1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Аutostrike

    Поетеса.
    Облик на жена
    со менѓушки како лажичиња.
    Инсталација
    со наочари и кога нема сонце
    во боја, розова.
    Поетеса
    непотребна на системот
    а богами и на снаата и свекорот.
    Жена што го опседнува просторот.
    Со зборови
    и енергија
    што не влегува
    во сечии чевли.


    Поетеса
    Тажна, и смешна
    кога е важна
    и грешна.
    Во аглите на овој град
    создава маглини
    и слики кога
    мавта со рацете
    обидувајќи се.
    Да допре до некого.
    Поетеса
    Саморазорна
    како и секој
    што влетал во нејзините зборови.


    Поетеса
    што на своите облини
    ги носи идните деца
    замислено, дрдори
    надевајќи се на сцена
    каде, светлата
    ја блескаат нејзината интима
    отворена како гладна уста.
    Се опева.
    И себеси.
     
    На starfish, Nina24, irenna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ~Прамени тага~

    Косата моја сака слободно да паѓа,
    да ги гали моите голи рамена.
    Сака и да ја галат твоите подгрубени прсти
    да не биде осамена....

    Косата моја го сака твојот парфем
    да ги впива тие капки надеж,
    да ги гали нежно твоите меки образи
    лизгајќи се тивко, како крадец.

    И мириса на свежо цвеќе само за тебе,
    да би те однела на ново патување
    да би те завела и измамила
    за страста ти нуди ветување.

    А сува и крута е косава моја,
    чиниш воздухот сам сјајот и го зема
    и венее тивко, ко телово мое
    кога не си тука,
    кога те нема.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Црномурeста девојка. Мала. Косата и паѓаше совршено без нејзино трудење. Очите, мистериони, блескави искрени. Совршена беше, е, ќе биде. А тој...лицето му беше накитено со голема насмевка, бемчето му беше карактеристично. Фетиш. Девојката, го сакаше. Карактерот и прилегаше. Барем тогаш...Одамна беше тоа. Времето брзо летна. Се запознаа сосем случајно. Разговорот им одеше. Но, тој се упропасти, а таа, сеуште заљубена во него. Играчка? Не, таа реши да престане со тоа. И му кажа сè. Сè заврши. Готово е. Сега, плаче заедно со дождот.
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Внимателно ја отворив влезната врата. Веднаш го почувствував ветрот. Длабоко вдишав, студот за момент ме обвитка. Безброј светилки нанижани на хоризонтот. Некои трепкаа од време на време, а останатите светеа постојано и силно. Се двоеа на црната завеса која беше послана наоколу. Бели снегулки ме милуваа по лицето, ги имаше во изобилие. Паѓаа косо, секоја посебна и поразлична. Толку исти, а толку различни.
    Кога бев мала ги собирав во црвеното кутивче. Веднаш чим ги внесев покрај елката, се претвараа во обична вода. Се трудев да ги зачувам, но беше залудно. Ја вадев железната санка од подрумот, сеуште ми се јавува звукот во главата, како да ги служам 'рѓосаните парчиња железо кои се гребеа по асфалтот, таму каде што чичковците со црвени носови и големи лопати го исчистиле снегот, разочарување за секое дете. Се санкавме цело попладне по маалската надолница. Џагорот траеше се` додека нашите детски прстиња не измрзнеа. Секогаш дома се враќав со црвено носе и солзи во очињата. И покрај малите ракавички прстињата ми мрзнеа. Едно студено попладне, бато во раце ме носеше до дома. Ми свари чај и ме остави да се згреам до печката. Плачев и се тресев од студ.
    Сега се` ми е некако избледено. Но магијата е присутна. Посакувам да преноќам онаму, во аголот на балконот. Каде што една минута трае како една секунда. Ништо не може повеќе да ме смири од тој агол. Од таму се гледа се`... од таму најубаво се чувствува. Го пречекорувам прагот како нова личност, посмирено и со повеќе инспирација.
    Ех да не беше толку студено...
     
    На Valerin и viki44e им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Сечило

    Што можам, кога не затворам врата
    и се плашам од затворени простори
    тропам кога сум будна
    и ме заморуваат тапи приказни
    Што да ти правам, кога не конташ
    ни мериш, ни сечеш
    Ајде уште една песна од инает
    слушајќи њувејв без збор да речеш.


