Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Живот во од

    Прекрасно е
    да живееш од она
    "Хуууууу"
    во студот
    да му намигнеш на поштарот
    надевајќи се
    дека ќе ти донесе писмо
    од Рајот
    или Пеколот
    (Зависи што си правел дента).
    Да сонуваш
    додека сите спијат
    а стојат и пијат
    во локалните
    бизарни кафулиња
    и редат дупка по дупка
    од своите имиња и презимиња.
    Прекрасно е
    да се давиш во непребол
    додека ти се случува
    нова љубовна приказна
    како птица - нота
    на кабел жежок од информации
    клопче живот
    што се мота
    низ нозе
    по студени калдрми.
    Прекрасно е
    да гледаш
    како луѓето
    суптилно умираат
    крај тебе
    а со нив и ти.
    А сепак.
    На крајот.
    Животот победува.
    и во сегашност
    и во спомени.
     
    На De-lovely, TheCandy880 и Grunge им се допаѓа ова.
  2. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Ќе сака ли некоја феминка да ми помогне,да ми даде линк за детска песничка за јаболко :$ не на youtube, туку обична,само текст.
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ти си ми се

    Кога се ќе ми тргне наопаку,
    кога кршам се што ќе допрам,
    кога немам сила за ништо,
    кога денот ми е гаден,
    расположението под нула...
    Кога не се сакам ни сама себе,
    кога ништо нема вредност,
    кога нешто ми фали,
    а не знам што...
    Тогаш, ти си тука.
    Тогаш, за мене си се:
    како дрога за наркоман,
    како виски за алкохоличар,
    како пари за купохоличар,
    како лек за болен..
    Како се на светот
    за некој кој нема ништо...
     
    На Loritaa, martinuska, TennisBabe и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Прости ми


    Саботно утро, обичен ден, но не и за неа. Тоа беше денот кога Маја требаше да му ја соопшти на него најубавата вест на светот. Ќе стане татко! И додека пееше, облечена во нејзиниот омилен фустан кој тој го обожаваше заѕвони телефонот.
    - Не, не , тоа не е возможно!! ... ја тресна слушалката од онака стариот и расипан телефон, и оттрча во собата!! Пред вратата веќе ја чекаше порачаното такси!
    - Возете најбрзо што можете, не ми е битно кој пат ќе го одберете, само побрзо однесете ме до полициската станица во центар- низ солзи молеше 24 годишната девојка!
    А таму беше тој, нејзината најголема љубов, нејзината најголема утеха и пријател, човекот со кој што беше решена да го помине својот живот, таткото на нејзиното дете, чекаше да го одведат на сослушување. И додека таа чекореше низ тесниот полициски ходник во главта и се вртеа најразлични мисли, но најмногу една работа - НЕ Е ВИСТИНА ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА Е ДИЛЕР НА ДРОГА! Го виде, облеан во крв, од ќотекот кој му го удриле џандарите, седнат на пластичното столче со наведната глава, гледајќи само кон подот. Ништо не и беше важно во тој момент, воопшто не помисли на животот кој го носи во себе, се стрча кон него и со последни сили го прегрна најсилно што можеше! Бисерни солзи и се слеваа по лицето! – Прости ми- тивко ја замоли!
    -Јас немам што да ти простам, знам дека ти не можеш да правиш нешто толку прљаво и нечесно!
    -Зарем не сфаќаш???? - хистеријата проработе! Вистина е се, замини и заборави ме!- ја оттурна од себе толку силно што за миг Маја се најде на земја.
    Неверување, тага, бес, гнев, жал... измешани емоции, хаос во главата, грутка во душата! Тој кој ни мравка не газеше, тој кој никогаш еден лош збор немаше кажано...истиот тој денес е обвинет за нешто толку грозно, и голема е веројатноста да оди зад решетки? Конфузни прашања, со уште поконфузни одговори! Во едно беше сигурна, нешто од внатре и кажуваше дека тој е невин! Неколку пати потоа отиде да го посети во затворот но безуспешно, тој никогаш не се појавуваше, за да разговараат!
    Години поминаа, Марко веќе беше подпораснат, одеше во градинка, бидејќи немаше кој да го чува! Родителите на Маја, ја отфрлија во истиот миг кога дознаа дека нејзиниот дечко е дилер, со погрдни зборови ја исфрлија од дома јасно кажувајќи и дека немаат намера да се грижат ниту за неа ниту за тоа копиле!
    Тоа утро воздухот беше тежок за дишење. Некој немир ја совлада Маја, некое чудно и лошо претчувство. Го спреми Марко за во градинка, се среди за на работа и излезе!
    -Вие сте Маја? – дебел машки глас ја запраша
    -Да, кажете? –одговори збунето и помалку исплашено
    - Ова е за вас- и го подаде пликото и си замина
    Половина час се двоумеше кој може да и напише писмо на неа, па таа е сама, нема никој освен Марко! Најпосле се реши, го отвори, а во него пишуваше само едно ПРОСТИ МИ, НЕ МОЖАМ ДА ГО ИЗДРЖАМ ПОВЕЌЕ ОВОЈ ПРИТИСОК! Повеќе од јасно и стана дека нејзината најголема љубов си го одземала животот, колку кукавички потег, и ја уби единствената надеж дека некогаш ќе го види пак,дека и покрај се што било ќе бидат заедно бидејќи беше решена да му прости, дека ќе му го претстави таткото на нејзиниот син... сега се беше залудно, сега таа и Марко навистина останаа сами!
     
