Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ~Прашина~

    Ме загушува.
    И воздухот, и мирисот, и носталгијата.
    Копнежот за тоа што некогаш постоело,
    како магла се спушта во собава.

    Ќе ги извадам сликите од рамките,
    со крпа ќе ја избришам прашината
    и сите спомени задушени во неа,
    нека заминат по патот на тишината.

    Сакам срцево да е бел ѕид, недопрен.
    да ги откорнам на сеќавањата корените.
    Но што потоа,
    кога јас сум ништо без спомените?
     
    На skyAngel, JaneAusten, PoisonGirl-Valo и 4 други им се допаѓа ова.
  2. PoisonGirl-Valo

    PoisonGirl-Valo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    35
    Животен Воз

    Раздвижени луѓе,растрчани деца,многу автомобили на улицата,секој негде брзаше,а пак јас полека чекорев како странец. Во рацете ги носев полупразните куфери, во нив имаше повеќе облека отколку надеж.Погледнав назад,но не се враќам назад за да повторно се разочарам.
    Застанав и го чекав возот на перонот, ми се чинеше дека сите знаат кај ќе одат.Јас бев таа девојка,многу поразлична од другите,не знаев каде ќе одам и што ќе видам, но бегав од градот во кој живеев. По некое време ,со картата во мојата рака се качив во возот. седнав на едно празно место, замислена гледав во една точка се чуствував празна одвнатре.
    Животот премногу наликува на патување со воз. Со многу постојки, на кои се качуваат луѓе кои подоцна стануваат наши пријатели, но и луѓе кои ќе не разочараат и расплакаат. Со самото раѓање се среќаваме со луѓе кои се многу важни за нас,како на пример нашите родители. Премногу ги сакаме и убедени сме со мислата дека никогаш нема да не напуштат.
    Но за жал на некоја постојка од нашиот животен воз, без да сакаме тие ќе се симнат, оставајќи не сами.
    Патниците кои ќе се качат во нашиот воз, се нови во нашиот живот, но ни помагаат да станеме подавајќо ја нивната хумана рака. Иако сите во миг сме среќни, низ патуваето во животниот воз , ќе доживееме нешто што ќе ја разбуди тагата во нас. Другите патници кои че седнат до нас се тука само за да не повредат. Тие не оставаат да ја оствариме нашата цел, за на крај да не турнат во бездната.
    Но зошто некои наши блиски се во друг вагон и не патуваат со нас ?
    Не оставаат сами, не ни даваат да се сместиме во нивното купе. Во нашето патување се трудиме со секој патник да бидеме пријател.
    Таков е животот преполн со состаноци и разделби, а за некои никогаш нема да постои можност за повторно среќавање. Најголемата енигма во нашиот животен воз е кога ние ќе слеземе и каде води нашиот пат ?
    Ќе бидеме многу тажни кога ќе се симнеме од него, оставајќи ги нашите блиски.Сигурно самата разделба со пријателите стекнати во текот на патувањето ќе нанесе рани по нашето срце.
    Дојде време да се симнам, се симнав од возот и застанав. Стоев таму, јас со мојата мистерија тешејќи се без одговор. Не знаев што ќе ми донесе животот и каде води патот. Но храбро почнав да чекорам во непознат правец кон пронаоѓање на сопствената среќа.
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Сонлива

    Трговец со соништа
    сум
    не знам ни дали
    може со боја
    да се напише цената.
    Колку е лесно
    да се носи на рамо
    еден куп видености
    од заспиен ум.

    Што, потака
    залутал
    да види кај се буди светот
    каде заспива потокот
    и оганот
    што крши ритам
    во ноќ на полна Месечина.
    Од здив плете конци
    на земја зборој постила.

    Тргувам
    небаре имам што да продадам
    се’ е дофатливо
    и нема цена
    во нашите споени дланки
    перници
    што се кошкаат
    која прва да падне од креветот.
    Тогаш сонот
    ти го дарувам
    оти,
    е бесплатен.
     
