Љубовта... Надвор врни,а јас плачам... Да,и небото плачи за оваа љубов! Една,единствена,чиста и искрена. Можеби ќе биди дел од минатото... Местото кај што се запознавме,свето, искрените бакнежи,убави спомени, допирите,искрените погледи, само прекрасни мигови... Не ме терај да те мразам кога те сакам! Сакам по добро да те памтам, лошото да остане некаде далеку, само во некој кошмар што ќе помини брзо. Бидејќи ти си мојата вистинска љубов, бидејќи беше нешто свето за мене, нешто што го чував! Те изгубив... Ме изгуби... Отварам прозор да внесе малку воздух, да излезат изпомешаниве чувства, сакам да вдишам и да не се загушам од болка, утре кога ќе се разбудам,јас пак ќе те сакам!
Февруарска Тонам со денови Во очите на осамените мачори што гувеат ко намќори борејќи се за женка меѓу тркалата на возилата Во студот по џебови Беззабиот возач на автобус што чека нови патници со стари станици. И секогаш го фаќа дремка. Тонам во погледи од огледалото што мириса на дуњи стари писма и заборавени насмевки во него снег снегува се мрзне секоја навика да се гледаме секој ден студени, кога сонцето ни се разбегува. Припазувам додека кршам вирови смрзнатици и загазувам на дневните вилици секач, денот полн зборови ме држи в раце ко лажица да сркне од мојава приказна. Те чекам, секаде.
Никогаш не било така. Толку светло, а пред мене стои рака. Бледа, да не речам бела, украдена од вонземски тела. Да верувам? Тоа секогаш го правам. Пак на ризик ќе се ставам. Тече, и е течно, а преминувањето трае вечно. Тука сум, тука си. И што сега? Бујно розово. Високо лета. Гори. О возбудо, што ли ми стори? Прашања брзи како часовник, а времето нуди предизвик. Добро е, одам десно. Што ќе правев ако не беше лесно? Ечи. Вика. Заоблачува. Ова веќе заморува. Престани! И... тишина. Мир. Спокој. Секунди врват безброј. Црно, но сама тоа го правам. Сепак, тајното многу љубов ми дава... На слепо е полесно да допреш. А ме плаши.. Знам дека подоцна ќе жалам. Ова е последна шанса. Зраци, заслепувачки. Исто, но ново. Подобро. Нотите навлегоа во мене. Е после ова летајте и кога би можеле.
Кој ги уби ѕвездите? Ова е оној миг кога прашувам кој ги уби ѕвездите оние што паѓаат од небо на нашето рамо светат пред да здивнат. Оставаат трага како мрзливи полжави после дожд што ги газиме како случајни минувачи со неслучајни мисли брзи како смртта бавни како виножитото што испарува во моите чевлички. Ова е оној миг кога се прашувам каде одат гласовите од радиото и дали таа фрекфенција е иста со виежот на маалските џукели што свират џез со чекори - децибели замрзнато време кога растам растам растам како снег се пластам не мирувам и сонувам како си одиш и се враќаш како вселенско летало одвеан од сегашноста пуштен во иднината наместен намерно да ми се појавиш во сон зашиен за перницата наместен како крклива радио станица што со антена ја подместувам за да слушнам зошто не разбирам и морам да знам без да изговорам кога прашувам се запрашувам кој, кој кој, Ли ги уби ѕвездите?
Во срцевината на белината Се пластат снегови како утре да нема, како се да е за последен пат. Се ронат снегулки, една по една, а ниту една не дава знак. Не дава насока, ни мир, не дава предвидување, утрешниот ден каков би бил. А и зошто би, тоа е само една појава, би рекла за срцево приврзана, би рекла само јас чинам толку и се радувам, Од дете дури. А тогаш, некогаш и снегот ми шепотеше, од длабочината, а сега, сега само се обидувам да слушнам, а не успевам, не успевам да чујам што ќе каже срцевината, длабочината на белината.
Знаеш што ми фали? Покривка, заштита. Прегратка. Ма добро ти тоа го знаеш. Сега се мириса на тебе... Усни – четки лизгави, занесени. Меки. Знам дека не смеам... Но тајно. На метро раздалечени јас се молам да не гледаат. И тие се занесени. Моменти развлечени. Сили да престанам - немам, на твое рамо си дремам. Прсти преплетени.. Не гледа никој; Прикриени а сепак се е јасно. Не гледа никој! Сега бакни ме страстно... Се премислив. Но ти остани неодолив. Па што дека копнеам, не смеам.. Не сакам повеќе вака!
Tell me... It was a sunshine, to tell what you have. It was a beautiful night, to say that you are in love. When the love is gone, i can't do that like you. When you are in me, i'm in your body. I just wanna be... Tell me what you see... Do i'm good for you??? Tell me now... that i'm the person, who will stay in your heart! Forever! That i'm the one who will change your mine ! Forever! Моја прва песна. Не ми се смејте.
