Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Калдрма создадена од пот, кал, време нејзината душа е од Човечкото семе. ПОЛЕНА.
     
  2. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Едниствено нешто што го бендисвам а е создадено од мојата рака и ум.

    Сајбер Љубов (Засекогаш)

    Учебната година штотуку заврши. Сите беа луди за излегување и ноќни забави...но не и јас. Ќе излезев некогаш во петок и сабота колку да не се делам од друштвото, но искрено не ми беше по желба. Речиси сите имаа дечковци, девојки или шеми....освен јас. Имав обожаватели, имаше многу но јас, што правев јас? Упорно го чекав “Господин Совршен”. Тоа момче со добра душа, убаво однесување, добри оцени, слатка насмевка бев убедена дека ќе го пронајдам. На сите обожаватели им велев “Не!” онака директно и в лице. Не се ни грижев за нивните чувства, станав чудовиште. Каде е она мило и насмеано девојче што не можеше ништо да одбие?
    Беше среда, обичен ден како и другите. Седев на компјутер и се допишував со деца од сите страни на светот во еден форум кој не беше воопшто познат во мојата земја. Слушав музика како и обично и одеднаш се отвори мало прозорче
    -Hi!
    Беше чудно дека никој ми пиша, никој не ми пишуваше таму. Па добро разбирливо е, бев зачленета пред само неколку дена, а тие се знаеа веќе години. Беа како една мала фамилија. Инаку кој би можел да биде толку фин да ми пиши? Погледнав погоре и го видов името “emoboy”. Се разбира не почекав ни секунда и му вратив. Се викал Storm (Бура)...баш ми беше интересно името, а и необично. Набргу станавме многу блиски и го викав нагалено Stormy. Бевме врсници и имавме многу нешта да си кажуваме. Заедно ги решававме проблемите, си дававме совети па дури и некогаш јас ќе разговарав со неговите за да го извадам од каша. Беше супер другар. Сепак беше лето и требаше да одам на одмор. Незнаев како да му соопштам, не би било убаво од мене само да исчезнам. Но како да му кажам? Сепак стиснав заби и му кажав. Беше толку тажен и разочаран, мразев да го гледам таков. Рече дека не сакал да ме изгуби, а јас го убедував дека ќе се вратам набргу и повторно ќе си пишуваме па и дека ако најдам компјутер таму ќе седнам да му кажам како си поминувам. И тие зборови што ми ги рече ми го разиграа срцето “Неможам ништо да ти подарам како спомен од мене, за да бидам секогаш со тебе”. Нешто во мене се пробуди. Некое чувство што одамна го немав почувствувано, а беше толку слатко.
    Бев на одмор. Не можев да ги тргнам мислите од него ни секунда, само нешто ми се вртеше во глава како: што прави сега? мисли на мене? му недостасувам? –сите прашања, останаа без одговор. Веќе неможев да издржам, ми требаше како воздух. Сакав само да го видам неговото прозорче како трепка во форумот. Морав да пишувам со него, ужасно ми недостигаше. Им кажав на моите дека сакам да си одам. Прво го сватија тоа на шала, но подоцна забележаа дека сум сериозна...
    -Зошто мамичка? Не ти е убаво?
    -Ајде остани, нема и ние да остануваме уште долго
    -Ајде, ајде не ја руши забавата!
