Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Солзи од болните очи

    Седеше на влезот од болницата премислувајки се дали да влезе или не. Ако влезеше нејзиниот живот ќесе променеше за 360 степени, а можеби и за повеќе. Па како и не би, кога цел живот гледаш само мрак, темнина, а сега, излегуваш од некоја просторија и го гледаш светот со сите бои негови?!
    Часовникот го откуца времето кога во чекалната го изговорија нејзиното име... Гласот на сестрата која повикуваше се слушна дури до надвор. Како да знаеше дека таа чека, премислувајки се, па викна посилно, да и даде на знаење дека дошла на ред!
    Во нејзината глава се менуваа илјада мисли, се и беше измешано... Се прашуваше зошто да влезе, а зошто не. Тоа беше шанса која ја чекаше 25 години, а сега, кога и е укажана, сака да ја испушти!?
    На крај, реши: влезе.
    Токму на време, не и дозволи на сестрата да го изговори името на следниот пациент и извика:
    -Тука сум, дојдов, сакам да го фрлам мракот од себе.
    Сестрата ја фати за рака и за одведе кај докторот. Анализи, резултати, можеме-не можеме дискусии, размислувања и премислувања...сето тоа траеше со месеци се додека не дојде денот.
    Таа легна во операционата сала, се помоли и...анестезијата си го стори своето.
    ***
    Лежеше во болничката соба со завои на очите неколку дена кога докторот влезе и и ја соопшти веста:
    -Мислам дека успеавме, хероино наша, а денес ќе се увериме во тоа. Ги вадиме завоите за половина час, биди спремна.
    Срцето и затрепери, рацете и се тресеа, секакви мисли и надојдоа... Тој ден таа го чекаше со години, а сега, кога дојде, таа се плаши од него. Се плаши од неуспех, од уште едно разоарување.
    Полека и ги вадеа завоите. Почна бавно да ги отвора очите. Просторијата беше затемнета и тоа како да и беше утеха ако не види ништо. Очите веќе беа широко отворени, а таа се уште се напрегаше. Како да не ги отворила доволно, како уште да мижи... Помисли дека згрешила негде, па замижа и пак бавно ги отвораше очите. Но, не беше нејзина грешка, не беше ни на лекарите. Никој не и вети успех, никој не и даде лажна надеж, од почеток знаеше за можниот неуспех. А тој и се случи...
    Капка солза се сли низ нејзиниот бел образ, капка солза излезе од мрачниот свет на слепите... Светот во кој таа остана заробена засекогаш!
     
    На Cynthia, marama и Nightwalker им се допаѓа ова.
  2. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    онака....
    се будиш или заспиваш?
    кој е тој сон во кој неможеш да се запрашаш
    а веќе си почнала да трагаш по одговори?

    јас неможам да дознаам каде залута погледот твој
    тогаш кога за прв и последен пат го видов.
    ниту еден здив повеќе не мириса на студот под месечината.
    а ти не ја гледаш нејзината светлина,
    во таа слика тебе прво ти доаѓа мракот.

    ги мразам сите хармонски скали.
    го мразам секој акорд кој не е доволно болен.
    нема ништо поболно од мене.
    јас барам нешто поболно од мене.
    нема.
    тоа ме боли уште повеќе.

    погледни го соѕвездието кое го создадов
    личи на буква која неможеш да ја прочиташ.
    баш поради тоа не ти личи на буква.

    понекогаш го занемарувам стравот.
    понекогаш сакам повторно да вратам некои денови.
    понекогаш едноставно се премногу ме боли.
    понекогаш знам дека сум секогаш среќна.
    понекогаш знам дека сум секогаш несреќна.
    понекогаш ништо незнам.
    само знам дека заспивам и се будам мислејќи на тебе.
    иако мислам дека не те мислам.
    иако не се сеќавам дека сум заспала мислејќи на тебе.
    иако кога ќе заспијам не се сеќавам дека сум се разбудила мислејќи на тебе.
    иако имам премногу работи да кажам..
    неможам правилно да ги натрупам.

