Антисемифеминистички Еднаш, не повеќе од еднаш ние жените баравме рамноправност и со сексот како оружје и со итрината како штит ги убедивме мажите дека не се може без нас Си го добивме тоа што си го баравме, еве денес слободно си гласаме Очигледно ни доаѓа многу со оглед на тоа колку од нас денес се робинки на мажите Можеби не сме врзани со ланец и не носиме појас на невиност Но и тоа како им служиме Ех пуста женска главо, наместо да бидеш алчна за моќ ти бараш љубов А тоа те заробува за навек Можеби ние ги уценуваме мажите со секс, но тие нас не намамуваат со љубов
Сите постови ми се бендисаја ) еве нешто од мене... Песна за тебе Некој кој ми треба покрај мене-не е, некој кој го сакам во сонот ми се крие, некој кој живот ми значи во мисливе мои шета. Тој е ѕвезда моја сјајна која неможам да ја дофатам. Тој е нешто мое по кое мечтаам цело време, тој некој е желба моја најголема која се уште не е остварена. Следниот текст го пишев кога ми се случија некој работи... Онака од срце се произлезе... Ти ми беше се...причина за насмевка на моето лице...а сепак ме остави и замина со друга... во твоите раце се чуствував сигурна..мислев дека можам се да постигнам... Кажи ми оти ме остави сама со својата тага облиена во солзи кога толку цврсто ме држеше за рака несакајќи да ме пуштиш,оти ме бараше доцна на вечер за да разговараме а само молчевме немајќи што да кажиме повеќе...зошто ми зборуваше за нашата иднина и ме прашуваше какви планови имам во врска со тоа...зошто ме погледнуваше така нежно пред да ме бакниш... Со тебе се беше поинаку...имаше посебно место во мојот живот а успеа вака да ме разочараш... се прашувам дали ти помислуваш на мене..дали кога ќе ме видиш ти се враќаат сликите кога бевме заедно..дали се каеш за тоа што ми го направи..дали на песните ти текнува на мене како што јас мислам на тебе... Каде и да одам се уште го осеќам твојот мирис...ја чуствувам твојата рака во мојата...осеќам како ме гушкаш и ме галиш..ги чуствувам твоите усни над моите...но сето тоа не е реалност повеќе... Сега можам само да се навратам на спомените и да продолжам да сонувам...
Среде среда "Само да не тргне на лошо денов" му се молам, не знаејќи дали постои на оној што се нишка во раскантаните такси возила во минијатурите на домашните ќошиња во паричниците на лојалните студенти. Ќе фрлам паричка во грозните фонтани на мојот град надевајќи се дека желбите се исти без разлика на чистината на водата. Мижам, кога сонцето пробува да ме здогледа во очи, како романтичен љубовник. Ах, не, денов не може да тргне лошо, зошто стапалките од вчера не се покриени. Снег, снегувавме се негувавме. Убаво е да продолжиме онаму каде што никогаш не ни застанавме. Ќе биде убав денов штом се задржи во сеќавањето на моите несигурни чекори засилени од верувањето.
Вака: Пред малку ја најдов песнава напишана на едно две-три страно, шугаво тетратче. Ја напипшав кога бев малечка, второ или трето одделение на одмор во Охрид. Слатко се изнасмеав кога ја препрочитав пак. Што поетично мозоче сум имала... Рибарот и пастрмката Има едно езеро Охридско се вика, во него живее пастрмката Кика. Наутро по риба рибарот си оди, со мало чамче тој везден броди. Рибарот среќен пастрмката ја чека, но му се чини како сто века. Реф. Рибаре, рибаре зошто ја чекаш? Залудно го трошиш времето што бега. Рибаре рибаре зошто ја чекаш? Ако не ја фатиш после ќе пекаш. Ручекот дома треба да го носиш, а ако нема тогаш ќе просиш. Жената фина и детето тажно треба да ги храниш многу, многу снажно. Реф. Рибаре, рибаре зошто ја чекаш? Залудно го трошиш времето што бега. Рибаре рибаре зошто ја чекаш? Ако не ја фатиш после ќе пекаш. п.с. помнам имаше и некојси ритам и мелодија во песнава, ама не ми текнува како беше...
Време е... За ново изгрејсонце, за сончев ден, За животна песна, но со различен рефрен, За топли прегратки кои вечно ќе траат, За искрени насмевки кои од срце сјаат. За простено минато, а иднина светла, За лечење на душата, ранета и кревка, За цврсти чекори, без вртење назад, За подавање рака на оние кои се мразат. Но пред се’ е време за љубовта да воскресне, И нејзиниот стар сјај, повторно да блесне, За бакнеж кој не’ возбудува ко дете, И ги руши бариерите кон нашиот пат цветен.
