Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Се движи како светот да не е негов
    Оди како да не постои
    А има раце
    Полни љубов да ги напуниш
    И очи
    Толку длабоки во момент да потонеш
    Имаше на времето и локни
    Повеќе и од ветрот лелеави

    А он,
    И покрај сите едноставности
    Никогаш не успеал да биде едноставен
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Те сакам..

    Ми кажа- “Те сакам”.
    Ми зборуваше за соновите.
    Се сеќавам на погледот.
    Се тресев како цвет
    и го шепотев твоето име.
    Секоја твоја реченица
    мирис на роза.
    Посакав овој миг
    да замрзне со времето.
    Очите копнеат,
    емоциите крвават.
    Душите се впиваат.
    Чувство како да водам љубов.
    Дишам и врескам во шепот.
    Ме чуваш себично од светот.
    Ми требаш
    да чуствувам,
    да знам,
    да се разбудам,
    да го дишам спокојот на утрото.
    Кажи ми – те сакам..
    Ми требаш..
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Ко паун исперчен.
    Пердув по пердув,
    безбојни мисли, злато.
    Очите твои да ги гледам,
    клунот да го љубам.
    Јас не сум тоа.
    Јас сум само
    шепнат-мирис-од скршена роза.
     
    На De-lovely и danniela5 им се допаѓа ова.
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Изгореници од страст

    Пламенот на среќата скокнува
    во негов правец.
    Нежно отворените негови дланки
    го зграпчуваат,немаат страв.
    Страв од изгорениците
    на нејзината страст.
    Нежни допири на две усни.
    Допир,допир,допир.
    Експлозија на
    среќа,страст,нежност,желби.
    Каде да го бара пак тоа ?
    Како се враќа назад?
    Два-три листа од ланскиот календар.
    Месец,недела,ден.
    Една ноќ,тој,таа...ноќ за паметење.
    Нема враќање.


    Ако налетате на песнава и на фб. тоа е профилот на Кенди и таму ги објавувам ;)
     
    На Neytiri, De-lovely и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  5. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Убавата принцеза

    Ја сретна принцезата. Велеше дека ја сакаш, ама ја лажеше. Таа ти го подари срцето-ти ја изигра, таа ти го подари телото-ти ја искористи. Таа те сакаше ама ти не го знаеше нејзиното значење. Принцезата неизмерно ти веруваше. За неа бевте сами на овој свет. Ти со неа го виде, го почувствува рајот, го запозна животот ама не знаеше да го цениш тоа. Не ја ценеше неа. Принцезата заслепена од љубов, магично ти го покажуваше она што умее, а ти само лажно се смееше, глумеше како професионалец.
    Но, принцезата иако заслепена од љубов не беше глупава. По кратко време те откри. Ти го заврте грбот и без објаснување си замина. Остана сам покрај вашето дрво, гледајќи како си заминува. Принцезата умираше од тага, но тоа не го покажуваше. Иако и беше тешко те избриша од нејзиниот живот. Тогаш ти ја сфати нејзината вредност, се каеше, ја молеше но залудно. Принцезата ти даде шанса, не знаеше да ја искористиш. Те остави. Сега кога таа те преболи и гордо си шета со нејзиниот син и љубениот ти тагуваш. Остана засекогаш осамен и сам мислејќи на "твојата" принцеза и тешејќи се гледајќи ја од далеку....
     
  6. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Моите зборови...

    XVIII век, јас, ти, и овие зборови во писмата што јас никогаш немаше да ти ги испратам. Не верувам дека живеењето во друго време ќе ме направеше помалку горда, а тебе помалку енигма за мене.
    Aма, не само што не сме во минатото, туку и ова не е романтична приказна или филм. Филмовите и приказните никогаш не завршуваат вака.
    Како и да е, сега моите зборови се само блог постови, коишто ги објавувам надевајќи се дека ти никогаш нема да ги прочиташ.
    (често безнадежно, или барем некогаш беше така..)

    Го напуштам твоето срце, затоа што и онака одамна ги напуштив твоите мисли. Напуштам се, каде што мислам дека некогаш сум постоела..
    Сепак, неможам а да не помислам дека можеби не напуштам ништо.
    Не, не дека останувам таму. Само дека никогаш не сум ни била..
     
