Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Спомен за една љубов

    Сонцето блескаше уште од самото изгревање и „бесрамно“ навлезе во собата на Ања! И го помилува лицето и полека ја будеше. Навидум тоа изгледаше како да е ден совршен за шетање, како во тој ден да не може ништо лошо да се случи. Водејки се од тоа, го зеде телефонот в раце со цел да го побара саканиот за да го поминат денот заедно, но лицето и се измени кога виде дека има порака!
    „Златичко, штом ја видиш поракава јави ми се. Итно е, ама не сакав да те будам. Те сакам“
    Веднаш му се јави. Се договорија да се најдат. Ања брзо се спрема и излезе, а тој веќе ја чекаше таму! Се бакнаа за поздрав, но тој бакнеж не траеше долго како и секогаш. Иван, нејзиниот дечко. брзо се оттргна.
    -Морам нешто да ти кажам. Не те викав за џабе толку рано.
    Ања молчеше, не изусти ни збор.
    -Има нешто што не знаеш, има нешто што не успеав да го скријам од тебе. За овој период кој го минавме заедно сфатив каква си. Но, минатото си го носиме со нас. Јас многу се изменив и ти тоа го знаеш, ама семето кое сум го посеал некогаш иако не го негував, иако не го полевав, иако не го гледав секојдневно, даде плод. За жал, даде! Синоќа добив евен коверт во кој пишуваше нешто што ни ти ни јас не сакаме, нешто што не ни помисливме дека може да ни се случи!
    Таа се скамени, а тој не можеше повеќе да зборува. солзите протекоа низ неговото лице! И го подаде ковертот. Ања го отвори и го прочита! Беше лекарски извештај за состојбата на Иван.
    -Умирам, душо! Дрогата од која се одреков сега го даде својот плод! Сега ме убива...
    Таа му се фрли в прегратка, го гушкаше, го бакнуваше додека солзите и течеа.
    -Не, не, нееее! Тоа не може да е вистина! Мора да е грешка. Не, ти не смееш да умреш, не смееш...што ќе правам јас без тебе??!!
    И во тој налет на болка и солзи таа изусти:
    -Да се венчаме! Сега, веднаш. Сакам траен споемн од тебе, ако заминеш да имам нешто твое! Сакам да имаме дете! Но, сака дете кое ќе го носи твоето презиме, сакам јас да го носам твоето презиме!
    Знаеја дека таа идеја е луда, но ја остварија! Наредниот ден беа маж и жена! И двајцата беа доволно зрели за да знаат што прават, па никој не им се мешаше!
    Живееја во среќен брак, ја дочекаа и првата годишница заедно. Тој ден Ања ја доби најубавата вест: беше бремена! Сакаше вечерта, за време на вечерата да му ја соопшти! Беше се спремно за убаво да прослават кога заѕвони телефонот! Тој беше мртов, го нашле умрен во канцеларијата во која работеше!
    Иако, таа го очекуваше тоа сепак беше скршена, премногу го сакаше за да ја поднесе загубата лесно!
    Сепак, тој и остави вечен спомен на него...
     
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Секој збор е залуден!


    Да...
    лошо ми е, не можам веке да ја издржам оваа болка, не можам повеке да се соочам со изгубеното, касно сватив.. но некогаш бар сватив.Сакам да се вратам да бидам мала па единствена грижа да ми биде дали ке ме поплукаат на жмурка, единствена болка да ми биде кога ке го соринам коленото.. болката тогаш немаше во мене да гние, да гние да ја копка се подлабоко и подлабоко раната.Го мразам секој ден, секој момент, секој час поминат без тебе.
    Седам во собава, мислам на тебе, единствена светлина што ми го просветлува патот е таа од месечината која се мачи да навлезе низ пукнатините на ролетната.. го слушам звукот на тишината, но сето тоа ке беше пријатно да се чуствување твоето пристуство во воздухот како некогаш.
    Некогаш кога со твојот поглед ми го отвараше срцето, ме носеше до дестинацијата која немаше крај - небото, љубовта ме опиваше, твојата насмевка ме допираше длабоко во срцето.
    Некогаш бев девојчето со насмевка на лицето, некогаш бев таа што сите ги тешеше дека секој ден е подарок, ден без насмевка е изгубен ден, дека сите ке си ја најдат љубовта кога-тогаш,некогаш бев таа што ја создаваше позитивната атмосфера во околината која ме опркужуваше ... но сето тоа беше НЕКОГАШ.
    А сега?До каде стигна оваа девојка што секој ден и беше мил, што ја чуствување прегратката на среќата?
    Да велат дека надежта последна умира, но најтешко е да се живее со помислата дека таа сепак некогаш умира :( .
    Отфрлена од светот, со скиселено лице, без љубов се борам против ноќната бура наречена живот и против злото наречено човек.
    Оладија чуствата кон некој што ми беше се‘, сега залудни се сите очекувања за мене, сите насмевки и погледи.Сега сум само порцеланска кукла, без чувства, без срце, без надеж за подобро утре.
    (LIAR :lol: )
     
