Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Чекори...

    Твојот прв чекор, и веќе прва грешка
    А веднаш со неа доаѓа, и последица тешка
    Втор чекор проследен, со солзи кои печат
    И река од спомени кои како филм во глава течат.

    Го газиш третиот чекор, со несигурност во себе
    Сета оваа реалност е недостапна за тебе
    Четвртиот чекор исполнет со твои мисли, сказни
    И веќе си како принцеза од оние бајки разни.

    Заглавена во нив, ти бараш нова шанса
    Да исполниш твоја фантазија, мечта ил романса
    Но твоите горчливи надежи, се базираат на лага
    И се' што можат да ти донесат е уште поголема тага.

    Затоа направи го петтиот чекор, и не гледај назад
    Не ги поставувај идните темели, врз спомени што газат
    Не замижувај пред сегашноста, уживај ти во неа
    И набргу ќе запешачиш по патот полн со смеа.

    [​IMG]
     
    На TheCandy880, blueeparadise, SexyLady и 2 други им се допаѓа ова.
  2. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Исто е се

    Иста е клупата на која седевме
    иста е собата во која ме остави , полна со тага
    иста е улицата по која одевме насмеани
    ист е чуварот на градината од кој се криевме
    иста е тревата по која се тркалавме
    исти се графиците на зградите кои ме потсетуваат на тебе
    исти е се само јас и ти не
    преку мостот има една птица
    ми кажува со која шеташ
    на истите места на кои беше со мене
    по истата градина
    ги гледате истите графици
    уништи се што мислев дека си
    се што сакав да си
    но едно неможеш да смениш
    ниту заборавиш.
    времето поминато со мене
    секој час , секоја минута..
     

    Прикачени фајлови:

    • ggtr.jpeg
      ggtr.jpeg
      Големина на фајлот:
      54,7 KB
      Прегледи:
      1.263
    На TheCandy880, blueeparadise и SexyLady им се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Денес го најдов ова на обично парче хартија,сум заборавила и кога сум го напишала,па да го овековечам виртуелно овде...

    ЕДНАШ
    ја вкусивме љубовта преку бакнувања во кои се разменуваат душите,преку прегратки во кои се стопуваш во едно,хармонија на мислите и отчукувањата на срцата,преку несопирливите разговори,преку насмевките и погледите кои вредат повеќе од сите неизречени зборови и кои сведочат дека неуморното трагање завршило,останала само среќата да и се препуштиш и ја конзумираш лакомо!Дознававме,учевме и се радувавме со детски елан на сознанијата кои никнеа на полето на љубовта.Две души кои дишеа една љубов.
    ПОТОА
    Дојдоа кризите...Конфликти,навреди,мали и големи повреди,тактики на студена војна...Се надвисна над нас бура која се хранеше од нашиот страв,недоверба,разочарувања,неисполнети ветувања-а потекнуваше од нас,а имаше цел да не уништи токму нас.Станавме заслепени пред среќата пасивно препуштајќи се на тагата,зачинета со болка кои како цунами потопуваа се‘,во лавиринтот налетувавме само на ќор-сокаци.Сега бевме две души кои пулсираат во ритам на меѓусебно уништување,меѓутоа имаше нешто што не спречуваше,иако не успевавме да идентификуваме што е,последната нишка на поврзаност,сомневањата ни ги нагризуваа срцата,дури ги криевме погледите.Како ветерани од боиштето на љубовта излеговме повредени,разочарани и понедоверливи од секогаш.Станавме две души кои дишат една болка.
    ШТО ПОНАТАМУ?!
    Дали ни се смилува Бог,па прогледавме дека љубовта не е само среќна прегратка,дека додека ја бараш немаш поим колку тешко е да ја сочуваш откако ќе ја добиеш,бидејќи нејзината моќ и развој не е само низ хармонијата,туку и во бурата на конфликтите и проблемите,предупредувајќи дека губењето често е трајно,нема секогаш втора шанса.Јас го добив ова со човек кој се бакнува со отворени очи и се молам да му се отвори срцето толку силно за мене,што будејќи се и заспивајќи покрај него,ќе бидеме две души кои дишат трајна љубов.
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Танцот на срцето

    Чувствувам како отчукува
    малку забрзано онака без ритам..
    Во место,на празно отчукува..
    Треперам,треперам..
    не се објаснува со зборови,се чувствува.
    Чудно е,
    како никогаш до сега,
    се случува нешто..
    Воздишка-две го осекам.
    Нека ги раскине градиве,само нека трепери.
    Убаво е чувството,се е чудно кога
    се случува по прв пат.
    Трепери срцето..
     
