Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Хистерија

    Еден збор и драма се стори,
    погреши ли ти,
    или јас?
    Ти велиш јас,
    јас велам ти,
    кој знае...

    Прашав, викнав,
    продолжив да викам.
    Прашував со викање,
    не добивав одговори.

    Ти молчеше.
    трпеше,
    мене ме трпеше,
    или својата грешка.
    Сеедно.

    А нормално ли е тоа,
    тоа што ми се случува
    тебе, мене, нему?
    Па како не би била хистерична?
     
  2. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Суштинска

    Ме боиш во боите на есента.
    Жолтеам како сувата тревка,
    горам како подметнат пожар,
    црвенеам како приквечерината
    што се спушта врз манастирот.

    Ветрот ја одвејува,
    селицата-птица ја подзема,
    ридот ја заштитува.

    Срцето ја слави, ја болува,
    душата ја штити, прегрнува,
    каменот ја одбива, оттурнува,
    само човек не ја изневерува.

    Белееам како првиот снежец,
    шаренееам како детското капутче,
    се радувам како танцот на првата снегулка.
    Ме боиш во боите на зимата.

    На работ на две времиња,
    а една е што ги спојува,
    таа- Љубовта.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Временска машина

    Розови облаци
    на бела основа како
    памбуче со ацетон
    изгмечено од розевите
    нокти.
    Гребат, лазат
    по драги тела,
    оставаат траги
    на љубов и страст.
    Висок притисок и водопади,
    разбушавеност и
    блуза падната од клупа.
    До клупата-столче скршено
    на кое седам лесна и
    гледам во розовите облаци.
     
    На Bright и Nightwalker им се допаѓа ова.
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Пораз

    Влегов набрзина во таксито.
    -Извинете г-ѓице, ама госпоѓата таму ми рече да ја причекам.
    -Ве молам, не би ми пречело ако прво ја пренесете неа, ама едвај се наоѓа такси денес.
    Навистина немав нерви да чекам друго такси и искрено се надевав дека на госпоѓата нема да и пречи што влегов.
    -Во ред е господине, мене не ми пречи воопшто.
    Госпоѓата го чула нашиот разговор и даде одобрување.
    Седна на предното седиште и извади огледало да си го поправи карминот додека ја кажуваше адресата.
    Тој лик, тие очи... Не е можно, не, ова не е можно. Нема шанси да е таа. Па таа беше вистинска госпоѓа, а оваа...не, не е таа!
    -А вие госпоѓице до каде одите?
    Едвај го изговорив местото.
    А таа полека се заврте. И се вџаши кога ме виде. Значи навистина била таа. О, Господе, што ме снајде...
    Таа беше госпоѓа која секогаш живееше на висока нога. Колку пати само бев понижувана од неа за моојот социјален статус, колку ли само пати во лице ми ги плесна нејзните златни накити со дијаманти додека јас носев бижутерија. Колку ли само пати ми ги фрли нејзините свили и крзна скоро нови, а според неа стари и износени. А сега, падна на дното. Нема ни трага од таа госпоѓа која беше порано.
    Кога сфати дека се препознавме со брзина на светлината ја зарвти главата и го наведна погледот.
    Ја стави раката на нејзните сиви панталони и полека ја движеше по нив.
    Гледаше во прстите на кои беше само нејзината венчална бурма, на вратот немаше ниедна огрлица, на рацете неидна нараквица. Косата не наликуваше на нејзината, беше ненегувана, нефрбана, без фрузира...
    Солза се стркала по нејзиното ненашминкано лице полно со брчки.
    -Ќе ми простиш ли некогаш?
    Изговори тивко.
    -Мислите дека треба? Животот Ви врати за се што ми сторивте, погледнете каде бевте, а каде сте сега. Видете се и размислете дали Ви простив. Погледете чиј комплет носите.
    Тие сиви пантолони и сиво палто беа мои. И ги подарив кога заминував немајки како да и ги вратам парите кои еднаш ги позајмив од неа.
    -Се морав да вратам. Дел ми запленија, дел продадов... Ми остана само она што не беше мое, ни на мажот ми.
    Ме погледна во очи:
    -Се каам за се!
    Поразот беше длабоко во нејзниот поглед, каењето беше искрено.
    -А јас ви простувам за се!
     
