Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    ЈагОда

    Јагоди, о јагоди.
    Од сите страни - јагоди. Алергија.
    Јагоди. Лажна тревога.
    Лажица
    а на неа
    мојот лик наопаку.
    Јагоди, о мају.
    Зошто, срамежливост
    со страст комбинираш?
    Стисок, и смрт.
    Прва крв
    миризлива.
    А не ни ги сакам нешто посебно.
    Ги бркам од чинијата
    се сексаат со шеќерот
    зборуваат безобразно...
    О јагоди. Јагоди.
    Бесрамни а им годи.
    Да ме лажат
    дека во мај.
    Сите се вљубени!
     
    На DeRose, kate21, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  2. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Нашето место

    Поминав покрај нашето место.
    Восхитена сум
    од прекрасниот простор пред мене.
    Тивкото ветренце си поигрува
    со високите дрвја,
    а сонцето се своите зраци,
    продира низ гранките
    и нежно ги гали малите печурки
    на росната ливада.
    Мирисот на младите темјанушки
    се шири насекаде прекрасно.
    Поминав по старата патека.
    Го слушнав шумолењето на бистрата река
    го видов нашето дрво,
    се' уште стојат врежани нашите букви
    на него.
    Се' е по старо,
    но само едно не е -
    не нема нас.
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Надвор е толку студено а дождот како да истура цела вечност. Замаглени стакла на прозорците.. А како да ја гледам оддалеку. По ѓаволите, како да беше вчера. Таа беше мојата муза, мојата уметничка душа, заради неа уште пишувам и творам, уште се борам во светските рингови.. Но, најмногу се борам во оној, животниот ринг. Тихо ја посматрам, затскриена позади старата круша, која одамна не раѓа.. Седи на подот а косата слободно и паѓа преку очите, не, не се ни обидува да ја поттргне. Расфрлани тетратки наоколу, истурено мастило, куп фотографии.. На крајот, гледам стари боксерски ракавици, веќе искинати од премногу борби што таа ги имаше. Проклета да биде, само за тоа живееше. Боксот и нејзините испишани тетратки, полни со проза и поезија. Но сега, имам навика да ги прелистам нејзините тетратки и не гледам ништо друго освен безброј изгубени зборови. Како сите тие зборови да го изгубија нивното значење кога таа си замина. Паметам кога таа ми велеше, еј малечка, знаеш ли колку посакувам да бидам шампион, да станам уште една ѕвезда од бескрајното небо а кога ќе влезам во рингот, сите да го извикуваат моето име! Да не знам за пораз, туку само за победа. Точно. Бев малечка и тогаш не го разбирав нејзиниот сон, нејзината визија но подоцна сватив. Таа целиот свој живот сакаше да биде шампион, и да знаете, стана и умре како шампион.. Помалку или повеќе, се што кон таа се стремеше и се што таа посакуваше беше запишано на сега веќе искинатите страници од нејзините тетратки. Колку и да се обидував да ги сочувам, не можев. Времето си го направи своето. Сепак, иако неа сега ја нема, останав јас да го живеам нејзиниот сон. Кој би поверувал дека еден ден јас ќе тргнам по нејзините стапки и покрај бескрајното противење на сите луѓе околу мене? Гордо стојам пред сите вас и можам да речам, сеуште сум тука, успеав, победив! Само таа веруваше во мене и во моите можности, ме бодреше низ сите оние години додека беше тука.. за на крајот да станам она што сум сега. Проклетство, толку многу сакам да знае дека неизмерно ја сакам, дека сакам да се врати.. И дека секогаш мојот мотив го пронаоѓам во неа, кога повеќе немам сила да продолжам понатаму и да се борам во животот, таа е мојата инспирација кога немам зборови да составам макар уште една, последна песна.. Одам во рингот и во моментот кога ќе паднам на земјата, го гледам нејзиниот лик, ги изнаоѓам последните сили во мене и станувам. Таа беше мојот херој..





