Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Тоа беше ТАА

    Додека минуваше нејзиниот живот таа учеше, се подготвуваше.
    Кога се раѓаше од мајчината уторба капеше утринското сонце а по него и младата месечина.
    Рекоа “детето е чевеков плен“
    чуствувајќи дека од овој момент ништо веќе нема да биде исто.
    Додека растеше чекореше и оставеше траги, како да сакаше луѓето да го следат нејзиниот чекор.
    Зборуваше, од нејзината уста излегуваа жешки зборови,слатки како незаборавен пат, кон рајот полн со фантазија, а пред се неверојатност.
    Беше таква, неверојатна, со секој поглед од нејзините кафеави очи ја негираше секоја чевечка грешка, ја простуваше исто како што и на неа и беше простувано.
    Живееше за другите помагаше за се, тагуваше во нокта со нејзините сестри ѕвездите,уживајки во нокта сама со нив се додека не ја наполни сцојата 15 година.
    Се роди нејзината љубов, таа така мислеше, го убедуваше светот дека љубиовта е се што отсега ке го живее.
    Се прашував, дали лаже или моќеби НЕ?!
    Од тогаш таа се смени, на нејзиното лице ја немаше повеќе насмевката, која знаеше да го уксреќи човека, која веруваше во својата улога и дарба.
    Нејзините очи сега постојано гледаа немаа желба за ќивот. Каде ли замина?
    Зошто не остави да тежнееме бе нејзината помош и љубов.
    Сега остана тој и неговиот страв дека и него ке го напушти
    Тоа беше тааникогаш нема да остане заборавена
    Тоа бев ЈАС

    стар текст од мене, сум го пишувала кога сам била 13 или 14 :)
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.282
    Допаѓања:
    8.585
    Ми рече: -Знам што ќе правиш кога ќе заминеш дома. Стуткана во ќошот од тушот ќе ги триеш моите отпечатоци од себе.

    Мразам што толку проклето добро ме познаваш.
    Знаеш дека веќе извесно време престанав да плачам кога сум бесна и не се плашам веќе да излегувам сама. Знаеш дека затреперувам кога со показалецот ми минуваш по белегот.
    Знаеш дека одамна престанав да се борам за залудни битки, кои единствено егото би ми го нахраниле.
    Дозна дека се барам себе си одново. Не си се допаѓав ваква, не се помирував дека ова сум јас.
    Знаеш дека си ја открив страната од себе која ми се допаѓа? Платив со парче од себе, парче од минатото, толку сурово а толку корисно.

    Денес затвори ги очите и вдиши ме, заборави на се, зошто мене сеуште ме боли...што толку проклето добро ме познаваш.
     
    На De-lovely, mysterious, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Во мојот град

    Овде
    графитите веќе ги нема
    младите зеваат
    пред компјутерската врева
    И сливите
    нема кој да ги бере
    Но. Знам.
    Има што да се најде по калдрмите.
    Зборови, години, мината и слабости
    грамади бол, векови и радости.
    Овде
    Потајно секој сака да умре со некој.
    И да не остане Секој.


    Во мојот град
    не се тркалаат мандарини
    таксистите и не мораат да бидат фини
    склопуваме коцки
    од омраза и мостови од лицемерија
    за да споиме две точки.
    А и Б.

    Во мојот град
    Или нашиот, како сакате.
    Спомениците се толку грди
    што и во Вардар би скокале.
    Но. Знам.
    Има што да се најде по калдрмите.
    Промаја во бурек, во од’ во забен процеп.
    Забава што замрена
    е повеќе жива одошто танцувачите.
    Во мојот град
    Живи се само свирачите.
    На опелото за будење.



    - За Скопје, по којзнае кој пат.
     
    На De-lovely и mysterious им се допаѓа ова.
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Чуствувам болка во душава,а немам со кого да ја споделам.Сама тргнувам некаде,а ни патот не знам на каде води ниту ми е грижа каде ќе ме одведе,само посакувам мир на душава да си приуштам, сите спомени со тебе да ѓи избришам.дали ќе успеам некогаш повторно да сакам,дали ќе успеам некому да му верувам,но едно знам ќе. научам беднику без тебе да живеам
     
  5. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Обрнување внимание на
    ситните глупости не те прават паметен,
    само зол.
    Имањето мислење до кое ќе се држеш,
    без почит кон туѓото не те прават принципиелен,
    само невнимателен.
    Суета на местото на гордоста,
    комплицирање на едноставното,
    а се е толку добро и
    оддава добро чусвтво.
    Стравот од губење на единственото
    вредно нешто да те натера да молчиш.
    Прашање место одговор:
    „Зошто“!
     
