1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. malena312

    malena312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Na moment se osetiv za prv pat vo mojot beden zivot kako vo oblaci....Me dopre kako krilo od ANGEL,a gjavol bil...mu ja dadov dushata,teloto,se sto imav i gi izgubiv.Sega talkam po hodnicite na izgubenitei zaljubenite i vo site niv se gledam sebe...Tazna,prazna,bez negoviot zdiv vrz moite gradi...go izgubiv,a voopsto i sum go nemala....

    Posveteno na Z.S.mojata vecna ljubov.....
     
  2. malena312

    malena312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Prekrasno,jas sum na pat da stanam ista kako tebe.....za zal......
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. StoryOfAGirl

    StoryOfAGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    nesto sto go napisav malku poodamna....koga bev mn razo4arana vo ljubovta :? ....za sreka malku se podobruva situacijata ;)

    in my dream i sow a face
    but it faded away just like my wish
    i dreamed,i felt,i sow love
    all the pain was erased...
    all that i needed came in one wisper
    and was gone in a guiker
    an angel was flying in my way...
    until i sow glearry....
    it was only the wind dancing with my heart.....
    leaving me only dust....
    i was holding a dream.....
    sudenly i woke up....
    ...a warm tear run on my face...
    i became emty
    i became deaf
    i felt sadnes and i became dead
    until i realize
    an angel was dancing in my spearith
    leaving me hope with every move it was making inside my soal
    and i was steal breathing
    i was steal alive
    wishing for my angel
    dancing with my hope
    someday we'll be together
    for ever and ever.....

     
  4. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    Mal zbor...
    ... golemo znacene...
    ...
    zivot!
    smrt!
    nadez!
    bolka!
    son!
    pobeda!
    zaguba!
    raj!
    pekol!
    svetlina!
    temnina!
    sreka!
    nesreka!
    ...
    ...
    ...sesto zavisi...
    ... od toj znacaen zbor...
    ...*** TE SAKAM ***
    :roll:
     
  5. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    70
    ААААААААААААААААААААААААААААААААА браво за темата!!!!!


    За мене поезијата е љубов.




    Mојата приказна

    Седам и размислувам..која е мојата најдолга животна приказна.. која е мојата најстрасна љубов..родена од пенкалото... добро е што и денес некој го користи....За да раскажам приказна... не ми се потребни зборови, реченици, доволна е само љубовта која ја сокрива напишаното......
    Да.

    04:04 наутро. Понеделник .

    Пишувам.Јас пишувам. Не е битно како кога за кого... Не е битно ни дали малку или многу... Битно е дека пишувам... Битно е дека живееам.. Живеам за лист хартија кој го чуствувам... А тоа напишаното се прашувам за кој ли го пишувам кој ли само ги чита моите неразбирливи зборови.. моите смртоносни мисли... моите идиотски пораки...?
    Кој ли го чита ова сега.. ме разбира ли што саакам да кажам?
    Тој што го чита ова ги гледа ли моите прсти на мониторот?
    Ги чуствува ли моите чуства кон пишувањето кон поезијата...



    Јас сум вљубена личност .. безгранично заљубена во поезијата. Јас сакам, јас неможам без неа ми треба тааа тече низ мене сакам кога си менуваме работи сакам кога таа ќе ми даде празнина, а јас ќе и влезам со зборови сакам кога ќе ми даде мотив а јас да и дадам љубов или пак караница ние се сакаме знаете? Најмногу сакам кога е осамена па кога ќе ми даде дупла инспирација за да креирам низ нејзината страсна рапава површина . Сакам кога ќе ми покаже дека ме сака и таа мене во 4 часот наутро во топли летни ноќи кога ќе ми каже сега може и кога знае дека ќе ми даде идеја за нешто што никој нема да го разбере бидејќи никој нема тоа да го почуствува... Најубаво е кога ќе се разбудам со нејзиниот вкус на моите усни..и нејзиниот допир на моите раце..па веднаш ќе се фатам да и докажам дека сеуште сум тука за неа и дека секогаш ќе бидам. Таа никогаш нема да ме предаде. Никогаш нема да ми го скрши срцето .Никогаш нема да ми се налути. Бидејќи и тааа ме сака мене, бидејќи таа е мој дар, бидејќи таа е се она што имам. Доколку ми замине ќе останам сама во себе.
    Затоа знам дека нема да ме напушти. Затоа што јас не сум како другите,, и затоа што другите поезии не се како мојата. Мојата е посебна има исконска насмевка и тело како робинка.. има страсни бакнежи и најголеми критики кон општеството. Ние сме едно, во се се согласуваме. Некогаш ми шепнува дека на другите не им се допаѓала и велам.. не се секирај твој сум моја си. Ние сме пар.. Ние сме толку добар пар. Не се важни другите.. бидејќи другите ако не те сакаат тие никогаш не ни сакале поезија. Тогаш ми се насмевнува ме фаќа за рака и почнува да пишува. Кога јас губам надеж и кога мислам дека целиот свет ми вели откажи се таа ми шепнува пробај уште еднаш . И знам дека тоа дело ќе е најдобро бидејќи е инспиративно...
    Не никогаш не ќе може да се опише нашата приказна... Нашата љубов таа таа е преголема!!!!!!



