Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Она што сум

    Ако сум она што сум,
    дали ќе ми испееш песна,
    дал ќе ми отвориш врата,
    дали ќе ме сакаш на ист начин?
    Дали ќе те молам,
    дали ќе те љубам,
    дали ќе те сонувам сеуште?
    Ако ми испееш песна,
    дали ќе бидам твоја,
    засекогаш?
    Волја, она што сум,
    гајле не ми е ,
    јас и ти,
    она што сме,
    доволно ли е?
     
    На HeartlySmile, JaneAusten, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Никогаш не било лесно да се проголта тагата ниту пак болката. А ништо подобро не било ни со предавството. Сите ги предизвикуваме... Никогаш од нив не ни се здосадило. А сите исто така и ги чувствуваме во одредено време предизвикани од одредена личност.
    Кога ќе сретнете некој човек, соочен со предавство, соочен со горка тага и соживеан со болка без заборав, не судете му. Можеби тоа не му се чита на ликот ама сосема добро му се чита во душата или таа невидлива е па е неважна, не се брои? Не правете се дека не умеете да прочитате. Оние најдлабоките рани никогаш не се извалкани во црвена боја, ама сепак се доволно длабоки да бидат забележани...
    Кога ќе сретнете таков човек имајте на ум дека е тој премногу трпелив и може да издржи и повеќе од очекуваното. И тоа нека не биде дозвола за негово измачување. Ако е издржлив не значи дека е отпорен на болка. Издржлив е зошто таков морал да биде за да преживее. Од ниедна друга причина.
    И..бидејќи тоа го знаете...трудете се никогаш тоа да не го заборавите. Ама сепак се заборава зар не ?
    Научени на простување и толеранција луѓето стануваат разгалени суштества. Ги земаат работите здраво за готово. Ќе им биде простено и исто како ништо да не било. Ах, па за нив не било ...ама за некој било. Проклето многу било. Затоа луѓето бираат да бидат луѓе и да останат луѓе, зошто да се биде човек е многу потешко.
    Кога чекорите по патот послан со рози внимавајте каде ќе згазнете. Од опиеност можеби ќе заборавите на трњата. Се заборава зар не ? Кога човек е среќен тогаш на се друго заборава... Заборава и колку може да повреди и колку може да биде суров. Тоа е зошто во тој момент ја има допрено вечноста и се друго му се чини апсурдно и неважно. Ама не е неважно. И не е апсурдно. Среќата и тагата имаат најчесто ист извор само бојата понекогаш е различна па луѓето се лажат дека им е дадено нештото за навек.

    Кога ќе сретнете таков човек проникнете длабоко во животот и обидете се да го разберете. Само толку. Тој би бил благодарен кога само би знаеле едноставно да го разберете.

    Кога ќе сретнете таков човек не му се потсмевајте. Можеби вие не сте морале да носите таков товар на грб, ама тој морал.

    Кога ќе сретнете таков човек не бегајте. Во него има многу повеќе разбирање отколку што би замислиле. Всушност таквиот човек има преживеано многу, се има многупати изгубено и најдено. Ги знае сите патишта на животот. И оние што се чини никогаш немаат намера да болат, а сепак болат.

    Кога ќе сретнете таков човек не чудете се ако постапува погрешно. Не чудете се ако знае да биде и суров и неправеден. Тоа е зошто бил премногу издржлив. Зошто знаел што е болка. Зошто се научил да биде таков... Зошто животот го принудил да биде и таков.

    Кога ќе сретнете таков човек можеби ќе ви личи на странец. Можеби ќе биде далечен и ладен. Можеби нема да ви верува. А можеби и ќе ви верува. Бидете искрени со него зошто ако е издржлив не значи дека ќе биде отпорен на лаги. Не кријте се зад убавите маски. Убавината е во искреноста. Во отвореноста. Во чувствата. Без чувства сме живи мртовци.



    Кога ќе сретнете таков човек не заборавајте дека сигурно и вие сте тој човек или некогаш сте биле или ќе бидете...

    Од толку игри на светот не бирајте да си играте со чувствата. Со нив не смее да се игра. Тие се премногу кршливи. Тие се премногу чисти. Тие се искрени. Тие значат се. Ама за многумина се ништо зошто денес луѓето ја знаат цената на се, а вредноста на ништо. Не бидете луѓе ! Станете ЧОВЕК!