    Сите додаваа нешто, а јас за прв пат во мојот живот зазедов став. Ми треба Stormy! Но ајде, сите знаеме дека не им кажав дека си одам за да си пишувам со некој Американец во форум. Си заминав уште истиот ден. Додека возот лесно се лизгаше по шините гледав низ прозорецот, во месечината.
    -Stormy…Stormy…Stormy… -тивко шепотев во себе со копнеж по него
    Возот застана. Истрчав надвор најбрзо што можев. Со куферот в раце се движев низ големите осветлени улици и најпосле стигнав дома, го фрлив куферот, ја заклучив вратата и го уклучив компјутерот
    -Ајде побрзо, побрзо... –немав трпение да чекам веќе. Кога конечно се логирав во форумот, тој беше таму. Да, мојот Storm! Не помина ни секунда...
    -Мила! Се врати! Секоја минута без тебе ми беше тортура –ми рече и повторно она непознато чувство помина низ мене
    -Имам изненадување за тебе!! –некое големо нетрпение и неизвесност се пробуди во мене. Едвај чекав да ми кажи што е
    -Идам во твојата земја утре! Ќе останам 2 дена. Многу сакам да те видам! -јас се скаменив, ни на крај памет не ми доаѓаше дека има вакво изненадуваше за мене. Само ја читав истата реченица повторно и повторно се додека тој не напиша “тука си?”
    -Да да! О Боже колку сакам да те видам! Неможам да чекам! Но како ќе те познаам?
    -Јас ќе те познаам тебе, знам дека твоите очи ќе блеснат!
    Дојде другиот ден, а јас се облеков најубаво што можев, си направив фризура, се нашминкав и заминав на аеродром! Чекав да помине гужвата, а во стомакот чувствував милион пеперуги. Гледав лево, гледав десно...го барав Stormy. Поминаа неколку минути. Гужвата се намали. Здогледав едно високо машко, со мускули и емо фризура.
    -Тој е...? Не, не е... –само се двомев се додека не се упати кон мене со насмевка. Срцето ми чукаше се побрзо како што се приближуваше. Пробував да ја сокријам насмевката и да делувам нормално но не можев. Широко се насмеав, а исто и тој
    -Ena? –ми рече со амерички акцент и се насмевна така слатко што не можев да му одолеам. Очите му се наполнија со солзи, а гласот му стана понежен...
    -Storm? –срцето ми прескокнуваше од радост, престанав да дишам на неколку секунди. Се беше преголем шок за мене. Ме прегрна и ме бакна во челото, беше толку убаво во неговите прегратки. Само сакав да останеме така подолго. Сакаше да оди во хотел и да си го остави куферот па да се прошетаме. Немав ништо против. Разговаравме, се смеевме, се сликавме како да се познававме цел живот. Седнавме во тревата на еден парк, гушнати под дебелата сенка на едно старо дрво. Извади едно мало џебно ноже и на дрвото напиша “ S E” ме погледна и се доближи до мене. Се случи. Нашиот прв бакнеж, толку сладок како никогаш порано. Што беше? Можеби беше со вистинската личност? Да, тоа беше! Извади и уште нешто од јакната, беше едно мало срце за кршење. Значи тој имал некои чувства кон мене од порано! Го скршивме срцето, тој ја зеде половината на која пишуваше “I love you Ena”, а jaс ја зедов другата “I love you Storm”. Си ги ставивме на синџирчиња и ги носевме. Одеднаш се слушна некој истрел. Се свртив наоколу да видам што е. Одеднаш го почувствував телото на Storm во моите раце. Бев облеана со крв. Незнаев што се случува и веднаш повикав брза помош. Го молев да живее уште малку, амбулантата ќе пристигнеше за миг. Тој само ме погледна и ми рече...
