Ај и уште една! Вишок инспирација, не ми замерувајте СУДОКУ Една жена Веќе два дена Спиеше по три часа. Ја мачеа долго четири гласа. Првиот од покојните и пет чеда, Вториот од сонот со ѓаволи шест што велеше нејзе и е редот, Третиот од гатачката што бедни карти седум отвори, Четвртиот чекаше и потоа полека, полека, полека осум пати и повтори за круговите во пеколот. Ги имаше на број девет! Една жена на пеколна пладневнина Решаваше судоку Пишувајќи песна за умирање...
Своја на дождот.. ... Целата облеана со солзи, минувам нис булеварот незабележувајќи ги илијадниците минувачи,кои ги вперуваа своите погледе во мене. По црвените образи ми течеа црни бразди од размачканата маскара. Но сепак никој не ги забележа солзите поради поројниот дожд кој ја киснеше мојата облека. Со брзи чекори се упатив кон кејот на реката. Единственото место каде што можам да бидам онаа јас за кој никој не знае, да се уверам себеси дека сепак не сум толку храбра да можам се да издржам и да си признаам дека овојпат гордоста ја преминала секоја граница. Тоа попладне како да се сруши еден дел од мојот свет.... По долгомесечното убедување дека тој не може без мене, наеднаш кругот се сврте. Сега тој глуми горд маж кој нема да ја моли жената што ја сака да му се врати, а јас пак непотклекнувајќи на неговите зборови, уште погорда од него знаејќи дека тој и понатаму ме сака, бидејќи тоа чувство неможе да исчезне преку ноќ, ја зедов чантата и излегов низ вратата. Сега седам овде покрај кејот и размислувам зошто и дозволив на гордоста да владее со мене сите овие месеци. А, потоа се тешам самата себе си дека не и доликува на жена како мене лесно да му го прости неверството на својот сакан, и дека исто така на жена како мене не и доликува да плаче пред било кој маж и да му потклекнува поради љубовта. Дождот непрестанато паѓаше. Само тогаш можев да ја опуштам душата, да го исплакам сиот бес, сите маки, сите страдања, а сепак никој да не го забележи тоа. Секоја мака која што ми беше на душата ја пуштив во реката да отплови некаде далеку. А, од утре ќе бидам повторно она која гордо чекори и која никогаш не потклекнува пред мажите. Дама која совршено ги крие слабостите и не и дозволува на љубовта да завладее со неа.
Романтична тројка Кога јануари беше преполн со дебели и стари мразеви моравме да ги облечеме нашите смрзнати тела, а зборовите тогаш ни беа огнови за образите, па ги разголивме душите. Кога јануари стана јуни и лошите ветришта ги збуни моравме да ги облечеме нашите голи души зашто настапија зборовни суши, и страста тогаш ни ги разголи телата, па се споивме во пламен. И горевме, горевме, цела вечер покрај цвеќе, јас, ти и една свеќа.