  3. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    За љубовта

    За мене љубов, претставуваш ти.
    Насмевката, погледот, гласот твој
    со тебе чуствувам таков спокој.

    Да сакаш и да бидеш сакан
    е желба на секој човек,
    а кога го сретнеш вистинскиот
    биди со него довек!

    Љубовта е потребна на млад и на стар.
    Потребна е како дожд во Сахара,
    потребна е во секој дом
    потребна како жица на гитара.

    Затоа, љуби и не разочарувај се
    сакај и обиди се!

    Биди среќен, исполнет со љубов
    исполни ја својата душа
    бидејќи има некој на овој свет
    што те гледа, што те слуша!
    Многу ли е грда, за патронатот ми е! Ај искрено ми кажете.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    Еднаш многу одамна, кога сонцето не изгреваше, кога беше вечна ноќ и радоста не постоеше на земјата, се роди едно бебе, едно бебе бело како облаче, со златна косичка која блескаше чиниш сака да го осветли светот. Три дена по неговото раѓање трите наречници дојдоа да му ја исткаат судбината на бебето.
    Првата го погледна бебето, а тоа и го возврати погледот. Таа прорече: "Ти си роден за големи работи, ќе поминеш многу маки, но ќе ја донесеш на земјата радоста. Името ќе ти биде Ѕвездан, како ѕвездите што сјаат на небото очекувајќи го враќањето на сонцето."
    Втората го погали за косичката и овие зборови излегоа од нејзината уста: "На твојот пат ќе застане девојка, таа ќе биде твојата љубов, но ти имаш чисто и храбро срце, ќе ги проѕреш нејзините намери и ќе успееш во твојата мисија и за тоа ќе бидеш награден."
    Третата, злобна и зајадлива, бегло го погледна бебето и процеди низ заби: "Твојот пат ќе биде послан со трње, ќе пролееш многу крв..."
    Бебето заплака, а наречниците истиот час ги снема.
    Мајката сабајле стана со едно име на усните. Ѕвездан. Нејзиното златокосо бебе ќе го носи името на сјајните ѕвезди.

    Го погледна во блескавите очи и една златна кадрица му ја намести зад увото.
    "Синот мој, светлото мое"-помисли мајка му гледајќи колку порасна Ѕвездан во изминатите години. Не беше она слатко, весело бебенце, сега беше млад, строен маж. Маж кој ќе ја напушти и ќе оди да си ја исполни својата судбина. Ноќеска сони сон, во кој го гледаше Ѕвездан како тргнува на пат и знаеше дека времето е дојдено. Беше полна со грижи, но судбината веќе не можеше да чека, луѓето предолго живееја мрачен живот, живот во темнина и беше време сонцето повторно да го краси небото, луѓето да се смеат и да ја почувствуваат радоста во своите срца.
    Така Ѕвездан тргна да стане херој и да ја најде својата судбина.
    To be continued :mm:
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Трагачи

    Како топол ајвар
    налегнат на леб,
    Ѓаволски налутникав
    исполнет со грев
    овој мирис
    на Јас и Ти
    никако овде не може да постои.

    Да го заробиме
    во погледите
    во огледалото
    меѓу запците од мрсните чешли
    во јазлите
    на преврзаните чевли.

    Јас ќе го оцртам
    на шамичето со кое се пребриша
    оти носот ти е полн спомени
    со тој прав од сеќавања
    (не’ разбуди конечно...
    и посака)
    Да ветвее во заедничката постела.
    Да оживее во наредната разделба.


    Отседни, налути го погледот
    вдиши од она што го изговарам:
    Трагачи, сме
    на создадениот јазик
    на Љубовта.
     
