Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    29.032
    Пол:
    Женски
    ТИ

    Сјајот го гледам,
    ја чувствувам воздишката,
    ја допирам твојата среќа,
    а бакнежот ти го давам на ветерот.

    Љубовта ти ја враќам со жар,
    жар кој гори се околу нас,
    и толку е јака,што нема и непостојат солзи,
    што ќе можат да ја изгаснат.

    Да речам те сакам е малку,
    а да речам дека те мразам,
    само заради тоа што те сакам,
    е повеќе од доволно.

    Допираш длабоко во мене,
    во срцето го чувствувам твојот допир,
    бакнеж,како нежно ме гали,
    а иако ноќва сум сама.

    Како би ни било?
    Јас и ти....сами
    препуштени на страстите,
    високо на крилата на чувствата.

    Се топиме еден во друг,
    се чувствуваме со очите,
    се гледаме со срцата
    и дишеме еден за друг.

    Ти си моја слабост!
    Моја слика за поразот..
    велам пораз-зошто...
    зошто те сакам повеќе од себе!

    Ме држиш во прегратка..
    не ме оставаш да паднам...
    ме креваш високо над срцето..
    и уживаш во миговите!

    Но тој е еден!!
    Само еден миг,кога срцето ти кажува
    дека тој е тој,таа е таа,
    миг...за кој вреди да се живее.

    Гледам во тие прекрасни очи,
    нешто чисто,нешто возвишено
    ги гледам и тонам во нив..
    како капка во длабоко море.

    Се покорувам на твојот поглед,
    во него го слушам твоето срце,
    моли да биде сакано...
    ...исто како моето........
     
    На skyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Пародија

    Живеам во време
    кога љубов се пишува со Ф на крајот.


    Жените се лигават на ѕидови од кецови и нули
    (автоќотек овде)

    Мажите се силат преку монитор.

    Пародија на она што се вели...
    Еклер и боза
    Во ќошот на реалноста.

    Којзнае во каков свет ќе живеат
    идните деца.
     
    На FBI, missperfect и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  3. mirka

    mirka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    “Ангелска“ душа

    една душа наречена Ангелска била
    но таа душа ги нема ни нивните крила!
    едно битие како Ангел именувано,
    ниту една буква од тоа нема сочувано!

    “Ангел“ - свет е тоа збор,
    нешто безгрешно, чисто...
    а го извалкаја луѓето
    што една душа така ја нарекоја!

    не може да е душата чиста,
    не може како Ангел да е иста!
    таа душа боли, но “Ангелска“,
    тоа име не може да си го дозволи!

    Едно битие што унесреќи друг,
    едно битие што силно љуби,
    но битие што не вреди,
    едно битие сум што сум губи!
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Ex ordinaria

    Над градов
    син фустан се развлекол
    и на него броди
    портокал
    излупен
    од детските раце на утрото.
    Росата е само украс
    за да се огледаш
    штом тргнеш
    на училиште, факулет, работа.
    Не е сабота.
    Ден за отскокнување.
    Син, како на New Order
    Лиричен, како на Mamas'n Papas
    и сака да биде потрошен
    лукаво
    со ручеци и состаноци
    единици и двојки
    Птици, заковани шајчиња на ѕидот од оваа песна
    Личат на мини патокази
    низ овој ден.
    Затоа, бакнете се со најмилите
    поздравете ги соседите.
    Извадете го срцето на виделина.
    Скршнете од колоната
    зошто секогаш
    мириса на пролет
    кога нештата се менуваат.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bibs

