Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Зошто? Зошто глумиме пред другите?
    А, всушност кога не сме глумеле?
    Секогаш студенило, секогаш ладнокрвност пред другите.
    Нежност, блискост, само насамо.
    Само пред мене и пред тебе.
    Но, каде се оние стисоци за рака,
    каде се оние насмевки,
    кратки погледи?
    Каде е тоа што го правевме пред сите,
    она кое никој не го гледаше...?
    Зошто и тоа исчезна?
    Што глумиме?
    Кое лудило?
    Зарем веќе не сме истите?
    Зарем ти се смени?
     
  2. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Слеано со тишината, вдишувам по навика,
    со кадрави коси и очи крвави од плач,
    како безбојна фигура од восок, со непостојан и амебичен облик.
    Гледам и молчам додека денот ги лиже минатите времиња,
    и заминува во сегашноста.
    Тонам безвременски и во спротивен правец,
    додека утрото ми ја гребе и длаби душата,
    со светлина од портокалови копнежи,
    која ми создава умор.
    Провидни насмевки, и очај кој надвиснува,
    во свиокот од испреплетени чувства,
    се повеќе губам ориентација од тебе.
    Ѕидам спомени со малтер безпричински насмевки,
    ѕид кој ме руши и буди чувства.
    Течат солзи низ дланки,
    оплакувајќи нечии останки,
    вчерашни, задвчерашни, скорешни, дамнешни...
    Се е бело, или можеби црно, сепак празно.
    Останувам јас и бегам од себе, од тебе, од другите
    итам кон завршетоците,
    иако знам дека крајот се надѕира веднаш зад почетокот,
    а тој баш и не ми годи.
    Премногу е прозрачен и предвидлив...
    Не зборувај и гледај ме.
    Само гледај ме во очиве со боја на лешник,
    кои талкаат и се заљубуваат во соништа,
    совршено вкопени во битието кои живее во тебе.
    Можеби некогаш ќе го видиш овој поглед на друго место, во поинаква насока...
    Можеби во зеницата на едни очи, како деца,
    во продавница полна со шарени бонбони,
    со ококоравени очи и подзината уста,
    а мојот израз можеби ќе ти каже,
    "стој, застани... биди и ти дел од глеткава."
    Но, тука не запирам, само те оставам,
    да размислиш за сликата,
    мојот ентузијазам за тебе не умира,
    додека ти трагаш по нови вистини,
    каде мене ме нема...
     
    На Angelche, Nightwalker и De-lovely им се допаѓа ова.
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Непребол


    Секоја насмевка,
    секоја прегратка,
    секој еден збор,
    го чувствувам така свој,
    така значаен,
    така посакан.
    А секоја насмевка и
    секоја прегратка и
    секој еден збор
    за тебе не значат ништо.
    И како и секогаш боли.
    Боли и поезијата за тебе,
    болат и солзите,
    боли срцето што без тебе не може.
    И само остана да одболувам,
    без да го почувствувам поразот
    и да отрпнам.
    Конечно да отрпнам и ништо
    да не чувствувам.
    Можно ли е ?
     
    На x.Daisy.x, eli25 и Nightwalker им се допаѓа ова.
  4. Miss-Sinner

    Miss-Sinner Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    14
    И повторно јас..
    Но овој пат и незнам што да кажам..
    збунета сум..
    многу мисли и зборови ми се вртат во глава
    а без некое посебно значење..
    или пак само така сакам да ги прифатам..
    не е можно ова да се случува..
    Зарем не велат
    човек од грешките учи?
    па тогаш значи јас ништо не сум научила..
    Можеби и премногу се занесов..
    не!
    не можеби
    туку ДА!
    се занесов и тоа многу..
    и така почнува се.. барем во мој случај
    и незнам што да кажам за себе
    се знам
    и упорно и упорно
    одам со главата низ ѕид
    се прашувам зошто е тоа така
    и никако да најдам некој одговор
    кој би ми одговарал
    но, сепак знам..
    премногу сум била повредена
    и сум сакала некој што не заслужува
    и ми недостига само уште тоа парче од сложувалката
    за да ја видам сликата на овој мој живот да го наречам
    некој ќе рече многу бараш
    НЕ!
    не барам многу затоа што давам и повеќе од тоа што ми треба
    не се каам..
    и да се каам нема назад..
    МИ ТРЕБА само некој
    да е до мене кога ќе сакам да разговарам со некој
    да е до мене кога ќе сакам да се насмеам
    да е до мене кога ќе заплачам
    да сум со него кога него ќе му требам..
    не е многу.. а сепак го нема..
     
    На x.Daisy.x и Nightwalker им се допаѓа ова.
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Бегство...