    Јас сум вљубена вљубена сум.... Сакам сакам сакааааам ЈАААС САКАМ .


    Сакам кога пишувам .... Сакам и кога разбирате што пишувам !


    Сакам да знаете како се чуствувам.


    Ја сакам зимата! Уште повеќе ги сакам ваквите ноќи кога таа влегува во мене и ми расфрла мисли во внатрешноста на организмот. И таа е оптимист оваа вечер.

    И двајцата сме романтични .
    И двајцата сме страсни.
    Себични, а дарежливи.

    Таа ми даде приказна, јас и дадов можност да излезе на виделина.

    Поезијата и јас. Едно без друго неможе.


    Јас ја сакам неа.. таа ме сака мене...

    Се љубиме . Страсно . Нежно . Полека .


    Обожавам кога можам да и кажам колку ја љубам .


    Тоа ме одржува во живот!
     
    На Aurelia-Aurita и elenkaaa им се допаѓа ова.
  6. Soncko

    Soncko Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    15
    Таа и Господинот неодлучност

    Гори сјајот во очите, а нештата не се како што навидум изгледаат. Поминуваш покрај мене и повторно тој сјај, во твоите, во моите очи. Поминуваш и молчиш... Како се да е кажано, како веќе ништо да немаш да ми кажеш, а ништо не си кажавме.
    Подобро никогаш да не те сретнев, моиве очи никогаш да не те видеа и никогаш да не ги обземеше тој сјај кој создава болка, сјај кој повредува. Те немам, како што и никогаш не те ни имав впрочем. Ја поминувам истата улица, живеам во истата соба полна илузии и мирис на тебе. До мене допира истата мелодија и ја гледам неа, седната самата со себе си... Ја гаси цигарата, нешто благо се насмевнува, потпевнува, а не и е до песна. Отпива голтка од кафето, ги пишува своите мемоари и и се стркалува солза на лицето. Солзата и ги допира усните, го чуствува нејзиниот солен вкус, ја топи перницата, го мати погледот и ја повредува. По неа се тркала уште една солза, па река од солзи ја задушува предизвикувајќи и паничен напад. Никој нема да и помогне и никој не може да и помогне. Господинот кој таа би сакала да е покрај неа за да ја теши со прегратка и да ја прекрива со бакнежи, се бори со својата несигурност и неодлучност и молчи, отварајќи и секој миг се поголема рана, создавајќи и секој миг се поголема болка. Господинот неодлучност ја скрши на парчиња нејзината кревка душа и таа знае дека ќе треба време за сето тоа да може да се состави и да постои. Ќе треба време за таа да може да продолжи понатака.
    Во меѓувреме својата креативност таа ја насочува градејќи ѕидови наоколу, убивајќи ја смислата на љубовта и уништувајќи ги сите надежи, допушувајќи ја цигарата и отпивајќи уште една голтка од кафето кое Господинот неодлучност обожаваше да го пие со неа...
    И за миг се престанува да постои, а мислите не престануваат да течат, солзите не престануваат да го матат погледот, болката никако не стивнува, а времето не запира...
     
    На Annie.mk1 и De-lovely им се допаѓа ова.
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Идол си ми дефинитивно иако јас негувам некој друг стил, со оглед на мои години.
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    site se prekrasni!Bravo za tie sto ve rodile,blaze na ovaa zemja so vakvi iskreni talenti!!!!!!!!!!!!!
     
