Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сонував дека те нема

    Тежината спиеше во воздухот
    како маче во топол скут.
    Небото беше бело и ниско
    како чаршаф истрошен и крут.

    Сенките чекореа во место
    ко во лавиринт бескраен и тесен,
    а асфалтот се тегнеше како река,
    безмилосно студен и бесен.

    Стоев и гледав од прозорецот
    игра на сенки или на мојот ум?!
    Сакав да вриснам на сиот мој глас
    за да знаеш каде сум.

    И во секунда една здивот ми замре
    моето срце во мракот го снема.
    Изчезна светот, заедно со мене....
    сонував дека те нема...
     
    На De-lovely, BoaVista и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    36
    Живот

    " Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќe биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно..."
    Никола Спаркс.
    Колку ли само вистина крие оваа мисла!Толкава моќ,длабока искреност,која само ако ја допреш на момент те остава без здив.
    Одам по улицата во оваа долга и студена зимска нок.Rазмислувам за животот, за неговата убавина...Одеднаш погледнувам накај небото...гледам блесок толку силен кој секавично ми ја поматува видливоста и ме фрла во таа чудна исполнетост со срека,тага-нешто толку возвишено ,што го прави целиот мој живот само капка во тој голем океан .
    Додека се обидувам да ја отргнам таа слика размислувам-Зарем убавината на животот е во вечното постоење,или вечноста испишана на страниците од мојата животна книга?Знам,животот ме научи да губам...но и да победувам.Ме научи да плачам,но и да се смеам,ми покажа како да сакам..но,и да мразам,ме научи да бидам лицемерен,искрен,да повредувам...но и да губам.
    Сето ова за еден миг среќа,за една украдена насмевка,за мал момент на задоволство,кој ќе трае онолку колку што ќе веруваме во него,ќе живееме за него и ќе сонуваме.
    Капаците на моите очи посакуваат тивко успокојување.Ми поминува мисла-Зошто ги затвoраме очите кога се молиме ... Кога плачеме ...Кога Сонуваме ... Кога се Бакнуваме??? Затоа што знаеме дека најубавите работи во животот не се гледаат со очите туку се чувствуваат со срцето.
    Наеднаш,ги отворам очите,погледнувам накај небото-светлината,блесокот исчезнале.Останавме само јас ,патеката и бескрајната небесна шир.
    Талкам во тишината по празната патека и размислувам- што е тогаш апсурдноста во животот?Дали е во искрената насмевка,бистрината на солзите или длабоката тага во срцето?
    Стигнувам до крстосница,момент на избор на нова патека,ново искушение.Сублимирам дека животот не се поседува, ниту се губи, животот - тоа сме ние. Ние сме дел од свеста која се наоѓа низ целиот Универзум, и која во еден момент ги испробува опциите како е да се биде ѕвезда, камен, тревка, животно или човек…
    Длабоко во себе знам дека е така.Но ете,одново и одново доагам на почетокот на патеката ,за да стигнам до нова крстосница.Знам дека е тоа апсурдно ,но апсурдноста го прави мојот живот нескротлив,интересен ,опиплив- апсурдна игра, игра на Универзумот.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Исто како љубената на Тагоре
    - дојди каков и да си.

    Ја расплетувам косата
    до половината,
    намирисана копнеж
    измешан со безумна страст.
    И дозволувам храбро
    да ме понесе некој талас.
    Денеска е сосем обичен ден,
    понеделничен.
    Без никаков повод и причина
    те викнав да водиме љубов.

    Не дека ни е годишнина,
    ниту помодарскиот Валентајн,
    туку , онака, чисто да ти шепнам
    I am all yours and you're all mine...
     
    На glow, n.a.t.t.y, SexyLady и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Trendafilka



    Ја расплетувам косата
    до половината,
    намирисана копнеж
    измешан со безумна страст.
    И дозволувам храбро
    да ме понесе некој талас.
    Денеска е сосем обичен ден,
    понеделничен.
    Без никаков повод и причина
    те викнав да водиме љубов.