За крај Мрак... Само ужасен мрак се всели во срцето. Го зароби секое парче светлина, секој зрак на топлина и љубов. Ја зароби надежта, ја уништи насмевката.. Капнаа од окото солзи две. Ах, колку печеа.. Никој не знае! Тага на лицето, тага и во погледот матен. Чувства капеа од очите, а спомените? Спомените сега никаде ги немаше! Тагуваше.. Тагуваше срцето. А зошто? Никој не знае! Само тоа знае колку боли кога надежта ќе ја снема, немата тишина гласот ќе го проголта, и солзите ќе ја однесат храброста. Колку боли кога ги држи чувствата заклучени. Да останат таму-недоречени! И заедно со среќата да ги испрати во неповрат, за да се соочи, што љубовта ја изгуби.
Плачот на розата. Во мракот додека ситее спијаа розата венеше, додека сите сонуваа таа плачеше.Нејзините солзи пагаа се губеа негде во пустата темнина во молкот.Останаа само трњата од кои се лееше врела крв.Нејзината болка само таа ја чуствуваше.Ветерот тихо ја собираше нејзината тага. Нејзиното стебло се тресеше од студ,или тоа беше силната болка што ја растресе, ја растрепери,што ја водеше до смрт. Болката што и ги зеде солзите и и ги остави трњата кои ги пребоде очите на љубовта и ја заслепи.И ги затвори очите засекогаш. Но раната од трљата никогаш не зараснаа.Секогаш кога ке ја чепнеш течи и се лее крв а од очите течаат солзи.
Истегнати ракави Слушаме Квин и се прашуваме кој сака да живее вечно? Само будалите и романтичарите за да тагуваат во своите ќошиња. Ах, јас, толку немирен сон имам во него си ти тоа требаше да се претпостави. И кога, ќе се разбудиме ништо од тоа нема да не’ задржи. Не ми треба вечност со тебе и малку минути прошетка се доволни. Да дознаам, каде легна Бескрајноста. Соблечена од мноштво погледи. Слушаме Дорс и се прашуваме Дали сме јавачи на бурата? Можеби да без основната запрега. Стопи го мигот о, заборави го, веднаш потоа! Не гледаме ли... Секој збор, не’ одминува...
Вечно спијат моите родители,наследство ми подарија наутро да се будам,чедата мои со убавиот ЗБОР низ животот да ги водам.
Оди си! Седам будна на средина на ноќта, кога светот е полумртов, се борам со секоја мисла. Душата гребе во мене и силно вреска. Боли.. Силно боли... Минатото мое кое ме демне. Тишината е гласна, ноќта е светла, среќата е тага. Во очи лузна, на плеќи бол, Но не, оди си од тука!! Ти си само душа празна, огорчена сум и секогаш ќе блујам на твоето постоење. Кобен си за човештвото , кобен си за мене. Оди си, ги затварам очите, нема повеќе место за тебе во мене.
Aко не си љубов... Ако не си љубов, тогаш што си? Ако не ти е важно срцево, тогаш што бараш овде? Зарем те интересира мојата несреќа, моите солзи? Или сепак си дојдена по моето срце, но само за да го скршиш... Би рекол дека не знам што да очекувам од тебе, но знам, те знам подобро и од себе. Зад твојата насмевка знам што толку се крие, знам и твојот поглед во која насока бега. Твојот допир од зима посилно ме тресел, а твојот бакнеж од лето побргу ме топел, а самата ти како појава, мистерија вечна, дел од сложувалка кој не можам да го најдам. А го барам, вложувајќи се' што преостана од мене, за на крајот повторно сам да останам, во моментот студен. Но додека трепнеш, види, дождот веќе згаснал, и сонцето се пробива, со силен зрак над тебе. Затоа, ако не си ТИ љубов, тогаш што си? Ако не ти е важно срцево, оди си, среќен ти пат. Добредојдена си доколку си светлина моја, но не планирам ти да бидеш мојот бескраен мрак.
