Пази во кого ќе се заљубиш Iдел Знам дека не сум совршена,никој не е совршен..И таа што е до тебе.. Но зошто ја избра неа не мене? Понекогаш главата ми беше претрупана со прашања..Дали јас бев како оние девојки кои патат заради саканиот? Секогаш кога и да те сретнев во град мораше да бидеш со неа..Што има таа што јас немам? Навистина љубовта била болна..... Веќе 2 дена не бев излегла од дома седев дома,а надвор се случиле многу работи кои би ме интересирале.... -Јована ова ќе те интересира.(се обрати другарка ми Нина) -Што е кажувај? -Сред град се скараа овие.. -Штоооооооо!?Значи.....Зошто?! -Флертувала со други,тој се налути да видеш каква кавга испушти.... -Е бравос сега ме расположи,зошто не искочив?... -Хеххе,тој сега седи сам на клупата оди оди оди.... -Мислиш?! -Секако му треба утеха... Кренав,да тој седеше на клупата сам и тажен некако неможев да кренам но нозете сами одеа... -Здраво може?(реков со тивок глас) -Седни!-рече тој. -Како си?(прашав) -Како може да бидам гледаш,ти? -Добра! -Цел град зборува за нас нели?!(рече со тажен глас) -Да...(несакав да го разочарам,но морав да кажам)Ја сакаше ли многу? -Ја сакав многу,но сега ја мразам многу.Зад грб што не ми правела?! -Такви се некои девојки немаат душа,не се нервирај знај дека секогаш има некој што многу мисли на тебе! -Мислиш....?! -Сигурна сум... -Јована тииии....?! Истрчав знаев што ќе ми каже,бев засрамена и исплашена... Дојде ноќ легнав во мојот кревет и на мобилниот ми дојде порака мислев дека е некоја од другарките не брзав да ја прочитам,но нешто ме копкаше да ја отворам.... Ја отворив и останав без здив!! ,,Здраво Јована се надевам не пречам и не сум те разбудил сакав да ти се заблагодарам ми ги отвори очите и ми даде надеж која ми беше најпотребна навистина сум бил слеп а покрај мене сум имал прекрасна девојка...Јована извини ако сакаш јас сум спремен повторно да се заљубам``... Дали ова го прави само да ја заборави?.... Па,како ви се допага имам многу грешки во текстот,но не замерувајте доколку ви се допадне ќе ги ставам и другите делови
Ѓаволест поглед со рајска боја Тап-туп, тап-туп, нечии штикли се наближуваа до мене. Горд и самоуверен чекор кој, чиниш, остава трага на подот. Тивко и заплашено, потрчав да видам... Удар тело со тело ме фрли на подот. Ја дигнав главата и погледнав нагоре: две сини неба се отворија пред мене, гледаа во мене... Заматени со некоја капка дожд која не паѓа. Бескрајно длабок поглед, небесно син... Се исправив со очите забиени со тоа синило. „Се извинувам“-чув на заминување. И мала, скриена, ѓаволеста насмевка...
Замисленоста ме правеше некако отсутна без да бидам свесна за тоа. Во ладното речиси-утро, сеуште вечер, гледав како снегулките тивко се појавуваат на жолтата светилка на перонот и полека избледуваат во темнината. Подранив можеби, а мртвата тишина ми ствараше повеќе меланхоличен спокој отколку немир. Запалив цигара, повеќе од навика отколку од желба. Со нејзиното догорување перонот се наполни со луѓе. Се начичкаа едно до едно, во студеното утро, мрзливо влечејќи ги куферите. Не носев ништо со себе, освен документите спаковани во малата чанта, што еднаш одамна мајка ми инсистираше да ми ја купи. Отсекогаш е таква, мојата мајка, сака да постапиш правилно, да не ги повториш нејзините грешки, да ти укаже пред да згрешиш. Татнежот на перонот и најавата дека возот пристигнува ја прекинаа нижаницата од мисли. Седнав во купето со уште три девојки кои живо разговараа за некоја си забава што поминала, тука престанав да ги слушам. Криво ми беше, не, не криво, повеќе бев разочарана од начинот на кој таа татковска фигура беше отстранета од мојот живот. Не сум имала некој толку како-татко. Тој човек со кој го делев покривот 20 години тешко дека можеше да се нарече така. Луѓето идат- одат, ќе речеш, е баш како на перонот, кој остана пуст и празен како кога пристигнав, а сепак ете не можев да прифатам. Сонував понекогаш дека дека сум во друго време, на друго место родена, а понекогаш дури сакав да верувам дека имам пријатели. Блиски, кои добро ми мислат. Соништа, ќе речеше баба ми, којзнае дали во нив има нешто. Верував како-кога ми одговараше. Се разбудив со пристигнувањето на возот. Заклучив едно поглавје од мојот живот, а сепак нешто не ми даваше да се издишам полесно. Како огромна грутка воздух, тежок, да ми стоеше во грлото. Подголтнав со надеж дека ќе ја турнам. Не успеав. Запалив цигара, повеќе од навика отколку од желба. Една мисла ми одѕвонуваше, луѓето идат-одат, идат-одат.... Тогаш зошто толку тешко ми паѓа.
