1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    СЕ ЗАЉУБИВ ВО ОВА! :)
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Изгубен
    Сакан
    Повеќе не.
    Омразен
    Ветен
    Еднаков.
    Доволен.
    Само исповед.
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Буквалност


    Во четврток
    сивилото лежи како јорган врз старец.
    Мојата уличка е таква.
    А јас сум канделабра,
    во жолт свиок и студ што жмирка под напон.
    И бездруго,
    знам каде ќе заврши овој ден.
    Во ѕвекотот на лажичката
    како тоне во топлата чоколада.
    Шлагот е модерен облак
    симнат од небо
    за да не плачат малите љубовници.
    Ќе отпатувам, до центарот на градов
    и ќе седнам во некое топло катче
    ефтина храна,
    завеси што се веат по ритам на музика
    пиво и помфрит
    лута навика.
    Имам стомак за раѓање и папок во кој се садат цветови.
    Имам град кој во четврток е празен лист
    и чека, како и сега.
    Да го објавам.
     
    На Miss-Sinner и missperfect им се допаѓа ова.
  4. cakii

    cakii Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    18
    Леле останав без зборови.. Толку многу се воодушевив од твојата поезија. Премногу ми се допаѓа твојот стил на пишување. Прекрасна си !
     
  5. Katja.efremova

    Katja.efremova Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    91
    Еве нешто постаро од мене:

    Первертирана бајка

    Природен си како јаболко.
    Го сакам твојот грев.
    И црв.
    Секогаш ми даваш задоволства.
    До врв.
    Особено кога по напорен ден полн со негативци
    Се спојуваме
    Јас цимет
    Ти јаболка.
    До болка.
    Си ја штрудлираме ноќта.
    Добро е кога можеш задоволството
    во готвење да го претопиш.
    Не сум Снежана, тоа заклучивме.
    Така да..
    Кралски правеното јаболко = Ти.
    Е мевлем за моите потреби.

    Природен си како јаболко.
    И кога ќе те пресечам.
    Има во тебе форми.
    Што ми го закиселуваат непцето
    кога денот е полн со блажени лажни насмевки.
    Ти си освестувањето.
    Си ја штрудлираме утрината.
    Свиткани во ролна од ќебиња.
    А шеќер во прав ни се...
    Соништата.[/quote]
    Shelea mnogu mi se dopagaat tvoite dela ubavi zborovi sleani vo edna celina tolku ednostavana a tolku sovrsena..bravo za talentot :)
     
    На ladyonee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Фала ви, драги девојки! :)
     
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Сепак сите гледат во месечината...

    Таа плака за него,
    скриена во некој нејзин агол со сенки од минатото,
    во темна соба, малку осветлена.
    Месечинта лицето и го просветлува,
    но не и душата.
    А и тој тажи по неа,
    пие ефтино вино,
    белки неговиот мирис ќе го прекрие нејзиниот.
    Што е поентата со ѕидот меѓу нив,
    сепак гледаат во иста месечина.

    Гледам група од неинтелигентни фаци
    се чудам на нивната лажна светлост,
    сонце од две-три краци.
    Но тие не гледаат во мене, туку во месечината.

    Бивши љубовници на тротоар пушат цигари страсно.
    Тој гледа во нејзиното со црвена трага,
    молејќи се да биде на неговата усна.
    Но и тие ќе го заборават копнежот
    и ќе погледнат во месечината.

    Верници се молат за прошка
    да не им се наплати гревот,
    но сите мислат само на едно-
    комшијата да не и го зеде лебот.
    Но колку и да се гадни, тие секогаш гледаат во месечината.

    Се движам по слабо осветлениот пат,
    кој не ме плаши,
    само од луѓето што стоат на него ме лазат морници.
    Тие сите занесно гледаат во нејзиното височество,месечината,
    опиени со нејзината светлост,
    насладени со нејзината сочност.

