Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Доцна е

    Насмевка на лицето секогаш,
    А тагата ја криеше,
    Додека мене ми требаше тука беше,
    Ехх, а сега каде си?
    Жалев по тебе и сега жалам,
    Дали сум виновна, не знам
    Ама тебе те нема...

    Можеби можев повеќе да сторам,
    А не само да заминам,
    Таа ја искористи мојата незрелост
    Онаму кај што не сакав ме однесе
    Сега е доцна за каење
    Камо да можев да те вратам,
    Ама не можам, доцна е.
     
    На SexyLady, De-lovely, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Насекаде

    На сите делови од светов
    оставив дланка надеж
    дека ќе можеш
    да ме најдеш
    скриена во олуците
    како гром
    најдена во весниците
    како Дом.


    За кој сонуваат скитниците.
    Топол оброк
    студена лажица
    мал праг
    за голема стапалка.

    Со залезот ме покрива
    секоја приказна
    од зборови ум веќе не патува
    дишењето е
    нов перон
    часовник што брза а стои
    станица.


    Без граница
    и крилја што болат
    кога
    за небото молат.


    На сите делови од светов
    се распрснав.
    Немам од каде да сум.
    Што ми треба.


    Кога во тебе се изгубив.



    *посветено.
     
    На starfish, SexyLady, De-lovely и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Недостасување

    Ти си...
    мое утринско кафе.. кое го пијам со сласт.

    Ти си...
    денско сонце.. кое ме топли, милува по косата, образите, дланките.

    Ти си...
    вечерна месечина... која ми го просветлува патот и кога е ноќе,
    кога ме фаќа страв од непознато, скриено, неоткриено.

    Ти си...
    сино небо со густи бели облаци... кои секогаш се во различна форма и ми го прават денот различен,
    но уште поубав, поинтересен, никогаш досаден.

    Ти си...
    мојот драг пријател и неодолив љубовник... совршена комбинација од душа и тело.

    Ти си... дел од мене.
     
    На marama, SexyLady, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Ние сме светот,
    Рече еднаш меѓу редови помеѓу чадот од цигари запишани.
    Тие зборови останаа да лебдат кај што ние веќе не сме,
    А светот таму почнуваше.
     
    На MarchelineAmaru, Springy, SexyLady и 4 други им се допаѓа ова.
  5. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Другар


    Другар, кажи ми што да правам,
    другар, кажи како да се справам
    со сите околу мене.
    Како да ја поткопам болката,
    како да ја најдам силата,
    како да издржам, другар.
    И цигарите на маса оставени,
    негови, другар,
    и воздухот загаден од неговиот парфем,
    другар.
    А не те болеше ли за сите прашања, другар,
    за безобзирноста моја,
    кога не знаев, другар,
    а како кога љубовта кон тебе се насочи,
    а како сега без и таа ронка љубов твоја,
    другар.
    Другар или љубовник,
    важно секогаш во мисливе беше.
    А како да ти кажам, другар,
    кога самиот збор ме боли.
    Другар.
     
    На blueeparadise, SexyLady и Bright им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Саботно попладне - тато пушта рок,
    тато сака сентиш,
    тато е носталгичар.

    А јас изгубена во некое време,
    во некои чудни места,
    го китам својот ум;
    плетам и расплетувам;
    пишувам и свирам-
    за утре да не се покајам!
     
    На De-lovely, blueeparadise и SexyLady им се допаѓа ова.
  7. Mine-to

    Mine-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Еве нешто и од мене..


    Беше материјална девојка која не мислеше на никој освен на самата себе. Сите велеа кралица на модата, на убавината, сите ја познаваа како ладнокрвно суштество, никој не знаеше што всушност се случува во нејзината душа и срце. Никогаш не дозволуваше да биде искористена, секогаш таа искористуваше. Но сепак таа чуствуваше голема болка и тага. Беше вљубена во едно симпатично момче, една година постаро од неа, висок, со прекрасни очи и прекрасно милно лице.