    -Мила овие зборови требаше да ти ги кажам одамна. ТЕ САКАМ и ти си и ќе останеш единствената во моето срце засекогаш! Барем те видов, овој ден ми беше најубавиот ден во животот! Те молам, сакам да ги почувствувам твоите усни за последен пат. –по моите образи се тркалаа врели солзи, а околу нас стоеа цела група луѓе.
    -Одсекогаш те сакав, те сакам и секогаш ќе те сакам! Те молам издржи, мораш! Ми требаш... –го бакнував како да беше последен пат иако во моето срце сеуште имаше малку надеж. Одеднаш неговата глава се олабави на моите гради. Неможеше да биде мртов!! Не смееше!! Го прегрнав така силно, а моите солзи паѓаа врз него. Го бакнував по челото и силно го гушкав. Дојде амбулантата и рекоја дека неможат да направат ништо, починал. Требало да појдам и да ги известам луѓето во хотелот дека е мртов. Пробаа да го земат од мене, не го давав. Беше мој, само мој! Некако го извлекоја, јас легнав на тревата и плачев. Неговата крв стоеше врз мене. Но...најдов нешто под мене, неговото џебно ноже. Го зедов и на дрвото каде што напиша “ S E “ допишав “ЗАСЕКОГАШ!”. Луѓето одоколу само гледаа и плачеа. Заминав во хотелот, сеуште со неговата крв врз мене. И кажав на рецепционерката, вез нејзиното лице се стркала една солза
    -Претпоставувам неговите работи ти припаѓаат тебе –прати човек да го земе куферот, а таа ми донесе лимонада. Седев и плачев. Ова беше мојот најубав ден, а сега се претвори во кошмар. Сакав да го видам неговото тело но не ми дозволија. Само ми ги го дадоја неговиот апарат, во него беа сликите од нас. Насмеани и среќни...кој би знаел дека би се случила таква трагедија? Си заминав дома. Го отворив куферот...мирисаше на него. Заплакав на глас...
    -Кој беше тој што ми ја одзеде среќата? Зарем не заслужувам и јас љубов Госпеде? Зошто баш него... –плачев без прекин. Не кажав на никој што се случува, сакав само да бидам сама и да ги гледам сликите со него.
    Летото заврши. Се вративме во училишните клупи...
    -Ена! Даде не сме се виделе цело лето! Како си? Што има ново? Еј еден мој другар многу те бендисал, сакал да му бидеш девојка! Ај ќе му речам вечера да излезете некаде... –рече мојата најдобра другарка, како и секогаш во најдобро светло. А јас со подочници и цела ослабена...силно го стиснав ланчето со едната половинка срце на која пишуваше “I love you Storm”...
    -Не даде, за мене љубовта умре ова лето...засекогаш
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Бакни ме.
    Така, изненади ме.
    Ќе ти ги подарам усните,
    ништо повеќе.
    Компромис.
    Ти требам, ти недостигам.
    Доцна е,
    денот се потемни,
    сонцето слегна,
    каменот месечев
    се позлати.
    Доцна е.
    Но сепак,
    бакни ме.
    Така, изненади ме.
     
