1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Луција и Даниел

    Судбина...
    Долга пајажина во која чинам и пајакот што ја сплел ќе се загуби. Толку силна е што ниту ветерот може да ја раскине, ниту острилото да ја пресече.
    Во неа довека може да тлееш како беспомошен плен в ничија кожа. И да се храниш со нешто туѓо но сепак свое. Болката...
    Деновите пак клети во неа, еден подруг минуваат. Одминуваат и без да застанат. Но се потешки и од ортомата која секој ја носи со себе каде и да тргне, и кога и да реши да се врати назад.
    Пролетта пак која носи дожд милува тажни лица. И го милуваше и на несреќната Луција. Крупни безбојни капки како дожд се леат по нејзиното лице.
    Трага по душата на нејзиниот драг Даниел низ тие цветни градини каде копнежот се претвораше во неподнослива среќа. Низ розите кои цветаа, за неа оддамна овенати.
    Сепак најчесто Луција го бара на она место каде за последен пат се прости од неговиот топол допир на неговата рака. Кога за првпат ја испушти и тихо без глас рече ,,збогум''...
    На она место каде надежта само за час се претвори во тага и постепено згасна засекогаш.
    Го љубеше таа Даниел. И не само со срцето, туку и со сета своја душа. Својата младост и среќа ја предаде во неговите некогаш силни раце кои можеа да ја задржат пред да падне, и да ја кренат од длабочината која сакаше да ја проголта.
    Тој за неа беше светец, и дел од неа. Навистина дел од неа бидејки таа беше негова сестра.
    Даниел никогаш не ја остави да тагува сама. Тагуваше со неа кога беше тешко. Никогаш тој не се посомнева дека сето ова е можеби неслучајно.
    Тој неможеше да поднесе да ја повредува. Несакаше да ја гледа тагата во нејзините очи, затоа си го одзеде младиот живот. А можеше да биде се поинаку. Можеше никогаш да не се запознаат и сретнат.
    Само еден ден да дознаат и да си подарат еден на друг братска прегратка. Но, не. Судбината веќе оддамна ги осуди нивните животи на смрт. Посака Луција прва да се судри со очите на валкната вистина која ја претвори во бедна жртва. И на крајот кога не остана ништо вредно, Луција ги здипли сите спомени како куп алишта и побегна некаде во далечината каде никој никогаш нема да ја најде.
    Се осуди да живее сама, затворена во неа, и да не пронајде излез од тој пат по кој замина. Посака таму никогаш да не чуе ниту еден крик од тажен глас, ниту да сретне тажни очи со слична судбина и да се потпре на нив. Затоа трчајки некаде далеку ги скрши сите огледала во кои го гледаше своето лице.
    И живееше во заборав и жалост на оние кои ја знаеа.
    Некои луѓе кој ќе чуеа за нив на очите им навираше солза. Дел од нив повеќе не се осудија да љубат безрезервно како што некогаш љубеле.
    А некои пак само ги осудија двете млади срца кои чукаа како едно, никогаш не обидувајки се да дознаат што навистина се случи.
    Како и да е нивните души останаа во починка. Дури и онаа на Луција. Жива или некаде мртва, сеедно. Нејзината душа секогаш ќе талка барајки го назад времето и проколнувајки ја судбината која истовремено ја сакаше и мразеше. Зошто единствено таа ја погали и и го подаде трнот во раката за да се боцне...
     
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Светло сиво

    Често заборавам
    да ги исклучам мислите
    па навечер
    како сенки на ѕидот
    играат куклен театар.
    Заспивам, се будам, и ех!
    Веќе е недела
    можам да ја пресечам со сатар...

    Мајка ми ќе ми каже
    со прст на телевизорот
    "избриши прашина"
    а јас, одговарам
    Ха, па си разговараме, си велам
    во секое парче тишина.
    Маглата, ми е завеса
    каде имам чиста мисла
    требаше да излезам вчера
    во надреалноста!
    Како Надја, да дарам поглед
    и да избегам во првиот сон.

    Убав ден е ова, убав дом
    Реалноста ја накитив
    да смрзне, на балкон...
    И си Бидувам.
     