    На karenin, ljubam и SexyLady им се допаѓа ова.
  5. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Требаше мал состав по македонски на тема ''Трепери љубовта во срцето мое'' :)

    Љубов. Недопрена, а сепак достижна.
    Ене ја околу нас. Ја слушаме, гледаме и чувствуваме.
    Ја слушаме преку црцорот на славејчињата, ја гледаме преку гушкањето на мајка и ќерка и ја чувствуваме преку капките од дождот на нашето лице.
    А мојата љубов, трепери како свеќа на ветер.
    Ме исполнува, воодушевува и разигрува.
    Љубам и љубена сум. Пеам и опеана сум.
    Опеана од песна, опиена од љубов.

    Што и да правам, што и да чинам - се е од љубовта која ме опкружува.
    Срцето забрзано ми чука, душата милина ја фаќа, гласот затреперува ... Ме освои љубовта!
     
    На SexyLady и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Која сум јас? Насловот кажува се. Но дали? Ќе си речете, уште една девојка од соседството. Но, не. Јас сум изгубен креативец. Изгубен во безброј чувства, сеуште неиспишани на лист хартија. Со надеж да се почувствувам подобро.. Безнадежен емотивец. Вљубена душа во срж. Јас љубам, љубам со целото срце. А, вие? Вие бедни лица, одете и каснете си од задницата. Ако не ви е доволно, земете си парче и од туѓата вообразеност, и онака ја има за извоз. Јас чувствувам инспирација. Како тече низ моиве вени барајќи излез, слобода. Барајќи лист хартија. Се ќе испишам. Стихови или текст..? Не е ни важно. Само, се нека излезе од мене. Да не љубам, да не чувствувам, да не барам и талкам по пусти патишта. (И онака не ми донесоа утеха..) Не ми успева. Не, залудно е. Се е залудно. Верувајте, сево ова е за вас. Нишка на љубовност, проткаена со доволно тага и пораз. А подоцна и омраза. (Ќе ја видите во моите очи.) Па кога ништо не заслужувате. Ни еден мој збор, ни една моја солза.. Сакам иронија. И сарказам. Тихо и неосетно да се провлекуваат низ моето срце а потоа и низ моите зборови. Па, вие не ме знаете. Имагинирам во бескрајните ноќи. И срцево пулсира - само за него. А тој е нем и слеп пред светот. Па и оваа душа има шупливи празнини чекајќи некој да ги пополни. Попусто чекам. Да го фатам некој за врската и да го довлечкам тука? Да ме љуби. А јас секогаш ќе го дочекувам со студени усни.. Но, нека. Барем ќе си ги исполниме нашите празни животи на кои веќе им се гледа работ. Впрочем.. не сакам врски. И формалности. Отсекогаш сум сакала кежуал и без збор да си кажеме се. Нас тие зборови, всушност, и не ни требаат. (Само ако беше мој..) Сакам искреност. Да не употребуваме празни фрази. Мене, ништо не ми значат. Со поглед ќе си кажеме се. Потребни ни се долги бакнежи во ноќта, но онака - без обврски. Не сакам да се врзам. Ма не сакам да те сакам. Не добив ништо од тоа.. Еве.. веќе стана ноќ. А јас, зар повторно се изгубив? Ова море од лаги, формалности и безчувствителност, просто ме крши. Полека, но сигурно ме убива. А сега, напрчен господине, молам да не ве влечам за нос! Знаеш ли која сум јас? Не. Па знаев. Ни јас не можам во целост да ја сватам оваа душа. Ах, повторно ја гледам, блиску е, старата носталгија.. Не, не можам повеќе. Оставете ме.. и онака никогаш нема да дознаете што значи сево ова. Но, ако толку сакате, можеме да си играме, мачка и глушец. Но овојпат ќе биде обратно - мачката јас, а глушецот вие.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ~Одведи ме~

    Сакам да ме одведеш таму кајшто припаѓам,
    каде што мирисите и боите се топат во хармонија
    и сенките танцуваат во тивка меланхолија.

    Одведи ме таму кајшто започнуваат соништата,
    каде спомените мирисаат на пенкалца во боја,
    онаму каде фантазиите, реалноста ја кројат.

    Сакам да се таму каде опојноста се дише,
    вкусовите се мали облачиња,
    каде секој залак е прошетка
    низ зашарани со цвеќе, сокачиња.