    На Feminkaa и Bright им се допаѓа ова.
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Покривка

    Мислиш ли некогаш
    дали некој мисли на тебе ?
    Кога самуваш во топлата
    постела чекајки го сонот да
    ти надвисне над перница,
    дали помислуваш на тоа ?
    Те мисли ли некој ?

    Доволно е темнината да ѕирне
    низ прозорецот и го гледам
    твојот глас како се покрива
    со моите мисли и не сака да бега.

    Но понекогаш мислите не се доволни
    за ноќта да биде убава.


    може ке ја сретнете и на фб и таму ги објавувам ;)
     
    На Miss-Sinner, De-lovely, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Mr Sandman

    Сакај ме и кога имам три кг +.
    И отварај ја теглата со мед
    место мене
    кога се мачам
    гушкај ме кога сум ламја
    и без да знам зошто
    плачам.

    Не ми се смешкај
    кога знаеш дека полудувам
    без шеќерна доза
    без заспивање
    во омилена поза.
    Промени ми го лудилото
    онака, како што јас
    заспивам како девојка
    со тебе
    а се будам
    како Жена.

    Одморена
    кога ми даваш сон
    и ми дозволуваш
    да ти зготвам ручек и радост
    барајќи оган
    за да остварам Дом.
     
    На De-lovely и Bright им се допаѓа ова.
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Ретко е лето

    Се ракуваш со десната дланка
    влечејки го погледот на местото
    каде пламен понекогаш гори.

    Насмевка возвишена во воздухот
    на сивиот ден го пробуди
    сонцето во мене.

    Гори нешто што понекогаш
    потсетува на логорски оган
    а понекогаш како жарче во
    заборавен зимски оган.

    Се топлам понекогаш
    колку да се сетам на нашето
    време кога беше летто.

    може ќе ја прочитате и на фб. и таму ги објавувам ;)
     
