Ваши дела – поезија или проза

Discussion in 'Литература и уметност' started by Shelea, Dec 7, 2009.

  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    3,992
    Likes Received:
    6,303
    Gender:
    Female
    Единствени

    Капка отров во малечка лажичка,
    тргнува ладново низ целото тело.
    Голите стапала го допираат
    последниот летен дожд,
    а нешто шепоти
    колку е само осамено летото.
    Два-три месеца љубов,плажа
    милости,допири и спомени
    а на крај секој по свој пат.
    Летото е само.
    Жедно чека 9 месеца.
    А луѓето сонуваат за спомените
    да се повторат.
    Секој се рага сам,сам е и покрај
    сродната душа.
    Светот е сам.
    Планетата е сама,единствена.


    епа ако ми ја видите и на фб,знајте тоа е профилот на Кенди и таму ги објавувам ;)
     
    De-lovely likes this.
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    3,992
    Likes Received:
    6,303
    Gender:
    Female
    Рајски десерт

    Чоколадо во еден сад а тој
    до него.
    Два прста-море од чоколадо.
    Нежно,слатко...вкусно!
    Прелеј ..рајски десерт.
    Капка по капка се влева
    погледот повеќе не може да
    го следи движењето.
    Пробува да ги следи движењата
    на прстите-бранот од чоколадо.
    Застанува-судир на усните.
    Чоколадо,усни,допири.
    Рај !


    епа ако ми ја видите и на фб,знајте тоа е профилот на Кенди и таму ги објавувам ;)
     
    De-lovely likes this.
  3. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Joined:
    Jun 2, 2010
    Messages:
    70
    Likes Received:
    13
    Љубов!

    Две души кои случајно се пронашле сега тивко тлеат во една прегратка и чиниш како светот да исчезнал, а во таа бескрајна небеса полека тие две души кои личат на две мали светли точки се соединуваат и со еден сјај блескаат како и најсветлата ѕвезда на црното платно.Тоа е уште еден волшебен сон кој станува реалност кога срцето само ќе позбори, а сепак без зборови ќе го искаже она чувство кое секој има можност да го почувствува барем еднаш во својот живот.Тогаш веќе насмевката не е потребна бидејќи сјајот во очите ја искажува сета она радост која е невозможно да биде скриена.Но ќе помислам и ќе кажам:,,тажно е,, тажно е што на овој свет има толку многу љубов и срца кои што нестрпливо чукаат за да ја искусат таа среќа,а се помалку луѓе кои што им се препуштаат на емоциите.Се помалку луѓе кои што дозволуваат на срцето да влезе во тој свет.Во тој прекрасен свет .Срцата немилосрдно се кршат, како и што солзите се почесто се пролеваат за изгубениот момент на вистинска љубов.Во тој момент секој поглед влече кон бескрајната мрачност.Светлите точки кои некогаш светеа заедно со еден блескав сјај сега се помали и поосамени и од оној човек кој е осуден сам да талка во водите на океанот наречен ,,Живот,,. Да тажно е и затоа искрено се надевам дека секој кој има можност ќе ја искористи не мислејќи на последиците.....

    Се надевам ќе ви се допадне :)
     
    De-lovely likes this.
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Joined:
    Jan 10, 2011
    Messages:
    1,221
    Likes Received:
    1,936
    Знаеш, ми текнува кога ме остави
    да горам под врелото дождливо небо.

    Знаеш, паметам кога врели капки паѓаа
    врз мојот копнеж по тебе.

    Се сеќаваш ли, кога те љубев?
    Се сеќаваш ли кога ми ја испи душата без да кажеш извини?
    Се чувствувам невино на овој жежок дожд.
    Јас, тој и нежниот звук на виолината.


    Сакав прегратка-
    а се удавив во топлината на нежниот ти здив.

    Сакав љубов-
    а го допрев врвот на недопирливото.

    Сакав среќа-
    а поминав покрај дупка полна со пискот!

