1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Изнемоштеност

    Одејки, клекна
    ..се втаи во тивок плач,
    а како никој да не ја гледаше.
    Само ја одминуваа, тивко без зборови
    дали можеби затоа што беше веќе навеана од снегот
    ..или од страв.

    не е сè Ѕвер
    ..треба да се има разбирање, и малку љубов, за тие што ја немаат.

    Како јас.
    ..да се надеваме на подобро утре.

    (Don't hate'em, love'em. They won't dissapoint you.) :toivo:
     
    На blueeparadise и SexyLady им се допаѓа ова.
  2. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    И желбата за живот
    повеќе
    не е присутна.
    И срцето нема желба
    повеќе да чука.
    а душата
    се откажува од
    сите што ги сака.
    Смртта ме мами
    на двобој
    со неа
    знаејќи дека
    судијата ќе пресуди
    нејзина победа.
    Повеќе не сакам да живеам,
    мојот живот повеќе нема
    ни смисла ни логика.
    Свирепо ќе си ја предвидам
    смртта и ќе се убијам сама.
     
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Part 2

    Дневникот не беше чепнат веќе подолго време. Чудно беше Малата Девојка да не пишува. Тоа беше начинот на кој таа преживуваше, а сега дневникот лежеше осамено под креветот, фаќаше прашина. Некој од страна би рекол „Фала богу, успеа да заборави на се’“ Но не, таа сеуште немаше заборавено ниту на еден дел.
    Тие настани и беа врежани во меморија такако врел жезол во кожата. Никогаш нема да ги заборави.

    Но каде беше таа, би се запрашале?
    Барем на момент, Малата Девојка уживаше во убавините на животот. Таа лежеше на тревата во блиската шума. Ја впиваше сета енергија што природата и ја пружаше: опивниот мирис на пролетната трева, свежиот ветар, милната песна на птиците, жуборењето на бистрото поточе... Едноставно природата ја викаше на непознат но привлечен пат. Таа имаше намера да се впушти, да отиде на тоа повикувачко патување, за тое толку желно беше гладна.

    Но одеднаш се најде во суровата реалност. Таа би рекла: „Секогаш е така!“ Тоа веќе и станува навика – да ужива и момент потоа се и се урива.

    Но пак ќе се запрашаме: зошто, ама зошто не пишува? Што се случи?
    Одговорот го знаеше само таа... „Решив да заборавам на се’“ – можеби некој ќе ја слушне како шепоти во тивката темнина на осаменоста. Некои мислат тоа е илузија, луѓето од премногу грижи дури и си замислуваат дека така шепоти. Други тврдат дека ја виделе како тајно пишува, а трети дека го фрлила и запалила дневникот. Секако, секој си имаше своја теорија на верување и се убедуваа меѓусебно чија е најточна.

    Дали ова го слушаше Малата Девојка? – се запрашав.
    Дали и пречи тоа што секој сака да дознае се’ за неа?

    И покрај толку многу луѓе таа пак се чувствуваше осамено. Болката пулсираше во нејзиното празно срце, болно пулсираше ширејќи ја заразната болка низ целото нејзино тело.

    Дали ќе можам да продолжам вака понатаму? – конечно го отвори повторно дневникот читајќи ја последната реченица што ја беше напишала пред една година. Одеднаш сите сеќавања се пробудија и се појавија пред неа како стар филм.

    …to be continued…
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  4. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60

    Браво , немам зборови , воодушевена сум , имаш огромен талент и голема дарба , браво , ти посакувам голем успех и продолжи така :)
     
    На Neytiri и Shelea им се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Part 3

    Дали една радио репортерка е достојна да збори за животот на Малата Девојка? – се прашувам. Одговорот се наметнува сам по себе – Не! Не сум достојна!

    Сепак, има некоја привлечна сила таа Мала Девојка, што го привлекува вниманието на сите. Како да не и е доволно без ова... Фала богу ќе речам, со текот на времето таа закрепнува... закрепнува, или така е само навидум.

    Еве гледајте, почна и да излегува, да се дружи. Зборува, се движи и можам да кажам дека заборава на дневникот.

    Зошто некои мислат дека дневникот е виновен за нејзината повлеченост? Тврдат дека дневникот е вид на крлеж, кој се има закачено за душата на Малата Девојка и пие, пие, пие од нејзината среќа и енергија. Го споредуваат со зависност, нешто слично како цигарите, алкохолот и дрогата... Зошто?

    Доказ им е тоа што сега е пожива и плус не го користи веќе дневникот. Каде може да биде дневникот сега во моментов?

    - Нормално, под нејзиниот кревет, фаќа прашина! – се слуша одговор од страна.

