Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Лице со облик на човек
    Обична појава
    А во неа обична празнина.

    Не може да пронајде зборови
    Да се искаже
    Знае,
    Нема светот да го сфати
    Години залудно потрошени
    За на крај да се најде
    На некоја празна улица
    Без сонце,
    Али сонцето и онака е небитно

    ( Ќе се потсети на сите зборови неискажани
    и дела не допраени и бакнежи пропуштени; на гладно срце младоста белег му остави ).

    И многу ќе го боли.

    Ќе сфати дека само куферот му останал
    А во куферот животот го спакувал
    Сите спомени и места и мириси
    И тогаш сфаќа дека не му треба повеќе.


    И ако некогаш успеете и го видите
    Нема ни да го познаете
    Ќе ве познае тој вас
    Ќе познае каде со години живеел.
    ( душата што сите ја изгубивме )

    Лондон е градот кај што полека умираме.
     

    Прикачени фајлови:

    • Lonely man.jpg
      Lonely man.jpg
      Големина на фајлот:
      35,4 KB
      Прегледи:
      252
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Постои причина за сѐ. Понекогаш разумот не може да најде одговор, понекогаш одговорот сам ни кажува сѐ, но чувствата секогаш ја знаат вистината за крајот.
    Некој ќе остане дел од вас, некој засекогаш ќе ве напушти, некој нема да сака да биде дел од вашиот живот. Секој го следи она што сопственото срце и разум му го говорат. И вие не можете ништо да направите во врска со тоа. Во вакви моменти, ви останува само да се повлечете.
    Понекогаш изборот на негативното е единствениот избор кој може да ви помогне да се вратите на позитивниот пат на вашиот живот.
    Ако нешто научив за сите овие години, тоа е дека ништо не е вечно. Сѐ е менливо. Ништо не е совршено. Сѐ си има свој почеток и свој крај.
    Отвораме една врата, но мораме да затвориме друга. Немојте да дозволите некој друг да ја пишува вашата приказна. Создадете сопствена.
    Животот е голема сложувалка составена од парчиња со различна големина, боја и значење.
    Ви благодарам што ми дозволивте да бидам едно мало парче од мозаикот на вашиот живот.
    Знам дека вие сте дел од мојот... ;)
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    И сега,мислите ме водат кон почетокот,кон сознание дека се разделувам, од сите смешни,интересни нешта кои ме правеа среќна...дел од нешто каде во клупата ги сокривав смешните карикатури...а над клупата, тетратка со графити.
    Сепак,сето тоа останува тука,во учиницата, на весели,разиграни деца со кои го чекав ѕвоното за завршениот час. Бевме палави и луди. Секогаш имаше караници а често летаа и тупаници и шлаканици. Сепак кога стануваше збор за сите нас бевме први од кои се слушаше глас. На наставниците од нас ги болеше глава, секогаш на совет бевме „најдобар“ клас. Шегите и глупостите кои ги тресевме сите оставија голема трага во поминатите дни во основното. Тоа што следи е навистина тешко. Ме боли што се разделувам од мојот клас. Бевме генерација која беше пример за другарство и слога. А сега сознанието дека за неколку дена сите ќе се разделиме на свои страни навистина боли. Ќе недостигаат бељите кои ги правевме заедно, ќе недостигаат и сите глупости на кои се смеевме без врска, а ќе недостигаат и наставниците кои не советуваа да бидеме добри…
    А „утре“ кога ќе влезам во друга училница со други личности, различни од оние во мојот клас, можеби и јас ќе бидам друга личност....Не знам....


    За крај на основно...
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584

    Незнам зашто.. ама напишаново ме потсеќа на онаа песната од Evanescence - My immortal. :^) А посебно првите четири реченици.. I'm so tired of being here, supressed by all my childish fears, if you have to leave, i wish that you would just leave.. Your presence still lingers here and it won't leave me alone.. ;)



     
    На OrdinaryGirl и Bright им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Просторна


    Со многу мажи
    поминав време во лифт.
    Гледајќи се
    двајцата во огледалото
    кој е поубав.
    Или барем.
    Поклаустофобичен.


