1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Секундарна смрт

    Молчам на миг
    наслушнувам!

    Тоа е гласниот вресок
    на скршеното срце.
    Како огин пишти,
    како чајник вришти.
    Коси кубе
    глава треска
    крвта солза му е
    пулсира од нервоза
    се дур не се умори
    не се умори од болка
    ужасна болка
    намерно сторена
    за срце створена.

    Срце да уништи
    душа да убие
    мисли да закопа
    уста да зашие.

    Кој ја сторил
    таа врела болка
    добрина не мисли
    љубов не осеќа,
    празна е шуплина
    скапана дупка,
    гниеж...

    Повторно наслушнувам
    вресокот исчезнува
    срцето не вришти
    срцето не пишти
    срцето веќе
    не пулсира.
     
    На PrinceOfPersia, blueeparadise, macysh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    844
    Наша проза (на членовите на фемина)

    ~ Ден ~

    Ти го пишувам ова писмо тебе,го пишувам на човекот кој ме заслепи со силниот сјај кој го откри пред моите очи.Не требаше така,сигурна сум.Толкава светлина одеднаш лошо влијаеше врз мојот вид затоа што ме ослепи и не им дозволи на моите очи да погледнат ништо друго освен тебе.Насекаде гледав ѕидови,огради...постојано бев ограничена.Во мојата глава веќе не пловеа типичните тинејџерски идеи зошто едноставно немав време за ништо.Секоја секунда ми беше драгоцена кога ја минував со тебе во моите сништа,а залудна,кога сама седев крај новогодишната елка прашувајќи се како мало дете дали оваа година Дедо Мраз ќе ја исполни желбата да те видам бар уште еднаш.
    Го нареков ова писмо Ден,бидејќи тоа беше само еден обичен ден како и сите други.Всушност,сите денови се еднакви,не постои разлика и поделба кај нив.Специјални се случките во деновите,зошто тие се различни.И знам дека многу денови ќе изминат,идентични со оној,но не сум сигурна дали она што го почувуствував тогаш ќе се повтори...

    ~ Со љубов,вечната оптимистичка душа која те сонува :)
     
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    (За наслови не ме бидува, па дајте некој предлог) :)

    По толку време,
    Вчера се вратив на старото место,
    Цртежот на ѕидот, старата клупа,
    Ветерот, дрвјата...
    Се е исто, само јас..
    Јас сум сменета
    ...на добро? –се прашувам и јас.
    Ама едно знам, не сум таа истата.

    Ме мачи тоа што
    ..некои луѓе не се луѓе.
    Монструозни суштества, те тераат да размислуваш.
    А ти? – Ти си само збунет
    (помалку исплашен
    од тоа што го гледаш)

    Сфаќаш дека имаш нешто
    Во моментот кога го губиш.
    и, се е готово.

    Кажа, Збогум.

    (можеби, ако успеам да ја раскажам
    целата приказна во еден здив, макар и еднаш
    ќе се чуствувам помалку виновно)

    Утре, те напуштам.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Девојката

    Јас не сум онаа која си ја замислил
    во груба нацрт-скица
    и си ја понел нежно во дланките
    внимавајќи да не ме испотиш.

    Посилна отколку што си мислиш,
    јас сум истриена од болка,
    оперирана од неискажување чувства.
    Не доцнам на љубовни состаноци.
    Не оставам доза мистерија зад себе.

    Простум обична сосем,
    прва се јавувам да посакам добра ноќ,
    се косам со сите можни правила
    - создавам листа на свои.

    Немам средно име
    само своето и презиме
    кое радо би го заменила со твоето,
    доколку ме замолиш
    никогаш да не сменам ни
    зрнце од себеси.

    И ставот и насмевката
    и лелеавоста на мојот дух
    дете и старица
    иста да останам
    како некогаш,
    така и сега
    - засекогаш.
     