    Малата Девојка сега се враќа дома. Чекори бавно и тешко, како да носи некој тежок товар на себе. Главата и е спуштена надолу... Не! Чекајте... ја крева главата високо... О боже, дали тоа е насмевка на нејзиното лице?

    …to be continued…
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Дојди си кај мене
    да се гушнеме
    како кога бевме деца.

    Среќо,
    одбиваш ли дружба со мене
    затоа што премногу плачам?

    Надеж,
    ми го заврте ли грбот
    затоа што одамна те закопав,
    онаму каде што е најтемно
    без трошка зрак?

    Љубов,
    се лутиш ли
    затоа што почесто те пишувам на туѓ јазик
    со 4 наместо со нашите 5 букви?

    Гледај,
    се трупаат облаци на небото
    време е да си одиме дома.

    Почекај, нека ме наврне.

    Дојди си кај мене
    да се гушнеме
    како кога бевме деца.
     
    На Dafnee, blueeparadise, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Другари

    Одиме
    по калдрма
    на тротоари
    по улица.
    Фатени рака под рака
    како селска мома и зет
    од немајкаде
    правиме шетачки слет.

    Јадеме
    од ќошиња
    места кај што мижеечки треба храна да купиме,
    возиме со стапала
    по локали
    кај што од интима и кожата си ја лупиме.
    Татнееме, од љубов
    всадена тажно
    во саксиите со љубичици
    нејсе, таков е животот
    за болка, секој ден нови редици.

    Зборувајќи
    за тоа како сакаме
    иднината да ни се случи сега
    а минатото да дојде утре пак,
    знам
    најдобро е кога имаш
    со кого да преживуваш
    Бродолом и брак.


    Не сме во брак
    а бродоломите не’ научија да пливаме
    Важно е
    и во болката да уживаме.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    седеше на старото место. На масата под скалите, пиејќи го стандардното, Нес-кафе, со две лажички шеќер. Се потсети, сликата на ѕидот, од него беше. Омиленото мече, од него беше. Омилениот парфем, од него беше. Најубавите спомени од него беа. По голтката, се замисли, длабоко. Се сети, денот кога под прозорот, беше тој, со омилените чоколадца, и насмевка и го украси лицето.
    -‘‘Уште ли ќе чекате, госпоѓице?‘‘ -ја стресе глас.
    -’’Да, ми рече ..ќе дојде. А веќе е 16:45.‘‘- и се натажи.
    -‘‘Во ред, сакате нешто?‘‘-Со утешителна насмевка.
    -‘‘Не, сепак, одам. Ако дојде..‘‘
    -‘‘Ќе му кажам, се разбира.‘‘

    ..и излезе, тој звук, и се чинеше, по којзнае кој пат го слуша. Ѕвончињата на вратата. Патот ја поведе низ патот. Порано, шетаа заедно, гушнати. Денес..не дојде. По толку време. Си мислеше на старите времиња, во есен, мислиш, љубов им тече низ вените. Се сврте наназад, и прошета со поглед низ паркот, низ кој шетаа заедно. И продолжи да трча со насолзени очи. Влезе дома, и го побара, почнаа да и навираат лоши мисли. Тој ..никогаш не каснеше. Излезе, повторно почна да трча низ паркот, барајќи го. Го виде, седнат на клупа, со некоја девојка, се бакнуваа. Со уште поголеми солзи во очите, влезе внате, и напиша:
    ‘‘ Те чекав, како можеше да ми го направиш ова? Ми вети. Те сакав, верував дека се сакавме, но сепак, излезе поинаку. Верувам ќе си ја најдеш среќата. Би сакала да ми дадеш објаснување. Која е таа? Што има повеќе од мене? Вредна ли беше, за да го направиш тоа? Мислев, твојата единствена сум. Ме разочара. -капнаа неколку солзи врз мастилото, се размачка..- Мислев, да останам овде. Се надевам, уште еднаш дека ќе си ја најдеш ‘‘совршената‘‘, и среќата со неа. Сега збогум. Не пробувај да ме најдеш, заминав. Мило ми е што го видов ова, инаку, целиот живот ќе ми го расипеше.
    Твојата, сега веќе не, Барби.‘‘
    И го стави во плико. Така плачејќи, решително ги собра алиштата во куферот, и излезе. Шеташе со погледот низ паркот, и го виде. Појде накај него, влечејки ги куферите, и во едната рака држејќи го пликото. Му го тупна во рака, се сврте и плачејќи отиде. Слушна едно тивко... ‘‘Барби..‘‘
    ..се сврте и изусти брзо. ‘‘Мислев да останам, да не одам, ама после ова, се решив. Заминувам за Париз. Збогум. ‘‘ -и отиде, без да се сврти.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  9. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Пороен, силен, вечен дожд во мојата душа - сложувалка од безброј парчиња.

