ОНАКА Здраво, овде е твојата принцеза. Дојдов да ти кажам дека заработувам сама за себе. Но, тоа не значи дека кревам раце од тебе. Ти признавам, а и самиот си кажа ме нервираш, но не ми смета. Јас само онака, сакам во мислите да ти претам. Ситни мали кавги кои алудираат на тоа дека ние, за муабет - не сме. Но, цело е кога има се' . . . Те Љубам онака страшно, до болка чувствата ги пакувам грижливо украсувајќи ги со машничка и шнолка. И еве си легнувам, мирна со насмевка, така и оваа песна напишана за две и пол минутки е сосем чисто, онака...
Важно е да останеш Човек! Секој од нас имал, има и ќе има тешки моменти! За да постигнеме некоја цел бираме средства кои ги повредуваат другите! Не размислуваме за последиците, а потоа се каеме! Затоа кога и да правиме нешто важно е да останеме ... ЧОВЕК! Сите ние планираме и ги остваруваме своите цели! Сите ние стануваме роботи на секојдневниот живот! Гледаме се да биде совршено и подмачкано! Секој ден го слушаме онаа механичко ''Добро Утро'' кое за никој не е добро, затоа што сите се занимаваат со своите проблеми а на никој не му текнува да ја остави работата и да погледне во сонцето - сонцето кое секој ден грее за нас, за нашата слобода,кое ни го прави денот убав насмевнувајќи се срамежливо ! Не го забележуваме ветерот кој си поигрува со нашите коси сакајќи да измами една искрена насмевка на нашето лице, не ги забележуваме ни густите шуми ни црцорењето на птиците. Не уживаме во тоа што го имаме а сакаме повеќе! Така да, ве молам, барем следното утро застанете пет минути на воздух и загледајте се во височините, размислете што правите, каде води вашиот живот. Исправете ги грешките што ги правите. Живејте! Не дозволете животот да ви помине гледајќи во компјутерот и не ставајте лажна насмевка на вашето лице,не умилкувајте се на другите за да постигнете нешто! Тоа што си е ваше ќе си дојде! Ширете љубов и пријателства! Правете добри дела! Потсетете се што значи да бидеш ЧОВЕК!
Скопје, љубовнику мој Те газам со црвени чевли те плукам со полно грло настинка. Сакам да се кријам во твоите тајни ќошиња. Ме радуваш и ме згадуваш кога преку ноќ, посивуваш. Би ти поставила илјадници прашања но знам дека само на едно добивам одговор. Ме сакаш, ли, љубовнику? Со ветер ќе речеш Да. А јас од бучавата на багерите и недоградените твои орнаменти. Ќе слушнам - Не. И така, ќе си живееме во слатко недоразбирање.
~Жена сонувач~ Малечки сме ние луѓето, но нашите желби нема да ги збере ни во тегла, ни под чаршаф, ни во орман, ни под кревет. А моиве желби се како нечисти чинии се трупаат една над друга без милост, но нема кој да ги исчисти глатко, да остави простор за надеж и живост. Затоа си бегам често на далечни места. Во мојот свет сите ме знаат и шансите растат на стебло од цреша со вкусови слатки, во уста што траат. Во реалноста е сосема исто, старите нешта во нова амбалажа. Невкусни и бледи спомени стари што будат чувство на бол и бламажа. Па штом сум тука се прашувам скришно: Каков ли ќе бев јас створ? И смешен и тажен е одговорот еден. Јас сум само жена, nothing less nothing more...
барем еднаш дојди кога светлоста како провидна пајажина ѓи скри своите прсти зад зажарениот хоризонт кога мракот длабоко навлезе во мојата душа а црнината ми го одзеде видот барем еднаш дојди со светлоста на твоите очи дојди со белината на твоите раце за да го откриеш моето постоење
Само да те имам... Отварам очи, но крај мене те нема, и овој ден ми започнува по добро позната шема, уште првиот момент знам, сигурен сум без дилема, ти ќе ми бидеш повторно главната и единствена тема. Толку те мислам, што на моменти се мразам, а можам да изгорам, би требало да пазам, за тебе секакви принципи спремен сум да газам, за твојата љубов ако треба и на колена ќе лазам. Како сонце и месечина, светлина и мрак, се привлекуваме, иако сме на различен пат, и двајцата оставаме на различни места траг за на крај да пристигнеме на истиот праг. И сепак твоето срце со моето чука во ритам, и знам дека нонстоп во твоите мисли скитам, твојот живот со мојот ако треба ќе го штитам, на сево ова сум подготвен, само да те имам.
