Ваши дела – поезија или проза

Discussion in 'Литература и уметност' started by Shelea, Dec 7, 2009.

  1. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Joined:
    Sep 24, 2011
    Messages:
    255
    Likes Received:
    135
    ЈАС И ТИ
    Очи во очи
    заедно со тебе во бескрајните ноќи,
    секој допир еден универзум мал
    сите ѕвезди во себе ги збрал.
    Рака под рака
    мала прошетка низ рај,
    ништо посебно не барам
    само мал дел од себе дај.
    Заклучи го овој момент
    за да го отклучиме пак,
    јас и ти ќе знаеме кај е
    од клучот ќе остане траг.
    Ништо веќе не е важно,
    ништо веќе не е итно,
    од она што го градиме
    ова е почеток,ситно.
    Еден дел јас
    а другиот ти,
    личноста што ја изградивме
    тоа сме јас и ти.
     
    Loritaa and Divinebutterfly like this.
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Joined:
    Oct 6, 2010
    Messages:
    1,107
    Likes Received:
    1,793
    Песна што ја напишав вечерва .. за тоа што ме мачи откако знам за себе. Ја насловив едноставно .. бидејќи всушност тоа и е.
    Инаку, ништо посебно, но доволно да го искажам она што го чувам во себе ...

    Исповест
    Сè она што било и поминало,
    во зачадените ми мисли
    потајно продолжува да ме гони;
    секоја лажна насмевка,
    секоја капка солза,
    која на моето лице тој ден се срони.

    Искрена сум, нема да кријам,
    одамна посакувам овој пекол да го нема.
    Но дотогаш,
    од неговата утеха ќе продолжам да пијам,
    зашто за тоа место, едно знам –
    таму моево срце не чувствува ни ронка срам.

    Секој ден, мојава душа се моли,
    за она поради кое постојано патам,
    конечно да престане да боли.

    Но, постои во мене надеж,
    за побрзо осознавање на свет
    без ваков постојан падеж.
    Се тешам – ќе има подобро утре,
    а всушност и јас исто,
    како некое изгубено кутре,
    се надевам дека ќе се пронајдам
    во празните улички
    на моето малечко, невино срце.
     

    Attached Files:

    Hayley, De-lovely and Bright like this.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,261
    Likes Received:
    43,906
    Се сретнавме

    Си врвиме
    по светов
    како карван
    што ни куче не го лае
    Си одиме
    од овде и онде
    без некој да не сака
    или знае.

    И тогаш
    се среќаваме на улица
    ти со точак
    јас со шешир и сон во раката
    од никаде
    се сплотивме
    ко везен ред зборови
    за ново смеење.

    Сега најубаво ми е
    и да сонувам лошо
    и да паднам од кревет
    да се разбудам силна
    само зошто
    со тебе сум
    на овој свет.

    И ти велиш
    дека е страшно
    да се љуби толку силно
    токму сега
    но, се сретнавме.
    На иста страна на животот.
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    3,992
    Likes Received:
    6,303
    Gender:
    Female
    Шамивче

    Ќе ги ставам во мало шамивче,
    ќе ги ставам и ќе ги врзнам со цврст јазол.
    Ќе ископам длабока дупка
    се до коренот на Земјата.
    Ќе го ставам шамивчето таму
    а одозгора најголемата карпа на светов.
    Ќе нафрлам земја со маливе прстиња.

    Ќе ги закопам чувствава,болкава.
    ДА МОЖЕВ!
    Аххх... разболува болкава.


    Може ке ја сретнете и на фб и таму си ги постирам :)
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,261
    Likes Received:
    43,906
    Меѓу

    Дај ми гриз од сендвичот
    наречен живот.
    Меѓу две кришки
    еден куп приказни.
    Можеби следи нов крај.
    За стари почетоци.

    А што кога сфаќаме дека
    сме најголеми гурмани?

    Го јадеме цел.
    Без да оставиме
    ни мал дел
    за новите јадачи.
    Што знаат само да душкаат
    од туѓите остатоци.
     