    А јас...мотивирана поетеса со уметничка душа,
    заробена во минатото,
    која копнее по љубов страсна,
    не може да ја сфати нејзината убавина.
    Па таа е овде да не ослепи, а не да не заслепи.
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Секс

    Јас
    сум безобразна
    имам мисли
    што те врзуваат
    за кревет.
    И за очи.
    Па ако.
    Затоа ме сакаш
    нели.
    Кус приказ
    на реалноста
    Ласцивни
    парчиња
    на хартија
    Соблечи ме
    додека зборувам.
    Голи реченици.
    Гребам
    по твоите раменици.
    Сама
    кога те барам нагонски.
    Да се слизнам
    во зоната на посакувањето.
    Лижалка во халуциногени бои
    Мек кревет.
    Нафрлани зборови.
    Сакам
    Еротика
    Кога
    Сме.
     
  9. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    70



    Благодарам :)
     
  10. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    70
    насловот на безимената.

    Никогаш нема да можеме да се плетеме во виолинскиот клуч
    онака добро како што нотите се везат на петолинието.

    Никогаш нема да можеме да бидеме извичници на платно..
    ниту пак прашалници од паста...

    Прашината останува прашина...нека се крене и до небо ако сака.


    Ние всушност секој ден се раќаме во тоа е поентата и зошто сме прашина
    и зошто немаме виолински клуч ниту свое дело на платно...


    ние...илузија на парче балканска земја.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    70
    Полноноќни пикавци и мирис на џад...

    Го фрлив последното догорче од поседната цигара . Паклата е празна. Мистично ми крои рак во внатрешноста на белите дробови. Гајле ми е! Нели еднаш се живее?
    Гледам во универзумот скриен во моите долки и несредени шишки кои мерисаат на лак за коса. Неподнослив мирис од вчерашната фризура. Ми доаѓа да плачам. Ми недостасуваш . Ми фали прегратка.. Три дена ги немам видено твоите очи и почнувам да кризирам. Вљубена сум дури и во пепелот кој паѓаше на терасата вљубена дури и во мирисот на чадот кој излегува од слабо запалениот оган... Целиот свет се врти околу твојата насмевка.. а ти толку многу проклето ми недостасуваш.

    Еден часот и двааесет и три минути . По полноќ. Не ми се спие не ни сакам да спијам сама... Умирам до желба да те видам да ни се спојат телата во една силуета и да се движиме дијагонално кон некој нов свет. Јас да бидам твојата Венера. Ти мое се.

    Да се вивнеме во височините несвесни за тоа како ќе ги изгубиме животите во еден здив. Ми недостасуваш... можам роман да напишам.. и пет пакли да испушам нема да ми помогнат.. и пет вина да потечат во мојата невина женска крв повторно нема да се доволни за да ја убијат оваа носталгија...

    Се чуствувам толку моќно и толку ситно истовремено. Како пијаница фатена во сопствена мамка барајќи го пепелникот истура пепел во чашата.

    Моќна сум зошто те љубам и зошто знам дека ја добивам истата љубов назад...Ситна зошто толку проклето ми фалиш!!!


    Неумеам да го дишам воздухот додека не го поделам со тебе. Нити пак знам да заспијам без да го почуствувам твојот мирис на мене...

    Ќе те сонувам оваа вечер .. тајно ќе влезам во твојот хоризонт и ќе ти го подарам се што е мое....

    Утре ќе те видам. Утре ќе се споиме.Но утре пак ќе ми недостасуваш...




    Никогаш нема да ја разберам поентата на љубовта... но знам дека секогаш ќе љубам .


