Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    МОЈАТА ПОЕЗИЈА ПИШУВАНА ЗА ТЕБЕ
    -Зошто?! Кажи ми зошто дозволуваш солите да го топат моето лице.Непрекинато плачам по тебе, секоја мисла ми е во тебе, секоја твоја грешка што си ја направил во име на љубовта е рана за моето срце. Но моето срце е преполно со такви рани кои навлегуваат длабоко во срцево, болат и печат. Секогаш кога ќе помислам на сите денови и мигови поминати заедно, на сите оние убави моменти, чувствувам како срцев да ми вели "не сеќавај се на тоа зашто секогаш кога ќе помислиш на тоа јас боледувам, и еден ден можеби нема да можам да ја издржам таа болка". Навистина несваќам зошто кон тебе имам вакви чувства, и зошто кон ниеден друг досега не сум ги имала. Можеби затоа што сега за прв пат сум вистински заљубена. Би сакала да може срцево вистински да зборува и да ми каже зошто баш тебе те одбрало да бидеш во него, зошто цел дел од него го дало само затебе. Но не,никогаш нема да добијам одговор за ова. Дел од моето срце е изеден од болката, а солзите се тие кои ја хранат таа болка. Останува уште мал дел, незнаеќи дали ќе го зачуваш и со текот на времето ќе го заздравиш и ќе му ја вратиш силата, ќе направиш да биде такво какво што беше неодамна или пак ќе го оставиш болката да го изеде и тој дел, но верувај ми ако и тој дел не постои во мене, нема да постојам ни јас. Но мислам дека и така ќе биде најдобро - ЗОШТО МИ Е ЖИВОТ БЕЗ ТЕБЕ. Сето ова го пишувам поради твојата љубов, за да ја зачувам барем на овој лист хартија ако неможам на друго. И знам дека ова е само еден вид утеха, друго нишо. Сакам да кажам дека го пишувам ова знаеќи дека овие мои зборови напишани на ова парче хартија кои никогаш нема да дојдат до тебе се само СПОМЕНИ СО СОЛЗИ...

    FOREVER FOR _ _ _ _
     
  2. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Чуден е животот!!!Чудна е љубовта, чудна е надежта! Чувствуваш, мечтаеш, љубиш, сонуваш...Каде и да одам - во мене си , со мене си постојано. Но што да правам во овие моменти кога премногу ми недостигаш? Не! Не си виновен ти, не сум виновна јас-виновна е СУДБИНАТА. Но како да и се лутам на судбината што во овие моменти не сме заедно, кога таа не спои? Како, се мислам и двоумам, како да ја прелажам да те донесе во мојата прегратка, блуску до мене, во нашата оаза на љубовните мечти? Не можам да ја прелажам - си велам. Многу добро не познава и двајцата. Знае дека чувствово води кон уште повеке љубов. Итра е - ја зголемува нашата љубов. И како после да и се лутам, како би можела? Другарке моја најверна, ти простувам, прости ми и ти!Само едно ќе те замолам...чувај го, чувај не и двајцата.
    Љубив моја, ми недостигаш! Знам, чувствувам како ќе ме бакнеш кога ќе ме видиш, баш затоа и ми недостигаш. Гушни ме љубов моја. И покрај горештиниве, гушкај ме постојано, истрајно, онака слатко...нема да речам доволно е.
    Пораснавме, љубов моја! Не сме повеќе деца, не сме повеќе две слатки дечиња, на кои им светкаат очињата, кога се држат за рака. Но знам! Се знам себе, те знам и тебе. Засекогаш ќе бидеме оние мали дечиња во нашите срца. Но деца што знаат вистински да ЉУБАТ. Крај тебе пораснав, крај тебе созреав, крај тебе сакам и да остарам. Сватив, одамна сватив дека освен моја љубов ти си ми и мојот најдобар другар. Може ли човек да биде без својот најдобар другар? Толку многу имам да ти кажам, господару на моето срце. Всушност не- едно нешто ќе ти кажам но со големо значење.
    Сега се насмевнав. Знаеш зошто? Зошто ако некогаш твоите преубави очи заталкаат низ текстов и ти ќе се насмевнеш. Затоа што ако заплачеш, знаеш дека ќе ми биде уште потешко. А тешко ти е и тебе, знам! Те знам и од себе подобро. Ти недостигам и јас...
    Издрши љубов моја, ќе издржам и јас. Ете иако ми е тешко не пуштив солза, за и тебе да не ти биде потешко.
    Судбино моја, другарке мој, ти благодарам уште еднаш, ти благодарам што ми го носиш во сонот кога не е блиску до мене во реалноста. Благодарам што е секогаш со мене!!!
     