  5. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Љубам

    Имам, немам,
    сонувам, земам.
    Земам ронка живот,
    вдишувам надеж,
    збор по збор и правиш мелодија,
    здив во здив и правиме нов вид
    воздух,
    љубовен, вонземски, надреален,
    присутен.
    Заминувам со дел од тебе врз
    облеката,
    силна супстанца која предизвикува
    насмевка и на лицето на скитникот.
    Ронка душа, ронка срце, мала насмевка,
    кога даваш повеќе имаш.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Недостасуваш

    Недостасуваш кога појадокот го јадам сама,
    кога немам друштво за којзнае кое кафе по ред,
    кога нема кој да ми рече утешен збор,
    кога нема на кого да му кажам дека сум нервозна,
    кога се оди по ѓаволите,
    кога солзите само што не протекле...
    Но, недостасуваш и кога
    немам со кого да ја споделам радоста,
    кога не си до мене за да те гушнам од среќа,
    кога немам со кого да сторам нешто лудо,
    кога сите ме поддржуваат, а сакам некој да биде против,
    кога нема на кого да кажам дека се вљубив,
    кога сакам некој да ми ја стисне раката
    и да ми рече „Оди, ти можеш!“
    Недостасуваш секогаш кога не си тука!
     
    На Adi888, Divinebutterfly, Grunge и 2 други им се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Малку кажуваме

    Мисли тешки олово.
    Недогрицкано колаче
    и топло млеко.
    Топло ќебе и празна соба.
    Таа,старата софа и огнот
    од десниот агол.
    Тој во позадина а позади
    него тропаат неговите мисли
    како стари конзерви.
    Тој не размислува
    а таа не дише.
    Тој зборува а таа молчи.
    Таа мочи а тој не ја
    слуша нејзината тишина.
    Бледее се околу нив
    изчезнува тој,мислите и колачето.
    Таа е пак покрај огнот.


    Може ке ја сретнете на фб. и таму ги објавувам ;)
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Осамена

    Љубов моја,каде си сега?
    Те барам пак,но
    те нема...
    Љубов моја каде си сега?
    Зарем веќе од мене бегаш?
    Те барам,сеуште те барам во ноќта темна и пуста,
    го чувствувам само последниот бакнеж на мојата уста,
    а тебе те нема...
    Остана се празно без тебе,веќе немам сили,немам душа.
    Целата надеж скриена во мене,
    дека еден ден ќе ме земеш покрај себе
    се изгуби во тој единствен миг,за мене и нашата љубов кобен.
    Не осеќав како љубовта се губи,верував во нас,
    а ти? Вербата ја уби!
    И ова што сега седам осамена и тажна,
    за мене е најголема казна.
    Се прашував,што му згрешив на Бога?
    А тој сакал да ми кажи бори се,до кога ќе си слаба,до кога?
    Ако ти сеуште ме сакаш,не си се откажал од се што меѓу нас било,
    нема сила што ќе ме спречи да те вратам,мое мило!
     