    Една вечер таа се охрабри и реши да му прати писмо. Го напиша и го стави на ноќната масичка покрај креветот. Утрото веднаш го прати. Кога тој го прочита писмото се возбуди. Девојката што ја сака, што мислеше дека никогаш не би ни помислила на него, му пиша. Реши да и врати. Вечерта цела ноќ мислеше што и како да напише. Најпосле го напиша совршеното писмо. Сакаше лично на рака да и го предаде. Утрото појде накај училиштето. Замислен, поминуваше улица и не примети дека иде автобус. Одеднаш автобусот закочи, но беше предоцна. Сето тоа се одигра пред очите на девојката. Не знаеше што да прави. Само солзи и потекоа. Сите се зачудија на тоа, но сепак не можеа ништо да прашаат. За жал момчето беше починато на лице место. Тоа остави голема трага во неа. По таа случка сакаше да се самоубие, но сепак размисли дека е подобро да живее и да го чува споменот за него во себе...
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ех ајде и јас една ќе напишам,му ја имав посветено,одамна е напишана :) И други имам пишувано,сите за него...

    Љубов моја

    Љубов моја биди ми се,
    знаеш дека сакам да си крај мене,
    и не се откажувам додека тоа не го оствариме,
    не е важно што мислат другите
    затоа што не можат да почувствуваат како болат ноќите
    кога не си крај мене,
    кога сами течат солзите,
    кога те бараат рацете,
    кога се сушат усните,
    кога душата вика "гушни ме",
    кога срцето вика "почувствувај ме",
    кога се ти кажува САКАЈ МЕ!
    Ми требаш срценце,венеам сама ден по ден,
    остани и сакај ме!
     
    На Shaila, Grunge, blueeparadise и 3 други им се допаѓа ова.
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Ние со други зборови

    Ние:
    песок на брегот
    целина од милиони зрна
    секое засебно и само за себе
    различни јадра, центри, чувства.
    Едно само зрно, побегнато на страна
    не гради песок.

    Ние:
    облаци на небого
    пајажина од густ памук
    испукан во небото, врзан со нишки
    бело, меко оро.
    Првиот облак дувнат од ветрот,
    не го остава брата си зад себе.

    Ние:
    поток длабоко во шумата,
    бистра вода, засјајува очи
    мие нежно лице, пои млада душа,
    свежина…
    Една молекула безпросторна,
    не прави вода.

    Ние:
    Песна напишана
    длабоко од душата,
    состанок на зборови и помлади букви,
    испишана хартија.
    Еден збор осамен
    не гради песна.
     
    На innablood, De-lovely, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Его му беше средно име

    Еј ти, што на тебе јуни мириса
    Еј ти, што го чуваш светот меѓу четири ѕида,
    Еј ти, што сонце те огрева,
    Еј ти, што ја владееш ноќта.
    Што рушиш ѕидови и ништо не те боли;
    Што љубовта под стапала ја носиш и
    Оставаш рани длабоки,
    Светот мал е за твоите идеали,
    ( А светот колку голем е ).
    Еј ти, дај сврти се наоколу и погледни,
    И ако се најдеш себеси тажен и сам,
    Сети се, сети се дека си најсакан.
     
    На Divinebutterfly, blueeparadise и De-lovely им се допаѓа ова.
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Никогаш повеќе

    Соблечена до гола кожа,
    наликуваше на есенско дрво.
    Тој беше нејзиниот силен ветер,
    кој ја фрли облеката на земја,
    како ветерот што ги фрла лисјата.
    Стоеше исправена пред него,
    како дрво на сред парк.
    Само го наведна лицето,
    никој да не го види.
    Во очите и се отслика срам.
    Ги стави рацете околу неговиот врат,
    со прстите му го помилува грбот.
    Го исправи лицето,
    им се споија усните.
    Еднаш таа беше негова,
    еднаш паѓаат есенските лисја,
    еднаш тој беше нејзин ветер,
    еднаш и никогаш повеќе.
     
