1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Ova e moja ftora pesna posvetena na nasiot nezaboraven ANGEL TOSE.

    Pesna za nasata ptica.

    Vo gradite imavme cvet,koj rastese
    a vo nego pcelicka,koja med pravese
    od sebe dvoese i na site podednakvo
    patot ni go kroese.
    Toa utro tazno,nekoj tifko rece; cvetot ni se skina
    pcelickata nasa si zamina.
    Sega mesto med i pat,po nasite tela
    lazat mornici,kako snezni viulici
    vo gradite nasi,strea ni se skroila
    so solzi ne spoila,poslednata pesna na nasata Ptica
    site ne pokrila.
    Se prasuvam; Dali vakva Ptica uste ednas ke zapee.
    Od Polena.
    Golema blagodarnost do celiot tim na FEMINA.
     
  2. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Majkata svoeto telo go predala celo,vo cedoto go gleda NAJjDRAGOCENOTO remek delo.
     
  3. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Svetata voda e solza radosnica,od nasiot gospot. Polena.
     
  4. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Bilo kade i da si,nezaboravaj od KAJ SI. Polena.
     
  5. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Mislata se neguva od COVEKOT proizleguva. Polena.
     
  6. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Еден авион, безброј спомени

    Дали некогаш сте ја виделе сенката на сопствената сенка? Јас да. Сигурна сум дека секој ја видел, доколку ја има. Сега сваќам дека сум само уште една растопена свеќа. Шармот е најсилното оружје. Свесен си дека тоа го поседуваш, нели? За тебе треба да е илегално, си усмртил премногу невини жртви. Погрешно место. Нов ден, виолетово небо. Денес се појави нова бела линија, заминал уште еден авион полн со спомени... ;)


    Напишано за еден Аеродромец.. :)
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  7. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Zivotot e TRKALO,nekogas si gore nekogas si dole. Polena.
     
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Можности

    Да свртам еден круг со точак
    низ населба
    да видам две три ежиња
    да заборавам на лошите соседи
    и музика што уши ми притиска.
    Да купам пиво и да те викнам на Кеј
    да зборуваме за книги и страст
    а кога ќе ни здодеат сите теми
    само ќе замижиме.
    Можам, да бидам нова и своја
    да ја гушнам старата клацкалка во парк
    да чкртнам уште некој ред, до два
    за она што ми дало убавина.
    Да направам збирка песни
    и да ги објавам
    некаде, некогаш, да ми ракоплескаат
    колеги, професори и пријатели.
    Да се смешкам онака како што знам
    одејќи исправено
    само затоа што изгледам така послаба.

    Подобро е реалноста да ја грицнам за уво.
    Да не ме слушне.
    Дека можам, се’ што ќе намислам.
    И да ме гушне
    ќе и кажам.
    Убаво е да се биде нов.
     
  9. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    Зошто е олку тивко?
    Јас упорно барам нешто,
    а не ни знам што.
    Не сакам да знам.
    Сакам само да го најдам.

    Празен поглед,а полна душа.
    Со што!?!
    Не сакам да знам.
    Само сакам да дишам,пак.
    Онака како што знам
    кратко,испрекинато,брзо,возбудено и збудалено
    пак........

    Боли.
    Мора ли олку да боли?
    Не ми е гајле.
    Јас само сакам да дишам...
     
    На skyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Ulicnite svetla se izgaseni,godinite svetat,pat si pravat
    vo teloto ljubovta veze marama od spomeni i na sekoja godina konec podaruva
    od seniloto gi zastituva,za pravdata gi budi ,maramata znae kogo ljubi.
    Vo kosnicata kafena ,mnogu oci se zbrani od site strani ramkata im se vadi
    samo svetlinata ne moze nikoj da ja izmami.Dusata e galena vezena so temeli izgradena
    i za nea e ovaa pesna podarena. Polena.
     
  11. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    Еј ти,дојди вечерва,стисни ја мојата рака вечерва и не ме испуштај.Не знам кој си,ама ајде да се преправаме дека сме нешто друго,нешто што никогаш нема да бидеме.Вети ми го небото и направи ме ѕвезда само оваа ноќ.Само ѕвездите се исти секогаш,светат исто без оглед на се`...

    Не зборувај ништо оти сакам да го слушам моето срце.Слушај го и ти,па можеби ќе ти дозволам да ме погледнеш во очи и да ја видиш мојата душа.А ако и покрај тоа решиш да останеш,ќе ти се насмевнам,но толку горко што очиве ќе ми се наполнат со солзи.Не те познавам,но сакам да украдам дел од твојот сон,од било кој сон.Сакам да бидам капка дожд вечерва,да ме разнесува ветрот насекаде,а сепак ќе знам дека одам некаде.Ќе бидам чиста и ќе се радувам што моето патување има крај и иако паѓам,макар за миг ќе имам чувство како да летам.

    Мислиш дека сакам да си играм?!?Јас убивам спомени,не ја гледаш ли крвта?
    Оди си проклетнику!Се` уништи стравот во твоите очи.
     