Моменти што живот значат Кога имав 15 години и се изгледаше навидум совршено, обожавав да седам во малото топло собче во мојата куќа и да лежам во нејзината прегратка додека и раскажувам колку го сакам и ми недостига.. Моментите кога тоа се случуваше беа ретки, зашто не можев да ја поднесам секојдневната семејна бучава додека моите беа дома. Но, кога бев сама а надвор вееше снег, ние ќе напревевме топло чоколадо и ќе се потсеќавме на нашето минато, за нашите грешки од кои за жал немаше враќање, и ќе зборувавме за него. Таа знаеше колку многу го сакам и секогаш ме слушаше со блага насмевка на лицето, а носталгија во очите. Знам дека беше среќна за мене, секогаш ми кажуваше дека ако јас сум среќна и таа е среќна. Но, знам дека отсекогаш криеше нешто од мене, нешто што секогаш го чуваше на врвот на јазикот и никогаш не ми го кажа.. Нешто за кое дознав петнаесетина години подоцна. Ме болеше тоа што не ми го кажала порано, но знаев дека јас никогаш немаше да го оставам, зашто секогаш кога бев еден ден одделена од него, проклето ми недостасуваше.. Што и да се случило, јас знам дека ме сакаше, го чувствував тоа. На почетокот, не сакав да се заљубам во него. Мислев дека ми е прерано, дека ми треба време да го изживеам животот до максимум, без страв и каење за тоа што ќе се случи. Да не го барам крај мене во ладните ноќи. Да не ја сонувам неговата насмевка. Сето тоа не ми требаше. Барем така мислев.. Но, сепак знаев дека не можам без него. Се чувствував толку убаво, топло и заштитено во неговата прегратка. Ги обожавав неговите силни раце кога ќе ме припиеше до неговото тело, ќе ме погледнеше и ќе се насмееше а потоа ќе ме бакнеше во образот.. Да можев, секој ден само ќе лежев до него, ништо друго не ќе правев, само тој да биде до мене. Тие моменти беа бесценети. Никогаш не можев да познаам што се случуваше зад неговите очи, што тој мислеше, иако мислев дека го знам совршено. Никогаш не забележав дека можеби ете, постои некоја друга, која се појавила во последните неколку месеци. Тоа можеби било зашто сум била заслепена од мојата љубов, никогаш не помислувајќи на такво нешто.. А сега, по петнаесетина години, го сретнав во дворот на нашето старо училиште, местото на нашите средби, спомени. Сега истото е затворено, на ова место ќе се гради некоја нова голема зграда, а како што ќе се урива училиштето, знам дека и моите соништа и спомени за него полека ќе почнат да се уриваат.. Зашто тој никогаш повеќе нема да биде мој. Го погледнав со очи полни солзи, и со некоја вештачка насмевка. Се прашував зашто ми го направи тоа. Тој немаше одговор на моите прашања, или пак само не сакаше да ми ги каже. Само ми кажа дека иако бил со неа, никогаш не ја сакал, легнувал со помислата за мене.. а тоа што го направил го направил за утеха, не се чувствувал среќен заради некој несреќен сплет на околности, и го направил тоа. Барем да ми кажеше, ќе му помогнев, ќе го поминевме тоа заедно. А сега имал девојка, наскоро ќе се венчале, вели, дека ја сакал.. Јас сеуште го сакав, и на овие години срцето ми тупотеше додека стоев крај него и знаев дека никогаш нема да го заборавам. Истото ми го рече и тој, но ја обвини судбината. Ако, нека биде среќен, па не е важно дали со мене, или со неа. На заминување, ми рече: "Жал ми е за твојата пријателка, неодамна слушнав дека починала од редок вид на рак.. Издржи. Знам дека ти тоа го можеш. Силна си.." Да, мојата пријателка почина.. пред половина година. Мојата најдобра пријателка, со која ги делевме сите детски сни, со која пиевме топло чоколадо и се кикотевме за разно-разни глупости, таа девојка која ми значеше се на светот, заедно со него. За жал, и покрај неговите зборови, знаев дека не сум доволно силна, ама морав да издржам, за него.. и за неа. Иако двајцата ме напуштија. Еве, додека пишувам, надвор вее снег а јас го пијам она старо топло чоколадо. Се присеќавам на дните кога бевме заедно, со неа, и со него. Пенкалото нема веќе мастило, а јас немам веќе живот во мене, без нив. Но, ќе издржам, ќе издржам за нашата љубов која сеуште постои, а лебди некаде меѓу клупите на стариот школски двор кои за кратко време ќе ги нема. Ама, знам, знам дека нашата љубов ќе остане. ~ Посветено
КУКАВИЦА Утринската роса добива нов облик спојувајќи се со нејзините солзи и меланхолијата која ја обзема нејзината душа ја јаде последната останата трошка живот. Продолжува да талка, како патник изгубен во туѓа земја, а нејзините извици сеизмички вдахнуваат страв во нас, смртниците и звуците од привидната реалност не допираат до нејзиниот свет. Таа е некаде далеку од болката, сите лаги и страдања. Нема да се врати во светот на губитниците. За час, ден, месец, година... таа ќе скокне. Не знам кога, ни каде. Таа е победник. Ги победи времето и просторот. Б.П.