    Да сум онаму каде не сум била
    каде мечтите се сребрени кајчиња што пловат
    во ѕвездено море од копнежи и страсти
    што скришни воздишки во ноќта ловат.

    А лагите се трепетни звуци што згаснуваат
    заедно со болката во мракот ги снемува,
    и извира целата надеж и љубов,
    онаму кајшто скришно се разденува.

    Фантазија, реалност, сон, што и да е!
    Навистина гајле не ми е,
    сакам само таму да си ти.
    Излажи ме и тивко одведи ме.
     
    На kate21, marama, De-lovely и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Плач за лет

    Не знам
    да чекорам
    морам
    да се прекорам.

    Не можам
    да шетам
    морам
    да летам.

    Липам
    под липа
    врвам
    по врвови.

    Кратко и јасно.
    Викот, гласно.
    Плач
    за лет.


    *crying for flying
    living for dying...*
     
    На SexyLady, NelChe и marama им се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Каде си?

    Помина долго време
    од кога те допрев за последен пат.
    Те побарав во многу срца
    прочитав многу песни,
    погледнав многу фотографии.
    Празнина.
    Исчезна.
    Срцето не се сеќава повеќе.
    Празна улица,
    осамени светла.
    Замина пред да стигнеш.
     
    На Miss-Sinner, skyAngel, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Билет до вечноста

    Не знаеше ниту да одиш кога те запознав. Не знаеше да зборуваш. Беше малечко, слатко, чисто, наивно, сакано, насмеано... Сеуште ја паметам твојата искрена насмевка кога ќе дојдев да те видам. Ти бев се, ми беше се. Ти беше единственото суштество на планетата во кое можев да верувам дека искрено ме сака. Се околу мене беше лажно. Се плашев за тебе. Ќе пораснеш, ќе зачекориш по животните патишта, ќе страдаш... Животот не е лесен за никого, знаев дека нема да биде ни за тебе. Себеси си ветив дека ќе те зајакнам, ќе те предупредам пред да пораснеш, ќе те научам да леташ пред да научиш да одиш, си ветив дека ти нема да бидеш како мене, дека секое моето лошо искуство за тебе ќе биде лекција.
    Ти растеше, научи да одиш, да зборуваш, те учев на најдоброто, те научив да летнеш во височините и да слеташ без да се повредиш, ти го раскажував секое мое искуство кое за тебе звучеше како лекција. Беше паметно момче. Израсна во прекрасен маж. Знаеше да се одбраниш од се...делуваше како бог...ти никогаш не доживеа ништо лошо... Велеше дека јас сум заслужна за секој твој успех. Ги мина тинејџерските години најдобро, ги изживеа... Не тргна по лош пат и тогаш сфатив дека успеав да те научам на нешто. Дека моите зборови не паѓале во вода. Доаѓаше време да ти ја раскажам најтешката лекција, лекцијата за љубовта. Онаа која мене ме остави како славеј без крила. Не знаев како да ти кажам дека не смееш да се вљубиш, бидејки тогаш можеш се да загубиш. Љубовта е како покер: се или ништо. Или добиваш или губиш. Ако загубиш, не се знае дали ќе успееш да станеш после тоа.
    Се уште го паметам тој ден кога една девојка заѕвони на вратата. Бев сама дома, ти беше на факултет. Го правев твоето омилено јадење и чоколадна торта, сакав да прославиме за положениот испит. Секогаш славевме.
    Ја отворив вратата и глетката ме потресе. Таа стоеше пред мене со солзи во очите кои иако сакаше да ги прекрие, не можеше. Ја примив внатре без да ја прашам која е и зошто дошла. Седеше и плачеше. во еден момент ми рече: „Се извинувам, јас сум виновна, простете ми за се!“
    Ја прегрнав молчејки. Не поминаа ни 5 минути, на врата дојде и полиција. Неа ја уапсија, а мене ме повикаа да индетификувам едно тело. Нозете ми беа пресечени додека чекорев до мртовачницата. Го открија...беше ти...
    Те загубив.
    Знаев дека прекасно решив да ти ја предадам лецијата љубов. Сфатив дека требало од неа да почнам. Сфатив дека прерано ти го продадов билетот до вечноста, а имаше превиоска цена.
    Тогаш беше март, топол и сончев. И сега е март, топол и сончев. Ама од тогаш до сега, иако поминаа многу сончеви мартови, во моето срце е темно и студено.
     