    и тоа никој друг... освен тебе!!!!! <3
     
    На bibb.y му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    70
    Се прашувам зошто се е ужасно во шољата полна со чај?
    Зошто сите атоми се озборуваат еден со друг?
    Како да не сакаат да се сплотат во една супстанца?
    Се ми е така. И кафето. И чајот . И времето.
    Нејасна појава ми е 21 век. Нејасна туку така испишана како да мора да се живее.
    Понекогаш се прашувам дали јас дојдов од спермата на татко ми? И дали навистина излегов од стомакот на мајка ми? И како настанав...како можеше да се направи грешка да се родам во време место кое не ми одговараат. Во време од корист. Во време кога сказалките од часовникот се способни да ти ја испијат крвта и да ти го изедат бубрегот. Како може комшија да те краде интернет? Како може во продавница да чекаат 1 денар?

    Нејасно несватливо незамисливо.


    Ме боли помислата дека нема иднина. А подобро и да нема. Барем ќе знам . Нема и готово. А сега има се а нема ништо!


    Гнаси Гниди Изроди Лихвари Пијаници Непромислени Изопачени Курви Кукавици.





    Има има има многу.... Има... Да можам ќе извршам масакар на општеството денес!!!!!


    Ќе останам со некои луѓе сама на топката. Па што?! За кој кур ми се дволични и горе наведените?! Гајле ми е за нив. Не ги мразам ама ќе бидам среќна доколку тие ме мразат мене.... така живееат во мисла да ме убијат стављајќи отров во своја уста!!!!!!




    Нека започне маскембалот.!
     
    На maci95, MarchelineAmaru и blueeparadise им се допаѓа ова.
  13. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    70
    Силуета.


    Беше осамена..Само како што девојка може да биде..Секоја вечер трагаше по страниците не своето минато за да види дали некогаш била жива...бидејќи се несреќи и се случуваа..
    Осаменоста за неа не значеше болка.. туку покана за танго во светот на солзите...
    Иако лицето и беше врело и испечено .. не од страсни бакнежи ниту пак од шлаканици.. туку од солзи солзи кои удираат по образите како што камените удираат во мирна вода... и се врежуваат цртаат лузни ..! Девојка беше девојка која што живееше од несреќа а се хранеше со љубов која никогаш не ја добиваше во целост.. туку само кога ќе и платат затоа и не ја гледаше разликата меќу парите и љубовта ... затоа не ја гледаше разликата меѓу телото и душата.. беше жива марионета на непромислени гадови.. на пијаници.. на секој... за ебени 500 или повеќе денари љубов... Таа мислеше дека љубов е бела црта или задоволство за вечер...Мислеше дека љубов е кога некој те гледа и ти кажува колку вредиш...Но чудно беше тоа што знаеше да сака...Си ги сакаше солзите осаменоста љубовта ... никогаш не ги сакаше парите... нејзе не и ни беа потребни тоа го правеше од љубов кон човекот со кој легнуваше без разлика каков е го рпавече со љубов кон физиката која ја примаше...

    и прости Бог по нејзината смрт..

    Простени и се сите гревови, зашто имаше многу љубов, кому малку се простува тој малку љуби.
     
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Osamenost

    prazni ulici.
    nok nad gradot.
    tisina razgorena...
    mi se dopaga! uzivam setajki sama,
    a toa ja pravi razvioreno
    kako mene edna dama.

    veterot nezno me gali,
    so zvezdite tancuvam
    bezgizno i srekno...
    oh, dali e ova toa sto go posakuvam?
    osamenost?!
    osamenost, ti si sopatnicka moja,
    a jas zasekogas ke ostanam
    gospodarka tvoja!

    se dvizam poleka
    niz lokacijata nepoznata.
    vo dalecinata silueta,
    silueta prizvlecna i zavodliva.

    da!
    go cuvstvuvam negoviot parfem.
    go gledam kostumot
    od ulicnata svetilka osvetlen.
    go simnuvam pogledot
    kon zarot od cigarata
    koja tajno i primamlivo tlee...
    na takva ubavina da se doblize
    nikoj ne umee.

