Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Коса црта

    Време е
    да купиш нови чевли
    старите не те водат никаде
    смени го погледот
    а не двогледот.
    Размисли
    каде одиш
    а не кој е твојот превоз.
    Мирисај нови предели
    промаја или провев
    иако е наш збор
    често треба да се користи.
    Слушни ја музиката
    од градската канализација
    не, тоа не се алигатори
    тоа се нашите гревови.
    Понекогаш
    здогледај го сонцето
    право во очи
    додека не почнеш да плачеш.
    Реткост е да си радост
    во нечија ушна школка
    Престани да кукаш
    и онака секаде демне болка.

    Смени нешто
    смени го чаршафот на креветот
    направи нови подвизи
    направи
    било што.
    За смеење.

    /Се плашиме од промени
    оти така
    имаме помалку време за живеење./
     
    На BeYourself, Hipster, donna.17 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Празно тело

    Се наведна на подот и ја зеде машата. Го отвори стариот шпорет на дрва и пробуричка низ пепелта со надеж дека се уште има малку жар. Стави дрва и се упати кон креветот. Се мушна под ќебето и повторно се задлабочи во книгата која ја читаше. Оддеднаш вресна. Повторно почувствува болка во стомакот. Како некој со нож да ја сечеше. Се свитка и чекаше да помине. Впрочем, тој ден болките беа многу чести, но за неколку минути минуваа... Оваа не помина. Почека пет, десет минути, но болката стануваше се посилна и посилна. Се обиде да стане, но не можеше. За прв пат во животот посака да има некој крај себе, да има кој да и помогне. Проба да го дофати телефонот, но и во тоа не успеа. Болката ја надвладеа.
    Долго лежеше така свиткана, беспомошна. На крај, кога болката малку стивна, стана, се облече и излезе надвор. Се уште стомакот ја болеше, но некако успеа да дојде до такси станицата.
    -До градската болница, ќе ве молам.
    Таксистот ја запали колата и се упати кон болницата. Нејзе болките повторно и се зголемија. Пак почувствува дека некој и го сече стомакот на два дела. Вресна!
    -Госпоѓо, добро сте?
    -Да, само побрзај!
    -Бремена сте, претпоставувам?
    -Лошо претпостануваш, имбецилу. Вози брзо!
    Таксистот замолча и продолжи да вози слушајки ги нејзините лелеци.
    За неполни пет минути се најдоја во дворот на болницата.
    -Да ви помогнам, госпоѓо?
    Таа посрамотено го погледна. Свесна за навредата претходно, не изусти ни збор. Тој излезе од возилото и ја зеде врз себе. Ја седна на столчињата во ходникот и отиде да побара доктор.
    Набрзо таа се најде на лекарскиот кревет на кој и вршеа низа прегледи. На крај, кога сето тоа заврши докторот и соопшти дека е бремена.
    -Веднаш закажувам абортус.-рече отсустно гледајки во една точка на таванот.
    Докторот остана запрепастен. Се обиде да и укаже дека греши, дека детето заслужува да живее, но таа не го слушаше. Пред очи и се вртеа сликите од мажот кој ја уништи засекогаш. Ја уби одвнатре.
    Во еден миг го прекина монологот на докторот:
    -Вие никогаш нема да сфатите бидејки сте маж, ама јас многу добро знам што носам во себе. Тоа е дете без душа, без љубов. Плод на крвничко убиство на душата. Плод на силување. Навистина мислите дека можам да сакам дете зачнато на таков начин?
    Докторот замолчи. Се повлече од собата и следниот ден изврши абортус.
    Нејзината утроба беше празна, душата и беше празна... Но, таа се чувствуваше слободно.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Љубов на првите седишта
    во оној црвен автобус.
    Се сеќаваш ли?

    Јас немав многу зборови
    а ти ми испеа серенада
    со поглед.

    Тајни слетани од нашите усни
    и стискање дланки
    како да е последен вожња
    наша Љубовна.

    Ги напишавме иницјалите
    на прозорецот
    додека се топеа постоења,
    се смеевме како зелени деца.

    Знаев дека постоиш за мене
    и јас постојам за тебе.

    Уличните светла текстура
    на нашите лица.
    Даривме бакнеж
    како за последен пат,
    а секој последен пат беше најубав.

