Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Љубов и глад

    Во врзопчињата јуфки
    скриј се
    лукот и моцарелата
    по мирис ќе ги фатам.

    Танц на пареата
    да се клатам
    на ливчиња спанаќ
    да се лизнам
    на маслиново масло
    да шизнам

    Кога ќе се стркала домат
    ситен, битен, буен,
    Фрс!
    Тавата зборува
    мирисни ми ја
    женственоста.
    Од колк љубов
    Од срце глад.
    Погледни ја чинијата.


    *јуфки во спанаќ сос со лук и домати*
     
    На SexyLady и Hipica им се допаѓа ова.
  2. Miss-Sinner

    Miss-Sinner Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    14
    Ми треба нешто ново.
    Некој да ме сака.
    Да ме почитува.
    Да ги трпи моите испади без причина.
    Да ме поднесува и во најлошата состојба.
    Да ми се јавува само да ми го слушне гласот.
    Да ми посакува убав ден.
    Да ме смее кога ми е тешко.
    Да ги дели со мене своите тајни.
    Да ги слуша моите досадни приказни.
    Да биди упорен кога не му се јавувам.
    Да ме изненадува кога најмалку очекувам.
    Само толку.
    После се.. заслужувам!
     
    На crazylady и ceca-1 им се допаѓа ова.
  3. Idealist-ka

    Idealist-ka Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Искрено кажано на форумов се зачленив надевајќи дека со вас, покрај другото, ќе можам да споделам и дел од она што го пишувам, па ќе добијам некој совет или насока... Па еве нешто и од мене...

    Последната Роза

    Овенуваа
    Една по една.
    Дел по дел
    животот ги напушташе.
    Нивните духови се издигаа
    ги допираа вечните височини
    го спознаваа универзумот
    се враќаа во старото царство
    и клекнуваа пред Него.
    Се губеа чувствата, сетилата.
    Радоста умираше.
    Светлината полека се гаснеше.
    Злото ја премаше власта.

    Исчезнуваше опјниот здив.
    А оној што беше останал
    се губеше низ смрдливиот воздух.
    Силата ги напушташе.
    Полека ги затвараа очите,
    главите не го издржуваа товарот,
    се наведнуваа.
    Капеа нивните листови.

    Се изумираше.

    Но, таа издржа.
    Не потклекна пред темнината.
    Не му се исплаши на злото.
    Не се задуши од воздухот.
    Не...
    Таа беше посебна, посилна.
    Ги издржа солените поплави,
    кои го одземаа чувството
    на се што допреа.
    Беше бела како снег,
    посветла од светлината...
    Нежна,
    невина како дете...

    Но... дојде и зимата
    и ги рашири нејзините крила.
    Облаци висеа насекаде.
    Замре песната на ластовичките.
    Ноќта беше како вечност,
    Дните се постудени.
    А Таа беше сама.
    Осамена,
    храброста и се губеше.
    Студот полека и ги замрзнуваше жилите.
    Се исчезнуваше...

    Осамна и утрото,
    тажно, темно,
    а снегот го обелил сиот свет.
    На местото на кое живееше таа,
    немаше ништо...
    Нејзиното тело се изгуби во белилото...
    Нејзината душа
    се вивна во височините.

    Замина и Таа, последната.
    Последната роза.
     
    На De-lovely и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  4. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Виното на мојот живот
    Уште еден ден замина во заборавот,уште еден пат часовникот го победи минатото.
    Седам сама со чаша вино во раката,а ноќта ме прегрнува и ме носи на уште едно патување низ спомените.
    Старите ми имаат кажано дека виното вели:бегај,но јас повторно ќе те стигнам.
    Но каде можам да побегнам?
    Од овој живот во туѓ неможам да влезам.
    Спомените се туркаат во редот да влезат во моите мисли,а јас со секоја голтка од чашата давам дозвола само на еден.
    Голтка по голтка чекорам над мозаикот од мојот живот.
    Секој спомен раскажува своја приказна,исткаена со мирисите,звуците и лицата на своето време и секој нареден е поблед од другиот.
    Сите се како бисери од еден ѓердан недонижан кој спие на дното од празната чаша оставена на масата.
    Станувам и решително тргнувам да донесам уште бисери собрани од иднината,за да го донижам ѓерданот кој ќе го носам како украс еден ден кога повторно ќе го пијам
    виното на мојот живот.
     