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    3,992
    Likes Received:
    6,303
    Gender:
    Female
    Тајни средби

    Како путер на топол леб.
    Мирисаш ..
    Како светлина од месечина
    во зимска ноќ.
    Блеска твоето лице.


    Јас сум кришка леб
    путеру, размачкај се.
    Вкусен си ?

    Темна е ноќта, осветли ја.
    Насмевни се.
    Двојнику.
    Каде,кога?
    Ќе те чекам во непостоечко
    време,
    место.
    Крај,таму.


    Може ке ја сретнете и на фб и таму си ги постирам
    ;)
     
  7. maci95

    maci95 Истакнат член

    Joined:
    Aug 19, 2011
    Messages:
    91
    Likes Received:
    18
    Стоејќи на карпа висока, над море.. го чувствувам стремежот да те допрам, да ме допреш.
    Зар е така тешко кога и во фантазиите ќе доживееш лага?
    Што правиш тогаш? Го повикуваш ли моето име, ме бараш ли во сон.
    Или ме бараш во квартот на незаљубените. Таму сум.. пишувам една песна, ја крстив - ме боли што ме болиш, ме боли што ме немаш.
    Прекрасно меланхолично име. Нели?
    ..знаев дека ќе ти се допадне...
    Во овој кварт скриена зад сите проблеми и луѓе, седам.
    Тука кај омилената моја слаткарница, знаеш во онаа што сакав отсекогаш да отидам... ?
    баш таа, местото е прекрасно за умирање, тука одбрав да пијам чај, чај од цимет и јаболко, мислам дека би ти се допаднал и тебе.. е тука баш, седам и тонам во мислите свои..
    пиејќи го чајов, фрлам поглед и нанапред, во уличката изредена со излози, и кукли... кукли без лик, кукли со парче облека на себе..
    Немаат лик а ми зборат? ги чувствувам болките во нивните празни срца...
    Ах мили мои души изгубени, ве гледам вас како да се гледам себе... Боси, голи, тажни. Како изгубени души што немаат цел немаат пат... Ве сожалувам и затоа ви нудам топло место под ова небо.
    ДА, навистина.
    Дојдете во оваа просторија, ќе добиете пита од јагода, малку чај и топол кревет. Можеби ќе ви дадам и чувства на надеж или копнеж зависно што ќе одбере секоја од вас...
    .. но за возврат ја сакам вашата душа ! Вашата болка. Вашата крв...
    ВАШИОТ ЖАР ЗА ЖИВОТ !
    ... Ќе ви дадам се. Се што ќе посакате.
    СЕ што никогаш сте немале.
    Само дајте ми ја вашата агонија... вашата крв на мојата крв, вашата мелодрама на живот врз мојата суета..
    Се е подобро од мојата несреќа, се е подобро од тоа чувство што го имам.
    Дајте ми тоа што барам - и ќе ве чувам овде засекогаш, заробени.
    Ќе се напиете чај? ајде да почнеме од тоа, ќе ве запознаам подобро. Сите вас, без исклучок.
    Вашата среќа сега е моја среќа, не патете, не жалете, ја продадовте.
    или е подарена.... ? Сеедно, моја е.
    од овој ден натака, вие сте само заробени души кои живеат во мене.
     