Го облеков фустанчето од десетгодишната јас и си се прегрнав себе си. Полна со филмски соништа. Која сум? Како неисончана улога во турска серија што не пие кафе, како танц недоигран на жештиниве а музиката уште гласно свири. Ниту пак цртав, а уште помалку се дерев затоа што срцето го дадов и сега за себе не можам да си го вратам. Имаше едно ладнокрвно маче и исплашен тигар за да направат тим на неочекуваното. Кодот го пронајдовме, само јас и ти, ти и јас. Ќе чекаме нова роба да донесат за да се облечиме во маските па никој по улица да не не застрела. Те чекам да дојдеш... Затоа што само ти знаеш како е дека никогаш не научив да глумам.
За нас Запишав. Месечината млада, ко сирење. Мириса до овде. И потем, бурек цела тепсија огреана. Глад што вие над покриви и буди млади апетитлии. Да се наредат во редица за вечера. Виење, до спиење. Сонуваш, ли, драг мој гладни соништа? Забораваш ли каде ме оставаш откако сум ти здодеана? Вртиме, кругови околу небото. Замолкнат поглед со сон и напивка запивка од ѕвездена прашина. Јадеме небо ние, што мислиме дека летаме и кога стоиме. Глад, за што. За нови стихови во темнина огреани од Месечина.
Некаде низ моите коси се крие трага од твоите усни, си ја чувам да ме топли. Ми ја довери затоа што ми веруваш за ти верувам. Тивка музика во позадина и случајни минувачи се увериле дека се е јасно. Зарем не е? Прозорите не се чистени, ми шепна и се скротив. Да се плашам, да слушнеш, одби. Раката ти беше ладна дека многу изгуби за да си тука.
За тебе Завиткај ме со мало ќебенце, да седам на тремот и да уживам, шепни ми за кого живееш, топло кафе и топлината на твојата прегратка, разгали ме со зборови, знаеш не сум навикната, се што доаѓа од срцето добро е нели? Душкај ме како што си знаеш, велиш по мирисот те сеќавам. А мене денес сеедно ми е, рози ли се или јорговани, касно лето или доцна зима, ладно или топло, живеам во посебен свет со посебна клима кога сум згрната во тебе и нежно ти го гризам увцето. Те сакам. Сакај ме. Само тоа преостанува.
Те Љубам толку искрено, толку реално што боли, проклето боли. Те Љубам како вчера што те љубев, како денес, како и за неколку дена. Боли како дете што соринало колено, - тромбозата што ја мачи баба ми, проблемите што ги силуваат нервите, повредено куче кое одвај се движи. Посилно боли, проклетство. Ми недостигаш во ова студенило, низ ехото на тишината и ладниот инвентар во собава и те барам низ замагледниот прозорец на кој го пишувам со прсти твоето име. Толку те љубам, што сите клишеа да ги соберам на едно место ќе составам делче од небото и ќе ти го пратам во миризливо плико за да ти кажам дека Те љубам толку многу што боли .. до срж.
Нови бои искомбинирав, позадината на телефонот, собата, креветот, а срцето ми остана црвено како секогаш. Го растегнав ракописот на неколку страници скоро долг како каучот што создава грбоболки. На скаличката пред продавница си седвме, се надмудрувавме со стихови празни како пакетите. Испуштив да ти кажам дека не можам да те сакам, а сум премногу достојна на зборовите твои. Има уши кои што ќе ги чујат без да ги испратат, има души кои длабоко си ги запишуваат. Не сум достојна за делата твои. Ни еден чекор на кај дома, ни една прегратка. Заштеди си малку кавалерство, не се троши на мене, има и такви што веруваат.