    .. Се будам. Се било само сон. Сонцето блеска на небото, нема повеќе тмурни облаци, замаглени стакла, нема дожд. Се стрчнувам надвор.. ја гледам старата крушка, венее. Знам, ќе ја пресечат за некој ден. Зар тие не знаат дека таа беше нејзината душа, а сега и мојата? Како мене да ме пресекуваат на половина.. Сега се погледнувам во огледалото. Сеуште сум малечка, во споредба со неа никогаш нема да станам голема. Но, го гледам, истиот жар во очите.. како што го имаше таа кога беше меѓу нас. За тој жар вреди да живеам, да творам и да се борам. За неколку недели, следува големата борба. Морам добро да се подготвам. Но, пред тоа, посегнувам кон старите тетратки, овојпат јас ќе напишам неколку збора. И како сега да ги гледам нејзините длабоки, сини очи.. како најубавите извори кои некогаш сум ги видела. Сега знам.. има уште, уште време за живот. А јас ќе творамз за неа, зашто таа сеуште живее.
     
    На DeRose, x.Daisy.x и white.kitten им се допаѓа ова.
  4. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    И Мртвите Љубат

    Зошто ја криеше својата љубов? Зошто замина без збор? Не ме сакаше? Не, не, тоа не е вистина, знам дека ме сакаше, но не сакаше тоа да ми го кажеш, ја криеше својата љубов.
    Ти замина, а јас плачев по тебе, те гледав во мислите како насмеан, со твоите разиграни плави очи кои имаа иста боја ко небото, пееше некоја песна, можеби тоа е песна за невозвратената љубов. Сега си некаде далеку во некој далечен свет за кој што мечтаеше уште кога беше мој. Дали ти си уште мој? Да ти си мој и вечно ќе бидеш мој. Изгасна пламенот во моите очи, пресушија солзите, а остана само болот во моето младо срце кое ќе умре за тебе. Кога ќе се вратиш еден ден во мојот крај јас ќе бидам таму каде што црната земја ќе ми ја прекрие снагата, над мојот гроб ќе пее славеј исто онака како што ми пееше ти. Кога ќе прашаш за мене каде сум и кога нема да добиеш одговор на тоа прашање да знаеш дека сум мртва и ти тогаш дојди на мојот гроб, но те молам немој да плачеш затоа што сега е веќе касно, ме нема, не постојам. Седни на клупата до мојот гроб и запеј ја онаа песна што често пати ми ја пееше додека седевме во паркот на старите клупи се љубевме страсно и ветерот ми ги мрсеше косите и гласот твој го слушав само јас ги гледав твоите плави очи кои беа толку светли и имаа топлина во нив.
    Сега мене ме нема и ти можеби седиш со друга во паркот на нашата клупа и и ја пееш најсаканата моја песна.
    Вети ми те молам дека ќе доагаш често на мојот гроб ќе ми донесеш цвеке, знаеш, од она што ми го ставаше во косата која беше измрсена од твоите топли и нежни раце.
    Земи едно парче креда и на мермерната плоча напиши за да читаат сите
    „УМРЕ ПОРАДИ ЉУБОВ“ и јас ќе ти простам затоа што сеуште ТЕ САКАМ и немој да те чуди ова зашто и мртвите можат да ЉУБАТ!





    Срцето ми затрепери како на срна... Не знаев што да правам...Ова беа неговите зборови: „Повеќе сакам да живеам од ден за ден, не мислејќи за иднината“. Ме заплаши начинот на кој што го кажа тоа, во еден миг помислив „Тој никогаш не ме сакал, се било лага“. Но присетувајќисе на заедничките доживеани работи и начинот на кој што ми докажуваше дека јас сум му се и дека ме сака, навистина ме прекорија и си реков самата на себе „Грешиш, тоа е само обична криза“.
    Баладите вртеа на плејлистот, а јас лежејќи на креветот го гушкав неговиот шал, ми го даде пред неколку дена кога помрзнав од студот...Главата ќе ми експлодираше од прашања, прашања на кои само тој можеше да ми даде одговор, но најмногу се вртеше и остана да лебди преку целата ноќ „Зошто?“.
     