    јас сум само патник кој погрешил барајќи го патот.
    јас сум само скитник кој залутал во дното на океанот.
    таму немало воопшто вода.
    сум се удавила во суша.
    зошто пливам кога има воздух.
    воздух кој го дишам а ме гуши.

    бесмртност е збор кој тука стои без потреба.
    не дека нема потреба да стои,
    туку стои без потреба.

    љубов е она што го чувствувам.
    не дека сум те сакала,
    туку само така сум се чувствувала.

    а јас сеуште викам и ветрот не ми ги носи криковите до тебе..
    можеби затоа што кај мене владее бура,
    а кај тебе се е стишено..
    [​IMG]
     
    На De-lovely и Aurelia-Aurita им се допаѓа ова.
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Болка

    Студено тело,
    голи раце,
    бесчувствителен бакнеж,
    ладна прегратка.
    Очи кои празно гледаат,
    усни кои бесмилено зборуваат.
    Живот кој напразно се живее,
    срце кое заборавило на љубовта,
    душа желна дури и за милостина...
    Тоа го остава болката.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aurelia-Aurita

    Aurelia-Aurita Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    41
    До бескрај, и понатаму

    Слушај го моето срце, допри до мојата воздишка. Зарем не се чувствува мојата среќа во издишаниот воздух кој така вљубено ти приоѓа? Би можела да прснам од среќа секогаш кога ќе ме допреш, исто како меурче од сапуница. Никогаш не би можела да ти се налутам, тоа би било налудничаво од моја страна, кој му се лути на сопствениот живот? Би ја исполнила секоја твоја желба уште пред да ја замислиш. Тишина, не зборувај. Слушај го моето срце, заборави на времето и правилата.. Сакај ме до бескрај, и понатаму. Сакај ме онака како што јас те сакам тебе.
     
    На K-a-t-e-n-c-e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Игри со граници


    Нозете во вис
    и кафе без кофеин
    се гледаме во очи од далеку
    а низ нив
    калеидоскопски глетки.

    Знам
    кога ќе заврши ноќта
    и сите метеорски дождови
    налети на страст
    низ чаршафи.

    Се делиме
    како шпил карти.
    Кај тебе е џокерот
    и насмевката
    од милион долари.


    Јас дама.
    Сама.


    Ти крал
    Мал.

    Се’ е виртуелно.
    Само нашата љубов не е.


    Во тоа верував
    додека не се разделивме.
     
    На Strumfeta93, kate21, donna.17 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Спомен

    Шарав со очите низ собата бесцелно. Не барав ништо, само разгледував.. Погледот ми застана на една од многуте играчки распоредени низ моето кутивче.. Тоа беше едно големо, жолтеникаво куче, ставено врз мојот плакар. А до него стоеше мојата панда.

    -Бајчеее, каде си??-слушнав нечиј глас на влезната врата. Тоа беше гласот на чичко ми кој дојде на одмор со своето семејство. Имав само 2 годинки, но совршено го паметам тој ден.
    Ме викаше бајче бидејки претерано ме сакаше.
    Кога викна веднаш истрчав и го гушнав силно, силно, најсилно што можев.
    -Види, види што ти донесе чичо-ми рече подавајки ми предмет спакуван во ускрасна розева хартија со панделка. Истрчав во кујната каде што седеше баба ми и и реков:
    -Бабооо, види, чичо ми донесе нешто. Таа само се насмевна додека ме гледаше како се мачам со лепаците на подарокот. Најпосле го отворив и од него излезе едно големо жолтеникаво куче. Бев пресреќна. Посебно бидејки беше баш куче. Тој знаеше дека јас душата ја давам за кучиња и затоа се решил да ми подари едно трајно кученце, кое никогаш нема да умре...


    Денес му гледам во очи на кучето: тоа е тука, стои мирно на мојот плакар, но каде е тој што ми го подари?! Дали се уште ме гледа од горе, дали се уште сум неговото бајче...? Дали сега тој ме сака како порано?? Дали кучето, а и падната која ми ја подари тој наредната година, сакаше да ми бидат вечен потсетник на него? Дали сакаше да ми остави нешто што нема да ме напушти прерано како него?
    Дали знае дека јас го чувам неговиот спомен во срцето?
     