    На WarriorAngel, irenna и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    „To good to be true“

    Чакалот крцкаше под тешките гумени чизми додека чекорев по тесното, кривулесто, планинско патче. Околу мене преовладуваше неверојатна глетка; свежиот, пролетен ветар нежно ми ја мрсеше косата, а истовремено ги разбрануваше штотуку расцветаните розови пупки на дрвјата. Сонцето, опкружено со сјајниот круг што го формираа зраците кои полека, не брзајќи, со ист ритам го следеа неговиот чекор, и го отстапуваше местото на бисерната Месечина. Чистиот планински воздух, измешан со опојниот мирис на дивите, шумски цвеќиња, ја исполнуваше мојата душа како детската смеа – мајчиното срце. Шумолењето на брезите го придушуваа црцорењето на птиците, кои како да се радуваа на почетокот на уште една пролет. Случајно погледнав во мојот рачен часовник, во првиот момент несфаќајќи колку доцнам. Расеано го забрзав чекорот. Во мојата глава пловеа безброј мисли, но во непознат правец, без компас, кои истовремено ми влеваа и храброст и страв од претстојната средба.

    И тогаш го здогледав Него. Неговото лице, јасно сјаејќи на последните зраци од Сонцето, беше вперено во живиот, разигран тек на реката. Беше насмеан, како сета среќа на светот да беше негова. Можев да забележам дека е среќен, но не ја знаев причината. Стоев на неколку метри од него, а тој сеуште зјапаше во реката. Дали и тој, како мене, размислуваше за нас? За нашата иднина? Дали и тој страдаше од несоница секоја вечер, копнеејќи по сништа со среќен крај? Неможев да погодам. Неговата насмевка беше чиста спротивност на неговиот замислен поглед.
    Го сврте погледот, токму во мојата насока, очигледно барајќи ме, и кога ме здогледа, мојот здив замрзна како и неговиот поглед. Насмевката исчезна од неговото лице, а очите ја добија онаа боја на смраченост и студ. Срцето ми затрепери и мислите на страв ги победија оние малку мисли на надеж и храброст. Се упати кон мене, величенствено движејќи го своето тело, на начин на кој секогаш ме маѓепсуваше. Воздивнав, дури тогаш забележувајќи дека тие неколку секунди воопшто не сум дишела. Му се восхитував како секогаш умееше да ми го одземе здивот.

    Нашиот јазик не беше јазик на говорот, туку јазик на телото. Ме фати за рака со своите меки, мускулести раце, а јас, зашематена од неговиот допир, седнав на тревата од страв да не паднам, бидејќи нозете страшно ми затреперија. Како да ја имаше истата намера, седна до мене. Го чувствував неговиот мирис, истиот оној мирис на кој, помнам, мирисаше првиот пат кога се сретнавме. Кратко ме погледна во очи и го сврте погледот. Неможев да погодам која му беше намерата и зошто ми беше упатен тој поглед, но можев да претпоставам дека е лут. Шараше со очите во околината, гледаше сегде, освен во мене. Бев зачудена од неговото однесување, но бев рамнодушна. И двајцата знаевме зошто сме тука и што треба да се случи.
    Одеднаш ја испружи раката кон мојот образ и нежно ме погали. Ги затворив очите и уживав, но за кратко. Неволно, ги отворив очите и го сретнав неговиот поглед. Не ни беа потребни зборови за да се разбереме. Крајот беше неизбежен, и двајцата знаевме. За момент се задлабочив и се сетив на моментите кога ми велеше дека нашата љубов ќе биде вечна, без крај. Неговите длабоки, црни очи ми кажуваа нешто што со поглед не можев да го разберам.

    Веќе следниот момент ме бакнуваше страсно, со рацете во мојата коса, а јас избезумена, го возвраќав бакнежот. Го прегрнав силно со намера да го задржам поблиску до мене. Телата ни беа припиени едно до друго, чиниш беа една целина. Посакав тој момент да трае засекогаш, посакав никогаш да не го пуштам од прегратки, но некое гласче во мене ми велеше да престанам. Знаев дека треба да го сторам тоа, за да не се случи нешто непожелно. Двајцата немавме контрола на своите тела, а страста се повеќе растеше и не обземаше. Го чувствував неговото срце врз моите гради кои потскокнуваа од брзото дишење.
    Ги одвои неговите усни од моите и се упати кон мојот врат. Затреперив и се оттргнав од неговиот допир. Ми беа потребни неколку секундди за да се смирам, да се контролирам себеси, а и него. Ги затворив очите и вдишав длабоко. Го почувствував неговиот важен поглед, но не ги отворив очите. Тој стана и ме чекаше. Немајќи друг избор, ги отворив очите и застанав до него. Мојата глава повторно беше разбранувана од истите мисли, мисли на надеж, страв и сомнеж. Срцето ми биеше силно и бев преплашена од тоа што следуваше.