    Никогаш не притиснав стоп.
    (животот и онака
    некои ги води горе, некои долу).
     
    На Strumfeta93, Grunge, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Убави нешта

    Преплетени прсти
    и вкус на љубов во нивните
    усни шуплини.
    Туѓи погледи и
    сурови осудувачки мисли.
    Бакнежи,допири
    се она што ги правеше среќни,
    а останатите нека си го трошат времето
    на осудување.
    Не знаат што пропуштаат!
    А можат да уживаат како тие
    двајца..

    Ако налетате на песнава на фб. тоа е профилот на Кенди и таму ги објавувам ;) :)
     
    На De-lovely и SexyLady им се допаѓа ова.
  7. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Ништо

    Што кога се ќе ти се претвори во ништо?
    Што кога во тоа ништо ќе пропаднеш и ќе останеш таму?
    Што кога се што имаш се множи со ништо?
    Што кога тоа ништо ќе го обземе целото твое битие
    и твоето постоење?
    Што кога ќе се разбудиш и сфатиш дека си само дел од едно
    големо ништо?
    И тоа ништо го владее твојот живот,
    не те остава да станеш нешто,
    не те остава да се случи нешто,
    те остава само да тлееш таму
    да лебдиш во тој празан простор
    и тоа на средина, ни горе ни долу,
    на средина на неактивен вулкан,
    кој без активноста е исто така ништо.
    Те остава во безтешинска состојба
    и не дозволува да застанеш на нозе,
    да се прицврстиш на земја.
    Се само за да му бидеш другар,
    за да не биде само тоа ништо.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sinetta

    sinetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Мода
    Што значи овој збор? Никогаш не сум го разбирала неговото значење, во вистинска смисла. Секогаш сум подразбирала под мода, тренд, кој некои жени и мажи го следат и многу им е важно да бидат тренди. Ако не припаѓааат на таа тренд-група, светот се руши. Поради тоа, често ги пропуштаат животните моменти, кои нели, не се трендовски. Епа, јас не сум модерна.
    Јас сум прво, најружното створење во градов, на кое што и да ставиш, личи, уствари не личи на ништо. Не трчам по салони за масажа, депилација, стајлинг, мејкап, фризерај и слично. Не трчам по бутици секој ден, за да знам што е тренд денес. Не носам шпиц кондури, ниту цевка фармерка, со низок струк. Не ми се гледа стомакот, немам пирс нигде, ниту тетоважа по телово. Танга не ставам на себе, па да ме убиеш, светло жабечки бои, не ни размишљам да облечам, пластичен накит и остала кич - бижутерија, ми се одвратни.
    Имам целулит, помалку додуша, од било која модерна, манекен - женска, ама си имам. Имам неправилни црти на лицето, кои не ги кријам со ништо. Имам „Сирано де Бержерак“ нос, ама таму ми е шармот. Депилирам само тоа, што мене ми претставува хигиенска потреба, и се сакам баш ваква - никаква.
    Замисли, не тренирам ништо, не возам ролери по кеј, не сакам да бидам видена, во ниеден фитнес клуб, каде се губи време, во непотребни естрадни - жута штампа муабети. Немам кондиција, ни до дуќан да отидам, ама таква сум си фина. Не возам луксузна кола, од која трешти (на најбоље озвучење) тренд музика, не се расфрлам со пари, имиџ, скапи мобилни, вредни тренд марки на обувки и мали ситни „невидливи“ придружни елементи, кои би ме направиле, незаборавно заносна.