    Преку глава ми е од автобусот
    што се клацка и паѓаат тетки од столчињата
    од телефоните со мрс и гадост
    напикани во копчињата.
    Не го сакам овој град
    љубовник е лош и ме гори со цигар
    му р'кам во пивото и го соблекувам
    фелацио на урбани простори.


    Лак и стрела вперени во апатијата
    скршен чешел, ни ојде ќелавицата!
    Наведни се, о, глупав граѓанину
    касни си од задницата!
    Мракот, е за светлите луѓе
    да можат да се занесуваат
    Како и јас, кога со нож се размавтувам
    и сите замолкнуваат.
    Референци и проста поезија
    облечена во декемвриски скафандер.
    Реши се, Животе.
    Коа ќе ме удавиш
    со свиленко јаженце.
    украдено од детскиот сон.

    Демек невиност.
    Што можам
    кога пишувам
    место да ви врескам в лице
    и да ви ги откопчувам патентите.
     
    На Miss-Sinner, blueeparadise, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    She was dreamy. Always loved with her whole heart, truly and deeply. One of her biggest mistakes. She hoped too much and got too little. She used to drift away from reality when gazing into his eyes, so happy knowing the fact that he is right here, beside her.
    He was flirtatious. Without a care in the world. Like a little kid, except the fact he wasn't one anymore. Breaking many hearts and not even knowing it. He was so funny, cute and all that. But he was pompous. Damn pompous. And self confident. Did he really know? She loved him. Couldn't live without him.
    She couldn't get used to it. What a shock. All those butterflies.. Is this love? Real love? Was it him she really wanted? Loved. Cared about. Crying in the endless nights. But, she already knew the answer. He was.
    He was standing there with a fucking smile on his face. 'I'm leaving' he said. No turning back. No denials. That was it. And he's never coming back. And what about her? Damn it. He didn't care about her. What am i really talking about? He never did.
    She couldn't believe what he was saying. I mean, he was with her. And now he's gone. She won't see him again. 'Are you okay?' her bestie said. 'And, how could i possibly be? Is this real? Why is this happening, how..?' millions questions pass through her head. A moment of silence. 'Do you really love him, are you sure this isn't one of those flings that pass quickly?' 'Oh, my god. I'm sure. Yes. I do, i do. I love him. So much. And i completely have no idea what i should do about it.' she sadly shrugs, almost bursting into tears. 'Forget him. That's the only way.' But how? She didn't know how.
    He leaved. With that, he leaved all the broken pieces behind. All the memories. All the love she felt. But, after all he was proud. With a smile, always written on his face. Undeniable. That was just a harmless flirt. Wasn't it? But, really was it? Not for her.
    She was broken. Once again. Torn into pieces. And he was the only person that could fix them. She was so alone. In the past. Remembering all the things they used to talk about, recalling all those beautiful moments she had with him. She just knew, she's without him now. Without them. She lies on the floor. Shivering. Crying. Kept herself asking. 'Why, when, how..?' He was the only thing that made her complete. Now he's gone. And now she's gone. Not returning. With a one-way ticket.



    ~ Dedicated. Gomenasai. Love you so. </3
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    91.210
    Пол:
    Женски
    Се врзувам за тебе, со еден дел од себе. Но, секогаш се прашувам дали сме едно? Можеби е рано, да се даде одговор, но... Колку пати и да си го поставам прашањево има милион но. Кога ќе те погледнам ми се ежи кожата, но од љубов. Чувствувам љубов и во топлината на твоите бакнежи, но... Ете пак има но. Зошто? Можеби се плашам дека е минливо или се плашам од помислата засекогаш со тебе? Сакам да ја решам дилемава, но без твоја помош. Знам секогаш можам да се потпрам на тебе, но ние не сме повеќе истите. Се се изменило од нашиот прв бакнеж, од нашиот прв допир. Старееме и можеби сега дознаваме што сакаме. Сакам да планирам, сакам и иднината да ја планирам, но понекогаш се губи твојот лик во неа. Зошто? Навидум лесно прашање, но со многу тежок одговор. Одговор за кој се потребни да се поттиснат многу чувства или да се извлечат во преден план. Но, сепак сите недоумици се губат кога ќе ме погледнеш. Па нека трае...
     