  9. katence4

    katence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    17
    прекрасна тема еве некој од моите омилени стихови
    тивко е чувството на мигот
    миг до миг создава незаборавеност
    незаборавеноста е само бол
    болот љубов во окови
    повлеков крива линија
    наликуваше на круг
    кругот беше ништо
    ништо стана нешто
    нешто беше љубов
    а љубов беше........
     
  10. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    70
    Дали можеш да помножиш нула со нула?
    Да избришеш црвен кармин од бела кошула?
    да исцепаш мемории во главата?
    да искршиш црвено вино во пластична чаша?
    можеш ли да сакаш и ако некој те мрази?
    контрастот да го ставиш на цел?



    па тоа правиш цело време...
    ти можеш да си мој ... а можеш и да си нејзин...
     
  11. littleone

    littleone Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Бевме заедно,
    бев среќна,
    а истовремено тонев!
    Молев за ронка твоја љубов,
    а ја добивав сиромашна,
    бедна....
    Среќна само на моменти,
    момети кога бевме едно...
    Среќна на поседот на еден мал оскуден дел од тебе,
    а сега скршена, изгубена....
    одкако те нема тебе,
    студен,
    далечен, но за мене топол!
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.564
    Блуз,љубов,алкохол и нешто друго

    Претпоставувам дека е некаде околу полноќ,а кај неа нешто порано.Познаваќи ја,сега веќе ги прави нејзините ритуали за сонот сигурно да дојде и да ја обои во сиво и да ја натера да заталка онаму каде што најмногу се плаши да биде,длабоко во себе,затоа што ќе ја натера да се плаши и да се спознае вистински,а верува дека не може да биде лоша.Нејзиниот вечен страв е туѓата помисла дека е лош човек.
    Мирисот на Катја сеуште живее на некоја моја прекривка во мојот стан и ги дава последните импулси на живот кој беше полн во неа,нејзиното смеење и динамично движење низ празнините помеѓу пианото и фотељата.Често низ смеја знаеше да почне да се шегува на моја сметка,а толку мудро дека често знам да ја прошетам Рузвелтова за да ги проучам стандардните девијации на длабочините на чашите за вино.Катја е човек со детско срце,а ум на старица.Знаеше да се обвие во меланхолија и сеуште да биде убава,а очите да не и го изгубат сјајот и како зрно да се скрие во дневната,сосема да не ја забележам,а да пушта импулси на љубов да ми ги наполни сите светови.
    Ме предизвика да ја имам за цел живот,посакував да ја имам цел живот,да ја чувам неповредена,неповредено нејзиното срце,никогаш...но иронијата се зголемуваше со секоја моја ненамерна повреда на тоа малечно девојче со секое невнимателно свртување за да го постигнеме заедничкото совршенство,за потоа налутено да ја напушти просторијата на напуштени души кои дишат како едно,а за миг или два да се врати и да ја продолжи страста изгирана во минијатурна форма.Тоа мало испотено носе,луто и дрско знаеше да се сврти токму за да посакам да го бакнам точно на врвот каде што стоеше малечко топче кое го прави горделиво и карактерно.Ја припивав главата до нејзиното испотено чело кое мириса на чистина и детство,а има дух на вистинска жена.И го стегав струкот и ја припивав до себе,ја обликував онака како што јас ќе кажев со движења,а таа ме следеше,но не со потполно задоволство затоа што тоа сум јас до неа од што мора.
    Да се движиш до неа беше како успешно извлечена среќка.Ја поседува елеганцијата за да можам да се најдам на апсолутниот врв,но и да направи да се чувствувам атрофиран и глупав.Водевме љубов пред многу,но никогаш не ги допревме чаршавите на мојот или нејзиниот кревет,освен онаа прекривка во дневната соба каде што ја чував сосема покриена за да не настине.Таа малечка Катја премолчано,упорно бараше дел од мојот свет кој сметав дека е неотркиената Атлантида дури и за мене,а таа да го реши како проста равенка и сосема да се обои себе и мене во неговите бои.Свесен бев и сеуште сум дека не може мене да ми припадне и дека не сум јас тој покрај кој треба да порасне,но сепак ќе речам можев,а можев и да не влезам токму во нејзината просторија на изгубени души и да не се заљубам во таа чудно костенлива коса,наивна шега и енергија за милиони светови,немирен поглед.
    Последно што помнам од неа е жешката дланка,засилена и цврста со неизбежен мирис на бадеми.Подголтна со очигледна тежина и вцрвенети очи.Го добив нејзниот допир,за прв пат не толку нежен и зрна кои оставаат вдлабнатини во снегот од нивната жештина.Вообичаено безобразно промрорев нешто за кое ни сам не сум сигурен во моментот,но сеедно ми иде да удрам со тупаница по нешто.Таа убава женска глава секогаш имаше тенденција да оди во ѕид , да ја остава душата под закуп кај ѓаволот за други,за мене,но овој пат веројатно целосно се продаде и се загуби за да разбере дека некои влогови за залудни и манипулативни лаги.
    За неа бев номад,за неа бев алкохоличар,а витез само кога јас сакав...
    Блузот во мене вечерва ме доведе до московскиот аеродром,во градот каде што спијат нејзините куфери,а за кој сакаше толку многу да пишува затоа што веруваше дека таму постои нешто во кое нејзината душа може слободно да лута по стариот дел од градот и да дише без ограничување.Знам дека нема да ме прими назад,затоа што веројатно сум некаде на дното на листата,а сигурно и дека не се поклопувам со нејзиниот морален профил и желба да ме бакнува како некогаш.
     