    На LivingGlam, 1209 и marama им се допаѓа ова.
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Обични-необични мигови

    Преплетени стоеја нејзината и неговата.
    Преплетени нивните дланки.
    Нејзините нежни,невини.
    Неговите силни,цврсти.
    Неколку секунди чувство на средба,
    допир се беше толку кратко.
    Таа срамежливо се секаваше на тој миг,
    за него тоа беше само уште едно меѓу
    многуте преплетувања.
    Таа сега ја набљудува својата дланка,
    сама.....
    Тој ја преплетува својата со некоја туѓа,
    тој има со кого,не е повеќе сам.
    Еден миг за некого многу значи,додека
    за друг е само нешто секојдневно.
     
    На De-lovely, skyAngel, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се загледувам во тапиот агол на светлината
    молитва повторувам во себе и плачот силно го стегам
    сакам да го чувствувам немиот шепот на тишината
    од сенки во ноќта се будам со врисок и од нив повторно бегам.

    Го расплакав детето во мене и не му дадов да се смири
    безобразно се задоволував гмечејќи го сонот под прсти
    страсна невиност ги трга жиците на осаменоста и свири
    заколната на молчење - калуѓерка пред икона што се крсти.

    Сонив сон или сонот ме сонуваше мене........
     
    На De-lovely, LivingGlam и marama им се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Замисли

    Што ако би ти кажала
    дека си ми сладок како гумена бонбона?
    Или пак, дека си неодолив
    како последната коцка чоколадо?
    И дека насмевката твоја
    е облаче што ме следи.
    Ајде, да ти кажам ли?
    Вреди?
    И дека твоето присуство
    ме огрева како јулско сонце,
    а твоите погледи
    ме будат како пролетен дожд.

    А немоќна стојам,
    без смелост и војла...
    Молчам... замислувајќи,
    како сум твоја.
     
    На shiningstar, De-lovely, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Те земам бел, а толку многу посакувам да го имаш оној жолтеникав сјај на старо. Го допирам пенкалото до тебе, а погледот во белилото ме предомислува и го оставам. Но, не, ме мамиш , а и мислите ми надоаѓаат. Почнувам, пишувам се посилно допирајќи го пенкалото до тебе, небаре страсно водите љубов. Толку, ги снема моите мисли. Те допирам тебе, моето дело и го читам она на што ти веќе му даде душа. Му ја даде и ме боли. Ме болат зборовите кои доаѓаат од тебе иако пред малку биле мои. Те виткам, посилна сум... Доволно е, не можам повеќе да читам, боли. Те фрлам во оган и полека гориш, уништувајќи се што е на тебе. Затоа и ти се доверувам, можам во секој момент да те уништам, а да не те повредам.
     
    На kate21, Theodora, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  10. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Несакам пцофки,навреди,лаги
    само буквите знаат колку те сакам
    тие ми се во срцето,крвта сржтта
     
  11. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    :music: ... нежно, сосем лесно
    ја допирам таа мека свилена ткаенина
    се обвиткувам со мајското сонце
    уживам во звуците на природата

    Го следам тоа лесно ветре
    и шепотот кој ми продира низ душата
    таа нежна, лекокрила пеперутка
    која ме мами кон бескрајната ширина...

    ја чувствува топлината на зборовите,
    тие меки, шушкави насмевки
    тоа заносно движење...
    таа прекрасна убавина...
    [​IMG]
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Туѓинец

    Бура на дни минати надоаѓа,
    јас немоќна да ја сопрам.
    Склопувајќи го мозаикот од сеќавања
    те наоѓам повторно.
    Ветрот повторно носи и однесува
    виножита на небата мои.
    Плима и осека на еден здив-твој.
    Ти-толку свој.И-мој во хаосот на егзистенцијата.
    Ти донесе хармонија-одминлива и кратка.
    За миг пак пружив раце кон животот-
    отфрлан и до бесвест проколнуван,
    губен и пак стекнуван илјадници пати.
    Трулото безоблично вчера стана ново поздравено утре.
    Со тебе имав миг-до вечноста што стига.
    Туѓинецу,што ми се случи еднаш
    за да станеш легален убиец на моите илузии!
    Нуркам во твојот наместено рамнодушен поглед,
    во длабочините на зениците ликот си го доловувам,
    продирам низ нишките свилени на твоето опстојување
    заробен во оклоп од немоќ,во многу сега и овде,
    од пат патила полн те избавувам,
    ти давам миг-од егзистенцијата цела поважен,
    го примаш и чувствуваш-ти,ветру на дланка.
    Светови цели меѓу нас и мостови во нив.
    Не верувам во евтина самоизмама заборав наречена.
    Не си ти туѓ.Знам како дишеш,дишам и јас,
    здив топол ветрот во вечноста праќа.
    Верувам во ноќи-наши ноќи,мој си...
    И кога прав зад чевлите твои и трага од кармин врз кошулата
    и прав безживотен станам,
    пак немир во сните ќе ти праќам.
    Пак едно сме.Посилни од се‘.
    Љубовта херои не познава.
    А неа со твое име ја нареков.
    И таа не има нас-
    кои безрезервно ја имавме еднаш...
    А,кога тоа стане еднаш-знам-засекогаш ќе е.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Само сакав да ти кажам..