    Јас сум ортодоксна глупача, неинтересна, досадна женска кокошка, која сака да ја слушаат кога зборува, да ја гледаат во очи, а не во деколте, или во нозете. Размислувам што зборувам, анализирам што правам, внимавам како се однесувам, ги почитувам луѓето, ги пазам тие што ги сакам. Не вреѓам никого со своето глупирање, возам внимателно и брзо, не пречам никому со своето њањакање и фемкање. Прифаќам состојби и ситуации и свои и туѓи. Не ѕвонам никому сто пати на ден, не пишувам лигави смс - пораки, не се смеам цел кафиќ по мене да се врти и не тропам зелени, мали женски „немоќни“ глупости.
    Мене не ми треба помош, да сменам гума на колата, тоа го правам сама, ако застане, сама ја буткам на тротоар, не викам машка помош, не молам за ништо и никого. Сопствените сметки ги плаќам сама, не се алкохолизирам, светов го шетам со ширум отворени очи, гледајќи ги луѓето како персоналитети, а не како кукли кои сакам, или неќам да ги шетам до мене.
    Не прифаќам разговор со непознати, ниту пак нарачки од шанкови, не поправам мејкап во тоалет и не ставам по литар парфем на себе, за да попаѓаат во несвест, стотина луѓе околу мене.
    Затоа никој не ме сака. Ама се сакам јас. Баш таква, каква што сум. Никаква!!!
    :$
     
    На Hiii, De-lovely, kamikazus и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Како светот се бои розово

    Дете-искрено, невино суштество чии прашања често знаат да не замислат. Колку пати само прашале нешто чиј одговор не сме го знаеле?! Безброј. А нели возрасните се знаат?!
    Ели често знаеше да праша нешто што нејзните родители не знаеја да одговорат. Таа ги сфаќаше. Знаеше дека никој не е сезнајко.
    Имаше безгрижно детство, беше единица и многу разгалена од своите родители. Но, таа не беше сноб. Напротив, за нејзините 7 години беше многу понапредна и поинтелегентна од своите врсници. Таа не бараше ништо пред да заслужи. Беше прва во знаење во класот. Прва научи да чита и пишува, прва научи да брои и да пресметува. А тоа беше доволно за девојче на нејзнина возраст.
    Еден ден ја праша мајка си:
    Мамо, дали ти и тато засекогаш ќе бидете со мене?
    Не, мила, еден ден кога ти ќе бидеш многу голема и кога ние нема да ти требаме ќе не нема. Но, ти тогаш ќе имаш некој друг кој ќе биде покрај тебе. А веројатно ќе имаш и дечиња.
    Ели ја прегрна мајка и и и рече:
    Но, вие мене секогаш ќе ми требате мамо. Кој ќе ми помогне околу дечињата кога јас ќе работам?! М?
    Ти мене ќе ми требаш исто како тебе што ти треба баба ми.
    Мајка и знаеше дека тоа е детската наивност, па затоа и не обрна внимание.
    ***
    Беше 1ви декември. Студен зимски ден. Ели беше дојдена од училиште и си ги пишуваше домашните, кога татко и ја објави веста дека вечерта мора да замине на пат и дека и мајка и треба да оди со него.
    Но, драги, кому ќе ја оставиме Ели?
    Душо, утре рано изутрена ќе слетаме тука. Кога ние ќе заминеме таа веројатно ќе легне да спие. Ако сакаш може да одам да ја донесам мајка ти да биде со неа.
    Таа се солгаси и Ели таа вечер остана со баба и.
    Бабо, како може да се обои светот?
    Бабата се насмвна па и одговори:
    А кој ти кажал дека светот се бои?
    Ги слушнав пријателките на мама како велат дека светот не е розов. Сакам да им кажам како да го обојат ако тоа ги прави посреќни.
    Ах миличка, додека си мал лесно е светот да ти биде розов. На пример, ти си среќна кога добиваш нова барбика, а штом си среќна се вели дека живееш во розов свет.
    Баба и проба да и објасни пократко. Знаеше дека светот не се бои, но не сакаше да и ги скрши илузиите.
    Значи, кога мама и тато ќе се вратат утре мојот свет ќе биде најрозов, нели?
    Да, мила, така е.
    ***
    Наредното утро беше ужасно. Авионот во кој биле родителите на Ели експлодирал и нема преживеани.
    Баба и не знаеше како да и објасни.
    Но, ми ветија дека ќе дојдат утрово-се бунеше Ели.
    Мила, тие веќе нема да се вратат. Ги изгубивме засекогаш.
    Ели долго молчеше. Сфати дека ако не се враќаат повеќе, тие се мртви.
    Бабо, дали јас сум голема?-праша.
    Хмм, не душо, зошто?
    Мама ми рече дека ќе ме напушти кога ќе сум голема и кога нема таа да ми треба...
    Двете воздивнаа.
    И сега како да го обојам мојот свет розов?!-си шепна Ели тивко. Како да не сакаше никој да ја чуе.
     
