Одраз на егото Секој чекор е чекор кон вечноста...Секој чекор е чекор кон заборавот...Градам нешто што никој нема да го заборави. Градам мала кула од огромни камења. Се руши секогаш кога ќе го ставам последниот камен. И почнувам од почеток... Повторно и повторно. Никогаш не успеав да ја изградам. Можеби правев нешто погрешно. Не верувам. Јас никогаш не грешам. Единствен човек на земјата кој е безгрешен и најблизок до она што се вика Бог. Или можеби не? Можеби постојано грешам. Можеби сум најдалеку од Бог од сите вас. Што велите? Ја имам ли во себе силата да си играм Бог?! Да рушам и создавам. Да убивам и раѓам. Да менувам и оставам без промени. Перото ми паѓа од раката, очите ми се полнат со солзи. Собата е исполнета со сеништа. Духови кои ме прогонуваат. Некогаш се милозливи, но најчесто само сакаат да ми укажат на тоа колку безвредно и мизерно суштество сум јас. Jас, еден мал обичен човек. Човекот е суштество со најниска свест на планетава. Човекот не знае да слуша, без истовремено да зборува. Да зборува, без да слуша. Да создава без да гледа. Да создава без влијание на егото. Тоа еден ден ќе не уништи! Секој чекор е чекор кон вечноста... Секој чекор е чекор кон заборавот...
ЧЕКОРИ Чекорам напред, а се враќам назад некои сенки се повеќе ме газат. Заспивам денес да се разбудам утре, но вчера ме влече како на ланец кутре. Подавам раце за други раце да се фатам, но некој несака од осаменоста да скратам. Но не останувам овде продолжувам да барам, животот е надеж а јас надеж ќе зграбам.
Елемент Заборави ги останатите Запомни го само мојот лик Кога се наведнуваш да се напиеш вода. Јас царувам Во капките не од желба, ни од мода. Таму ме има, и кога си среќен Во лето, кога те фаќа жега И кога плачеш од тага кога те фаќа студ Зошто од судбина, И од вљубена жена Не се бега. Не биди луд.
Мој текст, напишан многу поодамна Сама. Чекорам по улиците. Празни се. Нема никој, само луѓето кои се брзат накај дома вракајќи се од маалските продавници. Околу мене куќи. Украсени со сијалички и најавуват дека се ближат новогоднишните празници. Го барам најдолгиот пат до дома. Одам бавно. Луѓето кои пред пола час ме видоа како брзам да стигнам некаде со насмевка на лицето, сега ме гледат како ги бројам чекорите. Ја нема веќе насмевката. Сега ги имам солзите во очите. Го шетам маалото. Одам по улици низ кои не сум поминала веќе подолг период. Темни се. Но, го немам вообичаениот страв од темнина. Во мене имам друг страв. Страв дека ќе те изгубам. Ладно е, но не сакам дома. Размислувам за нас. Поминувам од местото каде што пред некој ден се скривме од дождот. Се навраќам во минатото. Се насмевнувам во себе кога ќе се сетам на некоја случка. Но, солзите се тркалат низ моето лице. Влегувам дома. Моите не ги ни забележуваат моите солзи. Зафатени се со спремањето околу празниците. Ги пуштам песните кои ме потсеќаат на тебе. Сама сум. Те немам тебе. Ти секогаш се обидуваше да измамиш насмевка на лицето дури и кога солзите беа во очите. Земам ливче и пишувам „Те сакам“. Да, те сакам, но не е доволно. Ги пишувам нашите имиња. Солзите паѓаат. Ми требаш до мене. Само ти. Никој друг. Но, те нема. Сама сум...
Ако рака ти подадам, што? Ти подадов прст, доволно не ти беше. А што ако сум упорна, велат, упорноста се исплати, што ако се борам за тебе. Снегот е прекрасна работа, ме исполнува, но кога премногу е, тогаш боли, убива. Така и тој, оној кој не знае, тој кој поим нема што се случува. Не ми е лесно, ни тебе, верувам. А се срочувам во една реченица... Не сакам прашањето да си го поставувам, Што ако?
Не те сакам. Не ми требаш. Не ме возбудуваш, не внесуваш сладок немир под мојата кожа. Не умееш да ми го стресеш светот, не умееш искрено да ме насмееш. Не го скокоткаш моето внимание, не се појавуваш во моите чудни соништа. Не ја носиш кошулата како што јас би сакала, не ја чешлаш косата на онаа страна. Не поседуваш шарм, не си згоден. Дури и рахитичен си. Немаш секси глас, немаш црни очи, немаш груби црти. А сепак... Јас само си се тешам.