    На thelittle17 и eli25 им се допаѓа ова.
  7. JCetkin

    JCetkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    СКРШЕНА


    Стара песна,
    сол на рана и
    поглед зариен во дланка
    линија на животот...

    Која предвидуваше бура,
    пророштвото исполнето,
    пустош во срцето сино...

    Како небото над мене,
    стојам под него-
    како античка ваза извиена...

    Од раката негова,
    галена...и
    од раката негова скршена...
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  8. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Само во бајките вратите се отворени,таму нема клуч.
     
  9. K-a-t-e-n-c-e

    K-a-t-e-n-c-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    32
    Можеби денеска е се сменето, но некогаш ми се чинело дека цел свет се распаѓа((кој немал такви моменти(но кога е од срце, убавината никогаш не обледува нели? :) ))
    еве еден таков :


    ...Кога ми е тешко пишувам..Мислам дека тоа е единствениот начин на кој можам да ги отргнам негативните мисли од мене, да ги откорнам, да не ги пуштам веќе никогаш внатре..
    Ме уништуваат ми ја горат душата како да сум брикета со која се потпалува оган.. Се чуствувам како да сум една капка во морето, како една точка во многуте, како една снегулка во снегот, како зрно песок во пустината..
    Лесно ли е да си предаден од било што, од било кој, од сите а всушност од никој? НЕ!
    Да мислиш дека имало некој цело време зад тебе, пред тебе, со тебе а всушност немало никој? НЕ!
    Да си со милион луѓе на светот а сепак да си сам, најсам на светот?
    Да се движиш во таа толпа а сепак, да поминуваш низ нив како воздух, како прашинка па ако засметаш ќе те забришат??
    Сите тие се исти, само нивното ЈАС постои во нивните глави, а човек му е потребен на човек.
    Животот кај некој светнува кај некој не, негде вака, негде така, сите со своите маки ....
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    СЕГА СЕ Е МИНАТО

    Утро е ...

    Се будам слободна...

    Без тебе во мислите мои.

    За првпат не мислам на тебе,

    не патам, конечно среќна сум.

    Собрав сила и се соочив...

    Бев храбра да кажам НЕ!

    Солзите кои секој ден ги леев... пресушија.

    Падна последната солза кога се ти кажав...

    Кога излегоа зборовите кои долго време

    ги чував во себе,

    камен ми падна од срцето.

    Ја нема повеќе таа тежина, несигурност,

    нема патење!

    Ах... Се чувствувам како птица.

    Птица која слободно лета во небото бескрајно, сино,

    Безгрижна... со срце и душа од тешки пранги

    ослободено.

    Сега се е минато...

    Те нема тебе, солзите за тебе...

    Сега се е минато...

    Љубовта исчезна како паднато жарче кое бавно

    догорува...

    Како искра која кратко светеше...

    Сега се е минато...

    Тука се само спомените кои ќе останат само спомени.

    Готово е ... СЕГА СЕ Е МИНАТО.
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.765
    Пол:
    Женски
    Допри ме,
    не плаши се,
    не сум кршлива.

    Сакам нежни дланки,
    а силен стисок.

    Сакам да поминуваш по моето тело
    како да ме обликуваш.
    Ти си вајар,
    а јас твојата смеса.

    Во твојот поглед гледам искреност,
    во твојот допир чувствувам нежност,
    а во твоите зборови несигурност.

    Јас и ти пак...
     
