Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Капка душа

    И капнаа капки крв од телото,
    таа ги разли и со малото прсте
    од десната дланка
    ги развлече зборовите кои од блиску не личеа
    на ништо.
    Од далеку беа патиштата на нејзината душа.
    Прозорецот остана со крвави зборови
    кои водеа некаде во длабочината
    на нешто што се вика душа.
    А што е душа и какви се тие патишта?
    Душата е она што многу
    од луѓето околу нас го немаат.
    Празни се!
    Полни се само нивните усти со зборови
    отровни,кои не стрелаат
    од околу.
    А таквите немаат душа.


    Доколку ја читнете истава песна и некаде на фб.знајте тоа е профилот на Кенди,бидејки и таму ги објавувам
     
    На crazylady и kate21 им се допаѓа ова.
  2. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Знам

    Почна од ништо, од нула,
    едно обично разочарување,
    не толку невообичаено за мене.
    Но се разви во нешто посилно од мене.
    А ти не знаеш, затоа што
    не сакам да знаеш,
    затоа што јас знам.
    Знам дека ќе засакам се твое,
    твојот мирис, твоето присуство,
    иако далеку јас го чувствувам,
    твојата насмевка, твојот поглед,
    тоа што си чуден, тоа што се разликуваш
    од другите.
    И знам и не дозволувам, затоа што
    на крајот ти повторно ќе и се вратиш неа,
    таа во тебе остави трага,
    а јас ќе ти бидам уште едно
    рамо за плачење.
    И пак ќе останам на страна, а
    ти ќе заминеш без збор
    како и секогаш.
     
    На Hayley и crazylady им се допаѓа ова.
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Гнев

    Случка што ми ја гризе душата,
    рана која ме убива,
    тоа беше љубовта моја несудена.
    Те сретнав, те засакав,
    се оддалечив-те заборавив,
    мислам, мислев те заборавив!
    Не било лесно
    да те искорнам од срцето,
    сега со гнев исполнето,
    заледено
    како коцка мраз во чаша виски!
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Кога не се љуби

    Ранобудно лице
    неколку белези од топлата борба
    со перницата и мокрите прамени
    од косата што и паѓаа
    на градите ја правеа
    да се чувствува како
    утринска роса.
    Неколку брзи чекори
    и преголемата доза адреналин
    ја правеа да посакува
    да се движи-игра.
    Денот беше сончев,
    а таа имаше сенка-ладовина
    во еден дел во неа,
    во нејзиното малечко срце.
    Се е полесно кога не се љуби,
    (на некој начин).


    Доколку ја читнете истава песна и некаде на фб.знајте тоа е профилот на Кенди,бидејки и таму ги објавувам
     