    На Divinebutterfly, BeLLaDona23 и eli25 им се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сокриј ме како зрно в дланка,
    вдиши ме како последна љубов,
    милувај ме со дождот,
    изговори го моето име со ветрот.
    Сонувај ме..
    А јас нечујно ќе те повикувам и љубам..
     
    На skyAngel, Divinebutterfly и De-lovely им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Јас сум за оган,
    за скокоткање по слабините,
    трчкање по ливадите,
    огномет во срцето и во телото,
    дивеење во животот,
    немир во срцето,
    јас сум за спектакуларност, мил мој.

    Ти си за камин,
    за камин и за топла куќа,
    и ние во неа...

    Ти си за мене,
    половина моја,
    јаболко мое.
     
    На skyAngel, BeLLaDona23, Bright и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Вечерва
    Упорно одрекуваше дека не сака да чуе ниту збор за него, а навечер ја затекнував како плаче на линолеумот.
    Бескуќник, пустиник – така го нарекуваше, тивко шепотејќи во црвената слушалката додека разговараше со мајка му.
    Буричкајќи низ фиоките, по грешка отворив една нејзина и ме пречекаа насмеани фотографии, хируршки скинати на половина.
    Тапост ме пресече мене во половината.
    Ноќите беа долги и мирни. Нејзиното бладање по него го нарушуваше мојот непрестаен , пулсирачки, потаен страв.
    Ја кренав слушалката. Со тежина на оловни прсти завртев девет пати во круг.
    - Мораме да и кажеме.
    Го слушав ритмичното дишење, ме прободуваше тишината.
    - Вечерва.
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly и eli25 им се допаѓа ова.
  8. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Љубов, повторно.

    Есен ледена,
    сакана, моја омилена.
    До вчера,
    за мене ти беше недопирлива ѕвезда.
    Прошетки крај езерото со тебе – во моите мисли.
    Долги разговори – во моите фантазии.
    Од тебе љубов и бакнежи – во моите сништа.
    Денес, сите мои сонови се остварија.
    Успеав, те допрев,
    иако се нарекуваше недопирлив!
    Без голем напор, само со искреност.
    Ми се врати стариот живот – ми се врати ТИ.
    Сега повторно радост, повторно среќа.
    Нема веќе пустош во моето срце – само топлина,
    иако од студ тело ми е завиено во кебиња,
    а во мисливе ми владее тишина.
    Сакам вака да остане, да останеме ние!
    Те љубам, повеќе од се`.

    Ова е мојот прв обид за пишување песна, знам дека можеби не е многу добра. Но сепак, сакав да пробам .. па критиките би биле добредојдени. :)
     
    На De-lovely и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  9. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Љубов украдена

    Уште како мала љубовтта ми беше подарена од моите родители и моите двајца браќа.
    Јас што ќе посакав тие ми купуваа, како што минуваше времето ние така растевме,постариот мој брат
    се ожени снаата го одели од нас,од тој миг јас се соочив со реалноста,таа е многу сурова и тешка,после неколку години се ожени и другиот брат и тој си замина ја прегазија љубофтта на моите родители а и мојата љубов сестринска,додека го пишувам ова јас плачам како дете.Дојде време и јас се омажив,мојот сопруг имаше брат тој живеешесо нас,јас нивната љубов не им ја украдов, туку ги соединив повеќе,бидејќи знаев колку е болно да уништиш нечија љубов која е гаена цело детство.Јас имам син и ќерка им ја раскажав оваа моја животна вистина им реков да се сакаат и да не дозволат никој да им ја украде нивната љубов оти таа е искрена и света.Со пари човек може да купи се што ќе посака,само љубовта на родителите браќата,сестрите со ништо не се купува и мери,запаметете ги овие зборови животот ќе ви биде многу убав и благословен,бидејќи убавото со убаво се враќа.
     
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    напишана е пред некој месец :)

    Направи една челична врата мил мој,
    направи го тоа за мене.
    За кога еден ден ќе ја треснам силно,
    таа да не се скрши.
    И ќе може ли таа врата,
    на секое трескање автоматски да се отвора?
    Затоа што јас секогаш се враќам...