    На De-lovely, Divinebutterfly, PlaviOrkestar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Обидување

    Животот минува во обид,
    сакаш подобро од најдоброто,
    несвесно...
    Или свесно?
    Сакаш нешто кое не можеш да го имаш,
    тоа го знаеш,
    или сепак не?
    Сеедно...
    Се обидуваш.
    Сакаш да летнеш,
    но немаш крила,
    сепак се обидуваш...
    Упорен си,
    или тврдоглав,
    сеедно...
    Ги отвораш затворените врати,
    сакаш да скокнеш две скалила...
    Едно е веќе малку...
    Амбицијата станува лакомост.
    Без да знаеш
    се претвораш во роб на стремежот,
    стремежот кон непостоечкото,
    стремежот кон совршенството.
     
    На Divinebutterfly и LUNA.girl им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Тој ја пушти нашата омилена,
    нашата песна...
    Тој ме прегрна оти не знае дали ќе има утре,
    тој е јас онолку колку што може да биде!

    Ме покри со ќебето,
    тој ме љуби,
    тој и јас сме жители на некоја шума,
    голема, тажна шума.
    Јованче и Марика!

    Се гушкаме исплашено,
    а демек сме толку силни.

    Те сакам оти сме сами!
     
    На L-enna, Divinebutterfly, LUNA.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. PlaviOrkestar

    PlaviOrkestar Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    23
    Како најнов член на форумов, немојте да ми замерувате ако правам некои грешки. А, и морам да напоменам дека се зачленив првично за да можам некаде да ги пишувам текстовиве и да кажам што ми лежи на душа. :)

    Во студеното сивило..
    Се прашувам каде исчезна детето кое секој ден ни изнудуваше насмевки? Се прашувам што се случува со децата, што се случува со тинејџерите кога стануваат возрасни.. зошто го губат и последното делче од детето во нив? Како некое чудовиште кое спиело во дното на нивната бесконечност да се разбудило и да го изело. Зошто сите сметаат дека треба да се порасне ? Не. Никогаш нема да пораснам. Моето тело и лика ќе се изменат, но душава.. никогаш нема да бидам возрасна. Сите возрасни полека, полека, но сигурно ги губат своите души, забораваат што ги правело среќни. Тврдоглаво се трудат и одат против сите закони и сета логика, а сепак не им успева. И за чудо, неретко денешнава младина вели: “Сакам да пораснам, никој не ме сфаќа, доста ми е веќе!”. Зошто ?! Зошто да пораснам? За моето битие да се изгуби меѓу другите клонови ?! Секаде околу нас гледаме насмевки, но никој не се ни потрудил да ги забележи тажните очи. Никој. Бидејќи сите гледаат за себе, не сфаќајќи дека туѓата среќа може дупло да ги израдува. Зарем не е поубаво кога на бездомник ќе му дадеш некоја пара, подарувајќи му топол оброк, кој за тебе и не значи толку? Но, денес речиси никој не ја почувствувал таа радост поради себичноста и алчноста, сакајќи да имаат се за себе.
    А креативноста? Што е со неа? Кога ќе пораснат луѓето го губат детето во нив, го забораваат изгубено во суштината на нивното безлично битие. Кога ќе ја погледнам толпата, така изгубена.. се што гледам е сивило. Нијанси на црно и бело... секаде околу мене. Многу ретка глетка е онаа, обоената. И многу се радувам кога ќе видам некој кој знае да ужива во животот, во потполност, целост. Но, за жал, тие луѓе денес веќе стануваат епидемичен вид. Жално, нели ? Да, жално. Се трудам со сите мои сили на целото мое битие да го променам тоа и да направам и најмало подобрување кај луѓето. Како што некогаш рекле: “Биди промената што сакаш да ја видиш во светот.” А, како што гледам, во денешницава се чини како никој да не сака да промени ништо, како да им одговара да живеат во ваков уништен свет, во вакво студено сивило...
     