    Сакаше да те сакам-
    а јас кога несакам, несакам дупло.
     
    donna.17, Cynthia, BeYourself and 4 others like this.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2010
    Messages:
    6,507
    Likes Received:
    92,074
    Gender:
    Female
    Се лажам со денови, месеци, па и години,
    Се лажам дека таму некаде не постои некој кој може да те замени.
    Ах, будала!

    Се лажам дека се е совршено, а се плашам да признаам дека ти си ми навика.
    Се лажам дека си мојот ТОЈ.
    Ах, зошто?

    Се лажам дека си подобар од мене, да се лажам.
    Зошто упорно ги затворам очите пред твоите маани кои страшно ми пречат?
    Зошто се лажам дека годините не спојуваат?
    Зошто се лажам дека сме совршен спој, кога сме како север и југ?

    Ги тргнав очилата и видов дека НИЕ сме лага.
    Уште кога би можела да го убедам срцето.
     
  6. invisiable

    invisiable Истакнат член

    Joined:
    Jul 5, 2011
    Messages:
    63
    Likes Received:
    8
    Погледнувам околу себе.Лажна слика за она што се случува.Каде се идеалите на моето детство,на моето воспитување?Зошто пропаднаа во вода...Велат прави добро,со добро да ти се врати.Но,дали секогаш е така или барем понекогаш?!Не можам да се прилагодам на условите на овој пат,се нешто гледа да ти напакости и да те фрли во бездна.Ништо друго не ми преостанува освен промената.Но,зар вреди?!
     
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    3,992
    Likes Received:
    6,303
    Gender:
    Female
    Болка


    Кнедла
    тешко дишење
    солзи
    вриштење
    и загушување..
    Снемувам сили
    го преголтувам своето тело
    и од него излегува она
    моето внатрешно тело.
    Се е овде само срцето
    е во коцка мраз.
    Нема топлина во мене.
    Нема,се исчезна.
    Мене ме нема.
     
    Bright and De-lovely like this.
  8. polena

    polena Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2010
    Messages:
    91
    Likes Received:
    14
    Има нешто надвор што ме врзува
    тоа е каменот што го милувам
    во него е минатото, сегашноста, иднината.
     
  9. polena

    polena Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2010
    Messages:
    91
    Likes Received:
    14
    Да подадеш некому рака е чест,да го турнеш во бездна е грев.
     
  10. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Joined:
    Sep 9, 2010
    Messages:
    723
    Likes Received:
    932
    Срце

    Влегувам во ходникот
    бел и тмурен како во болница,
    отворам една врата,друга,трета,
    се губам во лавиринт,
    се е бело, безбојно,бледо.
    И не наоѓам крај, отрпнувам,
    пребледувам, паничам и на крај се смирувам.
    Цела вечност се барав себеси во твоето срце,
    цела вечност влечам бои за да
    го направам
    несмасно,невнимателно,спонтано,
    обоено,шарено.
    Цела вечност се обидувам да ги срушам твоите
    бели ѕидови.
    Цела вечност шетам низ белите ходници на твоето срце.
    Време е да го земам своето виножито и да заминам,
    време е да се откажам.
    Ти нема никогаш да чувствуваш, а
    кога не чувствуваш, мртов си одвнатре.
    И едно збогум на твојата гнила душа....
     