    На SexyLady и Bright им се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Помнам, беше тоа вруќа ноќ, преку триесет степени сигурно.
    Несоницата ме јадеше како црвот – јаболкото. И покрај тоа што спиев само по долен веш и непокриена, морниците на неудобноста и жештината ме лазеа скокотливо, чинам пајак со влакнести ноџиња ме газеше. Се превртував од една на друга страна, очајно барајќи ја положбата која ќе ми одговара, морав што побргу да заспијам! Иако во таа загушлива и бездимензионална темнина не можев да го забележам часовникот спроти мојот кревет, го слушав неговото мрзливо отчукување и знаев дека веќе одамна помина полноќ.
    Секој постоечки – а ми се чинеше и непостоечки – дел од моето тело ме чешаше. Сега го кудев моментот кога минатото утро ги изгрицкав ноктите од нервоза. Се исправив.
    Сјајот на месечината ми одблеснуваше од лицето. Доколку некој би го фатил овој момент на платно или фотографија, иако не би имало ништо да се види освен целосна темнина и еден единствен блед лик, налик на восочните фигури, сепак би го доловил оној меѓупремински изглед на ликот, чии темни очи и светло розе уста градат не помалку од десет различни приказни.
    Воздивнав тешко и се обидов да се сконцентрирам и да ја исфрлам сета фрустрација од моето кревко тело.
    Флеш од меморија ми помина низ мене, потсетувајќи ме на часовите по јога и медитација. Седнав исправено со нозете прекрсени и рацете потпрени на нив, притискајќи ги палецот и претпоследниот прст.
    - Палец и показалец за телесна болка, палец и среден прст за концентрација, палец и претпоследен прст за смирување. – гласот на тренерот одекнуваше во мојата глава, одбивајќи се од ѕидовите на черепот и создавајќи ехо.
    - Темно чоколадо и зелен чај = невкусна комбинација, но одделно имаат неверојатна смирувачка моќ. – продолжи гласот кој како радио водител збореше во мене.
    Ги отплетов заплетканите нозе и со босо стапало згазнав прво по мекиот килим, а потоа зачекорив дијагонално по ладниот мермерен под со рацете испружени напред, барајќи и напипнувајќи го светлото. Кога светло жолтото светло блесна, на момент или два останав заслепена, прикривајќи ги очите со рацете.
    Токму во моментот кога посегнав со раката да ја свртам кваката на вратата, слушнав чудно издишување зад мене. Морниците повторно поминаа низ моето тело, прво паѓајќи надолу кон нозете, а потоа со уште помолскавична брзина кревајќи се. Подголтнав, а звукот како се одби од собата.
    Знаев дека имаше некој зад мене, му го чувствував присуството. Истиот оној мирис, кој го осетив во бањата додека се капев минатата недела, исто така бев сама во вилата. Мирис на свежа боровина. Очајно се фаќав за секундите кои изминуваа, надевајќи се дека кога ќе се свртам ќе видам ништо друго туку мојот ненаместен кревет. Но сеуште беше тука, ме прогонуваше, а јас знаев кој е.
    Лесен студеникав ветер ме погали по телото, а на мојата десна страна осетив помрднување. Со крајчето на окото видов дека белата завеса се мрда, студениот ветар навлегуваше низ отворената врата.
    Некој се подзакашла.
    Тоа беше тој.
    Го познавав тој негов знак, поткашлувањето, кога сакаше некој да му обрати внимание или да го слуша.
    Осетив доближување зад мојот грб додека стоев така во нема и слепа позиција за се што се случуваше околу мене, згрчена и стаписана. Одеднаш топлина го обви мојот врат, наспроти сето тоа студенило кое како непосакуван натрапник, влечејќи се навлегуваше во собата.
    Знаеше дека очајно го посакувам тој бакнеж во вратот.
    Ме предизвикуваше.
    Не можев да одолеам.
     
    На LivingGlam и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Се е излитено
    Стара куќа,
    ѕидови кои се ронат,
    кров кој протекува,
    се е излитено.
    Облека исфлекана,
    маици со дупки,
    чевли искинати,
    се е излитено.
    Љубов ефтина,
    се е на продажба,
    срциња се поклонуваат,
    се е излитено,
    се е безвредно!
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Мама ми е мајка и не може да ми биде другарка. Дечко ми, ми е дечко и не ми е другар. Никој не може да ми биде другар или другарка кога тоа не е бидејќи другарката е единствена и само таа може да ти биде вистинска... другарка.

    Ми недостасуваш, знаеш? Ми требаш! Искрено имам потреба од тебе. Од тоа да ти се исповедам, а моите зборови да го галат твоето срце во тишината. Да се смееме и да плачеме заедно. Да се отвориме една кон друга и да ги скршиме сите предрасуди и стереотипи дека оној со кој не си во крвно сродство не можеш да го наречеш и чувствуваш како "брат или сестра".

    Драга, знаеш дека крвта не е онаа која вистински го зближува и поврзува човекот, туку љубовта, искреноста и преданоста. Вредности кои за поголемиот дел од луѓето претставуваат мистерија, а наместо нив во срцата им се вселиле користољубивоста, себичноста и стравот од новото, неизвесното и непознатото.

    Се плашат дека едни со други ќе се повредат, но зошто? Зошто кога сите сме исти? Зошто кога сите сме независни? Зошто кога наместо да се оддалечуваме со нашата близина можеме да го направиме светот поубав? Кога јас ќе ти дадам совет тоа не значи дека ти се мешам во животот или и' попречувам на твојата судбина. Кога ти ќе ме прекориш не значи дека ме осудуваш... само сме искрени една кон друга...само сме рамноправни... само сакаме да бидеме добри... само сме верни кон оној кој го сакаме и оној кој не' сака.

