Ваши дела – поезија или проза

Discussion in 'Литература и уметност' started by Shelea, Dec 7, 2009.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Несекојдневна љубов

    Најсурова е болката
    од раната направена
    од најблискиот.
    Од неа тече
    и најмногу крв,
    па ко за беља,
    сипаат сол.
    Ретко да се најде
    некој сега,
    кој барем ќе се обиде
    да ја измие раната
    со чиста вода,
    да ја намачка
    со мевлем,
    да ја заврзе
    со љубов,
    и да ја обвие
    со топлина.
    Таквите раце се најдраги,
    најблаги,
    топли и најпосакувани.
    За таквите раце
    вреди да се живее,
    таквите раце
    кои живеат за тебе.
     
    DeRose and De-lovely like this.
  2. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Joined:
    Sep 9, 2010
    Messages:
    724
    Likes Received:
    932
    Дожд

    Го сакам оној прекрасен,
    ситен, летен дожд.
    Ја отворам вратата
    и можам со часови
    да набљудувам како меко ги
    измива дрвјата, цвеќињата.
    Посакувам да стојам под него,
    да почувствувам како тивките
    капки ме скокоткаат
    по телото.
    Знаете постојат различни
    видови дожд.
    Всушност луѓето се како дождот.
    Различни.
    Избувливи,студени,топли,постојани,
    нерешителни,зимски,тврди,меки,големи,мали.
    А јас.
    Јас сум оној мек,ситен,летен дождец.
    Не секогаш посакуван,
    но секогаш корисен.
     
    SexyLady likes this.
  3. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2010
    Messages:
    886
    Likes Received:
    1,046
    Дали некој ќе може да ми напиши песна за Париз да е кратка....
     
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,124
    Likes Received:
    4,447
    Gender:
    Male
    Дали...

    Дали некогаш ќе го освоиш срцево?
    Дали ќе направиш да чука само за тебе?
    До крајот на времето и постоењето,
    па дури и назад, како новороденче-бебе...

    Го имаш на послужавник; повели,
    Земи го и веќе не гледај назад!
    Само те молам, немој да го фрлаш,
    или патници во мојот живот ќе го газат!

    Чувај го, цени го, имај го за себе,
    затоа е и создадено, со таа цел.
    вгнезди го до твоето, да бидат едно,
    најдобро функционираат како еден дел.

    Дали си спремна за срце што те сака?
    Дали си спремна да го сакаш и ти?
    За реалност во која религија е љубов,
    за реалност од бајка, и најслатки сни...

    [​IMG]
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2010
    Messages:
    4,832
    Likes Received:
    10,130
    Gender:
    Female
    Happy end? I don't think so.

    Дали ќе пресуши мојата инспирација
    како што полека пресушува љубовта?
    зошто јас немам сила да напишам ни збор,
    и немам сила да барам одговор.

    А, убаво е кога во нешто веруваш
    и прекрасно е буден да сонуваш.
    Но, кога сонот ќе те мавне по глава
    реалноста да дишеш не ти дава.

    Јас би се трудела и понатаму.
    Љубов е. Нели вреди?
    Но, што ако веќе се залажуваме
    и касно е да се запрашуваме?

    И се ми доаѓа некако природно,
    зошто клише се сите happy end-ови.
    Ќе боли многу, ама знаев
    не ми требаа сите тие американски филмови.
     
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    912
    Likes Received:
    599
    САКАМ

    Сакам кога си до мене, Сакам кога ме гледаш,
    Сакам кога ме галиш, Сакам кога ми велиш најмила, љубена...
    Сакам кога шепотиш "Те сакам"
    Сакам кога плачам а ти ме пргрнуваш и тешиш...
    Сакам кога ме правиш среќна...

    Единствено нешто
    што не сакам е
    што не знам дали
    сеуште сето ова
    го сакам...
     
  7. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Joined:
    Sep 9, 2010
    Messages:
    724
    Likes Received:
    932
    За тебе...