Да не беше ти, никогаш немаше да се насмејам од срце, Ако не беше ти, немаше да научам од срце да сакам, Немаше да пуштам солза од радост да не постоеше ти. Искри во мене, срцето растреперено- немаше да ми биде ако не си покрај мене ти. Единствен мој, господару на моето срце, подај ми рака и стисни ја цврсто. Летајќи да тргнеме на пат кон ѕвездите само јас и ти, А месечината да направи круг околу нас и освен ние никој друг да не постои. И да можам да го вратам времето назад, пак по тебе ќе појдам... Верувај во мене, биди со мене и верувај, бескрајно те сакам, Лага е последното нешто што на тебе сакам да ти го кажам. Ангелу мој, сакај ме и ти... погледни ме во очи и влези во мене, Да ги видиш одблизу чувствата мои кон тебе. Допри ги... И одтогаш сонувај со мене, чувствувај со мене, зборувај со мене, размислувај заедно со мене, секако..... ти си во мене... Моја желбо исполнета а повторно секогаш посакувана, постојано исполнувај се- исполнувај ме... Играј прегрнат со мене игра што никогаш нема да заврши - да го играме танцот на љубовта. Рамен никој да не ни е, времето да застане, среќата да расте и ова чувство никогаш да не престане...
Spoiler Го напишав ова пред неколку недели,онака инспирација во секунда ми дојде.. И ве поздравувам сите вас,девојки кои ќе се препознаете во ова. Сеќавања На една вечер во која имаше прв пат за многу работи. На таа средба на двајца,изгорени и од и за љубовта. На една јас за која долго чекав да блесне и еден ти за кој не го познавав во такво светло. Сеќавања за една спонтаност каква не сум имала.. За една храброст за која никогаш нема да се покајам. За еден маж кој нема да го заборавам. Навраќање на првото твое не. На твојата рамнодушност и себичност. Навраќање на тебе,за жал. Во вистинско издание. Се сеќавам,да. Многу убаво на се. А зошто? Ништо немам јас од спомени. А богами ни од тебе. А и неможам да имам нешто од некој,кој е едно огромно ништо. А можеше да бидеш нешто... Можеше да ми бидеш мене нешто. А можеби и сеуште можеш.. Којзнае. И се што ми остана од тебе се.. Сеќавања.
Не ми замерувајте што пишувам англиска поезија, не ме бива за македонска =) In order for me to forget the actions, actions that I've done in the past I need to remember the actions that I've decided not to make as they are lesser maim of our persona. For us to be purified we must dine our thoughts in a vibranium void which will allow our maddening ego to bounce back and forth to the walls of nothingness. Every time you find yourself screaming inside your mind, forgive. Forgive the ones who have initiated those echoes forgive the ones who have denied your choice and forgive yourself for your insatiable voice. I remember my mistakes but I'll never remember the moments who made me person I am today, a person who will forgive anything but that's just impossible because its hard to forgive something since I'm the one who has made all the mistakes. I forgive myself. Do you?
Обична ноќ Дозволив голтки вино нежно да ме галат. Ме гушкаше храброста во црнината на ноќтта додека луѓето се гушкаа со лажни насмевки. Топла соба и купишта од желби. Чувство на слобода во хаотични мисли. Две стрелки во круг додека се ракуваа мене студот на остриот воздух ме љубеше. Една обична ноќ. Без случувања. Spoiler може ке ме сретнете и на фб. и таму ги објавувам
Танго Накршени бадеми ко калдрма низ раце посевам. Ми паѓа погледот ко мед, полна лажица. Играме криенка со сопствените сенки држиме дланки испотени танго играј танго да паднам врз твоето рамо ветувам ти верувам Од нас да се крене бран топла прашина да создаде нова животна енергија. Јас ќе готвам додека ме играш играј да паднам врз твоето рамо ветувам ти верувам...
Ледена игра Дозволи ми да танцувам да бидам тоа што не сум, дозволи ми вечерва да изберам само мој танцов под. Овој воздушен простор над нас нека ме прегрне силно, мојот партнер за вечерва дозволи ми да биде тој. Ќе танцувам за твоите очи насмеана за мојата душа, секој миг ќе го замрзне кристалниот студ. Ќе слетам на твоите усни засекогаш ќе останам таму леден печат за спомен од твојата мала снегулка.