    Сакав да ти кажам....
    само сакав да ти кажам
    најдов слика
    не беше ти
    не бев ни јас
    бевме ние.
    Се смеевме...
    Се сеќавам на смеата
    обоена од есенски бои.
    Седевме под стариот кедар.
    Допири на млади љубовници.
    Ветрот ја слушаше нашата љубов
    шепотевме ветувања.
    Ми подари жолт цвет
    а јас поема.
    Само сакав да ти кажам
    се сеќавам..
     
    На Buttterfly, marama и kate21 им се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Кодови

    Зошто мачките имаат мустаќи
    а и тетките од умреното Жито Лукс
    или Славија.
    Со намуртен поглед и изгрицкани нокти
    со цигла боја лак
    и сина кецеља.
    Оти скалилата кон Рајот се измачкани
    со коњак боја и миризливи сирења.
    Зошто девојките секогаш паѓаат на сопките на момците
    а овие навечер си го играат опашот мислејќи
    на големоцицлестите тетки
    од ќошињата
    на планетава.
    Оти, заборавив што сакав да кажам,
    а уште повеќе да напишам.
    Инаетот се зголемува со нанервираното лице
    на возачот = Живот,
    оти порано од касетите си правевме јадици на стап
    за ловење риби во тревникот.
    Оти миризливите гумички со пчеличката Маја
    се губеа
    под стапалата од ефтините шангајки
    Како да било и не било
    Времето, во куфер со тркалца
    го пуштам да се извози.
    Пред мене...
     
    На Miss-Sinner, 1209, Nightwalker и 4 други им се допаѓа ова.
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Нешто повеќе

    Се пролеа горчината од душата
    преку солзите.
    Полека со брзина на болката и се слеваа
    по образите,секоја како трага од нож
    остава гребнатина
    Како трн од пролетен цвет
    ја боцкаше нешто..
    Нешто?
    Нешто што долго време оставаше талог
    на дното онаму каде што само таа умееше
    да допре.
    Има нешто што е премногу,
    има нешто што копнее да биде споделено...
    Но...
    Недостасува со кого!
     
    На ecen4e, SexyLady и Nightwalker им се допаѓа ова.
  16. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Контрасти...

    Среќа, наспроти тага.
    Вистина, наспроти лага.

    Радост, наспроти мака.
    Бакнеж, наспроти рака.
    Катанец, наспроти квака.

    Целина, наспроти дел.
    Бакнеж студен, наспроти врел.
    Момент црн, наспроти бел.
    Без ниедна солза, или облеан цел.

    Оган, наспроти мраз.
    Романтика, наспроти страст.
    Вечност, наспроти час.
    Тишина, наспроти глас.
    Ти, наспроти ЈАС!

    [​IMG]
     
    На De-lovely, SexyLady, tigerlady и 6 други им се допаѓа ова.
  17. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Понекогаш е доволна една прегратка

    Звук од првиот штурец,
    бела постела и мека перница
    а меѓу нив нескотливи мисли.
    Ја гушка силно со обете раце,
    да ја почувствува нејзината топлина,
    во празнината на ноќта...
    Не ја испушташе од рацете,
    знаеше дека само таа е вистинското
    друштво таа ноќ.
    Нескротливите мисли се скротија,
    сонот ја пронајде неа,
    а таа,
    а таа сеуште ја гушкаше својата
    ладна перница.
    Имаше друштво,имаше кој да ја прегрне!
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Нити сенка е зборот, што ти прилега.
    Та’ и таа умее да се придвижи, да царува.
    Ти и кога стоиш, не се забележуваш.
    Твојот сјај е згаснат, а душата ти пресушила.
    Нити се движиш, нити се поместуваш.
    Камен бар да беше да те стркалам.
    Нити тага, нити презир останал за тебе.
    А, плунка од сите страни донесов со себе.
    Фрлив вода да те однесе.
    Но плуташ ти, плуташ кон мене.
    Со раце да те угушам на дното посакав.
    Но спас ќе е тоа за тебе, разбрав јас.
    Да те фрлам во воздухот ти пак ќе се вратиш.
    А, еве сите магнети од себе ги извадив.
    Штрчи, ти штрчи перчину...
    Бар очи да имаше да ти ги притиснам.
    Или уста јазик да ти искорнам.
    Оди си со добро, со лошо пробав веќе јас.
    Ах, река да беше да пресушеше.
    Но, ти нити дрво си за в оган да те изгорам.
    нити човек да те убијам.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Те сакав...

