Вечерна треска Како што во ноќта го здогледа нејзиниот бел лик Се’ друго околу него како да застана за миг Можеше само со топол поглед да и’ врати И секое нејзино движење, почна да го прати. На нејзината насмевка, тој и подари своја А срцето му чукаше во трицифрени броја Не знаеше што му е, не сакаше ни да знае Се’ што сакаше е тој момент, вечно да трае. На секој нејзин поглед, почнуваше да се губи Пред тие очи зелени, не му требаа други Како непресушен извор, со бескраен сјај Правеа да се чувствува необично, убаво до крај. А на крајот прегратка, а со неа и искрена желба Ах колку само мразеше што дојде време за делба Но длабоко во него, тој се' уште знае Дека повторно ќе ја види, кога и да е...
Време на неволја “Колку волшебна изгледаше Љубовта. А потоа дојдоа неволјите.” Страв. Трепет. И една помината година. Го допрев твоето уморно лице Кое под стисокот на мојата дланка Почна да се топи како восок од свеќа. Ноќ. Темнина. Се врати уморен. И чинам десет години постар Отколку датумот на раѓање во твојата лична карта. А твојот лик оддаваше старец Иако душата ти беше засолниште на дваесет и седумгодишен маж. Утро. Светлина. Појадуваме кајгана и одвај проговори 10 збора, Додека јас непрестајно мелев, што зборови, што ореви. Сакав да ти ја заблажам душичката со фина, мека штрудла. Не насетував дека таа веќе е длабоко осакатена со нож за сечење. Повторно ноќ. Повторно темнина. Во сонот тивко ми шепотиш дека ти недостасував Како кокиче во пролетта, Како првиот пожолтен лист на есента. Тивко ме привлече и ме бакна. Почувствував испукани усни и странец. Не дочекав, морав да излајам - Не те познавам. Повторно утро. Повторно... темнина. Надвор плачеше дождот, додека патентот ги закоча Нашата најсвежа фотографија, носталгичните спомени, Твојот уморен лик и напатена душа, Мојата строга и нетрпелива природа. И некаде помеѓу сивите кошули ... Нашата некогашна Љубов Сега киселкаста и бајата. И неволјите кои настапија подоцна.
Илузионистка Полна со бес и фрустрации, барам начин да ги решам со глупави занимции. И се надевам дека ќе најдам среќа или дека таа скришно сама ќе дојде. Се плашам единствено, стрпеливоста да не ми пројде. Би ги подала рацете да ја фатам, би вриштела од гордост и милина, но секогаш останувам со во рацете прашина. Се чини ништо не е доволно за таквите како јас не постои граница. А да ми влепи некој освестувачка шлаканица? Да си се разбудам во реалноста моја зошто доволно се ваквите конфузии. Но нели е подобро раните да се лечат, со слатки сништа и сребрени илузии?
оваа вечер .. Оваа вечер беше магична вечер што ќе ми буди спомени отворачот од виното ќе го задржам за себе прости ми тоа го правам за да ме потсетува на оваа вечер се надевам немаш ништо против знаеш и сам дека не можеме да бидеме заедно, нека ми простат тие што го читаат ова знам дека е грев ова што го чувствувам но го пишувам тоа што ми лежи на срце грешник сум и пред Господ знам , но неможам ништо против вољата на моето срце не ме слуша што разумот зборува ..