    На bibb.y и ljubam им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Хехех, не знам која ти е возраста, но благодарам во секој случај, што ти се допаѓа мојата поезија! ;)
    Еве уште нешто од мене...

    Тајна

    Ќе ти кажам една тајна.
    Не е тајна, штом стане песна.
    Денес пак се вљубив.
    Во малите разговори,
    очи што спијат во радост.

    Си фатив од кругот среќа.
    Сега е зима, ќе го стркалам удолу
    да се претвори во огрооомна топка
    Да правиме смешен Снешко
    Со морков долу.
    Место нос.

    (Личам на лигава фотографија
    што лежи во рамка и се обидува да се отараси
    од отпечатоци
    од прсти
    што ја заробиле во прикаска.)

    Не е тајна ако кажам
    дека сум без капка инспирација
    жеден поет за нови зборови.
    Што ќе означат љубов,
    плоштад со старата калдрма
    час за пијачка што останува на јакната
    и по улиците.
    И уште време, уште уште...
    За Живот.
     
    На inchi и missperfect им се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Postmodern lullaby

    Дете качено на месечина.
    (нека не ви доаѓа на ум лого на филмска индустрија)
    Бара ѕвезди, и ги вади
    од театарската завеса небесна.
    Галаксии, му се лулките
    го пуштаат сам да се нишка.
    Додека не стивне ноќта.

    Сака да биде космички јавач
    Принц што се дружи само со себе
    рози тигри и слонови му се само боите во кои се плиснува
    кога рипа во сон од ќебе во ќебе.

    Небитно.


    И порасна.
    Ѕвездите не се симнуваат, сами паѓаат.
    Розите се дестабилизирани мајки, тигрите се тирани - татковци, слоновите се љубовите незаборавни...
    Детето е Маж сега.
    Црна дупка на зрелоста.
     
  15. Pipito

    Pipito Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    58
    Пред и после една вечер



    Живот.. Нешто што мора да се помине.. Бола која секој ја доживува... Рана.. Која секој човек во себе барем една има..
    Љубов.. Само дел од живото на некои луѓе.. Мојот живот пред и после една вечер..
    Чувствував Болка, тага, изнемоштеност, ми беше смачено од животот кој го живеев.. Мислевте имам се..?
    Можеби имав се .. Но дали ја имав среќата..? Дали имав искрена прегратка со зборовите Те САКАм..?
    Дали мојата љубов беше возвратена.. или сепак само патев по нешто невозможно..?
    Која бев јас Пред таа бечер..? Што имав јас пред таа вечер..?
    Имав Само рането срце, само разболена душа.. Бев некој а сепак никој.. Ме познаваа сите, но јас самата не се познавав..
    имав желба да сторам нешто со мене.. А сепак ништо не правев.. Седев со скрстени раце и чекав Божја милост!
    Чекав времето раната да ми ја заздрави.. И како секогаш повторно наивно да се вљубам и во нечија прегратка солзи да леам..
    Да се жалам на своето минато.. Да плачам за својата иднина.. Мислејќи дека неможе да се измени...
    Мислејќи дека да патам сум родена.. Но што се случи..? Одеднаш нова личност во мојот живот..
    Личност која ми е толку блиска а сепак толко далечна.. Личност за која знам се а сепак ми е мистерија..
    Личност која остава трајни промени во мојот живот.. Промени кои јас ги сакам.. Промени кои ќе ги зараснат старите рани..
    Кои ќе ја излечат болната душа и кои срцето пак ќе го направат цело..
    Но сега повторно не го давам.. Сега останува само за мене.. Сега се смејам на злото..
    Можеби некогаш ќе плачев ако го изгубам онаа што ми беше како сестра..
    Сега го губам.. Но дали плачам..? Дали тагувам или се смејам на сет глас.. Велејќи дека никој не ги заслужува моите солзи..
    Велејќи дека никој не ги заслужува моите непреспиени ноќи.. Која огромна промена..
    Сега знам која сум јас.. Сега се познавам а никој од страна не ме познава.. Сега чувствувам дека сум моја само моја.. А не туѓа марионета..
    Марионета која сите ја користеа за свои потреби.. Крај е со тоа.. Завршето е со таков живот.. Завршено со тој беден живот..
    Ставам Точка и крај ..Продолжувам напред без љубов, болка и срам.. продолжувам онака како што сакам и заслужувам..
    За Ваков живот ти благодарамм..:*:*
     