    Зошто би се задоволила
    со помалку од она што заслужувам?
    А можеби и не знам што заслужувам.
    Не е ни важно.
    Во секој случај ти си таму далеку.
    Можеби не се ни сеќаваш на мене.
    Девојката која беше прва
    во твоето срце,
    во твоите мисли.
    Онаа за која даваше се.
    Онаа со која меѓусебно се учевте
    што е всушност она
    за кое цел свет копнее.
    Без игри и клишеа,
    само сурова искреност,
    она за што само децата знаат
    и умеат да го прикажат.
    А ние бевме деца.
    И можеби ќе остане само тоа што е
    детска љубов,
    наивна и единствена,
    чиста и искрена.
    А сепак секогаш ќе бидеш
    еден дел од мене.
    Дел кој никому нема да припадне.
    Скриен далеку, закопан длабоко,
    а сепак присутен.
    Можеби не се сеќаваш на мене,
    сеќавањата се чудна работа,
    не бираш кое ќе остане.
    А ти си и ќе останеш,
    моето најмило сеќавање.
     
    SexyLady, marama and Nightwalker like this.
  8. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,124
    Likes Received:
    4,447
    Gender:
    Male
    Замина...

    Замина тивко, и пустош остави,
    зад него непробоен ѕид постави.
    Роза подарена, искина на две,
    реши таа да стави крај на се’.

    Со солзи ја пратеше, и убиствен молк,
    а во него владееше глад како на волк.
    Сакаше да се стрча, да ја гушне силно,
    да ја погали по образот, да ја бакне милно.

    А сепак таа продолжи, не гледајќи назад,
    а него само продолжија морници да го лазат.
    Ќе се врати ли таа некогаш сакаше да знае,
    ил го остави вечно за минатото да се кае...

    [​IMG]
     
    SexyLady likes this.
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Joined:
    Jan 6, 2011
    Messages:
    1,190
    Likes Received:
    5,558
    Алитерација на тема: Црешеста срЦевина

    Грдото црно пајаче ме демне од ќошот на собата. Му ги гледам ноџињата што од штурото светло на светилката изгледаат како да се долги еден метар, доволно да делуваат како катализатор на мојата aрахнофобија. Си го слушам срцето како се посилно чука, што од зголеменото количество адреналин, што од еуфорија и јунскиот воздух што го вдишувам низ останатата функционална половина на мојот нос. Ебан полен, ебана алергија.

    Вистинска Мајка Тереза сум. Размислував за црвчињата во црешите, и нивната трагична судбина да бидат соџвакани во нечија гнасна уста со која претходно биле опцуени поранешната девојка, врвките од патиките што постојано се одврзуваат, цените на бензинот и лебот, слабоста на тревата и заебаноста воопшто на целиов свет. А на црвите никој не помислува, и тие немаат друг избор освен да се гојат во некоја сочна црешка и да си ја дочекаат судбината. Толку им е гајле, кармата ги сака и после тие ќе бидат оние што ќе не вратат во земјата. Јебани црви. И така дур со полузаспана насмевка внимателно расчеречувам една невина црешка и со хируршка прецизност го вадам црвот и го ставам во друга, скапана, специјално подготвена за да му биде Рај, почнувам да мислам зошто се доживувам како душевна ороспија.

    Зошто ја подвргнувам душата на танталови маки, зошто си ги сушам очите со непотребни солзи, и зошто повторно имам желба за едно болно дежа ву, кое доволно иронично, повеќе ме иритира и ужаснува, отколку што ме прави среќна. А сепак, само тоа ми е важно. И зошто упорно гледам во сенката од пајакот, кога не носам чорапи. Ќе си ги налакирам ноктињата во црешеста боја, а на усните ќе ставам модро сивило, за сите да видат колку ми се тенки и никакви. Какви бакнежи нудат?

    Црвливи.
     
    SexyLady and LivingGlam like this.
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,124
    Likes Received:
    4,447
    Gender:
    Male
    Чекај!


    Чекај! Кај мислиш дека бегаш?

    По тебе срцево се’ уште стега!



    Во него владее љубовна жега,

    дојди и изгаси ја, веднаш ти, сега!



    Чекај! Остави моментов да трае,

    зошто, како, љубовта си знае.



    Не дозволувај никој од нас да се кае,

    ниту да сме сами, ко куче што болно лае.