Пост-новогодишна Дочекавме уште една. Нека се множат и собираат. Ситните души нека протестираат. Оние за нов почеток - нек се ресетираат. Завиени во нови грижи, со стари проблеми, изгрицкајте ги силно, покажете души отворени. Денес не' има, утре не' нема, и додека Ѓаволот не не' зема, бакнувајте се, радувајте, сакајте до стотка, убави желби, нежни мисли, умот нека ви копка.
Петт години Зрна кафе. Несомелено во старата тегла од баба. Мириса на нејзините дланки кои петт години ги нема. Мириса на нејзиното присуство во старата соба, на нејзиното место. Баба. Ме гушкаше. Тепаше. Нејзините пржени компирчиња беа најубави. Мириса на неа. Ме допира сеуште нејзиниот глас, ме топли нејзиниот чај.
Баба Љуба Ти, од некаде сонливо се појавуваш во редовите што ги пишувам зошто ми читаше уште кога имав само три години црташе ликови на стари весници гаташе истории Ти, бабо што имаш име на Љубов од тебе сето сеќавање сега е инспирација што нови светови ми создава. Ти, жено што на грб деца си носела "една на мајка останав" велеше во постела Ти благодарам за се’ што направи да те споменам во песна не е доволно А доволно е За моето срце да не те заборави.
Опиена од мистичноста на полната месечина, седеше сама и босонога на кафеавата ровка земја, додека со рацете ги обвиваше нејзините студени колена. Се обидуваше да ја пронајде нишката со која ќе може да ги поврзе своите чувства но и, размислувања. Ја гледаше светлата панорама на темниот град и ја чувствуваше топлината на осаменоста. Со едната рака, со стапче, почна да прави дупчиња во меката земја, небаре сакаше таму да ги закопа сите нејаснотии од нејзиниот ум. Се прашуваше зошто е толку тешко да дознае што чувствува? А чувствуваше сè, и очај и спасение, и одбивност и ЉУБОВ, омраза и прошка реалност и луцидност, тага и радост. Додека седеше, чувствуваше пропаѓање во дупка без дно. Чувствуваше сè и чувствуваше ништо... Но по се изгледа дека беше само личност со огорчено срце, добра душа и збунет ум... Како сите !!! А полната месечина без разлика на сè, реши да блeска повеличенствено од секогаш..
Изреки,поговорки,мудри мисли,секојдневни поуки и слично ДЕВОЈКАТА СО СТАКЛЕН ПОГЛЕД Замина! Остави зад себе само празна трага, притоа не насетувајки ги криците кои ја враќаа во реалноста.Нејзиниот живот сега висеше на тој бел конец кој го најде во старата пожолтена книга.Да, да! Беше сакана, посакувана од секого, го мамеше секој поглед и никого не оставаше рамнодушен.Можеби тоа ја дигна до ѕвездите и ја спушти толку ниско...долу во провајлијата во која ќе ја оставеше целата своја невиност.Кревка и млада влезе во светот на искушенијата понесена од својата самодоверба која секогаш ја правеше силна и достоинствена.Ја прифати подадената рака која нетрпеливо очекуваше да ја придобие со убавите комплименти притоа правејќи да се чувствува како божица.Па да! Тоа и беше всушност – девојка со стаклен поглед, со неодолив шарм и заводлива насмевка.Претставуваше мамка за спротивниот пол.Нејзиното его одекнуваше насекаде истакнувајќи ја натприродната убавина со која се гордееше.Токму затоа изгледа и згреши. Отсекогаш имаше се и знаеше дека со само едно подчукнување со прстите ќе го добие и тоа што и недостасува.Предизвикот за неа не беше момент за размислување, ниту пак непредвидливата ситуација знак за да се предаде.Беше толку храбра и безгрижна и ни еднаш не се заврти назад кога го пречекори прагот кон непознатото.И, секако не се случи ништо неочекувано.Беше пречекана со раширени раце, со врели бакнежи и заштитнички прегратки.Меѓутоа, што се криеше зад толкавата добродушност, што се се криеше во тие супериорни дечки?Секој од нив го посакуваше нејзиното тело, секој од нив беше заслепен од блескавиот сјај на нејзините очи, секој копнееше по врелината на румените усни.Беа како крвожедни животни во кои полека се будеше дивиот инстинкт.Тие ја вовлекоа во водите на алкохолот, тие овозможија од неа да излезе “белиот чад”, тие и помогнаа да ги скрие трагите на задоволството.Сега беше плен во затворен кафез.Темното небо ја покри нејзината силуета, музиката го придуши нејзиниот глас, но никој не успеа да го скроти нејзиниот дух.Свеста во неа сеуште биеше и не ја напушти во ниеден момент од таа летна ѕвездена вечер.Пленејќи со секој дел од своето тело, таа успеа да ја одржи рамнотежата и иако беше “подклекната” не дозволи да падне на колена.Токму тоа направи уште повеќе да ги засени сите други девојки околу неа.