    Изгради ми кујна, љубов моја.
    Нека биди малечка,
    така полесно ќе ја грееме во зима.
    И јас ќе ти готвам,
    ќе помешам љубов со страст,
    нежност со омраза...
    И ти молам, мил мој,
    секој ден пиј противотров,
    затоа што можеби некогаш ќе посакам
    да те убијам...
    Но јас секогаш сакам ти да се враќаш.

    Купи ми, немиру мој,
    еден голем кревет,
    за да го делам со тебе.
    Таму ќе царува твоето семе,
    таму ќе ме силуваш
    и ќе водиме љубов.
    И немој да се лутиш,
    ако некогаш не ти давам да заспиеш.
    Не заборавај,
    ние секогаш еден на друг се враќаме.
     
    На Divinebutterfly, BeLLaDona23, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Студ, ладен ветар,
    црвенило на образите,
    ги броиш моите пијани ноќи,
    ги броиш моите пороци,
    ја броиш секоја насмевка од срце.
    Велиш една девојка не треба
    така да прави.
    А ги броиш ли патите по тебе кога идев,
    ги броиш ли погледите,
    ги броиш ли подвизите,
    ја броиш ли загриженоста на моето лице,
    намуртеноста кога не си тука.
    Нив и да сакаш не можеш да ги ставиш
    на својата скала,
    безбројни се, бесконечни.
    Еднаш кога ја оставиш пресметката,
    анализата и срамот,
    јасно ќе видиш кој е тука до тебе.
    Јасно ќе ти биде јас и ти,
    иста музика,
    јас и ти, има смисла, логика.
    Тука ќе почнат неброените...
     
    На Miss-Sinner, AnaKarenina, Grunge и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Малечка

    Кога тој вели
    Те сакам.

    Јас мижам,
    За да не го видам
    тајното присуство
    на Љубовта.
     
    На skyAngel, TheCandy880, mysterious и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакана

    Чувствувам нечии прсти во косата,
    очите се уште ми се затворени.
    Будна сонувам
    или јаве е ова?
    Следи бакнеж,
    во косата.
    Убав, топол, нежен,
    близу мојот нос е нечиј парфем,
    прекрасен, познат...
    Ги отворам очите,
    не сонувам веќе,
    тој ме гледа,
    мил поглед ми минува врз лицето.
    Следи бакнеж,
    на усните.
    Убав, топол, нежен.
    Јас сум сакана!
     
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Половина тој

    Последни капки од
    омилениот парфем.
    На половина изеден кроасан,
    мирис на крем и ванила.
    Полуотворени очи
    и трепките тешки не ги
    помрднува ниту ветрот.
    Мириса...
    Мириса ..
    Мириса на потрошен парфем.
    Мириса на тој,тебе,ти...
    Мириса на тебе,ти,тој...
    На половина пат со половина кроасан,
    потрошен парфем,
    заминува тој на пола ден.



    Можеби и на фб. ке ја сретнете и таму ги објавувам ;)
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Спомени

    Со страв чекорев низ темната уличка.
    -Сигурен си дека е оваа??
    -Секако, мила, инаку и јас не би одел.
    -Па, добро, но со години не сме поминале од тука. Не сум сигурна дека би ја препознала куќата сега.
    Но, тука сме. Се е исто: дворот, капијата, тревниците. Автомобилот, дури и тој е истиот, сјаен како и секогаш.
    Заѕвонивме на ѕвончето. Истиот звук. Влеговме, како порано, не чекајки да ни отворат.
    Истите скали прекриени со зелен теписон по кои трчкав како малечка.
    Таа е истата, како годините за неа да не минувале.
    -Убавице, колку си пораснала. Душо моја, како си? Ме паметиш ли?
    Па како да не ја паметам, ја сакав како мајка. Ми беше втора мајка.
    Ме прегрна. Се уште го користи истиот парфем. Нејзината прегратка и сега, после којзнае колку години, е истата, топла и нежна, мајчинска.
    Ја допрев кваката. Истата онаа која порано секој ден се мачев да ја отворам бидејки бев малечка и не ја достигнував.
    Собата е иста. Кожната гарнитура само го маскирала она што старите кревети го запаметиле.
    Се уште таму беа истите прекривачи и перничиња на кои само што ќе ја ставев главата заспивав.
    Истиот застанат часовник пак виси на ѕидот. Застанат на 12:05 како порано.
    Се е исто, местото во кое мина половина о моето детство е исто. Таа е истата, тој е истиот, јас пораснав. Јас не сум истата.
    Долго седев така здрвена, гледајки дури и во уметничкото дело на ѕидот. Таа девојка од сликата секогаш ме фасцинирала. Дури и сега.
    Спомените се тука, се вратија...
    Се начнуваат непријатни теми, болни спомени... Посакувам да им речам „престанете, не уништувајте ми го моментов“, но молчам...и се сеќавам, на времето кога бев среќна.
     