    Повторно го погледнав и како да ме разбра, ме зема в прегратка. Тогаш ја почувствував сета топлина и блаженство на мигот. Се чувствував сигурна, сакана, знаев дека таму е моето место. Знаејќи дека и оваа убавина нема да трае долго и не сакајќи да ја вратам надежта која беше длабоко скриена во мене, но не излегуваше на површина, се оттргнав и за последен пат погледнав во неговите крупни, црни очи. Ме гледаше занесено и насмеано, како да не беше крај и знаев дека оваа слика ќе ми остане во сеќавање засекогаш.

    Се свртев и тргнав по мојот пат, кој ми го покажаа мислите, кои некако чудно, но вистинито, ја знаеја својата насока и правец. Знаев дека се ќе биде добро, бидејќи се беше премногу убаво за да биде вистинито.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Во време
    во кое Љубовта
    е ништожно смешна
    и сите имаат попаметни и повредни работи
    за кои ги вклучуваат мозочните клетки
    - умот и срцето ми се припиени до тебе.

    Во време
    во кое
    никој не се осудува да се предаде
    - јас одамна се соблеков пред тебе.

    Во време
    во кое победува
    натрупан џеб со трули банкноти
    - јас ти напишав обична честитка
    и ја пуштив по пошта.

    И се јави и рече
    - твој сум.
     
    На mysterious, GirlWithGreenSkarf, skyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Our story

    Every dark night
    as the moon appeared on the sky
    & the little, sparkling stars
    reached their top;
    my mother would enter my room
    & she would start telling me a story
    about the greatest & fearless heroes,
    about their achievements & adventures...
    Immature & foolish
    like a child who believed in Santa;
    I was hoping one day
    in the future
    I’m going to find my hero,
    the other part of me!
    As the time passed
    & I was getting older
    & was becoming smarter
    & reasonable;
    I realized that there are no
    real heroes.
    Disappointed,
    I thought that I’ve lost
    the smallest piece of hope
    left inside me.
    Meeting you was my fate
    & that was the way I returned my hope!
    I remember now:
    it was rainy day
    & I was out with my friends.
    we were at the park.
    Afraid of soaking
    we took shelter under one
    big kids' park house!
    Cuz you were my friend’s friend
    we became acquaintances at first.
    Becoming your friend
    was my choice…
    As the time passed
    we were getting well
    & one little sparkle poped
    into my heart.
    I liked you:
    I liked your look
    your voice
    & even your smell.
    The day I’ll always remember
    was the day we’ve first kissed.
    Ah, it lasted maybe 7-8 minutes
    but those were the best minutes
    in my life.
    We decided to hide it
    from everyone,
    even from our best mates.
    The next week
    was the most cruel week
    in my life.
    Afraid that our affair
    might be discovered,
    you pretended you liked HER!
    & just to mislead our friends…
    I saw you
    kissing with her.
    Maybe you didn’t even liked her,
    or maybe you did.
    Maybe it was your way
    to gain me,
    or you did that
    just to hurt me.
    I don’t know
    & I never will.
    And final:
    falling in love with you
    was beyond my control.
    I didn’t notice how much
    you meant to me.
    I didn’t notice that
    as the time passed
    I started loving you,
    not because of who you are,
    but because of who I am
    when I am with you.
    & now
    when I’m writing this
    I still know that I love you,
    but somehow
    I feel inside me
    that’s not right
    I shouldn’t fell in love
    Cuz now I know
    It’s hurting me.
    But what should I do?
    Every time I see your face
    my heart beats faster and faster
    & every time I talk to you
    my voice is betraying me
    & every time I check your FB profile
    I’m saying to myself:
    It’s for the last time
    I’m on his profile…
    & the next moment
    I’m checking your newest updates
    & statuses.
    It’s like
    I’m becoming addicted to it
    & every time I hear
    your voice
    It’s reminding me of the times
    we’ve past together;
    of the moments
    we’ve experienced altogether
    & although maybe it was for a while
    that were the most precious moments in my life
    because
    that were the moments I felt loved.
     