    На Extraordinary.girl и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  7. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Темно.
    Ветер од бесценет збор
    на волшебна бринета.
    Ја љубам,
    како ниедна жена на светот.
    Срцето ми лупа.
    Рацете во бесконечен тресок.
    Златник по златник
    од нејзиното грло.
    Љубов на прв поглед.
    Не сум поразлична од вас.

    Мамо, те сакам.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss-Sinner

    Miss-Sinner Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    14
    Здраво девојки, нова сум на форумов се најавив исклучиво заради темава, се пронајдов.
    Се надевам дека ќе ви се допадне она што јас го пишувам. :)


    За почеток ..





    Доаѓаш, а во мислите веќе се гледаш како заминуваш.
    се чуствува твојот страв, иако никој не би помислил дека ти се плашиш.
    И јас се плашам.
    Да. двајцата сме страшливци но со маски.
    Ти се плашиш од неа
    јас од тебе.
    Грешни сме. и двајцата. подеднакво.
    Поведени од страста, не размислувавме...
    и сеуште не размислуваме.
    Велат од грешките се учи..
    Но јас сум жив доказ дека тоа не е така.. барем во мојот случај.
    Јас сум таа која секогаш оди со главата низ ѕид.
    Посилно е од мене, верувај ми.
    Неможам само да сватам ова твоево што е.
    Навика, желба за ново, бараш внимание..
    Што и да е, добиваш.
    Самиот го земаш.
    земаш без да бидеш сетен...
    влегуваш во мојата потсвест
    ми влегуваш под кожа
    и земаш, земаш..
    без престан.
    Како непресушен извор се овие мои проклети емоции кои толку ти годат.
    Јас сум се она што си посакувал, а не си го пронашол на време.
    Си се задоволил со она што ти се понудило.
    И сега..
    конечно го најде тоа што го сакаш.
    Да.
    а можеби и ти си она што јас го барав, го сакав..
     
    На ljubam, De-lovely и Grunge им се допаѓа ова.
  9. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Да знаеше, само да знаеше,
    И со себе да не земеше
    Се што некогаш би можела да почувствувам
    Помислам, напишам.
    Да не беше светот твој,
    Да те немаше во секој агол на неокругла соба
    Во секоја точка на некоја фраза што никогаш не била започната.
    Да знаеше, само да знаеше
    И светот ќе беше помирно место за живеење.
     
    На Divinebutterfly, De-lovely и Miss-Sinner им се допаѓа ова.
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Твоите очи.

    Сликовито го покажа својот поглед
    а очите ти светнаа,таа ладнокрвност ми кажуваше нешто
    во твојот поглед ја гледав страста,разгореното жарче ме повикуваше
    немав смелост да кажам не..
    Толку беше таинствен тој поглед кој броеше редица зборови,
    исцрпени од твојата душа, создадени од твоето срце.. Зарем некој би те повредил?
    Ја наведна главата знаев дека не секој го заслужува тој поглед, иако беше леден, поворно ги откри старите чувства, но зошто?
    Не ја додржа солзата, Не ..неможеше, чувставата те победија, беа посилни од тебе.. и овој пат својата душа ја стави пред мојот лик кој навидум беше среќен, НАВИДУМ..
    Дали само јас го заслужив тој поглед?
     
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Само танго

    Душите ни сјаат голи.
    Времето врне над нас.
    Ти и јас-
    прегратка.
    Никој не не слуша.
    Го играме тангото на летната ноќ.
    Танц на нашите тајни,
    фустанот дамка
    на оваа кожа.
    Земјата пулсира во нашите стапала.
    Патека на здив.
    Нема зборови.
    Само танго.
     
    На Angelche, marama и starbucks им се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Балони-(не)желби

    Сонлив поглед и вкус на варена пченка
    а во мислите и беше тој.
    Чуден сон,сонуваше.
    Утро е веќе,будна е.
    Сонот-неговите дланки така цврсти
    а толку нежност излегува од нив.
    Повторно ја галеа неговите усни.
    И подари балони со нивните
    иницијали.
    Таа му ги врати.
    Балоните велат се желби.
    Неостварени.
    Тој е далеку а таа нема желби.


    Ако налетате на песнава и на фб. тоа е профилот на Кенди и таму ги објавувам ;)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Оддишка


    Си збирам спомени
    ко глуварчиња.
    Одам потака
    кон реката.


    Ако ги дувнам.
    Нека и раскажат приказна
    На водата.