Жесток бакнеж Последните капки виски се слеваат во грлото, мразот одамна се стопи... Некогаш тие голтки ми беа забранети, сега во нив барам утеха. Некогаш тоа беше жесток пијалак, сега тоа се твоите усни. Си ги заменаа улогите: вискито е благо, тие се жестоки, вискито е топло, тие се студени, вискито е дозволено, тие се забранети.
Себично Беше пригушливо и тешко да се дише, во малото кафуле на ќошот од улицата. Луѓето се беа начичкале едно до едно чекајќи да почне. Начинот на кој се разлеа звукот низ воздухот беше речиси експлозивен. Донесе радост на толку од нив, донесе утеха барем за една вечер. Иронично, мене ми донесе неспокој, немир и грижа. Го разбранува навидум мирниот живот и донесе сомнеж. А ти со неа. Сеедно ми е онолку, колку тебе би ти било сеедно да ти ја земам музиката, дали ова одговори на твоето прашање? Дали го задоволи твоето его? Себичноста- твоја одлика.
Среќа Со испружена дланка,без срам за леб некој проси и на грбот со гордост својот крст го носи. Денес сака секој живот на висока нога, а гревот за таа желба ќе го крие до гроба. Зарем има некој со пари полна вреќа да се пофали дека на берза купил среќа? Не е среќен оној со среќа сам што се фали, туку оној кој наздравува со пријатели стари. Полно срце, насмеана душа за таква среќа треба да се слуша.
Тогаш кога те немаше најмногу, тогаш кога ја изгубив и последната ронка надеж дека ќе се појавиш.. ТИ СЕ ПОЈАВИ!!! Неможам да престанам да се прашувам:"зошто?" Секогаш ме оставаш на истото познато прашање. Со тебе почнав да верувам во чуда. И никогаш не се посомневав дека не постојат. Ми се случи баш кога не се надевав.. Кога веќе се предадов во оваа борба.. Борба со самата себеси. Затоа што ти не си достоен да ми бидеш противник. Јас те заслужив со се, но ти мене со ништо. Не направи ништо за барем на миг да се чуствувам твоја. А толку сакав да сум твоја. И кога ќе размислам, можеби и бев. Но по моја желба. Доколку се прашуваше ти, немаше да дозволам да ме имаш. Толку многу посакувам да не те сакам. Ќе ми беше полесно. Или пак ќе ми беше потешко? Ме заслепи. Љубовта е виновна за се. Таа ми шепотеше тивко на уше. Таа ми даваше сила и надеж. Се препуштив на своите чуства и не жалам. Тие се вистински и нема бегање. Бев твоја и со душа и тело. И сега ми идат сеќавања и не се гледам себеси. Гледам една кукла која само повторува нечии движења. О Боже мој. Изгледам како кукла но со чуства. А ти си толку ладнокрвен. Веќе е доцна за каење. И сега повторно те нема...
Желба Скопје нема зима. Во автобус топчиња настинка во дланки. Од марамици Палома грутки мрсули Бели како снег. Си копнеам, да дојде. Да ја има.
Черупка Фантина седеше во судницата како некое покорно кутренце цимолејќи за некоја милост, нечие влијание, пар очи вперени во неа. Со наведната глава ги проучуваше деталите на фустанот, барајќи нешто интересно, трудејќи се да најде нешто за да и го одвлече вниманието од тмурните мисли. Солзите во нејзините очи се собираа, небаре нејзините тиркизни очи се стомна од која жубори некоја света вода, полна со магија и нешто чудно. Блудните мечти и мазохистичкиот дух во неа, го разјадуваше светлиот, невин свет во кој беше одгледана, како некоја наивна селска мома или некоја принцеза во карантин. Се полнеше со гнев, а околу неа се беше некако мирно и извештачено, внатрешниот оган се издигаше се посилно, а таа беше се помала. Одненадеш нејзините дојки почнаа да треперат, ги стискаше очите и си играше со испотените дланки. Таа се молеше! На едната страна е црно, на другата е бело. Бумбар црн нема во белата тепсија, ниту пак мала светлина во месечината, и се чини. Наоколу расфрлано мил и скопкој, растат китки над некои гробишта и врз некој скриен свет. А внатре во неа зло? Не, Фантина, во твојата черупка се крие вистина!
Непозната... Немаше веќе за што да се држи И последната надеж одамна згасна. Реши да се отпушти и да ризикува Да види што се крие зад густата магла. Полека ја олабави збрчканата дланка И почувствува какo ветер го носи... Силен ветер... По патот го пратеа изобличени слики Матни, нејасни, нецелосни пејсажи. Лица заборавени, пресушени солзи Скршени насмевки што болка кријат. Бездушни насмевки... Како од недовршена сложувалка се редеа Делчиња што во него пробудија немир. Релација: болно минато - непозната иднина...