  9. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Еј ти, што на тебе јуни мириса
    Еј ти, што го чуваш светот меѓу четири ѕида,
    Еј ти, што сонце те огрева,
    Еј ти, што ја владееш ноќта.
    Што рушиш ѕидови и ништо не те боли;
    Што љубовта под стапала ја носиш и
    Оставаш рани длабоки,
    Светот мал е за твоите идеали,
    ( А светот колку голем е ).
    Еј ти, дај сврти се наоколу и погледни,
    И ако се најдеш себеси тажен и сам,
    Сети се, сети се дека си најсакан.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Рутина

    Секое утро
    прекинување на сонот,
    станување од топлиот кревет,
    издижување топол воздух,
    вдишување студен...
    Студените фармерки ми ги ладат нозете,
    блузата ме расонува тотално...
    Набрзина облекување чевли...
    Немање време ни за утринско кафе.
    Трчање, трчање и трчање.
    Стигнување на време
    или доцнење.
    Но, со која цел?
    Ќе се исплати ли ова
    некој ден?
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Малку е долго, но кој сака нека го прочита :) Вредно ли беше ?

    И тој зборуваше за љубов. И тој знаеше да зборува во нејзино име, да ја валка, да ја ништи.. Да допира нешто свето, а да не заслужува..Зборуваше дека ја сака.. А како тоа тој ја сакаше ? Така што секогаш забораваше на неа и бараше од неа таа да го заборави.. Тогаш кога веќе беше доцна, тогаш кога веќе таа неотповикливо паѓаше во неговите раце, а тој..тој никогаш немаше намера да ја фати..

    Бараше од онаа што ја оживуваше и ја уништуваше, од онаа што ја лечеше и повредуваше, од онаа која ја забораваше и ја спомнуваше, од онаа која заради него беше се..и беше ништо..од онаа која ја лажеше , па ја предаваше..да го заборави. А како да побара од неа да го заборави, кога да го заборави него, значи да се заборави себеси ? Знаеше ли тој што бара ? Но, што можеше да знае тој.. Зборуваше некои слатки зборови ..а кога таа сакаше да ги допре, нив ги снемуваше.. Заради него умираше и се раѓаше секој ден , безбројпати. Тој и беше најголемата радост, а воедно и беше и најголемата болка. Имаше право на милион сомнежи , имаше право да се чувствува предадено, имаше право да се откаже од него, ама не го направи тоа... Затоа што таа, таа го сакаше.. Таа најмногу го сакаше.. Тој тоа никако не можеше да го разбере.

    И по сите солзи и болки, и по сите сомнежи, и по сета негова рамнодушност, и по раните што тој ги остави, на крајот..таа мораше да се предаде присилно...

    Љубовта во неа умре . Се изгуби таа светост, се изгуби таа длабочина, пропадна една сила..пропадна една моќ која можеше да го владее светот, доколку и беше дозволено..Но, тој не и дозволи. Не и дозволи да сака. Ја отфрли љубовта како партал и ја фрли да се препелка во прашината.. Згреши.

    Ја сретна некаде низ улиците. И тогаш занеме. Во нејзините очи го немаше сјајот .. Оној посебен сјај што тие го имаа штом него ќе го погледнеа. Го пресретна ладен и празен поглед. Таа не се насмевнуваше, ја немаше онаа нејзина спонтана и искрена насмевка полна со љубов. Сега беше карпа човек,сериозна и далечна. Тоа го повреди, а тој се осмели да се запраша... Зошто ? Таа го одмина како никогаш да не го познавала... Го заборави онака како што знаеше да го спомнува ! Тој не можеше да си поверува на своите очи. Во срцето почувствува како му се вселува онаа осаменост. ..онаа нема болка што не те убива , а те гризе.. Не смееше да посака ништо да се смени. Не заслужуваше.Го знаеше тоа добро, проклето добро..

    Додека таа го бараше, тој бегаше.. Додека таа го сакаше, тој себично ја голташе таа љубов, а за возврат оставаше болка. Како да љубовта беше жртва за него, како да тоа го чинеше премногу, а и малку за неа ќе беше доволно...Но, што тој знаеше.. Додека таа го чекаше, тој си играше со нејзините чувства.. Додека таа се надеваше, тој ја лажеше со слатки зборови, а бездушни и горчливи... Додека таа се простуваше, тој на секоја своја грешка забораваше и продолжуваше да биде истиот..молчалив и горделив..со безброј тајни во срцето, во срцето затворено..она срце што го имаше ..а не го даваше..она срце што знаеше да биде и љубов..но знаеше да биде и камен..

    Што беше повредно од неа ? Што беше повредно од љубовта што тој ја имаше ? Имаше се, но веќе нема.