Љубовен контраст (2010 реиздание) Се појави кога никоја во мојот живот не посакував Ме насмеа кога солзи за претходната љубов оплакував Ме освои кога несовладлива твдина пред мене изградив Ме стопли во прегратка кога веќе за другите оладив. Ме залечи со бакнеж кога лузни ме болеа Ме спушташе на земја кога слики од минатото ме гореа Разбуди мечти кои во мене никогаш не постоеја Кои моето сиво секојдневие го боеја. Ме топеше во моменти на студови бесконечни Правеше моментите со тебе да ги посакувам за вечни. Скриени страсти кога спиев ти во мене пробуди А обичните ситници со тебе изгледаа луди. Правеше да заспијам и кога очи не склопував Да бидам мирен и кога во себе војував Да плачам кога гледав солзи твои А твоите среќни моменти да бидат и среќни мои. Но на крајот... Ме замрзна кога во твојата прегратка се стоплував Ме порази кога љубовна победа прославував Ме расплака кога насмевка за тебе извлекував И исчезна кога ти беше се' што очекував.
Самотија Земав само долен веш, излитени фустани, стари чевли, ги спакував во куферот на тагата. Ќе се состанам со самотијата во некој валкан хостел. Ќе пијам вино од чаша со одпечатоци од туѓа приказна. Ќе седам во полумрак и вдишувам миризба од сандовал, џез ќе одекнува во позадина а јас ќе уживам во голотијата на мојата душа. Телото распослано со својот немир. Ми треба валкан секс! Отпечатоци од прсти, остатоци од кожа, влажни усни, бол од задоволство. Те посакувам ! Ама.. Самотијата сојузник, тело – копнеж, љубов без покривка. Ти таму , Јас тука.
Ноќната принцеза Се приближуваше моментот кога требаше да се збогуваат, да стават крај на нивната прекрасно мината вечер. Беше свесен дека можеби нема веќе никогаш да ја сретне, дека можеби неговите очи за последен пат се губат во погледот на таа нејзина, невина насмевка. Но, не му беше важно, зашто живееше за овој момент, и беше решен да го дознае името на таа девојка, за него принцеза во ноќта... Следеше едно одлучно: "Зар на ваква прекрасна девојка да не и' го знам името? Не би си простил таков грев никогаш!"- Следеше едно срамежливо кикотење од нејзина страна, но потоа одеднаш меѓу нив двајца настана тишина... Тишина, која можеше да биде прекината само од интензивните отчукувања на неговото срце, кое како да нервозно се поклопуваше со ритамот кој го наметнуваа штурците кои, како и секоја ноќ, ја пееја својата монотона песна. Му се чинеше како вечност, но вечност во која не би сакал да се најде тој, вечност која правеше да се чувствува напнато, несигурно, па дури и за момент да се запраша дали воопшто требаше да го каже она што последно го кажа, кое само до пред неколку секунди делуваше толку сигурно, самоуверено од негова страна. А таа? Мудро молчеше, а нејзиниот поглед беше фиксиран на напнатиот израз на неговото лице, а со рацете му помагаше на тивкиот ветар кој весело подигруваше со нејзината долга коса. Не беше свесна дека тој во моментот токму за таа коса фантазираше, му ЉУБОМОРЕШЕ на ветрот што толку дрско си зема за дозвола да ја гали нејзината коса, иако не се знаеја, нешто по што тој копнееше... А нормално дека тој колку-толку ја запозна подобро од еден вечерен ветар. Но, секундите минуваа, а тој почна да се чувствува како мачка која полека го губи и својот деветти живот. Мислеше дека е подготвен да врисне, како воин признавајќи го поразот во некоја битка, соблечен од својата гордост. И како да доаѓаше тој крик од некаде длабоко, внатре во него, кога одеднаш гласовите кои во него веќе вриштеа ги замолкна едно нежно зборче: "Александра...". Се збуни, како да имаше заборавено што треба да значи тоа. Но за среќа, таа како да насети и повтори: "Убавата девојка се одзива на името Александра.". Се свести, и за момент поцрвена... Александра? Па чекај, тоа е сосем обично име, име кое го имаат милиони девојки. Очекував нешто далеку посвечено, пограциозно... - ова беа мислите кои се провртеа низ неговата глава. За веќе наредниот момент да сфати дека овојпат тоа име некако звучеше посебно. ДА, беше сигурен! Можеби има и други девојки со исто име, но оваа дефинитивно го имаше најубавото од сите нив! Имаше нешто посебно во оваа Александра, нешто што останатите го немаа, нешто што ги правеше незаслужни да го носат тоа толку обично, а за него толку свето име. Сите овие мисли беа прекинато од нејзиното : "Време е да одам. Знаеш, нели?". Да, знаеше, и тоа како знаеше, и тоа како се јадосуваше поради тој факт. Но, моментот беше тој. Ја фати нејзината рака, притоа заземајќи џентлементски став, се наведна, и ја бакна, нежно како што никогаш не бакнал... "Како треба да го сфатам овој гест?" - запраша таа. " Сфати го како еден најобичен бакнеж за добра ноќ, Александра." - рече тој, особено внимавајќи во изговорот на нејзиното име, кое сакаше да звучи некако понежно. " А јас не треба да го сфатам никако, зашто веќе знам што претставува за мене. За мене овој бакнеж кој ти го упатив, претставуваше резиме на сето минато време со тебе ноќва. Да, можеби е еден мал, нежен бакнеж на твојата бела рака, но токму преку таа нежност сакам да ти покажам колку всушност внимание ти посветувам... Внимание какво што заслужува една принцеза, принцеза по име Александра.". Овие зборови дојдоа како музика за нејзините уши, и се' што успеа да изусти потоа беше:"Ми се допадна твојот гест, ако е така како што велиш. Но, имам една подобра идеја, односно, знам начин како таа нежност да ми ја покажеш на поинаков начин.". Веќе наредниот момент, му скокна во прегратка, а нејзините усни се споија со неговите... Додека ноќта беше таа која се погрижи за се' останато.