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Толку многу луѓе околу мене
    а никого неможам да препознаам

    толку многу бисери од длабочините
    а ни еден не сакам.

    страв ми е да пуштам солза
    неможам да ги истрпам погледите

    страв ми е да бидам тажна
    ретко таква ме гледаат

    страв ми е да се отворам некому
    секогаш тоа скапо го плаќам

    страв ми е да ги допрам височините
    тие ќе ја изгубат својата вредност

    страв ми е да подклекнам и да се покорам
    ќе ги разочарам оние кои во мене веруваат

    :(
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Танго


    Расплетувајки ја косата
    го почувствува топлиот здив
    на нејзиниот врат.
    Секоја делче од нејзината кожа
    знаеше дека тој момент ќе биде краток.
    Топлата воздишка и ги погали усните,
    веќе беше касно,касно за чекор назад.
    Две раце ја имаа,
    нежно а толку цврсто,
    ја држеа да не прелета со крилјата
    на возбудата.
    Околината беше тивка
    реалното и нереалното
    во прегратка играа танго.


    http://www.youtube.com/watch?v=sIDVyJavOOs
    ако ја сретнете песната и на фб. тоа е профилот на Кенди ;) и таму ги објавувам :)
     
    На SexyLady и De-lovely им се допаѓа ова.
  5. WittyLana

    WittyLana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Во Тишината

    Најубаво e кога ја слушаме тишината.Во неа можеме да се чуеме себе си. Бидејќи повеќето луѓе го слушаат само она што сакаат да слушаат. Но, во тишина можеш да го најдеш својот мир, да ги оствариш своите желби, да ги исполниш своите потреби и да се чувствуваш задоволен...
    Има многу вредни моменти кога наеднаш престануваме да зборуваме и се што слушаме, и се што сакаме да слушаме е тишината.
    Се прашуваме зошто не сме го послушале внатрешниот глас и не
    сме проговориле ниту еден збор, туку останало длабоко во нас…без разлика дали станува збор за согласување ,благодарност или едноставно извини.Се прашуваме зошто се кочиме некогаш да го изговориме тоа што ни е на врв на јазик,
    без разлика дали станува збор за Љубов, Радост, Изненадување, Лутина, Надеж, Поддршка, Несогласување или Тага…за сите тие чувства имаме одговор ама некогаш едноставно избираме да молчиме. Ама убаво е кога го слушаме говорот во себе - внатрешниот глас кој всушност претставува комуникација со нашата потисната свест бидејки тој говор не го слуша никој друг освен ние самите.
    Разговорот самиот со себе со нашиот внатрешниот глас со нашата потисната свест е многу важен , бидејки нашите ветувања,
    одлуки, моментите кои не оставаат без текст , некогаш и ја одредуваат нашата
    судбина ,и некогаш зборот што ќе го премолчиме е исто толку важен
    со зборот што ќе го изговориме.
    Кога нешто ќе не остави без текст ,без разлика дали е тоа од тага или преголема радост, или станува збор за нешто сосема друго, добро е внимателно да го слушнеме нашиот внатрешниот глас и нашата потисната свест бидејки само тогаш ја спознаваме вистината, тогаш можеме да слушнеме многу нешта кои се криеле длабоко во нас... задоволство, болката, нашите стравови, нашите надежи…и многу други нешта. Тишината е како место каде што ние се сретнуваме со нашето внатрешно јас, место за медитација, како место за самоспознавање.
    Во тишина ние можеме да го слушнеме своето вистинско јас…
    Тишината вреди повеќе од илјада зборови и добро е кога некогаш остануваме без текст, закопуваме длабоко во тишината како што тоа многу убаво го кажуваат зборовите на поетот Ацо Шопов...Ако имаш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го длабоко во тишината, тишината сама ке го рече... Бидејки сепак тишината кажува се...само треба да умееме да слушнеме..
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WittyLana

    WittyLana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
  7. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Беше еднаш...