    Секоја капка, мала и проѕирна, веднаш губејќи се, е едно парче од големата сложувалка.

    А ти, ти си упатството кое не можам да го сфатам.

    Невозможно е.

    Неизводливо.

    Тешко.

    Не можам да ја склопам, па се откажувам.



    Чекориш по златниот килим, победнички газејќи ги мокрите, сега веќе кафени, без сјај лисја - моите емоции.

    Поразени, бескорисни...не ги цениш.

    Упорно ги газиш, ги насочуваш, а тие, како марионети ги слушаат твоите наредби...се покоруваат.



    Студениот, силен ветар - повторно ти.

    Сурово, немилосрдно, безчувствително и неразумно, ги носиш лисјата во виорот на СМРТТА.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Чакалот пукаше под тешките гумени чизми додека чекорев по тесното, кривулесто, планинско патче. Околу мене преовладуваше неверојатна глетка; свежиот пролетен ветар нежно ми ја мрсеше косата, а истовремено ги разбрануваше штотуку расцветаните розови пупки на дрвјата. Сонцето, опкружено со сјајниот круг што го формираа зраците кои полека, не брзајќи, со ист ритам го следеа неговиот чекор, и го отстапуваше местото на бисерната Месечина. Чистиот планински воздух, измешан со опојниот мирис на дивите, шумски цвеќиња, ја исполнуваше мојата душа како детската смеа – мајчиното срце. Шумолењето на брезите го придушуваа црцорењето на птиците, кои како да се радуваа на почетокот на уште една пролет. Случајно погледнав во мојот рачен часовник, во првиот момент несфаќајќи колку доцнам. Расеано го забрзав чекорот. Во мојата глава пловеа безброј мисли, но во непознат правец, без компас, кои истовремено ми влеваа и храброст и страв од претстојната средба.
    И тогаш го здогледав Него. Неговото лице, јасно сјаејќи на последните зраци од Сонцето, беше вперено во живиот, разигран тек на реката. Беше насмеан, како сета среќа на светот да беше негова. Можев да забележам дека е среќен, но не ја знаев причината. Стоев на неколку метри од него, а тој сеуште зјапаше во реката. Дали и тој, како мене, размислуваше за нас? За нашата иднина? Дали и тој страдаше од несоница секоја вечер, копнеејќи по сништа со среќен крај? Неможев да погодам. Неговата насмевка беше чиста спротивност на неговиот замислен поглед.
    Го сврте погледот, токму во мојата насока, очигледно барајќи ме, и кога ме здогледа, мојот здив замрзна како и неговиот поглед. Насмевката исчезна од неговото лице, а очите ја добија онаа боја на смраченост и студ. Срцето ми затрепери и мислите на страв ги победија оние малку мисли на надеж и храброст. Се упати кон мене, величенствено движејќи го своето тело, на начин на кој секогаш ме маѓепсуваше. Воздивнав, дури тогаш забележувајќи дека тие неколку секунди воопшто не сум дишела. Му се восхитував како секогаш умееше да ми го одземе здивот.
    Нашиот јазик не беше јазик на говорот, туку јазик на телото. Ме фати за рака со своите меки, мускулести раце, а јас, зашеметена од неговиот допир, седнав на тревата од страв да не паднам, бидејќи нозете страшно ми затреперија. Како да ја имаше истата намера, седна до мене. Го чувствував неговиот мирис, истиот оној мирис на кој, помнам, мирисаше првиот пат кога се сретнавме. Кратко ме погледна во очи и го сврте погледот. Неможев да погодам која му беше намерата и зошто ми беше упатен тој поглед, но можев да забележам дека е лут. Шараше со очите во околината, гледаше сегде, освен во мене. Бев зачудена од неговото однесување, но бев рамнодушна. И двајцата знаевме зошто бевме тука и што требаше да се случи.
    Одеднаш ја испружи раката кон мојот образ и нежно ме погали, а јас се растопив од нежноста на допирот, мислејќи дека ме гали со некое пердувче. Ги затворив очите и уживав, но за кратко. Неволно, ги отворив очите и го сретнав неговиот поглед. Не ни беа потребни зборови за да се разбереме. Крајот беше неизбежен, и двајцата знаевме. За момент се задлабочив, и се сетив на моментите кога ми велеше дека нашата љубов ќе биде вечна, без крај. Неговите длабоки, црни очи ми кажуваа нешто што со поглед неможев да го разберам...
    Веќе следниот момент ме бакнуваше страстно, со рацете во мојата коса, а јас, избезумена, го возвраќав бакнежот. Го прегрнав силно со намера да го задржам подолго до мене. Телата ни беа припиени едно до друго, чиниш беа една целина. Посакав тој момент да трае засекогаш, посакав никогаш да не го пуштам од прегратки, но некое гласче во мене ми велеше да престанам. Знаев дека треба да го сторам тоа, за да не се случи нешто непожелно. Двајцата немавме контрола врз своите тела, а страста се повеќе растеше и не обземаше. Го чувствував неговото срце врз моите гради кои потскокнуваа од брзото дишење.
    Ги одвои неговите усни од моите и се упати кон мојот врат. Затреперив и се оттргнав од неговиот допир. Ми беа потребни неколку секунди да се смирам, да се контролирам себеси, воедно и него. Ги затворив очите и вдишав длабоко. Го почувствував неговиот важен поглед, но не ги отворив очите. Нетрпеливо стана и ме чекаше. Немајќи избор, ги отворив очите и застанав до него. Мојата глава повторно беше разбранувана од истите мисли, мисли на надеж, страв и сомнеж. Срцето ми биеше силно, чиниш во секој момент ќе излезе од градите, и бев преплашена од тоа што следеше.
    Повторно го погледнав и како да ме разбра, ме зема в прегратки. Тогаш ја почувствував сета топлина и блаженство на мигот. Се чувствував сигурна; знаев дека таму е моето место. Знаејќи дека и оваа убавина нема да трае долго и не сакајќи да ја вратам надежта која беше длабоко скриена во мене, но не излегуваше на површина, се оттргнав и за последен пат погледнав во неговите крупни, црни очи. Ме гледаше занесено и насмеано, како ова да беше крај на уште еден обичен ден, што и не беше, и знаев дека оваа слика ќе ми остане во сеќавање засекогаш.
    Се свртев и тргнав по мојот пат, патот кој ми го покажаа мислите кои, некако чудно, но вистинито, ја знаеја својата насока и правец. Знаев дека се ќе биде во ред, бидејќи се беше премногу добро за да биде вистинито.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски

    Ееее чикааа и јас го имам напишано ова... :)
    Дали ова беше тоа што заедно го пишувавме?
    Како и да е, еве едно парче од романчето што го пишувам моментално: (ова е опис на еден од ликовите од страна на главниот лик - девојче околу петнаесетина години. - ликовите и настаните се имагинарни)


    „Виница беше жена во години, готово пред пензија и беше премногу строга. Годините поминати во училиштето и поминатите генерации и го шекнале мозокот. Предаваше физика – мојот најнеомилен предмет. Личеше на накиснато кученце со црна коса, повеќе од половина и беше обелена, а на темето и беше малце прокелавено. Имаше кукав нос кој секогаш кога беше налутена и поцрвенуваше. Лицето и беше пребледнато, строго, а на моменти и исплашено, а на него се приметуваа ситните усни како линија зголемувани со јак црвен кармин кој секогаш и беше размачкан и огромните сиви очи како на був. Целата беше исушена како децата од Етиопија. Тенкиот врат ја правеше многу повисока отколку што всушност беше. На долгите раце и се издаваа коските а дланките речиси и беа коски и кожа. Под здолништето и се гледаше проѕирната бледа кожа исшарана со потечени вени. Уф... грозно. Гласот и беше како струја: гласен и пискав, што дури можеа прозорците да се искршат кога ке викнеше силно. Главна карактеристика, по која цело училиште ја знаеше беше: склерозата. За оние кои не се запознаени со овој поим, тоа е вид на подмолна болест – да речеме, која најчесто ги напаѓа старите луѓе, во овој случај Виница која искрено не е млада, а симптоми на таканареченава болест се губење на меморија или недостаток на состојки во мозокот кои обезбедуваат добра меморија. Хаха. Кратко кажано – Винка има меморија на златна рипка: 3 секунди, ништо чудно и помалку. На прв поглед, беше страшна. Кој би помислил дека таква личност работи со деца, во училиште.“
     
  12. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Хахах, е ок де, заедно го пишувавме, постирај си го ;)
     