    Автобуските станици
    патоказ за нашата Љубов,
    а чувствата покривка за добра ноќ.

    06.01.2012
     
    На BoaVista, SaIvnjaann, AnaKarenina и 6 други им се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ми рече - не се менувај
    те сфатив - те сакам.
    Ми рече - едниствена си
    те сфатив -моја си.
    Ми рече - заминувам
    те сфатив - овде сум.
    Ми рече - ќе се сретнеме пак
    те сфатив - твој сум
    ние постоиме.
     
    На Hipster, blueeparadise, AnaKarenina и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Љубов, и
    да беше птица, како да ти ги откинеа крилјата
    да беше дрво, како да ти го пресечеа коренот
    да беше човек, како да ти го откорнаа срцето

    Љубов, и
    од пепел, ќе разгориш оган
    од капка, ќе разбраниш океан
    од зрно песок, ќе создадеш пустина

    Чудни се патиштата на љубовта,
    Но без љубов си никој и ништо.
     
    На BeYourself, AnaKarenina, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    СЕКОЈДНЕВИЕ
    Утро...
    Како и секое претходно
    сончевите зраци ме галат
    и чинам се трудат
    да ме извлечат од топлата постела
    во која до само пред некој миг
    беше ти ... во мојот сон.
    И...чудно, но чуствувам дека ти
    си сеуште со мене.
    Те галам, бакнувам, посакувам...
    О, Боже, колку нежно ме милуваат
    твоите раце и колку бакнежи
    го посипуваат моето згрчено лице.
    Знам дека си тука,
    едноставно чувствувам
    или можеби сепак ... сонувам.
    Пладне...
    Како и секое претходно
    размислувам за тебе и потајно те гледам
    ...долго, долго и себично.
    Знам дека си мој,
    а јас повторно се борам
    за твојата љубов.
    Со часови вака размислувам,
    со часови фантазијата ме опседнува,
    а ти бескрајно долго ме бакнуваш
    и ми шепотиш зборови
    што се врежуваат во моето срце.
    И... дали цврстината на твојата прегратка
    ми го одзема здивот
    или пак тоа е тежината
    на мојата ... фантазија.
    Вечер...
    Како и секоја претходна
    отсекогаш сакав
    да седам вака на прагот
    и заедно да ја гледаме
    онаа голема бисерна топка
    како се појавува на небото.
    И додека ти со матен поглед
    го гледаш величенственото небо
    и расеаните светилки низ него,
    јас посакувам да ги бакнам твоите очи
    моите две најсјајни звезди.
    Сега кога си тука
    би сакала да ти кажам
    дека навистина те сакам,
    но уморот ме совладува
    и измаченово мое тело
    бара спас во постелата
    во која ќе ги затворам очите
    ќе го закрепнам срцето
    и во која ... повторно
    ќе бидеш ти ... во мојот сон.

    лонг тајм аго , верувале или не - 11.02.1996 :)
     
    На Hopeful, De-lovely, Bright и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    *


    И темното небо ќе секне
    за нас - љубовниците.
    Има толку многу како нас,
    нема веќе каде да не скрие.
    Небото плаче, врне, грме,
    се вие, ене го:
    темни облаци се насобрале.
    Не сака тоа така
    на љубовта денот да и го одземе.

    Низ светли бранови,
    низ чисти погледи,
    низ сончеви зраци
    сака тоа да уживаме.

    Очи во очи,
    со чиста рефлексија.
    Без срам, без страв,
    очи во очи.

    Двајца пред светот,
    светот пред двајца.

    Ѕвездите да се украс,
    месечината потсетник.
    Без лаги и криење,
    без часовник и време.
    Без сомнеж
    што љубов убива.


    21:51
    06.09.2011
     
    На marama, AnaKarenina, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  8. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Реков: Здраво,
    мислев: Каде беше до сега?
    Реков: Како си ?
    мислев: Едвај чекав да те видам.
    Реков: Се знаеме ли?
    мислев: само ти си ми во мисливе.
    Реков: Ајде сега чао.
    мислев: Запри ме глупаку јас те сакам.
    Ти подадов рака,
    а толку сакав да те бакнам.
    Проклета гордост, мојата кочница.
     