    На skyAngel, Divinebutterfly, Strumfeta93 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Животна крстосница

    Време е за одлука животна крстосница
    Пристисок што те копка и ужасна грозница
    Немир и морница по тело кое се пролива
    За промена посакај храброст која се пробива.
    Светот со вперен поглед сватен си ко црна овца
    Љубов изгуби совест боли и удира до коса
    А зошто е тоа така? Минатото чука на врата
    Споменот што ме сруши што ме направи сакат
    А ти долу на подот, но, стани и пружи отпор
    Губиш невиност и место крв во тебе тече отров
    Дали казна Божја или мое невнимание,
    Совеста во тебе пишти, и вика: „Доста ми е!“
    Родителско влијание секогаш ти мислат добро
    Но некогаш грешат фатално и го примаш тоа кобно
    А ти избезумен на средина, ја нема веќе таа ведррина.
    И таа што ја сакаше замина ко ветришта
    Но никој не би обвинил, крив сум сам за себеси.
    Па тука следат лажни филмови, религија ко прелези...
    Совет од мудрец, те буни свет за тебе непознат
    Огледалото ти нуди лик во кој не се препозна.
    Но сам ја кревам котвата бродот тргнува кон брегот,
    Минато згазни, но не заборавај оти се враќа ко ехо.
    Нов животен патоказ потрагата тргнува од тука
    Внатрешна револуција срцето доби одлука.
    Листот моја исповест дадена ко свештеник
    Зборовите ги стопија гревовите вклештени
    Сите вештери ѓаволи што низ минато ги сонив
    Уплав од наркоси и филмови на паднат хроник,
    Нека полетат ко гаврани црни што носат темно
    Бог ми прати гулаби да ме просветлат ко вечност
    Дали рај е на неботи или во тебе и на земја
    Но пеколот е онај свет кај што е скриена среќата
    Совршенството е во тебе, во други не го барај
    Оазата далеку се гледа но во себе чувам сарај.
    Универзално добро не ти треба, тоа е дното
    Не мислам нити на злото, сега барам трето око...
    Патот е средина измеѓу двете крајности
    Задоволисе со малку, не барај сјајности!


    Песнава ја напишав по барање на еден другар кој пее рап, и е прво мое дело во ваков стил, се надевам ќе ви се допадне...
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Едноставност

    Калкулација на насмевки и желби ....
    застарени песни,застарени бакнежи ...
    неискажани зборови и желба за нови бакнежи.
    Доза желба,флерт и две лица.
    Совршенство..


    Доколку налетате на фб на ова ,тоа е профилот на Кенди и таму ги објавувам
     
    На x.Daisy.x, crazylady и starbucks им се допаѓа ова.
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сонце за на зимо

    Голтки воздух и чаши полни со сонце.
    Последните денови го крунусуваат
    летото господово.
    Ги сокривам чашите во најтемната соба
    да ги имаме во темните зимски дни.
    Чаши полни со сонце за во зима.
    Последни поздрави до летото,
    и да ни се врати догодина пак.


    Доколку налетате на фб на ова ,тоа е профилот на Кенди и таму ги објавувам
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Проклето убава

    Тркалезно лице,
    со правилни црти,
    срни очи,
    малечко носе,
    полна уста,
    црна коса,
    румени образи...
    Суштество створено за гледање,
    убава однадвор,
    уште поубава одвнатре.
    Проклето убава!
     
  16. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Во обид за освојување на поголеми небесни пространства (фигуративно кажано). Пред година и повеќе... Но, тоа беше само еден ден. Само еден обид... Како и многу други - започнати, а недовршени.

    Ракчево е безнадежен случај. :lol:

    Глава прва

    Ново, летно утро се насели врз мојот град. Изгревот на сонцето наликува на проѕирно сечило кое го крши стаклото од прозорецот. Се чувствува мир. Мир кој срцево го облекува со задоволство. Невообичаено чувство за мене ако го земеме во обзир тоа што скоро секогаш (кога сум слободна) се будам доцна претпладне додека утрото се губи длабоко низ моите сништа. Но, како и во секое нешто така и во тоа има исклучок, денешниов ден.

    ...