Љубам, само сакам да те пофалам дека преубаво пишуваш. А инаку, на некој начин ме потсетуваш со стилот на пишување на нашата поетеса, Шелеа, сигурно имаше можност да ја читнеш на темава.
Фала ти многу!! Да успеав да прочитам и од Трендафилка и од останатите по малку, ова го правам веќе многу години (од 5 одд) ама онака само за себе, прв пат постирам овде. Шилеа е инспиративна максимално!
Не(случајност) Сонував како ми ја бакнуваш тетоважата И се разбудив со ужасни болки во грбот. Појдов до продавница да купам леб и малку магија продавачката зачудено ме загледува. (Си велам, рогови немам?) Во одразот на стаклото кај што виреат компири и смрзнати насмевки загледав. Вчера си ми дал крилја... И јас ти избегав. Во реалноста. Прости ми. Прости.
Чудно е... Чудно е како оние кои биле причина за наша најискрена насмевка преку ноќ станале непресушен извор на нашите солзи. Како личности кои не' правеле горди што ги имаме не' спуштиле до дното, ко бебе кое несигурно ползи. Уште почудно е како сегашноста наша со нив ја закопуваме длабоко во нас како спомен. Како некогаш убавите потсеќања на нив Сега не' измачуваат како товар огромен. А најчудно од се' e како некогашната љубов исчезнала во густ облак од тага. Како некогашната заедничка вистина се покажала како една голема лага. И како после сето ова сме подготвени за почеток нов? И како нашите срца се повторно пленот на нечиј лов? Едноставно е, наоѓаме волја подготвени сме за друга шанса. Го препуштаме животот да не' води кон една нова, поинаква романса.
Затвореник(Љубовник) Затвореник на мастилото и хартијата поетесата никогаш не научи потполно да се предаде и да сака. Пасијата и го крадеше животот дел по дел, а таа уживаше како да е тежок зависник. Се облекуваше само за вистинскиот момент да биде совршен, пишуваше да се задоволи, палеше цигара за инспирација, трошеше време над хартијата, додека рацете и беа измачкани со мастило. Го измами. ..и го измени сопствениот ритам на живеење за да купи хартија и масло. Ги постави темелите на стандардот, за да ги урне кога ќе ја види мртвата просечност на луѓето кои се собрале околу новата градба. Престана да пишува. Умира.. Не го напиша писмото за добра ноќ ..не му кажа на својот љубен дека го љуби повеќе од пасијата за пишување. Замачкана во синилото на мастилото.
Времеплов Го ставив и последното стакленце во средината на мојот мозаик. Ги наредив сите шарени огледалца, сите спомени. Ме заскокотка љубопитноста, па од мозаикот ме погледнаа очи две. Се закова погледот мој во одразот свој. Потона длабоко во шаренилото. Го допре срцето на она место каде што беа врежани сите сеќавања. И расчепка низ спомените, нежно. Јас патував со мислите низ времето, и секој момент повторно го доживував. Се беше извонредно, непроменето. За миг посакав да трае вечно онаа насмевка што среќата ја измами. Но деновите биле и поминале, сега треперат само спомените. Го гледав својот одраз, во минатото и сегашноста. Посакав вечно да останам дете, но, на желбите крај им нема, затоа ќе живеам во спомените. Во оние убавите, што биле некогаш, и во срцето ко во споменар се врежале засекогаш.