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Заспивалка

    Еден куп дрвја, високи ко тебе
    прават ограда од своите тела
    во кругот, јас малечка
    како птица заштитена од ветрови.
    Сонувам дворец, замок со милион собички
    кревет со балдахини
    и миризливи перници.
    Влезот е слободен.
    Лесно ми е да заспивам.
    Кога имам крилја
    Лета фантазијата
    облечена во моите чевлиња
    (украдени додека сум ги нишкала стапалата).


    Замижи, грабни снегулка
    да танцуваме.
    Младоста ни е отворен Млечен пат
    гушни ме.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    91.210
    Пол:
    Женски
    Темна ми е собава , мрачна и ме плаши. Но, го чувствувам присуството на твојот дух кој ме смирува. Погледнувам низ прозорецот, а надвор сувите дрвја тажно се навалуваат кон опустошениот селски дол. Помислувам и се прашувам- Дали си играше како мал тука? Која ти беше омилена игра? И ете си, те гледам малецок како трчаш, се качуваш на најголемиот орев во долот. Кинеш неколку орви и ги фрлаш накај останатите селски деца. Се вртам и тргнувам накај вратата, стара, веќе дупки има на старото дрво. Фрлам уште еден поглед на мрачната, ниска , селска соба. Поминувам со погледот низ страиот железен кревет, старата дрвена маса и стол, рачно правен, можеби ти си го правел, со мала насмевка помислувам. Но, погледот застанува на стариот ковчег. Голем , дрвен, со скршена брава. Го отварам и таму твоето мало богатство обвиткано со прашина. Во друг случај би се тргнала и би рекла –Фуј прашина. Но, сега ќе одам до крај , сакам да дознаам повеќе за тебе. Внатре еден куп касети, си ги снимал најверојатно твоите омилени пејачи. Како знам? Не си ми кажал, но знам, постојано зборувам за тебе. Гледам и еден куп тетратки, испишани со твојот ракопис, идентичен е на мојот. И, еден куп фотографии, речиси избледени. Пребарувам низ нив и никаде го нема твојот лик, па зарем и на нив веќе не постоиш? Еве една фотографија, речиси зачувана, долга црна, кадрава коса, крупни очи со неодредена боја и огромна насмевка. Знам дека тоа си ти, иако не те познавам, не го помнам твојот лик. Ми надоаѓаат солзи, ја грабнувам фотографија и почнувам да трчам, трчам низ скалите и излегувам во дворот. Продолжувам со трчање кон долот, кон најголемиот орев и го режам твоето име. Засекогаш ќе бидеш таму, тој те помни најверојатво, но засекогаш ќе бидеш и во моето срце, иако не те помнам. Но, затоа се тука фотографиите и зборовите. Верувај ниту еден разговор не поминува без тебе.
     
    На red и Wild.Child им се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    91.210
    Пол:
    Женски
    Едно мало нежно тело се трудеше да се пробие низ силните ветрови. Тоа беше една девојка во син фустан. Таа се движеше така лесно, небаре очекуваше во секој момент ветрот да ја крене и да одлета. Се движеше со високо крената глава, сакаше да му пркоси на времето. Околку себе погледнуваше понекогаш, кога ќе слушнеше некој интересен збор. Со чудење ги гледаше луѓето кои се тресеа од студ, црвени, речиси помодрени во лицата. Таа ко за инат, го беше откопчала капутот и одеше гордо, потсмешливо гледајќи ги останатите. Но, се замисли, зошто таа не го чувствуваше студот? Во еден излог се погледна. Нејзиното нежно лице беше црвено, усната помодрена, но таа не го чувствуваше тоа. Зошто? Зарем толку млада почна да не чувствува ништо? Зарем сите проблеми и го одземаа чувството? Покрај неа поминаа двајца момци, кои и дофрлија за нејзината убавина. Таа беше свесна за тоа што го поседува. Нејзината убавина и шарм беа нејзин голем адут. Но, не беше задоволна. Беше тажна, тага се читаше од нејзините очи. Се допре за левата града, да го почувствува срцето, а тоа речиси не чукаше. Го изгубив? За момент помисли дека го изгубила срцето, веќе не чука, откажало. Зошто ми е убавината, кога не можам да чувствувам? Тогаш некој ја дошре за дланката, тоа беше тој. Единствено тој го будеше чувството кај неа. Ја бакна нежно и таа ја почувтсвува топлината на неговиот бакнеж, срцето почна се посилно да чука. Сега сум цела, помисли.
     