    bibs Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Niz tivkata letna nok se razlevase opojniot miris na zreli praski.
    Bisroto nebo narcisoidno se ogleduvase vo mirnata povrsina na ezeroto.
    Cudniot povik koj doaga dlaboko od mene me tera da i se prepustam na mojata stara navika da talkam. Me donese tokmu ovde na ova mesto kade mesecevite zraci lizgajki se po moeto lice me izdavaa me otkrivaa brkajki ja temninata okolu mene koj isparuvase.
    Se slusna krik! I crnata temnina se razbega od bolniot izvik na majkata koja vo toj moment silno go pritiskase krevkoto seuste toplo telo na novorodenceto koe sto samo sto ispustilo dusa.
    Zaludno taa ja krevase glavata kon neboto koga nemozese da go vidi duhot na prazniot nedopren od sudbinata zivot koj poleka ja napustase.
    Koja e taa crna senka cija tazna silueta e osvetlena od istava mesecina?
    Civi se tie bolni krici koi mi ja zamrznuvaat krvta vo srcevo , me polnat so praznina,me vdahnuvaat so cuvstvo na nekorisnost bespomosnost?
    Od stravot me odmrzna sovesta .
    Mi prijde tivko I se zakaci za mene .
    Me prasa dali bi smenija nesto koga bi mozela.
    Dali bi I pomognala na kutrata napatena pitacka.Sto sum jas covek ili predmet?
    Vo mene nesto se skrsi.Vo gradive mi se razlea cuvstvo koe mi go zabavi disenjeto najmnogu sto moze.
    Ke se vmesav li vo zapletkanite niski na sudbinata ili sebicno ke stoev I ke gledav molejki se da ne mi se sluci nisto slicno mene tuku na nekoj drug?
    Zosto gi stedam I zborovite koi mozat barem da ja utesat , da ja ublazat bolkata od suroviot udar na sudbinata.
    Kade e sega filantropot vo mene so koj se gordeev?
    Kade se moite hrabrost socuvstvo I nadez za podobro utre?
    Sakate da znaete sto storiv ?
    Hah
    IZBEGAV!
     
  6. bibs

    bibs Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Izbegav zasramena I razocarana . Izbegav zaedno so moite verni drugarki solzite koi ne ja ublazuvaa mojata razocaranost od samata sebe I od svetot koj me pretvori vo uste edna marioneta na surovosta I sebicnosta.Tesko e da se zivee so pomislata na izgubeniot mlad zivot koj ne dobil ni sansa da zgresi nesto a mojot bezvreden Ironicno prodolzuva I prodolzuva vo nedogled.
    Zosto dozvoluvame da se stopime so se sto e negativno?
    Zosto dozvoluvame da se pretvorime vo pesimisticki vospitani kukavici koi znaat koga kako I sto treba da se stori,no ne reagirame na nicija nesreka bidejki samo taka se zivee denes na ovoj svet ,koj prodolzuva da se dvizi kon sirokiot udoben pat na propasta licemerieto I lagite.
    Za mojata beskorisnost nema resenie.
    Osudena sum da talkam do krajot na mojot beden zivot ,da gi gledam crnilata na onie kako mene nemozejki da ja zavrsam komedijata na mojot ocean zivot samo od edna mizerna I edinstvena pricina: jas sum kukavica!
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Кратки задоволства

    Кратко и слатко
    вресни го моето име
    кога ќе бидеш далеку
    а со ....... в рака.

    Да знаеш.
    Тој и таму ќе ме сака.


    А јас, како Амели
    Ќе се прашувам...
    Колку ли луѓе сега доживуваат оргазми.
    Додека јас и ти сме далеку.

    Во задоволството сами.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ :rofl: :rofl: Шилеа ме насмеа ептен, особено со шифрираниот збор со точки :lol: :lol:
    По незнам кој пат :clap:
     
  9. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Леле у пичку матер Shelea ептен те бива ;) :D
     
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    :D :D :D Фала ви дечки :)
    XY

    Еве ви уште една, не толку сексуална. Хахах :lol:
    Мажјаци и женки,
    меѓу нив нерви тенки,
    богомолки ли се,
    очи црвени од страст им горат,
    за превласт во кревет се борат,
    едниот од нив на крајот секогаш умира,
    оној што мислеше дека е Алфа, борец и страдалник истовремено,
    добива удар онаму каде што е најочекувано,
    центрирана перипетија за женка со мета,
    ох, и во инсектариумот создадов метафора што цвета...
    А цветот оди на неговиот гроб.

    Ниедна жена не смее да е роб.




