Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    ТИ

    Ме носиш во твојот свет,
    ја поттикнуваш мојата имагинација,
    ме оставаш разоружана,
    ми предизвикуваш насмевка,
    ме тераш да ги гризам усните,
    ми оставаш хаос во главата,
    ми ги прекинуваш речениците,
    ми покажуваш надмоќ и дрскост,
    ти дозволувам.
    Се наоѓам себеси како се` ти дозволувам.
    Толку ли сум очигледна?
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Исто нешто постаро,ми фалат времињата кога пишував, :worried:

    Беше....(еден момент)
    Сосем неочекувано.Исто како кога снегот ќе изненади преку ноќ.А,толку многу посакувано.Пријатен,но непланиран трепет и искра во порите на душава.
    Те видов,а не бев сигурна што чувствуваш.Се плашев,а бев полна сигурност.Усните сами се развлекоа.Насмевка,конечно ја осетив.Усните сами се развлекоа,а јас ништо не им реков.Очите ми се изгубија во твоите,очите ти се изгубија во моиве.
    Се е во моментот.Беше тоа тој момент.Колку волшепство во еден единствен момент,доволен да те вреже во срцето,да ја исполни душата.Да остави траг за навек.И копнеж за повторно.
    Момент...ги користи и најминорните оружја само за да стигне до зацртаната цел во својата борба.
    Беше тоа еден момент,кога јас се вљубив.
     
    На TennisBabe, Hipica и De-lovely им се допаѓа ова.
  3. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Јас тебе те љубам,ти неа ја љубиш,еднакви сме во љубовтта.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Залуден труд,
    погазена гордост,
    измислена мисла.
    Лузни.
    Тие претставуваат лузни,
    чиј траг не исчезнува.
    Времето не е моќно,
    да залие.
    Нити други слични надворешни фактори.
    Потребно е само спокој, внатрешна.
    Мир и хармонична тишина,
    ѕвонлива среќа.
    Таа спокојност војува со времето,
    радо би триумфирала,
    скокотливо би се насмеала.
    Само да ја поседував.
     
    На eli25 и Miss-Sinner им се допаѓа ова.
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Монотонија

    Повторено касно будење,
    небитно.
    Ладен сендвич
    зелено јаболко и
    мирис на црно кафе.
    Мрзливо подигање на
    клепките,топол воздух
    и чуден септември.
    Мириса на чад,ајвар
    и непаднати зелени лисја.
    Ден како и секој друг.


    Можете ке ја сретнете и на фб,и таму ги објавувам ;)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Никогаш не знаев дека имам сон,додека не те сонував тебе....
     
  7. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Тој мириса на пролет и лето, на долгите зимски ноќи, на нежниот штотуку расцветан јоргован. Мириса на нас. Неговите раце се толку цврсти, во неговите прегратки се чувствува топлината како струи низ моето тело. Се прашувам ме чувствува ли? Лебдам во неговите опојни очи што ги содржат сите бои на спектарот. Тој е чудесен, магичен, ме потсеќа на нас. И ако некогаш го видите во некоја студена зимска ноќ, обвиткан со црвениот шал, кажете му... дека го сакам.
     
    На Grunge и De-lovely им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Бес, гнев, љубов.
    Ти насмеан, а јас нервозна.
    Ти со планови, а јас тупкам во место
    за тебе.

    Ме повредуваат твоите постапки,
    а тебе моите зборови.
    Се лутиш за бесмислени работи,
    а јас за смислени зборови.

    Не зближуваат телефоните,
    не одалечува далечината.
    Не зближува минатото,
    не разделува иднината.
     