    На red му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Недовршена

    Ако сум силна жена
    самосвесна
    по забави бесна
    ти, не се приближуваш
    (си мислиш, па не сакам никој да ме засени)
    И некој ќе рече
    Неа и треба генијалец
    зошто има сијалица ем матка.
    А, да, во верноста е пристојна
    и не можеш да и ставиш
    на устата
    фалусна затка.
    Ако имам храброст
    и став
    ти, не се приближуваш
    (си викаш, од кај да знам, можеби ми е страв)
    И некој ќе си рече
    Неа и треба дисциплина
    зошто има ум и содржина.
    А, да, и верува во идеали
    и не можеш да ја тренираш
    кога сонува
    исправена.

    "Со тебе е интересно и по гулаби да се оди"
    ''Ти си инспиративна и владееш".
    Какви се овие пароли
    што ги носат нечии раце
    задржани индивидуи во толпата
    викајќи го името, женско.

    Ако сум самосвесна, храбра, со став и тело
    тогаш сум кучка
    со брк и феминистичка справа
    нервозен привид за машкото ќоше
    (кое може да бира со која глава да удри в ѕид)
    и постојам за да дигнам нос
    и некогаш и нешто друго
    тинејџерски сон
    за ноќни полуции.
    Револуции.

    А ете, веруваш во љубов.
     
    На Плоко Поетот, DeRose, mysterious и 2 други им се допаѓа ова.
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    The definition of Life*

    Have you ever asked yourself what does love mean? Well I have. Every day, as I wake up, my first thought coming through my mind is: What is love? Does it exist? I still ask myself: Why...? Why do I still love you, when you broke my heart that much? There were days when you ran after me, I didn't notice you... You were so sweet, nice and good to me. Having you was a fortune, but loosing you was my mistake. Now - I think the circle had turned round. Now, the one that runs after the other is me. Well, it's karma - what goes around, comes around. People say that we don't care about anything we have, until we lose it... We are starting to care about someone, at the wrong time, when the person hurts us badly! We are blinded by the love for that person that doesn't notice us, so we can't see who really cares...

    Why do we always make the wrong choice? Why do we always keep choosing wrong person? Why do we always aspire after something that is impossible for us? Time changes everything, but we still remember those moments spent with the one we love. We put our faiths in them, but they just threw them away. In the life there are rises and falls. Life is one kind of swing, one moment you're on the top and the another one - on the bottom. It's like you're the swing set & I'm the kid that falls. We have to get use to bad times and sad moments cuz we can't fight them, no matter what. We promise & swear that we won't go back, we won't feel anything anymore, but we always break that promise. Enchanted, we are trying to touch the sky, floating high above the earth & the next moment we fall with such intensity that we hurt ourselves badly. We're trying to go on like we never knew them & we pray for our hearts to be unbroken, but without him all we're going to be is incomplete. Being falsely happy, we live in the wrong plastic world. Everyone needs inspiration, everyone needs a kindred soul for the hard times. & we ask ourselves: Where did we go wrong? Why did we lose them? & after all, we hope it's not our fault.

    But deep down in ourselves we know we're responsible for that, we decide what kind of destiny we'll have. We're giving up, but we want more. We want everything to be easy & to be followed by good luck. We all have one destined path for us, we just have to keep following it & trying not to get lost. We know that someday & somehow we're going to make it right, but that's not right now. We're walking away from the pain trying to find a better day. After all life is a mirror, if you smile the reflection will smile too. But in our hearts we still have a little hope left. & we know the person who is meant to be our life follower is here somewhere.
     
    На Mamba-Jamba му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Зимска бајка

    Лежеше Таа, на каучот под стариот дрвен прозорец. Лежеше и размислуваше за животот. Таа имаше еден став и мислење за животот – сметаше дека секој живее поради некој или нешто, сметаше дека секој живее со причина. Беше цврсто убедена дека секој живот има посебна цел која треба да ја постигне. Цел која на некој начин ќе биде награда на измачената и исторментираната душа на крајот од долгиот, испреплетен и сложен пат – животот.

    Се’ околу неа создаваше позитивни услови за размислување и мечтаење. Се’ беше во взаемен однос, како целата вцелена да се трудеше да и овозможи услови за сонување. Се чувствуваше позитивната енергија и се беше совршено... навидум...