    Беше еднаш, одамна и некогаш...
    Беше тоа љубов на прв поглед
    Беше тоа магија од емоции
    Беше тоа она по што сите копнеат...

    Беше еднаш, одамна и некогаш...
    Беа тоа два цвета во пустина
    Беа тоа два извора на љубовта
    Беа тоа две искри во темнината...

    Беше еднаш, одамна и некогаш...
    Суровата пустина против нежните два цвета
    Темна, загадена и тмурна сила кои ги гнасеше двата извора
    Две љубопитни искри кои се губат во темнината и полека но сигурно ќе згаснат...

    Беше тоа еднаш, одамна и некогаш...
    Кога вистинската љубов престана да биде важна...
     
    На K0STOVA, Doozy, WittyLana и 2 други им се допаѓа ова.
  8. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Блуз

    Јас и ти сме различни света,
    како математика и музика,
    како твојата спретност и мојата несмасност,
    како реалност и фантазија,
    како наука и магија.
    И далеку сме,
    а сепак блиску.
    Каде што ме остави, таму и останав.
    На истото место.
    А сепак различна.

    Задимена соба, низ неа звуци.
    Струјат низ воздухот и доаѓаат право таму,
    таму длабоко во означеното срце.
    А музиката те води длабоко, длабоко во неа,
    а не те дави, иако не знаеш да пливаш,
    те носи низ времето, низ минатото,
    низ сегашноста.

    Ти толку несвесен, безгрижно
    продолжуваш.


    Уф, како полека ме носи во себе,
    во овој разум создава магија и
    полека го разбирам,
    полека го сознавам,
    се препуштам и го познавам.

    Тој блуз.....
     
    На SexyLady и marama им се допаѓа ова.
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    нешто неопшливо ПРЕУБОООООООО!! точно ко за мене ;( ;( ;( ;(
     
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    „Се’“


    Ти си тишина,
    толку тивок а понекогаш неопходен...

    Ти си мрак,
    постоиш за да ме скриеш...

    Ти си светлина,
    на крајот од тунелот со тебе гледам светла иднина...

    Ти си топлина,
    твојата љубов ќе ме стопли и на Сибир...

    Ти си љубов,
    безусловна, детска, невина, искрена љубов...

    Ти си СЕ’,
    се што ми треба за да бидам среќна...
     
  11. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Тука си...

    Тука си-ме гледаш и ми се чини
    со поглед допираш до мојата душа.
    Тука си-стоиш пред мене, времето застанува
    и никој друг не е важен.
    Тука си-момент на магија, трепет си страст...
    Тука си-те допирам, рацеве го препознаваат
    твоето лице, го чуствувам твојот мирис, здив...

    Тука си-ме гледаш а во твоите очи
    ја нема онаа искреност.
    Тука си-стоиш пред мене, времето не гази
    и повеќе не сме сами.
    Тука си-момент на страв, неизвесност и бес.
    Тука си-те допирам, но тоа не си ти

    Странецот во тебе или сомнежот во мене
    Повторно запознавање или конечна одлука
    Победа на љубовта или пораз за двајцата
    Поразот ќе е твој или мој
    Тука си-не си.
     
    На Talita и K0STOVA им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Состанок


    Ритам и пиво
    во градов е мртво.
    Темнините ни се дамки на облеката.
    Наочари за Месечина.

    Глумам оргазам
    наместо наједноставно да ти речам.
    Те мразам.
    Секое ќоше
    светка од очите на мачките.
    Полноќни чувари
    на нашата совест.


    Ти си од друга планета
    а јас космонаут.
    Врвца папочна
    од тука до Марс.
    Што ли би раскажувал овој град.
    Да имаше свој медиум...
     
    На Gunshine и Springy им се допаѓа ова.
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Нејзиното тело

    Нежни раменици,
    половината некаде измеѓу
    а колковите сечија желба
    влеваа жештина на погледите
    вперени во неа.
    Зрачеше свежина
    и жештина во ладниот летен воздух
    Се движеше исправено,околу неа
    се беше небитно,таа гледаше напред.
    Лево-десно тоа не беше нејзино место.
    Правиот пат беше нејзина цел,
    Непознатите погледи
    кон нејзината идеална фигура
    оставаа белези на
    нејзината самодоверба.
    Беше исполнета,сигурна!