    Секој се соочува со болка.
    Секој се соочува со тага.
    Секој се соочува со предавство.

    И затоа...
    Би требало да постои разбирање...
    Би требало да се наоѓа компромис...
    Би требало да постои емпатија...




    Ама се заборава... зар не ?
     
    На JaneAusten и Libera им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ја закачив сликата на ѕидот во оваа празна соба на изгубени соништа. Однадвор бие дождот које е пресилен за мене и ме брка да се вратам дома. Во мисли куфер полн спомени. Се отвара и шкрипи, спомени мокри од болка. Разговор со сама себе. Која сум? Каде сум? Што сакам? Барам нешто што не познавам.. Ѕидовите немо ме гледаа. Добро ме познаваат тие. Многу личности се појавија и си заминаа од мојот живот. Онака тивко без најава, ми фалеше нивното присуство и одсуство. Сама сум, а сакам да сум со некој. Но не е доцна да прoменам нешто. Морам да заминам дома. Дома по мојот сон!
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Побуда

    Зар може да се рече фала, некому,
    некаде, за сиве овие нешта?
    Како музиката, запаметените миризби,
    чистотата на чаршафите во кои се создавала Љубовта?
    Не...

    Оди спиј Ана,
    не прашувај,
    снемавме прашалници
    точките одамна се претворени во запирки.
    Оди сонувај
    таму се сите одговори.
     
    На JaneAusten, blueeparadise, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Ете Љубов

    Дремењето во кревет
    и зборувањето за Нас,
    за Нив,
    за светот,
    нe’ прави
    големи колку океан,
    езеро,
    космос,
    слатки како печена тиква,
    пченка среде август,
    миризливи ливчиња скриени во Детска пошта,
    радост на прваче кога зема прво свидетелство.

    Музиката од очи ми извира.
    Новите звуци ме галат по коса
    ме бушават
    ме прават бесна а свесна
    колку растеме
    еден со друг
    како никулци
    млади ѕвезди
    што светат
    на Месечината.

    Да, јас и ти
    Јас и ти, фрлени камчиња по површината на небото.
    Нацртани сме
    да бидеме игра
    на иднината.
     
    На De-lovely, AnaKarenina, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  6. AutumnEyes

    AutumnEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    Уште една студена ноќ.
    Исчадена од мирисот на ништожноста.
    Проклето само седеме,чекаме и мечтаеме.
    Патетици...
    Јас на чело.
     
  7. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Среќна сум кога ти си среќен. Плачам кога ти си тажен. Се смеам кога ја гледам насмевката на твоето лице. Твоите чувства се тука до мене, иако ти не си тука. Ме боли секоја болка што ке ја почувстувап. Чувството на раздор во твоето срце ме крши и мене. Твојата победа е и моја победа. Твојот пораз е мојот најголем пад. Животот ти го нудам на дланка. Без тебе сум ништо, со тебе сме заедно едно големо наше ништо. Две мали точки во овој голем универзум. Две срца кои живеат во сегашноста, минатото одамна го заборавиле, а за иднината воопшто не се грижат. Две души кои талкаа безнадежно се додека не се пронајдоа. Мечтаеше таа за него премногу долго се додека не станаа една душа, едно сонце, една месечина, еден ден. И толку ноќи и денови без тебе се само еден дел, една ситница во споредба со тоа што го имам со тебе. Некои се премногу блиску, а сепак толку далеку, а јас и ти сме премногу далеку, а сепак толку блиску. Далечината е само бројка, кога две души се споени во една. Се плашам,многу се плашам. Се плашам еден ден да не те изгубам. Се плашам сево ова одеднаш да не стане прав и дим. Сево ова да не потоне во една бездна од која нема враќање. Толку лоши и добри моменти со тебе, не би ги заменила со ништо на овој свет.
     
  8. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    [СДК] Сакам да кажам...

    Ова е лично мое дело и сакам да го споделам со вас...

