1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ~ (Р)Еволуција ~

    Еден куп од мисли
    наталожени нервози
    и две шолји кафе
    со арома на надеж.

    Брдо прашања
    со оскудни одговори
    се бориме за превласт
    во ринг од четири ѕида.

    Истото го мислиме,
    но кој ќе биде прв?
    Мојата суета и твоето его
    природен процес на ловец и плен.

    Совршен финиш,
    два збора.
    Провокација, па доминација
    моја лична сатисфакција.
     
    На rainlover, skyAngel и irenna им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Од оние без наслов

    Сега
    и во сон те немам.
    Подобро е, се тешам.
    Од сегашноста те земам
    можеби грешам.

    Сонот кога е реалност
    прашувам
    што ли живеам
    Вистина или фикција
    храброст
    да се биде кукавица.

    Рамно море
    не создава бури.
    Животот си поминува
    додека јас
    се трудам
    да ја задржам љубовта
    макар со поезија.
     
    На PrinceOfPersia, Miss-Sinner, Bright и 2 други им се допаѓа ова.
  3. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Последно од мене:
    Од кога знам за мене ја растам косата. Ја пуштам и чекам: со недели, месеци, години. И кога ќе ми израсне некаде до половината и се восхитувам, ја чешлам и ја мазнам. Се гледам пред огледало и се радувам, но како минат деновите тоа мало задоволство се претвора во внатрешен немир, сè додека не почне вистински да ми пречи, да ме нервира и да ме гуши толку многу што не можам да издржам, па ги земам ножиците и ја делнувам скроз. Гривата за момент се претвора во пуцвал.

    Завршувам и почнувам да треперам. Страв ми е да се појавам пред огледалото и да се видам без коса. Полека се приближувам, застанувам и почнувам тивко да плачам. Се обвинувам, се мразам ваква никаква, се обидувам да го замислам трудот од идните неколку години за да дојдам до тоа што го имав пред неколку минути. Се прашувам што не е во ред со мене... http://www.kuckamen.com/2011/01/26/%D0% ... %82%D0%B5/
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Растење

    Како мачка
    на прозорец
    ловам погледи
    а бегаат
    како глувци.
    Игра
    што не престанува
    да ми создава
    магија.

    Живеам, зошто е моќ.
    А некогаш
    ќе се сретнеме
    среде ноќ.

    И јас, нема да те препознаам.
    Зошто знам
    Со другиот, ќе летнеме.

    Како месечина
    закачена на антените на зградата
    ловам несоници
    а бегаат како будни љубовници
    Игра
    што не престанува
    да биде љубовна.

    Љубам, зошто можам
    А некогаш
    ќе се поздравиме
    голи до кожа.

    И јас, нема да те почувствувам
    зошто знам
    од минатото, веќе оздравивме.
     
    На Bright, kate21, irenna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Летам

    Сонувам да летам
    И да одлетам во неповрат
    Во далечна земја на блиска планета
    Да летам на кревет
    А во него ти
    И заедно ќе се гушкаме
    И мазиме
    Како мачки што се бањаат
    И мајмуни што се чистат

    Во еден момент ќе те бутнам од креветот
    Не затоа што не те сакам
    Или пак затоа што мислам дека не ме сакаш
    едноставно затоа што мене ми треба простор
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Прво морам да напоменам дека инспирацијава и мотивот за оваа песна ја црпев од песната на Секси ' Досада ' или ' Песна на апсурдот '. Таа е една од тие песни кои ми го доловуваат мојот вкус. Истото важи и за песните на Шелеа. :) Ии Секси се надевам дека не се лутиш, употребив по некој збор од твојата песна. Извини навистина, но што знам, едноставно ме инспирираше и помалку или повеќе, малку ја сменив содржината. :$ :*


    Песна без наслов.

    Досадно ми е и немам инспирација,
    пишувам колку да напишам нешто,
    иако оваа песна е производ на чист
    цинизам и иронија, ама што ако
    животот и онака е една голема заебанција..