  16. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Прилика

    Ја користам оваа прилика
    да заплачам,
    затоа што сеќавањето на тебе
    не ме тера да плачам,
    само ми ги носи мислите
    далеку,
    кај што се спојуваат
    небото и Земјата,
    сонцето и ветрот,
    реката и месечината.
    Таму кај што има вљубени.

    Ти жедно го пиеш
    мојот поглед
    и не сакм да плачам,
    да те појам со љубов.

    А ја користам оваа прилика
    да заплачам,
    затоа што има несреќни
    кои плачат.
    Има повредени и ранети,
    бесчуствителни кои
    ги повредуваат оние што чувствуваат.

    Ја користам нивната несреќа
    да заплачам,
    затоа што ти не ги заслужуваш моите солзи,
    затоа што ти немаш чувства,
    а јас имам прилика.
     
    На Kylie и De-lovely им се допаѓа ова.
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Неукост/глупавост

    Точка мала,
    ситна, мравчеста
    седи така полулебдачко
    атоми на идиотизам ја држат ете
    не потонува, плови тапаво.
    Хемиски гледано,
    електронот е со молскавична брзина,
    како и мислата,
    близнак на идејата,
    деструктивна на општеството,
    глупавоста.
    Па и какви хемиски реакции очекуваме,
    однесување по психа во превод,
    ако двојникот – физичка восприемност – го нема?
    Никогаш не било, сомнеж е и дали ќе има
    егзотермија во отсуство на ендотермија,
    во човековото општење,
    сфаќање.
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Нацртај ја мојата љубов,
    како тоа утро во Август.
    Испеј ми ги чусвствата,
    како тогаш кога месечината
    блескаше во моите очи.
    Со нежен поглед погали ме,
    како тогаш кога сонувавме
    на миризливата ноќ.
    Милувај ме...
    Ми требаш..
    Тука сум..
     
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Со или Без тебе

    Без тебе нема почеток,
    Со тебе доаѓа крајот.
    Без тебе денот не почнува,
    Со тебе ноќта завршува.
    Без тебе нема среќа,
    Со тебе ја чуствувам тагата.
    Без тебе нема насмевка,
    Со тебе ги делам солзите.

    Кога те отфрлам зошто знам дека ќе дојдеш.
    Кога не ме бараш зошто знаеш дека ќе те најдам.
    Те сакам, те чуствувам.
    Те мразам, те поседувам.

    Не сакам крај, но долг е овој почеток.
    Никогаш е тежок збор.
    Секогаш-неостварлива цел.
    Со или без тебе, ќе ми одговори самото време.
     
    На TheCandy880, BeLLaDona23 и De-lovely им се допаѓа ова.
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Нарцисоидност - инспирирана од самата тема на форумов :)

    Ненаситност е другото алтер его
    на таа творба свторена,
    торба без дно како компарација,
    (при)лика со груба црта повторена.
    Позитивата ја вшмукува,
    исцицува,
    негативата ја плука,
    вбризгува.
    Осамено совршенство е едно,
    љубов ги дарува само клетките во сопственст,
    егото има приватно мени,
    а нај на крај живее подолу од бедно.
    Желна само за фалење,
    гладна секогаш за величење,
    тоа е душа осамена,
    способна само за себе-фетиширање.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.