    Се губам
    И последното парче одблесок
    се губи во темнината.
    Ја нема веќе никаде светлината
    се изгуби за навек!
    Темни мисли демнееат длабоко во мене,
    во душата што Господ ми ја подари
    за да лутам низ оваа бескрајност,
    наречена живот!
    Не ја чувствувам веќе таа
    исполнетост во себе,
    дека јас сум тоа суштество
    кое треба да продолжи,
    да живее.
    Мислам дека се завршува
    тука некаде,
    каде што зацарува темнината
    која одсекогаш била мој
    непобедлив противник.
    Немоќна паѓам на колена
    пред вратата,
    на тоа проклето царство
    и крвава течност ми се пролева
    од очите,
    несакаќи да бидам дел
    од него!
    Зошто се најдов тука?
    Јас!
    Личноста која никогаш не посакуваше
    да биде поданик на едно парче зло
    отфрлено од очите на другите!
    И сега повторно се пролеа,
    но сега од срцето,
    длабоко ме прободе во душата
    знаејќи
    дека се губам засекогаш!
     
    На La.Reina.Del.Sur, BlackSwan5, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    За Времето

    Дојди
    ова лето
    како топлина во образ
    како кајсија
    згазната со боса нога
    Дојди
    како река
    во која се ладат лубеници
    сплоти се
    со мојата младост
    Дојди
    донеси ми смев до небо
    неповторлива радост
    мирис на смрека.


    Дојди
    Ти,
    Што Живот се викаш
    јаваш змејови
    пушташ змаеви
    кршиш сончеви зраци со раце
    мирисаш на полски чаеви.


    Дојди
    Ти,
    Сеќавање што те знам
    Собори ме
    Во твојот храм
    ти, Љубов во секоја пора
    Ти, што во песна да те зачувам.


    Морам.
     
    На De-lovely, blueeparadise, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Себично ти го одзедов правото да ме сакаш
    и сега, слушајќи како одѕвонува лажичката
    после допирот со порцеланот
    неможам а себе си да не се прашам
    колкава грешка направив?
    на стравот пат му отстапив
    нека ме престигне.
    Така ќе биде уште милениум
    дур првиот цвет не проникне
    и да ми каже дека сонцето посилно ќе сјае
    овој пат ќе дознаам циметот кај е
    за јаболкото да не биде осамено
    како што сум јас..
    никому тоа нема да му го посакам
    иако само празни стихови творам
    си чкртам, мастило трошам,
    можеби дека вечно чекам
    а можеби и не
    никогаш не знам како е
    дур не падне мрак
    прикривајќи го последниот зрак
    тогаш знам да ја објаснам празнината
    која што со светлосна брзина
    тоне во длабочуната
    (исчезнува)
    а запира само на позната мелодија
    единсвтена способна да ми го каже патот
    надвор од оваа меланхолија
    колку ќе треба да платам?
    цената е недостижна
    на минус триесет степени
    излегува од сопственикот
    да ја чујам јас - маченикот
    и бура да создадам
    само со тоа ќе те оправдам..
     
    На JaneAusten, TennisBabe и De-lovely им се допаѓа ова.
  11. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Човекот ја има интелегенцијата да го открие невозможжното, моќта да завладее со светот но ретко кој ја има човечноста и добрината во себе. В секој од нас има њуов, хуманост, омраза, лицемемрие, одлуката е наша, дали ќе го разбудиме убавото во нас или ќе затропаме на вратата на она другото. Лицемерието го има секаде околу нас, почнувајќи од тебе и мене, од нашите искуства и нашите пријатели, па се до делата кои сме ги прочитале.

    Која е целта на ваквата нечовечност? Можеби пари и моќ, популарност и шанса да бидеш подобар од некој во нешто? Не би можела да сфатам. Зарем чувството на жал и вина кај лицемерните луѓе не постоти: Нечија тага и неуспех се нивна среќа, нечие понижување и навредување е мерка за нивната ,,големина,, . Велат човекот е највисокото ниво на интелегенвија и совршеност, но се додека човековиот ум е опседнат со доминација во околината а во човековото срце нема место за разбирање, хуманост и добрина најсоодветен епитет за човекот ќе биде лицемерието. Личните интереси пред се, нож во грбот на оној кој го чувал твојот, предавство на пријателот, но до кога? Зарем светот бил создаден од некоја виша сила за човекот злоупотребувајќи го она што го има да го уништи? Мислам дека не. Ништо не е совршено, трагајќе по совршеноста некој навистина залутал во обратна насока. Стемежот кон подобар заеднички живот во кој ќе има разбирање за туѓите солзи, помош а не потсмевање со послабиот, вистинско пријателство а не насмевка од интерес треба да ни биде приоритет во и онака тешкиот живот.