    На Angelche, Bright и De-lovely им се допаѓа ова.
  4. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ајде нешто и од мене :$ :$

    P.S you were nothing but a letdown.

    „ Ова не сум јас... Целиот свет е превртен за 360 степени или нешто навистина чудно се случува со мене?! “ - помислив гледајќи ги очите исполнети со тага, болка и огромен бран разочарување во излогот на една мала продавничка на плоштадот. „ Можам ли некако да ви помогнам, млада дамо? “ – ми се обрати еден навистина неодолив дечко кој се наоѓаше од другата страна на стаклото кое го одвлече моето внимание. „ Ох, благодарам, само ме занесе убавината на... оваа прекрасна долна облека за мажи?! “ – почувствував како ми горат образите, што навистина ме издаде. Бев зачудена од фактот дека бев толку многу загледана во ова парче стакло без да приметам што има зад него. „ Патем, јас сум Никола. “ – полн со самодоверба проговоре, како мојот живот да зависеше од неговото име.
    „ Марија, мило ми е. “ – одговорив најладно што можев, зарем навистина мисли дека ми е важно сето ова?! Ох.. „ Често пати поминуваш од тука, те имам видено. Што те привлекува наваму?! “ – и пред да успеам да одговорам тој ме прекина, всушност тоа не беше прекинување бидејќи не проговорев, зар не? „ За една минута ми завршува смената, има доста кафани на плоштадов, па доколку... “ „ Благодарам, но ме чека момчето... Навистина брзам. Мило ми беше што се запознавме... Се гледаме во скоро време “ - уште една лоша лага, бедно од моја страна. Тој само се насмевна и одмавна со главата. Имаше нешто во него ... нешто што беше многу помоќно од мене, ме совладуваше. Побрзав кон станот. Само што влегов и раскажав на мојата цимерка за средбата со непознатото момче кое некако успеа да ми се вовлече под кожа. „ Ме чекаше момчето?! Ох, Марија... Сигурна сум дека можеше да кажеш нешто друго, нешто подобро... Но, ме чекаше момчето?! “ – ме прободе со погледот „ Навистина... една од твоите најлоши лаги. Не ме зачудува тоа што те погледнал на криво ... Без навреда но повеќе не те бидува со момчиња одкако заглави со тој Андреј... “ – ова го рече со одвај забележлива насмевка. Како да станува збор за шега што всушност не е шега. Понекогаш ме полудува. А сега се однесуваше како ова момче по име Никола да е уште еден испит што не сум го подготвила. Во мене се пробудија чувства за кои не знаев дека еден човек може да ги поседува. Станав, прошетав низ собата обидувајќи се да ја исфрлам сета таа непотреба енергија. Одеднаш ме прекина смс пораката на мојот мобилен. Беше Андреј, се договоривме да се видиме на плоштадот, во кафе бар кој за моја несреќа се наоѓаше во околината на продавницата на Никола. Излегов од зградата и веднаш наидов на автобус. Се симнав малку подалеку од плоштадот, сакав да попешачам. Чинам не пројде ни една минута а веќе бев пред продавницата на мојот „обожавател“. Почнав по побрзо и посигурно да чекорам обидувајќи се да избегнам средба со него но тоа беше невозможно. Како да знаеше дека точно во десет часот и пет минути ќе поминам покрај него и неговата мала продавничка која беше на самиот агол на зградата.
    „ Многу се радувам што те гледам, Марија.“ -пријатен глас ми се обрати. „Изгледаш прекрасно.“
    „Благодарам, мило ми е што налетав на тебе, но навистина морам...“
    „ Мораш да побрзаш, те чека момчето? “ -ме дополни со блага насмевка, а потоа продолжи како ништо да не кажал претходно „ Морав да те видам.“
    Одеднаш се изнервирав сфаќајќи дека тој ме чекал. Не го познавав, не сакав ни да го запознаам. Неговото име можев да го заборавам. Беше висок и атлетски граден, но изгледаше вистински невино.
    „ Зошто...? “
    „ Зошто... па, ми се допаѓаш“ пропетелчи тивко и несигурно.
    „ Навистина не гледам каде може да доведе сето ова и дали може да испадне нешто, а ти?“
