Горчина Неспокој во оваа ѕвездена ноќ тишина... во мрак се' тони, неспокој и мисли чудни вo гради силна болка, тишината ме гони. Неспокој... и пак неможам да спијам жештина во душава ми врие! Издржи ме храбри една книга бол и јад срцево ми крие. Туѓи лаги на моја сметка, ех ова срце нервите ми ги кине си игра со мојот живот и ме води кон пропаст се радува, иако мојата душа пополека гине. Нема веќе да одам по стапките на моето срце нема веќе да ги води чекорите мои. Ах разуме каде си? Не направив ниту чекор се е исто на истото место стои. Скриено и добро спакувано во убави бои пелин како подарок ми нуди, ме тера да се премислам љубопитност во мене буди. Утро свежо сонцето пак од некаде ѕирка... румено небо нов ден пак се раѓа, но пак истата песна ја пеам желба како отровна стрела во срцето ме гаѓа.
Младост Младоста е лудост која остава траги додека живее таа осветлена е во ноќтта со песна и солза кога ќе се измори самата си става точка.
Моите две бутки, една крушка, не се веќе твоја потпора. Градиве на кои илјада пати умираше и се раѓаше... моиве гради и твоите солзи веќе не се едно. Затоа што ние сме есен љубов, ние гориме, а не догоруваме. Вечен немир! Ние сме есен, најсакан мој, затоа што нашата пролет е далеку. Те сакам
Уште едно дождливо утро. Типично есенско. Седам на прозорецот од мојата соба и ги гледам дождливите капки како полека и неуморно се спуштаат по прозорецот, оставајќи зад себе влажлива трага. Го сакам дождот кога не е ладен, утрово знам, не е...Го облеков есенскиот мантил и отидов на прошетка. Убаво е чувството кога прска дождот, кога на лицето чувствуваш свежина. И природата е убава, но...тажно е кога гледаш како пожолтените лисја паѓаат од дрвјата од капките дожд. Да, дождот не знае за тага, тој само еднолично ромори. Ги кисне покривите, тротоарите, патиштата...(знам дека не ме бива за пишување , но тоа не сум јас тоа сум само јас без него ..Ова ми треба за утре за на школо за природна појава да напишеме состав, па ова кусо го напишав, пројдува или слабо ? )
Незапирлива За сите оставени стапалки од снегот Кутрињата, ведрите носиња на излозите. За сите шолји кафе, какао, наутро, напладне. За сите зборници и книги што ги ловам со јадица под креветот. Во овој златен маглив свет постои едно место што те држи посилно од прегратката на денот. Има ќоше кај што се бараш себеси како отпечаток врз фотографија. Мала ноќна препирка дали јас или ти на тоа место градиме иднина. Знам, за сите весници и утринско млеко искапано на паркет зелени дамки паста за заби што му пречат на огледалото си велам - Ох, па животот е за да се љуби. Одново. И одново.
Семејство Лажичките ѕвечкаат во шолјите со чај, огнот се рефлектира во нивните очи, собата е исполнета со џагор и смеа. Изгледаат среќно, но дали се? Седнати покрај каминот, се раскажува минатото, по којзнае кој пат. Планираните нешта се исполниле, а тие се се уште заедно. И моите планови се исполнија, но моето семејство го нема. Сигнал за порака: мама загрижена за мене. Типкам полека. Звук за повик: тато ме бара... Ха, па како ми го нема семејството? Ете се, тука за мене секогаш. И тие не се совршено семејство, па не сме ни ние. А постои ли тоа топку посакувано совршенство?