    На karenin, SexyLady и silvy им се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сонувам..


    Сонувам....
    Стојам на дождот,
    капките копнеж
    Воздухот мирис.
    Пшшш!
    Слушај!
    Дождот свири за мене
    шарен ритам.
    Влажни бакнежи
    на недојдена пролет.
    Ги впивам сите нијанси на љубов.
    Земјата дише.
    Пшшш!
    Молчи!
    Ветрот ми ги бакнува градите.
    Водам љубов со дождот.
    Ох невидлива љубов шепоти ми!
    Танц на меурчиња
    и тивка душа.
    Сонувам..
     
    На Nightwalker, TheCandy880 и SexyLady им се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Тлее огнот од минатото

    Шепоти,слушам краток збор
    срамежливо ја покажува насмевката.
    Ме гали воздишка од
    нежноста на тој збор.
    Кажи го,повтори го
    нека остане впечатен во времето.
    Како воздишка од среќа што
    никогаш не се заборава...
    Тишината е близу ја чувствувам,
    стопирај ја непријатноста остани!
    Сегашноста е наша..
    Ехх многу време помина од таа
    сегашност..
    Како лесно разгорливо жарче
    е минатото...
     
    На Nightwalker, ljubam и SexyLady им се допаѓа ова.
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Незнам од каде тоа чувство на незадоволство. Го гушкам и не се препуштам на неговите прегратки. Го љубам ама моите мисли се побрзи од моето срце. Имам толку многу убавини околу мене, паметни убавини, добри убавини. А како да немам ништо. И повторно сум осамена.

    Тоа беше еден нејасен ден. Вееше снег, па се појави сонце на кое снегулките светкаа а јас се топев од нивниот нехармоничен танц. Доаѓаше од некаде, ми објасни од каде ама не ме интересираше. Ми донесе свежо цвеќе и статуа. Статуа завиткана во зелена кутија. Прекрасна кутија, најубаво цвеќе. Не толку посакувана статуа. Покажуваше двајца во силна прегратка. Прегратка на очај кој приближно води кон некоја неодредена страст. Можеби и љубов која не се гледаше. Да, сигурно имаше и неколку луди ноти на љубов.

    Заспа и сонуваше. Беше во воз. Минуваа брзи слики пред нејзините очи. Дрва, темнина, земја, темнина... Страв! И само гледаше. Виде како една жена се стркала надоле по нерамнината. Жената изгледа беше мртва. Се исправи и до жената ја виде статуата. Статуата се смееше. Тоа парче железо, изгледа од тоа беше изработено, се смееше. Како е тоа можно. Го зема и го скри во својот капут. Токму тогаш го здогледа и него. Тој и се приближуваше со насмевка. А сепак беше уште толку далеку. И се слушаше неговиот глас: Ги најде ангелите мила, мила го најде ангелот.

    Двајцата се изгубивме по широкото поле. Прегрнати! Знам дека јас не допуштав да уживаме во тишината, само зборев. Се плашев дека ако прекинам со зборењето ќе исчезнеме. Тој од време на време ќе кажеше нешто со својот љубезен глас. О боже незнаев, не можев да се решам дали тој глас беше вистинит или не. Дали точно е таков или е само една слика на мојата илузија, по која мечатев. Дали мечтаев, дали стварно посакував или посакувам нешто во мојот живот? Или сакам да биде празен, без никој до мене, јас сама, без никој. Се мачев со ваквите мисли. Постојано, секогаш откако бевме заедно. Тие не ми даваа мира. И секој пат кога ќе го погледнев се смирував. Незнам дали пресудни беа неговите очи, чело? Глас?!

    Стигнавме до прекрасна цветна градина. За само еден миг ноќта се претвори во ден. Сончев, топол ден. Цвеќина насекаде околу нас. Мириси и бои волшебни, освојувачки. Беспрекорна светлина исполнета со опијанетоста на мирисот само на едно цвеќе. Јоргованот! Го соблеков капутот. Облечена бев само по едно кратко лилјаково фустанче. Бев убава, многу убава. Трчавме и се смеевме. Палви и среќни. Но одеднаш сите цвеќина овенаа. Тој ми ја подаде статуата. Ја допрев, беше ладна и безживотна, не се смееше повеќе. Во крик изустив: Од каде ја најде, ја криев од тебе, токму од тебе бидејќи ти ми ја подари. Не сакав никогаш повторно да ја видиш. А ти ми ја зема, ми ја украде.