    На DeRose и SexyLady им се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Залет, лет, полет и одлет

    Ајде да летаме.
    И тоа не од ефтини дроги, или пак од љубов.
    Онака, за да видиме како изгледа светот од птичја перспектива.
    Јас ќе бидам чапја, а ти биди штрк.
    Па ќе се нурнеме во забранета романса,
    И ќе бидеме птичјите Ромео и Јулија.
    Ајде да полетаме.
    Лесно и елегантно.
    Како млада дама на бесни штикли.
    Јас ќе бидам левата нога, а ти десната.
    И тоа не за друго, него за да можеш полесно да ѕиркаш под нејзиното здолниште.
    Ајде да слетаме,
    Досадно е горе.
    Ние ги гледаме сите, а никој не подига глава да не види нас.
     
    На De-lovely и SexyLady им се допаѓа ова.
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Дур Скопје тивко плаче - хроники на доцночасовната патетика

    Ваква ноќ ретко кој дочекува буден. Можеби затоа и е најубава, затоа што мислам дека е само за мене, резервирана и со посвета. Подарок од природата и сплет на околности, точна географска локација и временски прилики што во моментов ја красат само мојата мала населба и ниедно друго место во Универзумот.

    Треба да ми љубоморите ако сте во Скопје, а не го гледате она на што јас сум сведок сега, па којзнае кога пак. Не ми е ладно, а чадот од запалената цигара безволно ми се тркала по долната усна. Не сакам да го издишам, му дозволувам сам да се измеша со слаткиот мирис на јоргованот што расте неколку метри под мене. Не можам да ја видам месечината од урбаното сивило, но не се сомневам дека е полна. Мора да биде полна во ваква ноќ. Светилката од десно е сосем пристојна замена. На неа ги гледам капките дожд, или барем мислам дека ги гледам, многу се мали. Но барем ги слушам, многу добро ги слушам. Скопје плаче, ги мие улиците од сите чекори што некој безгрешен граѓанин ги заебал и згрешил.

    Улицата е празна, дури повеќе од вообичаено. Цела година ме нема некој чекано долу. Мислам дека слушнав грмење. Или чкрипење на тркала од некоја залутана кола, сеедно. Дежа ву, старо и добро познато чувство дека Тој е долу и ме чека, како што ме чекаше пред една година, се потсеќам на стариот Тој, но не и старата Јас. Како да беше една раномајска љубовна приказна, но овојпат, со среќен крај.
     
    На DeRose, blueeparadise, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Во мене тече топла крв,знам чија сум
    од изворот на прапра дедовците мои
    свети пресвети, зрна МАКЕДОНСКИ.
     
  8. ecen4e

    ecen4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    27
    Што е животот?

    Што е животот?
    Дали е светлината на ѕвездите во ноќта?
    Дали е ветeрот покрај езерскиот брег?
    Дали е искрата на огнот во зима?
    Животот, таа летна капка роса.
    Тој разигран прамен на коса
    Дали е лесен, дали е полн со болка?

    Во книгата на животот, одговорите
    не се на последната страна,
    туку се во нашето срце.
    Затоа, само да се насмевнеме кога е тешко
    и да ги напишеме страниците,
    да ги пречекориме границите,
    да ги испишеме со секакви моменти
    и направиме милион експерименти!
    Да се радуваме на нашиот успех
    Да издржиме кога е тешко
    Да бидат искуство нашите грешки.

    Бидејќи,
    Само така ќе научиме што бараме.
    И еден ден кога ќе не прашаат
    “Што е животот?” нема да погодуваме
    Ќе знаеме!
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Забелешка

    ...
    -„ Како може да не те сакаат?“- ме праша.
    -„Како е можно сите да ме сакаат?“- реков.

    И го мислев тоа. Па од 6 милијарди луѓе, од кој познавам стотина, од кои само двајца навистина ме познаваат мене, како може сите да ме сакаат.