    На marama, AnaKarenina и innablood им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Елегија СК

    Не, јас и ти немаме класична врска
    како класична музика
    што ја пуштаат
    секогаш кога е ден на жалост.
    Па се чудам
    да не згинале сите птици
    и тишинуваш
    како сите мали луѓе
    што газат по улици
    и калдрми минуваш.

    Не, јас и ти се инспирираме
    од грдите глетки
    од она што "мижејќи" го голтаме
    од просторот - бестелесен
    што ги држи конците
    на граѓаните
    марионети
    стопени во сивилото
    на матичните клетки.
    Што раѓаат
    збор
    педантен, да личи
    за тебе, мое Скопје
    те оставаат
    како кутре што квичи.

    Да умреш
    во нивните очи
    како непосакуван предел
    што никаде го нема.
    Само
    во устите
    на сеќавањето
    дел по дел
    што го зема...

    (можеби некогаш ќе продолжиме, можеби и не)
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    -12 степени

    Се реинкарнирам во птица со скршено крило
    што со сета сила се бори да прелета над тунелот.
    Вдахнав прав
    и те оживеав тебе,
    отчука полноќ и чекам да се земеш со себе,
    се спуштам ко мрак,
    и постанувам глува на тишината.
    Ќе ти бидам копас,
    а ти понеси ме кон Исток,
    резервирај билет во еден правец,
    каде пустината ќе биде мое секојдневие
    и исплети мрежа од страст.
    Се регенерирам во порцеланска кукла,
    смести ме на некоја полица,
    близу свеќа што догорува
    и восок кој капе на тиркизен фустан,
    да почувствувам болка до срж,
    да сум свесна дека сеуште чувствувам,
    да знам дека сеуште сум жива..
     
    На L-enna, De-lovely и ljubam им се допаѓа ова.
  11. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Нирвана ефект

    Кога ќе ме нападне руска зима,
    прегрни ме,
    нека ме заплисне топол бран,
    нека ме огрее пролетно сонце,
    заспи ми на гради
    и издишувај во ритамот на стрелките на часовникот.

    Ти си загатка која не можам да ја одгатнам,
    мистерија која се провлекува низ мозочните ќелии,
    визуелно забележувам енигма неразјаснета
    и долго ќе останеш мистерија на времето.

    Спротивно на тоа,
    јас сум ум на мудротста - ми шепотиш
    додека се кријам под ќебето,
    само за да те заштитам од емоционална бура,
    додека си играш со црвените прамени од мојата коса
    и истовремено ги испреплетуваме нозете,
    се втиснуваме еден до друг.

    Ти си Тој,
    кој ми ги замати мислите
    како милкшејк кој го вкусувам
    и карамела која се топи кога ќе дојде во допир со моите усни,
    Ме вајаш во восочна фигура,
    ја имаш моќта да ми пренесеш чувства,
    да ме понесеш меѓу ѕвездите
    да бидам твоја Афродита.
     
    На Annie.mk1, L-enna, De-lovely и 2 други им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Бегам од љубовта,
    а ти ми правиш сопки.
    Паѓам и плачам од болка,
    а ти ми подаваш рака полна со надеж.

    Сонувам кошмар,
    а ти ме будиш.
    Умирам од жед,
    а ти и последната капка вода ми ја нудиш.

    Вриштам нервозна,
    а ти ми вариш чај за смирување.
    Ме фаќа ПМС и сакам крај,
    а ти смирен дејствуваш за помирување.
     
    На WhiteAngel, Bright, Springy и 4 други им се допаѓа ова.
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Кога ќе ти пружам рака,
    значи нудам помош,
    кога ќе те погледнам,
    значи ми требаш,
    кога ќе те бакнам,
    значи те сакам,
    а кога ќе те гушнам со сета сила,
    не давајќи ти ни простор да воздивнеш,
    значи дека неможам без тебе...

    Зошто јас и ти,
    во некоја друга димензија сме,
    јас и ти,
    во некој туѓ свет,
    јас и ти,
    сами,
    во нашиот кревет...

    Не зошто мораме,
    не зошто така треба,
    туку само затоа што и Јас и Ти така сакаме.
     