    Стапалата повторно газат по асфалтот од тој град. Повторно одам, одам некаде без цел. Гледам во далечината на улицата, не гледам крај... Се свртувам, околу мене луѓе како сенки ме одминуваат и поминуваат, како и животот незабележително си заминуваат. Ги гледам, не ги познавам. Продолжувам напред, незабележувајќи со колкава брзина се движам. Со телото сум овде, по овие полни, а сепак празни улици, а со мислите мечтаам за нешто подобро. Очите вџашено гледаат во далечината и во тоа до каде ќе стигнат после следниот семафор и следниот и следниот... Чувствувам како срцето ми плаче, крвари иако е преполно со живот, а и како не би било кога животот е пред него... Но, плаче... плаче како мало дете. Размислувам за тоа колку е тешко кога непознатото ќе допре до тебе, кога имаш се', а сепак немаш ништо...
     
    На De-lovely и Mayyya им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Постоење

    Станав од стариот тросед,
    дрско ја запалив цигарата
    и погледнав низ прозорецот.
    Таму НЕ постоење.
    Рефлексијата на моето лице-
    гадост.
    Трчав низ мислите
    свесна за темниците и сенките,
    патишта полни солзи и соништа
    измешани со миризба на оние
    кои се влечеа по безживотниот пат.
    Блудници и грешници.
    Влагата во собата ми ги одзема чувствата,
    не мразам, ниту сакам.
    Само немо гледам парчиња месо,
    растрчани низ улиците
    демек си ја средуваат судбината.
    А јас...
    Јас душа изгребана,
    разнишана во непријатностите на постоењето.
    Пловам во погрешна насока,
    ама тука сум....
    Ќе се исправам..
     
    На De-lovely и Mayyya им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Дежа ву


    Четири наутро - зеници во кои изгрева сонце и душа опколена со мрак. Упорност наспроти бело знаме, розови очила, наместо „чист“ поглед... Непромислени зборови потопени од сопствената гордост, желни да ги исполнат своите желби. Себична публика која се храни со туѓата болка, очи полни залудна надеж.
    Шест лика за тотална збрка. Во сечија глава различни идеи, во секое тело поинакви чувства. Измешани погледи, главоболка, смеа и викотници...
    Научи да прочита помеѓу редови, го сврте погледот и не и` подари доволно внимание.
    Поздравување кое за некого значеше „збогум“ и солзи задржани во себе.
    Ја зема својата чанта и невнимателно се качуваше по скалите. Силно ја затвори влезната врата и ги пушти солзите да течат.
    Извини кое никогаш нема да биде кажано, љубов која никогаш нема да биде остварена и две сенки далеку во мракот. Спротивностите не се привлекуваат.
     
    На De-lovely, Springy и Grunge им се допаѓа ова.
  19. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408

    Браво,браво,браво..прекрасно :) :o
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    [​IMG]
    Во кујната

    Додека го растегнуваше тестото за пита, се обидуваше да скрие дека рацете и се тресат повеќе од порано. Јас ја гледав некако галовно, онака мила, мала, во здолниште од Тетекс, за кое тврди дека изгледа исто како пред дваесетина години. По илјадити пат ме потсетува дека дедо ми работел во бојаџилницата во фабриката и навечер доаѓал умирисан на синтетички бои. Но, со текот на времето се навикнала. Дури не можела да заспие ако не го помирисала до себе.
    - И? Се јави вујко ми?
    - Се јави.
    - Ааа. И што кажа?
    - Добар е.
    Ја попрска кората и почна да ги реди јаболката.
    Чудна е болката, дали на 24 или на 74, еднакво боли.

    - И? Ќе доаѓа ли? Кога? Кажа?
    - Ќе доаѓал. Во февруари.

    Нежно ја завитка и ја спраши со шеќерче.

    - Ми изгоре срцето. А сега веќе и ми остина. Се оладив. Пепел се сторив. И не само во косиве. 15 години, малку ли се? А тој санким, мислеше таму мед и масло е. Коските си ги остави. Мене ме остави.
    Ќе се врати. И се јавила Румена на вујна ти. И порачала како знае и умее да се врати. Немало кој да ги догледа.

    - А тебе кој ќе те догледа – реков некако шеговито, но тажно.
    - Мене? Никој.

    И во тој момент капна солза врз питата. А јас... јас се смалив колку маково зрно.
     
    На kate21, marama, Linn1 и 4 други им се допаѓа ова.