  16. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Дефиниција на мојот живот

    Хармонија од девствена мисла...
    Блесок и копнеж...
    Во својот поход
    мислам се наоѓам себеси,
    а којзнае по кој пат гледам...
    Во зафрлените спомени
    ја наоѓам стекнатата болка.
    Има мрачна сенка
    со боја на згаснат вулкан...
    Повторно си поигрувам...
    ... цртам илузии,
    глумам среќа...
    ... Тој си поигрува со моето срце
    и ме остава
    без душа...
    ... Си поигрува
    и го освојува
    коренот на мртвилото...
    А јас... ја дофаќам тишината
    и заедно со неа
    полека умирам...
     
  17. Оваа е првата,и очајна,но само тогаш можам да пишувам.Па и да е убаво чувството darkerski го манифестирам.

    Темнина во мене

    Напуштена,далеку од реалноста
    заслепена од невистинита слика за животот.
    Во внатрешноста на мрачноста чувствува омраза и темнина,
    таа ја контролира нејзината интуиција,

    Посакува да се тргнат облаците,
    да ги осети сончевите зраци,
    да го вдишиш воздухот кој од дамна го немаш осетено,
    Сето тоа само залудно трошење време.

    Таа е садист,се исполнува со туѓата болка и страдања,
    темнината се надмина себе си,
    таа создаде шуплина во нејзиното срце,
    таа ја уби надежта за животот,
    оптимизмот и ентузијазмот претставуваа минато

    Јас бев виновната и дозволив да одгриза парче од моето невино срце,
    ме загрози за цел живот,
    Таа еуфоричност пополека се губеше,
    се криеше и бараше спас
    а болката и очајот се в гнездија во самата шуплина
    засекогаш.
     
    На inchi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shadow

    Gothic story behind me,
    in frond of me,there was a dark side,
    the darkness inside me,was my sadow,
    my heart was broken,
    I was lonely.

    But know infrond of me,
    it's 'aint no other shadow,
    the shadow of you and me.

    In this shadow,shadow that was lonely,
    now inside her I see:
    the joy and happiness,that never has been,
    not the saddnes she couldn't throught,
    but the smile faces of me and you.

    When I'm with you I feel safe
    I don't see loneliness, I'm not scared,
    I'm not asking my self, am I alone?
    Is this true? I'm happy I've got you

    Се надевам ќе ти се допадне :)
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Интима

    Сакам
    Да е пак лето
    и да ми се лепи фустанот за земја
    од истурена утроба на лубеница
    Во сокот нејзин да заспијам
    Семките се ноти на врелата летна симфонија.
    Сакам
    Да сум пак дете
    со розова ноќница со дезен со чајничиња
    кога сите соништа се бојат во сино зелено
    слободно, балкон со точак без педали, и кочници.
    Сакам
    Да немав олку колку што имам мисли
    оти така
    Немаше да читаш.
    Ова што сега доаѓа.
    Како лавина од радост.
    Што сме будни и двајцата.
    Ти читач.
    Јас поет.
     