Docna e,no ovoj pat ne e nokjata taa koja me plasi.Osamena vo ovoj mrak,gi ostavam solzite da pisuvaat namesto prstive,a srceto da zboruva namesto usnive.Me slusas li?Govoram so glasot na svojata nemost.Custvuvas li kako moeto srce strada?Ja custvuvas li mojata taga?Ja gledas li ovaa solza sto se trkala po mojot obraz?Neka istece seta bolka koja vo ovoj mig me razjaduva,neka iscezne od mene zatoa sto tesko mi e da ziveam so nea.Navecer legnuvam za da zaspijam,no sonot ne doagja.Ne mozam da go slusam srcevo kako bie,a gradive nemozat da zemat vozduh.Nekoja nevidliva sila mi go odzema spokojot sto mi e potreben,za da go najdam sonot.Sakam da zaspijam,no nemozam,a solzite kako nepresusen izvor tecat.Studeno mi e,no studot doagja nekade odnatre,od gradive.Goram,no i ognot vo mene e studen,go smrznuva sekoe moe custvo,sekoja moja topla misla.Vo tebe ljubovta zgasna,no vo mene e uste ne....Ti si pricina za tagata vo moeto srce,pricina za moite solzi,pricina za mojata osamenost.Ako nekogas uspeam da te zaboravam,nema da poveruvam deka nesto tavkvo se slucilo.Ednostavno,ne mozam da ziveam bez tebe,a koga si do mene nisto drugo ne mi treba vekje.Zadovolna sum so custvoto na tvoeto vdisuvanje i izdisuvanje.Zatoa vrati se da ja vratis srekjata vo mene,za da ja vratis nasmevkata na moite usni,za da prodolzi da zivee moeto srce [mod-kirilica:1ztitvbx][/mod-kirilica:1ztitvbx]
Замрела темава. Инаку Ди Лавли многу ми се допаѓаат твоите дела. И повторно јас.. Носталгија Една сенка на едно дрво и шум на шепотот од листовите кои разговараат за секоја приказна на која и беа сведок. Едно небо многу ѕвезди кои водеа љубов меѓу себе и редовно ги менуваа своите позиции во однос на земните силуети за да останат дискретни очевидци. Еден човек и една жена некога беа чести посетители на своето гнездо од љубов и страст, а денес ова место е дом на една носталгија која како жарче тлее.
Листав низ фотографиите и минатото ми стана сегашност, ме надвладеа. Една солза како илјадниците, со тебе ми се затркала и слушнав, “те немам видено кај што плачеш.’’ Уште еднаш преку мене се обвија мирисите на дволичноста, тогаш немаше никој друг. Само да знаеш ја изгубив вербата. Немој да се каеш, веќе не знам да простувам.
love.. Љубов!Што е тоа љубов?Според малите слатки деца тоа е какана ствар!Всушност,тие незнаат какво е тоа чуство.Тие се мали дечиња кои во животот ги интересира само да играат и играат..!А ние?Што праиме? Толку ноќи со прекрасно небо,исполнето со ѕвезди во кои гледаш и се запрашуваш -ШТО Е ТОА ЉУБОВ? Љубов е кога две особини ќе си се најдат и ќе живеат среќно до крајот на своите животи!Барем така велат во бајките..Но за жал животот не е прекрасна бајка која завршува со среќен крај..Животот е реален,не е бајка..Така и љубовта!Најтешко е кога таа љубов не е возратена.Тогаш многу ноќи поминуваат во плачење!Твоите солзи капат на перницата,на која си сонувал за среќен крај на таа љубов!!Толку соништа,размислувања за да биде таа возратена..Многумина го имаат доживеано,дури и најнекултурните луѓе!Секој поминал низ тоа!Но само едно ќе кажам,главата горе, гордо чекори и ЗАБОРАВИ ГО/ЈА Не е од лично искуство..Онака напишано од досада