    На Divinebutterfly, mysterious, Buttterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    немоќно оружје.
    Таа од секогаш беше шетач по улиците, по полињата.
    Молкум го следеше возот крај шините.
    Потајно им завидуваше на булките и нивниот раскош.
    Вечно чувствуваше празнина, потреба од љубов, прегратка, внимание.
    Тој , пак, беше нејзин пријател кој секогаш знаеше да ја гушне, утеши..
    Но, имаше тука и нешто друго..
    Без разлика на тоа, таа него го земаше за пример дека постои пријателство помеѓу машко и девојче.
    И долго му зборуваше да го направи среќен, да го направи исполнет, да ја погледне убавата страна на животот.
    Но тој не се менуваше. Тој беше замолкнат, закован во своите страдања.
    Го признаваше тоа.
    Можеби се ќе беше во ред ако таа го оддалечеше од себе на одредено место, но го чувствуваше како брат, иако беше незрела, малечка.
    Многупати ќе чекореше низ ходникот до својата соба.
    Замислуваше дека кога ќе влезе во собата , да го види, да и отцрта една насмевка, да си направат муабет.
    Да се поднасмеат, да поплачат, пријателски.
    Кога ќе влезеше во собата и ќе ја почувствуваше таа празнина, ќе се потсетеше колку многу и недостига, и ќе му се јавеше.

    Најдобро е повеќе да не бидеме пријатели.
    Тоа беа неговите зборови. Зошто? Како ?
    Сепак таа се однесуваше како ништо да не се случило.
    Како никој ништо да не рекол, не направил.
    Беше толку ладна, смирена.
    Како воопшто да не ја засегаше тоа што се случи.
    Воопшто не изреагира на вревата во таа ноќна доба.
    Ја разбуди есенскиот дожд.
    Гледаше во него.
    Се осмели да заплаче.
    За миг ги избриша солзите.
    Повторно гледаше низ потните стакла.
    Размислуваше каде, колку и како успеала да погреши?
    Кога чекореше по ходникот веќе не се надеваше дека тој ќе дојде.

    Се додека не влезе во собата, не седна на креветот
    и низ нејзините долги шишки кои го криеја дивиот поглед на очите
    не го виде неговиот лик. Тој се стрча кон неа.
    Ја прегрна.
    Сега беше молк.
    Наредниот миг беа на станицата.
    Тој стоеше на вратата на возот.
    Возот тргаше.

    Неможе така.. неможеме..

    Во следниот миг возот се изгуби во хоризонтот.
    Таа продолжи да трча низ него.
    Во тие ветрови го остави мирисот на нешто недефинирано.
     
    На De-lovely и marama им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Не оставај
    Не оставај збор,во пранга да те држи.Не оставај да те обзеде и да те натера да остане недоречен.Нека тежи,нека пече,нека гризе...ама нека биде кажан.Еден ден заборавот ќе го однесе ама тебе со него,никогаш.
    Грев ли е да ме запознаеш,а сепак да не ме знаеш?Грев ли на тебе се да ти дарувам?
    Не оставај да сум со тебе.Не оставај да се изгуби смислата.Незнам која е,но барем живурка во мене и знам дека треба да ја откријам,да го составам секој нејзин парчосан дел.
    А ти,не оставај да ја составам нити пронајдам..ќе биде твој неповрат,не мој..Зошто кога ќе ја пронајдам,ќе знам дека не вреди.Тогаш,нема нити да ја склопам.Иако знам и сега,сепак дозволувам...Свесно.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Година постари, а позрели?

    Недела.. ден кога се прави чистенка во мојата соба. Се складира во огромна кеса секое поткршено играче, искинато парталче, потрошен фломастер, свиткана хартија.. Пребарувајки по фиоките да најдам уште некоја непотрбна дрангулија која собира прашина, под купот книги во фиоката ѕиркаше бел лист од блок, ми се чини. Со тешки маки го извлеков и..
    тоа за мене претставуваше времеплов.

    Се закотвив во удобната фотелја, покрај мене ми обвиваше мирис на тазе сварено какао кое одвреме на време го душкав, а во дланките го држев листот хартија. Цртежот на славното првоодделенче кое имаше најубав цртеж од целата училишна генерација. Се сеќавам како се топорев пред сите на бината, со гордо крената глава и длабок глас рецитирав што е поентата на мојот цртеж, а таму некаде во толпата родители, наѕираше мајка ми. Беше горда на своето чедо кое амбициозно чекореше во водите на возрасните.