    Чекај! Ноќта е долга и пред нас,

    зарем ќе дозволиш се’ да помине за час?



    Со последен крик, со последен глас,

    дозволи да бидеме само ти и јас!

    [​IMG]
     
  11. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Joined:
    May 27, 2011
    Messages:
    251
    Likes Received:
    246
    Силниот мирис на кафето и влегуваше во сеќавањата,течеше пополека по нејзините усни како врел волшебен напиток после кој неможеше да заспие долго време.Го очекуваше тоа и никогаш не и беше нешто неочекувано.Плановите во нејзиниот дневник беа јасно исцртани и секој нареден чекор беше веќе запишан,заведен во книгата на нејзиниот живот.Мислеше засекогаш ќе може да си го планира животот и дека секогаш на крај ќе биде како таа што испланиртала. Додека ги пишуваше забелешките за наредниот ден човек заѕвони на нејзината врата. Тој не беше обичен,ист како сите други,имаше нешто во него,нешто посебно што секој би го посакал.Силен и во неговите прегратки човек би се чувствувал сигурно дури и на самата помисла. Фелисити свари овошен чај,токму каков што пиеше секое утро од истата опаковка но различна ќесичка. Тостерот го направи вообичаениот звук бидејќи лепчињата веќе беа совршено потпечени,а пак шведскиот кашкавал веќе беше приготвен на масата и готов за рендање за потоа да може да се растопи и разлее врз врелите лепчиња. Го покани човекот внатре и му понуди свежо приготвен јаболков чај.Човекот учтиво ја прифати примамливата понуда и заедно седнаа во кујната на светло тапацираните столчиња во пријатната атмосфера за која беше виновен мирисот на чајот. Разговараа долго,како да се знаеа просто цел живот. Нејзините забелешки и не и беа веќе важни,повеќе не ги почитуваше.Не поради тоа што повеќе несакаше туку поради чувството што ја обземаше,поради нејзините мисли и поради нејзините постапки.

    старо, престаро, впрочем едвај го најдов :)
     
    DeRose and SexyLady like this.
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,124
    Likes Received:
    4,447
    Gender:
    Male
    Спомени...

    Сакам да го видам тој бел лик,
    кој во мракот светлина ми дава,
    ми недостасуваат зелените очи,
    кои никако не излегуваат од глава.

    Ми фали бакнежот на меките усни,
    од кои како мед и млеко да тече,
    ја нема онаа силна прегратка,
    која назад накај неа ме влече.

    Гласот пред кој срцево трепери,
    се’ би дал за неговиот нежен тон,
    или за таа невина и чиста насмевка,
    која ја чувствував како свој дом.

    Испреплетена во спомени во мене,
    не сакаш да си одиш, ни за дел,
    но можеби некогаш ќе дознаеш,
    дека ти го посветувам животов цел!

    [​IMG]
     
    De-lovely, crazylady and SexyLady like this.
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Пустинска роза

    Пустина полна со песок,
    океан полн со вода,
    срце полно со љубов,
    роза полна со мирис,
    раце празни...
    Тага, мрак, несреќа,
    врева, магла, крв...
    Уби и побегни од местото,
    кој признава пола му се простува,
    кој не признава се му се простува...
    Розата без вода овенува,
    но постои и роза која живее во пустина...
    Такво е срцето мое
    Нејзе и треба малку вода
    И на срцето му треба малку љубов...
    само малку...
    колку на пустинската роза...
     
    Nightwalker likes this.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,263
    Likes Received:
    43,993
    На зајдисонце


    Си нарамивме блесок
    натежнат
    да не тера удолу по светов(о).
    Во сандалите
    уште чувам малку песок
    врел како образов
    да ми чува спомен од летово.

    Јас, не можам
    да скријам, колку сум празна
    како уловена школка
    да, во мене лежи апсолутната тишина
    изгорена, на сонце, Болка.
    Во тегли со солена вода
    ги чуваме спомените
    ќе не гризат
    како комарци, (крвничко дело)
    додека

    Не се промениме.
    Секој во своето тело.