    На Bright, mysterious, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Состојби


    Меко е сето
    ова небо
    кога на него

    лежиме

    Наопаку, со главите висиме.


    Балони
    што ја чекаат својата игла.
    Музика
    ко од грамофон.
    Крцка и пука
    мелодија.


    Се сеќаваш, ли
    колку се љубевме вчера,
    а знаеш ли
    колку ќе се љубиме и утре?


    Заврзи ме
    ко некое кутре.
    Ќе чекам верно
    да пораснеме.
    Доволно.
     
    На blueeparadise и Bright им се допаѓа ова.
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.370
    Пол:
    Женски
    Сонцето само што изгреа, нежни зраци се преливаа низ прозорецот.Беше утро, а најубавите утра и беа кога ќе се разбудеше покрај него, но ова утро беше посебно, ја разбуди мирисот на кафе и мекиот бакнеж на нејзиниот образ.И подготвил појадок,скромен но убав,крцкав тост и бразилско кафе.Неа ја радуваа ваквите ситници, а тој го знаеше тоа.Те љубам мила тивко и шепна на образот, нека ти е среќен роденденот. А таа се насмевна, како сонце кое секогаш блеска и споделува дел од неговите зраци.И подаде мало неуредно завиткано поклонче и писмо, и замина, а таа не му замеруваше, знаеше дека мора да оди.Возбудено го отвори поклонот и пронајде прекрасно ланче, а на ланчето изгравирано Засекогаш твој Л. Жешки солзи и се слеваа на образот, беше среќна што има некој како него.Полека, голтка по голтка го пиеше бразилското кафе и гледаше во писмото и конечно го отвори.Лошите ракописни букви ги голташе радосно, па тој и купил билет за Париз, нејзината неостварена желба.
    Тоа утро, го сакаше повеќе од било што на светот.

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Не знам... Можеби?

    Не знам зошто но сакам да ја гледам твојата насмевка
    Не знам зошто но сакам да видам болка на твоето лице
    Можеби затоа што сакам да сум јас причината за твојата среќа и тага.

    Не знам зошто но мислам дека си совршен
    Не знам зошто но ги сакам твоите мани
    Можеби се лажам и сум само лудо навлечена на тебе.

    Не знам зошто но знаеш дека веќе не е исто
    Не знам зошто но ти повторно си тука
    Можеби се надеваме на вистинската одлука.

    [​IMG]
     
    На K0STOVA, marama, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  15. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Магични ноќи заедно поминати,
    ноќи кои посакував вечно да траат.
    Но веќе не.
    Сега единствено друштво во овие мрачни ноќи е црвеното вино.
    Виното ми е единствена утеха , камуфлирано во црна чашка, на која има лавче.
    Тоа лавче е мојот хороскопски знак, но веке не се пронаоѓам во карактеристките што ги има борбениот лав.
    Велат во виното е вистината.
    Мојата измена на оваа поговорка би била- Во виното е мојата утеха.
    Знам дека виното нема да те избрише од моите усни.
    Ни јас не го посакувам тоа.
    Сакам да си до мене, ми требаш , многу ми требаш.
    Не сакам во оваа доцна ноќ да седам покрај прозорецот,
    не сакам да ги носам овие пиџами.
    Сакам да сме заедно на задното седиште од твојата кола,
    со тебе се чувствувам премногу разгалено,
    ми овозможуваш се .
    Мирисот на портокал во твојата кола ме излудуваше,
    ми дејствуваше како афродизијак!
    Знам дека ке се вратиш, знам.. Секогаш се враќаш по уште..
    Навлечен си на мене..
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Најмала

    Дождот е аплауз што му го дава небото на светот...