    На PrinceOfPersia, Theodora, blueeparadise и 3 други им се допаѓа ова.
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Тивка ноќ, ноќ совршена за љубов но... ти ангелу кој од сите на светов ти си најголемиот спанко, и оваа ноќ спиеш покрај мене те гледам и сфаќам дека ТЕ САКАМ, сфаќам дека ти си моето највредно богатство, ти си мојот остров од соништата каде има се за што јас сум мечтаела... Можеби сонувам па затоа те чувам како да си капка утринска роса но мојата дланка ја кријам од сонцето да не испари, ја кријам од месечината да ми ја украде едноставно уживам во секој момент покрај тебе иако знам дека утре сигурно ќе те сакам повеќе одколку денес.... Ме плаши помислата дека се е само сон дека ќе се разбудам и ќе сфатам дека не постоиш но знам дека си до мене, знам затоа што цврсто те држам во својата прегратка, ги слушам твоите воздишки и отчукувањата на твоето срце...Толку си прекрасен додека спиеш ти си најсовршениот човек и ти си мој па можеби и затоа така љубоморно те чувам...Но ноќта полека се прикрадувам и во мене ме тера да престанам да лебдам на облаците од емоции и да се свртам нежно да те бакнам и да продолжам да живеам во своите соништа. Но мене не ми треба сонот, ја во јаве го живеам својот најубав сон, ја во сегашноста живеам со тебе и те имам само за себе... Имам јас за што да сонувам сега откако те пронајдов тебе имам простор за фантазија, наивна детска искрена фантазија...Тоа е само за побрзо да помине оваа ноќ сакам да дојде утрото, сакам исто како и секој ден да ме разбудат твоите нежни бакнежи и милувања, сакам да ме разбуди најубавото кафе зошто јас сум спремна да се носам со бремето на уште еден тежок ден затоа што знам дека те имам тебе за да ме потсетуваш која сум и за што се сум способна...

    Ангелу мој ТЕ САКАМ ПОВЕЌЕ ОД СЕБЕ...

    твојата најубава мала
     
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Досада
    (песна на апсурдот)

    Тишина
    дали тоа следи?
    Омраза
    дали тоа вреди?

    Прашања без одговор...

    Прашање без одговор
    тоа ме потсетува
    на часот македонски
    на страшно оценување...

    Прашање без одговор –
    реторско прашање.

    Мислите шибаат
    често ме збунуваат.
    Од каде сега реторско прашање
    во мојата поезија?

    Очигледо е нели
    дека немам инспирација,
    користам метафора
    помешана со иронија,
    зборови нижам
    се обидувам да створам
    единствена сторија.
     
    На skyAngel, x.Daisy.x и blueeparadise им се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Секси и Шелеа, браво! Дефинитивно ќе си ја засакам поезијата покрај вас :)
     
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски

    Фалааа :) Многу ме радува што некој ги чита моите песни :rofl: :rofl: Пресреќна сум! :)

    Еве уште нешто од мене:

    Здив

    Нели е чудно
    да го видиш облачето
    што излегува низ устата
    на луѓето?

    (Малку чудно звучи...)

    Тешко е да се види,
    но извонредно се чувствува
    тоа облаче на олеснување.
    Камен од срцето
    одеднаш паѓа,
    мислите се ослободуваат,
    телото се опушта.

    Страшен е тој миг напнат
    кога срцето се стега,
    рацете се потат,
    телото се грчи,
    мозокот се блокира.

    Страшен е тој миг на напнатост.
    Тој миг на напнатост
    сите што ги демне
    под кожа им се крие,
    во темница излегува
    ги преплашува
    ги здрвува
    ги скаменува.



    Нели е прекрасно
    тоа чувство
    тоа чувство на олеснување,
    тој здив на леснотијата?
     
    На macysh, FridaKahlo, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Моќ

    Ги гледам твоите очи,
    беспрекорни зеници.
    Се шират
    Се собираат
    Ме голтаат.
    Некои чудни звуци го поткренуваат звучникот.
    Ти
    ..конечно ме обвиваш со еден чуден Монотон Поглед.
    Замислуваш, заминувам,
    и..приоѓаш.
    Какви ми се зениците? -Чудесни, ајде да си играме
    ...полека, тивко.

    Очекуваш да имам иста желба, а јас
    ...од дамна те чекам.
     
    На blueeparadise и skyAngel им се допаѓа ова.
  10. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    It's been two years...& nothing's the same. Everything had changed. Everything's so different...she is so different & so are you. Your behavior to each other...you don't talk as you used to. You don't see each other every single day...she doesn't laugh anymore. Her constant smile is replaced by her tough look. She is not happy. She used to be emotional, you know it, don't you? She used to cry to you, even though you never really cared.. She used to cry alone too, closed in herself & locked up with the missing key...which you never tried to find. She is not talkative anymore. She is quiet & closed-minded. Strange, isn't it?