    ако ја сретнете песната и на фб. тоа е профилот на Кенди :) и таму ги објавувам :)
     
    На SexyLady и Hipica им се допаѓа ова.
  14. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    -Да не си пијана?
    Центар и клупи и плачки
    Само ние двајца
    И просторот меѓу нас
    Исполнет со љубов и горчина и рани длабоки
    И “прекини ќе те гушнам” моменти
    И локални курви позади мтв
    Дебели со непочит испрљани
    И многу предрасуди.
    Знае повеќе од потребното
    Па дури и потребното му е сувишно
    А јас па секогаш се губам меѓу неговите редови
    И сакам да го слушам како зборува
    Неговиот глас смирува
    Па да знам дека е тука
    И да останам изгубена.
     
    На De-lovely, crazylady, SexyLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Стоиме на крстопат,
    ги пружаме рацете посегнувајќи кон ѕвездите,
    а не сме способни да се одделиме од тлото.
    Разговараме за неважни работи,
    моменти што сме ги испратиле со возот на заборавот,
    денови кои треба да се родат.
    Сегашноста е скокотлива за нашите јазици.
    Ме обзема очај.
    Стоиш пред мене со чуден лик,
    оние очи кои некогаш ме грееа,
    стануваат најладното место на целата планета.
    Некогаш имаше рози, сега има само трња.
    Телата ни се блиски,
    твојата душа е во тебе, а мојата лебди на границата помеѓу два света,
    до едниот токму ти и ме донесе.
    Сега ја разбирам причината за моето сивило,
    врутокот на мојата болка, на сите мои страдања.
    Ќе се сретнеме некогаш,
    ќе ни се вкрстат патиштата.
    Ќе те гледам гордо, а ти ќе ја наведнуваш главата.
    Најверојатно со тебе ќе носиш многу пријатели,
    јас ќе имам само грст убави спомени.
    Сите патила и болки,
    ќе потонат во најдлабоките океани,
    Се спаси туркајќи ме, а јас останав на дното.
    Губам контрола...
    [​IMG]
     
    На minne-mouse, De-lovely, blueeparadise и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Уморна сум да бидам овде. Водена од моите детски стравови .Ако мораш да заминиеш,те молам едноставно замини!! Твоето присуство сеуште ме прогонува и не ме остава намира!!
    Ова почнува да наликува на пекол. А времето проаѓа. Оди и не носи ниту едно од тиа проклети сеќавања. Како за инает да постојат. Како за инает тропаат на мојата врата и не ме оставаат да заборавам. Неможам да ја скријам празнинава. Мислам дека сите ја гледаат. Ги мразам. Сите. Сакам да престанат да ги поставуваат секојдневните бесмислени прашања и конечно да престанат да се жалат! Зошто мислат дека сум приморана да ги слушам? Мислат ли можеби дека сакам да им помогнам? Несакам! Зошто неможам ни себеси да го направам тоа. Уморна сум. Душата ми е огорчена. А зошто ли? Незнам. Не,знам зошто. Ама преголема е гордоста која ми би дозволила да изгледам толку патетично и да трошам мастило за глупости. Ух,се мразам себеси. Не се сожалувам. Едноставно Се Мразам.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    На полна месечина потајно со на блиските крвта го мијат среброто
    со оправдување дека било вода...
    Ја допираат со усни сладоста на горчеливата рана, впивајки ја секоја
    капка во себе правејки ја ,,света''

    Молам, стори да умеам да станам нивен бог за грубо
    да ги протегнам прстите низ нивните свилени коси,
    гордо симнувајки ја доламата која ги прекрива гревовите тајни...
    На колена ранливи да ја примораат толпата црнило да исчезне
    од лицата и мермерот.
    Онаму доцна каде го бакнуваат,
    на која преспиваат со потечени очи облеани маскара...

    Меморијата и лажното вино нека ужегнат на паркет,
    раното утро после настанот...
    Само тогаш ќе знам
    дека невидливиот се насмевнал и почувствувал
    блаженство.

    Еден ден нивните тела ќе се распаднат или гнијат,
    а нивниот ќе го гори со жар, секој проклет дел од пребледениот леш
    ако воопшто останал.

    Но само кога би била ѕидар...