    Трчаше по неа да ја стигне, да и каже...а како да и каже..Како да и каже дека се кае... Таа го почувствува неговото присуство...онака како што секогаш знаеше да го препознава. Ги знаеше сите негови мани и ги сакаше, ги сакаше сите негови слабости, сакаше се што му припаѓа... Застана и се насмевна. Но, во таа насмевка имаше победа. Тој се почувствува како најголемиот губитник на светот.

    ,, Зошто ме следиш ? Доцна е , мој ангеле..доцна е . Се сеќаваш ли дека беше некогаш ангел ? Беше премногу добро за да потрае. Погледни ме во очи и запамети го ова што ќе го слушнеш. Љубовта го бара својот дом кај оној што ја возвраќа и оној што ја познава. Ти нити ја познаваше , ниту ја даваше.Ја сакаше само за себе. Не прашувај зошто умрела. Самиот и подигна гроб кога реши да ја отрфрлиш. Те сакав онака како што не заслужуваше. Се запраша ли некогаш колку пати ме понижи, а колку пати ти простив ? Се запраша ли дали беше лесно да ја премолчам секоја твоја грубост? Твојот спас , беше во моето чекање...но и љубовта се уморува кога не е пожелна, кога за некого не е доволна.... Не плачи, сочувај ги солзите за да го измиеш твојот грев, ако некогаш можеш... Заборави ме. Тоа никогаш не ти беше тешко... зар не ? Ако некогаш ме сретнеш повторно, не ме поздравувај. За тебе не постојам. Ти ме уби. Ти ја уби љубовта...Го уби најдоброто во мене... Зошто молчиш ? Време ли е за молчење ? Секогаш ја сакаше тишината..Во неа ги закопуваше сите тајни..и онаа љубов што умееше да ја дадеш ама не сакаше... Толку ли беше повреден, да не можеше да собереш сила да сакаш ? Која кукавица !
    И не, нема да зборувам повеќе ако тоа те повредува. Јас не сум ти. Ниту пак ти беше како јас. Тоа беше само моја желба. Можеби сум сурова..но сурова сум од бес, од гнев.. од предавство ! Онака како што бев добра, така сум сега лоша, лоша за тебе ! Погледни во што ме претвори. Но, не вреди да ги трошам моите зборови за тебе. Ти и така никогаш не ги заслужуваше. Но, грешките се исправаат..а луѓето, луѓето никогаш... Биди среќен..биди среќен сега кога мене ме немаш "

    Тоа беа последните зборови што таа му ги кажа. Замина со брз чекор. Не се сврте ниеднаш.Некаде длабоко во себе сакаше да му каже дека може повторно да ја оживее љубовта во себе, дека може сеуште да го...Но , не беше достоен за тие зборови. Не беше достоен за тие чувства. Не беше вреден за нив. Болеше, дека не беше вреден.

    Тој сега беше најнесреќен што ја нема. Залипта немо.А што му вредеа солзите, веќе ништо не вредеше. Беше навистина доцна. Доцна за се.. Заради гордоста ја изгуби љубовта. А вредеше ли ? Вредеше ли љубовта да ја прокоцка заради своето его, заради својата болка, заради тоа што бил повреден.. Прашањето му одзвонуваше во главата... А одговорот веќе добро го знаеше.. И ништо повеќе не можеше да се промени.. Сега знаеше да љуби, но беше доцна.. Времето никого не чека .

    Некогаш е доцна за се.

    Па и за љубовта..

    Ако и ги одземеш крилата...таа повеќе нема да може да лета..
    Таа повеќе нема да може дa живее...
     
    На smiley-94, De-lovely, princess11ska и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ех Ани,Ани,ме расплачи...ама знаеш што? Ми даде и идеја...
    ќе чекам уште 2 дена,а потоа,потоа ќе е касно...чекам 2 дена да се покае,после не
     