    На De-lovely и LUNA.girl им се допаѓа ова.
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Дозволи ми да те Љубам.
    Дозволи ми да бидам судбината
    во твојата солза.
    Дозволи ми да бидам
    брчката на твоето лице.
    Дозволи ми да ти напишам Љубов
    во срцето.
    Дозволи ми да те фатам за дланка.
    Дозволи ми да бидеме Ние.
     
    На Neytiri, Divinebutterfly и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  9. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Од кога годините станаа мерило за мојот успех?
    Зарем сите останати се натпреваруваат со замислениот лик во огледалото?
    Постои ли такво нешто како конечна победа?

    Нема одговор на овие прашања или можеби ќе можам себе си искрено да одговорам.Па тогаш вака...
    Девојко твоите години никогаш не биле мерило за успехот,тоа сакаат да ти го наметнаат оние што пред тебе се расфрлаат со нивните успеси а во душата го кријат неуспехот за неисполнет и празен живот,длабоко навредени од мирот што е во твоите очи.

    А кога сме кај огледалото...пред тебе секогаш стои насмеаниот лик кој секое утро те поздравува и ти посакува уште еден убав ден во твојот живот.
    Те молам никогаш немој да дозволиш да се сретнеш со ликот кој ќе те прекорува за денот што поминал и ќе ти нареди како да живееш денес.Поради тоа луѓето престанаа со радост да се погледнуваат во огледало освен кога треба да ја стават маската за пред другите,после некое време забораваат и кое е нивното вистинско лице.

    Конечна победа...која е таа?
    Зарем после таа победа престанувааш да живееш,зарем таа е толку величенствена што не остава простор повеќе за ништо друго никаква радост,тага,желба,сон...
    Колку голема заблуда за оние што се борат а не сфатиле дека тоа трае додека човек дише.
    Девојко затоа немој по секоа цена да бидеш победник затоа што тогаш можеш да изгубиш најмногу...сфати дека после оваа битка доаѓа друга,и друга ,и друга се додека постоиш,чувај ја силата и за уживање со себе си и луѓето што ги сакаш затоа што по тоа ќе бидеш запамтена.

    Јас не сум успешна деловна жена.
    Јас сум само успешна жена.
    ДАЛИ ТОА Е УСПЕХ?
     
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Белешка на фрижидерот


    Сакам
    со тебе да флертувам
    да ти ги барам ќошевите
    (облините сите
    си ги знаеме
    и му ги нудиме на светот).


    Сакам да те откривам
    додека спиеш
    и ме сонуваш
    (не за да ти биде ладно,
    туку да те запознаам
    каков си
    и гол, целосно).


    Сакам, да си тука
    зошто
    само така
    Светот е реално место
    во кое
    постоиме.
     
    На Bright, Divinebutterfly, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mihaela.B

    Mihaela.B Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Dodeka cekoram...

    Dodeka cekoram znam deka postojam,dodeka se slusa mojot glas znam deka znacam nesto i se dodeka sum vidliva za drugite togas znacam nesto i se dodeka sum vidliva za drugite togas znam deka se uste e priznaeno moeto postoene i deka ne se gubam megu praznite redovi na zivotot kade zatalkuvaat onie izgubeni dusi koi bile vo potraga po nesto podobro od zivotot.Premnogu pateki,a premalku znaci da ne upatat.Mnogu svetila vo zivotot so izbledena boja,neobjasneti pricini za ona sto go narekuvame ljubov,vistina,laga,fantazija,mnogu prasana za ona sto nie go narekuvame ZIVOT .