    „Само сакав да те видам, тоа е се. Обично не го правам ова, не полудувам по првата убава девојка што ќе помине од тука. Но, ти... Ти си посебна. Цврсто стоиш зад своите одлуки и ставови. Не си од оние кои завршуваат во постела со сосем непознат маж“
    „Може ли малку погласно? Мислам дека уште госпоѓата од спротива не те слушна...“
    „Извини.“ се насмевна и во раката ми стави мал лист хартија со испишан телефонски број. „Па се надевам дека ќе се видиме во скоро време.“
    „О, сигурно.“ одговорив обидувајќи се да го скријам бесот. А тој, задржувајќи ја насмевката на своето совршено лице се сврте и си замина. Денот се одвиваше како што треба до самиот крај. Падна ноќта после овој, чинам ден кој немаше крај.
    Седнав на малата тераса која ми пружаше прекрасен поглед кон месечината.
    „Марија, мила моја! После толку време конечно го уловив твојот поглед. Каде беше сите овие години?“ Неверувајќи им на своите очи станав а столот се лизна позади мене . Можеби на сон, можеби на јаве, неодоливиот младич стоеше пред мене мислејќи дека јас сум неговата сакана. Одеднаш почнав да зборувам.
    „Јас не сум таа што сакаш да ја видиш, онаа што ја гледаш со тон илузија во очите, несвесно правјќи си пајажина од непознати лица, измислени лица... барем за мене!“ што добога зборувам? Дали сум при себе..?
    „Не, мила моја, не зборувај. Само гледај во ѕвездите, месечината... Вдишувај со ветрот, заспивај и буди се со насмевка. Јас не сум ништо повеќе од тоа, само уште една креација на потсвеста. Твоја и на месечината! “ ми одговори со неописливо нежен глас покажувајќи кон месечината која јасно сјаеше. Го почувствував ветрот на мојата кожа, се наежив и одеднаш ги отворив очите. Тоа беше „дупката“ во која привремено престојуваше Андреј, додека да најде скромна работа со која ќе може целосно да се одржува во живот. Лежејќи така на душекот на ладниот под, обидувајќи се да се сетам како стигнав до тука, се запали една светилка која се наоѓаше во аголот на собата. Па имав можност по убаво да го разгледам местото кое Андреј го нарекуваше свој дом. Тоа беше темнозелена соба која те фрла во депресија. По ѕидовите имаше многу постери, и едно мало прозорче кое фрлаше по некој зрак светлина. Собата правеше да се чувствувам непријатно, како да оставила некоја дамка во мојот живот. Соба од која неизмерно многу сакаш да избегаш. Те мачат зелените ѕидови и сите оние морбидни постери... Како нешто да ми кажуваше: „Искини ги и замини си! Помина времето за монотонија, врати се во сегашноста. Не живеј ги спомените туку моментот со нивна помош!“ Воздивнав, станав од душекот и веднаш излетав надвор од таа соба. Но, во моментот по него повторно бев внатре. Имаше нешто што барам. Нешто што ми припаѓа на мене.
    „Што воопшто барам тука? Да не станав мазохист, да не сакам да се измачувам себеси? Ова не е нималку здраво. Ми се чини дека се си доаѓа на свое место, само јас сеуште се прашувам што барам тука...“
    Седнав на душекот, и разгледував наоколу како прв пат да ја гледам оваа соба. Доцна пролет е, прозорецот беше отворен и ветрот влегуваше во собата играјќи си со мојата коса. Владееше потполна тишина, од соседната соба се слушаше музика од прекрасните 6 жици на добро обликуваната гитара. Тогаш соседот на Андреј води љубов со својата гитара, а како плод на таа љубов се раѓа прекрасната мелодија. Мир за моите уши, среќа за неговата душа. Повикав такси и излегов од оваа зграда која криеше многу тајни од мене. Пристигнав на единственото место на кое се чувствував сигурна, мојот дом. Одамна избркана од институцијата која неможе да се нарече дом, со мислите скитав во некој сосема непознат свет за мене. Се будам или заспивам? Кој е тој сон во кој неможеш да се запрашаш а веќе трагаш по одговори. Го занемарувам стравот, едноставно се премногу ме боли. Јас сум само патник кој погрешил барајќи го патот кон својата среќа. Јас сум само скитник кој залутал... некаде. Кај мене владее бура додека надвор од овие 4 ѕида се е стишено. Седнав на подот, запалив цигара и се препуштив на животот.
     