You looked at my pale skin. It was pale, 'cause Im not who you think. Im not a ghost, but Im not a human either. Im something in between. I got poisoned by your smile. Killed by your look. It was instant love, that long it took. Your hand on my face, I remember.. And as you looked, I trembled. Your lips on mine. I was drunk. Drunk of love, or maybe sweet wine.. Your arms around my waist.. Tell me am I good enough, how do my lips taste? You said strawberry, I said its lipstick. I said you were a nice kisser, you said I was mystic. You said close your eyes. I didn't say a word. And you said kiss me, I said hold me tight. And we fell in the cold snow, yet it felt more than right.
Штета би било... Навистина штета ... Ја отфрлаше својата среќа за нечија туѓа. Чекореше храбро, а без цел. Имаше љубов, а немаше прифаќање на истата. Имаше се, навистина имаше се, ама немаше кој тоа да го гледа, кој тоа да го вреднува. Заради нив, тоа СЕ..се претвори во НИШТО ! Навистина штета... За другите беше глупост кога таа плачеше. А кога се смееше... тогаш , тогаш никого немаше покрај неа. Можеби нејзиниот успех беше посебен вид на вирус , па луѓето бегаа да не се заразат. Навистина штета... Штета за другите... Штета за неа... За неа, затоа што веруваше , затоа што даваше, затоа што се надеваше . За нив, затоа што беа празни, бесчуствителни, сурови, лицимерни. И кој да го среди нередот..? Штетата беше голема, но не поголема од меѓусебната отуѓеност. Човек на човек туѓ да му биде... Погледи да се среќаваат, а да не се разбираат... Зборови изустени, а неприфатени... Навистина штета... Толку добро знаеше да плива низ животот, а заради другите почна да тоне. Најблиските го сакаа за неа само најдоброто... а таа како да го бираше најлошото. Привремено прибежиште, само попатна станица... Навистина штета... што сите ја спомнуваа во несреќа сите се сеќаваа на неа само во болката а сите ја забораваа штом посилни ќе се почувствуваа Навистина штета... штом љубовта во проклетство ќе се претвори а топлината во студенило разбирањето во рамнодушност... И штета би било... ако таа повторно ја врати љубовта во првобитниот облик на љубов ако повторно се обидува во некого да верува ако повторно би се трудела сите да ги разбере... Штета би било... да подава рака таму каде нема да биде прифатена Штета би било за неа... Да ја отфрла својата среќа ..за туѓа ! Да се бори за другите, а не за себе ! Да ги става рацете во оган заради туѓи интереси ! Да гори, додека другите бегаат подалеку од огнот Да биде херој за кукавиците Да биде стрела за секоја болка Да биде темел за ѕидовите што се уриваат... Штета би било... затоа што никој не ќе гори за неа И никој нема херој да биде за неа И никој стрела нема да биде Ниту пак темел... А како само би било поинаку да ја чувствува болката и оној што ја предизвикува... Тогаш ќе знае што било штета за неа... А ќе дознае и што е ШТЕТА за него...
Додека сама седам и во празно гледам, тешко дишам и солзи бришам, пуштам воздишка една и знам нема да е последна. Сама со себе зборам но да се искажам некому морам, мислите да си ги кажам и да престанам да се лажам дека добро е вака, а имам мака голема колку еден облак во најмала рака! Со денови сум осамена и тажна и се прашувам дали сум ти важна?! Устата ми е од солзи влажна, тагата расте, огромна е- неизбежна... Знам дека сум вредна, но дали сум таа доволна за да бидам единствена и една?! Не гледам повеќе со исти очи, сакам да вреснам но нешто ме кочи. Можеби гордоста што ја имам, ме тера да молчам и стрели да примам! И каде грешам?- Неможам да се решам! А што правиш ти, сопственику на моите сни? Дали парче од болката моја престојува на совеста твоја? Или ти е сеедно, а напишаново смешно и бедно? Те мачат ли мисли, имаш ли чувства чисти, за мене која по тебе пати и едвај чека да ти се врати...
Сите патеки што морав да ги минам, Сите зборови што ги кажа без вина. Зведзите кои што за мене ги симна се во катчето со спомени од таа зима. Не, не ме нарекувај ти повеќе „мила“, те отавам да ги кажеш зборовите кога зина. Ќе те гледам како дете со глава што кима. Ма дај, јас за тебе живци нема да кинам.
Не е ова љубовна песна, Само песна Што ги содржи сите места и мириси Што на него потсеќаат, Сите утра кога се почувствувал сам И сите ноќи кога некој му недостигал. Не е ова љубовна песна, Овде нема да го најдете него, Можеби некаде скриен меѓу редови, Можеби сеуште на истите места, со истите мириси. Не е ова љубовна песна, Нема среќен крај. ( сеедно, и така љубовта никаде не завршува )
Носталгија. Или не Напуштен,сам, се сетив на мирис од јоргован, една пролет, дете бев, знам, а ти тогаш не сакаше да останеш сам. И кога ќе те видам, само на тоа се присеќам, невин бакнеж, поглед настрана, а сега секој втор се обидува да ја најде мојата мана, зошто сум сама? Ти ме научи, животот не е свет розов, љубовта без мене може, без неа не можам јас. И кога ќе ме прашаат зошто не си способна да чувствуваш, ќе им ја покажам куќата од карши, ќе им покажам детството каде ми мина, ќе сфатат не е моја вина. Ти ме научи да молчам.