    На minne-mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Баш од таму дојде инспирацијата ;)
    Во сите депресии, Еванесенс е тука да ме дружи :)
     
  11. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Повторно друг. Повторно изневерување. ПОвторно истото.
    До кога? Господе што не е во ред со моите мисли? Зошто сум таква?
    Зошто мене ми се слушува ова? Милион прашања,ниеден одговор...
    Додуша,има некое „решение„ ама не ми се менува животов. Изгледа потајно
    си се обожавам ваква расипана. На ниеден ништо не дадов,ја разгорував
    само страста, а потоа бегав. После не беше интересен...да му се предадам....
    А сакам,сакам да бидам негова! На оној дебилот, што анправи да го засакам
    и замина. Ах,го мразам. Исто толку колку што го сакам. Ни фацата повеќе
    не му ја памтам. Или се залажувам дека не....Незнам,само знам дека не вреди.
    Но,ете. Пак пишувам за него,пак се враќам на истото,пак истите приказни,
    пак истата болка,пак..... Аман,доста е веќе.
    Постои и друг, и друг. Тројца. Ми делуваат толку смешно. Може си мислат
    ми значат. Оф,а јас ни сама не се сакам. Идиотка. Кучка. Незаслужна за ништо,
    а вечно незадоволна со тоа што го има.
     
    На generation му/ѝ се допаѓа ова.
  12. generation

    generation Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Таа го мрзеше градот.Ги мрзаеше огромните светла,бучните улици,луѓето кои секојденов ја лажеа.Таа сакаше да избега некаде каде што никој не го знае нејзиното име.Во тој мрачен град таа имаше само 3 личности кои најмногу ги сакаше.Набрзо таа отиде на доолго патување со совјата другарка.Нејзината единствена желба да избега од градот беше исполнета.Таа не се надеваше дека на ова патување ќе запозне нови прекрасни пријатели или пак ќе се вљуби.Всушност не ни размискуваше за тоа,нејзината цел беше бегството.Момчето коа го освои нејзиното срце,беше црно,високо,згодно,онакво какво што секоја девојка замислува.Но,и тој не криеше дека таа го освои него.Така за неа се роди нова љубов..Тие заедно ги поминуваа ноќите на плажата,шетаа по песокот,се капеа,се прегрнува,се бакнуваа…Но,и покрај се,таа се прашуваше: Што ќе се случи кога ќе заврши летото?Дали ќе останат во контакт?Како ќе може да бидат доалечени 1000 километри?Не сакаше да се потсетува дека се има крај и дека се што е убаво кратко трае,но тоа некако и се вртеше во главата.А уште помалку сакаше да си ги поставува овие прашања…Иако тој и ветуваше и и зборуваше дека ќе останат во контакт дека ќе се допишуваат преку електроски писма,таа не му веруваше.Знаеше дека нема да се видат повеќе до 6 месеци,знаеше дека повторно ќе се измачува во тој огромен град,знаеше дека постојано ќе си ги поставува они прашања дали некоја друга е сега во негови прегратки или дали пак некоја друга го бакунува него…Во тие моменти и се чинеше како цел свет да е против нејзе,посакуваше барем малку да запре времето…Но,мораше да дојде крајот.А таа и тој се плашеа најмногу од тоа...Но,таа размислуваше и свати дека можеби ова не е едниственото и последно вакво лето.Помисли дека уште многу убави работи ќе се случат и дека живот продолжува…..Знаеше дека го сака,но едноставно мораше да продолжи и некако успеа во тоа…
    :rofl: :rofl: малце е долго ама се надевам дека ви се допадна
     
  13. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Напишано од мене, на еден блог кој што не во функција 26 август 2009.