    На marama и De-lovely им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Обично, во екот на среќата,
    коските ми затреперуваат со чуден отсјај
    кој се рефлектира на мојата
    свежо исончана чоколадна кожа
    и бесно ми го поматува умот.

    Тогаш се претворам во полу-вештерка, полу-теткица, полу-детенце
    несмасно и разгалено,
    и како слонче во продавница за кристал
    кршам чинии и чаши додека
    тивко не ме смириш, во духот на твојата зен природа.

    Јас сум Баба Рога.

    Никогаш не ја сфатив таа очајна потреба на женката
    да покака секаде каде што претходно грижливо избришала.
    Попусто велиме дека сакаме дијаманти,
    кога мојот свет не сакам да се цакли;
    очигледно блуеницата од моите навреди и непромислености
    сакам да ми биде декор на влезот од мојот маглив свет.

    Замелушена од твоите молби
    да си го приберам јазикот,
    умот ми крои теорија на хаосот
    препишувајќи ти злосторства на локации
    каде воопшто и не си бил присутен.

    Пред спиење со склопени рачиња
    се молам световно
    од утре да сум подобро дете,
    а во сонот продолжувам да се прашувам -
    до кога умот заговори ќе ми плете?
     
    На De-lovely, minne-mouse и Cynthia им се допаѓа ова.
  6. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Машки
    Дали те познавам?
    Седнувам и се прашувам како да почнам толку ми е тешко и збунет сум цел сакам тоа да го споделам она што ми тежи. Движејќи се низ сите текстови кои ги имам напишано би рекол дека ништо ново не ми се случува се е познато некако веќе речено и ништо не е сменето. Знам со тебе сум но се чуствувам сам осамен ми недостига она што упорно го барав љубов! Зошто не ја чуствувам твојата љубов? Зошто едноставно можам да предвидам како ќе реагираш ишто ќе направиш? Зарем толку малку примаш та толку и ми враќаш? Ти ја подарувам целата нежност, целото внимание ,целата доверба ти ја отварам мојата душа и моето срце , но залудно од тебе никаква реакција не возвраќаш! Можам со часови да ти ѕвонам и да не ми одговориш, можам да ти пратам и 10000 пораки нема да вратиш , но кога ти ќе заѕвониш јас веднаш седнувам и сакам да го слушнам она твое ТЕ САКАМ бар на момент. Знам малку добивам или многу барам? Кажи ми во што е работата доста е молчење ајде не ме мачи повеќе неможам да ја поднесам оваа тишина доста е одлучи се! Во овој момент на лутина би направил се и нема да згрешам ПОДОБРОКВАЛИТЕТНО САМ ОТКОЛКУ ВО НЕКВАЛИТЕТНА ВРСКА! Тешејќи се со стари рефрени се прашувам што понатаму? Дали ќе го пронајдам она што го барам или ќе умрам чекајќи ја онаа која ме заслужува? Прашања без одговор чекајќи да видам што ли ми носи судбината ќе пробам да се соочам со вистината.
    Те сакам
    Сладок е вкусот на победата. Штета што никогаш не го вкусив! Убаво е да сакаш и да си сакан. Штета што никогаш не бев сакан! Те сакам убаво звучи лесно е да го кажеш, но дали знаеш да го покажеш и докажеш дека некого сакаш? Кога сакаш некого го сакаш со сите мани и доблести. Те сакам значи и разбирање. Да бидеш разбран значи да го разбереш и партнерот. Те сакам кога не ги решавам проблемите така што ќе те оставам туку разговарам и ги решавам нив. Научи да сакаш за да бидеш сакан. Кога ќе научиш дека те сакам не е толку лесен збор ќе сфатиш дека некогаш си сакал некого. Доколку не си сигурен во она што го сакаш седни размисли пред да го повредиш другиот. Многу е лесно за сите проблеми да обвиниш друг негледајќи ги сопствените грешки. Се движам пополека пешки со овие маки тешки согледувајќи и учејќи на сопствените грешки. Сеуште мислиш дека те сакам е лесен збор? Јас повеќе не!
     
  7. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Зашто е посебен за мене..

    Го сакам поради начинот на кој се чувствувам кога ќе ме погледне, го сакам поради начинот на кој зборува, поради неговата смисла за хумор. Го сакам поради неговата прегратка, секогаш кога ќе ме прегрне се чувствувам како да сум три метри над небо, не сакам никогаш да ме пушти. Го сакам поради неговите раце, поради неговиот глас и очи.

    Не сакам да го изгубам, да го заборавам или да престанам да го интересирам. Сакам да го сакам. Го сакам.
    Тој не е мој прв, не е мој последен. Не е најубав, и не е совршен. Има маани, има срам, има негови порази, но сето тоа што е тој го прави совршен во мене. Секој пат кога ќе го видам, очите ми се полнат со солзи, не бидејќи знам дека ме гледал како дугарка, туку поради начинот на кој јас го гледав, поради начинот на кој се чувствував кога ме гледа. Не сакав да си одам, да се тргнам од него.

    Можеби е сега далеку од мене, но знам дека еден ден ќе бидам среќна со него, и сите сонови ќе станат реалност. Можеби единствената причина поради која неможам да заспијам ќе биде тој, не бидејќи го немам, туку бидејќи го имам, бидејќи реалноста е подобра од сонот. Се надевам, уште и уште.
     
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Смрдат и момците не само свињите

    Топло бурекче и слатко јогуртче
    послатко од тебе.
    Летниот дожд е потопол од тебе.
    Гомцето од кучето на
    комшивката мириса подобро од
    твоите ветувања.
    Мрш не ми требаш како ланскиот
    снег,студен и лажен,влажен
    изгазен.
    И пак ти ѕврцнав и пак она нека
    го види мојот број.
    Не си мој па,па пак ќе бидеш
    не те може она тебе,ти ме можеш
    само мене.
    Смрдиш на празни зборови!
    Бегај накај мене,смрдиш.