  7. PoisonGirl-Valo

    PoisonGirl-Valo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    35
    Средбата со најмладиот син на Ѓаволот
    Животот нуди бескрајни можности за отварање на голем број врати без разлика дали тоа се заборавени,со корозирани кваки,или пак некои нови и навидум убави. Тоа е животот голем број на соби во кои се среќавате со нови ликови,насмеани лица,со звукот на лажните зборови и со голем број на чуства кои ќе бараат простор да се впијат во твојата душа. Некои од нив ќе бидат најпрекрасни за да се почуствуваат, а пак некои најболни за сеќавање ,тоа се оние кои што уништуваат.Низ здодевните дејствија во еден крајно досаден ден ми се случи нешто можне интересно.Но дали беше доволно да се чуствува на крајот се дозна, но сепак е толку интересно што не можам да ја затворам мојата уста да говори за тоа,моите чуства да ме уништат, и раката неуморно да пишува за таа средбаБездушно газев по лисјата испрушени по разодената патека,за некои со можне убав сјај, а пак за некои обична глетка на која тишината се појавува ,а чуствата царуваат. Седнав на дрвената клупа со вообичаено убава боја украсена со графити,или пак нешто што се нарекуваше графити. Со Пуштената музика која одекнуваше од моите слушалки летав негде со мислите.Негде далеку ,но сепак толку бев реална во тоа што ги забелешав чекорењата на стариот господин и на еден млад човек кој одеше со него. Звукот на младиот човек по гнилите лисја одекнуваше во моите уши и беше посилно од мелодијата на музиката која ја слушав. Младичот беше облечен во мрачната таинственост на црната боја која некако беше во хармонија со неговиот од. Прекрасна глетка на таа прекрасна става која те остава хипнотизиран. Двајцата се приблишија и седнаа до мене ,јас бездушно ги тргнав моите слушалки и ги одмерував чекорите со погледот на моите очи.
    Стариот господин одамна го имав запознаено во делата на другите и во звучноста на зборовите. Тој беше она мрачното нешто за кое што луѓето се плашеа да зборуваат , а толку често го изговараа неговото име. И тој беше облечен во црно, но не во толку прекрасно црнило како младиот човек. Да имав огледало во тој момент ,сигурно ќе ги видев љубопитноста и стравот испреплетени, кои во тој миг се пренесуваа во моите очи.
    И во тој момент на раѓање на милиони смешни и зачудувачки прашања , Господинот Ѓавол ме запозна со младиот човек кој беше со него. Името на Господинот Ѓавол не беше потребно да го каже самиот тој,за да се претстави бидејќи знаеше дека го знам . Така Господинот Ѓавол ме запозна со неговиот придружник и можне ладнокрвно и со голема доза на злоба кажа ,, ова е мојот син “.
    Неговиот син ми ја подаде раката за да се ракуваме, а јас чекајќи ја подадов мојата.Допирот на неговата рака беше задоволителен за мојата душа, пријатен како најубавото чуство и радост слична како кога малите деца и се радуваат на новата топка. И мојата рака го правеше тоа,ја милуваше неговата рака како што децата ја триеа новата топка.
    Бескрајно се изгубив во погледот на неговите прекрасни очи со необична обоеност,сето тоа ми се чинеше како вечност, проклет момент кој не сакав да престане.Неговата убавина го привлече сето мое внимание, но истовремено почуствував бодлив напад на морници. Неговата насмевка беше волшебна, а неговата убедлива моќ на изговорените зборови зачудувачка. Неговите прекрасно насликани црти ми говореа за можноста да постои најубавата сслика за еден млад човек, која некогаш беше насликана од најталентираниот уметник.Неговата коса беше совршенство и небесно уживање, мојот поглед беше вперен во него што не ни забележав дека Господинот Ѓавол заминал.Останавме сами, ветерот ни ги милуваше нашите коси, но не толку колку што мојата душа го милуваше неговото присуство. Свесно ја убив мојата искусна интуиција која говореше за присуството на опасност предизвикана од популарниот син на Господинот Ѓавол. Не знам зошто го направив тоа, но бев горда на убиството на малиот анѓел што ме предупредуваше, но за жал залудно во тој миг. Па зарем некој му е потребно тоа чуство кога пред тебе седи најпрекрасното нешто што некогаш си го видел ?
    Тој ја запали цигарата толку заводливо што посакав да го насликам со најскапиот фотоапарат. Неверојатно беше тоа штп димот од цигарата не ми сметаше во земањето на кислород. Разговаравме на без број значајни и незначајни теми,со големо внимание го слушав и треперев. Не јас не треперев од студот во тој ладен ден, јас треперев од неговото присуство. Неговиот мрачен поглед и неговата убавина ба причина да заборавам на се и да се гледаме многу пати. Секој пат кога ќе го видев палејќи ја својата цигара, тој палеше пламен во моето срце. Тој порок беше причина за моето постоење,но и замоето идно уништување. Во тие средби воопшто не ми беше важно, тој беше највкусната храна за мојата душа, најуништувачката дрога која ја консумирав. Не ми беше важно ништо друго,само тој беше присутен во мислите. Пламенот се стори во оган кој наместо да ми ја стопли душата тој ми ја изгоре. Димот на неговата цигара стана навика, а оганот причина за да ми ја изгори црвената роза , таа пеплоса , нејзините крвави ливчиња беа пеплосани и обоени во црно. Но не само тоа беше украсено со црната боја, мојата душа исто така ја обвив во црнило. Порокор го распарчуваше моето срце и не престануваше. Дури тогаш го дознав името на синот на Господинот Ѓавол тоа беше ГНЕВ.Гневот ме изгоре,уништи и ковеше безброј клинци. Маѓепсаното примање на неговите погледи,сеа беа горчливи пијалоци во сјајни чаши. Гневот беше сторител на сегашното грчевито виткање, тој беше мојата опсесија,причина за носталгија и губење во ужасна болка. Раните не заздравуваа, тие уште печеа, а минатото успешно ми ја украде сегашноста. Посакав да му го кажам тоа, но просто не можев,многу пати без размислување го повторував и се повредив себеси.
    Носталгија,болка,тага ,а ни милиграм количина радост,се смеев лажно ,па затоа не го слушав звукот на сопственото смеење.Тој мршојадец ме уништи и ме направи нагризан скелет. Црното стана опсесија, а опсесијата проклетство. Во доцен момент престана мојата желба да го поседувам најмладиот син на Господинот Ѓавол. Можеби затоа што тоа ме уништи,тоа не беше ни најмалку важно сега,кога имам купишта спомени кои печат. Гневот исчезна, но се појави омразата кон самата себеси за некои одлуки од минатото пресудни за иднината. Чекорев без никаква причина, често како мртовец се поздравував со другите а притоа се присетував на средбата со убавиот младич. Јас и мојата омраза смешни како Том и Џери, мрачни како црнилото и темнината. Се беше веќе изгорено, што е важно повеќе,останаа само сеќавањата за гневот,јас не бев ни најмалку битна.
     