    Нели викаме прекраток е животот,
    а упорно ја броиме секоја минута.
    Побрзо нека помине.

    Драги мои, болката сами ја создавате.
    А потоа.. ја преливате со чашка вино.
    Нели.. колку за утеха.

    Прашања без одговор - ' стилски ' речено -
    ' реторски прашања.. '

    А од каде сега реторско прашање
    во една глупава и лесна песна,
    што потсетува на бесцелните
    часови по македонски, онаму,
    каде што бркавме муви со капата..

    А знаете? Денес пробав алкохол,
    а утре ќе биде дрога.

    Така оди тоа.
     
    На Springy и SexyLady им се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Седам а не седам ..
    плачам а не плачам
    мислам но не мислам
    ... всушност душата ми плаче
    се прашувам
    дали е ова живот? Дали ова е цената што треба да се плати за него?
    прескап е ... Не сум го барала да ми го дадат.
    Глупав живот ... Глупав !!!
    Никој не рекол дека треба се да е мед и млеко ама па и секој ден да е црн
    Јас немам сила
    Сфаќате ли? немам !!!!!

    Се прашувам колкава е сестринската љубов ?
    И онаа кон родителите?
    Толкава што се што ги боли нив тебе те боли три пати повеќе...
    Се чудиш ...
    Не можеш никако повеќе да помогнеш...
    Ау ... Боли уште повеќе ...

    Паѓам ... паѓам во бунар..
    А види-Никој не ми помага да се спасам ...
    Сите фрлаат камења побрзо да пропаднам ...
    И колку и да се противам успеваат ...
    Паѓам... паѓам во бунар...

    Се прашувам што уште животов ке донесе...
    Какви ветришта и неубави периоди кои треба да ги издржи едно човечко срце?

    Дали е фер ???? Не е. Ама тоа е.
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    НЕБО
    Нека биде ден посакав.И би.
    Но,пајазината на мракот сјајот му го одзеде.
    Сладок балзам зборови.
    Верувај,ми рекоа.Небо ти даривме.
    Поверував.
    Утро,а...Мрак врз натезнати капаци.
    Рашири ги крилјата и пиј го нектарот на хоризонтот син.
    Но,внимавај.
    Не се доблизувај премногу до Сонцето.
    Восокот ќе го стопат зраците негови.
    Леплив и лазен сладок балзам зборови.
    А Сонцето ме лазеше вешто.И - пад!
    Не,не отварај очи!
    Но,тогаш?
    НЕМОЈ!
    Побуна длабоко во битието.
    Горчлив пелин-зборови неказани!
    Подигање капаци болно залепени.
    Синевината на утрото пустош гола ја смени!
    Спуштање на капаците.И повторно и повторно...
    Но,небото Ваше го немаше повеќе.
    Воздишка се откина.
    Во и вон мене пустош понесов за навек.
    А сакав смеа-гласна.
    Добив тишина-гласна!
    Толку силна што битието мое
    се разнесе во неа...
    И небо мое настана.И Сонцето го видов.
    Далеку беше.Предалеку.
    Ехо на нем крик ме потресе.
    Усни суви,толку неказано.
    Дозивеано,непочувствувано.
    А одминува.Бледее.Се губи.
    Остава болка.Тапа.Моќна.Неуништива.
    Нема четирилисни детелинки.
    Одлета пеперугата од дланката.
    Но,зива сум!
    И сум-креација непредодредена на пропаст кобна.
    Имам трошка среќа себично и трајно во и за себе.
    Чувствувам будење на праисконски,несопирливи бујни потоци
    густа,алова,моќна,зивотворна крв
    доаѓа и удира во налети бесни во зили набрекнати
    и најголема нирвана до небо ме дига!
    Јас постојам!И ќе опстојам.
    Зивотот-тоа многу е.И тоа вреден го чини.
    Но,зивотот ме има мене.Поретко јас него.
    Потта и солзите,
    денот и ноќта,
    светлината и мракот,
    јавето и светот на сни,
    во сојуз влегуваат и времето го победуваат.
    Небото се отвара
    и зраци ме опсипуваат
    и молњи ме осветлуваат
    и ѕвезди ме обиколуваат
    и целата сум прав
    и прозрачна ко капка доздовна
    и бестезински лебдам во сон недосонуван.
    Зивото зилав станува!
    Да опстојам!Да постојам!
    Чекорам по ровка,влазна,црна земја.
    Земја-почеток и крај.
    Чекорам...
    Уште една силуета заробена
    во рамките на сопственото
    НЕБО.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Flashback