    епа ако ми ја видите и на фб,знајте тоа е профилот на Кенди и таму ги објавувам ;)
     
    На skyAngel, Cynthia и Jojoba им се допаѓа ова.
  9. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Заспивам со солзи на лицето. Се будам со болка во очите.
    Лежам мирно на твоите гради и го пратам ритамот на твоето срце. Дали чука доволно за нас двајца? Го занемарувам целиот свет, ја обвиткувам раката околу твојата половина. Твојата ладна рака го милува моето тело. Сон или јаве? Каде брзаат сите? Ги брка ли некој? Ги уценува ли некој што побрзо да го изживеат својот живот? Немаат време? Напротив... Зарем само јас сум сеуште во заблуда живеејќи ги своите сонови? Лежам мирно на твоите гради и го пратам ритамот на твоето срце додека моето го исполнува мирисот на есенскиот дожд. Твојот поглед гледа негде далеку. Многу далеку. Подалеку одошто очекував. Што ли размислуваш? Те мачат некои мисли? Или си дошол до самиот крај... Се будиш или заспиваш?
    Пратејќи го ритамот на твоето срце се обидувам да ги отфрлам мрачните мисли кои целосно ја обземале мојата душа, срцето... Мене. Толку кротко и невино чука. Но дали е доволно за двајцата?
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Кога велам мрш..

    Кога велам мрш-велам бегај,
    Кога велам мрш-велам оди си,
    кога велам мрш-велам почекај,
    Кога велам мрш-велам биди сериозен,
    Кога велам мрш-велам те сакам.
    Како ќе го сфатиш моето мрш,
    зависи колку добро знаеш да читаш.
    Од очите...
     
  11. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Зошто, зошто не можам да те видам?
    А пред мене си. Доаѓаш и заминуваш како нечија сенка.
    Зошто, зошто не ми зборуваш?
    А до мене си. Ме гледаш, а уста не отвараш.
    Зошто, зошто ми бегаш? А повторно се враќаш. Погледи ми праќаш.
    Зошто, зошто лажна надеж ми даваш?
    Ме расплакуваш, во минато ме враќаш.
    Зошто, зошто не ме сакаш?
    Само голема болка на срце ми ствараш.

    Кратко е, али сега ми дојде инспирација, па набрзина го напишав.. :)
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Прекрасен

    ...Топлол леб,како нутела ќе те јадам
    мирис на млеко наутро така мириса
    кожата твоја.
    Маче да е нема да ти оддолее.
    Грицни се вкусен си.
    Отвори очи,прекрасни ти се.



    епа ако ми ја видите и на фб,знајте тоа е профилот на Кенди и таму ги објавувам ;)
     
  13. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Среќата е дело на човекот,затоа земјата кружи.
     
  14. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Искрата од твоите очи ме покрива,зимата не може да ме допре.
     
    На Bright, mims-89 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Кога те зјапам

    И кога веќе ништо не биднува
    мене единствено ова ми останува:
    да те допирам со поглед.

    Навидум заклучок досаден
    и не нешто посебно вреден,
    ама тоа барем го можам.

    И ти ќе застанеш
    и ништо нема да кажеш
    освен некој некаков збор,
    нешто неважно,
    несоодветно на моето гледање.

    Креативност ти фали
    за да ги оствариш моите замисли мали.


    Меѓувремено, ќе зјапам во твоето тело,
    навидум голо, плажарски настроено.
    Ќе ти се восхитувам на твоите убави
    линии,
    црти,
    точки.
    Твоите млади очи со бадеместа форма
    и цела младост во нив.
    Нежна кожа, негребната.

    Кој друг те гледа вака?
     