    Ми доаѓаат сеќавања едно по друго како бранови што го заплиснуваат брегот и повторно се враќаат во првобитна состојба според законите на физиката. Денови и седмици сум размислувала што да нацртам, кинев листови и ги претварав во неупотребливи тениски топчиња, шткртав навака натака низ белиот лист, гумата дел по дел ја трошев. Единствен проблем беше планот за цртежот.
    Воопшто тогаш грижите ми се состоеле како ке ја наместам сложувалката, да не го повредам коленото при трчање и да не ме плукнат на жмурка.

    Овие мисли ми намамија насмевка. Отпив голтка од какаото и продолжив да пешачам по минатото.
    Сега ги посакувам барем за миг да ги имам тие грижи, да побегнам подалеку од тагата, непреспиените ноќи, болките кои ми задаваат рана во животот, спротивно на тоа во мојот свет преовладува радоста и благодарноста за уште еден нов ден. Сега размислувам трезвено, го разглабам и најмалиот детал за да сторам некаква ситница. Можеби колку повеќе растам, се повеќе мислите си ги преокупирам, се стекнувам со искуства, ама станува и позрела личност.

    Но.. се прашувам дали овие проблеми што ме мачат околу сегашноста, во иднина ке станат лажица шекер која со љубопитност ке ја проголтнувам?
    Прашањето.. остана да лебди во воздухот.
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Скок со бранот

    Лежеа на врелиот песок во топлиот септември. Морето и сонцето им правеа друштво. Сакаа одморот да го минат сами и решија да отидат на некоја пуста плажа. Онаму каде што нема коктели, пена-забави, нема гласна музика и не врие од луѓе. Така и направија.
    Легнати додека сонцето ги пече се држеа за раце и тивко си шепотеа еден на друг. Уживаа еден во друг. Се сакаа. Се сакаа искрено и премногу силно. А беа толку млади и полни со живот.
    Оддеднаш тивкото ветре кое дотогаш си играше со нивните коси стана силен ветар кој предивика бранови во морето.
    -Ајде да скокаме!-му предложи таа.
    -Што да правиме, душо?-викна тој зачудено. Каде да скокаме?
    -Да скокаме на брановите! Ајде, забавно е!
    -Не знаев дека тоа е нешто што сакаш да го правиш. А и не верувам дека е забавно..
    -Ама ајде, здодевен си. Ти не знаеш уште многу работи за мене, но ќе дознаеш се.
    Таа се наведна и му втисна еден бакнеж на усните.
    -А сега ајде, јас одам да скокам на брановите и ќе се налутам ако не дојдеш. Не знаеш како е додека на пробаш.-рече таа и ѓаволесто го погледна.
    Веднаш скокна и тргна накај водата. За чудо брановите беа огромни, а ветерот се повеќе и повеќе се силеше. Нејзе скокањето со брановите и беше во срцето уште од мала кога со родителите одеше на море. Но, такви големи бранови ретко кога имаше, а сега кога тие се тука, пред неа, не сакаше да ја пропушти шансата и да не скокне макар еднаш.
    Вешто се впушти во водата и го фаќаше секој бран. Тие ја лулаа и ја фрлаа таму-ваму како да е пердув.
    Тој ја гледаше со насмевка на лицето. Беше среќен зашто таа беше среќна.
    Брановите беа се посилни и попенливи, а таа се повеќе навлегуваше во водата. Наеднаш се нурна во белата пена од бранот, а тој ја очекуваше на песокот. Но, ја немаше. Не скокна како претходно, туку бранот ја исфрли на обалата. Како празно шише што некој невнимателен турист го фрлил во морето...
    Лежеше бесживотно на песокот. Тој веднаш притрча, ја крена, ја прегрна...но се беше бесцелно.
    Немаше пулс, не дишеше...не беше жива. Бранот ја однесе.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Знам дека инспирацијата ја избркав,но знам да напишам дека ми фалиш.Проклето,најпроклето.Колку најмногу недостигање може да собере сето небо.Па и повеќе.Цел живот истата празнина.
    Денес небото беше сино,баш како милите очи.Цел ден чувство дека си со мене.Ме гушкаш,а сакам и јас тебе.Ми зборуваш....а, мене ме слушаш? Зборувам молкум,тивко....солзите даваат одговор на моите зборови.Сакам да зборувам со тебе.Сакам да ме бакнеш.Во чело.Да ме замолиш да ти направам кафе,кафе со многу млеко.Да ти дадам пола од мојата чоколада,која секогаш ми ја јадеше цела...
    Копнеж за недостижно.Жед за тебе.Солзи до недоглед.Срцето обвиено со болка,чука во нејзиниот ритам.Чука,но колку силно и да бие никогаш нема да постигне да ја пополни празнината твоја.Колку љубов и да ти праќам,незнам дали ми возвраќаш.Знам дека имаше премногу за нас.И знам дека и од таму некаде ни делиш љубов и тага.Знам дека што и да кажам,што и да направм-би немало ништо корист.Да го вратам времето силно посакувам.Молк.Тишина ја цепи оваа ноќ.
    Љубовта е сеуште таа.Негувана,расне.Така уште повеќе го зголемува копнежот возвишен,никогаш повеќе достижен...Желба најголема,една единствена,друга нема-таа е
    ..Знам,знам дека ти фалиме и ние....Целината се откина и ништо не е како порано..промени ко рој,одговор нема.
    Споменот...-себично го чувам како знам и умеам.За тебе на најдобар можен начин.Срцето отчукува со ритамот на болката да,со секое отчукување вели Те сакам,Ми недостигаш силно.
    Сама сум со споменот,тој ми е вечен за тебе!
     