  13. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Секојдневно слушаме за толеранција, разбирање ... Но што всушност претставува тоа?! Дали тоа е почитување, отвореност, сочувствување со туѓите проблеми или пак само оружје со кое се одржува мирот во светот?! И да, колку ние се почитуваме едни со други, колкусе толерираме, колку ние живееме според животните правила и прописи?!
    Да почнеме од почеток. Велат дека треба да постои почитување. Но почитување на што, на туѓото мислење, на туѓите ставови? Почитување на ставовите на некој поединец кој кога би бил на нашето место, веднаш би ни ја завртел главата и без да ги знае причините би ни зарил нож во грбот уште при првата прилика? Но сепак ќе си речеме: Ајде само уште овој пат ќе го толерирам, а потоа ќе си го добие тоа што го заслужува. Но и тој нареден пат и сите после него пак ќе си го погазиме достоинството и нема да го исполниме реченото. А зошто? За да го зачуваме и тоа малку спокојство што го имаме или пак заради пријателството кое и така виси на конец. Нели е така? Се во служба на мирот.
    Велат дека толеранцијата е постоење на отвореност кон туѓите ставови, сфаќања, мислења... Ги прифаќаме ставовите на сите околу нас колку и да се косат или да се противат со нашите. Но зошто го правиме тоа? Па добро, тука постои слобода на мислење, секој има право да го кажува тоа што мисли дека би било правилно. Па токму поради тоа ние се разликуваме од животните, по тоа што размислуваме, ние покажуваме дека сме еден чекор над нив... или сепак не? Како и да е, толеранцијата е еден ‘’магичен’’ зборов кој секогаш ни бил потребен и секогаш ќе ни биде потребен.
    Понекогаш рабирањето е единствената работа што можеме да ја направиме за другите. Ги сослушуваме нивните проблеми и нивните радости, им дозволуваме да ги споделат со нас најдабоките и најинтимни чувства. Се трудиме да најдеме разбирање за нивните постапки колку и да се погрешни или неприфатливи. Ги оправдуваме нивните постапки само за да ја оправдаме нивната доверба,а воедно и да научиме нешто од нив.
    Колку и да сте повредени, имајте разбирање, толерирајте ги другите. Сепак сите ние имаме по некој лош ден, некоја непреспана ноќ , некои проблеми. Е токму во тие денови единственото нешто што го сакаме е некој да покаже барем трошка љубов и разбирање, па зошто и ние да не го покажеме истото?!
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Така оди тоа

    Легни до мене
    не мора да заспијам
    со носот, допирај ми го рамото
    Со раката,
    одржи ми ја топлината
    верувај во моите соништа.
    Кога се држиме за раце
    енергијата е пренослива.
    Зготви ми појадок наутро
    да се разбудам од мирис
    на стопена ванила
    оставена на прсти
    лижната додека уште се расонувам.

    Пред огледалото, да се љубиме.
    И после тоа
    нарачај Реалност.
    Да се изгубиме.


    Ти, немоќен да останеш.
    Јас, пресилна да ме биде.
     
    На PrinceOfPersia, Bright, missperfect и 2 други им се допаѓа ова.
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Ова го напишав вчера т.е денес во 3 часот сабајле. Не знам што ми стана.. :?: А следниот расказ го имам напишано поодамна, ама и двата ги имам зачувано на компјутер па ќе ги копирам. :)


    Далеку од очи, далеку и од срце.. Навистина?

    А еве, уште една залудно потрошена ноќ. Никако да дојде долго очекуваниот сон, да не мислам повеќе. Хах, но што ако? Која е таа иронија да заспијам а повторно да го имам тој немир во себе, да спијам а тебе пак да те сонувам? Да ги гледам тие очи, што одамна го изгубија сјајот? Да го гледам она познато лице, а сега толку отуѓено? Иако не сакав да го прифатам, одговорот беше во мене. Ги предизвикуваше солените солзи, пролеани за изгубеното.. И она што никогаш нема да се врати. Морам да се соземам. Но како? Никогаш повеќе нема да те видам.. А барам само едно нешто. Остани. Тоа ќе биде доволно. Не ми проговорувај ни збор, не е важно. Само да си тука, да те гледам, да сонувам за твоите усни со отворени очи, штом веќе не можам да ги имам.. Тој поглед.. тие прекрасни костенливи очи. Паметам во доцната есен, ќе ме погледнеше и продираше во мене. Откриваше се што се наоѓа во мене. Првенствено љубовта, а потоа тагата, обвинувањето. А, потоа молк. Колку ли траеше? Зашто не можеме да сме заедно? Зашто не ме сакаш? Зашто оваа љубов е забранета.. Безброј прашања а премалку одговори. Но, не. Одговори има, само не сакам да се потрудам да ги најдам. Да ја слушнам вистината и да се соочам лице в лице со неа. Другари, плеснете ми ја во лице! Ако сакам да бегам, врзете ме.. Ама морам да ја слушнам. Толку долго ја одбегнував, а бесцелно. Што ако ја одбегнував, кога секој ден ме прогонуваше, не ме оставаше да заспијам? А еве сега ја дознав. И пак не можам да заспијам.. Сега спомените не ми го даваат тоа. Болката.. Замини. Не, остани. Незнам.. Што ли е правилно? А дали те изгубив? Немав ни што да изгубам, кога никогаш не те ни имав. Можеби треба да ми биде полесно знаејќи го ова.. Ама, ако. Биди среќен. Само сети се.. Наредната есен, месец ноември. На една прва средба, во училиштето и едно изгубено лице. Ќе ти измами ли насмевка или ќе ти предизвика тага? Или ништо.. Ќе останеш рамнодушен. Сеедно.. и онака нема да те видам, нема да знам каде си и со кого. Ама оваа есен, ја чувам во срцево.. И следната, кога првите лисја ќе паднат, јас ќе се сетам. Ќе се сетам на солзите и една изгубена љубов.. А сега немиру, остави ме да спијам.. А утре ќе творам. Со скршено срце.