    Одлучи да остави се’ зад себе решително,
    да почне потрага по она што е утешително.
    Не сакаше веќе да биде дел од болни спомени,
    во онаа мрежа под која сите сме заробени.

    Цврсто зачекори, си рече „Веќе нема назад!“
    Иако осеќаше како студени морници го лазат.
    Сакаше да избега од она што сон не му дава,
    му требаа нови, свежи мисли и студена глава.

    А сепак му жежеше со секој изминат долг миг,
    како да не беше спремен за ваков „херојски подвиг“.
    Залудно мислеше дека ја има потребната сила,
    беше како паднат ангел, со скршени крила.

    Но сепак не се предаде, и силно стисна дланки,
    обидувајќи се да ги скрие сите крвави дамки.
    Беше решен на бегство за едно трајно време,
    немоќен да се справи со своето минато-бреме.

    [​IMG]
     
    На Peperutka90, Cynthia, Miss-Sinner и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Есен во Њу Јорк..

    Ја памтиш ли онаа клупа каде што седевме со часови?

    Кога те запознав беше зелена
    Тогаш треперев од убавината на твојот глас
    Ти ја носеше онаа карирана кошула што беше исто зелена како клупата
    А јас за прв пат помислив дека можеби и ќе почнам да сакам некого

    Кога се заљубив беше црвена
    Тогаш ми рече дека ѕвездите светат само за нас
    Ме погледна и со твојата насмевка го стопи најголемиот лед во мене
    А јас посакав никогаш да не те испуштам од мојата прегратка

    Кога се скаравме видов дека ја префарбале во виолетово
    Тогаш многу ми фалеше онаа црвена, жар боја
    Ти повеќе не беше истиот, оној со карираната, зелена маица
    А јас се надевав дека само сонувам и утре ќе биде се подобро

    Како што поминуваа деновите забележав дека клупата е црна
    Тогаш сфатив дека сум опкружена со милион луѓе, а сепак сум сама
    Тебе повеќе те немаше
    А јас седев на црната клупа и ги гледав ѕвездите кои повеќе не светеа за нас


    Ја памтиш ли онаа клупа каде што седевме со часови?
    Сега таа е искршена, фалат неколку нејзини делови
    Но јас сепак седам таму, сама
    И се надевам дека еден ден ќе дојдеш ти, повторно да ме прегрнеш и да ме стоплиш со твојата прекрасна насмевка.
     

    Прикачени фајлови:

    • Capture.PNG
      Capture.PNG
      Големина на фајлот:
      610,7 KB
      Прегледи:
      261
    На Divinebutterfly, De-lovely и eli25 им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Гушкање


    Среде улици
    букви
    и ноти
    стапалки од бивши девојки
    и момци.


    Скршени канделабри
    (светлото мижурка како старец пред умирање)
    О, граду мој,
    што тонеш во Месечев сјај
    ме тераш
    на смеење.


    Можам да те нацртам
    и во сон
    додека чаршафот се тутка како хартија
    за цртање
    завршуваме
    со средба "као да е првпат"
    и заедно
    тагуваме.
     
    На anastasija85, Strumfeta93 и De-lovely им се допаѓа ова.
  8. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Те оставам на истото место од вчера,
    каде меланхолијата е удобност.
    Разговорот повторно очаен и предвидлив.
    Фрламе коцки на празно,
    двајцата избезумени од трчање по сопствената сенка.
    На хоризонтот денес, бои, тонови и многу разлики.
    Дожд ги мие лицата и душите, улиците,
    а болката ја прави уште поболна.
    Дисперзија на чувства спроти рационален ум,
    спротивностите со надеж за изедначување,
    толпа од распуштени суети,
    апстинирам од зборови,
    без измислени љубовни приказни,
    и еуфорија која ме доведувуваше до бессознание,
    те оставам без да помислам како би било...
    А имав желба...
    Имав желба да те чувствувам, да те сакам,
    да те стиснам, да бидам дел од тебе, во тебе...
    Таму каде јас се инфилтрирав, и станав твој омилен збор,
    а ти ме чекаш на крајот од редот, каде што ставам запирка,
    за повторно да продолжам,
    онаму каде понекогаш те бришам па те допишувам,
    те шкртам и прешкртувам.
    Конструирана лага во секој мој нов ред,
    но повеќе за себе, отколку за тебе,
    тивки осцилации на бесмисленост
    и површна рамнодушност која лебди над чувствата,
    со вкус на блуткавост и веќе видено,
    овој е поинаков, конкретен.
    Те оставам без да се вратам во искушение да направам нешто убаво,
    сега не е време да зборуваме за љубовта...
     