    She writes poems, it helps her to express her feelings. Because, after you, she finds it hard to show them to anyone...IT'S BECAUSE SHE DOESN'T HAVE THEM ANYMORE!

    You managed. She can't love anymore. She can't feel anymore.

    But, you know what? Maybe you did the right thing. She is stronger now. & she is thankful to you, really.

    Because, for ONCE in her life, she won't live for anything...BUT HER DREAM. & once she makes it come true, she will be gone before you think about what you've done & lost...Because, life is no NINTENDO GAME. You lied again. & there's no return,back or stop...

    By the time she was with you, she realized THERE IS NO POINT IN SECOND CHANCES, CUZ PEOPLE NEVER CHANGE...You've had so many of them, but you all threw them away...

    So, you'd better carry on as you've already started - living without her.



    CUZ ONCE SHE'S GONE, NOTHING, ABSOLUTELY NOTHING WILL BRING HER BACK!
     
    На blueeparadise и SexyLady им се допаѓа ова.
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Беда

    Водена е улицата
    водена од солзи,
    голи нозе газат
    во вирчиња плискаат
    влагата ги гази,
    како ноќна пеперутка
    со студени нозе ги лази.

    Голите нозе црни се,
    нечисти,
    мали, невини, детски,
    осатвени во сиромашниот свет
    боси да газат
    гладни да си легнуваат.
    Кантите им се маркет,
    стреите – кров,
    скалите – кревет.

    Како што гледам
    нема милост,
    никој не подава рака
    а камо ли пара.
    Со бушави косичиња
    и тажни лица
    исполнети со флеки,
    оваа беда животот им го цица.
    Подаваат рака
    за ситна пара
    да купат корка леб,
    но никој да даде несака.
    Ладно ги одминуваат,
    иронично ги исмејуваат,
    тоа сме луѓе ние оние
    што светот го уништуваат!
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Too much tears this year

    Се надевам
    дека овде, вирее љубов.
    На места каде што студот се свиткува на половина
    како мачка.
    И се грее од нашето постоење.
    Се надевам дека
    ме гледаш од небо
    и го гушкаш Тео,
    (никогаш нема да те заборавиме)
    солзите, се за исплакнување.

    Верувам, дека ќе сме подобри
    меѓу патнички седишта
    перони и изгубени љубови.
    Нотите, од звучниците по станици
    нека бидат патоказ
    за пронајдените болови.

    Се шетаме, другари
    заљубени сосема, а ниту едниот
    не е заљубен во другиот.
    Поблиску не сме биле никогаш.
    Те бодрам, и се гордеам.
    А знам дека си осамен.

    Солзите, оваа година
    направија кањон, и си отидоа.
    Празнината, може ли
    Некој да ја замисли?
    Не.
    Зошто сите се плашиме.
    Да цртаме мртви релјефи.



    *Фала ти 2010, за секое разочарување и достигнување.
    - на вујна ми, и сите што се живи, а во нив умрело нешто.
     
    На Neytiri и macysh им се допаѓа ова.
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Yin & yang

    Паѓа од небо
    едно бело топче,
    расте,
    бабри,
    клокоти
    како казанот на вештерките.
    Добива чуден облик
    четири стапчиња закачени на еден труп
    на врвот топка
    името му е човек.

    Тој е чудо на светот
    најсовршена машина
    се движи,
    размислува,
    решава,
    создава...

    Паѓа од небо
    уште едно бело топче
    идентично.
    Расте,
    бабри,
    клокоти
    како казанот на вештерките.
    Добива ист облик
    ко она првото
    чиниш клон ќе да е,
    само има црно јадро.

    Црно му јадро злоба,
    црно му јадро омраза,
    црно му јадро љубомора,
    црно му јадро дволичност,
    црно му јадро мрзливост.

    Името му е нечовек.

    Тој е друго чудо на светот
    оној подземниот.
    Се што е создадено – уништува,
    изграденото го урива,
    роденото го убива.