    TheCandy880 likes this.
  11. loly89

    loly89 Истакнат член

    Joined:
    Jun 29, 2011
    Messages:
    206
    Likes Received:
    74
    Беда... очај... бес... тага... безизлез... беа работите кои таа ги чувствуваше. Имаше голема душа, а сепак беше изгубена во просторот и времето, беше изгубена помегу јавето и сонот. Девојката со скршена насмевка и неверојатна животна приказна која не и дозволуваше да се радува на мали нешта и не и дозволуваше да верува во победи. Таа беше преубава, но со ледена насмевка која живееше во сенка на сопствениот живот поразена од времето. Всушност, нејзината улога на марионета беше предизвик за сите бедници кои се фалеа мислејќи дека ја добиле најскапата играчка... НЕЈЗИНОТО СРЦЕ! Но тие не знаеа дека таа сакаше! Сакаше со целата силина на своето скаменето срце и изгубена душа која талкаше низ времето барајќи спокојство.
    Таа беше совршенство на природата кое уриваше сонови, а немаше сила да го оствари својот сон. Таа имаше само еден сон, да биде со него! Тој беше нејзин воздух, нејзина храна, нејзина најголема болка, нејзин сон и причина за живот. Неа ја плашеше секое поклопување на стрелките зошто знаеше дека нејзиното време поминува, а копнежот по тие усни се зголемува. Таа беше матно привидение на болната вистина дека ЉУБОВТА сепак не постои и тоа и создаваше вртелешка во главата...
    А тој... нејзиното второ јас, беше немирен привид за поимот забава. Тој беше неосуден убиец на многу соништа, тој беше олицетворение не она што претставуваше добар живот. Тој имаше сè... но немаше СРЦЕ!
    И додека таа го градеше сопствениот заборав, тој немаше храброст да ја погледне во очи и да ја спречи судбината да ја прегази. Тие беа совршенство кое можеше да постои и да трае, смеејќи и се на бедната судбина за нејзините зли намери...
     
    kamikazus likes this.
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Идол

    Ти се восхитувам на храброста,
    на снаодливоста,
    Ти се восхитувам на косата,
    на очите,
    Ти се восхитувам на убавината,
    на лицето,
    Ти се восхитувам на телото,
    на силата,
    Ти се восхитувам на моќта,
    на авторитетот,
    Ти се восхитувам на животот,
    на начинот на кој живееш,
    Ти се восхитувам на љубовта,
    кон секого,
    Ти се восхитувам на тоа што си ти,
    таква,
    искрена, добра,
    полна со елан,
    со волја за живот.
    Од восхит те засакав,
    можно ли е?!
     
  13. polena

    polena Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2010
    Messages:
    91
    Likes Received:
    14
    Среќата неможе да влезе во парите,а парите можат да влезат и излезат од среќата.
     
  14. polena

    polena Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2010
    Messages:
    91
    Likes Received:
    14
    Зошто Роса чекориш боса, зар ти немаш татко и мајка да те пречекаат на дланка.
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,261
    Likes Received:
    43,906
    Кој тоа таму фалшира


    Овој паркет
    дејствува за двајца
    пар стапала
    движечка сила
    крцкање до бол.


    Нели
    Кога си далеку
    близината те убива штом се случи
    кога си блиску
    подалечен си одошто некогаш си бил.

    Се раштимуваме, а што друго.
    Но не добивам јасна интонација.
    Што овој живот
    по ѓаволите, пее
    И кој тоа таму фалшира?
     
    Nightwalker, De-lovely and LivingGlam like this.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Вирус
    Љубов-колку е лесно да се каже,
    а тешко да се почувствува,
    уште потешко да се искаже,
    а најтешко да се докаже.
    Љубов-блокада од емоции,
    вирус во срцето,
    пријатен вирус,
    кој шири пеперутки во стомакот.
    Вирус кој ретко кога те прашува,
    дали ќе го пуштиш внатре,
    а ако те праша,
    кликни allow,
    нема да погрешиш!!
     
    Nightwalker and De-lovely like this.
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Joined:
    Sep 9, 2010
    Messages:
    723
    Likes Received:
    932
    Мир
    Зарем не е убаво кога
    го имаш тоа чувство?
    Едно нежно скокоткање
    во себе, а не знаеш зошто,
    една развлечена насмевка
    на лицето, а не знаеш зошто.
    И тогаш те гушат куќите, улиците,
    дворовите, уличните светилки,
    сообраќајот, гужвите, луѓето.
    Те оградуваат оградите,
    те ограничуваат границите и
    само сакаш да затвориш очи и
    се најдеш далеку.
    Пусто место, ветер, тишина, мир и знаеш
    дека конечно можеш да дишеш...
     