Го вкуси забранетото овошје, но притоа не плати со својот живот.Уште еднаш успеа да си поигра со ситуацијата, успеа да ги излуди сите, да ги остави без здив и да ги скрши нивните срца.А, таа стоеше на врвот.Пак беше автор на перипетијата која секојпат ја спасуваше од тотална пропаст.Сите ги гледаше со исправена глава, горда на тоа што е грешник, но што сепак не успеа да згреши.Сите знаеја дека не е светица, меѓутоа сите предано и паѓаа пред нозете. Беше и остана доследна за почит, беше и остана копнеж на секој од нив, беше и остана девојката која сите ја сакаат, но никој не успеал да ја добие.И сега повторно продолжува по својот пат.Застана само за момент, да вкуси нешто ново, да ја задоволи желбата за авантура.Но, знаеше дека мора да се раздели од се, како и секогаш.Вистината ја болеше,последните зборови и беа: “Зарем морам повторно да свртам нов лист?”Мораше да се убеди себеси дека е се во ред, мораше да трча напред за да не ја испушти новата шанса.Знаеше дека неможе да лета со скршени крилја. И повторно ретроспектива на настаните.Ги остави зад себе тие летни денови, тие ѕвездени ноќи, тие прекрасни зборови кои уште повеќе ја надополнуваа нејзината самодоверба.Повторно мечти за неа, повторно копнежи по неа, повторно слатката девојка успеа да побегне.Замина! Но, знаеше едно – дека кога и да се сврти назад од сите страни ќе блескаат зеници кои сеуште ја посакуваат.И дека во никој случај, ама баш никогаш нема да остане сама.
Немир Ти што си само за забава, ти што сериозно не те сфаќав, ти што навидум ништо нема во тебе, освен површност, ти и Божиќ, не сте добра комбинација, зашто во главава ја имам само таа релација, јас-ти. Зарем не знаеш дека не си одговараме, зарем не знаеш дека сме спроти сите закони, зарем не знаеш дека не смееме. А знам не знаеш дека само тоа помнам, ти, јас, постела и твојот мирис, мирис на среќа. А не знаеме што сме си еден на друг и еден пред друг глава наведнуваме. А не знаеме што сме си еден на друг, освен немир. Немир длабоко во ноќта и во срцето. Ги мразам Ромео и Јулија и нивната клише приказна. Немир, само немир.
Пасивно агресивна Се хранам со твоето присуство и се тешам со црвено вино. Со надеж ја палам последната цигара и се гушам од парфемот на твојата кошула. Влезе длабоко во хемоглобинот од крвта, а јас спијам со духови во постела. Дишам по тактот на тишината, следам фосилни стапки под уличната светилка го барам твојот последен здив низ прашина што ме обвива.
Црно-бели линии Малку талог кафе на аголот од стакото и еден прст што стиска желба. Криви црно-бели линии пишуваат иднина. Отворени очи гледаат навраќајки се на она што било. Се надеваат. На реприза. Патешествие до старите спомени. Spoiler може ке ја прочитате и на фб, и таму ги објавувам
Пеперутка Ја отвори долго стегнатата дланка, а во неа се’ уште една стара - гасеница. Сакаше да полета, да го допре бескрајот, ги рашири рацете, но остана на земја. Беше странец во добро позната територија, се гушеше во густите облаци на заборавот. Му требаа само крила, а токму тоа немаше, само крилата му отвораа пат до слободата. Знаеше дека веќе не би гледал наназад, а и што можеше да види? Само темнина! Во трпението ја гледаше последната свеќа, оној извор на светлина кој никако да блесне. И за крај, ја отвори долго стегнатата дланка, а во неа - пеперутка...
Ноќ покрај старото пијано Седеше сам во малиот ресторант покрај морето. Брановите повторно ја свиреа својата вечерна симфонија која му беше толку многу позната. Со погледот луташе кон морето давајќи му почит на стариот маестро. Чашата со стариот коњак блескаше како килибар на светлината од свеќите,а тој одвреме на време погледнуваше кон старото пијано очекувајќи секој момент да започне магијата. Се огласи ја хармоничните звуци и го помилуваа. Ги затвори очите и секој звук го чуствуваше на својата кожа како нежен допир на женска рака,секој момент што поминуваше ја смируваше неговата растреперена душа,пловеше низ светот од кој бегаше со изгревот на сонцето, но од тука ништо не можеше да го повреди,тука беше некој друг кој својот живот го гледа со туѓи очи. Ноќта се ближеше кон крајот,се измори и молкна старото пијано. Полека стана и тргна кон вратата,но пред да излезе на старото пијано со поглед му закажа уште една средба некој нареден ден,во некое друго време но на старото место,во малиот ресторант покрај морето.