    Животот е таков, каде што има сила нема правдина. Лицемерните луѓе постоеле и ќе постојат. Тоа е само еден тест на кој многумина паднаа. Сепак одлуката е наша, дали ќе одлучиме дека човекот е украс на светот или грешка на природата.
     
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Горе - долу

    Се опиле уличкиве
    од сите истурени мисли
    што ги држам
    за рака
    ко првачиња
    преминуваат со елан
    низ сите собички
    на мојата населба.
    Цртаат редови
    лага и вистина.


    Ти, мое небо
    што ги гризеш облаците
    како мојот љубовник образите
    симни се малку
    со нас, обичните
    шетачи
    по мисли, страници од книги, зборови.


    Наведни се
    да видиме
    каде залутале ѕвездите.

    Ах!
    Во деколтето
    на вселената.
    Знам,
    сме се опиле
    од твојата мека порнографија.
     
    На JaneAusten и De-lovely им се допаѓа ова.
  13. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Шетам низ сопствениот мозок. Лавиринти без излез, нормално. Темно некако, без воздух. Пак вечна ноќ. Е баш таква, како онаа што никогаш не требаше да се случи. Или јас сама си се убедував дека не треба да ми се случи. Ни мене...а ни тебе. Пак ме стега истото чувство, како тој ден. Денот кога со сопствениот телефон, си го скршив прозорот од собата, не верувајќи дека е вистина тоа што ми го кажаа по него. Денот кога за само еден миг се се руши врз мене. Мигот кога еден дел од мене засекогаш си замина. Ноќта во која голем товар ме притискаше во душата, а телото не си го чувствував. И не сакав да верувам во ништо. Или поверував одма? Само знам дека стискајки ја жената која плачеше од болка со мене во себе си повторував : ,, Неможеш ти мене да ме оставиш. Не смееш. Немаш право да ми го правиш тоа. ,, А додека си го повторував тоа во себе, плачев како некое повредено животно кое бара само малку помош. Сите знаеле. Никој не се осмелуваше да ми каже. Длабоко во себе поверував и јас, ама тогаш не го кажав тоа на глас. Знам дека бев во црни тренерки и темна пижама, земав патики и излетав од дома за да те барам таму каде што требаше да се чекаме. Не обрнував внимание на лугето, не ги слушав што ми зборуваат. Трчав на плус четериесет степени да не украдам ни минута од договореното време. И стигнав. Точно во 16:54 часот. Седнав на клупата и си се тешев сама себе дека пак касниш. Дека си тргнат. Ти ја барав колата а истовремено липав. Ти го барав лицето. Седев на сонцето и плачев до 17:40. А ти, ти не дојде. Е баш во тој момент болката стана неподнослива. Се вратив дома облечена во црно, како да знаев дека тој ден нема да е добар. Како да знаев дека тој ден ке биде еден од тие денови кои никогаш не требаше да се случат. Дома затекнав едно расплакано лице полно со болка, лице кое сакаше да ме гушне и да плаче со мене, ама неможеше да си дозволи...знаеше дека ке ме скрши. Не смееше да го направи тоа. Друго лице кое ме гледаше тажно со своите детски очи и кое проговори само неколку збора ,,Жал ми е, не знаев како да ти кажам,,. И не и се лутев, иако сакав тогаш да и врзам шамар. Јас пак, си ги памтам моите зборови кои одвај ги проговорив и кои беа измешани со солзи ,, Не плачи. Нема ништо. Не дојде, ама не си оде он туку така. Имаме многу работи да направиме заедно.