    Темен момент
    осветлен со кандела црвена светлина
    фатен на дело
    како крадец
    што тивко се мушнува
    низ предната врата
    со мрежа за комарци
    тропајќи несмасно
    сопнувајќи се.
    Закачен на жица
    е тој момент
    дел од секунда
    се создава дур да трепнеш
    а се развива подолго.
    Закачен е велам
    со црна штипка
    како гаќите на жена
    што после првата брачна ноќ
    се зголемуваат се повеќе.
    Треба време
    да се развие
    темнината да избледи
    лица да се појават
    како сеќавање низ магла
    прво очите
    на крај позадината.
    Тука е сликата
    сеќавање на хартија,
    може да се уништи
    по можност да се запали
    или искине,
    не е вредна
    како сеќавањето
    останато во мозокот
    неизбришливо,
    неуништливо.

    Но вреди нели,
    да служи како алатка
    за потсетување
    за кога срцето ќе заборави
    окото да се потсети.
     
    На x.Daisy.x, marama, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Монолошки дијалог

    Зборуваме долго
    зборуваме бавно
    Разменуваме мислења и по некоја шега
    Иронија и сарказам без престан
    Ќе те погледнам во очи
    Понекогаш и ти мене
    Но секогаш зборуваме
    Во мене еден глас тивко, сосем тивко прашува
    Зошто зборуваш?
    Немам одговор.
    Повторно зборувам
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Déjà vu

    Краток момент
    кога срцето ти се забрзува,
    здивот се губи,
    кога брзо трепнуваш
    изненадено,
    кнедла во грлото
    ти застанува,
    некое (пред)чувство
    чувствуваш
    со име од Франција
    веќе виденото
    Déjà vu.
    Се’ се става на repeat
    џоа стара лента
    со црно-бела матрица,
    мали прекини
    и шуштења во ушите,
    дали тоа некој
    си игра со сеќавањата?
    Исто место
    исто време,
    исти личности
    иста случка,
    иста реакција
    твоја.
    Се загледуваш во точка
    те прашуваат што ти е
    велиш:
    „Само што доживеав воскреснување
    на блиското, далечно минато.“
     
