера да плачам и плачам... Поради тоа ТЕ ОБОЖАВАМ, НО И ТЕ МРАЗАМ!!! Зашто сум зависна од тебе?? Се трудам да те избегнувам, ама не можам...Сакам да дишам од тебе и секоја вечер излегувам на терасата... Ја палам цигарата, вдишувам длабоко и велам
    Колку си моќен... Само со тебе ми се буди минатото, солзите, среќата, болката и невиноста...Да, тогаш бев само дете, среќно и расплакано, љубоморно и инаетливо, и наивно секогаш....А сега??? Сега сум нешто што пред 7 години очајно сакав да бидам.....Колку сум грешела... Сега цел живот ќе бидам ова по што сум копнеела, а дете? Никогаш повеќе, тоа е минато..Минато кое упорно ми се навраќа само во ноември. Инаетливо ми го навраќаат ноемврискиот воздух и ноемврискиот студ...Како да знаат дека само тие се способни за ова! Ама ако, нека се навратат спомените, јас ќе се изнаплачам немоќно и безпомошно..За моите најубави години!