1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    ПЛЕН

    Те сакав лудо, болно
    но тебе не ти беше доволно
    Сега телото со страст ти е полно
    Со бакнеж веќе не си задоволен

    Сеуште твоите очи ме мамат
    А, потоа ме оставаш сама
    Повторно ми правиш љубовна драма
    Те полудува мојата става!

    Се прикрадуваш да ме слушнеш,
    трепериш кога ќе ме гушнеш
    Повторно во грев ќе се впуштиш
    За мене цел свет ќе го срушиш!

    Кришум ми се јавуваш
    Да не дознае таа стравуваш
    Со желба за мене остаруваш
    Кон мене идеш, не застануваш!
     
    На Koki B. Stojoska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    НЕ САКАВ КРАЈ!

    Мрак! Реалност е или сон?
    Реалност е, тешка вистина,
    ќе се слушне тажен црковен ѕвон
    ако сама, без тебе останам...

    Видов љубов во твоите очи
    Сетив среќа во мојава душа
    Но ќе потонам во вечен почин
    ако Бог молитвите не ми ги слуша

    Без тебе и животов ми е празен
    Да се борам немам веќе сила
    од други сум силно поразена
    Јас полека во срцево умирам

    Прости ми Боже што вака го сакам
    јас во него среќа видов
    А не сакав да заврши вака,
    Морав! Од него си отидов...
     
    На Talita му/ѝ се допаѓа ова.
  3. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    - згужвани улици, ред од автомобил (кој потсетува на стадо гладни животни) во трка со семафорите, лажен гламур низ кафичите нанижани на оној правец кој никако не се заборава, од ГТЦ до Рамстор и назад, дури и јас се дотерав, повеќе од обично, за да се вклопам, иако пет часовната болка во стапалата не се заборава така лесно, една госпоѓа, која своите проблеми ги истура врз мене, додека така хармонично си купувам пециво, кое по прегладнетото утро претставуваше благослов, излози кои залажуваат, а внатре продавачки кои ги мрзи дури да изговорат з од „ Здраво, повелете“, а првата студена насмевка ви ја покажуваат дури кога им спомнувате дека и можеби би го купиле тоа парче облека, секако да не ја заборавам радоста кога ќе видиш некој свој сограѓанин, „провиницијалец“ како јас и ти во Скопје


    - онака си дојде самото, после еден ден во Скопје.. :D
     
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    Ај и од мене нешто... уфилмано. :D

    Без наслов

    Никогаш никому вака би сметала...
    Никогаш никому вака ништо не би ветила...
    Никогаш никому како мало дете следела...
    Никогаш никому како запетлано ланче додевала...
    Не зборувам збор повторно,
    Одам...
    За доброто на сите...

    Работите никогаш не биле олку лигави,
    Ги мразам ваквите стихови,
    Бидејќи луцидната возишка
    Носи паралелни светови...
    Но тие не постојат знам..
    Само можам јас да ги смислувам,
    Самата да ги замислувам,
    по некои мои идеали,
    чудни, невообичаени,
    мои идеали...
    Толку е топло и мирно внатре.
    Не мора веќе да се кријам...
    Ноќта полека почнува да се топи,
    Ништо всушност не ми пречи...

    Само сакам да сакам како што себеси се сакам!
    Само сакам да сакам како што самиот те сакам!

    Внатре...
    Топло е...
    Мирно е...
    Нежно е...

    Таму...
    Гушни ме...

    П.С: Веќе не се филмам, мајке ми. :D
     
  5. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Gospot e toj koj dava i zema a za dobrinata na covekot pravi golemi dela.
     
  6. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Moeto sonce
    Za samo eden mig ,go gledam tvojot lik
    za samo eden mig jas se zaljubiv
    vo senka se pretvorif.
    Ti si mojot najsakan dar
    a vo srceto najgolem gospodar.
    Cuvstvata kazuvaat pisuvaat
    ljubovta moja ja miluvaat
    a noktta ja osvetluvaat.
    Ti si moeto sonce ,koe vo mene gree
    ljubovna balada pee i po moeto telo
    mornici see.
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Слика

    Си нацртав човече
    и воз
    во него патуваш
    (така ми е полесно да те замислувам)
    А јас сум глуварче
    што се дува
    покрај шините
    кога беснее бура
    намокрено
    од спомени.