    На Night.Star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GirlWithGreenSkarf

    GirlWithGreenSkarf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    11
    Секој мисли. Секој чувствува. Секој постои. Но, тој тоа го прави посебно, чудно, уникатно. За неа тој е ново искуство, нов начин на живот, нов вкус. Спротивни мисли, тие се привлекуваат. Спротивни енергии, тие се доближуваат. Дали би помислиле дека тие се надополнуваат? Совршени заедно, создадени еден за друг, еден без друг - тие не опстојуваат.
     
  7. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Празнина

    Мислите летаат,
    кој ќе ги контролира?
    Како безгрешна птица
    во небесната шир.

    Седам долу
    со книгата во раце,
    се обидувам да се сконцентирам
    зјапајќи во неа.

    Едно парче меморија
    ми ја одзема концентрацијата

    Како лик без лице
    замислена сум.
    Рој мисли,
    а сепак главата празна.

    Кој би рекол
    тивката бучава
    е дел од осаменоста
    на ликот без лице?
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Песна за Кочо Рацин

    За тебе творам
    за тебе зборам.
    За тебе сите тагуваат,
    на белите мугри не се радуваат.

    Дали ќе дојдат оние денови
    кога тутуноберачите ќе бидат насмеани ?

    Ако не беше тутунот - жолтиот отров,
    дали Ленка ќе ја довршеше
    кошулата тенка ленена ?

    Дали ќе ти проштева таа што те чека,
    што те чека да се вратиш дома,
    да и ги видиш очите
    да и ги љубиш усните ?

    Дали на Струга дуќан ќе имаш
    дали штамата ќе престане да чмае,
    и дали в куќи радост ќе се врати ?

    Дали Татунчо ќе умре дома
    или на некое далечно место,
    каде што стии пиштат
    и искри кај што л'штат ?
    Дали ?

    И зошто,
    болката кога свети
    тешко тешко,
    тешко клети ?

    :) :) :)
     
    На GirlWithGreenSkarf и Trendafilka им се допаѓа ова.
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Непознат лик

    Замисленоста е дел
    од мојот репертоар,
    мисли ме напаѓаат
    како мравките зрната
    ме совладуваат.

    Нема усна зборува
    со брзината на светлината.

    Во бездимензионалниот простор
    силуета се доближува
    ликот и е замаглен
    како планина во далечината.
    Мислите и се скриени
    длабоко во сржта
    длабоко во крвта.

    Безличното лице
    немо зборува
    слепо гледа
    глуво слуша
    нема име
    само останува.
    Минува крај мене
    не ме приметува.
    Проѕирно е
    како крилата на осата
    се гледа само осилото
    во црното срце.
    Тивко продолжува
    не се обсврнува
    не се сеќава.
    Само поминува
    како магла низ личноста
    како студот низ телото
    како злото крај белото.
     
    На GirlWithGreenSkarf му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Трагедија во внатрешноста

    Звук од бран
    Се слуша тивко
    Студот продира
    низ сите слоја
    на мојата кожа.
    Студени прсти ме галат,
    траги оставаат
    неизмивливи
    неизбришливи.

    Слика позната
    од стар филм
    сама се премотува,
    на еден ист дел
    се повторува,
    се врти,
    досадна станува
    како тивка меланхолија
    во темната соба
    обложена со фолија.

    Капки се слушаат,
    но не се гледаат,
    како да немаат лик
    ниту име
    ниту господар
    ниту слуга.
    Сами иако заедно
    во празната шир.

    Чувства празни
    во каменото срце

    Шуплива дупка
    што пумпа крв.

    Од ден за ден,
    од век за век.
    На вечноста и нема крај
    како да е безвремена
    таа вечност закоравена.
     
    На GirlWithGreenSkarf му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Класификација

    Бел свет
    полн со емоции,
    празен со луѓе.
    Тешко кој го стигнува,
    има среќа небесна,
    лесно го проживува,
    среќен крај дочекува.

    Иако полн тој е празен
    луѓето живеат во реалноста
    овој свет го забораваат.
    Живеат со маските на илузијата
    сонуваат за него
    посакуваат да се во него.
    Но стара рака ги држи,
    не ги пушта,
    ги влече за ракав,
    ги пика во ќош,
    им дава наредби
    таа сурова реалност.