    На blueeparadise и Hayley им се допаѓа ова.
  6. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Не можам да верувам,
    тоа не беше вистина ти покрај мене.
    И во мрак ти ги познав очите.
    Малку и скривнав по правата линија
    што се трудеше да ми ја нацрта потсвеста
    чекорејќи да те узминам.

    И не е толку голем грев, да се смееш.

    А ја допрев, свилата што ти никнала
    онаму каде што треба да ти се изумрени нервите.
    Или, барем мене ми се.

    И зошто не ми ја подаде четката
    да си ги развеам локните
    од крзненото плато на невидливоста?

    Ама ајде, ќе те сонам пак
    а гласов ќе го оставам да верува,
    иако тоа можеби беше шанса последна.
    Знам дека претерав,
    но нели прв пат си дозволив да бидам себична.

    И не знам дали ова ќе ми легне на срце,
    обид по обид и доказот ќе се пронајде.
    Ќе ја завршам твојата песна приспивна.
    Па, влажната перница нема за секогаш да е лута.

    Вистина не го слушна мојот повик?
    Знам дека одѕвонуваше долго.
    Да ти верувам како на нешто суеверно?
    (Кога, како...)

    Засипнатите жички нека треперат.

    Ти ќе останеш
    желба моја неостварена.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Дали ви се случило некогаш исфрлени од колосекот да му речете на секојдневието збогум и да се извиeте,носени од стравотен виор,вчудоневидени како оној на кого тлото му се измолкнува под нозете?
    Дали ви се случило да ви земат се и да ви ја стават на душата тешката одвратна рака на судбината и да направат од вас немо,преплашено робинче?
    Најпрво мислев дека љубовта е таа која не прави срќни...потоа се предомислив...
    Потоа мислев дека училиштето и борбата за живот не прават луѓе...или нелуѓе, онакви какви што ние сметаме дека треба да бидиме, оставени сами на себе, независни од никого, без потреба на никој да му речеме пардон. Си ветив дека само со учење ќе бидам среќна...и бев...некое време.Сигурно на сите му се има случено ова... Ама се помалку сум сигурна дека само тоа ке ми обезбеди се во животот. Секој ден реалноста ми покажува колку е краток животот, како да ми вперува прст и да ми вели живеј го, диши со полни гради, радувај се, играј, патувај, заљуби се... А јас? Упорно се трудам да се скријам од тоа. Не ми е јасно што се случува денес. Денес не е како вчера. Денес нема да биде ни како утре...ке биде полошо...или за нијанса подобро. Денес се прават најфаталните грешки...се запоставуваат луѓето кои ти значат, само заради твои некои егоистички и амбициозни потреби. Ама такви сме ние луѓето. Себични.
    А не постои поголем кардинален грев , ниту поголемо предавство од тоа. Луѓето со кои си се дружел повеќе од половина живот, со кои си делел тајни, стравови и соништа, кои секогаш биле безрезервно тука за тебе, си ги напуштил само и само да го посветиш твоето внимание на твојата личност, твоите амбиции и егоистички потреби, предводени од чувството за преживуваање во овој неблагодарен свет.
    Повиците кон твоите другари се одолговлекуваат, а средбите стануваат се поретки, и додека трепнеш – поминале 6 месеци од последниот пат како сте седнале здраво да се напиете, а наредниот чекор е честитка за роденден оставена на вашиот Ѕид на Фејсбук. Како дојдовме до ова??? Па сосема логично е дека додека ти се затвораш дома и се мачиш со твојата упорност да успееш праведно во оваа неправедна држава, на оние најблиските да им попушти трпението и да те испратат по ѓаволите. И кога ќе видиш дека не те исполнило тоа што си очекувал дека ќе те исполни, и кога ке сфатиш дека твојата ладнокрвност, неемоционалност и ироничност те довеле до дното, повторно пробуваш да ги обновиш старите врски и да побараш да ти подадат рака да се вратиш во нормалата. Но искрено...треба да ти подадат рака? Се будиш со грозно чувство дека другарите, оние кои ти ги подзачистувале пантолоните секогаш кога си паѓала, ти пружеле рака секогаш кога ти требала, ти не си ги видела скоро цела година. Онака добро. И се прашуваш зошто? Ете ќе ти кажам...Поради твојата себичност. И сега се прашуваш со кој памет и со кое лице би им се јавила, и што би им рекла? ,,Ало, здраво...јас завршив со своите каприци, сфатив дека ми треба и нешто повеќе од тоа, па имам еден тон слободно време, можеме сега пак да бидеме другари?,, Е ова е најниското и најбедното нешто кое можете да дозволите да ви се случи.
    Од кога ќе се разбудите може да ви се случат три работи...да, да. Три. Двата избора се секогаш само за глупавите, вие во овој случај имате три. Првата работа е дека оние кои ви се мили, драги, и кои ви БИЛЕ блиски, може вистински да ви простат, вие да се извинете, и да не заборавите веќе дека животот е многу поубав со нив, за заедно да се радувате на успесите и да плачете за неуспесите. Втората опција ви е на истите тие луѓе да му се извинете, и да му ветите дека никогаш веќе нема да ги оставете настрана, а тие да ви ,, простат,, но онака...вашето пријателство и дружење да стане површно, невистинито, никогаш повторно како порано...И третата опција ви е да ви кажат тие луѓе дека вие не ги заслужувате нив, дека не вреди да се прости на таква личност како вас, дека нема повеќе место за вас во нивните животи...да, да. Токму така. Да ви плеснат се во лице и да ве свестат за тоа какви сте биле вие. Е тогаш ви останува да си научите од грешката, да почнете да живеете, и да си барате нови пријатели и луѓе кои никогаш нема да ве запознаат како претходните, затоа што тие некогаш биле толку искрени!
     