    vozot pomina...
    toj vozdivna.
    ne! ne bese toa negovata linija.
    si rekov: ,,soberi hrabrost i ulicata pomini ja.
    doblizi se do nego, pobaraj mu ja zapalkata vesto!
    a za dama kako tebe
    toj bi napravil sesto!

    no, zastanav!
    zvukot na naredniot voz me predupredi...
    sega bese na pragot vistinata
    od koja mojata zelba bese prekinata.

    ostanav sama
    so cadot od nedogorenata cigara
    frlena na zemjata.
    da!
    maskata silueta zamina-
    dojde negoviot red.
    jas prodolziv da cekoram niz nepoznatoto mesto
    sto porano ne mi se slucuvalo cesto.

    zamina toj,
    dojde negoviot red.
    a jas ostanav so nadez
    deka povtorno ke me zapleni
    negoviot sarm naredniot den!

    ubava eee? :roll: :roll:
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: :clap: Ќе те биде :D
     
  16. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    :oops: :oops: ne zezaj :lol: falaaa mnoooguuuu :roll:
     
  17. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    676
    2468 :clap: :clap: :clap: :clap:
    Bravos...treba uste da rabotis ,ama zamislata ti e super!
     
  18. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    Каде се твоите тажни погледи, оние кои ми ги упатуваше секогаш кога бев во право ?
    Каде се оние твои тивки воздишки, со кои ме мамеше назад во твоја прегратка ?
    Каде се твоите топли бакнежи, со кои ме испраќаше далеку, оние кои ме носеа во други димензии ?

    Сега, мојата меморија е твојот дом, живееш само во моите сеќавања.
    Сега, кога чајот го пијам без мед, зашто веќе не ми е потребна слаткоста негова.
    Сега, кога горчливото чувство во мојата уста те опишува,
    Сега, тебе те нема.
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Неделна

    Кога си играме
    со моментите...

    Болат стапалата потоа.
    А јас само сакав да си кажам
    Дека си го продадов животот
    и поим немам каде ми е фискалната...


    Мислам дека ја фрлив
    А може и ја изедов!

    Вкусно е да се има сопствената цена.
     
    На Linn1, missperfect, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.564
    Спомен,миг и јас