    Црни лица
    црни души
    не стигаат во белиот свет,
    остануваат во реалноста
    каде им се суди
    се мачат.
    Болен крик се слуша!
    Во црната темнина
    остануваат најдоле
    сами со болките
    депресијата
    тагата.
    Секоје зло
    рани им ствара
    длабоко ги печат
    страшно ги корнат.
    Болен крик се слуша!

    Чистите срца
    чистите души
    белина осеќаат,
    белина гледаат,
    мисли ослободуваат,
    во височината уживаат,
    мижат а се’ гледаат,
    молчат и се слушаат.

    Белите лица
    во белиот свет
    вечно остануваат.
     
    На GirlWithGreenSkarf му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Ужас

    Линии црни
    минуваат крај мене,
    времето минува,
    безвремено останува,
    бездимензионално станува.

    Магла се шири
    подмолен ужас се влечка по земјата.
    Бара милост!
    Се закачува
    на оние слабите
    на самите.
    Со ококорени очи ги гледа
    со поглед ги сече.
    За нозе им се влече
    своите нозе ги остава
    со рацете се зграпчува
    со ноктите се вклештува
    језиво гребе.
    Бара милост!

    Друг се придружува
    на осамениот лик,
    ужасот се откажува,
    си ги бара нозете
    се закачува за друг
    за друг слаб
    осамен.
    Со ококорени очи го гледа
    со поглед го сече
    за нозе му се влече
    своите нозе пак ги остава
    со раце се зграпчува
    со ноктите се вклештува
    језиво гребе.
    Бара милост!

    Вечноста е на негова страна.
    Тој бесмртен ужас
    за секој се закачува,
    има време,
    се храни,
    не умира,
    само се закачува.
     
  13. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Некогаш не е потребно да ги вклучиш новогодишните светилки за да почувствуваш среќа и блага топлина.
    Потребно е само внимание, очи што блескаат и една полна чаша кока-кола со лед за да се почувствуваш сигурен.
    Да мирисаш кожа што ја знаеш, клетки што ги познаваш.

    Можеби ова се едноставни зборови за најсложената љубов. А јас те сакам, те гледам. Се фрлам во твоја прегратка, земам здив и шепотам „Те сакам“, а ти, ти поцрвенуваш и се смешкаш под мустаќ изговарајќи ги зборовите кои секое дупче од овие ѕидови ги знае. Ме гризаш за образ и велиш „Јас сум среќен“.
    Нас не ни требаат скапи ресторани, вино или шампањи со поминат рок. Нас доволни ни се две-три кришки леб со мармалад, подгреано млеко и убав спој на усни. Да те мазам и во позадина да течат Ред Хот. Млади сме, се сакаме, пишуваме смешни прости стихови и се смееме на траговите од фротирка на нашите тела.

    Ете затоа те сакам. Затоа си ми најромантична и поетична душа на светов. Затоа.. те љубам.
     
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Придружници

    Стара плоча
    се врти во грамофонот,
    позната мелодија,
    нечија приказна,
    живот бесценет.

    Пристига осаменост,
    но не е сама,
    има страшен придружник
    глава без лице
    лице без лик
    лик без име –
    лудоста.

    Разум победува,
    мисли отстранува,
    мозок ампутира,
    телото го контролира –
    марионета на врвки,
    човекот исчезнува,
    останува лудоста.

    Таа дејствува:
    иронија посадува,
    заостанатост раѓа,
    изолација жнее,
    осаменоста и е придружник.

    Задно секогаш,
    не се одвојуваат,
    наизменично работат,
    една без друга неможат.
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Градација

    Дај израдувај се
    на светот
    Ти му се случуваш
    а и тој тебе.
    Фрли го прозорецот низ прозорецот.
    Подари ми грст песок
    донесен од плажите на Фиџи
    симнат страк пердуви од ластовица
    најдена во картонско пакување
    (Fragile).

    Сакам да врескаме
    по улици
    пијани или трезни
    зарем некому ќе му е важно?
    Нам да ни биде.

    Остани во мојот џеб
    на моите патишта
    остави барем кришка сон
    на заедничката перница.

    Ние, ние, сме...
    Јас и ти.
    Башка, како две страни
    од изгубена паричка.