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Формално писмо до Г-дин Непознат

    Ај не ме напуштај,
    биди ми последна желба и здив.
    Со него да се будам
    и да ја споделам мојата посетела.
    Во негово друштво да пијам кафе
    и заедно да се капеме под тушот.

    Ај не ме напуштај
    и закотви ме во твоите раце
    додека се дигам на прсти за да те гушнам.
    Спонтано да се најдеме на креветот
    и да ја изгужваме постелнината.

    Ај не ме напушај,
    дозволи ми да се всадам во мозочните виуги,
    вечно да се регенерирам со секое твое физичко потиснување.
    Да ја напишеме импликацијата со молив,
    па да ја прешкртаме.
    Затоа ај не ме напуштај,
    за да не останам гола.
     
    На marama, Hayley и De-lovely им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Пазар

    Во вревата на тезгите
    бабите редат магдонос
    како да редат редок слој сеќавања
    на младоста
    изгубена во полињата
    и жилата под врат, ко спрега
    во бербите и бавчите
    стомните вода и жега.

    Гравот се тркала
    под стапалките на децата
    извлечкани со родителите
    да видат
    што е зеленчук, што е овошје.
    Зарзават и емиш, ќе речеше баба ми.

    Има јагоди, изволте, повелете
    де, земи та со нож и од портокалов поделете.
    Види! Врескаат доматите од македонска топлина
    со рака
    ги галам, ги поземам.
    Да ја зачувам љубовта кон мајка земја
    како уморна од раскажување приказна.

    Мирис на земја, на зеленило
    на пипер буковец и толчена сол
    дворови се овие мали парчиња свет
    полни раце плускавци и бол.


    Немирен е овој свод
    дожд фрла и на веќе обраниот плод.

    - еден обичен свеж мај.
     
    На lady.N и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  10. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Одеднаш со тивки чекори зачекори
    по патот до моето срце во кое
    вратата одамна се беше отворила,
    а потоа и откачила.
    Во најтешките периоди од мојот
    живот ти беше тука.
    Како ѕвезда меѓу темни облаци
    ми даде надеж, кој ми е како
    светелник за да го најдам
    вистинскиот пат до животот.