    Би рекла постојат секакви луѓе : добри, лоши, зли, милозливи, благи, наивни, завидливи, себични, темни, оние кои шират насмевка, агонични... Треба ли уште да набројувам?

    Што би била јас доколку сите тие би ме сакале. Со оглед на фактот дека луѓето ги сакаат луѓето слични на нив, барем во едно нешто, зарем би била јас сите тие нешта? Зарем би била контрадикторна, дволична, море не, би имала милион лица.

    Дали тогаш тие би го сакале тоа?
    Па не драги луѓето не сакаат дволични, прашај ги, ќе видиш.

    На крај краева, јас имам само едно лице- моето, едно јас- своето, едно мислење- своето. А сите луѓе го сакаат тоа. Затоа и не ме сакаат.

    А за нај на крај јас ги сакам сите, што ме прави дури поимотна од тебе. Саканиот.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Спремна сум

    Ноќ.
    Месечината
    пее песна без зборови.
    Небото е осамено место.
    Моите лузни
    премногу души
    кои се борат со времето
    кое веќе помина.
    Пијам од мојот страв,
    а времето ми ги стега вратот
    но спремна сум за бегство
    да барам невидлив живот
    невидлива љубов
    невидливо постоење.
     
    На SexyLady, kate21 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Крајно поглавје

    Лежев во креветот неподвижна! Солзите една по една се лееја и ги квасеа краевите на мојата коса! Тажно умирав во себе! Душата ми беше мртва, а срцето молеше за малку кислород! Но, кислород немаше! Во тагата кислород за срцето нема! И тоа како и душата ќе умре...го знам тоа...само можеби се лажам себеси со надежта дека барем срцето ќе прежиее. Но, што ќе ми е срце без душа? Ни сама не знам!
    Аахх, пак таа болка во градите. Ми се сече срцето. На милиони делчиња. Каде ли ќе одат тие??
    Нека ги земе некој, не можам веќе, ме сечат одвнатре, не убиваат!
    Викав, но никој не ме слушаше. Сите беа глуви за мене! Ги пишував овие редови и ја гледав смртта дирекно во очи!
    Во мојата соба беше само мајка ми. Таа спиеше, или само јас така мислев...не е важно. Знам дека знаеше како ми е. Но не можеше ништо да направи за мене! Мислам дека тоа беше мојата најлоша ноќ.
    Го пишував својот дневник, а оваа страница чувствував дека ќе ми биде последна!
    „И тука запирам, немам веќе сили! Мамо, знам дека ти ова ќе го прочиташ. Не жали што ме немаш. И така ќе бев смао товар на вас! Биди среќна со она што ти го дава животот, а ако некогаш пак имаш ќерка немој да и го даваш моето име! Јас бев несреќна, нека не биде и таа!
    Сакај ја, а мене заборавај ме полека! Само едно те молам! Никогаш не и кажувај за мене! Не растажувај ја!
    И да, за моето куче продолжи да се грижиш додека е живо! Го сакаш, знам дека ќе се грижиш подобро од мене за него! Не дозволувај да му фалам! Стави му моја слика, а на неговот ќебенце прскај му мој парфем! Не сакам тој да ме заборави! Бакни го и кажи му дека пак ќе се сретнеме, во вечноста!
    Те сакам, мамо!“
    Тука прекинав, кажав се што имав! Сега заспивам без да знам дали ќе се разбудам! Паа, нели никој не знае што го чека утре?!
     
    На DeRose и SexyLady им се допаѓа ова.
  12. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Можеби сега е роден град со рајска случка
    Го чувствувам белиот град како патува низ мојата душа
    Можеби сега е роден некој што ќе не сака
    Чувствувам дека одам со векови кон иднината.
     
  13. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Како може човекот да умре,кога животот е толку убав.
     
  14. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    По денот доаѓа ноќтта и таа сака да не милува.
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Станица 3

    Кога заспива,
    тој ги мери нејзините воздишки
    со компас.
    На сите страни таа сонува.

    Се плаши
    да не го види својот брод
    со сидро фрлено во постелата.