    На marama и De-lovely им се допаѓа ова.
  14. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Земи црвена тантела. По можност свилена. И обиколувај ме. Покриј ми ги очите со црно парталче. Нека не гледам. И допри ме.
    Обвиткај ме со свилената тантела. Стегни ја цврсто. Макар и да биде болно.
    Можеби ке се слее и врела крв...ќе ти ги наполни рацете.
    Црвена, црвена ко долгиов фустан што се влечи низ месециве и ја брише твојата прашина.
    Пушти ми ја косата да се тегави низ голиов грб и пушти тивка музика.
    Фати ме за раце. Нека и моите бидат обоени со крв. И танцувај со мене низ крцкавиот под.
    Пајажинките во ќошот од собата нека бидат сведок на овој танц. Танц без очи.
    Танц без компас.
    Од каде доаѓа мелодијата?
    Дали и пајажинките ја слушаат?
    Или тоа е уште една виша сила што само нам ни се случува.
    Слатка мизерија.
    Како книга без наслов сме. Се разбираме, но за другите сме само Прашалник.
    Јас и ти сме огледало. Но само еден кон друг. За другите можеби и не постои нашиот одраз во него...
    Не ми е гајле за другите.
    Штом ке престане танцов, фати ме за половина. Одврзи ја црвената свилена тантела и црното парталче од очиве.
    Просторијата беше толку студена. Но мене ми беше убаво.
    Топло, внатре во душава...
    Мелодијата звучеше морничаво. Не знаев да танцувам. Но, со тебе едноставно доаѓаат чекорите.
    И сега? Те сакам ли? Без да те гледам.
    Со тебе ли сум? Иако ми крвари телото и фустанов ми збира прашина.
    Не знам дали ке добијам одговор.
    Само пајажинките се мојот сведок.
    Не е важно. Не запирај, твоите допири ми ја дразнат кожава.
    Лавина од емоции, ме креваат на пиедесталот па ме спуштаат во подземјето.
    Кревка и зашеметена танцувам.
    Го сакам мирисот на твојата душевна болка, сплотот и копнежот во секое твое движење.
    Те посакувам себично.
    Секоја твоја пора ја анализирам и ѕиркам во душата.
    Премногу страст во овој оргазмичен и лелеав од.
    Допирај ме, милувај ја мојата скапана душа и модрниките.
    Без да изустиш, знам. Овој танц не е обичен.
    Ти го правиш таков. Без тебе не би танцувала, никогаш. Го мразам и го презирам.
     