    Воодушевуваш! Ах! :clap:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Ги избришав сите твои пораки за да не ме потсетуваат на тебе.Го избришав и твојот број и те избришав на сите можни начини само за да не се потсеќам на тебе.Добро, уште го памтам твојот број, но која е поентата, кога и онака не планирам да ти се јавам .
    Те закопав во најдлабоката дупка во најдалечната шума, за ако некогаш паднам во искушение да не можам да те пронајдам и откопам.
    Ги закопав сите моменти, спомени,бакнежи,солзи, разделби...но сфатив дека ми е џабе.
    Потсетникот не можам да го закопам.Не можам да ги соберам сите оние места,клупи и зелени треви кои ужасно ме потсеќаат на тебе.
    И одеднаш ми текна.Зошто мора да го фрлам потсетникот кога едноставно листот на кој си ти можам да го искинам и да почнам нов, бел празен и чист лист одново но без тебе.А оние места ќе бидат ново поглавје со нови спомени , но не со тебе...
    Создавам нови спомени, нови листови и страници од мојот потсетник без тебе...
     
    На blueeparadise и Nightwalker им се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Ајде да си играме.

    Повлечи ме за ракав
    и однеси ме некаде.
    Ќе викаме, ќе скокаме
    и ќе се радуваме.
    Како никогаш досега.

    После долго време сакам
    да излезам на дождот,
    по кратки ракави,
    и да уживам во инспирацијата
    која ми ги храни клетките.

    Сакам да живеам.
    Сакам да уживам во овој живот.
    И не ми треба чаша вино.

    Ми требаш ти.
    О, дојди и земи ме.
    Ќе се бакнуваме во дождот.
    А потоа ќе се разбудиме - и ќе се сетиме..
    На една ноќ и едни очи.

    Ајде да танцуваме..
    иако незнам да направам ни еден чекор.
    Но тоа не е ни важно.
    Овојпат имаме љубов.

    Ајде да сонуваме.
    Убаво е да си го живееш сонот.
     
    На Nightwalker, x.Daisy.x, SexyLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Соновник

    Отсонував како се зголемувам.
    растов е Алисовиден - се удирам со главата на покривот
    во куќата на Чудата!

    Зајчето е скриено во твојата шапка
    од среќата
    ќе зачуваме една капка.

    Моите чевли - твои зборови
    сите патеки - нови приказни
    Малечка е песнава да ги собере
    сите тивки воздишки.

    Пссст.

    (некогаш, оваа песна, ќе заврши)
     
    На Nightwalker, SexyLady, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Сечкав сеќавања - на масата на минатото,
    ништо да не остане..
    А сепак сакав да остане.

    Не сакав да заборавам која сум јас,
    кој си ти, кои сме ние.. Или бевме.
    Сеедно. А често знам да уживам
    во само деструкција, предавајќи се
    на иронијата и сарказамот. И лошите
    навики, кои полека преминуваат во убави.

    (Нели, во мојот ум..)

    Често ни раскажуваат што значи
    животот, а тие не знаат ништо.
    Па луѓе мои, зарем вие сте љубеле?!
    Ах, бедници, еден ден и тој ќе ви го сврти грбот..

    И знам да помислам дека никотинот
    веќе одамна навлезен во клетките
    на белите дробови и алвеолите
    (одлична бев по биологија нели, само што
    сега веќе ништо не останува..)
    полека почнува да ме уништува.

    Алкохолот ден по ден, сигурно
    ме убива.. но што од тоа?!
    Тоа не е ништо во споредба со
    психичкиот раздор што ме кине
    однатре, емоциите што како луди
    се чукаат по ѕидовите на моето
    веќе одамна дисфункционално срце..

    И реков дека повторно сум заљубена..
    По стоти пат. Во кој ли?!
    Во него.. И во него. Ма, во тројцата.

    Па што? Ќе бидам проститутка една вечер.
    И таа после неа.. И таа што следи.
    Се додека нема да почувствувам нов ден
    на плеќите.. Тогаш ќе престанам.

    Се ќе заврши.

    Сечкав сеќавања - на масата на минатото,
    ништо да не остане...