    На FBI, missperfect и De-lovely им се допаѓа ова.
  20. Soncko

    Soncko Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    15
    Таа и Господинот Неодлучност II дел
    Господинот Неодлучност кажува недокажани работи, остава недоречено. Почнува и се повлекува. Таа постојано се прашува што ли се случува во неговата глава? Каде му е храброста?
    Да сакаш некого, а да не можеш да го имаш боли. Таа никогаш не се надеваше дека нејзе тоа може да и се случи. Дека ќе најде некој кој го посакува до болка и дека тој ќе биде таков каков никогаш не посакувала, таков каков презирала. Но чуствата се чудна работа, љубовта е чудна работа. Те обзема, ти го мати разумот и не ти дава трезвено да размислуваш. Таа никогаш не се надеваше дека ќе најде некој кој ужива да го пие нејзиното кафе, кој ужива во нејзината несериозност и кој ја сака таква каква што е. И тогаш кога го најде, кога допре до него, кога го почувстува неговиот допир Господинот Неодлучност станува река која тече нагоре. Станува нешто непостојано, се движи, а стои. Тој е брод кој тоне во слатко море исполнето со солени солзи. Тогаш Господинот недолучност го има и го нема. Доаѓа и си оди. Ја прави среќна и ја растажува. И се враќа... Секогаш се враќа без причина, без да каже збор и без да има одговори на нејзините мал милион прашања. А таа е тука за него, го поддржува постојано, но тој е постојано непостојан. Тоа е разликата меѓу нив. Таа знае што сака, а тој се губи во привидот и станува едноличен, обичен како и сите. Станува некако бесчуствителен и прозирен. Тогаш Господинот Неодлучност ја става својата насмевка на лицето, прекрасно светлите очи му светат и се враќа дома, а таа останува сама. Ја облева самотија, ја покрива надежта, а солзите течат. Излегува надвор, се меша со луѓето, раскажува среќни приказни, споделува за среќните воздишки со некој кој навидум непостои. И таа ја става насмевката на своето лице и ужива во своите соништа. Секоја помисла на Господинот Недолучност и го менува расположението. Ја исполнува и ја прави агресивна. Па во тие мигови таа не сака да го пие кафето во кое тој ужива. Не сака да се помести од креветот и да се помести од мртвата точка. Не сака да побара некој друг, зашто длабоко во себе знае дека Господинот Неодлучност нема да може да го заборави се додека тој се враќа и се додека таа се надева.

    Се реши ли Господинот Неодлучност?
    Напред - назад. Горе – долу. Лево – десно. Насекаде го има, насекаде го среќава, ни миг нема мир од него. Во мислите и е постојано, го сонува често, го гледа уште почесто. Но Господинот Неодлучност некако се повлекува се повеќе и повеќе. Го уплашија ли зборовите кои немаме храброст секогаш да ги кажеме? Го извадија ли од памет силните чуства, па почна да бега? Којзнае???
    Ах, толку е прекрасен. Силен, а нежен. Голем, а мал. Господинот неодлучност почна да се менува. Го плаши ли можеби нејзиното постојано менување на расположението? Или можеби нејзиниот страв дека не сака да го изгуби? Или можеби нејзината упорност во кажување и докажување? Го плаши ли можеби нејзината искреност и желба да биде покрај него секој миг, а не само во миговите кои можат да си ги дозволат? Ја плаши ли нејзе помислата дека конечно стана решителен и сака да се врати дома и да избега од неа? Ја плаши ли нејзе помислата дека никогаш повеќе нема да може да го има, да го почуствува, да си дозволи да ја милува, да ја земе во раце и да ја бакнува. Ја плаши ли можеби помислата дека нема повеќе да води љубов со него и дека нема повеќе да ужива?
    Ќе дозволат ли таа и Господинот Неодлучност напливот на чуства да ги одвои. Искреноста да ја задуши страста и да нема веќе милувања во миговите кои можат да си ги дозволат. Или веќе дојде времето кога за се ова ќе се зборува во минато време и кога ќе треба да речат, уживавме и кога ќе треба да речат миговите кои можевме да си ги дозволиме.
    За ние се потребни двајца. За милување исто. За врели бакнежи по целото тело потребна е страст и желба. За водење љубов потребно е искреност. И имаше ли нешто од сето ова меѓу нив или се беше само лажна имагинација која таа ја создаде, а Господинот Неодлучност ја обликуваше и дозволи да се случи. Си создаде ли таа слика за Господинот Неодлучност која можеби никогаш и не постоеше? И вредеше ли се, за на крај олку да боли?