нешто што го напишав на 7ми февруари Од роденденот ме дели уште 1 час првиот што ќе го минам без тебе тоа не е толку тешко, немам глас Тешко е што и на сите други нема да си со мене За кого ќе славам утре? никој не се смее како што знаеше ти За кого да се насмее душава кутра? никој не знае да ме разгали како ти 20тиот роденден, а без него Нема веќе подарок од срце, го нема подаркот од моите сни... 20тиот роденден, ПРВ без татко ми!
Девојка Дождлива ноќ, топла соба бавен рок н рол во ноќна доба и една девојка со тажен поглед се обидува да заспие, да не мисли Девојка со живот среќен, -некогаш! Сега, не веќе Го изгуби својот компас, водач, а сам каде ли се оди? Ќе престане ли дождот ноќва? ќе заспие ли осамената девојка? Во сонот ли ќе најде утеха? ќе го купи ли скалилото до рајот? Дождот да престане нема, а сонот неа полека ја обзема утехата нема да ја најде таму, но рано е за скалило до рајот!
Преубава песна Оззи, ме растажи премногу... Јас си ги славам родендените без татко ми веќе со години...
Не тагувај Кити... Тука се тие секогаш со нас... секогаш! Еве уште нешто од мене и доста е за вечерва! Исповед и Казна Заробена во книги, теорија за казна веќе се` ми е познато, душава е празна нема ли некој за тоа да биде казнет? кога нема правда, што ќе ми е овој памет? Но фазите се такви, се` ред по ред па еден ден- адвокатски кабинет, ќе ве доведам до затворски кревет за сите солзи, за цел животен неред! Дотогаш мирно седам и се гушам со книгата врака, а Балашевич го слушам Името ROGER го гледам на врата, со надеж еден ден кај него да ме пратат. Право. Болка. Тага горка. Надеж. Одмазда и Очај.
Желба Шетаме по улица. Јас, ти и тишината. Се држиме за рака, љубов! Уличните светилки срамежливо ѕиркаат зад гранките на оголените дрвја. Февруари, а мириса на пролет. Се што сакам е снег, но ми се чини би го стопиле ние двајца. Би се стопил како чоколадо на сонце, или како јас изложена на твојот поглед. И одиме сред улица. Нема никој, а вечерта е прекрасна. Или барем јас така мислам. Времето како да застанало, а и јас сакам да застане. И ѕвездите се на наша страна, сјаат со полн сјај. Се обидувам да го забележам секој детал, и да го запаметам секој миг таков каков што е, најубав. А поинаков и неможе да биде кога сум со тебе. Двајца провинцијалци, но не ми е гајле. Верував дека некогаш ќе шетаме и во Париз и ќе се држиме за раце. Некој би кажал дека премногу вљубено размислувам. Па и точно е, но верувам. А дотогаш, ќе шетаме по улицата во нашиот град.