    Оти јас...
    Веќе не можам.
     
    На crazylady, Strumfeta93, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mimms

    Mimms Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Кога солзите течат...?

    Дали сме се запрашале кога солзите течат? Течат по нашето лице, се стркалуваат по нашиот образ стигаат до работ на лицето, и капнуваат на нашите гради. Некои солзи кога капнуваат на градите, прават да чуствуваме како да ни ја обележуваат душата. Како тоа да не се солзи, ами оган кој излетува како некоја искра од некој разгорен пламен и се струполува врз некое невино, тенко беспомошно парче трева, која веднаш пламнува...Тоа пламнување не е без болка...тоа пламнување ја уништува душата!
    Човек може да плаче од радост, тага, болка, среќа, недостигање, грижа, возбуденост, болест. Но она што ја гори душата и што ја доведува до пепел не се солзите кои течат од радост и среќа...тоа се солзи кои викаат во мртвата тишина за да излезат, со надеж дека можеби кога ќе се почуствува нивното тркалење по лицето, ќе се смири душата.
    Ете такви се моите солзи! Неможат да издржат да стојат внатре...и веќе не течат од страната на окото за да дојдат до работ на лицето...течат од најтесниот дел на окото, течат од почетокот на окото, за солзата да се приближи до работ на носот, да дојде до усните и во тој момент да ја голтнам, бидејки мојата душа е исушена веке. Мојата душа е изморена од надежи, прашања, трчања...таа целата е претворена во пепел. Тој пепел ми го горчи умот, ми ја горчи младоста, ми го горчи животот! Јас морам да го жарам овојпат грлото со тие искри, кои палат се пред себе, за да го спасам она малку душа што остана во мене...И тоа воздивнување што го слушат другите, е всушност џадот кој излегува одвнатре, бидејки после гаснењето на силниот оган, она што останува е џад, миризба, пепел, црно....
    Боже ти знаеш најдобро...кога јас ова го пишувам на парче бел лист хартија, тогаш сум најболна...тогаш се чуствувам како ранета птица, оставена на милост и немилост, во оваа студена зима. Кога солзите ги голтам, Ти знаеш на што помислувам....ги затварам очите и повторно истата реченица ја одсликува мојот ум: “Се ќе биде во ред! “ Но ништо не е подобро...Ни мојот ум веке нема сили да продолжи да се лаже, а моите солзи веке речиси и не течат...
    Она што останува е само вкочанетиот поглед во белиот ѕид, безнадежното барање на одговорите во мојата глава, чуствувањето на ударите на срцето...Ако тоа го погледнеме по правилата на судбината, сето тоа што останува после ваквата битка што ја трпи мојата душа би го нарекле: “ Чуствувајки ги ударите на животот! “
     
    На x.Daisy.x, Monna.Monna и eli25 им се допаѓа ова.
  15. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Безимена

    Се обидувам да најдам наслов,
    не успевам.
    Се обидувам да најдам зборови,
    не успевам.
    А понекогаш, дури од разочараност можеби,
    се обидувам да го најдам и авторот,
    не успевам.
    Каде потфрлам?
    Можеби затоа што ги барам одделно,
    ниедно не функционира само.
    Јасноста е можеби преценета,
    во момент на бунило знам да творам.
    Совршена како капка вода,
    фрагментиран мирис на роза,
    лист хартија, неколку збора...

    И како поток тече без непрестан,
    Таа Безимена...
     
    На sweetgirl92 и Grunge им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Дожд


    Газам по улици

    Оргазам

    Меѓу стапала.
     
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Дожд.
    На првото што помислив кога се симнав од автобусот беше сцена од веќе виден филм. Беше прежешко и врнеше дожд, додека ја преминував улицата со слушалките на уши и со одврзани патики се чувствував ... исполнето! Ги раширив рацете сакајќи да фатам капка од дождот. Нивната ладна природа беше рај за моето тело.
    • Pain, without love
      Pain, I can’t get enough
      Pain, I like it rough
      Cause I’d rather feel pain than nothing at all ...