Не ме остава сега..,, Се сеќавам дека само земав еден стегач за коса, очила за сонце и повторно излетав од дома. Трчав по скалите и сега си се прашувам како во тие моменти не сум паднала, ама неможев тогаш да размислувам за тоа. Повторно трчав. Сонцето сеуште печеше кога стигнав пред твојата куќа. Е тогаш кога видов толку многу луѓе во дворот успеав да си признаам дека нешто не е во ред, влетав дома и ја видов сестра ти седната на стол како плаче. Не проговорив ни збор. А таа, ме гушна само силно и ми рече ,, Отиде нашиот брат. Нема да се врати. Не е веќе нашиот брат меѓу нас. Не остави сами. А зошто незнам.,, Неможев да изустам ни збор. Се гушев во сопствените солзи, ми стана жешко, а во исто време ме облеа и ладна пот. Незнаев што да направам. Ја пуштив сетстра ти, и истрчав пак надвор. Прво што успеав да видам беше нашиот другар и се стрчав кон него. Почнав да го прашувам каде си и дали е се тоа што ми кажаа точно. Неможеше да ми каже ништо. Само потврди со главата и ми кажа неколку несврзани зборови ,, Те сакаше. Многу. Живееше за вас двете и за мајка му и татко...,, Тишина. Го фатив за рака и го повлеков внатре. Го замолив да биде со мене за да те видам. Да видам дали е вистина тоа што ме убедуваа во последните два часа. Влеговме,го држев за рака толку силно што мислам дека не дозволував таму да му протече крвта. Влегов во собата. Е собата во која секогаш се смеевме сега беше поинаква. Имаше на средината еден сандак а позади него мајка ти. Тоа беше моментот кога вистински умре нешто во мене. Неможев да ги поднесам зборовите на мајка ти. Неможев. Неможев да ја слушам како плаче и ме моле да го вратам мојот брат. Ме молеше да те вратам, за јас и сестра ти да бидеме со тебе. Тргнав накај неа...но нешто ме спречи. Те погледнав тебе. Лежеше мирно. Спокојно. Едното око ти беше отворено, како да сакаше да видиш нешто...Паднав на колена поразена од болката и самотијата во тој миг. Тогаш сфатив. Тебе веќе вистински те нема. Успеав да станам и да се стрчам надвор. Незнам како ама успеав да стигнам до дома. Влетав и паднав на креветот од болка за прв пат изговарајќи ги зборовите кои мислев дека никогаш нема да морам да ги изговорам...или не толку рано ,, Ме остави мамо. Ме остави сама. Го нема веќе. Го нема моето братче. Го нема мојот најдобар другар. Нема веќе да го гушнам. Нема веќе со кој да славам роденден. Така ме остави, и мене и сите....,, Мајка ми ми даде лимон и цитрон. Бев бледа и жолта. Не чувствував ништо на себе. Со сила ги голтав парчињата гледајќи од далеку во твојата куќа и повторувајќи само еден збор ,,ЗОШТО?,, Неможев да останам дома. Несакав. Сакав да го поминам времето со тебе се додека не те однесат. Ја замолив мајка ми да дојде со мене. Конечно ги соблеков тренерките и пижамата и облеков црни фармерки и маица. Бев соочена со факот дека кога ќе стигнам кај тебе, единственото што ќе го видам ќе бидат лица кои плачат и мајка која е скршена од болка и тага и која ќе се прашува зошто таа да живее коа детето веќе и го нема. Влегов полека. И ја пуштив раката на мајка ми. Се стрчав кај тебе. Пробав да бидам мирна ама неможев. Прво те фатив за рака. Ти беше ладна. Многу ладна. Се обвиснав над тебе додека другите ме гледаа и ме молеа да се тргнам. Солзите ми течеа врз тебе а јас те гледав во окото и повторував континуирано само два збора ,,Разбуди се. Разбуди се. Те молам разбуди се. Не ме оставај,, Ама...ти не реагираше. Во тој момент ти ветував се. Се на светот. Ама ти...лежеше спокоен со блага насмевка на лицето. Почнав се посилно да ти ја стегам ладната рака. Почнав мојата болка да ја истурам на тебе. Почнав да те тресам и да викам за да ме слушниш и да се разбидиш. Ама не...овој пат, залудно. Не ме слушаше. Знам дека и мајка ми и другите се откажаа од тоа да ме тргнат од тебе. Неможеа. Бев како животно кое го брани она кое е негово. Ми донесоа само едно столче и ме сместија до тебе. Се давев во солзи, но не ти ја пуштав раката. Останав да плачам над твоето тело, зошто душата веќе не знаев каде ти е. Сум заспала над тебе. Сум останала да те чувам цела вечер како што ме чуваше ти кога останувавме сами и ми беше страв. Иако бевме родени во ист ден, ти секогаш се однесуваше како поголем од мене. Сега јас бев таму да ти вратам. Ме разбуди светлината. Ги отворив очите а ме разбуди некое страшно студенило. Студенило на смртта кое се ширеше