    Да знаеш да го сакаш своето утре е како неочекувана лотарија,лотарија на животот со среќно извлечена среќка,да го сакаш светло и оптимистичко каде нештата се движат паралелно со времето,ниту порано,ниту подоцна,навистина е успех.Среќката не ќе беше среќка,а уште помалку пак среќна ако не знаеш успешно да ја извлечеш,живееш,искусиш и проникливо да и погледнеш во очите каде ќе ја пронајдеш сета вистина на светот знаејќи каде ти се корените и зошто си ти денес тука,а не утре некаде другде,знаејќи дека вистината пече,а не боли,а истовремено ти дозволува да живееш во надежта која ти дозволува доживувње на нештата помалку возбудливо од реалното за да те натера да се бориш и застанеш и поставиш темел кој утре ќе биде спомен,а ти борец.
    Често се прашувам зошто наутро кога ќе се разбудам мирисот на кафе ме потсетува на мајчиниот бакнеж пред училиште некогаш,кој можеби денес ми пречи зошто мислам дека сум голем,но сеуште ми е мил како некогаш?И често знам да се запрашам зошто гласот на татко ми ми одѕвонува во ушите со прекор секогаш кога сакам да направам нешто погрешно,а со понови зборови и искуство го нарекувам совест и знам зошто не го правам она кое што сум го наумил,туку си велам не,зошто некаде длабоко останала трага која ми ги дава параметрите на исправното и не ме пушта да скршнам и да потклекнам ами бодро да се исправам и продолжам,зошто татковски збор не се гази,а уште помалку свој.
    Да бидеш човек без спомени,не си човек.Да немаш свое вчера кое оставило трага во тебе,можеби лузна или благ мирис на убавина и спокој е навистина жално и би го споредил со блага агонија на писател без инспирација.Тоа е исто како да се движиш низ недефинирани светови и да не знаеш каде ти е домот.Да мирисаш устојан оптимизам,а сеуште да те држи восхитот и страста да направиш нешто од себе е токму заради тоа што знаеш каде си бил некогаш,а каде си сега и каде можеш да бидеш,спомен кој те прави баш тој кој што си.
    Секој присет те носи некаде назад и знаеш зошто ова денес го правиш или не го правиш и знаеш зошто стоиш зад себе,а не токму зад некој друг.Токму некаде таму во спомените стои тајната на твоето јас,твоите егзистенцијални причини и зошто токму тебе ти е дадена таа единствена шанса за живот која е далеку од трепет на пеперутки,туку на чиста љубов,а необично убава е помислата дека тоа носи една совршено добро создадена тежина наречена живот.Ти дава право еден ден да застанеш пред своите поколенија и држиш беседи и лично ти,а не некој друг да говориш за спомените низ искуства,не дозволувајќи да се изгуби веродостојноста и дрската вистина за твоето постоење, ништо не е попостојано и потрајно од самото време со спомените низ него кои како остри парчиња од скршен кристал оставиле вечна трага и се дел од твоето битисување.
    Спомените го донесоа денес,она заради кое можам да застанам гордо и да го кажам своето име и да го понесам славно до следното утре и она утре после утрешното.Да не беа тие,немаше да имам простор да се себеидентификувам и да знам зошто моето место е тука,ниту пак ќе знаев што е она што ме чини среќен и без никаква театралност и посебност ми дава мотив да се движам и денес да поставам темел за нов спомен,искуство,цигла врз темелите на мојата личност за некаде во иднината.
    Да се движиш низ животот со постојан мотив не е возможно ако ништо не знаеш или ништо не си научил,ако не си почувствувал болка која ти го пара срцето или среќа која ти дава енергија за уште стотина светови,леснотија да танцуваш по дождот и да се радуваш како даден гол во последна минутка,токму за да ти застане здивот.Не ќе знаеш дека со едно трепнување на очите нештата се менуваат и дека она што боли утре ќе скокотка,а она што денес е убаво може утре да стане неубаво,дека времето е недопирливо,затоа е страшно да го изгубиш без да оставиш позадина и личен печат.Затвори ги очите и речи си,што и да е ќе помине,а нема нешто кое што не го можам,затоа што јас умеам,зошто знам дека сум научил нешто од себе,од мајка ми и татко ми.Тие ми ги создадоа спомените,тие ми ги создадоа темелите,а јас ги ѕидам тулите кои истовремено се тешки и лесни заради желбата да бидам нешто повеќе,а е создадена уште во моментите кога научив да ги врзувам врвките на патиките или можеби кога го дадов првиот кош,а бев заедно со татко ми сам на игралиштето,но имав чувство дека ме гледа цел свет,бев толку малечок,а истовремено толку голем за човекот кој стоеше наспроти мене гледајќи ме со сета топлина на сонцето и ме водеше и сеуште ме води низ животот благодарение на неговите спомени кои имаат тенденција да станат мои.
    Мирисот на квечерина носи оптимизам,зошто некаде длабоко во меморијата ми оставил впечаток дека носи нешто убаво и можеби токму тогаш сум научил нешто кое што во моментов не можам да се сетам што,но сигурен сум дека подоцна ми донело многу убавини.Можеби моите алатки се иззабени,но јас и понатаму се трудам да ги градам искуствата и да се градам себе,за да еден ден застанам и речам дека јас навистина сум човек,вистински човек,кој некогаш имал калливо лице,но некогаш бил облечен и во најсвечена руба и еднакво добро знам да се носам со двете,зошто ете јас сум вистински човек кој знае зошто е тука.


    П.С.Смешно е што текстов го напишав за еден малишан за писмена по македонски,па затоа е во машки род. :D