    Но судено е ете
    човекот и нечовекот
    заедно да живеат,
    ист свет да делат
    взаемно да работат,
    едниот да создава
    другиот да уништува.

    Се додека не си подадат рака,
    Нечовекот прв попушта
    се понизува,
    се предава.
    Нечовекот се поклонува,
    човекот се издигнува,
    човекот преовладува.


    (Упс) нечовекот го измамува
    нож тајно му вденува
    неочекувано го убива...
    ...Ах човекот умира
    поради својата добрина.
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Изгубена

    Јас сум изгубена.
    Изгубена во време,
    изгубена во простор.
    А, барам. Барам некој
    со насмевка, лесно
    препознатлива.

    Ех, да ја имав пак..

    И да утре е ден.
    Нов ден.
    Ден на разделба и нов пораз.

    Но сега се е готово и
    никогаш повеќе нема да
    те видам.. и знаеш ќе си речам
    доволно сум силна, јас ќе издржам.

    Но дали..?

    Сепак имам очи како трепетна срна,
    срце - но без никаква вредност.
    А што друго ми преостанува?
    Само ти.. Пак, твојот поглед
    и пак твоите зборови кои одамна ги нема.

    И што ако одиш и онака не беше тука..

    Збогум. И онака јас пак ќе се разбудам.
    Утре е нов ден...
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    1.1 2011

    Сега сите
    ќе ги полнат форумите
    и страниците по весниците
    и виртуелните мрежи
    со впечатоци
    и отпечатоци
    од ноќта што не’ одмина.
    Ќе ги полнат устите
    со остатоци
    и додатоци
    од полупразната трпеза.
    Ќе си посакаме
    можеби и од куртоазија
    (верувам, и од искреност)
    да ни биде поумна годинава.


    Фрлена, во воздух
    на премин
    меѓу заборавот и паметењето
    шарена тропалка
    новороденче,
    на нашите идни глупости.


    Уште еден среќен крај.
    (зарем такво нешто постои?)
     
    На Ema.Sk, blueeparadise и Trendafilka им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Беше како слика, широко насликана во центарот на моето срце, со посебен колорид, на посебен начин. Јас бев само растрган талкач кој неуморно шеташе низ поле полно надеж. Без контрола ги полнев џеповите со неа, без да забележам дека на дното има дупка. Надежен чудак стопиран од срамот и туѓата гордост. Девет ноќи градев куќа од карти која со еден потег успеа да ја одвееш во спомените, на парчиња. Нашата приказна е како рубикова коцка - секогаш кога помислувавме дека сме блиску до целта, сништата се оддалечуваа се` повеќе и повеќе. Се трудам да те избегнам, но те има сегаде. Во скриениот агол од градот, во најмалата уличка... всушност, во себе те носам.
    Чувај се, јас ќе најдам начин да заборавам на се`...
     
    На Ema.Sk, BeYourself и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Песна за Фемина


    Ко по обичај седнав
    да барам решение за целулитот,
    па 'прогуглав'на нет,
    барајќи го митот

    Hо,се што најдов беше една страна
    и искрено
    ми делуваше доста совршена,
    без ниедна маана :inlove:


    Bлегов во 'правила на форумот'
    и Админката Билче ја видов
    хуху, јак ник, си реков и се
    изнасмеав слатко... :P
    Не ни претпоставував дека
    ќе бидам Феминка за кратко

    Признавам, не бев доволно активна
    и честа.
    Што се сум пропуштила
    на форумов, нека ми служи на честа :clap:

    Но, дојде лето и нема што да се прави
    па Лудичко реши на Фемина пак да се стави

    Тука ги запознав феминките 'одлепени'
    кои како и мене, за Фемина се
    'залепени'

    Дојде и роденденот на Фемина наша
    а и време кога секоја од нас требаше
    да се запраша:
    Која девојка заслужува да биде Форумџика на годината? :?:

    Брзо и лесно без многу мислење
    ја избравме Трендафилче, родена за
    дипломатско 'бистрење' :lol:
    Си ја заслужи титулата чесно
    иако не беше воопшто лесно :sweat:

    Многу феминки позитивно
    ја градеа оваа страна
    но, нели се си има и некоја маана |(

    Имаше и многу непосакувани гости
    извинете на израз,
    но стварно беа прости.... :devil:

    Аматие од Михалјо не можат да избегаат
    така лесно...
    Ако им е, кога се безобразни, барем БАНОТ нека
    си го носат чесно :D

    ДОСТА БИСТРАМ ЈАС,
    СЕ ШТО ПИШАВ НЕ Е ВЕЌЕ НЕПОЗНАТО
    МОРА ДА СЕ ПРИЗНАЕ, И ТОА КАКО НИ Е ПОЗНАТО

    ФЕМИНА е НАШАТА интернет Мајка
    СИТЕ ПОРАЗИ, СРЕЌНИ И ТАЖНИ МОМЕНТИ, ТРАЧЕВИ И СМЕЕЊЕ, КАРАЊЕ И ПРЕПУКУВАЊЕ
    СЕ ВРЕЖАНИ НА ОВАА СТРАНА ЗАСЕКОГАШ....
    ВЕТУВАМ ДЕКА ПОСЛЕ ДОООЛГИ ГОДИНИ, ПАК ЌЕ ДОЈДАМ ДА ЧИТАМ ПОНЕКОГАШ!

    П.С ЌЕ ЈА ЗАЧЛЕНАМ И ВНУКА МИ :lol:

    ВЕ САКАМ ФЕМИНКИ
     
    На Grunge и Alanna им се допаѓа ова.
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Секојдневие

    Ух како го сакам
    тој опивачки мирис
    на тазе свареното кафе
    во сончевото утро
    што ме потсетува на некоја приказна
    од оние кои баба ми ги кажуваше.
    Совршено се вклопува
    во моето секојдневие
    заедно со весникот
    оставен пред вратата
    веднаш до шишето
    со млеко.

    Ух како сакам
    кога ги читам најновите трачеви
    свежо излезени
    како лимон исцедени
    со џиновски букви
    на насловните страници
    и сликите на славните
    тајно сликани
    на јавноста прикажани.

    Ух како го сакам
    мојот бел мачор
    што ми се мота низ нозете
    нежно се гали
    гласно преде.

    Ух како сакам
    да грицнам една бисквита
    без грижа на совеста
    за некое кило повеќе.

    Ух како го сакам,
    моето секојдневие,
    микроскопски дел
    од животната приказна,
    како онаа што баба
    ми ја кажуваше.
     
  19. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Part 1

    Дали ти беше тој кој одбра да биде со мене?
    Или сеуште мислиш дека јас те присилив?


    Овие две прашања стоеа како вовед во новиот дневник на Малата Девојка. Со тој нов дневник, таа се обидуваше на некој начин да сврти нова страница во нејзиниот живот, се обидуваше да заборави на минатото. Нели како што се вели: „За да ја видиш иднината, треба да го оставиш минатото и да ја преживееш сегашноста!“ Тоа беше токму она според кое се водеше секој ден. Мачно беше... да се бориш да го преживееш секој ден од сегашноста, а уште потешко – да го оставиш минатото...

    Го остави пенкалото. Беше уморна. Беше напишала цели 35 страни таа вечер. Погледна во часовникот – 03:55. Ох, ќе мора да стане за два часа. Но нејзе не и пречеше ненаспаноста, гладта, студот... И пречеше осаменоста.
    Таа со задоволство би ја издржувала таа ненаспаност и глад, само да имаше со кого да ја дели. Нели се што делиш е послатко?
    Само да имаше некој до неа, таа со задоволство не би спиела секоја вечер, не би јадела, не би пиела. Само би лежела и би уживала во моментот.

    Како што и беше потребна телесната храна, така и беше потребна и духовната храна. Не! Повеќе и беше потребна... Да! Таа беше сама. Сама на целиот овој свет, целиот овој универзум, вселената...

    Се протегна. Мускулите ужасно ја болеа. Но таа болка беше неспоредлива со онаа во срцето, кое чиниш веќе не работеше, беше празно, искршено.

    Дали ќе можам да продолжам вака понатаму? – допиша на крајот од целиот текст што го беше напишала во дневникот.

    …to be continued…
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Кратка љубовна болест


    Си забранивме дување нос
    во тишина
    зошто многу е неумесно
    место љубов
    настинката да зборува.
     
    На skyAngel, Ema.Sk, SexyLady и 3 други им се допаѓа ова.