    Среќата исчезна исто како снегулките кои беа заменети од сонцето. Мојата среќа ја снема и на нејзино место дојде рамнодушност. Ја фрлив статуата од возот и знаев дека мојата насмевка никогаш нема да се врати. Замина некаде со неа. Скршена!

    2011-03-18
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Се строиме мирно да купиме билет за вовчето.
    Се качуваме уште помирно.
    Мирно вози вовчето, просто плови низ шините.
    Мирни се гранките, мирува пластичната ќеса.

    Одеднаш кавга.
    И се расплакав.
    Мирно.

    Со симнувањето, ми се качи планина на душата.
    Мирно ми мафна за збогум, мирно си отиде.

    А во мене... бура.
    Се построив сама,
    а сите околу мене се буткаа крвнички.
    Се качив бесна.
    Лудачки шибаше вовчето, просто ќе излеташе од шините.
    Гранките гргореа, пластичната ќеса безумно се лулаше на ветрот.

    Одеднаш мир.
    И се смирив.
    Бесно.

    Со симнувањето, ми се симна планина од душата.
    Мирно те клоцнав за збогум.
    Бесна си отидов дома.
     
    На TheCandy880, marama и SexyLady им се допаѓа ова.
  15. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Причини заради кои сакам да сум со тебе...

    Затоа што го делам времето на такво кога сум и кога не сум со тебе...
    Зашто уживам во секој момент минат со тебе...
    За сите оние морници кои заводливо ме лазат на секој допир твој...
    Или твоите бакнежи, кои ги посакувам како трофеј свој...
    А што да речам кога ме гушкаш, и во тоа јас уживам?
    На секоја твоја арома, која јас љубоморно ја опивам.
    Не заборавам на твојата насмевка, како сончев зрак што ме гали,
    Ни на сите нешта што си ги приредуваме, оние слатки задоволства мали
    Можам уште многу да набројувам, ама се' се сведува на едно
    А тоа е дека одвај го чекам нашето гледање следно!

    [​IMG]
     
    На broken099, TheCandy880, SexyLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Кога би можела,
    светот во две кутии би го собрала.
    Во црната тага, солзи, патила,
    белата среќа, љубов и бисерна насмевка.

    Црната ќе ја стопам со топла прегратка,
    а другата ќе ја претворам во сјајна прашина.
    Ќе ги посипам сите што чекорат на земјава,
    ќе им подарам радост, чиста и искрена.

    Само себеси јас не можам да си помогнам...
     
    На Hayley, sweet-cherry, SexyLady и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Љубовта е... (скала)

    Страст,
    не само секс.
    Подадена рака,
    од земја што крева.
    Единственото чувство
    кое нема да ве изневери.
    Чувство кое прави да знаете
    дека секогаш ќе бидете верни.
    Љубовта е она што го љубите вечно.
    Вечно!

    [​IMG]
     
    На TheCandy880 и SexyLady им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Летно, топло утро. Две испреплетени, испотени, голи тела лежат во зелено-жолатата прекривка. Од прозорецот влегуваат зраците од сонцето кои се борат со зелената завеса. Ја буди неговиот поглед и рацете во нејзината коса. Ги отвара капаците на очите кои кријат црни филџани, врамени со црни, долги трепки. Го бакнува и и станува од креветот. Со лесни движења чекори низ ходникот и се насмевнува за себе си, бидејќи го чувствува неговиот поглед. А тој лежи сеуште во постелата и ја набљудува нејзината за него совршена силуета кака заводливо се движи. Знае дека таа знае дека ја гледа. Влегува во кујната. Мала, но практична, на левата страна маса и две столици, доволни за нив двајцата. На десната страна поставени сите кујнски елементи во сиво-црвена боја. Лутајќи со погледот низ елементите го зема црвеното ѓезве, од кутиите става лажичка шеќер и кафе, а со мислите оди кај него, прашувајќи се -Зошто сеуште не доаѓа по чашата млеко? Зема филџан и тргнува да го наполни со вода. Одеднаш целото нејзино тело затреперува, рацете и треперат и го остава филџанот и водата од чешмата да тече. Тој застанат зад неа, ја бакнува во врат, а со рацете шета низ нејзинотот тело, посебно задржувајќи се на нејзините колкови. Ја припива до него, а со усните се спушта се подолу. Градите и набрегнуваат,а силни воздишки се слушаат од нејзината усна. Повторно неговите усни се движат накај нејзиниот врат, со рацете ја допира за градите,а таа едвај чека да навлезе во неа. Но, тој одеднаш се трга. Го зема филџанот и става вода во ѓезвето,а потоа го става на оган. Се приближува до фрижидерот од кој го вади млекото и полни една чаша, која неодамна таа му ја подари. Повторно доаѓа до неа, ја бакнува во усната, а потоа во градите и и вели- Уживај во утринското кафе. Заминува тој од кујната , а сега таа го следи неговото голо тело кое ја повикува назад во спалната. За момент се забележува како гледа низ прозорецот двајца како се љубат под сенката на едно дрво, погледнува накај масата на која стои филџанот со половина испиено кафе. Дали ова беше плод на мојата фантазија или навистина се случи утрово? Со трчање отиде до спалната. Таму лежеше тој,а до него на наткасната стоеше празната чаша од млеко. Се припи до него, со раката почна да шета по неговото голо тело, а потоа со раката го допре неговото меѓуножје и помисли - Кафето ќе почека.
     