околу мене. Мајка ти ме беше гушнала и ја ставила раката врз твојата и мојата. Ве бакнав и двајцата и станав. Отидов во твојата соба. Земав една твоја тренерка и излегов надвор. Ја облеков за да го почувствувам мирисот кој го чувствував овие деветнаесет години. Тргнав да ја барам мајка ми движејќи се тешко и плачејќи. Некој ме фати за рака ми се стисна во него. Ме држеше како мало дете. Почнав да плачам посилно. Ја барав мајка ми. Но не ме пуштаа. Набрзо дојде и таа. Знаев дека ми останува уште малку време да направам нешто. После тоа ке те носеа таму каде што никогаш не требаше да те однесат. Се фрлив во прегратката на мајка ми викајќи на цел глас да ми помогне да не те однесат. Влегов со неа повторно внатре. Пак ти ја фатив раката и седнав до тебе. Те гледав. Беше ист како што те знаев од секогаш. Повторно почнав да те молам да се разбудиш. Не смеев да те пуштам да те онесат. Седев многу време до тебе молејќи се. Ништо. Без резултати. Солзите веќе пресушија, но болката и тагата се ширеа. Се ближеше времето. Те молев. Те потсетував на се што си имавме ветено дека ќе направиме заедно. Сеуште се надевав, но повторно ништо. Дојдоа и свештените лица за да ти оддадат последна почит и да се помолат за твојата душа. Тогаш скокнав. Не сакав да ги видам таму до тебе. Не сакав тие да ти се приближат. Не верував во тој момент во Господ, а тие таму, беа негови претставници. Сеуште верував дека ќе те натерам да се разбудиш. За мене, за мајка ти, за татко ти, за сестра ти, повторував дека мораш да се разбудиш. Ама ништо. Стоев до тебе и те галев додека ти ја пееја молитвата за спас на твојата душа иако незнам што би требало да се спасува кога твојата душа беше најчиста. Без грев. Толку беше. Ми навестија да те бакнам за последен пат. Те замолив уште еднаш, но не ме слушна. После мајка ти се наведнав и јас, и да.Тоа беше последниот пат кога ја фатив твојата рака и те бакнав. Потоа ме фатија и ме отргнаа од тебе. Бев мирна. Не се противев. Останав да се обмотувам во твојата тренерка и да го чувствувам твојот мирис. Те земаа за да те носат кон твојот вечен дом. Немав сила ни да викнам. Немав солзи да плачам. Бев уморна, бев скршена, останав без тебе. Не виканав ни кога те закопаа во земјата, не пуштив ни солза. Едвај се држрв за мајка ми да не паднам. Те погребаа братче мое. Несакав никој да видам... Останав да се потам во твојата тренерка на сред лето. Влегов во колата и си отидов дома. Сакав само да легнам и да спијам а во сонот да те видам тебе и да те прашам зошто ме остави. Ама те немаше ни таму. Станав дури утрденета. Првото нешто што го направив е тоа што отидов кај мајка ми и ја прашав само дали се се случило или сум сонувала. Сестра ми ме гушна силно, а мајка ми ми рече дека сега ќе ме чуваш од горе, од небото и да те сакам засекогаш. Пак почнав да плачам.Е од тој момент сите ми станаа другари. И оние кои не се ни сеќаваа на мене, и оние кои зборуваа за мене, и оние кои ретко ме гледаа, ми звонеа и ме тераа да излезам од дома. Ме тераа да престанам да плачам. Ме тешеа бе. Тие. На кои не му текнуваше се додека не ме видоа таква, скршена.Никаква. На тие на кои им беше страв да те видат за последен пат, на истите тие кои викаа дека се твои другари, е на истите тие, им беше страв да те допрат кога срцето тебе престана да ти чука. Не, фала. Тие што ме сакаа беа тогаш со мене. Ми се гадеше од нив. Ми се гади од такви луѓе, од тие што од туѓата невоља, сакаа да соберат поени на нивна сметка. Останав неколку дена дома. Ми фалеше. Многу. Толку пати го земав телефонот со надеж дека ќе те слушнам. Ништо. Звонеше во празно. Заспивав и се будев со единственото нешто што ми остана од тебе. Тренерката. Еве ја. И сега е до мене. Толку мнгу си го повторувв тоа едно и единствено прашање : Зошто Господ те зема? И дали постои? Дојдов на твојот