Not gonna get us Иако веќе долго време бев со него, имаше нешто што не ми даваше мир кога ќе погледнев во нејзините очи. Знаев дека зад сите тие погледи постои нешто друго и поинакво, нешто повеќе од само обично другарство. Таа беше во раните 20ти, а јас бев сеуште дете, дали имав одвај шеснаесетина. О боже, знам дека грешам, но таа беше прекрасна! Имаше прекрасни полни и црвени усни, долга црвена коса и бујни гради. Дозволував раката понекогаш да ми падне на нејзините колена, иако знаев дека тоа воопшто не и пречеше. Во тие моменти само ќе ме погледнеше и ќе се насмевнеше. Не знаев како таа го доживува нашиот однос, но јас знаев дека додека лежев со него - ја посакував неа.. Веќе не ја чувствував истата љубов кон него како порано и секој бакнеж со него ми стана монотон, ист. И секогаш кога го бакнував ја замислував неа, како ја прегрнувам а прстите ми се лепат во нејзината црвена коса. Ме болеше тоа што мислев дека таа никогаш нема да биде моја, и тоа што последните месеци само се измачував себе си, а и него.. со тоа што гледајќи го право во очи, го лажев со секој мој збор. Беше 05 април, паметам како да беше вчера. Дуваше пријатно пролетно ветре, додека ја видов како чекори самоуверено на улицата. Моите очи го пиеја секое нејзино движење. Се поздравивме, и кога таа тргна да си оди, цврсто ја фатив за раката и извикав: “O боже, Mарина! Tолку си ми потребна.. не знаеш колку те посакувам.’’ Таа ништо не рече, само ме впи до нејзиното тело. Не сакав да ја испуштам од рацеве, не сакав никогаш да ја изгубам... Излеговме неколку пати и знам дека тие мигови беа едни од најубавите во мојот живот, знаев дека никој не сум љубела како што ја љубев неа.. а таа? Знам дека бев само дете за неа и не можев да заземам некое значајно место во нејзиниот живот. 15 август. Тоа беше последниот пат кога се видовме. Прекрасна ноќ, чаша вино, дури се чувствував дека и ѕвездите беа наши. За последен пат ги вкусив нејзините бакнежи, за последен пат го вдишував нејзиниот скап парфем, за последен пат ја делевме истата постела. Потоа исчезна од мојот живот. Без да се јави. Без да ми остави порака. На мене остана само да ја сонувам и во соништата безнадежно да го извикувам нејзиното име.. “Mарина, Mарина, Mарина..’’ Никого не сум љубела како тебе. А тој.. Тој остана во мојот живот, и иако бев со него знаев дека длабоко во себе бев сама. Додека тој беше во мене, чувствував потреба да плачам на сиот глас, зашто после неа се ми се промени, а тоа што го имав со него беше само навика. Знам дека по сето тоа време, и тој веќе не ме сакаше. Иако не дозна за неа. Слушнав дека одел со други, почнал да пие, и полека да пропаѓа. Но, искрено не ми беше важно. Се сеќавав на времињата кога неизмерно го сакав, но тој никогаш не се трудеше околу мене а тоа придонесе само побрзо да го заборавам.. А и таа се појави кога бев најмногу очајна, заглавена во сопствените навики кои ми носеа само зло, и ме поведе во некој нов свет. Знам дека бев премногу мала, невина и наивна.. Но, знаев дека таа, таа беше нешто посебно и не беше како другите. Те сакам Марина. Посакувам да беше тука..