    Тоа што сакам да си секогаш тука за мене кога ми требаш не ме прави себична туку копнежлива бидејќи ти си дел од мене. Човек не е роден за да живее сам! Имај ти уште многу други верни другарки како мене само сечиј наш дел чувај го таму каде што му е местото - во длабочините на твојата душа и не откривај ја никому нашата тајна, нашиот заеднички свет.

    До мојата никогаш незапознаена вистинска другарка


    P.S. Не сакам текстот да биде погрешно сфатен. Напишан е во момент на носталгија и разочарување од секојдневието на кои сме сведоци. Погрешните вредности кај луѓето земаат се' поголем замав и не ни дозволува да го видиме она што единствено треба да го знаеме и чувствуваме. Не' прават слепи пред вистината и среќата ни бега од рака. Но, за тоа сме виновни самите ние.

    Кога би и' дале предност на љубовта, искреноста, толерантноста, рамноправноста пред интересите и недоразбирањата сигурна сум дека би се држеле заедно и би биле многу посреќни. Реков не сакам да биде погрешно сфатен бидејќи Мајка ти и те како може да ти биде другарка (сепак таа е единствената која во поголемиот број од случаите ги задоволува сите критериуми на личност која можеш со полна уста да и' ги дадеш најубавите епитети на светот. Дечко ти, пред се' треба да ти биде другар. Покрај хемиската привлечност да ги исполнува сите критериуми на еден вистински другар).

    Но, што кога ќе сакаш да одиш во шопинг, а мајка ти е на работа? Што кога ќе сакаш да танцуваш и да се забавуваш во дискотека, а дечко ти не сака да танцува? Што кога во еден момент од животот ќе почувствуваш потреба од неа? Тогаш кога ќе имаш се', а сепак ќе ти биде потребна (не како замена, туку како таква што е, другарка, во исто време забавна и тивка).

    Не би продолжила со поголеми објаснувања, сметам дека тој што ќе успее да ја разбере смислата на текстот (и воедно смислата на поимот "вистински другар") има и простор да биде таква личност... личност која му е потребна секому. :)
     
    На danniela5, SexyLady и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Ослободување на душата

    Силно,цврсто,длабоко
    удира,боли и ги распарчува градите.
    Ги брои насобраните солзи
    во дланката,во поазадина
    музика и откинува само уште
    едно парче од среќата.
    Полека згасна,
    подот и е најблизок,
    единствен,
    само нејзин..
    Останува со него.
    Тивко згаснува!
    Се слуша музика,
    се чувствува нејзината душа
    во воздухот.




    Доколку ја читнете истава песна и некаде на фб.знајте тоа е профилот на Кенди,бидејки и таму ги објавувам
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Lost in the moment
    that’s how I feel.
    Give me a hand
    maybe I’ll save myself.
    It’s like I’m falling
    of high rock,
    crashing inside
    crashing outside.
    Like little harmless weapon
    at the first sight.
    But deep inside
    as harmful as death,
    invincible.
    So will you thing again
    about saving me?
    ;)
     
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Го сонив сношти знаеш?!? Одеше ко избезумен пред мене, ја вртеше главата лево-десно, како да бараше нешто. Не ме ни сети дур чекорев зад него. Дури и се обидував да не ми излезе стапалото од стапките што ги оставаше зад себе. Небаре, моите чевли се поголеми од неговите.
    ...а беа толку јасно втиснати во земјата, чиниш сета покриена со снег. Чудно дури. Ги броев со потсмев. Каде ли не ќе те однесе умот. Убаво велеше мојата мајка, умот е како палаво дете.
     