    И затоа благодарна сумза се што
    стори за мене, како и за твоите
    обравчиња и прекрасна насмевка
    кое ги носам секогаш во мене,
    до моето ново срце кое израсна само за тебе
    Ти благодарам за се што направи за мене
    за да докажеш дека ме сакаш.
     
  11. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Човек без пријателство е како птица без крилја. Подобро да имаш еден вистински пријател, од колку десет лажни. Пријателството го создаваме уште од мали нозе кое го продолжуваме со џагор, смеа, искреност. Другарството претставува некој кој ке ти даде мотив да сакаш некого, да продолжиш понатаму, сочуство за тешко, помагање кога навистина е потребно и тага за да ја споделиш со некого. Ако имаш пријател кој те сака без разлика на се, знај дека Господ ти пратил соучесник во болката, среќата, радоста и тагата. Наутро коа се оди наопаку и ти текнува на личноста која секој ден го прави посебен, ти доаѓа насмевка на лицето и мисла дека без разлика колку работите се лоши , секогаш има некој да ги поправи. Многупати сме се нашле и во тешки и лоши моменти, но единствената сила која повторно не кревала нагоре била раката и насмевката на пријателот. Да, тоа е вистинско пријателство, ОНА ШТО НЕ СЕ ОПИШУВА И ДОКАЖУВА СО ЗБОРОВИ, ТУКУ СО ДЕЛА.
     
  12. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Вистинското другарство е право богатсвто
    Другарството започунва уште од мали нозе. Ние тогаш се дружиме со секого, но како растеме и созреваме согледуваме дека сите запознаени дургари не се вистински. Вистинскиот другар е секогаш до тебе, ти дава рамо за плачење, те разведурва во тешки моменти. Другарството е нешто посилно од љубовта, па затоа треба да го негуваме нежно. Што е животот без другари? Со кого ќе ги споделуваме мислењата и тајните ако не со другарите. Човекот без другар е никој и ништо. Другарството не се одбира, тоа се случува. При другарувањето се наидува на кавги и недоразбирања, но само вистинските другари можат да го пребродат тоа, и да останат повторно заедно. Другарството лесно се растура, но тешко се создава. Вистинскиот другар е богатство кое ќе не следи цел живот. Кога ке го пронајдеме вистинскиот другар се чуствуваме среќно и исполнето, бидејќи можеме со него да ја споделиме среќата, тагата. Вистинскиот другар ни влева надежд, кога ни е најпотребно, односно кога се наоѓаме на прагот на одкажувањето. За да опстане вистинското другаство треба внимателно да се однесувеме, бидејќи само со една грешка може да се растури другарството и да почуствуваме празнина. Вистинсите дургари треба да ги цениме, тие имаат голема улога во нашиот живот. :)
     
    На Anja98 и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  13. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Очите, мислите, срцето.
    Во тебе ми беа вперени
    а околу тебе имаше стотици.
    И милион ништо не ќе промени.
    Збориш ноншалантно
    дури и се насмеа
    должна сум му на тој до тебе.
    Не заборавам... можеби кафе?
    Па нека собере и другар.
    Тебе.
    Ако не е проблем.

    Ќе ти бидам како античка слуга
    со коси до пети
    и провокативен партал.
    Така полесно ќе ти го местам креветот.
    Барем еднаш да беше околу мене
    и громобран ќе глумев
    тогаш, важно ќе те љубев.

    Бесконечно.

    Да пожолтам нема
    Сега сум сина, не стара
    со црвено на глава.
    А таа... Зелената
    ќе ја помешаш со дрво.
    Истото е.

    Која ќе те чека вака
    како јас
    цел саат
    а знам дека нема да дојдеш?

    Барем од далеку да те видев.
    Така ќе биде од сега.
    Времето го оставив да бега
    да се сетев порано дека не требаше...
    нешто ќе се променеше?

    Не може се да е пишано
    од Бога
    знам, затоа што така е
    кога
    чекорам по улицата твоја
    облаци никаде нема.

    Ти си моето сонце
    иако никогаш не те нареков така.
    Не ми е мака.
    Сонцето е за сите
    а јас сакав само да си мој.
    Затоа те немам.
     