  8. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Безбојност

    Ѕидови околу, без разлика ладно е,
    хухни на прозорецот, гледаш замрзнува здивот.
    Молчам по навика, онака ме мрзи.
    Времето не покажува ништо,
    глупаво е, тоа само оди,
    тоа ништо нема да направи.
    Ти кажав. Мислам.
    А сега ни тоа повеќе.
    Така механички, без некоја амбиција,
    мака ми е.
    И тоа ти кажав мислам,
    се си кажав, остана во воздухот,
    во тебе ништо.
    Спушти го гардот,
    не мислам лошо.
    Да не те сакав ќе те мразев.
    Не е до тебе, до твојата безбојност е.
    Сакај ме....
     
    На JaneAusten, Daniella и Springy им се допаѓа ова.
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Таму.. Таму кај што ноќите се студени и среде лето. Таму каде тишината е најубава, небото црно а месечината црвена, црвена жари.. чиниш и таа гори од љубомора. Таму ѕвездите се толку близу па само да ја кренеш раката и скоро си ги допрал со врвот на прстите. Таму бев еднаш. Но никој незнае. Таму зборовите се излишни, дланките испотени а очите затворени. Таму воздишките пишуваат историја, секој здив засебна приказна. Таму.. Таму кај што ноќите стануваа се постудени и постудени. Таму кај што дрвјата се највисоки а лисјата беа најжолти. Таму бев пак. И никој незнае. Таму чекориш со чекори на крадец.. Времето брзо минува а среќата се брои во мигови. Таму на место на злосторот кога минував маска симнував. Само таму дланките се споени, како калап една со друга. Таму љубовта е насекаде.. Ја вдишуваш од воздухот, ја гледаш на прозорите, ја наоѓаш помеѓу чаршавите.. Таму. Таму слушнав водата друга приказна раскажува. Жубори нова песна.. поинаква.. туѓа.. Таму ветрот ми ги избришал чекорите.. Таму зимава ноќите ќе бидат сигурно најстудени. Снегот најубав..бел и нежен. Таму среде сивилото.. постела бела.. Таму лагата е најромантична. Ако одам.... никој нема да знае!
     
    На BeYourself, De-lovely, ljubam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Драг мој.
    Јас.
    Ти.
    Ние.
    Заедно.
    Сакај ме.
    До бескрајот.
    Засекогаш..
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Низ умот

    Дедо ми не памети што вечерал вчера, но затоа може да ми ги наброи сите 17 вработени во бојаџилницата каде што си ги остави коските, заедно со нивните имиња, презимиња, навиките за појадок и нивните три идни поколенија.
    Баба ми не сфаќа дека денес е поисплатливо да си купиш шалче на готово, отколку да го мајстори со нејзините вредни и треперливи раце; ако и' ја кажам цената на автобускиот билет до продавницата за волница и назад, плус волницата и плус вторничната турканица која најмногу ме чини, веројатно би кренала раце од идејата за уникатен заштитник на грлцето, но иглите си ги има веќе, а не се абат, па зошто да не ги искористи?
    Мајка ми неуморно си ги брише дрвените маски, иако сите и' рековме дека се студено грди.
    Таа не се одѕива на нашите молитви да се тргнат, исто како што е отсутна додека ги голта турските сапуници. А некогаш, ништо не можеше да и' се провре од видикот и слушалото - мислев дека има очи и на тилот, и дека знае се' - затоа што така не' научија во прво одделение - мајката и учителката знаат најмногу.
    Татко ми го парталосува билтенот од неуморно вртење и веројатно е единствениот што става по 15 утакмици на тикет, а не догледува ниту една, поради слабите живци и нервозното тапкање на истите.
    Кафето го пиел тулумба благо, па средно, а сега сосем горко.
    "Таков стана животот, такво е и кафето"- вели.
    Не знам дали употребува некаква метафора, или тоа го вели заради цената на шеќерот или пак сака да воведе здрави навики во нашите нездрави расудувања.