    На skyAngel, kate21, Cynthia и 6 други им се допаѓа ова.
  16. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Да се договориме можеме за се,само за лубовтта не.
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Кој ми е поважен?
    Тоа прашање ми го постави мајка ми еден ден и не знаев да одговорам. Во друг случја би набројала илјада личности кои ми се важни, но поважен? Не знаев...
    Ја напуштив големата соба која мирисаше на старо. Стариот дрвен мебел потсетуваше на времето кога се било подобро, беше споменик за едни времиња кога се живеело подобро. Кога и тагата била подобра од сега...
    Времето за кое моите родители се уште копнеат и понекогаш нивните зборови за тоа време мене ме тераат да посакам барем еден ден да живеам во тао време.
    Го напуштив воздухот кој во себе ја содржеше миризбата на стари цигари, чад од оган, влага од мебел кој не се поттргнал со години.
    И влегов во својата соба: мирисаше на ново, нов мебел кој не буди спомени, воздух кој не мириса на стари цигари, ни на оган, ни на влага од мебел, мириса на парфеми, исмешани парфеми, мириса на новиот мебел во собата, на новата облека, на пластика.... А тие мириси во мене не го покрија чувството на вина.
    Се чувствував виновна затоа што инсистирав да направи нешто што не може. Татко ми не можеше, таа не можеше, јас не можев... Солзи, молење, врескање, неодобрување.... Ништо не ми помогна.
    Постојано се вртев околу други луѓе, постојано некој друг беше тој на кого му се восхитував, а не моите родители или предци. Постојано посакував друг живот, со други родители, во друг дом...
    Ме праша „кој ми е поважен?“ и не знаев што да речам. Не сакав да ја кажам вистината...за да не ја повредам...
     
  18. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Оваа моја песна ја посветив на нашиот АНГЕЛ ТОШЕ, 2007год ноември.

    Македонско поле
    Твојата цреша Тоше,пофторно ќе почне да цвета
    зад тебе останаа само празни,ладни,лета.
    Ти си сега сонце кое грееш, на целата земја, нова песна и пееш
    Јас горе не сум сам,јас пак пеам мамо со сиот мој глас
    публиката горе ми плеска и ме чува како најскапоцена Фреска.
    Вие што сте доле,чувајте го моето Македонско поле.
    Црешата моја кога ке почне да цвета, нова песна ќе ви слета
    таа за вас ќе биде светта.
    Јас сум со вашите ближни горе
    тие ме прашуваат,поединечно за сите вас доле.
    И ние знаеме да лубиме
    кога паѓа дожд, ве милуваме
    кога грее сонце ве стоплуваме
    кога пееме ве сплотуваме.
    Не сакам да ме будите
    сакам песната моја да ја негувате
    и на идните генерации
    патот да им го осветлувате. Снежана П.
     
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Мамурна недела

    Што ги привлекува очите:
    неговата мамурна глава,
    крвавите очи
    и недогорената цигара.
    Двосед за двајца нели ?
    Две големи нес кафиња на масичката
    ги боцкаат очите како игрички
    вриштат Испиј ме!
    Ти ги склопуваш клепките
    и остануваш така со цигарата во рака.
    Кафето олади,олади и таа
    главата е иста,мамурна вечерва
    пак ќе е вака и другата
    недела.




    епа ако ми ја видите и на фб,знајте тоа е профилот на Кенди и таму ги објавувам ;)
     
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Моите зборови...

    XVIII век, јас, ти, и овие зборови во писмата што јас никогаш немаше да ти ги испратам. Не верувам дека живеењето во друго време ќе ме направеше помалку горда, а тебе помалку енигма за мене.
    Aма, не само што не сме во минатото, туку и ова не е романтична приказна или филм. Филмовите и приказните никогаш не завршуваат вака.
    Како и да е, сега моите зборови се само блог постови, коишто ги објавувам надевајќи се дека ти никогаш нема да ги прочиташ.
    (често безнадежно, или барем некогаш беше така..)

    Го напуштам твоето срце, затоа што и онака одамна ги напуштив твоите мисли. Напуштам се, каде што мислам дека некогаш сум постоела..
    Сепак, неможам а да не помислам дека можеби не напуштам ништо.
    Не, не дека останувам таму. Само дека никогаш не сум ни била..
     

    Прикачени фајлови:

    На De-lovely и mysterious им се допаѓа ова.