гроб. Не плачев. Неможев веќе. Само сакав да бидам блиску до тебе. И почнав да идам секој ден од тогаш кога бев слободна. Може ме гледаш од некаде а може и не. Незнам. Не сум иста од тогаш. Постојано се прашувам до кога ќе биде вака. До кога ќе ја има болката во мене. Неможам , неможам да ја гледам мајка ти. Јас кријам, се правам цврста, ама мајка ти не. Скршена е. Неможе да поднесе што те нема веќе. А исто и јас. Постојано се прашувам зошто тоа се случи? Те изгубив тебе. Единствениот другар што некогаш вистински го имав. Единствениот човек што знаеше се за мене и што пак ме сакаше како сестра. Единствениот човек што ме подржуваше и тогаш кога грешев ама укажувајќи ми на тоа. Никогаш повеќе нема да имам ни брат, ни другар како тебе. Себе си не се лажам, ама ги лажам другите, дека сум добро. Дека не сум сама... А сама сум. Толку сама како никогаш до сега. Навечер ја покривам перницата со солзи. Се сеќавам на сите моменти поминати заедно. Во главата си ги превртувам сите ветувања што си ги дадовме. А не сум добро...душа без тело имам...а и пушам многу цигари.Хаха знам дека ако беше сега тука ќе ми викаше за тоа.И срцето ми чука како да во секој момент ке се распарче и истече. Ако...еден дел од него замина со тебе. Ќе го повратам во шоља, да отиде во неповрат. Ја пцујам вселената поради тоа што не си тука до мене за се да ти раскажувам, туку морам таму...каде што не сакам. Има во мене долги, збунувачки празнини. Неколку нешта останаа да ме радуваат. За нас двајцата и тишината беше пријатна. Некогаш немаше потреба од зборови. Доволно беше тоа што се познававме за да знаеме како сме. Пред тоа стоев на прозорот, оној, што го скршив дента кога душата ти замина и те чекав. Ама веќе не... знам дека таму нема веќе да те видам. Сега единствено те гледам во соништата. Ако. И тоа е нешто. Остана само времето...а го има, или па кратко е? Пак незнам... На почетокот давав цел век, за само еден момент со тебе, ми требаш. Ми треба другар како тебе, да ми подадеш рака и да слушниш како ми чука срцето. Да ме погледниш, да се смееме. Како будали. Да си кажеме тајна. Да имаме уште една тајна...ок. Те нема веќе. Свесна сум. Сфатив, ама пак ми требаш. Ми се случија многу работи откако те снема. Главно лоши...а ти ми требаш...како од сабајле цигара...како ти од сабајле...таков бушав, нерасонет, и само зелените очи ти се гледаат...Ми требаш бе...како коска на куче...Сега сакам обични работи. Се, давам за нив...кафе со тебе. Да те гушнам најсилно.Да те прашам како си...Ретко те прашував...прости.Сакам многу.Многу обични работи, со другарот мој. Со мојот брат. Се ближе роденденот наш. Е годинава прв пат ке го славам сама. Дваесче. Хаха, кога бевме мали далеку ни беа годините. Ама ако...знам дека ќе ме гледаш од некаде и ке бидеш со мене. Ке дојдам и кај тебе. Ке земам со мене две парчиња торта. Едно за мене, друго за тебе...или три? Ајде три ке земам, сепак повеќе благо јадеше од мене. Едно за мене, две за тебе. Секоја година. Ке направам се што требаше да направиме заедно. Не заборавив ништо... Ќерката нема да можам да ја крстам така ти како што сакаше оти јас се викам така... ама за тоа син ми, ако имам некогаш, ќе го крстам како тебе.Се ќе направам. Аааа да...и покрај сите гадни работи кои ми се случија, последнава недела се случи и една добра работа. Не барам друг најдобар другар...тебе никој никогаш и никаде нема да те замене, ама има некој кој успеа да ме насмее и да ја сфати мојата личност. Втор после тебе. Ќе дојдам утре, ќе ти кажам се...Сега уморот се обидува да ми ги склопи очите, ама тие упорно се отвараат. Шараат наоколу. Неможам да потонам во сон. Некогаш се будев доцна во ноќта, преплашена, со искривено лице и изгувен поглед...со плач притиснат во градите. Плачам и сега... за се. Ќе дојдам утре. Ќе ти раскажам...
    Те сакам