    На TheCandy880, Theodora, 2468 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ветување

    Солзи заглавени во моите очи
    сите си мислат се е во ред
    Но се е бледа маска
    на мојата реалност.
    Ми вети ќе биде безбедно.
    Но не!
    Сакам да заспијам.
    Ѕвезда паѓа
    како сон кој умира.
    Се е со вкус на отпад и омраза.
    Срцето кора што се лушти.
    Ќе ги затворам очите
    нека заспијат сите мои причини
    и болката во секое делче
    што ме прави целина
    и нека денес стане вчера.
     
    На noskirT, TheCandy880 и SexyLady им се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    " ... A таа чекореше лесно по тлото на земјата и во моментот, како целиот свет да беше нејзин. Наоколу само неми лица, со празни и тапи погледи кои верувам го пречекориле работ. Но таа ништо не забележуваше, не се обѕрнуваше на сите тие солзи кои до пред некој мал, незначаен период и го покриваа нежното и бело лице. Тие сега за неа беа толку далечни. Небото стана тмурно, почна толку да врне, ах, тоа беше најголемиот дожд што сум го видела и почувствувала во срцево. Луѓето нервозно брзаа, одеа некаде, а како да беа изгубени, бескрајно изгубени. Нејзината коса, веќе значително наводенета од дождот, се вееше на ветрот, истата онаа коса низ која пред малку поминуваа неговите прсти. Како што дождот се засилуваше, таа се повеќе го забавуваше својот од. По ѓаволите, колку беше таа прекрасна, обвиена во таа проклета и деликатна убавина што маѓепсуваше. Сите ја посакуваа, толку многу ја посакуваа но никогаш не ја добија. Зашто нејзиното срце отсекогаш припаѓало на друг. Некој, кој никогаш не ја заслужувал. Таа не веруваше на туѓите зборови, само го чекаше денот кога тој ќе биде повторно нејзин. Не и беше важно дали ќе ја љуби, дали нешто ќе му значи, сакаше барем уште еднаш да ги добие тие усни, отровни усни. Истите оние усни од кои таа стана зависник. И сега повеќе не и беше важно дали тој беше променет и што секој пат ја дочекуваше со ладен поглед и безволна насмевка. Сега тој беше нејзин, но тој никогаш нема да и припаѓа на неа, како што и припаѓаше тогаш.. Веќе немаше љубов во неговите очи. Веќе ја немаше онаа негова топлина кога ќе ја земеше во неговите прегратки и не сакаше да ја пушти да си оди. Се прашував како може да биде среќна живеејќи во лага. Но таа еднаш ми кажа “ Го знаеш ли чувството кога сакаш некого толку многу што веќе си очајна и би направила се за да го имаш повторно кога веќе си го изгубила?! Сега, јас сум среќна што го имам без разлика на тоа што тој не ме сака и веќе никогаш нема да ме сака.. “ Неможев да поверувам на она што го слушнав. И искрено, никогаш не сум се почувствувала така а верувам и нема да се почувствувам. А сеуште ги паметам деновите кога таа бегаше од луѓето со надеж дека ќе се скрие, и дека се ќе биде подобро. Вртоглаво брзо од врвот таа падна на дното. Се заради него.. За жал, и самата знаеше дека од дното нема пат за назад. После се, после сите пролеани солзи и болката која ја чувствуваше таа се запраша “ Дали ова воопшто вреди?! Ах драги, на кого ли паѓа твојот поглед кога не сум јас тука? " .. Но никогаш не го доби одговорот на тоа прашање.. “
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.