Првиот бебешки плач, знак за почеток на нов човечки живот, почеток на една нова приказна... Живот-сите го знаат но никој не може да каже дека го познава, нешто апстрактно но сепак застапено насекаде околу нас. Успеси, падови, плач но и смеа, љубов и омраза..тоа е животот. Сите овие моменти, пресврти и контрасти кои животот ги ткае човек не би можел да ги поднесе ако до себе нема некој кој ќе му подаде рака кога мму е најтешко, да се насмее со него кога е среќен, со него да ги сподели моментите на тага и радост...да ја сподели својата љубов. Љубов...тоа е чувството на кое не може да му се каже не, бидејќи доаѓа ненајавено, доаѓа низ врата за која можеби не би знаеш дека останала отворена. Таа не е песна за да се научи на памет, не е ниту збор за да се запомни, таа е мистерија која секој миг го менува својот облик,големина,мирис,вкус,боја....а ние.....ние сме само вечни трагачи по неа. Се прашувам, дали љубовта е причина за треперењето на гласот, за неочекуваните и ненадејни солзи, дали љубовта го предизвикува онај немир во секој од нас ? .......прашувам но не добивам никаков одговор. Таа е нешто што најдобро умее да ги сплоти сите други чувства во една целина, да спои безброј спомени, чувства, доживувања, моменти во еден збор...Љубов. Умее да го натера срцето да каже ,,те сакам,, без да изусти ни збор, да го натера да каже колку е среќно без да запее песна, да го натера да трепери од страв и така да се скрие што ни најдобиот трагач на светот нема да го најде. Љубовта е чувство кое го разнежнува и затоплува и најтврдото срце, најгневната и огорчена душа. Таа е мотив секогаш да даваш повеќе, да вложуваш повеќе, правиш повеќе....да љубиш повеќе, дури и по цена да не ти се возврати истото. Да се жртвуваш себеси за таа сакана личност, секоја негова мана да ја претвориш во совршеност и како таква да ја прифтиш и вклопиш во твојот живот. Да чувствуваш љубов кон некого значи да го сакаш заради тоа што е, заради се што направил за тебе, за начинот на кој таа личност ти го исполнува денот и за тоа како самата негова појава мами искрена насмевка и нежен трепет на срцето...да љубиш некого е да се оддаваш со целото срце и душа, да го сакаш она ,,посебното,, во таа личност што ја направила совршена за тебе, тоа што со еден поглед и една насмевка може да ти го направи денот поубав, да се почувствуваш посебна и единствена...да те натера да го гледаш светот низ розови очила...да ти дозволи да се занесеш во еден свој свет, свој рај каде што не постои никој друг освен вие двајцата. Тоа е таа личност која ја љубам, онаа посебна, единствена и различна од сите други...онаа која навистина ми значи и зазема посебен дел во моето срце. Предизвикува и моменти на тага, разочараност...чувство кога сакаш да се затвориш сам во една соба, да ја слушаш омилената балада, да искажеш се она што ти тежи на душата плачејќи ..прашувајќи се каде згрешив?...што ако?....дали?.....................но сето тоа е неспоредливо малечко и незначајно со среќата која се чувствува во онај момент кога ја чувствуваш вистинската смисла на љубовта на своја кожа, она посебно чувство во стомакот, возбуденоста, совршеноста на тој момент...без тие контрасти љубовта не би била љубов, не би вредела толку, не би ја имала таа специфичност. Во секое едно срце се крие трошка љубов кон некого и секој човек копнее за љубов од некого. Љубовта не е да најдеш некој за кого ќе живееш...туку некој без кого нема да можеш да живееш.
Афродизијак Мојата рака на неговиот грб, колку само го сакам тоа чувство, се вљубувам секогаш одново. Ме носи до облаците, и погоре, а потоа заминува, и паѓам. Вечност, тоа ми треба, мојата рака на неговиот грб и така оттука до вечноста. Без да се враќаме назад.
Зборови Лесно е, нели, да се скове една реченица, составена од прости зборови или така малку посложени. Ги редиш така слободно, немајќи никаква програма, предходно утврдена, никаков закон. Слобода! Така се сите лични, секој за себе си умува, секој себе си се огледува – жолти нарциси самољубиви – еден до друг наредени, сардини во конзерва, тук поголем тук помал, од разновидност ме заболува главата. Секој тежнее кон самостојност, сака да се оддели од својата (не)верна дружина која му е фамилија, место кое почива, средина на општоразбирање. Желби се тие неисполнети, секој да биде осамен, самостојно оставен, незадеван од другите. Еден без друг не можат, стојат така немо и млитаво и иако нешто говорат – ништо не кажуваат. Па безволно ене, за рака се фатиле, гледајте погоре, некои нос затнале, не ги поднесуваат соседите, ал орото мора да продолжи, за текстот да се создаде...
Пробав да направам еден вид акростих, но тука нема ничије име, не е посветена песнава, туку почетните букви од стиховите го даваат насловот. Многу ми е страв! Морбидно лебди сениште Над секоја душа ранлива Огласувајќи се мрачно ечи Гроза во движење која Усмртувачки дејствува, печи. Марионетка и е човекот, Игра со него како сака. Егзистира вечно. Созрева молскавично, Таа нема милост. Работи со благовремено утврден план Алиби има секогаш Во душата тихо се населува. Шшш! – молчи да ја чуеш...