Од мала ме привлекувало пишувањето.Еве нешто напишано е пред една година Куфер со соништа. #1 Сонцето блескаше и нежно ме милуваше со неговите топли зраци Полека се разбудив.Првата мисла ми беше да патувам некаде. А каде?Би можела да одам во Париз.Градот на светлината од секогаш ме привлекувал. Ајфеловата кула ме воодушевува.А да одам во Египет?Да добра идеа... Би сакала да ги откријам сите тајни на древните народи кои живеле таму, а и да ги посетам мистичните пирамиди кои ме опленуваат со својата магија и да се шетам pо текот на реката нил.Прекрасно зар не? Но и Венеција би била одличен избор. Да ги разгледам волшебните канали и да ја впијам сета таа убавина во сеќавањето. А можам да одам и во Милано градот на модата. Верувам дека ќе уживам во толку прекрасен избор на облека и ќе станам моден дизајнер. Места за патување има многу но тоа е само дел од мојата фантазија. Се сетив дека треба да одам на училиште. А за патувањата и соништата? Ќе ги заклучам во куферот на соништа и ќе лежат таму се додека не се решам пак да мечтаам... #2 Разгледувајќи по прашливите работи на темниот таван го здогледав, куферот со соништа зафрлен во најтемното ќоше, потонат во тишина и заборав. Полека се доближив и се потсетив на сите пријатни мигови поминати покрај него, потонувајќи во чудесните соништа понесени од неговата магија. Спомените тивко ме засенија и го отворив, но сите волшебни соништа исчезнале Каде исчезнаа моите соништа? Но, набргу ми беше јасно..Со текот на времето се помалку и помалку сонував.Станав само една девојка заглавена во црно бел, едноличен свет.Сета магија и убавина на соништата кој барем на миг ме носеа далеку со мислите исчезнаа заедно со девојката сонувач.Само тој остана тука, куферот со споменот и трагите од некогашните соништа. To be continued.
Позитивно замрзнати мисли Пролетно ветере јас со насмевка на лице, маичка на кратки ракави и позитивни мисли. Зарем многу барам? Широк асфалтен пат танц со мирисот на емоциите, ги прегр нувам,чувствувам воздишка ме удира секој зрак во глава. Се е убаво,но се будам од таму и ме дочекува реалноста гледам снег околу мене... Ме буди растопениот снег...проклет студ!
Име - заборав Здипли ги солзиве мои замотај ги во шамивче стај ги во страничниот џеб измешај ги со монетите, а кога ќе замирисаат на бол фрли ги во некое ќоше. Тие се мојата вистина, а јас сум таква закопчана во ситни лаги мали грешки. Никој не е невин. Грабни ја мојата фотографија боите се емотивни погледот копнеж искина ја грубо застани на дрвен мост и фрли ги парчињата на моето непостоење. Нека одплива споменот за оваа евтина душа. Нејзиното име нека биде заборав.
8 (осмица) Ноќ, тивка и долга ноќ... Заспивам повторно во твоите прегратки... Заспивам и се прашувам, мал милион прашања а само два одговори: - Затоа што те сакам - Затоа што ме сакаш Понекогаш се плашам од љубовта, Ти дадов се, Ти го посветив својот живот, И ... Се плашам да помислам, Иднина? Не, не, не ... Подобро е да заспијам, Олујата на проблеми секако ќе ме пронајде, Но подобро ми е со тебе, Знам дека има некој што ќе ме заштити, Од сите капки дожд и од сите солзи, Од сите молњи и од сите извици, Од сите грмотевици и нечии каприци Навидум се плашам, Но крај тебе јас сум посилна од се, Повторно сум жива, Успеа да го распламтиш огнот кој беше само искра надеж, Успеа да ги пројдеш ѕидините високи, Успеа да го стопиш сиот лед во мене, И да ме натераш да сакам со цело срце... Те сакам сега, ќе те сакам и утре, и следниот месец а и следната година... Те сакам колку една осмица, бесконечно многу... И ќе те сакам бесконечно долго...
(празно) Гушни ме и слушни ме како дишам и ми чука срцето во стомакот. Важно е да се љуби. Тажно е ...да се губи. Да бидеме во редот на првите.
Утро Таму далеку, тука до мене срамежливо и притаено блеснува на хоризонтот, една огромна топка, која ми ја стоплува душата. Ми краде насмевка, ми дава надеж, ме охрабрува дека ова не е обичен ден, дека оваа утро ќе биде посебно и вреди да се започне насмеано. Ги сакам тие утра, кога веруваш во нив иако шансите се изгубени кога силно си сигурен дека не е се залудно и конечно тргнало на подобро Опиена од мирисот на цвеќиња ги газам спомените, се фрлам во утринската прегратка и дозволувам да ме понесе тивкиот ветер на пролетта.