По стоти пат денес си велам..."Зошто реалноста некако не најде начин да се координира со нашите сни.. Нека најдат иста бранова должина мојата фантазија и реалност. Во дворот цутат набабрените бадеми,а сонцето им влева надеж на луѓето околу мене.Ја сакав надежта,ги вливав сите мои плими и осеки во неа.Го љубев и го љубам денот,но неможам да го игнорирам чувството дека луѓето живеат со ограничувања.. Ние младите само прифативме,а воопшто не ја раздвиживме сивата маса на мозочето,за да ги смениме нештата. Колку пати посакав нешто а плитките умови ми ја исплукаа бујната фантазија. Додека денес автобусот стоеше на семефорот,здогледавме еден човек.Млад со тешки торби,легнат на тревата.Спиеше..Изгледаше како да сета среќа спие во неговото лице.Имаше насмевка,и покрај тоа што гарантирано луѓето го сметаа за лудак,некој идиот испружен на трева. Му се смееја,а јас само молчев..Му се восхитував,без да го запознам,некако знаев дека е ослободен од стегите на некое си посрано општество.Дека и јас како него чувстувам потреба,зелената трева да ми го милува лицето, а не да го го гледам сето тоа низ некое си стакло и површноста на тие околу мене.Додека,сиот свет се губи во некој спореден и безличен свет,но не по своја вина,јас ја голтам природата околу мене.Тоа парче на совршенство,на припадност,расцветаност,елан..Јас чувстувам искрена љубов..Да..За луѓето околу мене и кон него..Кој и да ме убедува дека љубовта не е потребна за среќа,го сметам за празен.На секој можен начин.. Координацијата ми е тешко возможна. Во сите ситуации ме влече разумот, а само во една се губи нишката,која е многу тенка.Скоро невидлива. Но дали тој знае дека некој љуби? Знае ли тој да возврати? Знаат ли луѓево дека љубовта не е 100 пати дневно да кажеш некому те сакам,ми требаш.Не,не е тоа.Не е зависност,не е потреба,не е очај. Тоа е нешто тешко за дефинирање но во кратки црти тоа е треперење,разиграност,чувстување на неговиот мирис насекаде,во сон,овдека на јаве,прифаќање со сите несовршености.Одлучност и компромис..Да не бараш ништо за возврат.И болно ми е да.Необјаснето се чувстувам. Понекогаш го мразам фактот дека ова чувство ми е дадено,но понекогаш сум среќна. И да,дека би ги дала моите надежи,за да видам барем еден отсјај во тие очи..Отсјај..Наменет за мене.Мојот лик пресликан во неговите очи.Да,јас би се борела со сета сила,само кога би знаела дека и тој се грижи и таму некаде мисли на мене,ме носи..Ова чувство не би можела да го дадам на друг.Би било самоповредување.Откажување од нешто..А тој можеби нема да сака,да ги има тие мигови со мене.Јас би можела да го гледам без престан.Да го запираме заедно времето,оние испарувачки молекули од неговиот парфем,да ми ја дарува неговата енергија,и се што е тој.И некако сеуште го чекам.А не би требала.Љубовта не би требало да ме боли вака.Во очите на тато пишува дека таа е создадена за среќа..Деновиве ми доаѓаат.Одат еј..Нескам нова етапа без него.Не би можела...
Залудно Музиката погласна од моите мисли ја исполнува собата со четири ѕидови додека Јас се обидувам да ги сврзам зборовите кои ме прогонуваат, без цензура. Некој ми рече дека човекот има слободна волја, но зошто тогаш свеста ми ги потиснува мислите, ја затвара вратата со тресок, ги руши сите илузии за мојата слобода?! Не, не можам да не сортирам, свесна дека разумот ја попречува нашата склоност кон уметноста, кон највозвишеното што човекот го создава. Секој потег со четката на уметникот, Секоја нота исвирена од музичарот, Секој збор напишан од поетот, Се е залудно. Б.П.
Празен поглед и мозок што лета, лета некаде каде што јас неможам, секакви мисли ми поминуваат низ глава, како некоја поплава, од чувства,од спомени,од нежни допири и бакнежи... Ми фали да те гушнам,да те погалам по нежното лице, да ме бакниш на чело,да се згушиме еден во друг ко птици, да почувствувам дека ме сакаш до тебе,дека ти требам,како ти мене. Копнеам секој ден, се надевам сеуште дека постои љубов во твоето срце, да те замисли,да посакаш да ме прегрниш силно, да посакаш да ме галиш со твоите раце, да речеш се по ѓаволите,таа е она што го сакам,таа е моја,таа ме сака... И покрај сите глупости,кавги и невистини, едно сеуште е исто,едно сеуште е така, ЈАС ТЕ САКАМ!