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Последниот танц

    Ноќ во Сан Тропе-кој не сонува за неа?! Таа ја доживеа.. Беше пресреќна кога на нејзиното биор виде две карти до таму и порака со кратко и јасно „те сакам“! Знаеше дека тој и ги подарил. Го бараше за да се заблагодари, но го доби неговото поштенско сандаче. Остави кратка порака. Тој не се јави до времето за полетување. Одлета сама. Тој не дојде. Го чекаше, секој ден, секоја ноќ! Изгуби надеж, но сеуште беше вчудоневидена зошто и ги подарил двете карти! Сепак, имаше двонеделен аранжман и реши да го искористи. Опсесија и беше ноќното капење. Една вечер, некаде после полноќ отиде на плажата.
    Претпоствуваше дека нема да има никој. Ја соблече облеката и влезе во водата! Беше добра пливачка. Ги сечеше брановите пливајки дури и таму каде што не беше дозволено. Го обожуваше морето. Оддеднаш почувствува како нешто ја дига над површината на водата. Не, не беше тоа никакво морско животно бидејки таа совршено добро ги почувствува машките раце на својот стомак. Од водата излезе машко лице, а потоа се појави и совршено градено машко тало! Таа веднаш се сети дека е сосема гола и почна да црвенее. Иако беше мрак мислење дека личи на зрел домат.
    „Знаеш дека овде не е дозволено да пливаш?“-и се обрати.
    „Јас секогаш го предизвикувам опасното. Но, не е дозволено ни за тебе“-се сети да изговори „Тогаш што бараш овде? Сигурно не дојде да ме спасуваш?!“-рече таа со иронија во својот глас!
    Носејки ја на раце кон обалата и рече:„Јас не го предизвикував опасното, се додека не те здогледав. Од каде си? Прв пат си овде изгледа?“
    -Од каде ли знае дека сум прв пат овде?!-се запраша во себе и се потруди брзо да одговори.
    „Зарем е важно од каде сум кога утре си заминувам?!“-усните се повеќе одеа кон неговите иако таа тоа не го посакуваше, тој проклето силно ја привлекуваше!
    Студениот песок тонеше под неговите мускулести нозе додека таа се чувстуваше како пердув во неговите раце.
    „Не сакаш да си одиш, нели? Тука е прекрасно, но уште попрекрасно е кога имаш со кого да уживаш. А ти си сама...“-не ја доврши реченицата кога усните веќе им беа споени.
    Долго водеа љубов на песокта, а потоа двајцата играа на шумот од брановите додека водата им ги квасеше глуждовите. Играа совршено, како со денови да ја вежбале кореографијата. Таа го играше последнот танц во Сан Тропе, а тој првиот со жената која го освои неговото срце!
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    20 минути Љубов

    5 минути чекам
    да врзеш патики
    а да одврзеш мисла
    и да одлетаме
    За 7 минути со точаци
    се вози и извозува
    паркот
    А таму за кратко
    се бакнуваме.
    Ме чеша носот, ти велам.
    Остави ме.
    2 минути џвакам мастика
    сакам да ти ја залепам во косата.
    Минутка ми треба
    да се изнервирам
    пак ме фаќаш за спојлерот.
    Се депримирам.
    5 минути се гушкаме споени.
    од нас
    веќе сите прозорци
    со лица вчудоневидени.
    Се обоени.
     
    На blueeparadise, SexyLady и kate21 им се допаѓа ова.
  13. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Беше сама, тивка и секогаш насмеана. Еден ден го запозна НЕГО. Чиниш за НЕГО сонувала.. како да го нацрта на хартија па ги затвори очите и посака да го види пред НЕА. И се случи... Еден ден го виде.. Токму пред НЕА.. Ја испружи раката и го допре. Висок, строен од крв и месо. Очи како костени силно светеа во ноќта, усните развлечени во насмевка на убавото му лице и ја гледаше НЕА. Она како лист на ветрот трепереше и се виткаше. Ја бакна и ја припи до НЕГО. Беше тоа миг за паметење. Нејзините дланки совршено се вклопуваа во неговите. Помисли :- Од денес ТОЈ е мој! Крена рака и со врвот на прстите и се чинеше го допре небото. А знае она не е се така бело. Патот до НЕГО долг и тесен и е. Мачно и е, во гради ја стега , гори. Но не се предава, пусто кога сакаш, сакаш иако боли! Знае она. Не попушта стега заби, ама не и да моли. Знае она, за љубов не се моли. Сака она, ама ајде сакај сам. Не ја бива ни срце едно, ни еден ум, ни тело едно. Знае она. Нема друго чаре.. Ќе пушти чекор, ама назад. Знае она. Тешко му е НЕМУ многу, па и не е лесно да разбереш срце женско. Знае она, ова не е тоа што и треба. Не е толку силно, ни толку сјајно. Знае она. Ама пак го сака силно како дете мало. Го сака ДЕЊЕ, а го ЉУБИ само ноќе....... на СОН!!
     