    Мизерни рими, ама помина недела, можам да си го дозволам тоа. :rock:
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    ОВА Е ОДЛИЧНО! :clap: НЕ, ОВА Е ПОВЕЌЕ ОД ОДЛИЧНО :clap: :clap: :clap: Се поклонувам пред тебе :bow:
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Еве еден извадок од мојата кутра новела.

    Глава 13

    Масти, протеини, јагленихидрати

    Омилената ноќна мора на секоја девојка, покрај неизбежните акни и херпеси , кои излегуваат секогаш кога се најмалку потребни се секако – калориите!

    Кога веќе конечно ќе престанеме да го броиме, и кога едноставно наместо десеттото кафе ќе седнеме да изедеме еден убав , сочен сендвич?

    Живеејќи на Балканот, уште од малечки нозе, во нашата днк покрај наследените гени се впишува уште една – гурманство. Тоа воопшто не е прашање на избор, тоа е факт! Ако прашањето воопшто се формулира – да се јаде или не? – одговорот е неизбежен и едноставно гласи ДА!

    Ако размислите малку подлабоко, секој собир на Балканот е проследен со енормни количини на храна.

    Чинот на раѓање на бебе – неизбежните мрсни мекици со сирење.
    Секој роденден – нема многу потреба од објаснувања во овој дел.
    Празник, делник, слава и Нова година – неизбежните кифлички и руска салата (нема ли руска салата, како ќе знаеме дека Новата година вистински пристигнала?), потоа сарма, слатки, вино, а потоа и малку расолница – за освестување.
    Чинот наречен веридба (давање збор, или полесно кажано уште една причина да се седне на маса и добро да се најадеме и напиеме, затоа што дадениот збор трае нецели 5 минути , а лумпувањето покрај трпезата цела ноќ).
    Свадба – исто како и кај роденденот и тука не чувствувам обврска за појаснувања.
    Погреб – тажно, но вистинито, откако ќе се збогуваме со саканото лице кои засекогаш си оди од овој свет, од причини познати само на Балканот се решаваме да јадеме и локаме, веројатно во негова чест.

    Навистина, секој собир започнува и завршува со храна. И не само тука.

    “Kaде бевте на одмор”? “A какво беше јадењето”?

    Човеку, сме тргнале на одмор, а не на конвенција посветена на храна и вино.

    Се се врти околу храната. Што и не е така лошо, се додека не се качите на вага, или не погледнете Fashion TV. Тука настапува проблемот. Или кога ќе забележите некоја слаба гуска како ве одминува, а гнете хамбургер со дупли помфрит, кечап и мајонез. Ви доаѓа да ја задавите, минус хамбургерот.

    За да одбегнеме општа паника, смислуваме мали лаги. Не јадам толку многу, во последно време јадам зашто сум напната, или очекувам да ми дојде менструација, се што ќе каснам се лепи на мене, таква ми е конструкцијата, тешки ми се коските, и водата што ја пијам – ме дебели . . . бла, бла, бла!

    Престанете со сите овие ноторни лаги, станете едно утро и изменете го светот! Јас сакам да јадам! Јас уживам да јадам! Јас легнувам со помислата што вкусно ќе јадам утре! Мојот ручек не е конкретен ако нема месо!

    Јас мразам соја. Ги мразам производите со light префикс, мразам растителен кашкавал, и се што е бледа имитација на месо. Сакам свинско бре, сакам пица, тестенини, сладолед и благо! Сакам да јадам покрај сите стапови и шипки што шетаат околу мене и ме убедуваат дека со макробиотичките треви ќе живеам 10 години подолго! Земете ги слободно тие 10 години и дадете ми кременадла!

    Не сфаќам зошто на девојките денеска им е толку тешко да го признаат тоа. Сме тргнале на роденден, детето убаво си наместило ордевер и кифли, сите зјапаат, ама никој не посегнува, наместо тоа вадат сјајчиња од малите чантички и си ги мачкаат усните, којзнае - можеби сјајчето има волшебни хранливи состојки кои ќе ги заситат тие куклички во наредните пет дена???!!!!

    Не се залажувајте и за момент заборавете го ефектот што ќе го предизвикате врз околината на која верувајте – и онака не и е гајле за вас. Земете си, послужете се. Измислете ново правило – cool е да се јаде на родендени!
     