    Наслов:
    Совршенство? Сепак постои.



    Сакав да напишам пост. Долг и испуцан, нафрцкан со сите нервози што ме чешкаа зад левото увце. Ама ете, ми поминаа. Не се нервирам веќе. А не можам да кажам дека се глупости, зашто не се. Само едноставно сакам да не се замарам со нешто за кое други треба да се замараат. И така нека си биде..

    Си јадам карамелчиња и си праам совршени моменти. Еве сеа да не биде темата моите нервирања почнати а не докажани ќе си пишувам за совршеност. Постои ли? Се допира ли? Колку трае?

    Викаат ништо не е совршено. Може до некаде се во право. Можеби нема совршена личност, безгрешна или идеална, но има совршени нешта, совршени моменти. Еве ептен обично. Животните. Има ли нешто посовршено од тие мали суштества кои едноставно прават денот да ти тргне на убаво. Да не праиме муабет колку се убави и слатки, смешни и интересни. Некој дебил би рекол им фали уште да зборуваат. И би ги напраил несовршено, со недостаток. Па и не им фали да зборат, тие доволно, па и премногу знаат и не би било пожелно да ги извадат тие муабети надвор од собата :)

    Доста за животните. Јас како љубител си дрндам за нив, а како несовршена личност никогаш не ја завршувам поентата.

    Евее, стануваш наутро, сеуште неизмиен ни несреден, но со ужасна суша во уста. Прво нешто што ќе го напраиш е да испразниш една голема чаша полна до врвот со ладна вода. И? Не е ли совршено тоа? Тие моменти кои траат околу 6 секунди се најсовршени и не ни треба ништо друго. И светот да би се распаѓал. Еве јас, кога си шмљацам Милка ништо не ми треба во моментот. Најубаво ми е. Едноставно совршено.

    И затоа не ми е јасно. Зашто толку сте запнале дека ништо не е океј, дека секоја работа може да биде подобра ако е поразлична, дека секогаш може да се направи нешто подобро од ова што сега е. Како да сме програмирани да бараме маани во секој и сешто, наместо да се гледа истото нешто од друг агол и да се исклучиме во добрата страна. Еве си пијам вода. Најубаво ми е и ми се крши филмот кога некој ќе ми каже дека бубрезите ми се ко избигорисан бојлер.

    Во моментов си јадам карамели па не можам ни да раскажам колку карамелите ме излечија и мене и ми ги смирија живците. И не знам веќе што да лупнам, ми избега мислата
     
    На Cynthia и De-lovely им се допаѓа ова.
  14. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    До тогаш....

    Лесно е да ме оставиш,
    лесно е да ми судиш,
    лесно е да стоиш настрана и
    да критикуваш,
    лесно е да анализираш
    и проценуваш,
    лесно е да зборуваш она што
    не мислиш,
    да води банални разговори лесно е.
    Тешко е да ја слушнеш музиката
    во мојата глава кога одам низ улица,
    тешко е да прифатиш без да сфатиш,
    тешко е да развлечеш насмевка без причина,
    тешко е да сакаш без да бараш да те сакаат,
    тешко е да напишеш неколку глупави стихови
    кои ќе опишат колку е тешко.

    А јас не сум должна да ја носам твојата
    тежина кога ти си одбрал да ти биде лесно.


    Тогаш кога објаснување нема да биде
    потребно, ќе ја поделиме тежината
    и секој ден ќе ти биде полесен...
    Ветувам...
     