    [mod-kirilica:20f1kvt0][/mod-kirilica:20f1kvt0]
     
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Долга и ладна е оваа ноќ,
    крикот на болката
    од далеку го слушам.
    Нејзиниот звук ме обзема
    ја чувствувам како полека ме убива,
    сече како нож низ гради,
    не запира..

    Сивило натежнало над овој град,
    ме покрива маглата
    мириса на невоља.
    Чекорите ме водат
    кон улици темни.
    Тишината е единствениот
    звук кој одѕвонува околу мене.

    О, барем да беше до мене
    еден збор да кажеше,
    една прегратка да ми подареше,
    ќе замолчев, тивко ќе заплачев.

    Солзиве го растопуваат
    мразот кој беше нараснал
    на врвот од моето срце.
    Зарем не ја чувствуваш
    неговата топлина ?

    Имам толку работи да ти кажам,
    но немам зборови
    повторно се премолчувам.

    Проклета да е далечината!
    Еве ти го срцето, чувај го, не повредувај ме...
     
    На girl.23, COollLady, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Разнолики слики

    Денови обоени со боја на
    љубов и трепет,
    паника и убавина,
    страв и допир,
    соништа и есенски листови,
    календари и компаси,
    часовници и заборав...

    Илјадниците слики во еден филм
    низ глава ми се премотуваат,
    и постојано ги оживувам
    со секое мое сетило.

    Новооткриените песни
    ми го разведруваат денот,
    сакам нов, жив, ведар впечаток
    за оваа моја животна доба.

    Сакам да се одбележи ова време,
    и тука и сега,
    и овде и онде,
    со мали значајни ситници
    и големи освртни моменти,
    со букви и бројки,
    слики и филмови,
    со насмевки и солзи,
    доблести и мани,
    чекори и постапки...

    Но најмногу со чувства.
     
    На De-lovely и L-enna им се допаѓа ова.
  14. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Тука на градите,
    во прегратка дојди,
    слушни ја песната на срцето,
    шепотот на душата,
    осетиго оганот на страста,
    моето тело
    од допирот твој гори.
    Ангелу мој,
    подај ги рацете,
    со дланките
    допри ми го лицето,
    среќна сум овде и сега,
    додека ветрот си поигрува со твојата коса.
    Немој никогаш
    да престанеш да ме сакаш,
    без тебе сум како ден без сонце.
     
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Не знаев.

    Никогаш не знаев да ти кажам убав збор.
    Никогаш не знаев да ти кажам те Љубам.
    Никогаш не знаев да ти кажам
    - ајде да одиме на старото место,
    каде месечината плетеше плетенка од мојата коса.
    Никогаш не знаев да ти кажам
    - сакам да играме танц на дождот
    и да постоиме само Јас и Ти.
    Никогаш не знаев да ти кажам
    - ја чувствував твојата мекост.
    Никогаш не знаев да ти кажам
    - нацртај ми Љубов на дланка.
    Никогаш не знаев да ти кажам дека
    - ме боли.
    А сега сакам да ти кажам се’.
    Доцна е.
    Љубиш друга.
     

    Прикачени фајлови:

    На SOVRSENSTVO, De-lovely, blueeparadise и 5 други им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас Ти

    Ја слушам ноќта како чекори по тротоарот,
    на вирот рефлексија
    Ти и Јас.
    До него весник
    Наслов Љубов.
    Боиме приказна со поглед.

    Сакам да ти ја мирисам душата
    Тука под небото.
    Сакам да ти ги допрам усните.
    Ти да молчиш.
    Дождот да ни биде ритам на бакнеж.