  8. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Joined:
    Sep 14, 2011
    Messages:
    142
    Likes Received:
    20
    Сензуално влегуваше во просторијата. Високи под петици Giuseppe Zanotti црвена боја, мистериозен црн фустан, црвени усни, кафени очи. Совршена бринета. Зачекори низ вратата не вртејќи ја главата со прецизен поглед кон шанкот. Сите погледи беа вперени кон неа, настапи нејзиниот филм, започна нејзината театрална претстава.
    Седна на шанкот, нарача црно вино. Совршено добро ја крена чашата и ги накваси црвените усни. Остар крик одекна од запците на нејзината чанта, од неа ги извади ‘Capri’ цигарите и со ефтина запалка запали една цигара. Оставајќи трага од црвениот кармин на дното на цигарата, го испушти првиот дим. Се чуствуваше немир околу таа појава. Гледаше преку своето разголено рамо гризејќи ги црвените усни. Погледот беше потенциран. На спротивниот агол стоеше тој. Карирана кошула и levis фармерки, ракавите му беа подвртени а на голите подлактици се забележуваше diesel црн часовник. Потпрен на коњопојот го пиеше своето виски. Ја забележа девојката на шанкот уште од самото нејзино влегување, го следеше секој нејзин чекор. Желно ја посматраше не мрдајќи го погледот од нејзиниот тил. Изгледаше смирено, коските на лицето му беа совршено наредени, беше едноставен но двосмислено. Се доближи до шанкот, ги остави стутканите 200 денари и замина.
    Го фрли третиот пикавец, ги намести кафените прамени кои беа избегале од своето место, стана од шанкерската столица и го напушти просторот. Ветерот дуваше во нејзиниот грб, низ целото тело и поминуваа морници, но не се даваше, не сакаше да влезе во таксито, реши да оди пеш.
    2 минути по полноќ, единствен звук што се слушаше беше нејзиното одење и начинот на кој го испушташе воздухот од градите. Изгледаше збунето, кафено-зелените очи ја издаваа како и секогаш. Му се восхитуваше на типот од пред половина час, мислеше дека е совршен. Фантазираше за него. Но не се сврзваше на ништо освен класична привлечност, таа тоа го знаеше имаше доволно искуство со спознавањето на себе си.
    Остана во нејзината меморија повеќе од половина месец. Не се смени ништо, ја довлечка својата појава во кафичот, седна на шанкот, нарача црно вино. Температурата која ја создаваше нејзиното тело беше го достигнала врвот. Нозете и беа преплетени една врз друга, покриени со кратко црно здолниште на кое се надоврзуваше црн ребраст корсет кој совршено ги обликуваше нејзините гради. Полните усни и насенчаните јаболкници го доловуваа изгледот на Скарлет Јохансон, но само површно, добро реализирајќи го нејзиниот труп се добива едноставна уникатност.
    Таа восхитувачка природа овој пат не беше сама, на шанкот до неа седеше тој. Пиеше виски секако. И раскажуваше, глдеајќи ја право во очи, зборуваа на различни теми, зборуваа многу. Ментално беа поврзани, секоја мисла се оформуваше. Таа зборуваше за себе, тој зборуваше за него, се чувствуваше поврзаност меѓу двата шанкерски стола. Таа беше магнетот, го привлече, се засолна под неговата кожа. Беше заинтересирана за него, но во никој случај не беше девојка за една ноќ. Таа е дама. Тоа тој го знаеше, згора на се, тоа беше и причината што се трудеше околу неа. Сакаше посебност во врска со спротивниот пол. Не беше човек кој длабоко се поврзува со некој, не веруваше во клише изрази, беше свој во секоја сфера. Два часот по полноќ, стоеа на тротоарот разменувајќи ги телефонските броеви. И повика такси и замина.
    Ја отклучи вратата и влезе во куќата. Беше нејзина, секој дел, секој предмет беше нејзин. Елегантно уреден, вметната уметност во него и стакла. Тоа беше всушност таа, нејзиниот карактер. Во дневната просторија имаше камин, широк простор бело обоен, високи предмети, прецизно наместени. Кујанта беше во десниот агол, доволно голема и пријатна. По скалите нагоре, се наоѓаше нејзината соба. Голема, широка. На ѕидот поставена беше слика. Сино обоена, споени беа небото и морето. Перфектна уметност, нејзино дело. Беше одличен уметник. Под сликата беше нејзиниот кревет. Ја опфаќаше цела просторорија, голем, висок и удобен. Просторијата беше опкружена со прозорци, меѓу прозорците имаше стаклена врата, позади таа врата се наоѓаше терасата. Таму седеше таа, свиткана на столот. Видикот беше прекрасен, небото беше граница. Пиеше кафе од чаша со необична големина, го чекаше денот, обожаваше да го набљудува изгрејсонцето.

    не е завршено а и незнам како ќе заврши
     
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    3,992
    Likes Received:
    6,303
    Gender:
    Female
    Неочекувано

    Случајни скали, случајна средба.
    Таа, ти.
    Забавено разменување на погледи
    и изненадени воздишки.
    Бакнеж на лев образ.