    Важи, ќе мавтам со дланката.
    И можам да бидам последниот лик
    запечатен во мислите
    како и последен вик
    пред да заискрат шините.

    Ќе си се сакаме
    и меѓу облаци од чад.
    Милји и мориња и ридови...
    Соништа, кревети и ранци,
    ќебиња, патеки и ѕидови
    умор, пари и странци...

    Не заборавај каде се заљубивме.
    Клупата е тука се уште.
    Би можеле некогаш да седнеме.
    Ако се сетиме.
     
    На missperfect и skyAngel им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Во кругот

    Нацртај ми полжав
    сонце, со креда
    на тротоарот на младоста.
    Да отскокнеме поле, до две
    Жива радост да не омекне.
    На тивката вода
    да и ја намирисаме моќта
    додека светулките
    се лепат
    на платното на ноќта
    Воздишки од смеа и меурчиња од пиво
    Гледај
    времето е живо.
    Стариот простор за нова среќа
    нацртај ми полжав
    сонце, со креда.
    Дожд нема да го измие.

    Стои тоа во срцево.
    Како игра која не сакам да престане.
     
    На Aurelia-Aurita му/ѝ се допаѓа ова.
  9. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    за личноста што најмногу ја сакам, но за жал не е повеќе со мене

    -Ти си тука, живееш во моето срце-
    Замина само што почна да живееш,
    замина на пат без крај
    на пат кон Бога.

    Ме остави кога најмногу ми требаше,
    ме остави кога уште бев дете,
    ме остави без да имаш време,
    да ми го покажеш твојот пат
    ме остави сама да научам да чекорам кон тој пат.

    Ти ме остави,но не замина,
    ти ме остави, но ми кажа дека си тука,
    ти ме остави, но ми даваш сила да продолжам,
    ти ме остави, но не замина.

    Ти ме остави помеѓу добри луѓе,
    ти ме остави на човек во кој веруваше,
    на човек кого го љубеше
    на човек кого го почитуваше.

    Ми остави рана длабоко врежана во срце,
    ми остави болка која не се лекува,
    ми остави тага која не се преболува,
    ми остави љубов која не се заборава.

    Додека згаснатото срце тагува за непроживеаното,
    душата се радува,
    душата останува меѓу најмилото.

    Ти си тука,
    ти си тука во моите мисли,
    во сите убави и лоши моменти,
    ти си тука, но не те гледам,
    ти си тука те чувствувам.
     
    На Hopeful и Tinushka им се допаѓа ова.
  10. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    76

    Прекрасно! Ме потсети на нешто... БРАВО!!! :f:
     
  11. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Parite kruzat okolu nas,tie se prljavi gnasni ,na ocite nasi im podaruvaat bolesti strasni.Polena.
     
    На mishooM му/ѝ се допаѓа ова.
  12. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Pocituvaj go covekot po delata,ne po cenata,tuka e svieno gnezdoto na VISTINATA.Polena.
     
  13. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Patot na ubavinata si go odbirame sami.Polena.
     
  14. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Solza

    Ne ova ne e stud,ova e necii trud.
    Ova e solza nepresusena,koja od nas se ragja
    i nam ni se obraka; I jas imam srce , dusa ,glas, boja i volja
    imam rod svoj,koj vo mene zivee,toj znae da se smee i place
    no sepak dlaboko vo dusata, sonceto ne dopira i nikoj nemoze
    toplinata negova da ja fotokopira. Polena.
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Тротоар

    На три бои сиво
    една е најсива од сите.
    згазната јагода (сезона и е)
    Лето дошло, ние уште молчиме.
    Во разделбите спијат
    сите големи лаги
    што ги кријат
    во завеса од магли
    (нашите зборови, мисли, обиди и крв)

    Можеме да одиме
    по сивилата
    неразбрани и благи
    како да не знаеме ништо.
    Тротоар за кругови и агли.

    Престани да нудиш љубов!
    Кога нема кој да ја земе.
    јагодата е само слика
    за интерен ремет.