    Нема, нема да не најде никој.
    (ако случајно е тоа питачот
    ќе играме петка глава, кој да блесне прв).
     
    На skyAngel, SexyLady и irenna им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Anga!

    Левата рака ја држи десната
    и забрани пишување
    Немој денес, те молам
    доста е зборовно заведување.
    Молкот, е цена
    што ќе ја плаќаш на рати
    ах, зарем не сме тажни кога
    и поезијата мора да се плати...

    Заборави, дека знаеш да играш
    со глетките
    и со случајните минувачи
    што јадат ѓеврек
    дупки на оптимизмот и среќата.

    Остани еднаш без текст.
    (стави си сама себе лисици
    но не во оној еротски контекст)
    Замолчи, Ана.
    Оди, лакирај си ги ноктите.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Поезијата на Шилеа

    ... е како нож кој поминува низ врел путер.
    Глатко и прецизно
    Ве погодува во срцето
    Ве разнежнува и разгалува.
    Вие вкусувате, допирате, чувствувате, мирисате
    Сè она за што Шилеа пишува
    - го преживувате.

    И светот добива нова димензија
    Наместо досадните три.
    Гладни сте за уште.
    Ненаситни за нови стихови
    Кои се нижат како ниска бисери.

    Кога Шилеа пишува
    Добивате елан да излезете и да викнете
    Без страв од ефектот
    Кој ќе го предизвикате врз околината
    На која и онака не ѝ е гајле.

    Вдахнува храброст да се љуби
    Без страв од болка
    Да се разголиш
    Пред светот грд, а да се почувствуваш
    - совршено убав.

    Понизни бидете
    Барем бонбонче имајте в рака.
    Ретко денеска кој
    несебично откинува
    дел
    од себе.
    Од своето срце.

    * со посвета, во Новата година да ни пишуваш уште поубави стихови и да нѐ поканиш на промоција ;)
     
    На Springy, Bright, x.Daisy.x и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    :$ Леле жено красна, не знаеш колку ме израдува!

    Никој, ама НИКОЈ, во животот, нема напишано песна за мене.
    Ветувам дека во 2011 ќе издадам стихозбирка, и на промоција, би сакала да читаш мои стихови - ако сакаш.
    Нека биде тоа една убава желба, верувам најостварлива!

    Меѓу другото, еве ја најновата моја...



    Искрена

    Како Господинов, велам
    најнормално е
    да напишеш "к*р" на вратата
    од јавниот тоалет.
    Ете така, без ред.
    Кога сите
    лажат
    дискриминираат
    се фураат на веганство
    (а смачкале куп телиња),
    пеат на "странска" музика
    и мерат вредности
    со дупната лажица.
    Гнасна, особина
    мртов кауч, од Тарантиновски филм
    легнувај долу, животе
    и остави ме да постојам.

    и тебе ти доаѓа
    - мене веќе ми дојде едно стопати -
    да фатиш прво
    примитивно орудие
    да раскостиш се’ и сешто
    само зошто.



    Во недела си на работа.
     
    На blueeparadise, pink4ever, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    ^ Нормално, таму ќе сум во први редови, верувам со пола Фемина, би ми претставувало огромна чест :$
    којзнае колку обожаватели машки ќе има таму, чии срца си ги скршила, ќе криват врат, ах жено ѓаволешка :D :P
    :*
    Одвај чекам . . . :)
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Смртоносна желба

    Молчи таа,
    како густа гора во зима
    задушено плаче,
    со тивок шепот
    болката ја испушта,
    со солзи сјајни
    лицето го краси.

    Ништо не е повредно
    од срцето нејзино
    бесценето злато
    кошна со емоции
    торба со чувства
    но сепак празно
    искинато,
    искршено.

    Лицето бело ко снег
    снагата тенка
    истоштена
    носи насебе длабок жег.


    Дали, о дали
    ќе преживее таа душа?
    Дали, о дали
    ќе преболи таа рана?
    Дали, о дали
    ќе исчезне таа болка?

    Невино срце –
    порцелан кршлив,
    кашмир нежен.
    Сепак толку големо
    толку широко
    толку пространо
    тоа е несебично.

    Ах, се скрши
    тоа срце невино
    таа душа млада
    од прераното искуство,
    од таа пуста желба
    брзо да порасне.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.