    На Monroe и SexyLady им се допаѓа ова.
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Медуза


    Далеку од тука, каде трите планини се извишуваа толку високо до небото, пророштво беше искажано.

    Тоа беа три возвишени ридишта, повисоки од која било кула во светот, повисоки од кој било соѕидан храм, повисок и од највисоката планина, Олимп – домот и лежиштетп на боговите. Мистериозноста што се криеше во бледата магла на трите врва ги намамуваше најголемите херои да се искачуваат со желба да дознаат кој или што почива таму. Таа магла, која како сребреникаво бела свила лебдеше околу секој од врвовите, на моменти треперејќи, создавајќи илузја на дишење.
    Се ширеа гласини по околните села дека таму лежи богот на се’, поголем и од богот Зевс. Но луѓето ретко кога го искажуваа ова мислење, зашто иако беше најраспространето и скоро секој веруваше во него, стравот од гневот на Зевс ги приклештуваше нивните јазици цврсто внатре во устата и никој не се осмелуваше своето размислување да го прошепоти, а помалку да го каже на глас.
    Често се наоѓаа храбри умци кои се обидуваа да се искачат на кој било од ридиштата, но никој никогаш не се враќаше. Се наоѓаа и онакви кои наводно заминуваа на пат нагоре по ридиштата, па се враќаа, кажувајќи со какви се’ предизвици се соочиле, секој различно креирајќи ја својата приказна, измислувајќи се понови суштества и чудовишта – чувари на трите ридишта преплетувајќи делови од древните приказни слушнати од своите прабаби и дедовци, заедно користејќи ја својата фантазија. Селаните со текот на времето се научија на таквите лажговци, па како што се зголемуваше нивниот број, тие се повеќе беа неслушани, неприметувани и во најлош случај – избегнувани.

    Има продолжение...
     
    На Doozy и Nightwalker им се допаѓа ова.
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Црно млеко


    Пијам црно млеко. Мобилниот не ми ѕвони, ама ми ѕвони во главата. Школско ѕвонче, овчички и чат - пат некое иритирачко гласче. Ми трне устата, на вратот имам белег од неговите раце и потсетник на грубата игра што толку многу ја сакам. Само тогаш се чувствувам нормално, како да ми припаѓа мене тој стисок, и љубоморно го сакам само на мојот врат и на ниеден друг дел од телото. Тетовирана сум. Ми го жигоса бутот со вилицата, да се знае кому му припаѓа. Јас и без тоа знаев.

    Висам наопаку, час како беспомошно јагне пред колење, со толку силна животна искра во очите што ми ги побркува намерите да летнам од некој кров, час како жртва на сериски убиец што едвај чека да биде лишена од глупоста на овој свет. Белото ми е црно, отсекогаш било така, но никогаш не сум била повеќе вљубена во опакоста на моето постоење. Со распар чевлиња и дедовски шешир, подвезици со црн раб што ја отсликува симетријата на моите нозе и извалкана кошула што ми се лизга од рамото, чекорам кон него. Па го оттурнувам од себе, така ми е интересно. Па пак го повлекувам назад и му ја грабам уште незапалената цигара што му се залепила на усните.

    Сега мене ме труе, а јас уживам во синиот чад. Станувам негова, тој е мој. Секогаш бил, секогаш и ќе биде. Искрата во неговите очи е и моја искра, мојата болна посесивност е и негова. Есенцијата на мојата бездушност се крие во темнината на неговиот поглед. А јас тоа го обожавам. Стигнав до филтерот на последната цигара. Време е да си одам дома. Ја ставам маската и исчезнувам, дур не го посакам пак. Набрзо, за да не претече црното млеко.
     