    Ох врати го мигот.
    Место образ, на усни.
    Случајно.
    Нека е
    случајно !


    Може и на фб ке ја сретнете и таму ги објавувам. :)
     
  10. innablood

    innablood Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2011
    Messages:
    788
    Likes Received:
    1,324
    Готичарки монструм

    Сексуално насилство врз мојот мозок.
    Мазохизам врз психолошка слика.
    Ме обвива мирис на отстојано.
    Ми завива ветер на изгорено.
    Ме кани вечерта на последен танц.
    А јас како најсовршено изопачено суштество,
    ке играм како дама, ќе бидам Хатор.
    Црнина тече низ моите вени,
    изгноени од некоја рана,
    и печат од црн кармин на бујни гради.
    Катран во белите дробови,
    мирис на темјан,
    а низ сетилата за слух ми одѕвонува кандило
    и догорува последната свеќа,
    порталот до задгробниот живот.
     
    De-lovely, SexyLady and trendafil1 like this.
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Joined:
    Aug 19, 2011
    Messages:
    1,495
    Likes Received:
    4,994
    Gender:
    Female
    Ајде и од мене нешто :

    Центрифуга

    Закачив неколку стрелки од часовникот на еден од рабовите на твојата кошула. Онака, без причина, да ти даваат смисла на загубено време. Тоа талка некаде во кружната форма на ѕидниот часовник преполнет со прашина и некоја мртва бубачка. Пикни ја внатре целата кошула,особено работ на кој ги закачив стрелките.

    Знам дека нема да вртат,но и кошулата е за перење.

    Центрифугата ќе го направи останатото. :D
     
    LUNA.girl, SexyLady and Hipica like this.
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    1,674
    Likes Received:
    7,653
    Магла

    Вапмирски здив на мојот врат,
    животот е крив.
    Мртво сиво и диво црвено на моменти,
    но замаглени и едвај видливи.

    Само звук на нешто старо
    и мирис на нешто гнило
    е се што има на оваа мртва улица.
    И еден балкон уништен од сеќавањето,
    заборавен од времето!

    Ми се допаѓа начинот
    на кој се провлекуваш низ оваа пуста улица.

    Зашто само си ти,
    во оваа магла!
     
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    3,992
    Likes Received:
    6,303
    Gender:
    Female
    Парче празнина

    Пука печено колаче
    пука пресно мачкан бетон.
    Пука и мислава.
    Пука и желбава.
    Полека пукам и јас.
    Емотивно.
    Здраствено.
    Психички..
    ...пука нешто
    што ми фали во мене.
    Една пукнатинка мала.
    препукува,пука.


    може и на фб ке ме сретнете и таму ги објавувам :)
     
    LUNA.girl, Monroe and marama like this.
  14. PlaviOrkestar

    PlaviOrkestar Активен член

    Joined:
    Nov 19, 2011
    Messages:
    39
    Likes Received:
    23
    Дисфункционално општество раѓа дисфункционални битија
    Уште од мали не учеа на пластични цуцли, пластични играчки, кои потоа се претворија во пластични шишиња, па и пластични коцки. Така создадовме пластични битија со пластични мозоци. Живееме во време во кое постои тенденција разликите да се осудуваат, а чувствата остануваат тајни од кои луѓето се срамат. Живееме во време во кое среќата се мери со пари, љубовта со бисери, а зад пријателската прегратка се наоѓа и по некој скриен нож.
    Живееме според принципи на едно ограничено општество кое не не прифаќа онакви какви што сме, туку такви какви што треба да бидеме според неговите одредени и невозможни пропорции.
    Па и не е чудно што се кршиме под тие неиздржливи притисоци. Да, дисфункционална е нашава култура. Од нас создава страшни монструми. И ако случајно се види пиреј покрај розите, ќе се најде барем еден да го искорне и уништи. Јас, на пример, сум совршено добар морков кој сите сакаат да го претворат во роза. Како морков имам убава боја и убаво мирисам. Кога пробуваат да ме претворат во роза, почнувам да се сушам и венеам. И како може да биде возможно некој да создаде свое индивидуално, независно, а сепак моќно битие, без да биде осудуван поради својот успех ? Да, таква е нашата природа- осудуваме без да знаеме низ каков трнлив пат минал некој додека да стигне до убавата роза.Осудуваме, уништуваме... за подоцна друг да ни биде крив кога ќе не стигне пропаста на нашите возвишени идеали.
    И сеуште не можам да сфатам зошто истите искривени идеали слепо ги следиме како најнов моден тренд...
     