    На anneyy, x.Daisy.x, Monroe и 3 други им се допаѓа ова.
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Функција

    Облечи го најубавиот збор што го имаш во плакарот.

    Вечерва ќе молчиме. :)
     
    На BeYourself, anneyy, De-lovely и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    3.698
    Пол:
    Женски
    Создадов за тебе чудесен свет во кој ти беше кралот..
    Јас бев само еден пион кој го даде како жртва за твое добро..

    Но, не, не ти се лутам...

    Направив пат за тебе, го осветлив со надеж, пуштив спокојноста да завладее.
    Ти секогаш беше тука, но никогаш таму каде што навистина требаше да бидеш..

    Створив магична одаја, ја украсив со желби, ја обоив со мир само за тебе.
    Тебе не ти се допадна, ја сврте главата и замина...

    Талкаше по несовршености, безмислици и не погледнуваше кон веќе изградено за тебе..
    Упорно бараше мрачност и темнина, незнаејќи за тоа..

    И најде.. Но не ти се допадна..
    Посака да се вратиш, но повеќе не постоеше рајот за тебе..

    Имаше само црвени ружи.. Боцкаа..
    Токму нивната болка не дозволуваше да се вратиш.
     
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Погледни ме со душата денес
    помирисај ми ги мислите
    мирисаат на подршка,
    допри ми ги рацете
    прочитај ја загриженоста.
    Излези од својата кожа
    влези во мојата
    укради го спокојот.
    Прифати ја прегратката
    стисни ме
    затвори ги очите
    нека сонуваат топлина.
    Диши
    не се плаши.
    Јас сум твојата љубена
    а ти мојот единствен.
     
    На Hipster, Divinebutterfly, innablood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    После тебе

    Уништена,
    срамнета со земјата.
    Служам за бришење прав
    и по некоја пајажина.
    Ме гледаш од високо,
    чиниш небото е твое.
    А јас сум така ниско,
    на дното...од нашиот свет.
    Не! Нашиот свет беше под облаците,
    А јас...јас сум уште подолу!
    Го допирам дното од океанот,
    а тој не ни беше во план.
    Сакавме да бидеме птици во лет,
    птици без гнездо, без дом,
    а заедно!
    Беше невозможно.
    Еден мораше да ги изгуби крилата!
    Тој ме избра мене-моите ги скрши!
    Сега сум само честичка во еден,
    неправеден севт!
     
    На Annie.mk1, De-lovely и BoaVista им се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    На врвот на насмевката

    Љубам да те љубам.
    Меѓу прстиња.
    Дланки, подлактици.
    На врвот на брадата,
    крајот на вратот,
    врвот на насмевката.

    Љубам да те љубам.
    Во завесата на студот и сивилото.
    Сонувам како моите усни
    ги гушкаат твоите.
    Се гушкаат како долго време
    да биле раздвоени.
    И биле.
    Беа.
    Сеуште се разделени,
    сонувам јас...сонувам.

    може ке ја сретнете и на фб. ги објавувам ;)
     
    На Hiii, Divinebutterfly, starfish и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Ме одра до гола кожа.
    Всушност и пари
    не ми се важни.
    Одамна ја претрпев таа настинка
    ко "мачја кашлицa"
    Ме одра ко круто олупен грејфрут.
    Мислеше дека сум горка
    па ми ја солупи и облеката
    а јас те облеав со мојот сок на животот.
    Сега ми ја одра и кожата
    не ја гледам поентата
    во тоа да расипуваш поговорки.
     
    На Hayley, Feminkaa и polena им се допаѓа ова.
  20. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Видео игра

    Морничаво пладне.
    Ме заситува застарен џез,
    мирис на отстоен портокал
    и оддеднаш се сепнувам -
    Премотувам стари фотографии,
    те барам во секој стих,
    ко виолински клуч
    започнувам со тебе..

    Нели забележуваш,
    како носталгија се спушта
    и носи со себе ветувања неисполнети,
    ноќи прелиени со црвено вино
    и накисната земја со солзи.

    Градам твој саркофаг,
    но залудно,
    те носам десно од копче од кошулата
    како филигран,
    дали помислуваш дека си затворена школка,
    мистична приказна без наслов.
     
    На De-lovely, The.Fame.Monster и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.