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Продолжува од ^ - Медуза

    ...........
    Едно студено утро, во периодот кога на престолот до богот Зевс седнуваше Дионис – богот на виното, плач на тукушто родено младо бебе се слушна во најдалечната колиба, на самото подножје на ридиштата.
    Тоа беше време на берење на виновата лоза, а тешките гроздови преполнети со сок, само што не препукнале, плачеа некој да ги бере. Тие денови богот Дионис беше најмногу накитен со лозови венчиња на себе и пиеше од минатогодишните вина, дегустирајќи ги и коментирајќи, и во зависност од тоа колку ќе му се допаднат, го наградуваше семејството кое му го принело како дел од жртвата најдоброто вино. Во суштина, немаше вино кое на богот Дионис не му се допаѓаше, па затоа одлуката секогаш тешко му паѓаше после толку многу испиени пехари вкусно благо вино.
    Но оваа година едно вино очигледно се двоеше од другите, и Дионис без да продолжи да ги проба и останатите вина, објави дека виното принесено од осамената колиба, онаа најодалечената, е неговиот најдобар избор во неговиот бесмртен живот.
    Тајната на тоа семејство никој не ја знаеше, па кога новородениот син во таа куќа беше награден од Дионис, соседите почнаа да љубоморат корнејќи ги косите, злобно обидувајќи се да ја дознаат мистеријата со која тоа семејство го направило најдоброто вино, а некои дури започнаа да шират гласови дека мајката на новороденото момче со магии ја направила магичната напивка, која како вино му ја предале на богот и го опиле.
    На вистина, тоа семејство беше најразлично од останатите селани таму, секој член од семејството беше нападно претпознатлив во толпата селани. Сите беа кревки и меки, со бледа кожа, за разлика од тмурната, нечиста и груба кожа на останатите селани, светли и мили очи, целосно различни од мрачните и застрашувачки очи на селаните кои беа полни со злоба и руси коси исти како свилени скапоцени платна.
    Нивната тајна не беше никаква магична напивка или магични клетви фрлени врз останатите вина, нивната тајна беше едно нешто што никој од останатите селани го немаше. Тоа не беше некое скапо орудие со кое го обработуваа лозјето, ниту некоја магична храна со која го потхрануваа.
    Тоа беше чувството со кое тоа го правеа, чувството кое го чувствуваа додека се грижеа за лозјето, додека го садеа, береа или чистеа од штетниците. Тие тоа го правеа со љубов, а не со завист, скржавост и желба за награди и пофалби.
    Тоа беше нивната најголема тајна, со чија помош го правеа најдоброто вино.

    Новороденото момче Форкис како најнов член во семејството, веднаш му падна на око на дебелиот бог Дионис. Сакаше тој деца, да, но никогаш немаше можност да има свое.
    Тој одлучи наградата која ќе му ја подари на семејството да се однесува на момчето, но не сакаше да му подари храна или пари, сакаше да му подари нешто што ќе му служи цел живот, па така тој одлучи да му подари олицетворение на божицата Афродита – божицата на убавината. Таа жена беше создадена од вештите прсти на Афродита, составена од кал и мајчин здив на Афродита, здивната со многу голема впечатлива убавина, назначена како поморска кралица, но и со уште поголема дарба – можност да роди три ќерки близначки – најубавите девојки кои кога било стапнале на земјата. Таа жена ја крсти Кето.