    На Talita, Grunge и donna.17 им се допаѓа ова.
  15. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Беше убаво сончево утро во Четврток. Таа стана од спиење и сонлива и нервозна замина на училиште. Воопшто не и паѓаше на памет дека баш денес расположението за неколку часа ќе и се промени за 100%. Цел ден беше само со една мисла. Дали после синоќешната мала расправија што ја имаше со него и после нејзиното заминување без поздрав и бакнеж тој повторно ќе ја побара. Беше лудо вљубена во него но со една мисла дека овој пат нема шанси да таа да попушти. Досадните часови на училиште ги седеше затоа што мораше. Едвај го дочека големиот одмор малку да излезе на воздух и да касни нешто благичко. Седејќи со другарките почувствува вибрации во џебот. Го зеде телефонот в рака и ја отвори штотуку пристигнатата СМС порака. Беше од него. Кога го виде испраќачот блага и задоволувачка насмевка и се појави на лицето. Пораката гласеше ЌЕ ТЕ ЧЕКАМ ПОСЛЕ 16 ЧАСОТ КАЈ МЕНЕ. Беше вчудоневидена од создржината на пораката и уште неколку пати ја препрочита. Без размислување и таа му напиша да ја чека дека во 17 часот таа ке појде. На часот по физичко беше највесела и најрасположена. Како целиот свет да и беше на дланка. Часот и помина на миг. Со трчање излета од салата и замина во соблекувалната. Се пресоблече ја зеде чантата и рече дека не седи повеќе на часови има важна работа. Со трчање излезе од училиште. Кога одеше накај него како да лебдеше. Беше пресреќна. Стигна пред неговата куќа и му заѕвони да излезе да ја пречека. Веќе беше темно. Тој ја поздрави со еден сладок и влажен бакнеж. По лицето му се гледаше дека е уморен од работата но сепак му беше драго што таа е тука до него. Влегоа во неговата соба. Ламбите беа изгаснати. Единствената светлина доаѓаше од телевизорот и компјутерот. Тој легна на креветот. Беше многу изморен. По неговиот израз на лицето се гледаше дека не е расположен за докажување кој е прав а кој крив за вчерашната расправија, но се гледаше дека му е жал што денот и средбата така завршија. Беше многу жешко. Тој ја соблече маицата и на стомак лежеше на креветот. Таа му предложи реклаксација. Седна на неговиот задник и почна да го масира. Тоа беше најубавото нешто што можеше да го добие од неа при таков замор. Масирајќи го легна над него и тивко му шепна дали да продолжи. Се слушна само задоволувачки крик и веќе се беше јасно. Таа продолжи со своите допири по неговата врела кожа. Почна да го бакнува по грбот страсно. Тоа без влажни бакнежи кои го доведоа до лудило. Во еден момент тој се сврти и се најде над неа. Почна да и возвраќа на бакнежите со иста мера. Како да не беше наситен од нејзините бакнежи. По лицето устата вратот... Ситуацијата почна да станува се пожешка. Започнаа и со допири по интимните делови. Таа чувствуваше крутост од кај неговите пантолони. 300 мисли во една минута и поминаа низ глава. Како ли ќе заврши оваа игра на страсти. Тој ја фати нејзината рака и на однесе во неговото меѓуножје. И двајцата гореа од желба да се случи она за што многу изминати ноќи сонуваа и мечтаеа. Но кога тој сакаше да и ја соблече маицата таа ладнокрвно му го фати рацете и му рече дека не сака тоа да се случи денеска. Кажуваше разни изговори дека баш денес ја нема одржано личната хигиена, дека е изморена и испотена од часот по физичко. Но не спомна ДЕКА Е РАНО ЗА ТОА. Тоа беше доволно за тој да сфати дека и таа тоа го посакува. И предложи да се тушираат кај него. После долги спотиставувања прифати. Влегоа сосема голи како од мајка родени во туш кабината. Романтичната атмосфера со две затемнети ламбички и црно белиот ентериер многу допринесе за стаста уште повеќе да се разгори. Тушот плискаше на нивните тела кои гореа од желба да се сретнат на една “интимна вечера”. И повторно...врели,страсни и влажни бакнежи. Допири и разменување нежности. Ненаситно ја допираше по задникот и одеднаш ја поткрена и ја потпре на зид. Двајцата знаеа дека “тоа” ќе се случи токму сега, тука во туш кабината, голи и запалени водени и со многу страст се бакнуваа како на двајцата да им е последен пат. Еден миг таа му рече ТВОЈА СУМ МИЛО, САМО ТВОЈА. За неколку секунди почувствува како тој влегува во неа. од тушот плискаше Бран од нежности и страсти леташе на околу. Водата по нивните две тела што во еден ритам се помрднуваа. Таа го гледаше право в очи и испушташе задоволни крикови. Тоа го доведе до уште поголемо лудило. Таа го излуди и ментално и физички. Водеа љубов долго и ненаситно. Изминатиот пола час немаше никогаш за го заборават. Барем не таа. Се вратија во неговата соба легнаа на креветот и уште долго разменуваа бакнежи и нежности. Таа како да лебдеше во неговите прегратки. Уживаше во неговите бакнежи, уживаше кога ја галеше по косата. Дојде време и да си оди дома. Така прегрнати одеа по улицата. Ја испрати до нејзината куќа како да му беше страв дека некој ќе му ја земе. Сепак премногу ја сакаше за да ја остави сама.
     