    Претерување
    Беше навидум мирен ден. Обичен. Со обични мисли и обично време. И во тој навидум мирен и обичен ден Таа почна да паничи. Непотребно... всушност Таа почна да сваќа дека Господинот Неодлучност се премислува и се дистанцира и сакајќи да не го изгуби го изгуби. Самата го отфрли од себе си. Го оттургна. Го преплаши. Направи нешто што никогаш не би го направила. Кажа работи кои никогаш не ги помислила. Избезумена дека и се оттрга, дека и се лизга од раце, понесена од неколку чашки од нејзиниот омилен пијалок, го извади од памет. Сакајќи да го задржи го отфрли. И сега нормално е Господинот Неодлучност да стане поодлучен, а таа јасно знае колку ја болат нејзините чуства и колку тешко дише во негово присуство и колку очите и се полнат со солзи при секој негов поглед и при секоја помисла на него. И токму тој ден, навидум обичен таа претера. Ги премина границите на нормално и пристојно. Зошто и беше потребно сето тоа претерување, молење, заканување. Толку ли ја преплаши помислата дека повеќе нема да може да го има ни миг. Дека почна полека да го губи, дека почна полека да се губи и самата. Повредена, во солзи зборуваше веќе неповрзани работи, молеше и преколнуваше. Го молеше Господинот Неодлучност за еден единствен миг, кој не го доби, а го заслужуваше. Макар тоа би бил и последен миг. И во тој обичен ден се случи, првата сериозна расправија, првото сериозно преплашување и сега таа е свесна за последиците. Не можеше да заспие. Не ја оставаше тоа чувство на вина и каење за се што кажа и се што направи. Дрско, многу дрско се однесуваше и не можеше да се смири. Со часови се превртуваше во празниот кревет со мирс на Господинот Неодлучност и со часови око не можеше да склопи во и онака малкуте часови кои и преостануваа за спиење. И некако по којзнае колку време потона во сон. Всушност потона во тешки соништа во кои повторно беше тој и ја избегнуваше несакајќи да биде со неа повторно, а таа за сето време се обидуваше да допре до него и да му се приближи. Се разбуди препотена, повторно избезумена и никако не ја напушташе грижата на совест и каењето. Денес е нов ден. Ќе донесе ли можеби нова надеж. Ке донесе ли можеби денов нешто ново?
    Ќе и даде ли нова шанса? Нова можност можеби? Или ќе остане само желбата и немирот во нејзиното срце...

    Го нема веќе...
    Празнина... Тежина... Чудна необичност и мисли празни.. Залутан поглед и ништо веќе не е исто. Го нема веќе. Господинот Недолучност го нема веќе... А таа се сеќава, зашто само тоа и остана...
    Средба како и секоја друга. Таа и Господинот Неодлучност седат и разговараат и го пијат нејзиното кафе. Се смеат, разменуваат нежни погледи. Нејзе срцето и чука како лудо, не може да му одолее. Неговата близина ја излудува. Неговиот поглед ја плени, неговиот мирис ја опива. Нежно и спонтано, сосем непланирано и невино почнуваат повторно со нивната игра. Се допираат, се милуваат. Нема бакнежи, нема прегратки, само допири, нежни допири кои возбудуваат и прават крвта да им врие. Немаат време. Всушност Господинот Неодлучност нема време, но таа не попушта, се вовлекува во него и нивната игра се разгорува. Страст и воздишки. Завршуваат заедно по незнам кој пат. Изудени, испотени и задоволни ја завршуваат и оваа средба која почна така наивно со малце муабет, пушејќи цигара и пиејќи го нејзиното кафе. После таа игра полна страст и можеби и нешто повеќе од силни чуства и потреба за задоволување на нагоните, таа го пушта да си оди и не бара ништо за возрат. Си докажа на себе си дека може да го има, му докажа и него дека тој може да ужива со неа, но го пушти да си оди, зашто тој тоа го сака, затоа што тој тоа го побара од неа. Ќе направи се што може да стои подалеку од него и неговата близина која ја предизвикува. Ќе проба да не го бара, за да не се повредува повеќе и ќе продолжи да ги слуша песните кои заедно ги слушаа, ќе продолжи да го пие кафето кое и тој ужива да го пие со неа и ќе продолжи се тоа да го прави сама иако боли и самата помисла на тоа. Многу боли. Но таа мора да се обиде да му даде шанса да се врати дома штом тоа толку многу го посакува. И кога помислува на тие негови зборови ја убива помислата дека не му значела и дека тој не сака да бидат заедно, но тоа е, барем е искрен и тоа ја смирува. Се што во последно време се случува меѓу нив ја повредува и ја смирува истовремено и се повеќе го засакува и се појасно и е дека Господинот Неодлучлност не ја заслужува. Но како и да е, таа нема да престане да го сака. Но овој пат ќе проба да го сака од далечина. Ќе се бори со себе си и со своите чуства за да го направи среќен него, зашто сака среќен да биде. Ќе се бори да го заборави гледајќи го секој ден и ќе направи се Господинот Неодлучност да и остане само убав спомен. И покрај сите обиди и покрај се Таа знае дека никогаш нема да го заборави и некако е убедена дека тој знае дека таа сепак ќе се надева и дека сепак ќе го чека...
    До тогаш останува празнина... Тежина... Чудна необичност и мисли празни.. погледот и лута и ништо веќе не е исто. Господинот Неодлучност го нема веќе, а таа се сеќава на сите пријатни мигови, зашто само тоа и останува... се сеќава на се зашто сака Господинот Неодлучност да и остане само спомен...