    За крајот останав јас... не знам да расудам што е здраво, а што нездраво, што е нормално, а што ненормално.
    И подобро е така.
     
    На DeRose, marama и ceca-1 им се допаѓа ова.
  12. Daniella

    Daniella Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    44
    Еве една моја креација..најчесто пишувам на Англиски (професионална деформација)

    stick with me ... those words stack to me like a water drop sticks to the last leaf on the spring flower...
    Does it make me a cruel, senseless coward to want to get away from it all, if only for a while?
    I feel drained, my heart is tired .... my eyes can only say so much..
    I'm afraid to even take a retro glance...I'm afraid I might not recognize the spirit that once guided me through life's curbs...
    The sun lost it's meaning to me... the cloudy mornings are no longer an inspiration...is it getting over?
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Врати се дену,
    врати се ноќ најмила моја,
    врати се спомену мој
    сеќавање од младоста,
    од детството.
    Безгрижен си, одиш
    јас уморна останувам, седам.
    Исплашена, загрижена,
    во недоумица,
    до каде, како, со што.
    Со кого?
    Желбо моја оствари се,
    вивни се низ височините,
    врати ми го детството,
    онаму каде знаев кој сум,
    каде знав што сум,
    каде припаѓам.
    Без маска на лицето и крила на рамењата.
    Детското срце бие во мене!
    До крај!
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Испружи ја раката,
    Крени ја главата,
    погледни во небото...
    Гледаш, снегулки паѓаат.
    Сети се, тие беа наши сведоци.
    Некогаш, во едно дамнешно време.
    Кога нашата љубов не беше снег кој се топи.
    Сега дозволи снегулка да ти ја погали раката,
    кога веќе јас не можам.
    Снегни ја дланката,
    стопи ја снегулката.
    Гледаш?
    Лесно е, нели?
    Сега, погледни во мене.
    Земи ја љубовта во дланката.
    Не можеш, нели?
    Не е лесно да се стопи?
    Но, ти не страдаш.
    Никогаш не си ме сакал.
    Не знаеш како е да бидеш столчен како снегулка.
    Ти си кокиче на кое снегот ништо не му може.
    Силен си бидејки нема љубов во тебе.
    Само ледено срце, постудено од камен.
     
    На marama и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  15. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Ќе речиш дека е чудно, необично,
    но насмевката ќе те издаде.
    Знаеш, верував, можеби и страсно...
    Но очите ти стојат такви, недопрени.
    Ечат.
    Ледници, да не речем.
    Кај се тие искрите?
    Зраци, ги викаш.
    Но, и облаците изгледаат примамливо искрени.
    Гледам, кријат невистини.
    Мрачност – благодарност.
    Светлото и не ми е толку реално.
    А незнам каде е...
    Така, чинам, е најтешко.
    Да бев подалеку, па и ќе знаев зошто.
    Не, и не е толку лесно,
    Но без срце ни крв нема.
    Доста ми збориш со трема.
    Лагите се одмет,
    А ти наликуваш на зафрлен предмет.
    Секој со заслуженото,
    Еднаш и ќе се покаже.
    Ќе чекаме?
    Па ајде, побрзо,
    И снегот еднаш ќе се стопи.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Осека

    Како да ги покријам
    ушите од вресокот
    на времето
    Како да не слушнам
    што ми зборува Љубовта
    што јава ветрови
    и ми ја мрси косата?

    Како да го сфатам овој свет
    оваа небост, оваа радост
    оваа тага
    овие небрежности
    Зар имаме моќ
    било кога
    и било како
    кога сме сосема ранливи?