    Ти, ти кој беше
    единствената светла точка
    во мојот живот...
    Ти мораше да
    ми го направиш ова,
    мораше да ми го скршиш
    срцето на милион делови...
    Секоја вечер додека
    мислев на тебе
    ти беше со друга.
    Секоја вечер кога плачев
    дека не си со мене,
    ти се смееше дека трчам по тебе...
    Сватив... сватив се... не е доцна,
    не е доцна да ја поправам грешката
    што ја направив со тебе...
    можеби вистина беше тоа
    што другите ми велеа дека си.....
    но јас бев слепа и не видов...
    Денес, ги отворив очите
    и дознав заправо кој си ти...
    Денес, те бришам од својот живот
    и своето срце...
    Денес продолжувам понатаму....
     
    На SexyLady и Adi888 им се допаѓа ова.
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Не знам што ќе се случи после ова, не знам каде ќе продолжам и дали воопшто ќе продолжам... Не знам колку време се подготвував за овој пат, но знам дека од таму каде што сега ќе појдам никогаш нема да се вратам. Сега гледаш дека животот е навистина краток. Толку сум млада, но сепак никој не ме праша дали сум спремна и дали сакам да отидам таму каде што ќе бидам за неколку минути. Сигурно Оној горе имал потреба од мене... Знам дека можеби воопшто нема да ти биде грижа што заминувам и што никогаш повеќе нема да ме видиш. И не знам зошто ти го пишувам ова кога ти можеби нема да сакаш ни да го прочиташ. Овде ти кажувам се што никогаш немав храброст да ти речам в очи. Знам дека знаеш дека те сакав, знам дека знаеш дека те сонував, дека те обожавав, дека мислев на тебе, дека те посакував, дека копнеев по тебе, дека не можев без тебе, дека умирав по тебе, дека треперев пред тебе... Знам дека сето тоа го знаеш, но не знаеш дека сега ништо од ова не ми е. Не знаеш дека сега тивко по тебе венеам, дека бавно без тебе згаснувам, дека брзо без тебе се празнам и станувам како младо стебло после невреме - повредено, скршено, изморено... не знаеш дека твоето отсуство, потребата од твојата топлина и прекрасни очи ме убива. Догорувам како пламен на ветер... несигурно, некогаш забрзано, некогаш бавно. Не знаеш дека сеуште живеам за тебе, дека споменот на тебе ме одржува во живот, но далечината ме убива, а тоа не можам да го поднесам. Во овој момент јас си заминувам, си одам од овој и од твојот свет засекогаш. Ќе се потрудам пред да си заминам ништо повеќе да не те потсетува на мене, ништо повеќе да не те вознемирува, растажува. Одам горе и од таму ќе ти пратам ангел да те чува. Само едно знај - си отиде од мене без збор и заборави на мене, но заборавените никогаш не ги забораваат оние што ги заборавиле, ниту јас тебе ќе те заборавам некогаш. Си одам со шепот на усниве, шепот кој никој нема да го чуе. Само моево вознемирено, изнемоштено и младо срце ќе отчукува полека во ритамот на љубовта и ќе згасне и престане кога на усниве ќе лебдат зборовите зсекогаш твоја. Ако и горе постои живот и таму ќе постојам вечно за тебе и таму ќе те чекам и вечно ќе бидам твоја... Само еднаш се љуби, се што потоа доаѓа е бегство од криза, само еднаш се сака се друго е само бледа реприза. Запамети го ова и не заборавај дека некогаш постоев во твојот живот. Чувај ме вечно во спомените и понекогаш разбуди го минатото... Во неговите бледи сенки кои полека но сигурно ќе стануваат се појасни и појасни, ќе забележиш две сјајни ѕвезди, бел гулаб и една мала блескава школка. Ѕвездите ќе бидат моите очи, гулабот мојата љубов кон тебе, а школката твојата и мојата младост, нашето детство кое безмилосно неодмина и остави видливи лузни. Остави едно возрасно момче, маж кој продолжува по својот животен пат и една роза која свенала штотуку расцветала.

    За детото шо го сакав најмногу..само далечината не раздели :(
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.