Облак Во перницата еден куп задржани лиги од детство и адолесценција солзи по првата изгубена љубов и страста што пердувчињата ја кријат. Прати ми ја со се сонот да видам каде ме сместуваш во чии дланки ми паѓаат образите стапалата и лакираните ноктиња веселата пред заспивање, насмевка. На неа навезени се сите ненапишани спомени дождови од неисплакани солзи и најсилната наша битка. Молњата полна љубов. Прати ми ја со се себе бела и волнеста да ме заспива кога ти. Си одиш на другиот крај на небото.
Бремено минато.. Знаете, како жена која во својата утроба носи еден нов живот, така, минатото мене ми носи премногу спомени Не можам сите да ги паметам, но, не можам ни да ги заборавам.. Секаде, во секој заборавен или не дел од моево срце се крие некој спомен кој патува кон патот на заборавот, но сепак, не сака да биде заборавен. И токму кога ќе го заборавев, се присетив на него.. Времето решило секогаш да го носи со него, да го носи со мене.. Такво е минатото мое, со спомени, кои се избледени, но не и избришани.. А постојат само ситници кои прават чуда! Прават да се присетам на тие спомени!
Романтично патетично Патетична ми е патетиката Гледаш романтика Само ти кажале дека тоа е романтика Никој не ти кажал дека е патетика Мразам романтика И мразам патетика И лажал Лажам затоа што обожавам романтика и помалку патетика но сосем малку Сега наоѓам само патетика а очајно трагам то романтика
Што посакувам-сакам Сакам... Бакнежи по дланка, борба со сончеви зраци потпрена на твоето рамо. Старото место, задлабочени во ритамот на хаус, силни раце околу мојата оскудна половина и мирис, мирис на чад-твоја цигара. Како дозволив да ми побегне тој воз, ми остана неискористен неповратен билет.. Билет кон страста,деновите на љубовта. Билет кој ќе ме однесеше до сето ова што го САКАМ.
Лутам низ невремето се прашувам Што ме снајде? зошто ли воопшто тргнав овде не ми е местото. Влагам во нов свет каде веќе нема игра каде чудно изгледаш ако се смееш каде пијан си ако пееш. Ги сожалувам возрасните, тие заборавиле што е да си дете. Тие се во тој чуден свет каде владее неред. Таму секому на секого планови му крои, таму нема игра и цртежи во бои. Таму се' е црно, бело, документи, докази на дело. Не сакам таму да појдам, се чувствувам како мравка која никој не ја ислушува, како штурец кој свири музика за глуви, како плачко на кој му прекиснало, како дете кое во мешаница вика исплашено.
Каде одат зборовите што ги премолчуваме? Се будам од долг сон... Насекаде околу мене само тишина... дебела, густа, непробојна тишина која ме гуши, која ме стега силно и не дозволува да дишам. Го слушам нејзиниот говор и таа постепено навлегува во мене. Стануваме едно. Јас станувам тишина. Тишината станува јас. Но зошто? Зошто се чувствува таа напнатост во воздухот? Зарем веќе нема што да се каже? Зарем не остана ништо неизречено? Тешки зборови кои ми го печат јазикот очајнички се обидуваат да го пронајдат својот пат, да излезат надвор, да го тргнат од мене товарот на молкот. Со мака ги проголтувам. Нека печат. Морам да издржам. И навистина продолжуваат да печат... Пламенот се шири низ целото тело. Неискажаните зборови како стрела го бодат моето срце. Боли. Убива. Срцето вреска, но разумот само шепоти. Усните само молчат. „Искажи се“ – извикува срцето – „Не дозволувај овој оган засекогаш да те измачува, не дозволувај овие стрели засекогаш да те бодат, не дозволувај да станеш роб на сопствените чувства, слуга на сопствените зборови“. „Уште малку„ – низ шепот одговара разумот – „Само уште малку... зборовите вредат само ако се искажани во вистинско време“. Усните молчат. Страдаат. Поминува ден. Поминува уште еден ден. Поминува месец. Поминува година. Времето