    ***


    Gomenasai.


    She was dreamy. Always loved with her whole heart, truly and deeply. One of her biggest mistakes. She hoped too much and got too little. She used to drift away from reality when gazing into his eyes, so happy knowing the fact that he is right here, beside her.

    He was flirtatious. Without a care in the world. Like a little kid, except the fact he wasn't one anymore. Breaking many hearts and not even knowing it. He was so funny, cute and all that. But he was pompous. Damn pompous . And self confident. Did he really know? She loved him. Couldn't live without him.

    She couldn't get used to it. What a shock. All those butterflies.. Is this love? Real love? Was it him she really wanted? Loved. Cared about. Crying in the endless nights. But, she already knew the answer. He was.

    He was standing there with a fucking smile on his face. 'I'm leaving' he said. No turning back. No denials. That was it. And he's never coming back. And what about her? Damn it. He didn't care about her. What am i really talking about? He never did.

    She couldn't believe what he was saying. I mean, he was with her. And now he's gone. She won't see him again. 'Are you okay?' her bestie said. 'And, how could i possibly be? Is this real? Why is this happening, how..?' millions questions pass through her head. A moment of silence. 'Do you really love him, are you sure this isn't one of those flings that pass quickly?' 'Oh, my god. I'm sure. Yes. I do, i do. I love him. So much. And i completely have no idea what i should do about it.' she sadly shrugs, almost bursting into tears. 'Forget him. That's the only way.' But how? She didn't know how.

    He leaved. With that, he leaved all the broken pieces behind. All the memories. All the love she felt. But, after all he was proud. With a smile, always written on his face. Undeniable. That was just a harmless flirt. Wasn't it? But, really was it? Not for her.

    She was broken. Once again. Torn into pieces. And he was the only person that could fix them. She was so alone. In the past. Remembering all the things they used to talk about, recalling all those beautiful moments she had with him. She just knew, she's without him now. Without them. She lies on the floor. Shivering. Crying. Kept herself asking. 'Why, when, how..?' He was the only thing that made her complete. Now he's gone. And now she's gone. Not returning. With a one-way ticket.





    ~ Dedicated. Gomenasai . Love you so. </3
     
    На SexyLady и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Како ти го заборавив лицето

    Вечер како и секоја друга. Седам на биро со дигнати нозе, го шмукам животот од една цигара и кликам. Оп, твојата песна ја постирал некој. Помислувам на тебе, и не ми е убаво. Лажам. Убаво ми е на мазохистички начин, се себеизмачувам и си ги враќам убавите спомени. Ти до мене, во мене, во секоја моја клетка, под кожа, под нокти, меѓу прсти и сред темето на мојата глава. Твоето присуство секаде, ненајавено, а сепак очекувано. Би се разочарала да е поинаку.

    Капиларите во моите очи навестуваат дека е време за спиење. Време за да те видам пак, како и секоја ноќ кога ќе заспијам. Откако те нема, мојата потсвест секоја вечер те проектира во моите сништа. Таму си, до мене, во мене, во секоја моја клетка, под кожа, под нокти, меѓу прсти и сред темето на мојата глава. Сум ти ги запаметила и најмалите гестикулации и успешно сум ги пренела на единственото место кадешто пак те гледам, одново и одново. Секоја вечер различна приказна, сценарија кои очајно сакам да се базираат врз вистинска приказна. Врз нашата приказна. Ако не тоа, ќе се задоволам и со луциден сон.

    Креативноста полека ми се троши. Спомените врз кои ги градев нашите средби ги снемува, треба да ги повторувам. И твоето отсуство се повеќе го чувствувам. Ти го слушам гласот, но лицето ти се троши. Како изветвена кошула, истрошен надгробен камен. Деталите од твојата насмевка полека бледнеат, го заборавив и начинот на кој се смееш. И бојата на очите ми е во магла, и брадата и ставот на твоето тело. Ах, тоа твое прекрасно тело. Гласот уште не ти го заборавив, одѕвонува од најдлабоката рем фаза и ме потсетува дека некогаш сме постоеле ние. Заборавам и како ми беше кога ќе ме допреше, сосем случајно но со најголема намера. Заборавам и како дишеш нежно зад мене дур си ме обвил во спиење. Бледнееш.