    На Adi888 и Grunge им се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Езерска љубов

    Седев на меката обвивка од столот, уживајки во ладното макијато и во разговорот. Моето куче седеше под мојот стол, мирно, скоро и да заборавив дека го зедов. Разговорот беше општ и површен и во еден миг прекина. Се загледав во езерото пред мене. Одблесокот на месечината беше разлеан во водата и се чинеше дека една месечина се симнала и лебди. Светлата на градот и на местата во далечината изгледаа така совршено како никогаш до сега. Местото беше мирно, тивко. Пријатна музика ми влегуваше во ушите.
    Мирна ноќ.
    Голтнав една голтка од моето макијато. Последната. Брзо го испив. Ледот не беше стопен. Видов како две коцки лед останаа во чашата. Едната ја зедов со јазикот и ја шмукав полека. Студениот вкус на коцката вода се разлеваше полека во мојата уста и чувствував како водата да ме бакнува. Нежно, полека... Како да е вљубена во мене.
    Задлабочена во вкусот на ледот со очите вперени кон езерото чув звук кој не беше музика. А најмалку беше пријатен. Се завртев, како да се вратив во релноста. Ледот се уште беше во мојата уста.
    Звукот доаѓаше од моето куче. Залаа. Погледнав. Лаеше кон новите гости во кафулето кои седнаа на масата спроти нас. Зјапав во двете момчиња кои седнаа спроти мене. И тие зјапаа во мене. Се фатив себеси како го набљудувам синоокото момче.
    Смеѓа коса, сини очи, цврсто градено тело, правилни линии на лицето.. Навидум совршен.
    Коцката лед се лизна низ моето грло и пак се вратив во реалноста. Тој веќе не гледаше накај мене, беше задлабочен во разговорот.
    Ја шмукнав и другата коцка лед од чашата и брзо ја голтнав. Не сакав да го почувствувам уште еднаш бакнежот на водата.
     
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    ~

    За гушкање, бегаме.
    За бакнежи - ќе не’ фати болест.
    Скапо е, да се ракуваме.
    Исчезнува насмевката
    како песочна кула.
    Кутија љубов
    или кутија кондоми.
    Веќе е сеедно.
    Скапо е да се биде жив.
     
    На skyAngel, kate21, mims-89 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Минатото спие, иднината се буди,таа на човекот различни патиштта му нуди.
     
  19. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Мислата е дело на Љубовта.
     
  20. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Твоите прегратки се прекрасни , топли . Ми го топлат срцето . Твојата насмевка прави насмевка на моето лице . Твојот бакнеж , нежен и груб , ми прави задоволство и болка. Кога ми ги држиш рацете , јас сум најсреќна . Сакам да станам и да викнам ОВА Е ТОЈ , ОВА Е МОЈАТА ЉУБОВ..... Знаеш нема да направам да бидеш долу ... Ако ти тажен ќе бидам и јас , ако ти си долу , јас ќе те држам за рацете , ќе те бакнувам додека болката не помине ...


    Ова е дел од текст...
    посветено....