    На QueenElena и Madonna им се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Признавам! :rofl:
    :clap: :clap: :clap: Трендафилка. Реално. И ми се допадна. Премногу. :clap:
     
  14. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Еве нешто што го напишав летото,за дечкото со кој ги поминав најлудите 5 дена во мојот живот :)

    Страст.Навлегува длабоко во мене.Ме растргнува.Не можам да се отргнам,се препуштам.Дозволувам неговите бакнежи да ме понесат на некое ново место.Неговите допири ме возвишуваат.Ѕвездите се на наша страна вечерва,светат со полн сјај.Хммм,ми се допаѓа.Ги гризам неговите усни,додека тој нежно поминува со раката по мојот грб.Се молам ова никогаш да не заврши.Знам дека ти утре си одиш.Знам дека и во срце ќе ме носиш. :)
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допадна :clap: :clap:
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    :y: :y: :clap: ..одлично
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Еве уште една глава од новелата (поучно, се надевам):

    Глава 13

    Losing my friends a.k.a my religion


    Погоре споменатиот его-манијак кому му подарив една година внимание и сериозно количество на нерви и солзи, ме предизвика да ја направам најфаталната грешка во мојот живот – да ги запоставам моите другари, со цел приматот да го поседува само ТОЈ.

    Не постои поголем кардинален грев , ниту поголемо предавство од тоа. Луѓето со кои си се дружел повеќе од половина живот, со кои си делел тајни, стравови и соништа, кои секогаш биле безрезервно тука за тебе, си ги напуштил само и само да го посветиш твоето внимание на личност, целосно незаслужна за тоа!!!

    Повиците кон твоите другари се одолговлекуваат, а средбите стануваат се поретки, и додека трепнеш – поминале 6 месеци од последниот пат како сте седнале здраво да се напиете, а наредниот чекор е честитка за роденден оставена на вашиот Ѕид на Фејсбук. Како дојдовме до ова???

    Мојот супер-бивш дечко, кого отсега па натаму за да нема забуни ќе го нарекуваме Шабан, помина скоро половина година во убедување дека другарите не ти се потребни кога покрај себе ја имаш љубовта на својот живот! Каква е таа девојка што има најдобри другари, а во исто време – си има дечко? Што е толку важно што имаме ние да си кажеме насамо? Како е можно да нема ништо помеѓу нас, освен обично другарство? Зошто ми се јавуваат по полноќ? Зошто ме прашуваат за мислење кога станува збор за некоја девојка?

    Половината година на упорно убедување, резултираше во фактот – поверување, бидејќи јас наседнав и – поверував дека не ми се потребни, дека сме го надраснале сето тоа од минатото, нашата дружба е стара и излитена, потполно клише и време е да се порасне, да се созрее, со еден несозреан Шабан !

    Повеќе од очигледно, патиштата со Шабан се раздвоија, јас отидов надесно, а Шабан по ѓаволите, и едно навидум сосема обично утро се разбудив со грозно чувство дека – си ги немам видено другарите повеќе од година дена, ниту сум ги слушнала, ниту знам што им се случувало.
    Со кој памет и со кое лице би им се јавила сега? И што би им рекла? “Ало, здраво, јас немам повеќе дечко, и имам еден тон слободно време, сакате пак да ми бидете другари?”

    Тоа е најниското, најбедното нешто што може да се случи.
    Немојте НИКОГАШ да си ги запоставите другарите и другарките за дечко или за девојка. Не е никој дотолку вреден.

    Пред неколку години, за време на прославата за Нова година, кога сеуште имав најдобар другар, ми рече дека ние сме како Хотел-промаја, дечковци и девојки доаѓаат на една врата и си одат од друга, но ние сме тие што ќе бидеме тука засекогаш еден за друг. Јас веројатно тогаш сум имала инфекција на увото, бидејќи не сум го послушала воопшто.

    За среќа, не требаше премногу извинување и објаснување зошто јас сум се претворила во глеупердовски клониран морон, како и сите девојки чија опсесија е нејзината врска со дечкото. Еден телефонски повик до моите другари залиен со бело вино и се разбравме со еден поглед и две реченици. Тие сфатија дека јас сум сфатила дека сум направила грешка, а јас сфатив дека ми простиле.