  12. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Napraviv kutija,vo nea go staviv spomenarot
    so bukvite go zalepiv so penkaloto go zakluciv
    i so idninata go spoiv. Polena
     
  13. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    ...Некогаш ...одамна... јас,
    сонував,
    сонував,
    сонував,
    и ,
    се криев од реалноста,
    се бркав со вистината,
    се покажував во фантазијата .....
    и ...тогаш!!!!
    Се заглавив во сонот!
    А од тогаш ....
    Јас повеќе не сонувам.....!
     
  14. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Nasata zemja e blagoslovena, beriketna i ne zamenliva. Polena.
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Траење

    Тиквички, торта
    мал мачак што мјаука
    под балкон.
    Мирис на јоргован од лажираниот спреј
    во ходник
    Неколку пара влечки
    се меткаат.
    Ах, моите мисли
    светкаат.
    Радо би го нацртала
    со сета моќ
    и со прстите на нозете
    ако треба
    по паркетот
    и со воздушна врева.
    Овој ден, обоен во љубов.
    Ме штипка за образ
    и ми остава трага.
    Да, лубеницата
    за роденденот на тато
    е блага...
    Телевизорот брбори
    поезијата врви
    по моите рамки на фустанот
    во боја на сува смоква
    како откинат зрак
    под балконот...
    Траеме, и ќе траеме.
    Само да знаеме!
     
  16. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Koga i da se zavrtis ke me vidis,koga ke prodolzis ke me izgubis. Polena.
     
  17. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Edna kapka pravi stapka,kapkata korenot go razmnozuva. Polena.
     
  18. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Mozete da mamite,kradete,mozete da zemete Se,samo darbata na covekot Ne. Polena.
     
  19. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Посветено :)
    Koнечно научив дека постои само еден парадокс во животот.,Зависи,но за мене е така.Сепак повторно застанав на истото место и ништо не научив од минатите грешки,и по не знам кој пат морав да се откажам од саканиот со надеж и едно големо верување дека Господ ќе го направи среќен.И цел ден во умот ми е истото.Зошто:?Можеби животот е суров?,или јас голем сонувач?Знам,јас можам да се откажам од се,можам да станам наутро и да знам дека веќе нема да те видам,да слушнам нешто за тебе,да те почувствувам,да те гледам како успеваш ако цената за тоа е повторно кај тебе да го има истиот сјај како порано,руменилото на твоето лице,твојата долга коса-разбушавена од ветерот,искинатите фармерки,очите црни како маслина.На почетокот е тешко.,но знаеш како е-луѓето велат -По дождот доаѓа сонце.Минатото е минато,останува таму некаде далеку,заробено.Без разлика -мене постојано ме следи и ме повредува.Константно со голем трепет го молам Бог да те одведе на вистинското место,да ти го покаже вистинскиот пат и да се погрижи за тебе онака како што не можев јас,за повторно да блеснеш,да бидеш она што беше кога јас те засакав.Не знам чија е вината:Моја?На судбината?Никогаш не верував во неа така да многу често се чувствувам лошо,многу доцна разбирам дека можеби целата вина припаѓа на мене.Изгледа дека се што ќе допрам венее,го губи претходниот постоечки сјај.Твоето место е онаму од кај што дојде-разбирам,но исто така знам дека и поради гордост нема да се вратиш се додека не докажеш дека се уште можеш повеќе од она што се очекува од тебе.Минатата година овие денови бев најсреќна на светот.,бидејки мислев дека те имам поблиску,но полека разбирам дека многу често најдобро е да се откажеме од оние кои ги сакаме,ако навистина ги сакаме.Не сум плашливец што избега без поздрав кога забележа дека се што прави е погрешно.Се надевам нема да ме разбереш погрешно.Само сакам да бидеш среќен и еден ден повторно да бидеше истиот ТИ.Едноставно-не можев да се справам со сето тоа што доаѓаше.Се надевам другите ќе успеаат да го направат она што јас не можев,а имав се за да успеам.Те молам,прости ми.Знам-така е најдобро.Научив да верувам дека постои,верувам дека ме слуша Господ.
    Мојата молитва е само една-Не мора веќе да имам нешто.Доволно ќе ми биде еден ден повторно да го видам со полниот негов сјај,со неговата харизма,со дадениот талент.Те молам Господе,само направи го среќен.Можеш да ме заборавиш мене и моите желби,но него не.Јас не сум веќе дел од него.Тој засекогаш ќе има место во моето срце.Како Сонцето што наутро прво изгрева и ѕвездата Деница која најдоцна го напушта небото.Научи го дека не е важно колку пати ќе паднеш-важно е колку пати ќе станеш.
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Немоќен наслов

    Секој ден трчаме
    за да стигнеме
    онаму кај што
    немаме ни миг внимание
    сме го срушиле моментот
    како кула од карти.
    Толку грижливо редена
    со кец во ракав
    дама и џандар што се гледаат.
    А тука џокерот зајадливо се смее.
    Со заби ја крши идилата.
    Не, овој свет треба да се плаши
    само од конечноста.
    Трчајте секој ден.
    Ќе ослабнете, барем
    никаде нема да стигнете
    но се важи секоја калорија
    што се претворила
    во мускул
    што ќе ја трпи секоја наредна болка.
    Кратко, како секое задоволство
    хазардери, во животот.
    Со минимум влог
    Сакаме да сме без долг.

    А животот без долг, не е долг...
     
    На DeRose и FBI им се допаѓа ова.