    би ја составила дури и најмалата пукнатина
    во перифериите на енормната слабост.
    Би го лекувала тоа чувство зашиено како сатен,
    враќајки ја поткрепата на сите залутани назад на патот имагинарна илузија,
    некогаш каде заедно тргнавме со свеќа во раката
    и обезправена надеж.
    Препуштени на безмилосно скрнавење на младиот ран сон
    претворајки го во урнатина....

    После векови во починка возвиши ги нивните души,
    суди им правда молам!
    Заковај ги иглите за првпат одрекувајки се од верата,
    направи компарација меѓу страни битија,
    наведи ја апстрактноста во која тие креативно требаа да создадат...
    Нивниот свет како гнасен подрум омраза дополни го со измачување,
    а вети им лажна светлина...
    Научи ги да молат за прошка,
    зошто и копнежот умее злобна душа да растера.

    [​IMG]
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Стоеше на работ на покривот и гледаше надолу. Коли, лица и “дечко немој те молам симни се” викотници го исполнуваа воздухот. Гледаше во нив, и се обидуваше да ја запомни секоја црта на нивните лица, да ги запомни сите тие исплашени и испаничени погледи. Со потсмев ја гледаше и и се чудеше на нивната загриженост за личност која не ја ни познаваат. Не е тоа загриженост, си рече. Беше полно со репортери и камери. Се чудеше зошто некој би застанал и би обрнал внимание на него. До пред неколку часа, сите беа толку зафатени со нивните лелекања и плачки, сите толку брзаа некаде, се обидуваа да бидат во чекор со времето. А времето пак, како да брзаше повеќе и од нив. До пред неколку часа, за нив тој беше само една налудничава појава во различни облици кои што беше само еден мал дел од толпата идиоти. Се прашуваше што ли ги натерало да запрат сега, да баталат се, и да бидат сведоци на едно мало шоу на таа безначајна појава. Можеби ги запрела љубопитноста, можеби сожалувањето. Ако тие и се способни да почувствуваат тага, си рече. А можеби се гледаа себеси. Директори, премногу зафатени за своите деца, нивните сопруги барајќи утеха во некои туѓи раце, проституки,нечисти и нечесни. И онака е небитно, си повтори. За неколку минути, се ќе биде готово. Ќе отпатува негде далеку, каде што конечно ќе успее да ја потисне таа омраза која што ја чувствува веќе со години. Каде што ќе биде далеку од подбивните погледи на тие бескорисни идиоти. Нека останат тука, нека потонат во своите маки и проблеми, кои сами си ги створија. Можат од себе да бегаат, но не можат од себе да се скријат. Беше точно 12 часот на полноќ. Време е, рече. Погледна надолу, задоволен од толпата која што се беше насобрала. Се повлече чекор назад. Никогаш не ни планираше да скокне од покривот. Го доби тоа што го сакаше, двесте луѓе собрани на едно место. Можеше да отиде и во некој трговски центар или продавница, но вака беше подобро. Сакаше да им ги види лицата, да види барем малце покајание коe што можеби би ги спасилo. Се прашуваше колку од нив всушност се прашуваа како ли се осеќа тој, како е да се биде на местото на човекот спремен да скокне од покривот на една зграда, како е да се соочиш со смртта. Еве им го одговорот, се насмеа во себе. Сега уште повеќе, тој чувствуваше презир. Во рацете држеше една мала правоаголна плочка, со црвено копче на средината. Збогум, рече притиснувајќи го копчето.

    Позади него изби пламен, се слушна јака експлозија. Го слушна нивниот крик, нивните врисоци. И тогаш, за првпат во животот, почувствува олеснување, такво какво што никогаш во животот не ни замислувал. Го притисна црвеното копче и се разнесе себеси.
     
    На Wild.Child и SexyLady им се допаѓа ова.
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Несоединување
    (за жал?)

    No more whys.

    Си имам заштитен механизам
    и ова твоево не ме боли.
    Само ми пречи.
    Ама што не поминало, па ова!

    Or glances.

    Уживај во твоите бели вина,
    во твојата повлеченост,
    неискажливост.

    Keep on being silent.

    Ти не си, не си за мене.
     
    На kate21, Denna, De-lovely и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    (Oд статус)

    Можеби, еден куп нешта
    тој сакаше да ми каже.
    Но немаше кога
    А имаше како.
    Доволен ќе беше бакнеж.
    И ќе замолчев.
     
    На skyAngel, kate21, TheCandy880 и 4 други им се допаѓа ова.