Една Една луда, непромислена, една невозможна, божествена, вечер над вечерите и во очајот најдов утеха. Кога ме гледаш така, иако не те знам, иако ти правам чест, а не те знам, забранет си, како најзабранетото овошје на светот. Мое јаболко. Ме болиш ли за да преболиш? Ме имаш ли за да немаш? А сама во самотијата имам мапа, а и не мора патот ми е спознаен веќе. Не грижи се, знам каде да одам, знам, а тоа ме плаши...
Крадлив(к)а Потопли ми се џебовите кога во нив место пари ги чувствувам есенските костени. Послатко ми е кога со прстот ќе нацртам срце на автобуското стакло место да се гадам. Да, од живот јадам. Со голема лажица. Речи ми дека сум ненаситна. Јас, пак од полиците со зборови со бои со чекори Ќе крадам. За на овој свет да имам што да му дадам. Иако тој не бара ништо од мене.
Понекогаш Понекогаш кога дијалогот стануваше лит како искината крпа почнувавме да плукаме отровни зборови со таков ентузијазам како да се лушпи од сончоглед. Понекогаш си упатувавме скришни погледи полни љубов со истата посветеност како онаа на љубопитната старица зад окцето на својата врата. Понекогаш бевме убедени дека нашиот свет нема да опстои без нас во него и дека ќе замре нашата лична еволуција надвор од нас, но земјата ја продолжи својата револуција и после нас. Понекогаш ги осквернавувавме убавите спомени од погрешни причини и веројатно со причина да не остане траг после нас, но и тоа било неуспешен обид. Понекогаш без тебе правам калкулации колку би била по(не)среќна со тебе и добивам многу ламбда и делта и епсилон како решение. Понекогаш љубовта е растројство. Но, секогаш е поголема загуба воопшто да не те допре нејзиното осило! Но, оставајќи го своето осило, умира...
Би залепила црвен бакнеж на твојот образ, би залепила милиони бакнежи по цело твое тело. Оти е мое и ќе биде црвено! Потоа, би го запалила секое црвено делче, испотените слабини, накострешениот врат, влажните усни... Оти се мои и ќе горат!
За тебе. Ти си тој што ми треба, а го немам. Ти си тој што го сакам, а го немам. Да, вака ми започнува секоја моја мисла. Се само за тебе. Се поради тебе. И упорна сум, за жал. Клише е кога ќе кажам дека се ме потсетува на тебе, но навистина е така. Проклето посакувам да не е. Но е. Шетам низ градот, и се како да ми го говори твоето име. Како секаде да е твојот лик. Но, тебе те нема. Ти си тука, живееш и постоиш. Но за мене, те нема. Не те гледам, ја немам таа привилегија. А постоиш баш во мене. Те имам во секој здив, поглед, воздишка, насмевка, солза.. Живееш во мене, во некој дел од срцево те кријам. И лажам дека те нема повеќе. Се преправам, демек сеедно ми е. Ех, да беше .. Колку ќе ми беше полесна секоја вечер, а сега тешко заспивам. Колку ќе ми беше полесно секое утро, будејќи се а да не помислам каде си.. Се ќе беше едноставно и лесно. Но сега се е комплицирано. И несакам да помислам на тоа каков ќе ми беше животов да не се појавеше ти. Бесцелно е, ти си насекаде. И знаеш помислувам колку му е тешко на оние што имаат некој далеку и знаат дека кога тогаш ќе им се врати.... А како ми е мене, кога си толку блиску а сепак толку далеку?!