    ‎...и да продолжам:
    Времето се чува ладно во фрижидер
    Очите плачат зошто солзите имаат рандеву со скопската прашина,
    Јас и ти сме балони закачени на облакодер
    Срцето денес е љубовна машина.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Ти

    Чувствував спокојство додека другите расправаа за некоја банална работа, дали зборот се пишувал со В или без. Обично би била прва во тие дебати, откако знам бев роден јазичар, ги забележував и најмалите грешки, најмалите пропусти. Но тогаш не. Додека се движевме кон моето место за криење, гледав низ прозорецот. Гледав како маглата беше се спуштила над падините, толку ниско што речиси ги покриваше. Како двајца несреќни љубовници, доволно блиски за да се почувствува присуството, а сепак доволно далеку, за да таа знае дека не е тука за неа. И тогаш како надвор од се` да бев, како ништо да не беше важно, како се` да беше поправливо, освен тоа. Знаев дека ќе ме оставиш без со прст да мрднеш за мене, иако не знаев зошто. А знаев дека јас би те пуштила тебе, само кога гравитацијата би ги пуштила лисјата да останат на дрвјата во есен.

    Се смени уште едно годишно време, беше различно, а изгледаше толку исто. Едно. Помиреноста со работите е добра или лоша?

    Не знам да одлучам. А и како би, кога друг избор не ми остави. Сем тоа да те сакам... А тоа е малку, за јас и ти, очигледно премалку.
     
    На marama и blueeparadise им се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Еве нешто мое, напишано пред година дена кога се чувствував толку големо а бев всушност многу мала, кога светот беше мој а јас мислев дека се е изгубено.. Епа, повелете. :) (Можеби сум ги постирала истиве текстови, не сум сигурна, ако е така се извинувам. :))


    Тишина. Нема никој, само ние двајца. Само нашето дишење ја нарушува целата тишина, ја зголемува напнатоста и немирот. Неможам да те погледнам во очи, знам ова е погрешно, не треба да сме тука, о зошто го правам ова? Зачекори напред. Уште поблиску. Ми го зема здивот. Сакав само да се свртам, да побегнам, далеку. Но не можев. Бев парализирана, исплашена и возбудена и толку растреперена. Ме погледна.. длабоко. Ме фати за рака. Чекај.. се оддалечив. Не, единствен пат и неможев да прочитам што се криеше зад твоите очи, што ли мислеше во моментов. Дали е ова правилно? Зашто сум овде, зашто сум со тебе? - илјада мисли молскавично поминуваат низ мојата глава. Немам време за мислење, за покајување. Тука сме и нема повеќе враќање. Знам, те сакам, сигурна сум во тоа. Но, сепак нешто ме враќа назад.. Далеку од тебе. Кого да слушам, срцево или разумот? Кога се навраќам, посакувам да не го послушав срцето.. Секогаш не води на погрешни правци, не размислував.. Препушти се на моментов, не се грижи, го сакаш. - упорно настојуваше тоа. Да, го сакам, но дали тој ме сака мене ?! Искрено, денес толку се сомневам во тоа. Во неговите зборови и неговите лажни погледи. Се приближи.. Немав веќе каде. Сега прочитав во неговите очи, нетрпение и толкав немир. Се обидував да се убедам самата себеси, не е погрешно, немаш зашто да се двоумиш, го посакуваш.. А и сепак, искушението беше преголемо. Атмосверата беше напната, тензијата се чувствуваше во воздухот.. Фалеше само уште една минута. И, се случи. Допир на неговите усни - и магија. Штета што траеше прекратко... Се траеше толку кратко, а сепак беше толку убаво. Но требаше да знам.. порано. Требаше да знам дека ти воопшто не знаеш да сакаш, ти немаш срце. Знаеш, проклето те сакав! Но, веќе не. Се прашувам, како успеа да ми го земеш срцето, толку лесно, без ништо да направиш? Љубовта... хах, толку чудна работа. Неразјаснета. Толку пати бев повредена, па излечена, стотици рани, стотици срчи во ова срце. Но повторно знае да сака, повторно може да сака. И љуби.. силно. Без граници . Но, повторно греши. Повторно сака погрешен. Каде тоа ќе го доведе? Него.. и мене. Некако, се чувствувам изморено. Толку пати изневерена, повредена, безброј лузни на срце. Смачено ми е од љубовта, тагата и болката што таа без да знае толку многу ги нанесува. Но, сепак сеуште сакам и ќе сакам. Животот не вреди без љубовта. Колку и да боли, боли на таков прекрасен начин. Неможеш да и одолееш. Знам дека повторно и повторно донесувам погрешни одлуки, но љубовта не прашува.. не знае за НЕ. Сега се борам - со него и со разумот, кој ли ќе победи? Незнам ништо, само знам дека сакам да си тука до мене, ми недостигаш и колку и да ме повредиш секогаш ќе те чувам, тука. Знам, и не те давам никому...