    И не остана.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Љубовни остатоци
    како бајат леб
    покиснат во млеко со киселкаст вкус
    - во овој нељубовен свет.

    Ете, такви сме си.

    Се ќошкаме во рингот
    како некои петлиња.
    Уморни, на крајот од
    денот кој згаснува,
    наздравуваме со
    усни полни насмевка
    додека од остатокот на светот
    - отров се лие.
    И душава ми ја пие.

    Напросто, му се чудам на животот,
    а изгледа - чудна сум му и јас.
    Менувам грст валкани, испотени банкноти
    за неколку смирувачки ноти.

    За љубовна приспивна песна
    (ми се чини)
    - пола од летата кои ми следуваат
    ќе дадам.

    Презриво и злокобно ми се насмевнуваат.
    И уште повеќе закиселуваат.

    Танц на вечно заведување,
    мета на човечко зајадување.

    Утре те чекам повторно во рингот.
    Да се буткаме на рака.
    А потоа правец дома
    - заедно, рака под рака.
     
    На GeorGinnA, ljubam, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Пасаж



    Љубов


    и


    Гнев.


    Меѓу нив, времето одекнува.



    (или можеби само тастатурата ми се шекнува
    оти заборавивме да ги користиме моливите
    за бележење на секоја приказна.)
     
    На TheCandy880, Bright и SexyLady им се допаѓа ова.
  11. Krisi88

    Krisi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    30
    Кога гледаш во моите очи што можеш да видиш??

    Празна душа ,незначаен поглед, колоритна фасада во црно-бел свет, зеница којашто те избегнува...

    Кога гледаш во мене што можеш да видиш?

    Девојка која која очигледно заборава да спие,забрзаност, мистерија ,несовладливост,неоткриена среќа, ненападност....

    Кога гледаш низ мене што можеш да видиш?

    Апсолутно ништо,не можеш низ мене ....

    Од друг агол.....
    Ќе ме погледнеш во моите очи и ќе ја видиш твојата иднина ,онаа која неминовно го брише виртуелниот свет ,онаа во која нема место за мсн,онаа која не е лајкната на фејсбук и за која нема страница или група ...Онаа во која физичкиот контакт е денес,вчера и утре,онаа иднина каде сеуште може од некој агол да ја слушне ,,Кучето мое,, да изигра шах, да шета макар и по дождот, да пие и кога не и се пие.... Ќе ја слушнеш онаму каде што се смее ,кај што плаче,кај што вистински живее...
    Од другиот агол ќе ја видиш среќата ,надвор од виртуелноста ,надвор од хаосот и од бироата,некаде на аголот на мостот на езерцето во парк,некој ги гледа облаците...

    И го чека снегот и тебе...
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Во ноќта...

    Ме опиваш, предизвикуваш, возбудуваш
    Мои најинтимни тајни со допир соголуваш
    А јас без отпор, со страст, ти се препуштам
    Хранам и срце и тело со твоја љубов во ноќта.


    На моменти се прашувам дали можеби сонувам
    Или навистина во твоите сочни бакнежи потонувам
    И дали си ти онаа, чија љубовна мрежа ме заплеткува
    И прави да сонувам со очиве широко отворени во ноќта.


    Ќе те имам ли вечно крај себе, би сакал да знам
    Одоговор кој ќе го учам секој ден, додека постојам
    Зашто она што го будиш и разоткриваш само ти во мене
    Тешко дека некоја друга ќе го достигне, како тебе... во ноќта.

    [​IMG]
     
    На ljubam, blueeparadise, TheCandy880 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Добровечер Мил мој,
    повик за љубов!
    Ајде кажи ми -
    Те сакам!
    Но,
    Понеделникот молчи,
    молчиш и ти!
    Фасцинатно се заврте и замина.
    Секој чекор,
    ритам на болка.
    Се уште стојам онаму
    каде што ме остави.
    Заминувањето тишина,
    го одекнува твоето име.
    Остаток од парфем.
    Плачам и мирно врескам.
     