    Предвидувам-нема уште долго да те сонувам. Нема да бидеш тоа ти, ќе биде бледа копија, грда сенка останата од Мажот што беше покрај мене. По некое време целосно ќе исчезнеш, нема да ме измачуваш а ќе патам уште повеќе. Ќе ме разјаде знаењето дека ќе те заборавам. И ќе те.
     
    На L-enna, mysterious, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    91.211
    Пол:
    Женски
    Се движам со тешки чекори. Во ноќната тишина се слуша само звукот и ударот од моите чевли. Чекорам со огромна самодоверба, со телото се движам ко да фрлертувам со ноќта и тишината. Влегувам во мојата улица и почнувам да станувам се помала. Ја отворам вратат и никој не ме чека. Зарем навистина нема да се појави да ме праша зошто се враќам толку рано? Застанувам на вратата од нејзината соба и забележувам дека спие. Некогаш ме чекаше со голема загриженост, а сега мирно спие. Очекувам барем да стане и да почна да вика по мене, да почне со нејзините напади, но го нема ни тоа. Одам кон мојата соба и ме пречекува одразот од огледалото. Кога на прв поглед ќе се погледнам, гледам убава, млада девојка, полна со самодоверба, очите и светат, но тоа е само едната страна од огледалото. Кога подобро ќе погледнам тоа еуништета девојка, без сјај во очите, секој проблем оставил лузна на лицето. Се соблекувам и легнувам, утре нов ден, подобро ќе е. Ги затворам очите и ми се врти филм од сите случки, скокнувам ко некој да ме прободел со копје. Солзите сами течат, го мразам овој дом, ме уништува. Ќе излезам, широчината на светот ме прави појака. Ако ништо друго барем се чувствувам посамоуверено, а домот ме руши. Зарем може да се чувствувам голема секаде, освен во ова мало катче, во мојот дом?
     
    На Theodora, SexyLady и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Part 4

    Дали ви се чини дека одамна ја немаме спомнато Малата Девојка?
    Одамна никој нема говорено за неа, за нејзините чувства, мисли... И дали мислите дека така е подобро?Јас ввелам не! Не го велам тоа како радио репортерка – некој би рекла дека со Малата Девојка правам профит – НЕ! Тоа го велам како човечко суштество!

    Дали вие некогаш сте се почувствувале дека едноставно имате потреба на некого да му помогнете!? Да? Епа ете ви го одговорот... сега, токму во моментов јас така се чувствувам. Имам желба и потреба да помогнам на некого, зашто чувствувам дека на некого му е потребна помош – а тоа сигурно е Малата Девојка.

    За оние кои мислат дека таа не не слуша – се лажете. Таа ги слуша сите мои зборови и мисли, сите ваши зборови и мисли. Чудно суштество е таа. На некој начин магично, а на некој – морничаво.
    Нема е, а се’ слуша...

    „Ма прекини со филозофиите, наврати се на ситуацијата: „ Малата Девојка сега се враќа дома. Чекори бавно и тешко, како да носи некој тежок товар на себе. Главата и е спуштена надолу... Не! Чекајте... ја крева главата високо... О боже, дали тоа е насмевка на нејзиното лице?“ – тоа го кажа последно, нели? Епа ајде, што се случи потоа? – се интересира некој од страна.

    Да, да...
    Чинам дека тоа и навистина беше насмевка, но дали таа тоа го мисли. Сепак тука не се важни моите или твоите мислења, или пак мислењата на кој било што ме чита и слуша во моментов. Ќе кажам – важни се нејзините мисења и чувства!
    Малата Девојка или се труди да не се насмевнува, или навистина е толку тешко повредена за да неможе да се разведри.
    И дали некој некогаш помислил или се запрашал: која по ѓаволите е причината поради која т.н. Мала Девојка толку пати?Се обложувам дека сте се запрашале читајќи ме и слушајќи ме.
    Велам слушајќи ме. Нели додека ме читате си оформувате во себе еден глас на т.н. радио репортерка? Ги оформувате и сите ликови (досега Малата Девојка и страните учесници) од да го кажам – текстов? И да ви кажам многу ме интересира како ги замислувате!

    Да се навратам на случката. Малата Девојка, како што кажав, а и очигледно како што помисливте и очекувавте – навистина се насмевна. Да!
    Дали работите пополека се средуваа? – Навидум да. Се чинеше дека се оди кон подобро.