    Се гушиме во Љубов.
    Постоиме мил мој.
    Фати ме за дланка.
    Одиме кај што ветрот
    вечно дува Љубов.
    Денот дарува сон.
    Одиме кај што Јас сум Ти,
    а Ти Јас..
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Магија

    Еден поглед беше доволен,
    еден допир и твоја бев.
    Бакнеж на клупата стара,
    полускршена.
    Прстите твои во косата моја,
    се лизнаа по вратот.
    Да одиме негде-
    ми рече.
    Што ми стори?
    Зар така лесно се заљубив?
    Зар без борба се предадов?
    А тие очи со боја на зората
    ги паметам се уште.
    Тие се виновни.
    Магични како и зората,
    која заедно ја дочекавме.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MarijaVonTeese

    MarijaVonTeese Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    во темнината на неговите очи
    ја видов слабоста
    го видов стравот
    и трепетот
    за нов почеток
    или нов крај...
    сакаш назад? сакаш кон црнината..
    или пак
    сакаш напред?-во индината..

    не мора да одлучиш.
    одлучи сега...
    најубавата боја..безбоја
    безбојна
    во твојата душа има празнина
    а ти го имаш само овој миг да го живееш..
    па зошто го напушташ?

    во тресењето на твојата дланка
    ја видов последицата од твојот живот
    од твојо морничав и засекогаш заборавен живот
    кој си ти?
    сите ние се прашуваме..
    постоиш ли?
    јас знам и те гледам
    и го осекам тој страв и тие очи
    кој као мало дете бараат љубов...
    насолзени
    а толку длабоки
    неможам да ја откријам целосната вистина.
    само знам дека ти треба помош.
    а ние сме тука да ти помогнеме
    не јас.не тој не таа.не тие..
    ти можеш самиот да си помогнеш
    твоето тело.и твојата душа
    ке ти помогнат.
    само тие се тука за тебе...


    животот е убав
    ако не се откажуваш од ниедна препрека која што ке ти никне на патот
    да не потече солза веднаш откако ке се боцнеш на мекиот трн на магичната ружа

    да не помислуваш дека се е готово.доколку сега се чуствуваш така
    да знаеш што?
    се случуваат такви работи.

    многу работи се случуваат.
    и многу работи не се фер
    но еднинствениот начин за да преживееш на овој свет
    е токму тоа
    ДА ЖИВЕЕШ!
     
    На De-lovely и ljubam им се допаѓа ова.
  19. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Жебата е искушение.Желбата е она што човекот го посакува.Човекот има безброј желби.Желбата е лоша во духовниот живот затоа што кога посакуваме нешто, чуствуваме дека имаме само желба кон предметот.Но секој човек нема желби, постојат два вида луѓе на земјата кои немаат желби а тое се: тие што се ослободителни души и тие што се мрзеливи, инертни и безживотни души.Желбата е љубов.Љубовта е желба.Љубовта е и чист и бескав пламен.Љубовта нема дефиниција, тоа е само чуство што секој го почуствувал.Љубовта е само збор што секогаш исто се пишува и чита. Со допирот на љубовта секој станува поет.Љубовта неможе да се опише сп двата збора ТЕ САКАМ таа се искажувасо чуства и емоции.Ако љубовта значи да се поседува некој или нешто тогаш тоа не е чиста љубов, не е вистинска.Ако љубовта значи давање и станување едно со се, со човештвото и божественоста тогаш таа е вистинска љубов.Љубовта е живот , а самиот живот е спонтан сектар на бои и блааженство.Сакај за да бидеш сакан.Да сакаш и да бидеш сакан е најголемото човечко дело.

    Порака: Не му верувај на оној кој ке ти каже ТЕ САКАМ, верувај му на тој што со солзи прашува дали го сакаш. :)

    Убаво ли е? :o
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Главоболка

    Топол воздух,
    опивачки,
    притисокот ме кутнува на земја
    и ме скокотка
    болно.

    Празни зборови раскантани
    се тркалаат по подот
    како џамлиите на момчето
    од моето соседство,
    со кои си играше
    дур јас праев кругчиња низ малото
    со розевото точаче,
    наивно.

    Тупа болка
    со звук на удирање на барабан
    се залепила за главава,
    мастика под клупите,
    ќе ја растегнам, ама не ми се џвака
    нешто што е искористено
    излигавено.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.