    Беше зима, неколку денови пред Новата Година. Собата беше тивка, а Таа беше сама. Огнот мистериозно гореше во каминот играјќи си со сенките на околните предмети, создавајќи игриви слики. Сијаличките на елката светкаа, претставувајќи посебна приказна секоја за себе, исто како и ројот од снегулки кои непрекинато паѓаа надвор. Секоја од нив си имаше своја сторија, единствена уникатна сторија, но сите имаа некои сличности: се раѓаа во снежните облаци, животниот пат го поминуваа танцувајќи и на крајот починуваа на земјата.

    Нејзината душа беше осамена, а Таа беше жедна за пријателство. Нејзината душа која навидум изгледаше беспрекорна и мирна, распламтено гореше како огинот. На Неа и беше потребен пријател, на Неа и беше потребен некој кој ќе ја сослуша без притоа да и суди, во кој ќе најде утеха и некој кој ќе ги спречи солените солзи да се слеваат по нејзиното бело лице. Таа се чувствуваше осамено, како да беше единствената личност која е сама во целиот тој грандиозен универзум.

    Мислите и летаа со брзината на светлината, достигнувајќи до возможни и најчесто невозможни места, но секогаш повторно се враќаа во суровата реалност.

    И недостасуваше љубов, и недостасуваше некој кој го сфаќа нејзиното минато, верува во нејзината иднина и ја прифаќа онака каква што е, некој кој го прифаќа нејзиното извинување и и простува знаејќи дека никој не е безгрешен и совршен, некој кој го посакува за неа она што го посакува за себе. Со еден збор: и недостасуваше пријател – и недостасуваше еден дел од нејзината душа. Самата таа беше нецелосна и празна, Таа беше само еден од деловите од целината наречена пријателство.

    Немајќи го пријателот – потпората, и се чинеше дека светот се руши пред неа, МИСЛЕШЕ дека е сама, сакаше едноставно да замине од овој измачителен, суров и неферски свет. Токму во моментот кога мислеше дека ги знае сите одговори, животот ќе и ги променеше прашањата. Се’ и одеше наопаку, се’ она што го беше изградила, се’ се срушило. Таа беше осамена... или мислеше така...?

    Една бела точка се јави во нејзиниот живот. Точка која потсетуваше на самошто родена Ѕвезда. Личеше на онаа точка светлина која се гледа на крајот од долгиот и тешко изминат црн тунел. Но со текот на времето, таа Ѕвезда се зголемуваше, се повеќе и повеќе блескаше, нејзиниот сјај се зголемуваше, исто како и точката светлина на крајот од тунелот што се зголемува како што се доближуваш до неа.

    Таа точка беше Надежта. Надежта за подобро утре, надежта дека сепак има некој на кој му значи, надежта дека не е сама. Кај неа се јави друго мислење: можеби животот треба да се помине онака како што го минуваат снегулките: раѓајќи се, танцувајќи и на крајот умирајќи опкружени со своите најмили, како снегулките кои паѓаат на веќе снежниот величенствен килим.

    Таа сфати дека животот е тој – дупки и планини, падежи и искачувања. Сфати дека животот е еден долг, сложен и испреплетен пат со две страни – црна и бела. Сфати дека како ќе помине по тој пат зависи од неа, зависи од тоа на која страна ќе се сврти додека го минува. И најважно од се’ – сфати дека животот, и покрај своите црни и бели моменти, вреди да се проживе!
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    5.074
    сонцето ми ја покажа светлината,
    месечината ми ја покажа темнината
    среќата ја дознав од насмевката,
    тагата ја почувствував преку солзите.
    А каде е љубовта?
    Каде е онаа движечка сила на која
    ниту еден човек не остануварамнодушен???
    Каде да ја барам љубовта?
    Ветрот дува и носи студ
    а кога најмалку очекував од некаде те донесе тебе.
    Толку мил,нежен и внимателен.
    Дојде во мојот живот кога најмногу ми беше потребен.
    Ми ја разубави секоја минута со помош на љубовта,
    но исто така ми донесе и доволно болка и страдање.
    Да,љубовта е таква
    убава,нежна и прекрасна,
    Но во исто време може да биде отровна
    како и најубавиот а отровен цвет во градина.
    Ти како светлина влезе во мојот живот
    не чукнувајќи на врата барајќи дозвола.
    Заедно се смеевме толку искрено
    како две загубени души кои немаат ништо
    но се имаат една со друга.
    Нашата разделба беше темнината која ме обви
    а јас те испратив со горчливи солзи од моите очи.
    Тоа е...секој почеток има и свој крај.
    сонцето ми ја покажа светлината,
    месечината ми ја покажа темнината
    среќата ја дознав од насмевката,
    тагата ја почувствував преку солзите.
    А ти?
    ...ти ми ја даде вистинската љубов...