    На Neytiri, Angelche, SOVRSENSTVO и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Се'

    Метра,километри...
    Букви,зборови,звуци...
    Раскошни,нереални сонови...
    Тoј,таа,таа,тој....
    Не,да,да,не...
    Ќе ги одвее ветрот,ќе ги прегази
    сегашноста.
    Не застанува времето
    не се враќа три чекори назад.
    Тече,минува се'
    Денес е утре,утре ќе е денес.
    Тоа што било нема да биде
    никогаш,секогаш,засекогаш.
    Три точки за крај!
    Воздивни и почни од почеток.

    Можете ке ја сретнете и на фб,и таму ги објавувам
     
    На Bright и Adi888 им се допаѓа ова.
  16. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Го избрав небото, сакам високо да летам, но не сама.. Ти си ми потребен.. Од многумина те избрав тебе, ти кој од првиот допир ми ги насолзи очите. Ме натера да заплачам. Да, нежна сум, но тоа не значи дека сум слаба. Само сакам да верувам во љубов, сакам да верувам дека не си како другите. Тешко е да сакаш без да бараш за возврат да си сакан. Онаа ноќ посакав да замрзне со времето. Ме гледаше среќна, насмеана зарем тоа не ти е доволно ?!.. Нели ме чувствуваш како треперам во твојата прегратка ?.. Ме бакнуваш, ми се слизнува солза низ лицето, тивко ме прашуваш зашто плачам. Не ти одговорив затоа што се плашам да ти кажам што чувствувам, плачам од среќа што те пронајдов.. Ме чуваш себично од светот... Ми требаш да ме гушнеш, да бидеш покрај мене, да бидам спокојна. Ми требаш секое утро, да се разбудам со мирисот на љубовта. Многумина не можат да ме сфатат и тешко е знам. Тешко е да ја слушнеш мелодијата во моето срце, тешко е ако никогаш не си љубел.
     
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    ... Чекореше по врелите плочки на плоштадот, а сонцето силно удираше врз неа со сета своја моќ. Чувствуваше некоја нелагодност и ужасна малаксаност по напорниот ден, а тоа се одразуваше врз нејзината појава. Својствено за неа одеше замислено со мислите на некое подобро место, кое би и оддавало барем малку признание на нејзината поетична, кревка душа. Или барем би го намалило притисокот од неа, би подзело малку од бремето кое го носеше на грбот целиот свој живот. Гледав како капките пот и се сливаат врз образите, а таа неволно ги избриша со марамчето. Ги видов и извезаните букви на него А.М. . Ја разбуди љубопитноста во мене и како извор почна да се реди мојата приказна за неа. Застана за миг и ме погледна. Се почувствував толку мала и безначајна пред нејзините искусни очи. Никогаш не бев видела толку длабоко-сина боја на очи, кои влеваа доверба и во исто време како да ти раскажуваа приказна. Сетив дека зјапам во неа во моментот кога се насмевна. Се почувствував како да ја навредив со тоа и бргу го свртив погледот и продолжив да одам каде бев тргнала. Не сетив кога се завртив за уште еднаш да погледнам. Видов како одново ги поткрева тешките торби, кои неправедно влијаеа врз нејзината стара, изнемоштена душа.

    Никогаш не бев видела некој толку уморен, а сепак енергичен. Додека влегував во библиотеката помислив колку ужасно некултурна сум, можев барем да и се насмевнам и јас нејзе.

    Никогаш не можеш да знаеш како ќе влијаеш врз човек...
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Ти си замина со ветрот
    мене ме остави сама
    да талкам по светот
    решив кошничка да си купам
    срцето во него да го стуткам
    во излог да го ставам
    и за навек со прафтта
    да се покријам
     
  19. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Секоја куќа е светилиште а во неа луѓето се икони.
     
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Дали силата во тебе те прави она што си?
    дали се смени? кој си ти? странец! ниту сопственото огледало не те препознава
    го скина копчето од кошулата и се врати со полна рака сомнеж, тагата настојуваше да се сокрие но твоите очи јасно ја издадоа тогаш веќе безвредна беше твојата лажна насмевка..
    ледот полека се стопи на твоите усни - сонцето тукушто беше изгреало..