    Дојде годината кога Кето и Форкис го добија својот подарок.
    Бременоста на Кето беше објавена од милозвучните и опијни песни на сирените, па така целата земја набргу дозна за подмладокот.
    Но работите не излегоа како што треба. Како што Кето растеше и созреваше, таа стануваше се поубава, и иако настапи бременоста, нејзината убавина беше неспоредлива. Тогаш Афродита, зависна на таа убавина и желна за одмазда, и знаејќи дека во утробата на Кето лежат три ќерки уште поубави од нивната мајка, реши да ја прати Кето да се пораѓа на трите возвишени ридишта, да роди по една ќерка на секој рид и да се искачи на нив сосем сама. Знаејќи дека за полусмртната Кето тоа ќе биде скоро еднакво на невозножно и знаејќи дека никој жив не се вратил од тие ридишта, една студена и магловита ноќ таа и дојде на Кето на сон и и’ ја соопшти наредбата.
    Рано утрото, кога сонцето сеуште се немаше искачено на небото, кога сите богови спиеа, примораната Кето тргна на измачувачкиот и смртоносен пат. Достигнувајќи до работ на селото, таа се сврте кон својата колиба гледајќи ја и совладувајќи ја желбата да се врати повторно во топлиот кревет, по нејзиното лице се лизна бистра солза и капна на кратката тревка под неа. Кога ја забележа таа прошепоти.
    „О, солзо моја, роси на тревата секое утро, секое студено утро како ова, роси и создај ја росата на тревата па да ги потсетува селаните дека некогаш сум постоела.“ И оттогаш росата ги потсетува сите селани на убавината на Кето.
    .........

    Продолжува понатаму...
     
    На Doozy, Vodolijata и Nightwalker им се допаѓа ова.
  17. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Прегрната или не

    Легнува на ладно,
    здивот останува некаде помеѓу
    сонот и јавето
    ноќта длабоко навлегува во сивилото
    на нејзиното лице.
    Сонува.
    Сонува како се буди во топла
    прегратка на храбриот тој.
    Збеснува,разочарана од
    сонот...јавето.
    Ниту самата не знаеше
    дали сонува или не,
    сеуште и беше ладно во неговата прегратка.


    Можеби ќе ја сретнете истата песна на фб. е тогаш ќе знаете тоа е Кенди ;)
     
    На Bright, crazylady, Nightwalker и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Занес...

    Се појави без глас, од никаде...
    А веќе си во мене, насекаде...
    Во глава, во мисли, во спомен,
    во слатки моменти од секој домен.

    Ми остави насмевка налик принцеза,
    и кроток поглед од кој се ежам.
    Допир од кој искрена стремеж блеска,
    во дневни мечти и вечерна треска.

    Направи и во магија да верувам,
    во слаткоречивоста твоја да поверувам,
    да се надевам на довековна идила,
    и кристална љубов од бајки со крила.

    Овој силен занес кон тебе ме носи,
    пркосејќи и' на реалноста, ја коси.
    Го наоѓа патот кој води кон тебе,
    зашто само таму се пронаоѓам себе.

    [​IMG]
     
    На Vodolijata, marama, firequeenn и 2 други им се допаѓа ова.
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Замисли го светот како една кристална топка,
    а таму негде додај две совршени компактибилни души,
    дај им месечина, дај им песок,
    дај им простор за љубов, дај им време за прегратки,
    дај им се, само нека бидат вечно среќни...

    .......................................

    А сега замижи,
    погледни ја месечината,
    ти ја создаде само за нас,
    допри го песокот, и тој е само за нас,
    љубовта и просторот...за нас одамна решена равенка,
    прегратки дај ми безброј денес, и уште толку утре, и задутре и така секој ден,
    биди со мене и сакај ме како што ме сакаше вчера и завчера, сакај ме и денес и утре и во Август и Септември...

    ......................................

    Сакај ме секој ден,
    а јас ќе те љубам со секој здив...
    Само дозволи ми и најди доволно време само за нас двајца......
     
    На Vodolijata, crazylady, Monroe и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Безглас

    Сакав, да те побарам
    во сандачето, како заборавено писмо
    неотворено, орно за возбуда.
    Но, што ќе си речеш тогаш.
    Пак, ќе бидам твојата сенка
    што ти ги преместува сказалките
    на часовникот
    додека спиеш
    со друга во сон издаваш мои реченици.

    Креди во боја, немаш
    ниту сеќавање за детството
    стопен сладолед - заринкан брод
    на брегот што не’ лула.
    Успешно.



    А
    Јас.
    Неутешно
    во перницата шијам зборови
    и разговарам со Телевизорот.
     
    На donna.17, Bright, De-lovely и 4 други им се допаѓа ова.