    Незнам. Најлесно е да се каже незнам. Но навистина - јас НЕЗНАМ. Што се случува? Зар сме изгубени? Топла соба, студено срце. Животот е пред нас - често знаете да речете. А што кога ќе те предадат? Што кога ќе те излажат? Животот продолжува понатаму.. да. Сигурна сум во тоа, но кога? Чекам веќе долго, на студената постела, не гледам како одминува времето - чекам твој глас, твој знак..нешто твое. Со секој твој збор се повеќе ме разочаруваш, повеќе не верувам во тебе. Но, знам секогаш ќе те сакам. Како можеш со тој студен тон, толку лесно да расудуваш?! Лесно ти е тебе, но ги кршиш другите. Сеуште се надевам, ќе дојдеш и ќе ме прегрнеш. Во најстудената ноќ, мене не ми треба ништо друго само една прегратка и збор. Неможам да те заменам. Што видов во тебе? И јас често се прашувам. Никаква убавина.. за да ме плени. Можеби затоа што си толку горд и самоуверен си играш со секого и секаде. Ах, колку лесно паѓам на само еден твој збор. Знаеш, ми недостасуваат тие денови кога зборевме со часови.. Знам не се многу одамна, но за мене еден единствен ден без твојот глас го чувствувам како вечност. Што е толку посебно во нашите разговори? Незнам. Повторно. Но, еден час со тебе ми поминува како минута. А јас сум ненаситна, сакам уште и уште.. Ќе те добијам ли некогаш? Ќе имам ли нешто твое? Во темните ноќи кога не ќе можам да заспијам, да го држам до себе, притиснато и да не го давам никому.. Еден единствен спомен од тебе, твојот мирис, твојата насмевка, твојот лик.. Сега веќе те гледам секој ден. Но, што ако ? Поминувам..и ништо. Погледни ме бар уште еднаш, за крај. Да потонам во твоите очи, толку длабоки.. Се уништувам себеси, со самата помисла на тебе. Со помислата на твојот допир, тој ненадминлив поглед. Но, не можам. Неможам веќе вака. Во моментов посакувам две работи.. Или да те имам засекогаш или да се избришат сите спомени со тебе од мојава глава. Да не се сеќавам, да не се мачам повеќе. А и можеби ќе дојде некој ден, кога ова ќе се случи? Којзнае. Незнам.
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Времиња

    Храбро е да се сетиш
    на болката
    и од неа
    да остане
    само признание:

    "Toгаш, вредеше".


    Во животов
    растеме
    и
    умираме
    постојано.


    Но, дали живееме...
    Во исечениот прст додека лупиме јаболко
    во наоблачените прозорци додека водиме љубов
    во поткршените нокти од грабање сегашност
    Храбро е да се сетиш
    на глетките.
    Со гласно издишување.

    "Тогаш, вредеше".
     
    На Bright и blueeparadise им се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Си беа еднаш една мачка и еден мачор.
    Тој циметен, таа портокалова.
    И како што овие вкуса одат заедно,
    така одеа и тие.
    Во лето беа туѓи,
    во зима беа свои,
    во пролет заборавени,
    во есен обожавани.

    Си постоеа еднаш една мачка и еден мачор.
    Затоа што така сакаа.