неуморно тече. Срцето плаче. Разумот го чека вистинското време. Усните сѐ уште молчат. Купчето неискажани зборови постојано расте, станува сѐ поголем товар на душата. „Уште малку“, се тешам, „Оваа агонија мора да престане кога-тогаш“. Но, не престанува. Луѓето доаѓаат во мојот живот и си одат од него. Сѐ се менува, остануваат само зборовите што ги носам во себе. На моменти во мене создаваат вистинска бура. На моменти пак, се притајуваат длабоко во мене, ги снемува. И токму тогаш кога со олеснување ќе помислам дека веќе ги нема, дека се мртви и закопани, тие одненадеж ќе се појават од никаде, како гром од ведро небо. Уште потешки. Уште посилни. Продолжуваат да ме измачуваат, да ме водат до лудило. Нивниот плач полека навлегува до најинтимните предели на мојата душа и ја распора. Потоа пак се губат. И сѐ така во круг. „Исфрли ги од себе“, срцето моли сѐ поочајно, „Запри ја оваа тортура!“. Бадијала. Сѐ е залудно. Усните веќе заборавиле да зборуваат. Премолчувањето станало навика, молкот – секојдневие. Годините си го направиле своето. На крајот, срцето ја предава борбата и се препушта на милоста и немилоста на ѕверот во него. Исто и разумот. Усните... тие само молчат. Крајот се наближува. Духот полека го напушта телото. Земјата го покрива ковчегот. Почнува да врне... Секоја капка - еден неискажан збор. Дури и небото пробува да се ослободи од она што му натежнува. Срцето конечно се успокојува. Исто и разумот. Усните сѐ уште молчат. Веќе не постои тежина. Не постои оган. Не постои болка. Останува само тишината. Останува само молкот. И премолчаните зборови.
Онаму каде што сите застануваат со здивот - јас продолжувам да дишам. Задолжителен декор сум на некои бесни журки, а замислувам кревет, топол и мек, бројам секунди и го силувам часовникот со погледи. Подоцна, се запрашувам - зошто го правиш тоа? Зошто си ја мачиш душичката, со оние кои сите свои желби и страсти ги нагнеле во сјајче за усни кое безмилосно го размачкуваат на усните? Ти не си тоа. Ти се смееш додека остатокот наместено позира, и плачеш кога некој се смее од куртоазија на бајат виц (само затоа што шефот е наратор). Не се пикаш во парчиња на риги по секоја цена, само затоа што Вог сезонава ја диктира така, си имаш друг Бог пред кој грациозно се поклонуваш. Но, не потклекнуваш. Немаш чиче, ниту вујче на спид дајл о како ли го преживуваш денот без извештачена насмевка и лигавење без лажни ласкања, комплименти и тегавење. Онаму каде што сите застануваат со здивот - јас продолжувам да дишам. Онаму каде што сите сопираат здив беспотребно, јас го вдишувам животот со најаден поглед. Со напиени очи. И растреперено срце.
Неумесна поема на осамените 12.3.2011 (во дневникот на осамените запишав) Сама. И покрај толку луѓе покрај мене јас сум сама. Се чувствувам како Сизиф,туркајќи напред голем камен наречен живот, а тој повторно се враќа на почетокот. И така секој ден. Како птица одделена од своето јато. Како славеј без гласни жици. Како мајка ги згрижувам сите околу мене. Нив да им биде добро. Така во една мирна мартовска вечер,да се вратам во своите ѕидови. Ѕидови кои веќе вриштат: -„Засекогаш ќе останеш несфатена. Сама. “
Спремна сум Стоев таму заробена во мојот израз на испразнета насмевка стопена во атмосферата на самотијата. Барав како да купам одговор. Во хаосот барав мир во мирот хаос. Се уште стоев таму, удрив во стаклото но не се скрши. Упорно зјапав во мојот израз со ококорени очи. Разнишана во непријатноста на вистината со скаменета душа Живот во смрт. Заглавена во свет на изопаченост извртени трикови и лаги барав да искупам одговор повторно и помош да ја изработам мојата душа и да почнам да играм танц. Иако не ги знам чекорите спремна сум...