    На Esperanza и L-enna им се допаѓа ова.
  14. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Саботно утро,
    сонцето продираше низ завесите во собата
    и го топлеше моето тело,
    ги отворив очите,
    неговата рака беше на мојот стомак,
    неговиот мириз низ цело мое тело,
    го осетив...
    бакнежот на десниот агол од моето голо рамо
    и тивкото шепотење на уво
    за прекрасно утро,
    а потоа следуваше појадок
    топли кроасани,јагоди и џус
    беше како сон...
    НЕ! Беше подобро од сон ,
    Јас и Тој
    во соба со мирис на кроасан
    Јас и Тој
    во соба полна љубов, копнеж и страст,
    Јас и Тој
    во соба полна жеби и фантазија. :$ :lol:
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Ги испратив последните воздишки
    како олеснување за конечно
    дочеканото.
    Се слеаа две низ лицето,
    паднаа на подот,
    се стопија со околината.
    Како отфрлен кожурец
    кога од гасеницата излезе пеперутка.
    Низ жилите простру смиреност каква
    се не беше случила.
    Допир низ подлактицата,
    црвенило на образите
    и нов почеток.
    Метаморфоза.
    Со првиот цут на црешата.
     
    На DeRose, honorthyself, blueeparadise и 3 други им се допаѓа ова.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Ако можеш да го видиш уништеното дело на својот живот,
    и без ниту еден збор поново да го градиш,
    и без воздишки и протести,
    да го поднесеш поразот од она што долго си го чекал.
    Ако можеш да бидеш вљубен,
    но не и луд од љубов.
    Ако можеш да бидеш силен,
    а при тоа да останеш нежен,
    да не ги мразиш оние кои тебе те мразат,
    а да се сепак бориш и да се браниш.
    Ако можеш да слушнеш,
    како твоите зборови ги превртуваат неранимајковци,
    да ги иритираат будалите,
    и да слушнеш како некоја луда уста за тебе лаже,
    а да самиот, не си кажал ниту една лага.
    Ако можеш да го сочуваш достоинството и славата.
    Ако можеш да бидеш скромен.
    Ако можеш да ја задобиеш победата после поразот,
    а тие две измами подеднакво да ги прифатиш.
    Тогаш ќе сите кралеви, богови, славата и победата,
    ќе бидат Твои послушни робови,
    а што е поголемо од секоја слава и сите кралеви.
    Ќе бидеш Човек.

    Сега да се замислиме и запрашаме, колку сме луѓе...
     
    На blueeparadise и Hayley им се допаѓа ова.
  17. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Вивни се во височините драги,вивни се и немој да се осврнуваш назад, немој да се секаваш на се што се случило вивни се при помислатa дека има некој кој те сака и ке биде секогаш тука за тебе.Искачи се на небото и мавни ми рака, насмевни ми се искрено како што само ти знаеш , дофати ги ѕвездите и сети се како секоjа ноќ ги гледавме заедно , и мечтаевме да ни бидат на дофат.Исполни си го сонот, исполни го мојот сон. Погали го сонцето со твоите дланки , на кои секоја вечер им беше домот кај мене. Прати ја месечината навечер да ми посака добра ноќ, затоа што ти имаш уште многу за искачување. Кажи и на месечината да биде секоја ноќ крај мојот прозорец, кажи и на месечината да биде со мене се додека не изгрее сонцето заедно со твоите раце и да ме гушне силно , најсилно. Заблагодари и се на месечината што ме чува секогаш кога ти не си тука. Кажи му благодарам на сонцето што ме гушка по цели денови кига сум осамена,кога ми требаш до мене а ти не си тука..На ѕвездите нека стојат испишани нашите имиња.. Или подобро не.. Нека стои испишано само моето име , зошто ако некогаш го заборавиш, погледни во ѕвездите , таму се крие одговорот..Не се сомневај во мене , јас твоето име нема никогаш да го заборавам , секогаш ке биде испишано на моето лице , на моите усни , на мојата слаба точка..Само ти знаеш која е мојата слаба точка, само ти.. Небото нека не ти биде граница, љубен мој.
     