  18. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Joined:
    Aug 9, 2011
    Messages:
    622
    Likes Received:
    2,368
    Gender:
    Female
    Патување..

    Тропна на вратата иако стварно и немаше потреба зашто изгледаше дека во собата нема никој, и со лесен чекор го помина прагот. Пустош, дури и ја намириса пајажината која седеше таму со години. Имаше само илјадници патишта, кои што никој не знаеше каде водат, но ти решително тргна по оној што ти изгледаше најсветол.
    Болница. Детски крици и јако плачење. После неколку секунди насмевка на мајчиното лице и солзи радосници во очите на таткото. Нов живот. Со несигурност каде навистина води патот полека продолжи да одиш.
    Двор и деца, од прилика 5 годишна возраст, насобрани околу едно камионче кое испушташе некакви звуци се уште непознати за тебе, патем и за било кој што се наоѓаше таму. Роденденска торта и детски насмевки со полуизгубени млечни заби.
    Момче со огромна количина на солзи насобрани во очите пишува писмо. Се приближи до него, но се чинеше дека не може да те види, па така без срам почна да го читаш неговото писмо. „Те сакам, знаеш дека навистина ми требаш, те молам, не оставај ме. Знаеш колку..“. Понатаму не сакаше да читаш, а воедно и немаше потреба зашто остатокот од писмото многу добро го знаеше. До пола работите започнаа да ти стануваат јасни, па повторно се здоби со онаа сигурност во чекорот и продолжи напред по патот.
    И од твојата лева, и десна страна имаше илјадници луѓе. Некои од нив се караа, други весели пиеја пиво, трети пак беа во исчекување на некого. Сите ти беа толку познати, но со кого и да започнеше да зборуваш никој не можеше да те види ниту пак да те чуе.
    Девојка. Добро обликувана како најперфектно изработениот инструмент, со црна долга коса, зелени очи и сино фустанче. Насмевка која и кај најнесреќниот човек ќе пробуди жар за повторно радување. Таа ти зборуваше, но ти не разбра ниту еден збор од нејзините претходно создадени мисли. Девојката полека почна да се губи во светлината и следниот момент ти се најде сам на клупата во најблискиот парк.
    Во главата ти се вртеа најразлични мисли, луѓе, случки. Се уште не беше сигурен за тоа каде точно се наоѓаш и дали ова твое патешествие некогаш ќе заврши. Продолжи да одиш се додека не стигна до самиот крај. Патот повеќе не водеше никаде, сега пред тебе имаше само темнина и празен, бескраен простор. За момент помисли да се вратиш назад, да тргнеш по различен пат, но во тој момент ти всушност сфати каде одеше сето ова време. На твоето лице се појави најтоплата насмевка, го пречекори прагот и исчезна засекогаш во оној бескраен темен простор.
     
  19. polena

    polena Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2010
    Messages:
    91
    Likes Received:
    14
    Мајка

    Мамо ти си ко цветче бела
    за кого си се сношти дотерала
    косата ти беше ко свила
    очите ти светкаа
    како на богородица мила
    зар и таму горе Госпот ве дари
    а нашите срца во сон ни ги гали.
    Ноќе кога звездите светат
    очите ваши во нас светат
    Во Госпот нема лага
    тој е дарежлив со љубов и слава
    него немој да го мамиш
    оти тој е свечен и вечен
    Јас знам мамо
    дека си и таму цветче бело
    а љубовтта твоја ја сочував и споив
    во пупката бела.
     
    mamita likes this.
  20. polena

    polena Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2010
    Messages:
    91
    Likes Received:
    14
    За моето срце нема лек, ти во мене ќе останеш цел век.

    Во цвет се претворив, можеш да ме негуваш, мирисаш, само те молам не кини ме.


    Светот е наш, ние со него другаруваме.