    Ќе дојдат други бои
    (останувам во сиво улично)
    Животот боли
    Но не ми е жал.
    Се имам себе...
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  16. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Prazno mesto

    Jas sum covek od krv i meso,peam se smeam cestto
    no sepak vo moeto srce,imam edno prazno mesto.
    Jas sama vo nego sedam rekata od solzi ja sledam
    za nea resiv da pisuvam,zosto so nea se vozvisuvam
    i na vas praznoto mesto vi go opisuvam;Covekot si go saka svojot soj
    za nego ima zelbi roj,vo mene ima nekoj spoj.
    Lugjeto sakam da gi stavam vo stroj,za ljubovta da se borat verata da si ja krojat
    lebot da ne go korat,so parite da ne se druzat,oti so taga ke gi opkruzat.
    Sakam so ovaa pesna,svetot da se spoi,na site lugje vratata sirum da im se otvori. Polena.
     
  17. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Cekorime po senkata na pradedoto,taa ni gradi strea od seniloto. Polena.
     
  18. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Ne e vazno od kaj si ,ne e vazno koj si ,ne e vazno do koga si ,vazno vo tvoite oci vidov SE. Polena.
     
  19. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Jas se vikam PESNA,od ljubov sum sozdadena,poetskata raka mi e podarena.
    Majka mi e svetica,Tatko mi e tvorec,brakata mi se zborovite,sestrite mi se stihovite.
    Prodolzete so ljubovtta vasa, od koleno na koleno, vecno ke zivee pesnata Makedonska nasa. Polena.
     
  20. natashapenevska95

    natashapenevska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    еве едно мое дело, темата земена од „Клети турци земја поплениле“ ова е пародија:


    Клети ученици земја поплениле

    Изникнало училиште:
    на два спрата, две училницим
    во третата бубалица плаче:
    -Бегај, бегај, стар даскале,
    стар даскале, чудовиште,
    со два учебника испокинати,
    ете иде ученичка војска;
    Ученици земја ќе попленат!
    Уште речта не изрече,
    исполнија клети Ученици,
    клети Ученици, сељачиња!
    Што е учебник запалиле,
    што е молив искршиле!
    Заплениле дебел дневник,
    дебел дневник ко и директор.
    Дневнико ми го однесоа
    дека сонцето што изгрева,
    а директоро го однесоа
    дека сонцето што заоѓа.
    Па раснале, израснале:
    Дневник, книга за горење,
    директоро, маж за колење.
    Тога стана стари директор,
    ујана си врана коња
    од школо на школо дневнико бара.
    Па отиде на далеку,
    дека сонцето што заоѓа.
    Таму најде стари дневник
    препозна го и го зеде.
    Водија се сто години,
    па имаа и оцени.
    Не се оцени, како оцени,
    туку им се лути змии.
    Киниса ми стари директор,
    ќе си иде на нов пазар,
    на нов пазар, на панаѓурм
    и на дневнико говореше:
    -Кажи, дневниче, што да купам?
    Дали молив или пенкало?
    Дневнико му се многу моли:
    -Леле, директоре, прво љубе!
    да ми купиш професорица,
    да ми чува пишани оцени,
    да ми пишува нови,
    ни ќум стара ни ќум млада,
    средна жена за настава.
    Ојде директоро на нов пазарм
    па купи професорицам
    па у дома ја доведе.
    Учини се четири месеци, пет месеци,
    Дневнико пишува стари оцени,
    професорица и оцени чува,
    ем ги чува, ем им пее:
    „Нани, нани, оценче слатко,
    и од даскал и од дневник,
    и на професорица мило оценче!“
    Па седнале да си ручаат.
    Изговара стари директор:
    -Професорица, стара мајко!
    Сакам нешто да те прашам,
    сакам право да ми кажеш:
    дали имаш некои оцени,
    некои оцени - роднини?
    Професорица говореше:
    -Леле директоре, мили синко:
    Јас си немам нигде оцени,
    ногде оцени - роднини;
    само имав два учебника,
    еден стар еден нов:
    еден убав, друг поубав.
    Ученици земја попленија,
    пленија ми двата учебника!
    -Професорице срара мајко
    дали ти се нишанлии?
    -Стари учебник ми је бележан на корицата,
    на корицата под насловот,
    Нови учебник ми је бележан
    на насловна под авторот.
    Па се живи прегрнале,
    и едвај се одгрнале,
    Тие биле оцени нејзини,
    професорица - нивна даскалица.
     
    На mishooM му/ѝ се допаѓа ова.