    На PrinceOfPersia, x.Daisy.x и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    „Човекот знаеше„
    Човекот знаеше за многуте свои недостатоци,меѓу кои се вбројуваа оние остатоци од минатото,кои како невидливи мали шлаканици се втиснуваа во неговата свест и тоа во одделот наречен „искуство„(име со кое се означени неговите грешки,за да би зазел одбранбен став кон нивната репликација)и кои го правеа налудничаво сентиментален,до таа мера што во екстремните случаи на евоцирањето спомени таа сентименталност се граничеше со глупоста.Знаеше и за сите тековни превиди,а се трудеше со силата на својот интелект да ја утврди рефлексијата или одразот во иднината.
    Знаеше за онаа продорна моќ на тие слабости,недостатоци да се вовлекуваат во сите сфери на просечната егзистенција.Еден од тие недостатоци беше избегнувањето или прикривањето на вистината,за што знаеше дека толку вешто се спроведува во светот по фактот што светот беше бесконечно хаотично инфицирана маса,која секојдневно вовлекувајќи нови вирусни сегменти од различни изопачени и изобличени невистини,стануваше се‘помоќна да се одрзи и опстои.Тој не знаеше каде лези коренот на таа потреба во својот краткорочен зивотен век да учествува во креирањето и опстанокот на тој лазен свет.
    Знаеше и дека предрасудите се дел од зивотот и често во одредена заедница добиваат статус на начин на зивот.Знаеше дека не мозе да се елиминираат сите предрасуди кај една индивидуа,а со тоа нема никаква веројатност за таков обид кај заедницата,но борбата треба да се насочи кон нивно редуцирање.Знаеше и за својата стопеност во заедницата(„мотивот на стадо„)и за неговиот стремез за актуелизација во нејзини рамки.
    Меѓутоа знаеше и дека сите недостатоци се моќни пред зивотот.Но,не и пред смртта.Таа - смртта ја црпеше својата моќ од немоќта на човечките слабости,во вид на предрасуди,лаги,интриги,па и на човечките доблести олицетворени во добрина,достоинство,гордост,пред неа се‘ паѓаше,за да од таа хетерогена пепел се издигне пак таа-како единствена и апсолутна вистина,пред и по која нема маски,нема лицемерност,се‘ е извесно,определено и трајно.Единствено смртта не се обојуваше со „розови нијанси„толку својствени за зивотот,а именувани како одбранбени механизми.Знаеше дека целта на секојдневното бавно умирање во вакуумите на зивотот е само подготовка за големиот крај,а со тоа знаеше се‘ за себе,а пак беше немоќен.
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од стилот на Шелеа. :$ :$ :$

    Сонувајќи со отворени очи

    Многу сонувам
    да сме голи заедно
    со телата припиени
    како сардини во конзерва.
    Со ќебе прекриени
    да се топлиме
    и топиме
    како снег на пролет,
    да бидам како земјата
    за да те впивам жедно
    како (ра)стопениот снег.
    Ти да бидеш дигнатото кокиче
    јас немирната девојка
    којашто првпат го промирисува
    новиот цвет.
    Да се раѓаат топли бакнежи,
    страсно во ноќта,
    во длабоката темнина
    да сјајнеме заедно
    како едно тело
    осветлени од месечината.
    Чудно нешто си ти
    сладок, а сепак зачинет;
    мил, а сепак див,
    со вкус на путер од кикиритки
    со мирис на лаванда,
    со здив на змеј,
    со поглед на лав.

    Но утрото штом ќе самне
    писмо до себе да најдам,
    не проштално,
    туку порака
    дека ме сакаш
    и дека појадокот
    ме чека во кујната. :inlove:
     
    На PrinceOfPersia, Shelea, tigerlady и 2 други им се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Проклета прва љубов

    Велат лошо е да се навраќаш на минатото
    А сепак секогаш кога поминувам низ старото маало
    го гледам местото каде речиси ќе се бакневме
    Со насмевка ја читам честитката за среќна нова 1999
    Се радувам кога ќе го почуствувам твојот мирис во автобус
    И потајно го шпиунирам секој со подолга косичка и кожна јакна
    Ужасно е да се навраќаш на минатото
    Но тоа е тоа што прави
    да ми затрепери срцето
    секој пат кога поминувам под твојот прозорец
    и ме тера да погледнам нагоре.
     