    Збогум Господине Неодлучност...
    Таа собра храброст и со очи полни солзи му рече збогум... Побара од Господинот Неодлучност да не ја бара повеќе и да ја заборави, а тој на сето тоа најпрво молчеше, а потоа рече:ДОБРО. Господинот Неодлучност побара од неа да се смирии, таа не можеше иако го убедуваше дека е добро и дека ќе биде добро. Таа за прв пат искрено му кажа како се чуствува, впрочем му кажа дека се чуствува искористено, понижено и повредено. Тој бараше да не му зборува така, но таа не можеше веќе да ја поднесе болката која ја чувствуваше и не можеше да ги задржи слозите. Нешто се сруши во неа како никогаш до тогаш. Речиси експлодира и сета болка потече, солзите не запираа, ја задушуваа и не можеше повеќе да зборува. Му ја посака за последен пат сета среќа на овој свет, му посака да може да си најде мир и да се среди и да продолжи без неа, да престане да ја бара и да ја задржува бесцелно и бесцелно покрај него. Го побара тоа и едвај низ солзи процеди едно збогум, зашто премногу ја болеше се што му кажа. Таа не можеше да издржи и го прекина телефонскиот разговор, а Господинот Недолучност не се обиде да ја побара повторно...
    Со денови солзи се тркалаа по нејзиното лице и таа без престан се прашуваше каде погреши и ќе може ли да продолжи понатака да го гледа секој ден, а да се воздржува од неговиот поглед, да се воздржува да му каже како и е, да се воздржи од се што би сакала да му каже. Се обиде да заспие, но постојано се и се повтроуваше и силно како ехо и одекнуваше во главата. Немаше желба за ништо, немаше желба да се помести од мртвата точка каде заглави, но полека собираше храброст да се соочи со се. Собираше храброст да се соочи со неговиот поглед утре и собираше храброст да може сето тоа да го издржи , а него да му остави впечаток дека продолжува и дека не ја боли веќе ништо што ја потсеќа на него. Со мисли развлечени низ малата соба каде се ја потсеќаше на него, се обиде уште еднаш да се потсети на се што се случи и да се потсети дека Господинот Неодлучност не ја заслужува и дека Господинот Неодлучност е тој кој нема храброст да ја одбере неа и да продолжи со неа. Со таа мисла реши да запсие ноќва, надевајќи се дека утре ќе го издржи неговиот поглед и дека со сета сила ќе се обиде да остане прибрана и ладна и ќе проба да ги избегнува неговите плави топли очи полни разбирање...
    Знаеше дека и ова ке биде само уште една ноќ кога солзите нема да пресстанат и уште една ноќ кога грутката во грлото нема да може да и се помести ни нагоре, ни надолу.. Уште една ноќ кога бесот и гневот ќе ја уморат, а љубовта нема да престане да ја боли и да ја потсетува колку тоа Господинот Неодлучност нема храброст за нипто вредно на светов и колку може да се манипулира со него... Таквото сознание ја повреди уште повеќе и и беше само знак плус дека ова дефинитивно мора да биде нивниот крај зашто ништо веќе нема цел и ништо не се менува со месеци... Ова збогум мора да биде решително и таа со сета сила ќе се обиде да остане истрајна и доследна на тоа... Збогум Господине Неодлучност...
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.