    Ех, гледај!
    Патот,
    тежина роди
    зарем, не остана
    во нас,
    Неизреченото
    да не води?
     
    skyAngel, De-lovely, Bright and 3 others like this.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2010
    Messages:
    6,527
    Likes Received:
    92,244
    Gender:
    Female
    Ги отвори очите набљудувајќи го како ја облекува кошулата за на работа. Занесено гледаше во него и во неговиот одраз во огледалото,а тој не ни знаеше дека таа е будна. Таа беше свесна дека сега го гледа како се подготвува за во туѓи прегратки. Се подготвуваше со огромна енергија, потсвирнувајќи и насмевнувајќи се во огледалото. Излезе без да ја бакне иако порано, да, во минатото никогаш не излегуваше без да ја бакне во челото. Ја затвори вратата, а неа солза и се лизна од окото, надолу кон усните. Стана и се погледна во истото огледало на кое пред тоа го гледаше него насмевнат, но таа не беше. Иако се почесто носеше убава долна облека и провокативна ноќница сепак не се чувствуваше убаво. Секоја ноќ се подготвуваше за него, а веќе заспана го дочекуваше. Дали тој воопшто забележа колку таа се труди околу себе? Се тргна и застана до прозорецот, го гледаше како се движи кон колата, преубав , згоден, висок маж. Костумот му прилегаше совршено, во едната рака ја носеше актовката, а во другата веќе го вртеше добро познатиот број. И падна уште една солза, ја отвори фиоката од наткасната која стоеше меѓу прозорецот и креветот и ја извади фотографијата која предходниот ден ја пронајде во некои од неговите документи. Тоа беше едно мало човече кое беше преубаво како и тој. Без сомневање тоа беше негово дете, а тие? Тие беа сенка на оние млади луѓе кои се љубеа безрезервно се до... Повторно погледна во фотографијата, почнаа солзите сами да и паѓаат, таа никогаш не можеше да му подари дете. -Можеби ќе го засакам, зошто не ми кажува? Можам да го сакам, негово е, знам. Но, не, тој криеше од неа и тајно го гледаше тоа мило суштество. Таа стана сенка на онаа девојка од пред 3 години, да точно толку поминаа од веста. На наткасната стоеше врамена и нивна фотографија, погледна во неа, па во фотографијата што ја држеше во раце и ја турна, ја скрши фотографијата од нивната венчавка, на која беа насмеани и среќни. Го зема едното парче стакло од многуте и прошепоте - И така сум веќе сенка.
     
    DeRose, x.Daisy.x and SexyLady like this.
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2010
    Messages:
    1,619
    Likes Received:
    4,654
    Дојди во моите сништа,
    како и секоја ноќ дозволи
    и оваа да те обвијам со страст и воздишки,
    дозволи да ти покажам
    дека те посакувам,
    дека те сакам,
    дека си највредното нешто во мојот живот...

    Дозволи ми да си поигрувам
    со твојата коса,
    дозволи ми да те однесам на места
    каде постоиме само јас и ти...

    Дозволи ми да те имам само за себе,
    без оглед на времето и просторот...

    Гушни ме и оваа ноќ,
    онака цврсто како што само ти умееш,
    да се изгубам во твојата прегратка...

    И да не се грижам за светот,
    зошто сите проблеми паѓаат во вода,
    кога знам дека си покрај мене,
    зошто заедно сме посилни од се...

    Знаеш дека те сакам,
    и дека тоа ќе биде така засекогаш....
     
    DeRose, De-lovely and SexyLady like this.
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Желби

    Влегов во просторијата во која некогаш ги минував деновите. Безволно. Тие што ги затекнав не ми го подобрија расположението, ни престојот. Но, сепак останавв. Морав. Тоа ми беше обврска. Гледав надвор низ прозорецот. Сликите кои висеа порано сега не беа тука. Ѕидовите беа празни, просторијата загушлива.
    Оддеднаш почувствував познат парфем. Се завртев и го видов нејзиниот ангелски лик како влегува со насмевка на лицето.
    Се тргнав од прозорецот и тргнав кон неа. Тој ден беше посебен за мене, не поради средбата со неа туку поради датумот. Тој датум за мене многу значеше. И таа знаеше. А знаеше и секогаш да измами насмевка на моето лице. Ноќта, веднаш по 12 часот, ми испрати порака. Не очекував таков чекор од неа. Мислев заборавила. Но, изгледа се излажав.
    Кога се приближив до неа ги испружи рацете, ги зеде моите дланки во нејзините, и повторно ги изговори зборовите од синокешната порака, но додаде и уште многу други искрени зборови. Искреноста извираше од нејзниот глас, а се гледаше и во нејзините очи. Држејки ги моите дланки пренесе топлина и позитивна енергија низ целото мое тело. Кога заврши ја прегрнав без зборови. Посакав тој миг да трае засекогаш...
     