Tраги на подот ситни расфрлени капки. Во секој агол по некој предмет обичен на изглед за некој без вредност но за мене суштински премногу значаен. Еве позади вратата ја гледам повторно мојата стара пријателка,ги затварам очите да не го видам нејзиниот лик но ја чуствувам во срцето. Го паметам нејзиното име БОЛКА! Судбината не ми дозволи да и го заборавам. Ниту пак таа ме заборавила! Кога мислев дека дека СРЕЌАТА И НАДЕЗТА сега се црство прикрепени до мене тие всушност биле на старата лулка од кога секогаш паѓаа и од нив повеке не се гледаше ниту траг. И ПОВТОРНО МА ИЗМАМИА само старата пријателка Болката која повторно дојде е вистинска. Се всели во мене! Се тркалеа солзи по лицето бев нема без глас но внатре длабоко ко од бездна го слушав силниот плач. Со мокри нозе чекорев низ собата оставајќи стапки на подот кои и кога се исушиа повторно се познаваа,оваа слика ма потсеќаше на мене и кога се исушиа очите тагата се познаваше,тагата која ја криев залудно... Силнните чуства ме направиа нивна марионета! Ја гледав ноќта и се потсеќав на нас си мислев колко убаво се започна толко не едноставно за мене, и не знам дали мозам да речам и дека заврши, не знам дали тоа е силната љубов или егото што не ми дозволува да се отказам или пак мислата дека благодарејќи на него ги заборавив болките од моето гневно минато. Чувствувам ко некој силно да ме турка но незнам каде...пак останав на истио крстопат на кој се наоѓав пред годинаа време кој талкајќи го згрешив патот, но сега си ветувам и самата себе со сета сила ке се борам и нема да дозволам да тргнам по погрешната насока оставам се на времето како што тоа тече многу работи се менуваат от кои зависи и мојот правец!!!
.... Напиј се од оваа напивка смелост, ќе ти дадам розова љубов измешана со миризлива тишина. Ќе ти ја дадам мојата тивка душа, и прошетка по мојата падина. Танц со моите усни, игра во мојата градина. Ајде, земи малку од оваа љубов без очекување. Ќе ти дадам звук претворен во момент Не се плаши ! Јас сум потреба, ти задоволство!
Capture Me здоболува кога ќе застанам среде Камени Мост и со поглед вперен во Ристиќева не гледам ништо освен обезглавена конструкција. Кaфез е мојот град на перфидните живот(н)и. Жалам Ако те напуштам. Само за тоа што Си. Нека запролети барем со велосипед ќе кружам околу тажните забрани И да се налутам, мирисите твои не се заборавени.
Седам, некаде во ноќта залутана месечината над мене ми е светилка небото покривка. Пеам тивко, нечујно, а ти ме слушаш, и пееш со мене. Пееме заедно, плачеме заедно, две солзи во една се споиле, две сенки една се сториле, две тела, а една душа!
Јас сум само лилјак Се чувствувам како лилјак кој слеп се обидува да ја види светлината иако однапред знае дека не може Имам чувство дека се губам, полека но сигурно, и се плашам навистина се плашам дека никогаш нема да успеам да го пронајдам ни светот ни себе си Се чувствувам како лилјак, а очајно посакувам да бидам Бетмен.
Делириум Ги затворам очиве, ме понесува... Ги чувствувам вибрациите, ме збеснува... Се препуштам на магијата, ме возбудува... Полетувам кон небото, ме полудува... Ме лазат морници, дали сонувам... Ми треперат рацеве, дали потонувам... Ме обзема топлината дали експлодирам... Ме тресе и студот, дали фантазирам... Ми ја исполнува душата, дел по дел... Мешавини во мене, како егзотичен коктел.
Нова пролет Да се изнасмееме во центарот на светот Папок, полн со ѓубренца од џемперот Вода, во него за да порасне ново дрво на Вистината. Да се изнапиеме во центарот на градот Чаша, полна сомнежи од тебе Вино во неа за да слушнам кој тоа таму ме заспива?! Знаеш, никој не ги чита моите мисли ама некогаш налетува на моите песни. И така, си постоиме како глуварче и детско раче што тргнува да го собере. Нова пролет сонува шарени чевлиња летала, шеќерни волниња мачори и гугутки во редот на радоста колони среќа а никаде шалтер. Да ја дочекаме како воз Неа. Оти сите нешта што сега Се, на крај ќе осамнат... Беа.
Провокација Тука, позади светот. Самотија! Ме провоцира. Ја чуствуваш ли? Тагата! Грдотијата бедна. Замислуваш како ми е? Душата крвави! Ја гледаш ли? Ветувања. Празни. Изопаченост. Иронија е постоењето мое. Темнината вриска, оди си! Пауза! Мир! Молк!