Архитектура на умот Посакувам да можев да ги слушнам сите приказни на светов. Да ги знам сите тајни за успешен живот, за исполнетост со хармонија, секој ден некој да извезе за мене нова прекривка од неговите спомени, а истата да ме топли. Толку луѓе, толку различни патешествија, посакувам да можев да ги имам. Се учи од сопствените чекори, но и од оние на другите. Не сакам да ги затворам очите пред она што може да ме научи да го прескокнам вирот, секогаш подобро е кога чевлите ми се суви… Чекориме по секакви улици, некои прави, некои криви, други прашливи и непроодни, учиме животни лекции од чекорите кои сме ги правеле по нив. Некои приказни биле топли, со мека основа, прекрасни за доживување, други ни ги повредиле стапалата… Секоја една од овие приказни е испишана во книга која секој од нас ја чува на посебно место во себе… Она што ме интригира е посебната особина на човечкиот ум тие приказни да ги повторува во реалноста, најчесто луѓето имаат потреба да се присетуваат на оние трнливи денови, додека пак спомените просеани со убавина, ги оставаат во втор план… Се прашувам зошто? Можеби за да се присетат на онаа удобност која во моментот ја имаат? Можеби да си доловат дека секогаш има подобро? Можеби…Како и да е… Снегот повторно ме израдува оваа зима. Прошетките по белите улици, надве-натри со забелени, кристализирани гранки од дрвјата кои бдеат над патеките за шетање, се едни од моите омилени. Се изгледа толку чисто, мирно…Сета неправда и непристојност како да се задушила во таа примамлива атмосфера која не повикува да заиграме на снегулките… Паѓаат и паѓаат. Пуста белина, ни ги крати очите и не гали по црвените образи. Шалчиња, капчиња, ракавици, неизмерно шаренило го стоплува студот во нашите погледи. Пристигнувањето дома е особено пријатно. Топол чај кој додека се правел, го процветал својот мирис низ просторијата во која седиме, две-три свеќи, човекот кој ви значи, драг разговор кој почнал уште на прошетката и ете ја вашата совршена вечер… Секоја прилика која ви е дадена може да биде во основа толку едноставна и еднобојна во почетокот, сè што ви треба за да добие топлина во себе е креативноста која се крие во вашиот ум. Идејата ми е, дека секоја нишка која паѓа врз вашите очи како превез, со малку труд може да стане големо парче ткаенина, секоја конфузија во вашето тело, може да прерасне во прекрасен танц, секоја игра која ја играте, може да стане вашата театарска претстава… Сè што треба е да верувате во себе, да споделувате и лицето на секое старо, да го измиете со ново.
Распната на љубовното платно Те допирам, тоа не си ти Истите очи, а друг поглед Истите усни, а нем збор И твоите образи огрубеле под моите прсти жедни за љубов Ме најде , а не ме бараше не, ти за мене не сонуваше мене во сонот не ме среќаваше а во мојот живот дојде непоканет да ме собориш со поглед, да ме соголиш и потоа да исчезнеш Грубо ги зариваш твоите ладни воздишки во моето топло тело, а јас глас немам да вриснам.. колку те љубам и колку те мразам само една солза во очите насетувам и не ја пуштам.. Седиме еден до друг ти во поинаков свет од мојот, што всушност е твојот јас кај тебе престојувам , а ти од себе бегаш за да ми избегаш со сите болки и немири во себе и јас повеќе не знам што да чувствувам ти ме збунуваш, ти ме уништуваш, ти ме убиваш.. молчиш и тогаш најсуров стануваш на лице маски си ставаш и патуваш само да бидеш подалеку од љубовта подалеку од мојата прегратка.. На ова платно љубовно ти ме распна па мојата крв ја валка неговата белина љубовта крвари, преживува.. ако успее од твојата рамнодушност да преживее Ме сечеш се подлабоко а јас одбивам да се покорам чувам глас за живот да побарам ако имам сила да се осмелам без тебе да живеам, а половина да не постојам И пак те допирам , а тоа не си ти.. телото ладно, а душата ти ја нема жив мртовец во своја кожа и двајцата умираме еден до друг јас од тебе, ти од нејасни причини.. и во некои чудни форми постоиме распнати меѓу нежност и грубост меѓу љубов и болка меѓу страв и надеж распнати меѓу себе, крвариме.. а за сите други...живееме.. Ти да.. Јас не..
Љубов беше Љубов беше она што не ми даваше мир додека се друго беше совршено. Сега гледам, ни ѕвездите не се исти на небото после тебе. Љубов беа оние стари времиња кога се држевме рака за рака, со насмевка на лицето живеејќи го истиот сон. Љубов бевме ние, некогаш и некаде, на некоја стара клупа покрај кеј изрежана со нашите имиња. Се прашувам барем дали ја паметиш онаа ноќ во далечната '93 кога првпат се бакнавме? А јас сеуште го барам твоето лице во луѓето што поминуваат и со наивна насмевка ги посматрам момчињата со разбушавена косичка мислејќи дека тоа си ти, убедувајќи се дека си ти.. Но тебе те нема, а јас веќе не припаѓам под ова небо, ти го скина моето делче од небото. И си замина.