    ... Одекнуваше од слушалките, се чувствував уште поисполнето иако не се пронаоѓав во текстот- затоашто бев среќно заљубена, а и не осеќав никаква болка во моментот. И онака повеќе обрнував внимание на ритамот кој го даваше гитарата од колку на текстот. И после тоа ми снема батерија... Улицата беше празна, само капките кои се оцртуваа на жолтата светлина од светилката и паѓаа врз некој метален плех крај ѓубриштето и ја рушеа тишината надополнувајќи ја сцената. Ќе останев подолго од миг така со раширени раце ловејќи капки дожд под црното небо без ѕвезди, но срамот ме издаде.
    [​IMG]
     
  18. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Се што имав тебе ти подарив, со блажена рожба за навек те збогатив.
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.765
    Пол:
    Женски
    Го облече долгиот зелен фустан, се нашминка и со трчање тргна кон автобуската станица. Не ги забележуваше автомобилите кои свиреа за нејзиниото невнимателно чекорење. Одеше на сред улица замислена. Мислеше на изминатите години, мислеше на секој момент, на секое ветување. Но, најмногу ја мачеше што понатаму? Патот до станицата и се причини многу долг, како цела вечност. Седна до прозорецот, им се насмевна на оние кои изгледаа тажно, посакувајќи да им го разубави денот. Понекогаш и насмевката од непознат убаво делува на човекот. Патот по кој возеше автобусот го знаеше веќе на памет, го поминуваше повеќе од година, а не знаеше дали ќе го помине повторно.
    Тој веќе стоеше на договореното место. Се прегрнаа како да се гледаат после сто години, ане поминаа ни два дена. Но, деновите им се чинеа долги. Таа постојано се прашваше за нејзиното место во неговиот живот, а знаеше и дека неоправдано го обвинува за многу нешта.
    -Сепак го облече? Знаеш колку не го сакам овој фустан.
    -Знам, но и ти знаеш дека јас не ги сакам твоите црвени старки. Би ги оставил за мене?
    -Не, но поинаку е.
    Секогаш проблемите ги решаваа почнувајќи нова кавга, за ситница, за да го избегнат она големото. Посебно сега кога требаше да донесат важна одлука.
    -Денес сакам да си среќна.
    -Знам, но не е така едноставно како што мислиш ти.
    -Зарем мислиш дека мене се ми е сеедно? Себична си, знаеш?
    Само нему не му се лутеше кога ќе и кажеше нешто е вистина, но не сакаше да го признае. Секогаш беше себична кога стануваше збор за него.
    Седнаа на една од клупите во најблискиот парк. Првата година од нивната врска често седеа во парк на клупа. Се љубеа како тинејџери, а сега одамна немаше покажување никакви емоции во јавност. Но, веќе не се истите кои беа првите месеци, правата година, созреаа и сфатија дека љубовта се покажува и докажува поинаку. Молчеа и се гледаа, прашувајќи се кој прв да го започне разговорот.
    -Одлучи?
    -Занеш, уште пред да ме прашаш, уште пред да дојдеш ја знаеш мојата одлука.
    -А ние?
    -Ние сме ние, нема бегање. Една година што е?
    -Многу е , знаеш и сам. Но, вети ми, вети дека ќе доаѓаш.
    -Ветувам, а знаеш и дека секогаш исполнувам.
    Се припи до него. Со малите раце го обвитка неговиот врат, тој ја бакна во чело и посакаа моментот да трае засекогаш. Во нивните срца ќе трае. Тој го исполни ветувањето. Таа тој ден беше среќна, а и тој со неа. Знаеа дека една година е многу, но не ветија ништо. Само срцата знаат што ќе се случи годинава.
     
    На eli25 и kate21 им се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Нешто доста старо,најдено денес во еден мој дневник
    Пат
    Неспокојност ме обвива.Да,неспокојна сум.Жед за далечни места.Душава блуди.Блуди во копнеж да го допре работ на забранетата надеж.
    Заборавам,секогаш заборавам дека патот ми е непознат.Одам и го губам .Заборавам дека немам крилест коњ да се вратам.Сепак продолжувам и.....
    Нешто допира до мене.Твојот здив.Ми пришепнува пак невозможни надежи.Неговите зборови му се блиски на моето срце,како негови .Сега сме заедно,но пак со различно срце.Сега моето чука на поинаков начин.Ти го научи ,иако можеби незнаеш.А јас,знам како се чувствуваш внатре,па јас бев во твоето срце!Бев таму!Јас го натерав да ми ги каже зборовите!Сега можеш да ме имаш внатре,но само таму.Јас излегувам.Овојпат, патот го знам и нема да го изгубам.......Го научив,после толку месечини.
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.