    На PrinceOfPersia, Aurelia-Aurita, skyAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ЕКСПЛОАТАТОР

    Љубов!
    Се издигнува како зло најсебично
    дадено од Бога или ѓаволот-сеедно.
    Израснува како најголемо себепредавство
    и тоа моќна ја чини.
    Се нахрани ли од слабоста моја
    експлоататору на мојата љубов,
    од раните залечени или обновени-сеедно???!!!
    Но,не,не е сеедно
    кога пламнува нечија надмоќ
    над пепелот на нечија немоќ!
    Но,не робувам на тезата дека вечен патник сум
    кој низ лавиринтите љубовни
    ги пронаоѓа вешто-ќор-сокаците!
    Згрешив!Но,човек сум.
    Кога перцепциите на чувствата би биле
    еквивалентни на оние на објектите...
    Но,тогаш...
    Мозеби би се нарушила општата емоционална хомеостаза.
    Мозеби би било сеедно.
    Мозеби би немал таква моќ,
    драг мој експлоататору,
    би бил
    бескрајно мал
    осамен
    човек.
     
  16. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Заборавот на саканата личност е тежок, а љубовта е секогаш некоја тажна приказна

    Звукот на капките дожд кои паѓаат на земјата одѕвонуваше во тишината. Ноќта беше одамна ја послала црната завеса. Во собата владееше мир и тишина. Темнината ја нарушуваше огнот кој беше распламтен , искри летаа на сите страни. Јас седев на старата дрвена столица во аголот од собата и немо гледав во него. Бев понесена од едни мали , но силни нешта наречени чуства. Телово ми трепереше, бев целосно предадена на емоциите. Една жешка бисерна капка ми се тркалаше по лицето, која зад себе беше оставила горка трага, трага која пече и боли , која во себе крие неизмерна тага. Тага и болка кон една личност. Тоа беше една посебна личност, личноста која секогаш успеваше да ме насмее, во секое време знаеше што мислам , личноста која најубаво од сите ја имаше запознаено мојата душа. Таа личност имаше име , се викаше прва љубов. Човекот кој ми го освои срцето. Се сеќавам како вчера да беше, на моментите поминати со него , никогаш нема да ги заборавам. Периодот кога вистински се заљубив, најубавиот период во мојот живот.Нема ништо поубаво од тоа да вистински да се заљубиш. Во срцето врежани ми се тие моменти и никогаш нема да се избришат. Се сеќавам на неговиот мирис, неговата нежност... Неговиот бакнеж беше најубавото нешто што сум го почуствувала.Во тие моменти како да запираше времето, срцето ми чукаше се побрзо и побрзо , небаре ќе ми излета од градите. Имав чуства дека ќе полетам...И да умрев во тој момент , за мене ќе беше доволно , животот ми го подари тој прекрасен момент и ако би избирала помеѓу краток живот , со тој момент , или пак дол живот , без двоумење би го избрала првото , за такви моменти вреди да се умре. Тие времиња беа прекрасен период од мојот живот. Но како што велат се што е убаво кратко трае...така и овие убави моменти не траеја вечно. Вечна е љубовта спрема него... Еден ден почуствував голема тага , ја почуствував суровата игра на животот...Моето срце беше скршено..Во едното делче секогаш ќе го носам него , иако тој ме повреди. Моето срце нема никогаш да сака некого како што го сакало него...Тој засекогаш ќе остане во мојот живот...Тој не ги заслужува солзите кои сум ги пролеала за него , не заслужува ништо, нема ништо потажно од девојка со скршено срце , на која и течат солзи секој пат ког ќе се сети на првата љубов...Но од овој ден , веќе никогаш нема да ми течат солзи за него, никогаш повеќе...Ќе бидат запаметени само убавите магични моменти поминати со него , секоја минута во неговото друштво...Би сакала да го заборавам но душава не ми дава.Заборавот на саканата личност е тежок , а љубовта е секогаш некоја тажна приказна...Затоа ќе продолжам да живеам заедно со спомените за тие времиња , кои никогаш нема да се избришат...За нив вреди да се живее...
     