Поглед од мојот прозорец Maгла. Секаде околу мене, каде и да погледнам, на која страна и да се свртам.. ништо нема, освен густа магла. Толку волшебна, прекрасна налик на мек облак. Посакувам да легнам на тој облак, да заспијам и да ги сонувам најубавите, најмагичните и прекрасни соништа. И за час, ја снемува. А, камо да можев барем уште малку да се восхитувам на таа убавина. Малку подолго да се чувствувам како невидлива, сама. Како никој да не ме гледа. Тогаш можам да ги правам оние работи за кои околината би осудувала, а не е свесна дека и ним само еден ќе им суди. И не можам, а да не се запрашам: зошто никој не си го гледа својот живот, туку сите те гледаат со лут поглед ако направиш нешто што според нив не е по прописи или пак, ги минува границите создадени во нивните ограничени умови. Сите гледаат во туѓа чинија, не забележувајќи каква гозба имаат во својата... И се вртам повторно околу себе. Истата глетка, истиот пејзаж како и повторно. Чисто, недопрено белило. Толку е прекрасно, што посакувам никогаш да не замине. Но, како за инат облакот си оди во далечината каде што мојот поглед не допира. Зарем не би било убаво со него да ги земе сите наши грешки, каења, гревови, па и ние да останеме чисти, недопрени, бели? Да ги понесе со себе и да ги однесе некаде во недогледот за веќе никој да не ги види. Така барем нема да ме осудуваат. Така барем ќе спијам мирно, знаејќи дека не сум направила нешто лошо. Нешто, за што другите би ме гледале со оној ограничен поглед. Или подобро да кажам, тажен поглед. Бидејќи според моите сфаќања човек осудува и мрази само она што не може да биде или пак не го поседува. Да, чудни сме ние луѓето. Не ја гледаме сопствената среќа која ни седи на рамено, поради тоа што нашиот поглед шета кон туѓите рамена сакајќи да дознае кое од нив е накривено поради големата среќа. Ете, така се добива оној поглед полн со презир, омраза, осудување. Оној поглед кој никој од нас не сака да го поседува, а сепак повеќето- свесно или несвесно го употребуваат.
Спомени Кога Љубовта ќе заболи, не пуштај ги спомените да заминат, нека останат сон. Заклучи ги во погледот, сплоти ги во срцето. Те молам. Можеби нема да се познаваме веќе, нека постојат во нашиот молк. Прелеј ги во поезија, насликај ги на платно, замрзни ги во рамка. Тие се наши. Некогашни Љубовни.
Мирис на џез Ноќта е стара. Мириса на џез. Ја дишам нумерата и се мешам со ноти. Телото се витка. Љубови стари се грчат во мене. Мелодија на раст искршена од силуети на жртви разлупани на прозорот, влажен копнеж. Стенкање на жици и колкови разнишани страст и акорди. Ме тераат да се топам со воздухот. Допирај ме мил мој со прстот на вибрацијата. Свири за мене и јас ќе постојам со ритамот на животот.
JAС СУМ...? Солзи во очи во срце болка, се кријам во себе како бисер в школка. Ветер силен носам во душава празна, за сите сум среќа но за себе казна. Насмевка како украс на усни но во уста горчлив вкус, Танцувам како принцеза но во дворец пуст. Друг глас од внатре сака да врисне, но проклета гордост се ќе потисне. Утре ќе бидам јас,имам вера Но денес далеку истата ме протера.
Мммм сега ја измислив,прво тука ја пишам,така ми дојде...Не ми замерувајте ако имам грешки,одамна не го користам англискиот секојдневно ко порано...Па,се надевам да ви се допадне... Retorical questions Why is this happening? Why are you so cruel? Why can't you just love me instead of making rules? Why your heart is frozen, why it's not beating like before? Why are you pushing me away from you, why you're asking for more and more? If I act like you, would you changе to prove me I'm wrong? Is there still a little flame in your heart, or you were just pretending for so long? If I give up,would you come back for me? Or you're already blind for me and you can't see that I'm fighting,hardly breathing and geting weak... If I pass close to you now,would you stop me or let me go? This is the last decision,after this I'm not getting back anymore... Whould that mean that we had the last time when our lips were kissed, so many precios moments not realized and missed? However,you're killing me! Kiling me day by day, You're leaving me alone, you're letting me to go away.....
Надеж без цел. Ден. Во душа темнина. Скриени копнежи. Непреболени мигови. Непреспиени ноќи. Далечен сонувач. Сонувач на силуета која никогаш не ја познавав. Со надеж некогаш ке ја сретнам. Ке застанам пред неа. Ке се соочам без страв. Ке со скријам трепетот кој ми ги тресе колената. Некогаш можеби..