Станав утрово, погледнав низ прозорецот. Бескрајна магла сред неа дрво. Се појавија одзади очи полни одблесоци игра. Се гледавме. Моето постоење нејзин страв. Студот завива околу нас. - Не се плаши срно моја. Заши ги стравовите, остај ги длабоко зад тебе. Се губам во твојата совршеност. Трошна воздишка и поглед кој зборува. Плашливо срцебиење.... Се заврте и замина како вчера, како денес како што ќе замине и утре.
Улицата остана непремината а јас чекорам покрај неа со страв и болка во гради ненадмината со прашање „уште до кога вака?“ и одговор изгубен во далечината а да го барам не си дозволувам веќе одамна е во бестрага можеби не ќе забележиш далеку сум заминала и така е потешко за двајцата а ме нема изминаа денови сега ти требам и не се сеќаваш зошто каде кога исчезнав.
Богато задоволство Повторно затварам очи, клепките ми се спојуваат имаат континуиран пријателски однос, но има нешто подлабоко од тоа што изгледа на прв поглед, визуелната анализа. Посои алтернативна слика тајно проектирана, зачувана надвор од изопачениот свет, заштитена од злите души, прикрепена за некое минато време и бранови носталгија. Сеќавања на безгрижност, време на затворени рани, прозрачна младост, кревка убавина, со себе носам тежина приказни кои чекаат да бидат интерпретирани, зборуваат гласно за моето детство.
За овој сон Заради тој сон на сите летови за рака се држиме и сонуваме со очи отворени кон првите зраци сонце. Трчавме по улици со прсти од слатки лепливи јас, со штикли тазе облечени морав да научам да скротам туѓи калдрми. За тој сон се будевме врзани како панделка на подарокот наречен Живот. Ова патување ми донесе приказни раскажувам за да замириса на она што сега е сеќавање и во душата со тенок слој ванила се покрива. За овој сон се будевме. За овие мигови се грееме. И знам. Смееме. Во сите бои да постоиме. Како бродот по Сена макаронот изеден крајпатно канделабрите за џумки од невнимание виолински клучеви место обични за нови врати отварање. Љубов, како по ќерамиди мачка се движи и стоплува ноџиња се врати за да биде уште посилна од млекото среќно да се оближува. Се сеќаваме. За овој сон Се смееме. Можеби, Љубов сееме.
Се снаоѓам додека во мене тоне црнило слично како длабока дупка и таму давам беснило. Денов ќе помине по навика а јас ќе останам на истото типките кои отчукуваат наместо да творам со жиците топли мелодии кои неможат да бидат изглумени. Пак не ми е јасно како можат сите да се избезумени и заслепени од гордоста зад ѕид се кријат од младоста само нека мине... Со сигурност дека повторно ќе се родиме И што потоа? Со намера и втората шанса да се прокоцка да се пушти во снег од висока долина така да може топка да се направи И Снешко со лажна насмевка творецот и не бега многу од своето.. нели од тука црпиме инспирација.
Љубов, слеј се со тишината Срце, ти што чукаш во мене запри, разбери се, не сакам да чукаш несакам да биеш кога ти биеш за него ти биеш за мене и него ЗА НАС! За тебе сaкан мој гори целата душа разбрануваат мисливе се тркалаат солзиве за тебе и за нас Заврши.... МОЛК! Молчи остави нека говорат солзите не ги кри, не ги бриши остави ја тишината нека се слее со болката слеј се со тишината тишината нека се слее во тебе остави тишината да те надзбори да ти каже тоа што сакаш да го чуеш тоа што сакаш да го разбереш Тишината знае тоа што и ние не го знаеме!
Размислувам за.. Размислувам за познатите личности. Што прават тие додека јас го пишувам ова? Како стекнале толкаво богаство? Како..? Пробувам да сфатам! Како луѓето се толку добри актери,како имаат такви ангелски гласови..? Од каде стекнуваат толкаво богаство..? Најмногу им завидувам на тоа како се облакаат! Од каде им текнуваат такви комбинации..? Од каде шминкерите,шминкаат толку добро..? Тие одат по нивните тајни ходници за успех. Дали господ им подарил нешто што го немам јас..? Кога би можела да знам,се за нив. Каков е нивниот распоред во текот на денот. Би сакала само на барем еден ден да бидам со нив.! Но,како..како..? Сепак секој од нив си имаат таен план за успех. Јас сум сеуште дете,неможам да разберам!!