    De-lovely and LUNA.girl like this.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,261
    Likes Received:
    43,906
    ***


    Напишав песна
    којзнае по кој пат
    ја облеков
    во најтопли алишта
    ја накитив
    како улица што чека
    или парада
    за радост на празнична трпеза.
    Наполнете го срцето
    со Љубов
    денес, утре, вечерва
    подарете насмев
    за да заспиете
    во чиста постела.

    Ја подарувам
    на секој
    што вкусил осама
    и заборавил
    да се насмее
    кога небото се отвара.

    Отпејте ја
    оти веќе графити не се пишуваат
    поезијата умира по аглите на домашните библиотеки
    запишете ја
    вашата Вистина
    песна
    збор
    што ве радува
    со секој заскитан поглед.
    Што за гушкање
    гладува...
     
  16. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Joined:
    Sep 24, 2011
    Messages:
    255
    Likes Received:
    135
    Сакам нешто лудо
    божиќно чудо
    мала искрена мисла
    желба чиста.

    Чоколадо и дар
    благослови на длан
    насмевки снежни бели
    небото нека дели.

    Празници се ближат
    еј звучам како реклама
    но не е важно
    реченицата нема мана.

    Овој момент
    кратко ќе трае
    па нека ужива секој
    како што умее и знае.
     
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Joined:
    Jan 21, 2011
    Messages:
    1,651
    Likes Received:
    5,421
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,261
    Likes Received:
    43,906
    Порака

    Ми е сеедно
    што е петок
    кога надвор
    замираат здивови
    и умираат нови колонии
    тажни лица што наместо чај
    шмркаат личен крај.

    Гајле ми е што е студено
    и онака ги имам вкусено
    мразовите
    на стравот и уморот
    Кога бев мала,
    кога бев малку поголема
    И кога конечно изгубив во полето на Љубовта.

    Важно ми е
    утре да се видиме
    да те гушнам
    и да не ми пречи мирисот
    на нашето спојување и разделување.

    Што е важно кој ден е
    и онака времето е смислено
    за само да можеме
    полесно да тагуваме
    побрзо да се радуваме.

    Слушај, ти што го кроиш небото со ѕвезди
    симни ми една.
    Ако не може тоа
    барем запали ја силно Месечината.
    Гајле ми е што е Петок...
     
    Bright, mysterious, Smileeee and 6 others like this.
  19. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    94
    Likes Received:
    154
    Gender:
    Female
    Проза, поезија, цитати, извадоци

    Кликни безбедно

    Интернетот не е работа мала
    И со него си нема шала
    Интернетот те шета низ
    Целиот свет како со тротинет.

    На интернет убавите
    Работи Се добра страна
    Но верувајте тој
    не е без мана

    Безбедноста секогаш
    Нека ти биде на прво место.
    Бидејки некој може да те
    Нападне вешто.

    Ми беше за училишен конкурс :D
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,261
    Likes Received:
    43,906
    Љубов

    Безобразно емотивна
    како змеј пуштен од зандана
    те влечам во редови неспокој
    да ти кажам дека
    ми недостигаш.

    Кога плачам на филмови
    и се радувам што ме загледуваш
    како првпат да стојам
    гола пред тебе
    ко асфалт на автопат
    слободна територија.
    Земи ме
    отсели се од себе си
    направи ми Дом.

    Да се разбудиме заедно
    значи да сонуваме на иста перница
    Јас, го сакам нашиот спокој кога
    се досадува во мојата ноќница.
    Те сакам, ох
    зарем треба да опишува човек
    како му е
    кога се гледа
    во другата половина?
    Знам дека времето за љубов
    е она што останува...