    Го ставив во спојлер пошо е многу долго. Ми требаше многу време да се натерам да го кажам сето ова на глас и на парче хартија
     
    На Annie.mk1, x.Daisy.x, La.Reina.Del.Sur и 2 други им се допаѓа ова.
  14. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Кратка

    Ако имав капка роса,
    би ја чувала на дланка,
    ако имав парче небо,
    би го носела в прегратка,
    ако имав еден зрак,
    засекогаш би ме топлел,
    а јас имам делче љубов,
    а ти го дарив тебе.
    Прилично великодушно зар не ?
     
    На marama, JaneAusten и Hayley им се допаѓа ова.
  15. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Го ставив во спојлер пошо е многу долго. Ми требаше многу време да се натерам да го кажам сето ова на глас и на парче хартија[/quote]

    Подобро не си можела да го напишеш, едноставно неможев да престанам да го читам одново и одново. :x
     
  16. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Аланис ти благодарам. Кога е пишувано длабоко од душата, можеби е тажно, но сепак толку искрено
     
    На AlanisM му/ѝ се допаѓа ова.
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ~Паралела~

    Постои утро, кога се разбудив насмеана
    постоеше ти, шепнав дека сум таму.
    Те погалив
    и ти простив.
    Дозволив да ме обојат твоите желби
    да не разголат твоите соништа,
    без многу зборови ти отстапив дел
    од мојата перница.
    И сонувавме заедно будни
    шеќерни неба, памучни страсти
    зборови напишани во музика.
    Ги немаше
    твоите стаклени чувства
    моите магливи копнежи.
    Тие, заедно со ова утро, припаѓаа
    на една друга паралелна димензија.
    Кај кого ли бега радоста
    на луѓето што некогаш се сакале....
     
    На skyAngel, De-lovely, JaneAusten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    - Остана уште да верувам во себе и да сум искрена само кон листот. Имам мисија во светот а поразот не е мојот исход ;]


    И нешто доста старо...Си се смеам на умот што сум го имала xD

    Пред скоро не би поверувала доколку некој ми речеше дека би продолжила без тебе...
    Да, јас продолжив но на кој наичин? Оставајќи подвиткан, недопишан лист и оставајќи ти се тебе. Како тој лист да е онај непрочитаниот или тој до кој сум стигнала.
    Со ум и разум, знаејќи дека секогаш ќе те носам во срцево. Онаков мил, убав, нежен и груб истовремено... Ти си тоа совршенство без кое животот никогаш не би бил совршен и комплетен.
    И така останав некомплетна. Иако срцето има 2 предкомори и 2 комори, со што логично би имало место за четворица, ама кај мене сите 4 празнини, крвни садоби, валвули и влакна ги пополна една и единствена личност, ТИ!
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Ајмо ѕвезди!


    Си носам во џеб
    ѕвезди еден куп
    жешки ко колачиња
    ги нудам
    бесплатно
    на подадени рачиња.

    На очи
    што плачат
    оти немаат кому
    што да значат.

    Ги нудам
    за да светнат
    сите што паднале
    кога пробале да летнат.

    Оти, реткост е
    светлина денес да дадеш
    а на небото
    никогаш не му е доста
    кога го крадеш.

    Земете, велам
    тргувам и со ѕвезден прав
    утро е
    но нека не ви е страв.
    Оваа детска песна
    ќе ве престори во вашиот сон
    насмевнете се додека ве гушка
    топлина од ѕвезден ксилофон.

    Свири, мојата количка
    натоварена со ѕвезди
    што ги пече Месечината
    ја туркам за да ја сопрам
    секоја стемнета тага
    и да ја намалам далечината
    Што стои
    Меѓу раскарани љубовници
    Меѓи на исплачени очи
    Страв на детето од кутрето
    Далечината
    Меѓу ѕвездите
    и Небото.
     
    На De-lovely и JaneAusten им се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Изреки,поговорки,мудри мисли,секојдневни поуки и слично :)

    Да, и после дожд доаѓа сонце
    и после солзите доаѓа насмевката
    и кога Бог ќе ме искачи во височините
    ќе седнам на виножитото
    и пред себе ќе го гледам
    прекрасниот небесен свод
    и ќе го отворам срцето,
    распостилам душата
    и нема да се плашам повеќе,
    нема да се држам цврсто за боите
    на спектарот,
    широко ќе ги пружам рацете
    кон сонцето и ќе дишам длабоко
    и пак ќе бидам среќна
    и пак ќе бидам благодарна
    затоа што знам
    и да паднам... Ти ќе бидеш долу
    со раширени раце да ме дочекаш..!
     
    На De-lovely и JaneAusten им се допаѓа ова.