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Eсента живее во неговите очи, пресликана е во живиот темен килибар, нијанса потемен од мојот. Духот му е пролетен, априлски, а мене таа амбивалентност ми е неопходна да ме заузда.
    Секогаш кога ќе го погледнев ми се влеваше исконски страв дека еден ден и моите лисја ќе пожолтат и овенат, а јас сум заробена во безизлезно исчекување. И потоа ќе ме бакнеше, ќе ми вдахнеше од неговата непокорност пред секаков суд и закон, и јас пак ќе станев малото треперливо девојче од пред дваесетина години. Но овојпат беше поинаку.
    Крупните застаклени очи беа фиксирани на една точка на белиот ѕид. Не обрнувајќи колку време прошло откако ми се причини дека му го слушнав гласот таму долу, кадешто секогаш ме чекаше, сфатив дека керамиката што ја држев в раце одамна се оладила. Виното со цимет стана блуткаво и одбив да го пијам така ладно.
    Од врвот на јазикот ми се истркалаа неколку сочни пцовки, и иако бев сама, ги изговорив со глас доволен само јас да го чујам. Се сетив дека заради таа лоша навика ме викаше „кочијаш“, и во истиот момент ми се развлече носталгична насмевка.
    Попусто го чекав. Парфемот почна да се губи во празната соба, а црните чорапи повеќе ме нервираа отколку што ми помагаа да се чувствувам женствено. Знаев дека ако ги собујам штиклите повторно ќе станам малото девојче што неговите прегратки ги сака повеќе и од шеќерна волна. Ги оставив за на крај.
    Инстинктот ме излажа. Од залуденост ја изгубив острината. Сега не беше важно дека доцни. Важно беше да знам дали воопшто ќе се појави пак. Станав, нервозно се проврткав низ собата, повторно го опцув па истоштена седнав спроти големото огледало. Сакав да ја утешам личноста што ме зјапаше назад, а потоа да ја задавам.
    - „Нема да дојде, глупачо.“
    А одразот од огледалото ми шепна: „Нема, затоа што не може да ти ги чита мислите, кукавицо.“
    Ги загризав усните намачкани со боја на амарант (и подеднакво бесмртни), и одлучно се упатив кон телефонот.
    - „Не. Можеби следната година.“
    Не бев изненадена, истото го направив и лани. Не ми преостануваше ништо друго освен да влезам во кадата со врела вода и да си ја измијам душата. И потајно, со наивност на девојче што верува во секакви суеверија, се надевав дека ќе успеам да одмијам и дел од него.
    Попусто се надевав.
     
    На maci95, Angelche, Theodora и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Мојот здив на твојот прозорец,
    лечен печат на се што некогаш било.
    И што е и што ќе биде!

    Моето треперење под твојата совршеност,
    нашата приказна!

    Ми треба метафора да не врати,
    ми треба метафора за да бидеме,
    она што сме
    и плус среќни.
     
    На AnaKarenina, Trendafilka, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Бидејќи веќе ја постирав во „Сакам да кажам“, ќе ја ставам и овде бидејќи сепак тука и е местото :)

    Почнувам да го спознавам светот во кој живеам
    Се повеќе ме заплашува, колку повеќе го согледувам.
    Ги гледам луѓето што ме опкружуваат,
    Разни фанатици што ме загрижуваат,
    Го доведуваат моето постоење во опасност
    Со нивната безгранична суровост и безмилосност.

    Среќавам луѓе со желба за центар на внимание
    Таквите по се изгледа ми станаа секојдневие.
    Опкружена сум со луѓе без идеи и разни фејкери
    Дволични проклети суштества, но прави актери.
    Осудена сум да гледам секакви луѓе и фаци,
    Што живеат во некој розов свет и летаат во облаци.
    Денес способноста за идиотизам стана човечка вредност,
    А мене ми е преку глава од кретенизам и секаква неправедност.

    Живеам во општество полно со стереотипи и дискриминација,
    Лошо воспитување и секакви негативни влијанија.
    Општество во кое нема ни трошка либерализам
    Место каде и уметноста е дел од тој пуст комерцијализам.

    Си велам дека сигурно живеам во некоја погрешна ера,
    Јас не можам да опстанам онаму каде на алчноста и нема мера!
    Користољубие и непријателство на сите страни
    Сурова борба за предимство и високи пласмани.

    Од достоинството не остана ни трага ни глас,
    За успех во животот се гази и сопственото „јас“!
    Слепо верување и потчинетост кон идолите
    Мене ми се чини, или се отишло по ѓаволите?
    Се гнасам од она што секојдневно го гледам,
    Бесполезно се обидувам овој хаос да го средам.

    Се губам во денешниов простор и време.
    Затворам очи за да одморам во меѓувреме.
    Да одморам од ова лудило што се случува,
    Со доза страв дека можеби и јас ќе полудам!
    Правам обид со ова безредие да се справам
    И се што сакам е на овој хаос точка да му ставам.
     