    На Adi888 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Живеам во свет каде
    соништата се обесени
    на секое ќоше.
    (Тоа е затоа што некој
    не верувал во нив..)

    А исечоците од нашата
    кратка сторија ги однесе
    ветрот. (Силно дуваше таа ноќ.)

    Што ми преостана сега?
    Да се обидам да ги зачувам спомените,
    кои никогаш и не постоеја..
    Со секој ден избледнува и она
    малку што имавме.

    Зар толку сме заслужиле?

    А живеев во бајка..
    Штета што бајки не постојат.
    Така и ти не постоиш.

    А моите желби и соништа отсекогаш
    почнувале на буквата Д, едно
    големо Д...
     
    На PrinceOfPersia, marama, Nightwalker и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Среда

    Болката,
    паразит кој ме глода.
    Љубов по грешка,
    нема оправдување!
    Стерилна имагинација.
    Загледана во судбината
    се парализирам.
    Прости ми Средо
    За тоа што сум.
    Денес совршено
    се сложувам со твојата тишина.
    Јас сум магла
    во светло утро.
    Безшумен звук.
    Река без тек.
    Сонце без топлина.
    Прости ми
    што животот е суров со мене.
    Родена сум да губам
    и да почнам од почеток.
    Ќе се борам со тебе!
    Ќе облечам осмех,
    ќе крадам среќа,
    ќе давам љубов!
    Ќе почнам една нова Среда.
     
    На Nightwalker, SexyLady и blueeparadise им се допаѓа ова.
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Зборови

    Умеам јас и до утре да ти зборувам.
    Да ти продавам вербални убавини
    да те красам со најдобри метафори.
    Да ти цртам воздушни замоци,
    од реченици бели памуци.

    Можам да ти се прикрадам во психата
    и со шепот да ти ја менувам навиката,
    да ме слушаш како правам инвазија
    се приклештувам во твојата фантазија.

    Со зборовите полека да те полудувам,
    да те радувам, мачам, зачудувам.
    Да те натерам да ме сакаш или мразиш
    да ме чуваш, галиш, љубиш , пазиш.

    Зборови слатки како мед и млеко
    понекогаш рај, но и пекол.

    Да!Јас умеам и до утре да ти зборувам
    но ккое фајде да се повтроувам?
    И не сакам време на зборови да губам,
    дозволи ми само да те сакам, да те љубам.
     
    На PrinceOfPersia, marama, Nightwalker и 4 други им се допаѓа ова.
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Мисли...

    Ај, нека запролети!
    Студ, крвта мрзне.
    Друм, пат секојдневен,
    се движам, не забележувам,
    во очи непознати се давам.
    Сокол како стражар во снегот.
    Разурната куќа, што ли се случило?

    Среќни ли се?
    -Така изгледаат.
    Се греат во сопствената прегратка.
    Пукнатина во прозорецот.
    А надвор студ, крвта мрзне.
    Ај нека запролети!
     
    На Nightwalker, blueeparadise, ljubam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    од вчера : :$
    Ме држиш во своите раце
    чинам цел свет е мој
    реката тивко шумоли -како да пее
    посакувам овој момент никогаш да не престане
    светот да запре само ние двајца да останиме за на век
    Би сакала сите песни на светот за нас да бидат испеани
    сите романи за нас напишани
    за нашата љубов која е нескротлива.
    Можеби утре нема да се разбудам во твоите прегратки, на твоите гради
    но знам дека сум живеела за тој момент
    кога ќе се разбудиме разбушавени во косите.
    Начинот на кој јас ќе го изговорам твоето име
    ќе биде магичен и посебен .
    Насмевката твоја спомени ми буди
    спомени на кои сакам да се навраќам .
     