    :sweat: :sweat: :sweat:
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    My wish

    A year ago, I was standing outside in the rain, waiting for you to say “I love you!”
    A year ago, I was dreaming about you saying “I love you!”
    A year ago, every time you glanced at me, I hoped you’ll say “I love you!”
    A year ago, when I was studying, I was imagining you saying me “I love you!”
    A year ago, when I was looking at you – smiled and happy with her – I was hoping you were thinking of me.
    A year ago, when I was going to the mall, I was saying your name instead of the product.
    A year ago, when I was talking with my mum, I was saying your name instead of my mum’s.
    A year ago, when I was going to the hospital, I was asking to see you.
    A year ago, when I was lying on the hospital’s bed I was crying to see your face.
    A year ago, when I was dying, I wished you would live happy.
    Now, when I’m on the heaven, I hope my wish will come true.
     
  16. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
  17. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Buttterfly за да додадеш мислење користи ја опсијата редактирај ;)
    бај д веј ми се допаѓа тоа што го имаш напишано :*
     
    На Buttterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Не дава повеќе од 5 адреси :)

    Затоа на двапати го ставив ;)
     
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Надеж

    Дали може љубовта преку ноќ да исчезне? Тоа е прашање кое си го поставувам милион пати, најчесто пред да заспијам, но немам одговор. Дали...?

    Сега лежам на креветот, во темната, глува ноќ. Полноќ е. Единствен извор на светлина е слабиот, разгорен оган во стариот камин. Светлината си игра со сенките, а тие танцуваат чиниш во собата се е живо. Однадвор се слуша еднотоната мелодија на штурците, придружена со тивкото, мистериозно шумолење на ливчињата. Од време на време ќе се чуеше осамен плач на некоја ноќна птица, која сама во темната ноќ најверојатно бараше придружба. Монотоното чукање на ѕидниот часовник одекнуваше во собата, одбивајќи се од старите дрвени ѕидови како ехо. Ладен ветар надвор дувна, а неговото силно фрчење гласно се слушаше, струеше низ собата. Се повлеков наназад, длабоко под дебелото, тешко ќебе, барајќи топлина, стуткувајќи се и приближувајќи се до топлото, голо тело зад мене. Тој спиеше, а на тоа ми укажуваше неговото тешко дишење. Неговиот топол здив ми го преплавуваше вратот, поминуваше низ моето тело како остра струја. Го осетив познатиот, посакуван мирис на неговото тело, помешано со парфемот кој го имаше ставено.

    Прекрасно чувство ја преплави мојата душа и срце, се вивна нагоре кон мојот мозок и стигна до секоја најмала клетка во моето тело. Одеднаш сфатив – треперев. Треперев од возбуда, среќа, задоволство. Тогаш го чувствував сето блаженство и убавината на моментот. Срцето ми се распламти додека го чувствував како полека, со десната рака ме прегрнуваше од зад мене. Сеуште спиеше. Срцето лесно ми заигра, чиниш ќе ми отскокне од градите. Тоа беше најсреќниот миг во мојот живот. Мислам дека сите изминати дваесет години од мојот живот, сум ги живеела само поради овој момент, само поради оваа личност. Велат дека секој човек си има двојник. Двојник од спротивниот пол, кој му е сродна душа. Ако е така, јас сум сигурна дека мојата сродна душа си ја пронајдов...

    Сеуште лежам, размислувам. Вака легната, можам да го видам небото од прозорецот спроти креветот. Беше црвено, исшарано со жолто. Зазоруваше, а јас сеуште не бев заспала, не чувствував ни тронка замор. Сакам моментов да трае засекогаш, но знам дека тоа е невозможно. Порано или подоцна ќе се разбудам во суровата реалност, каде сништата и желбите не постојат, каде владее тешкиот и силен страв, каде што нема храброст, и сите твои сништа и замисли ти стануваат само илузија.

    Но јас знам дека надеж има. Надежта е како воздухот – не можеш да ја видиш ниту да ја допреш, но ја чувствуваш, а со самото тоа знаеш дека постои; неопходна ти е и исчезнува само по смртта.