    Добрите другари се ретки како бисери во лајна. Затоа треба да ги чуваме. Ништо не е посвето од вистинското другарство. И ако имате доволно среќа да пронајдете такви луѓе , знајте дека веќе сте сакани. Не ви треба Шабан или било кој друг да ви сервира неинтелигентно смислени лаги, како во понатамошниот заеднички живот ви е доволна една сакана личност покрај вас, а светот ќе престане да постои кога ќе почнете да делите 65 квадрати простор.

    Светот постоел и ќе си постои. И подобро да имате вистински другари покрај вас кога ќе тргнете да се рашетувате низ него.
     
    На Fallin-ForHisSmile му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Ги џвака сите бакнежи стари 5 години и плука пред тебе, само за да види како убаво лежат на асфалтот до купот памук од тополи. Ја знае цената на зборовите кажани во бес и инат, а ги праќа да стрелаат и покосат се пред себе, со само еден обид, повеќе не треба. Откако ќе ја погодат целта право во центарот, само колку да се брои, си одиш дома и пред да го завртиш клучот во бравата ти текнува дека центарот е на сосема друго место, дека ти треба ракета за да стигнеш до него. А местото погодено останува со една болна точка замачкана со малку лажна надеж од минатата есен. Во стилот на еден мазохист ја премачкуваш со уште еден слој, задоволно смешкајќи се на својата дарба за мачкање (на сопствените очи).
    Кога конечно влезе дома и си ги крена нозете на табуретката свати сека еден и еден не се два, туку е еден. Цело време си бил во заблуда... Не е тоа математика, логика е. Не е ни логика ама уште помалку аритметика. И тој еден цело време се обидувал да ја најде својата гранична вредност и само што успеа, пак станаа два. Чудна работа е логиката кога ќе впрегнеш малку бакнежи и тркалезни допири тапкања по рамо и летање под вода. Никогаш неможеш да дојдеш до конечно решение.
    Ете денес се два, ама само денес, пошто немаше доволно енергија да се завршат пресметките и се искуца сметката па да си носи во кеса накај дома, а пред врата...таму е еден. Дури кога ќе си ги ставиш сите продукти по полиците, ќе сватиш дека е еден и дека отсекогаш било така. Конечна вредност, цврста единица, без променливи. И тоа само заради мекиот мирис на затоплени раце и вцрвенети образи, влажни трепки и суви усни.
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Најдено на задната страна од Остров на пладне (Х.К)

    Кога ми е добро
    тогаш, сводот е индиго боја
    а јас како на една нога
    фламиго во розова ноќница
    Мирувам.
    Стојам, како на вода.
    Читам од облаците
    препознавам, те има
    (ветерот ми вели: следи ги знаците)
    Чувај ме пред нос
    мирисај ми ги крилјата
    во шаренило и трска
    мали мисли се закачуваат.
    О, па ти запре.
    Во мене нешто се заниша.
    Како кога ќе го потчукнеш украсот
    закачен на плафонот
    на поминување.
    Јас и ти сме работилница на светот.
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Сезона

    Овде вистинските вкусови се измислени.
    Уште нема зрели кајсии
    па мора да ги барам
    во краткиот здив на Орбит новите.
    Надевајќи се на летно решение.

    (фрлам поглед на идното лето)

    Си се смешкавме.
    Под тополи, со полни патики памукчиња
    како да сме газеле огромна пелена
    (впрочем, градот некогаш е полн со гомна)
    И коњите ги јаваме, ситнеж е тоа!
    А можеме и да ги спалиме.
    И да ги прежалиме.
    Како и секоја минлива работа тука.
    Само моето и твоето часовниче.
    Во заедништво останува да чука.
    Тик так, тик так.

    Уште еден уапсен знак.
    Време на 5 и 17.
    Убаво е да си константа во променливи сезони.


    (Те сакам, и покрај тоа што сигурно флертуваш со северни женки, лажејќи ги дека си од Италија заради тенот и името :)