    На PrinceOfPersia, Anabela09, trendafil1 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Се вртев во креветот не можејки да заспијам. Мечтаев, летав со мислите, сонував будна...
    Телефонот ми заѕвона. Кој ли е сега?
    02:15... Кој не спие се уште?
    Не можев да видам чие име е испишано на екранот, бидејки очите се беа навикнале на темнината во собата. Само кренав.
    -Ало??
    -Спиеш?
    -Кој е?
    -Јас сум!
    -Кој е тоа јас, по ѓаволите?
    -Не нервирај се, извини.
    -Но, кој е??
    -Навистина не знаеш?
    -Не знам.
    -Само сакав да се извинам, да ти кажам дека ми е жал за се, дека се каам, но мислам дека немаме веќе шанси. Сите ги прокоцкавме. Грешевме двајцата. Простувавме и пак грешевме. Бесцелно е да се обидуваме. Само ќе талкаме како двајца злосторници затворени во иста келија кои ја сакаат слободата.
    Не сакам да се повредам себеси, а ни тебе. Ти се јавив само да те известам. Утре заминувам. Ќе си го исполнам сонот од кој се откажав поради врскава. Беше џабе. Мене љубовта не ми е приоритет во животот...не повеќе. Довидување. Те сакав, навистина те сакав.
    Тут, тут, тут... Ми затвори. Го оставив телефонот...
    Утрото првото нешто што го помислив беше овој разговор. Сега изгледаше како нереален. Како сон, како кошмар. Го зедов телефонот за да му се јавам и да му посакам добро утро.
    Но, беше доцна.
    Таму, во листата на примени повици стоеше неговото име, времето укажуваше дека тоа не било сон. Било јаве. Тој одлетал...
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Критика за совршена слика
    [​IMG]
    “Намести се” - ми подвикнуваше сестра ми додека ја внесуваше главата позади објективот.
    Позирав најдобро што можев. Во главата вртев филм на топ модели и актерки со убаво испакнати муциња.
    “Не така, не чини. Брадата и онака ти е издолжена, не криви ја како црпалка”.
    Имав мал проблем со патентот. Но, на крајот успеав за го закопчам. Си земав и безопасна. За секој случај.
    “Изгледаш дебело. Која кројачка те осакати вака”?
    И чкрапна. Само еднаш.

    “Уште колку ќе чмаеме на сонцево? Јакиот факултет, толку пржење на платото не заслуживме”.
    Кнедла ми заглави во гркланот, но се насмевнав.

    Некаде околу 12 часот погледот ми запре на многуте бели рози кои го китеа капакот со боја на цреша. Го отворија. Тивко се наведнав и прошепнав:
    - Намести се.
    Се оддалечував полека и грациозно. Испуштив оддишка. И се насмевнав.
     
    На skyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Кога усните те изневеруваат,
    кога срцето вели да,
    што можеш ти,
    што можеш ти и сите твои напори.
    Овие денови се удирам се
    на едно те исто место,
    и боли, боли, боли.
    Местото на прстот и
    местото во срцето.
    А каде си, уште не знам,
    а дали мислиш на мене сега,
    уште не знам,
    и болката ако помине,
    ќе ти кажам.
    И се прашувам како не го боли другиот,
    кој без мене безмалку и толку издржа,
    а тебе, те боли ли?
     
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Седнав со црвеното фустанче
    на проекција на нечие битисување...
    Колебање, помош, добрини,
    молчење, солзи, гниење...
    Со шанси за бесконечност...
    Живот до недоглед.

    Преголема чистост
    за ова гнасно секојдневие.

    Станав предвреме.
    Столот ми го гужваше фустанот.

    Се стуткав пред вратата.
    Рикнав до недоглед.
    Молчешкум, одвнатре.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Ќе ги сокрие ли
    Ноќва
    Солзите што
    Ги оставив
    Да потечат
    Од очиве
    За да ја однесат
    Болката
    Од душава
    Ќе се изгуби ли
    Воздишката
    Некаде далеку
    Во глувотијата
    На ноќта
    Што ми се
    Откина од
    Градите
    Во кои чука
    Преполовено срце
    Ќе ја однесе ли
    Ноќва
    Тагата од очиве
    Или пак
    Сонцето ќе
    Ме затекне
    Со спомените
    За тебе
    И ќе ми каже:
    „ Веќе е нов ден “