    На Nightwalker, starfish и SexyLady им се допаѓа ова.
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Ова го пишувам и го посветувам на тебе, драга моја, која секогаш си била тука за мене, кога веќе немаше надеж за живот и кога сите наши соништа пропаднаа, по моја вина! И ден денес се обвинувам за она лето '09 кога засекогаш ги сменив животите на обете. Прости ми.
    Паметам дека бев дете изгубено во безброј желби, копнежи и соништа. За жал, реалноста не ми дозволуваше да си ги отстварам. А двете бевме желни за нови светови кои допрва требаа да дојдат. Сосила ги зедовме.. избрзавме. Беше лето, а тој ден се спремаше невреме. Изгледа некој знаеше дека ќе бидеме поразени.. Ех, само да знаевме дека тоа беше најголемиот пораз во нашиот живот, но не, во нашите очи се отцртуваше победа. Предоцна свативме. Никогаш не бевме ' големи ' кога ќе не погледнеа од страна, но сега сме ништо. Не значиме ништо, погрешивме, ги изневеривме сите.. Но драга, најмногу се изневеривме себе си. Овие спомени никогаш нема да се избришат, и да пишувам стотици страници поезија или проза и да се опијанам на една вечер.. Утре секако ќе се сеќавам. И повторно ќе заплачам. А животот беше наш.. Ах, понекогаш се прашувам зашто не ме спречи? Зашто не ми удри една шлаканица, суров приказ на реалноста?! Зашто не ме оттргна од рацете на дотогаш непознатото и на прв поглед возбудливо а сега она што претставува за нас пропаст? Ништо нема да биде како порано. Ни јас, ни ти. Дури сега сваќам што сум направила и да, што и да направам ова нема да се смени. Ние сме на истото место, а спомените остануваат.
    А следното лето.. истиот ден, се ѓаволски се повтори. Времето беше исто, ветрот дуваше а јас бев со солзи во моите очи. Само за миг се ми прелета низ главата. Овде, пред една година се случи ТОА. Тоа заради што ќе жалам целиот мој живот. Извини што те повредив. Извини што ги срушив сите твои соништа кон кои упорно се стремеше. Тие никогаш нема да бидат истите. Тие се скршени на безброј парчиња и потсетуваат на оние проклети денови. Да можеа да се избришат..
    Знам дека потоа барав утеха, а утеха - немаше. Можеби ја барав на погрешни места, тргнав по лоши патишта. Но да бидам искрена, уживав! Но, толку длабоко се впуштив во тоа.. што еден ден излез немаше. И сеуште нема. И не ми вредат сите зборови, не ми вредат тие прегратки, јас сум изгубена и не сум таа што ја знаевте. Никогаш немав никој, те имав само тебе и сеуште те имам.
    Впрочем.. Има безброј работи кои треба да се кажат, безброј моменти кои треба да се поминат за да видите како беше и како е, затоа не вреди да пишувам. (Сама сум виновна за тоа, знам, не велам не..) А и немам инспирација. Не го пишував ова со некои одбрани зборови, пишував само она што ми дојде на срцево и мораше да излезе. Но, како и да е, знаеш дека те сакам и секогаш ќе те сакам, не за тоа што се случи, не за тоа што поминавме туку затоа што си ти! Една и единствена, пријателка која никој не може да ја замени. И сево ова го посветувам на тебе, кажав се што поминавме, секако, во кратки црти, зашто ние поминавме многу повеќе. А незнам зашто морав сето ова да го кажам? Не е ни важно.
    Ти ми значиш и никој нема да го промени тоа.
    А ова лето.. се ќе биде поинаку. Зашто јас те имам тебе - а ти мене. Иако спомените остануваат.. И тихо и неосетно не убиваат.
     
    На Nightwalker, SexyLady и firequeenn им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Inspi(red)

    Како пред мај
    во дланките љубов
    згмечена
    како миризлива јаготка
    Не од оние огромнине, лажни
    ами од оние скриенi
    по дворчиња
    по падини
    што се прават важни.
    Оти се ретки
    како на немирно детско раче петки.
    Си правиме
    црвен свод,
    сладок облак
    топол плод.
    Бакни ме додекa
    уште ми се руменат образите.
    Од љубов, Hе треба да се пазиме
    (Фолтин нека свират
    додека јас и ти се запролетуваме).
     
    На PrinceOfPersia, kate21, Bright и 2 други им се допаѓа ова.