    И, сакам да знам, дали и Малата Девојка така мисли?
    Но, жалам. Никој тоа не може да го знае... Малата Девојка е нема, таа живее и преживува во бучен свет, страшен, опасен, преплашувачки СВЕТ.

    …to be continued…
     
    На x.Daisy.x и blueeparadise им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Она што ми треба
    е влепување жешка шлаканица
    како таксена марка,
    за да ме потсети дека
    јас сум
    и патување
    - и дестинација.

    Ваква сум
    зашто можеби немам занимација.

    И песнава е родена од зезанција.
    Умирам за зрнца уживанција.

    Би сплескала токму сега
    една пита со вишни,
    би се оптегнала како голем чадор
    онаму каде војна беснее
    да ме потсети
    колку всушност - среќна сум
    а си правам алузии на мрднато суштество...
    |(
     
    На PrinceOfPersia, Magnolija, skyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Наша проза (на членовите на фемина)

    Задлабочена во мислите за моето минато, кои ми ја гореа снагата и ми ги печеа очите, одеднаш гласот во мене прозборе пак: “Глупачо!“ - ми рече.. “Престани веќе да се самосожалуваш, соочи се со светот како една силна, цврста жена! Доволно ти беа измачувања!“
    Кога ќе размислам подобро,гласот е во право. Па зарем јас, со своите 24 години, треба да се изолирам од надворешниот свет? Па целиот живот е пред мене! Тој си замина, ме остави овде сама да се борам со болеста на мајка ми, не можеше да сфати дека јас неа не можам да ја оставам. Никако! Тој не заслужува олку да размислувам за него. Не можеше да разбере каква жртва бара од мене. Ме уцени да бирам, па каков човек е тој?

    -Ивана! - викна Симона.
    Се стресив. Го кренав погледот, се свестив каде се наоѓам. Ја погледнав Симона, која насмеано гледаше во мене. Не можев а да не помислам: Боже, колку е убава! Со својата долга костенлива коса, сивкасто сини очи, бледиот нежен тен, малото шпртесто носе, полните усни...изгледаше како божица. Седеше на мекиот канцелариски стол, пред своето темно кафеаво биро со кремасти шари и големиот црно-сив компјутер, а среќата и се читаше од очите. Толку весела, толку полна со живот...и завидував. Ја сакав многу, таа беше покрај мене кога ми беше најтешко и благодарна сум и за тоа, но сепак понекогаш, ме гризеше тој црв на љубомората. Далеку од тоа дека сакав да биде несреќна, напротив, мило ми беше за неа, но ме измачуваа некои прашања- „Зошто не сум и јас како неа? Зошто сум казнета да тагувам? Што сум сторила за да биде вака?“

    -Пак одлета некаде - се насмеа. -Ајде, престани да се задлабочуваш толку во минатото. Знам по изразот на твоето лице за што размисуваш. Неможам да те гледам таква, а зарем сакаш и шефот да те види, па да останеш и без работа? - ми рече со нежен, но строг тон на гласот, внимавајќи да не ја сфатам погрешно.

    -Ех, Симона...Готово, се освестив. Туку, сакаше нешто да речеш? Се присилив да се насмеам.
    -„Мислев, сакаш ли после работа да прошетаме малку низ град? Роберт ми се јави, земал плата па сакал да не почести. Рече и Филип ќе бидел со него.“ Предизвикувачки ме погледна.
    Знаев дека му се допаѓам на Филип уште одамна. Фин дечко. Секојдневно ми праќа поздрави по неа, понекогаш и по некое цвеќе со картичка со посвета. Но, како да се натерам да ми се допадне некој друг? ТОЈ сеуште ми беше во мислите...
    -Жалам, но не ќе можам да дојдам. Треба да бидам до мајка ми, да и дадам лекарства.
    -Глупости! Па не е мајка ти дете, може сама да земе лекарства. Впрочем, сигурна сум дека ќе биде среќна што ќе излезеш малку, па да ја оставиш и нејзе малку сама, и здодеа веќе на жената од тебе- рече со насмевка. Знаеше дека тоа беше само изговор и беше решена овојпат да ме убеди.

    - Но навистина не...- „Ако ти се пружи прилика за нов почеток, прегрни ја. И јас така ќе сторам, да знаеш“ ми одѕвонија во главата неговите зборови. Помислив на Филип; Висок, убаво граден...Црна мека коса, крупни црни очи и темен тен, неговата шарматна насмевка и белите заби - имаше се што може да посака една девојка. Си помислив: „Па зошто да не? Ќе му дадам шанса, него, а и на себеси“

    - Всушност, кога ќе размислам подобро, во право си. И треба одмор на мајка ми од мене - се насмеав. - Каде сакате да одиме?