    На Angelche и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  9. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Желби

    Ме загуби во гужвата,
    гледав како неговото лице избледува.
    Се прашував понекогаш
    се држам ли за желбите прецврсто?
    А да одлетаат?
    Можеби така ќе се остварат.
    Се изгуби како чад од цигара,
    го пуштив да оди,
    онака како и дојде.
    Очекував болка, не се случи,
    само воздишка.
    Не, не од жал, од олеснатост.
    Како сознавам, се поедноставно се чини.
    Полесна сум за една воздишка и парче срце.
     
    На eli25 и Grunge им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Во оваа тивка вечер,залудно се обидувам да го повикам твоето име.Секогаш кога ќе пробам ,се замолчувам самата.Ја слушам само тишината и нотите на нашата песна,обвиени околу мене.А јас,зошто патувам низ животот осамена -а не сум сама?
    Нотите и тишината-најдобрите мои друшки.Добар дел од животот мој.Не,не можам да се скарам со нив,тие единствено се со мене кога ме напуштија сите,ги обожавам-моја подршка се,отсекогаш!
    Во оваа тивка вечер,залудно се обидувам да го повикам твоето име.Се замолчувам,исплашена да не умрам пак во твоето срце.......
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  11. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Само во ноќта ти ме мамиш
    само во ноќта ти ме галиш
    но во утрата ми бегаш
    здивот ми го земаш
    срцето ми го стегаш
    ти си мојот непребол.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Болка во задниот џеб

    Некои работи ќе ги кажам на глас
    да ги чуе тишината
    да ги видат очиве
    да ми се ослободи
    душата!
    Како старата ваза од баба ми
    ќе стојам скриена позади врата
    да ги затворам широко очиве
    и ќе го мирисам стравот.
    Ми ги гребе,раскрвавува
    очите суровата реалност.
    Болката ја кријам во задниот
    џеб на фармерките и седнувам на
    неа.
    Ја потиснувам болката да не ме боли
    да ја боли неа.


    Може ќе ја сретнете и на фб. и таму ги објавувам ;)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Мраз

    Студена душа,
    затворена за многумина,
    одбивна и отпорна,
    или само така изгледа...
    Ништо повеќе од мраз,
    а и тој се топи некогаш...
     
  14. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Шарада од глума, молк, недокажани мисли, мимика и фатализам,
    впловува во своето единствено пристаниште.
    Со горчина те љубам,
    тогаш кога ми се отвораш гол и ранлив,
    и срцето ти го стегам во дланкава.
    Со страст те љубам,
    тогаш кога раката ми мрзне од твојот студ.
    Мислите во агонија распрчкани
    зад каучот на кој водевме љубов,
    на масата кај што го пиевме утринското кафе,
    помеѓу весниците,
    во кујната помеѓу сталажите вино,
    во белите чаршави,
    на столот на тераса каде се туткавме во ќебе и пак ни беше убаво...
    А јас со трчање ги собирам,
    и најверојатно во еуфорија и хаос,
    со вонредна агенда помеѓу искрите и очекуваното.
    И покрај сите разлики,
    јас пак те љубам исто.
    Те љубам како тогаш,
    без страв од времето,
    далечината,
    новите жени.
    Одам против себе си и сите,
    без да се свртам,
    со единствена мисла сега.
    Се држам цврсто за тебе, во мене,
    и знам дека пак ќе бидам до тебе.
    Пак ќе создаваме спомени,
    но овој пат ќе се сеќаваме заедно.
    Седејќи во градината,
    со груби раце и глас,
    кои нежно ќе го галат твоето збрчкано лице,
    смеејќи се за овие денови,
    и животот вреден за сеќавање...
     
    На Angelche и De-lovely им се допаѓа ова.
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Отуѓеност

    Стегни ги палците
    на твојата лева и мојата десна дланка.
    Да се родат благи насмевки
    со низа среќни мигови
    и надеж во потпетици.
    Високо,длабоко
    сега и некогаш понатаму да
    се сеќаваме по нашите насмевки.
    ..Дека сме делеле среќа и блискости.
    Очите твои едно гледаат
    усните мои друго кажуваат.
    Не ги толкуваш зборовите гледајки
    ми ги усните.
    Што не очекува,освен отуѓеност.