  17. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    еве уште една приказничка
    Спомен
    Тивка и долга е оваа ноќ во темнината помината без тебе. Минутите ми се чинат како часови , а часовите како години..Пуст и тажен е животот без тебе. Зошто отиде? – Овие два мали , но сурови зборчиња ми се вртат во главата , постојано си ги повторувам. Зарем мојата љубов не ти беше доволна, мојата прегратка не ти беше топла , мојот бакнеж не беше сладок....Живеам со помислата дека засекогаш те изгубив , срцево ме стега, телово ми трепери кога ќе ги изговорам тие зборови... Ти беше , си и засекогаш ќе останеш мојата најголема љубов..Во животот вистински се сака само еднаш , јас тие прекрасни чуства ги доживеав сакајќи те тебе...Никогаш во животот нема да сакам некого како што те сакам тебе. Тоа е една искрена љубов, невина како дете , чиста како бисерна капка која едноставно восхитува со својата кристалност...Таква е мојата љубов кон тебе...големата и искрена љубов, која ти не знаеше да ја цениш...И кога пак ќе се сретнеме немој да го вртиш погледот , да ги криеш тие сини очи , тие сини очи како две езера во кои можам да го видам одразот на сопственото срце , немој да се плашиш дека во тие две езера ќе го видиш моето срце скршено , можеби ќе биде исполнето со незадоволство и тага , ама скршено никогаш, затоа што моето срце никогаш нема да престане да сака...Дел од срцето е само за тебе , во тој дел се врежани сеќавањата за убавите моменти поминати заедно , моменти на вистинска и искрена љубов , моменти кои никогаш нема да бидат заборавени.... Само гордо исправи ја главата, и изговори ми едно тивко „Здраво“ , а потоа замини од мојот живот , замини засекогаш и не создавај ми повеќе болка, кога не умееше да ја возвратиш мојата љубов кон тебе...Никогаш нема да те заборавам...Кога ќе поминат годините и пак ќе го читам ова , на тебе ќе се сеќавам како на бледа дамка која останала зад мене во минатото , но е доволно силна за да не се избрише . Ќе се сеќавам како на убав спомен , спомен од мојата младост, лудите години поминати со тебе......
     
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Причина

    Насмевни се
    внимавај не језиво
    како морничавите кловнови,
    ниту цинично
    како мамли во цртаните,
    ниту вештачки
    како пластичните принцези.
    Насмевни се природно
    сета среќа е твоја,
    гушни го светот
    како едно плишано мече.
    Скокоткај ги под пазувите
    оние кои се прашуваат
    која е причината
    за твојата насмевка.
    Скокоткај ги
    да се насмевнат и тие,
    па нели е прекрасна насмевката
    за која си ти причината?
     
    На Aurelia-Aurita, x.Daisy.x, FridaKahlo и 2 други им се допаѓа ова.
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    :clap: Секси, се што ни треба е една насмевка. Конечно една убава и позитивна песна, да ме развесели. А овие стихови ти се најубави. Како што забележувам поезијата ти е исто толку добра страна како и прозата. Продолжи така. :clap:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Предавство

    Драги јас те чекам.
    Дојди да се мушнеме во темнината.
    Таа ќе не скрие од љубопитни очи.

    Ќе ти шепнам една тајна.
    .. Дојди поблиску.
    Се заљубив. Не ти пречи?

    Запре да ме бакнуваш.
    Тргна да си одиш. Каде?
    Тишината е ѓаволска.
    А јас почнав да ја преливам
    вистината со чаша вино..
    Па со уште една.

    А пак таа неуморно
    ме чекаше на крајот од рабовите.
    Ми влезе и во сонот. Не ме остави да спијам.

    3 часот е а јас сум сеуште на граница.

    Драги можеш да си одиш, но нема да ти кажам
    ' Збогум. '

    Зашто знам.. пак ќе те видам.
    Во следната чаша.. на рабовите.
    А јас пијано ќе те погледнам.. Шшт.
    Не кажувај ни збор.

    (Сватив. Некои тајни треба да останат недокажани..)


    Знам дека не е нешто посебно.. Онака. :wasntme:
     
    На x.Daisy.x, skyAngel и SexyLady им се допаѓа ова.