    Тишинувам, оти полесно е
    да заплачам кога те имам
    кога ме гушкаш и ме сонуваш
    а перницата е стопена зима.
    Неважно е
    некогаш
    се’.
    И се чудиме,
    а нема зошто


    кога заедно
    се будиме
     
    На anneyy, Hipster, TheCandy880 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Седна на шанкот, нарача црно вино. Совршено добро ја крена чашата и ги накваси црвените усни. Остар крик одекна од запците на нејзината чанта, од неа ги извади ‘Capri’ цигарите и со ефтина запалка запали една цигара. Оставајќи трага од црвениот кармин на дното на цигарата, го испушти првиот дим. Се чуствуваше немир околу таа појава. Гледаше преку своето разголено рамо гризејќи ги црвените усни. Погледот беше потенциран. На спротивниот агол стоеше тој. Карирана кошула и levis фармерки, ракавите му беа подвртени а на голите подлактици се забележуваше diesel црн часовник. Потпрен на коњопојот го пиеше своето виски. Ја забележа девојката на шанкот уште од самото нејзино влегување, го следеше секој нејзин чекор. Желно ја посматраше не мрдајќи го погледот од нејзиниот тил. Изгледаше смирено, коските на лицето му беа совршено наредени, беше едноставен но двосмислено
     
  18. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Јаде.
    Нанадвор.
    Излегува, се ослободува.
    Зошто не ја спречуваш?
    Кого лажам, па ти и се восхитуваш.
    Само тоа те исполнува.
    Добро е,
    така знам дека има нешто човечко во тебе.
    Луѓето не се светци.
    Твоето име на листата е последно.
    Ама сити се, слободно.
    Градиш толку лесно,
    иако тоа е туѓо дело.
    Алал да ти е,
    Со цврсто срце само може да се урива.
    Тебе тоа и ти успева.
    За восхитување, нели?
    Па дојди, искуства дели.
    Или тоа е за храбри и смели?
    Моја вина, се сомневав.
    Ти само слика сакаш да создаваш.
    Не сум оган, не заборавај.
    Ниту пак ножици, јас не сечам.
    Ма ајде, мувата нека прелета.
    Се согласуваш, уверена сум.
    Не и нудам и некој добар дом.
    Сепак, престани.
    Камерата дан’ те фати со затворени очи.
    Можеби и со отворена уста.
    Од таму излегува и љубомората пуста.
     
    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.
  19. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Глупава

    Мислиш јас сум како другите
    мислиш, таа ништо не знае
    знам ама молчам,
    зашто во скриен час се појавува
    вистинската јас.
    И вистинскиот ти.
    Мислиш, ако ми се довериш таму си,
    за таму треба време и трпение,
    за да те пуштам во светот
    на сказните.
    А јас те сакам без оглед на се,
    бил ти добар или не.
    Мислиш јас не заслужувам вака?
    Е па погоди,
    денес ништо не ти оди од рака.
    Се надевам дека ќе останеш сам,
    да ме сонуваш ако не ,
    треба да ти биде срам.
    А пак те сакам.
     
    На Divinebutterfly, marama и Hayley им се допаѓа ова.
  20. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Впечатоци и од предходната вечер. :)


    Силно, цврсто, удобно.
    Вистинско, природно.
    Напор до понизите,
    Добра глава над нивните.
    Стрелај, пукај, солзи.
    Не те давам, мој си.
    Заедно десно.
    Ниво: лесно.
    Себично, строго, чесно.
    Види, не бива в место,
    Сцена голема;
    со публика заобиколена.
    Добро, слободно, опуштено.
    А тоа друштво распуштено.
    Нема грижи, време брзо минува.
    Секој втор врви и намигнува.
    Стегни, пушти, повлечи.
    Многу одолговечи.
    Показно кон симболика.
    Мириса на Молика.
    Стравот бавно помина.
    Лет птичји в’ висина.
    Близина.
    Твоја рака лизгава.
    Намера чисто невина.
    Граница не премина.
    Поглед, остро опива.
    Допир на топлина.
    Универзум се поклопува.
    Е ова го одобрувам.
     
    На DeRose, Bright, De-lovely и 3 други им се допаѓа ова.