    zhap4e, SexyLady and TheCandy880 like this.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    3,992
    Likes Received:
    6,305
    Gender:
    Female
    Секој миг поминат со насмевка го плаќам со дупло повеќе мигови на солзи

    Додека ништо не ни се случува чекаме да се случи нешто,нешто што ќе не размрда внатрешно,нешто што ќе ни украде мала насмевка.Така изморени од чекање во нас го потиснуваме чувството на среќа и возбуда и токому кога ќе заборавиме дека воопшто нешто чекаме ќе се појави ТОА НЕШТО.
    Е тогаш се' се превртува,револуција !
    Она потиснатото како вулкан излегува од нас и не понесува,се чувствуваме како да летаме и сме пресреќни ништо не може да ја имзери нашата занесенот.Тогаш се' ни е најубаво,најслатко,најреално,најнаивно...а ја забораваме вистинската реалност и како изгледаме во очите на другите.
    Но по неколку мига кога на слаткото нешто ќе му дојде крај е тогаш стивнува жешката лава од возбуда тогаш се враќаме во реалната реалност.


    Се вратив и јас во реалната реланост и што?
    Што? сфатив дека бргу се внесувам,премногу давам и имам премногу љубов за давање.
    Штетно вилјае над мене она што го потиснувам она што навистина ми треба.


    Што кажав можеби не ме сфаќаат само оние кои имаат се',а они кои постојано чекаат и добиваат се' само на неколку мига и повторно остануваат без тоа се' е тие ме сфаќаат.

    Секој миг поминат со насмевка го плаќам со дупло повеќе мигови на солзи...
     
    skyAngel, x.Daisy.x, zhap4e and 6 others like this.
  19. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Joined:
    Jun 20, 2011
    Messages:
    369
    Likes Received:
    625
    Што да му кажам
    Освен зборови празни
    Кога го нема во нив
    Кога не слуша, не сака, не чувствува
    Не може.
    Ќе останат само повраќаници
    И вина недопиени
    И спомени кои нема никогаш да бидат запаметени
    Во некои далечни темни улици каде што сонца нема
    а што ќе му се и така секогаш е мрачен
    И ќе рече дека не е океј, и дека е за никаде
    А јас само ќе се согласам и ќе продолжам да сонувам.
    Кога сонувам ме чувствува.
    ( а кога сонувам, не постојам )
    И тогаш за прв пат пали цигара
    На тие усни што никогаш те сакам не велат
    ( а љубовта негова во универзумов не ја собира )
    И знае дека знам како гушка.
     
    donna.17, zhap4e, De-lovely and 4 others like this.
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    2,547
    Likes Received:
    5,524
    Одложување

    Еј, после него
    мене ми е сеедно.
    Ова не е голем удар.
    Ова не е љубов на прв поглед.
    Ова не си ти, ниту тој.
    Јас тебе не те познавам (доволно).

    Како него.
    Колку него.

    И преку тоа има за дознавање.

    Значи оставам
    за понатака.

    И еј, ти за долго време
    ќе си ми убав.
    Ја сакам твојата уметничка душа.
    Го сакам твојот алтернативен стил.
    Го сакам тој твој шмек на занесенот.

    Јас ќе пијам пиво, а ти коњак
    на шанк, jazz inn.
    И ќе ги одбегнуваме погледите
    кога ќе сфатиме колку сме исти.

    Јас оставам за понатака.
    Јас имам Време.


    напишано: сега
     
    skyAngel, Grunge, x.Daisy.x and 4 others like this.