  18. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Се сеќаваш ли Бела на онаа вечер под липата на дедо ми?
    Се сеќаваш ли Бела на оној прв бакнеж кој ме натера да пораснам?
    Се сеќаваш ли Бела на разговорите и игрите детски?
    Се сеќаваш ли на денот кога замина и ми го зеде срцето?
    Дали некогаш се присетуваш на својата прва љубов?
    Бела, зарем требаше се вака да е?
    Уште од денот кога те запознав, во моето срце почувствував некое чудно чувство, дотогаш непознато за мене. Да, Бела.. Тоа беше љубов.
    Твоите очи црни како јаглен и твојата коса со медова боја ме натераа да ти отстапам место во моето срце.
    Колку ли само ме расположуваше кога бев несреќен!
    Колку пати боси сме трчале до зајдисонце смеејќи се.
    Колку приказни се раскажани под липата на дедо ми.
    А заедно со нив, почувствуван и првиот бакнеж.
    Бакнеж со кој ме зароби и ме возвиши високо до небото.
    Мислев дека секогаш ќе бидеш крај мене.
    Зошто замина Бела?
    Зошто сега вкусот на твоите усни да биде само спомен?
     
    На blueeparadise и Hayley им се допаѓа ова.
  19. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Ако навистина постои Господ каде е сега да ми одговори на некои прашања ????Ако навистина постои правда тогаш зошто никогаш не ја запознав ?????Ако постои вистинска љубов зошто никогаш не ја почувствував ?Ако постои искрено другарство зошто никогаш не го доживеав?Зошто целиот свој живот доживувам падови ако постојат и воздигнувања?Зошто сите мостови што ги иградив од сопствените солзи за да поминам преку сите проблеми што ме измачуваа секогаш се рушеа како кула од карти?Зошто ...премногу прашања а одговор нема.
    Во ноќите бессони додека си ги поставував сите оние прашања кои ме измачуваа плачев тивко , тивко умирав...само во ноќта можев да плачам без некој да ме критикува и да ме исмева .Никој не сакаше да ја разбере болката што ја чувствувам ,никој не ме прегрнуваше кога сум тажна ,но затоа ми судеа,ме плукаа, ме исмеваа,си подигруваа со мене , ме повредуваа..И покрај сите овие луѓе кои се околу мене јас се чувствувам осамено и оттуѓено ,не припаѓам овде ...
     
    На smiley-94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Ќе ви раскажам една приказна на кратко :)


    Со задоцнување, дојде денот
    и тогаш планините се израмнија со земјата
    како онаа внимателно ископаната
    во твојот двор.
    А се друго почна да се издигнува
    префрлајќи се едно на друго
    за да можат да се искачат што погоре
    на сметка на избраните
    бидејќи нив не им пречи да помогнат
    на тие што без нив никако не ќе успеат.
    Се и сешто гледаше
    и си се смееше
    убедени дека го живеат животот со Божје одобрение.

    Ама една жена горко заплка
    од љубов кон дрвото кое што таа го посадила
    во градината на личниот рај.
    Беше поклопено со тегови од отровен метал
    а сите знаеа дека тоа заслужило да е на виделина
    па затоа, го приземјија, подземјија
    се додека последната гранка не се прекрши
    и последниот лист не се задуши.

    За приказната сите слушаа
    и ја исмеваа
    “Зошто едно дрво да ни произведува воздух
    како алиби на совршеноста?’’
    Тие знаеа се!
    Освен фактот дека се примитивци
    кои само знаат да не знаат.

    И водичот потскокна - од радост -
    за никој да не види секој секојдневно се гори
    кога ќе се допре себе си.
    Со својот мудар речник ги запрепасти сите
    и им збореше како што пиштат гуштерите:

    “Сега додека ја овдека пред вас стојам
    како глава над сите, вашите ги бројам
    слушајте ме сите, покорници, кога пеам
    свесни дека во спротива само немир ќе влеам.

    Околинава ни создала убавина ширна
    цветови убави, како некој од небо да ги симнал
    над неа јас ќе стојам како ваше чело
    и ќе ве обвинам за секое мое погрешно дело.’’

    Им кажа се отворено
    а тие како светец го гледаа и му се клањаа.
    Од милијарди само стотици се издвоија
    со плач кон Бога и молење за спас.

    Но ни тие не можеа да сфатат
    дека без проклетото тие не ќе знаеа да ценат
    ама сепак, некако се вратија со благодарност
    и се распрскаа низ светот
    за да расшараат наследници.

    Некој сигурно е задоволен.