    Може ќе ја сретнете и на фб. и таму ги објавувам ;)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Лудило
    Ведра ноќ. Седам на прозорецот загледана во светилката на улицата... На небото ѕвезда нема ни за лек. А толку посакувам некоја да паѓа, да си замислам желба и да живеам за денот кога ќе се оствари. Ха, колку сум детинеста, нели?!
    Во собата е загушливо, но морам да влезам. Ми треба цигара. Морам да земам една. Само една. Уште оваа, последна ќе биде. Ветувам!
    А колку пати само ветив...но овој пат е официјално. Се колнам дека е последна.
    Ја земам запалката и пламенот веќе ја пали цигарата. Ете го, тој опоен вкус кој ми требаше, толку ми требаше. Ахх, не, не можам без нив. Во неа наоѓам најголема утеха... Тој вкус, мирис кој понекогаш ме гуши во сонот сега ме опива, ме праќа на седмо небо. Таа е секогаш тука кога ми треба. До неа најлесно се доаѓа.
    Чадот веќе се вивнува кон небото и се губи во темнината. Цигарата полека гори, се смалува. Така се смалуваат и деновите од мојот живот. Знам дека со секое ново утро сум ден поблиску до смртта.
    Но, чекај, што зборувам? Па каква смрт? Бладам ли? Зарем сум во делириум? Или во лудило?
    Каде сум? Што сум? Која сум? Зарем цигарата е толку моќна да ме натера да ја споменам и смртта?
    Ахх, посакувам никогаш да не ја запалев!! Нека е проклета!!
     
  17. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Те допирам, тоа не си ти.
    Истите очи, а друг поглед.
    Истите усни, а нем збор.
    И твоите образи огрубеле
    под моите прсти жедни за љубов.

    Ме најде , а не ме бараше
    не, ти за мене не сонуваше
    мене во сонот не ме среќаваше
    а во мојот живот дојде непоканет
    да ме собориш со поглед, да ме соголиш
    и потоа да исчезнеш!

    Грубо ги зариваш твоите ладни воздишки
    во моето топло тело, а јас глас немам да вриснам..
    колку те љубам и колку те мразам
    само една солза во очите насетувам
    и не ја пуштам..

    Седиме еден до друг
    ти во поинаков свет од мојот, што всушност е твојот
    јас кај тебе престојувам , а ти од себе бегаш
    за да ми избегаш со сите болки и немири во себе
    и јас повеќе не знам што да чувствувам
    ти ме збунуваш, ти ме уништуваш, ти ме убиваш..
    молчиш и тогаш најсуров стануваш
    на лице маски си ставаш и патуваш
    само да бидеш подалеку од љубовта
    подалеку од мојата прегратка..

    На ова платно љубовно ти ме распна
    па мојата крв ја валка неговата белина
    љубовта крвари, преживува..
    ако успее од твојата рамнодушност да преживее

    Ме сечеш се подлабоко
    а јас одбивам да се покорам
    чувам глас за живот да побарам
    ако имам сила да се осмелам
    без тебе да живеам, а половина да не постојам

    И пак те допирам , а тоа не си ти..
    телото ладно, а душата ти ја нема
    жив мртовец во своја кожа
    и двајцата умираме еден до друг
    јас од тебе, ти од нејасни причини..
    и во некои чудни форми постоиме
    распнати меѓу нежност и грубост
    меѓу љубов и болка
    меѓу страв и надеж

    распнати меѓу себе, крвариме..
    а за сите други...живееме..

    Ти да..
    Јас не..
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Зборови

    Ако се враќаат зборови
    ти ги мавам во лице
    да ме болат мене а да
    те осветлат тебе.
    Зборови
    забранети,лажни,безнадежни.
    Ги кажав,ги повлекувам!
    Мои се не треба да ти
    тежат во мислите.
    Јади,уживај вечерта е
    она што ќе помине без мене.
    Нека лежат зборовите.



    Може ќе ја сретнете и на фб. и таму ги објавувам ;)
     
    На eli25 и crazylady им се допаѓа ова.
  19. tonicka

    tonicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    13
    Осамена повторно
    среде овој метеж
    ништо во мене ни желба
    ниту стремеж,ниту зрак во
    оваа темина од душа.
    Изморена од обиди
    каменот жив да го сторам
    оставам и чекам
    да се промени непроменливото.
    Ја вадам маската
    со илјада лица
    и не ја препознавам онаа
    што барајќи љубов се изгуби себе.
     
  20. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Збунувачка


    Ми пријдуваш, не те забележувам,
    ми зборуваш, не те слушам,
    ме бакнуваш, не ми значи ништо.
    Ти и јас во главна улога,
    а него,
    него го чекав цел живот.
    За да ме насмее,
    за да ме ислуша,
    за да ме прегрне,
    за да ме сака.
    Не бираш ни ти,
    не бирам ни јас.
    Јас по него,
    ти по мене,
    боли ли невозвратената,
    убива ли?
    Мене ме уништува,
    влијае ли на тебе исто?
    Јас и ти во истото,
    јас и ти во главна улога,
    А серијата ќе заврши,
    можно ли е крајот да е
    сеуште неодреден?
     
    На Squirrel, marama и Kristinna92 им се допаѓа ова.