    Патниците
    никогаш не заспиваат.
    А не знам
    зошто е тоа така.
     
    На Bright, SexyLady, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас сум..

    Цвеќиња на љубовта
    го носат мирисот на океанот
    и нијанси на страст
    што се издига во срцето.

    Живот помеѓу две виножита.
    Четка на чуства рапослана на платно.
    Умот сонува!

    Јас сум месечина
    високо над тебе.
    Те чувам и милувам додека спиеш.

    Јас сум Ветрот на твоето лице
    невидливо те допирам и бегам.

    Јас сум дрво
    кое посегнува кон бескрајот,
    а гранките моите раце
    те чекаат за прегратка.

    Јас сум сонот нацртан на платното.
     
    На BeYourself, SexyLady, De-lovely и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Бела Рада

    Си беше еднаш една Бела Рада.

    Бела Рада беше хипохондрик, биполарна, заљубена, сонцкаста, мрачна и не личеше на другите Бели Ради. Секогаш мислеше дека ливчињата и немаат убава нијанса на бело, дека Сонцето не ја галеше ко што ги галеше другите Бели Ради, дека жолтото не и е доволно жолто, и дека тревата под неа не е толку модерно зелена.

    Бела Рада се заљубуваше брзо, и сакаше многу. Сакаше еден Нарцис, и беше подготвена да дозволи да и ги искубат сите ливчиња до едно, само таа љубов да и биде возвратена. Нарцисот и рече дека ќе ја сака само ако ги продаде ливчињата за да му купува асид. И Бела Рада се согласи. Почна да ги продава ливчињата едно по едно, но со секое соголено ливче го чувствуваше Нарцис се` подалечен. Нарцис веќе не ја гледаше како Бела Рада, туку како портокалова влакнеста курва Праска што си ја покажува пукнатината за пари и дава да ја бричат.

    И тогаш Нарцис сфати дека веќе не ја сака Бела Рада, дека ја сака Праска и сака да избега со неа. Си ги искорна корењата, почна да вришти и потрча кон виножитото. Откако помина дејството на асидот, Нарцис беше посран од Дога, и затрупан умре од гушење.

    Бела Рада не можеше тоа да го поднесе, и почна да лапа спидови. Си го изеде жолтиот дел, а ливчињата ги обои во виолетова боја со црни прамени, за да биде хард кор. И токму таму, пред целото поле со Бели Ради, ја донесе одлуката на својот живот.

    „Од денес сум камилица, сунце ви јебем.“
     
    На Trendafilka, SexyLady, Springy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Душа исплакана

    Сама, тивка, мрачна,
    кршлива, ранлива,
    повредена,
    напатена,
    во солзи искапена,
    во роса исушена!
    Очите пресушија,
    солзи снема,
    И душата е таква,
    сува, пресушена,
    сама, тивка, мрачна,
    кршлива, ранлива,
    повредена,
    напатена,
    Душа исплакана!
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Отпечатоци од заминување

    Замаглено стакло,
    од едната страна таа од соседната тој.
    Помеѓу нив-нивните дланки и ладниот
    допир на стаклото.
    Тој заминува,
    таа го набљудува неговото заминување.
    Остануваат отпечатоците
    на стаклото кое сеуште ги впива нивните
    погледи за поседен пат.
    Тој е таму
    а таа насекаде,насекаде со мислите
    го бара каде е во секоја секунда од денот.
    Времето не ги спојува.
    Сами се.

    доколку ја читнете на фб. знајте тоа е Кенди,и таму ги објавувам ;)
     
    На SexyLady, kate21 и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  20. SaskaBre

    SaskaBre Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Копнеж.
    Од жарот на кој лежи срцето мое
    Ќе земам дел за да ти подарам
    Ме уби со својата ладнокрвност.

    Кога ми викаш да слушам навечер
    Кога кучињата гладни завиваат
    Споредба сум била јас со нив.

    Само земи ме денес или утре
    Со облека или без неа
    Со желба или без неа

    За мојот проблем решение си ти.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.