Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. zombi

    zombi Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    18
    ЗАБОРАВЕНА
    четврток, 15. јануари 2009 Час 16:54


    Под сонцето стојам чекајќи надеж од ветрот.Денови низ мугрите ме будат во очај каде да одам да побарам надеж?Иконо моја во тебе барав нешто што сакав да ме сака .Зад кој цвет се криеш ти?Моите мугри не се будат младоста се распрцкува на сите страни,и заедно сме осудени на жаловита насмевка затворени внатре во овој тажен круг .И реката на осаменоста го најде својот брег.И небото без звезди најде светлина низ звездата скришна.И чекорот изморен најде камен во темнината.Дури и солзите најдоа свое гнездо без тага.Само мојата младост остана да самува.И јас ко главна улога на овој тажен живот заминувам и знам дека уште долго ќе остане оваа илузија .Во мојот чекор многу солзи, а врз моето рамо твојата ракаa ....
    Уште колку спомени........ Кога дишам дишам за надежта,кога љубам,те љубам тебе,кога живеам е сакам да отворам очи веќе никогаш.Станувам плен на осамени брегови,сплотена заедно со статуите на осамените воини.Над нив исплетени пајажини кажуваат колку се заборавени.Иронично се смеам зошто знам дека таа судбина нема да ме одмине.Само времето е верен пријател на мојава душа.Тоа никогаас не ме покрива со заборав секогаш ги става дланките на моите очи.
    А каде си ти?Ме остави засекогаш,но зошто?Доаѓаат силни ветрови и виулици,а моево срце сеуште не сака да признае дека и надежта згасна засекогаш,дека сонцето ќе доаѓа понекогаш,а ти кај мене веќе никогаш.Додека мирисот на ситните бели каранфилчина раѓа розев сјај,ти живеј и надевај се низ мугрите дека и утре ке постои нешто и ќе те води напред.Можеби силата и надежта,но сеедно,не давај да те уништи ништо.Ти ќе останеш во срцево засекогаш,во себеси те носам.Останаа само очиве кои сеуште бараат нешто,што би значело утеха.А јас сеуште те барам,онаму кадде што последен пат те пронајдов.Трагам по надежта но тешко дека ќе ја пронајдам во оваа пустелија што животот од мене ја направи.Те гледам низ прозорецот од крвави солзи,но се губиш во далечината заедно со сите мои надежи и желби изгорени засекогаш.Не ќе можам да заборавам колку и да живеам,затоа е време да заминам по бледото езеро в зори и да се сплотам со раѓањето на изгрејсонцето.Аштом темнината падне и небото го прекријат звезди,сигурно ме прекрил мракот,и од мене ништо не останало.Кревам глава и воздивнувам за последен пат,оставена од сите,изневерена од надежта,закопана од тагата,изгорена од болката за твоето заминување..... но срцето горчливо плаче и во грч ми стега гради,ме враќа од патот за мене неповратлив што е.Низ мугрите надежта се раѓа и заспива секоја така со зборовите на срцето мое:
    ОСТАНИ ТУКА НЕ ДАВАЈ ГО ЖИВОТОТ НА ЦРНАТА МАГЛА И НЕ ПЛАЧИ ТАКА,ЗОШТО ТИЕ ОЧИ СЕУШТЕ ТЕ СЛЕДАТ..ТИ ЗАСЛУЖУВАШ СРЕЌА И НАСМЕВКА ВО НОЌТА ТЕМНА,А ТВОИТЕ ЖЕЛБИ РАДОСТ,ЗОШТО ВРЕДАТ....НА ОЧИТЕ ТВОИ ИМ ТРЕБА СЈАЈ ВО СОНОТ ШТО ТИВКО ГОРИ,А НА УСНИТЕ НАСМЕВКА НЕЖНА,НЕ ПЛАЧИ КОГА МОЛИШ...ОД ОНАА СТРАНА НА НАДЕЖТА ТЕ ЧЕКА УТРО И НАСМЕВКА ОД ИЉАДА БОИ НА СРЕЌА.А ВО ТВОЈАТА ДУША СЕКОГАШ ЌЕ ПОСТОИ НАДЕЖ,ДЕК НИЗ МИРИСОТ НА ЦВЕЌИНАТА-ТОЈ ВЕЧНО ЌЕ ТЕ ЧЕКА...........
     
  2. dancing.in.the.rain

    dancing.in.the.rain Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    142
    Знаеш, ти вечно ќе бидеш мојот спокој

    Така лежарно
    додека утрото се прозева преку зраците на сонцето,
    додека росата им го милува зеленилото на тревите,
    додека мирисот на тазе печен леб и свежо пресно млеко го обвиткува градот,
    во срцево се наталожуваат некои детски мекости.

    Припиени еден до друг, те гледам како спиеш и ти се заблагодарувам.
    Ти се заблагодарувам за сите моменти проткаени со убавини,
    со среќа чија големина ни универзумот не би можел да се справи,
    со солзи што траги оставале на твоите марамчиња,
    со будалетинки на кои и кловновите би завиделе,
    со љубов за која и покрај сето околно сивило, вреди да се живее.

    И не, не се опишува со стихови, ни зборови.
    Се доживува денес, наредниот ден и секое ново утро,
    будејки се во твоите прегратки
    и заспивајки со километарска насмевка.
     
    На SexyLady и innablood им се допаѓа ова.
  3. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Сама, со тебе ..

    Сама постојам,
    зашто не си тука,
    па морам да замислувам
    како заспивам и се будам со тебе.
    Сама постојам,
    зашто не си тука да ми ги избришеш солзиве,
    да молчиш и силно да ме гушнеш –
    па бар за момент да го видам светов розев.
    Сама постојам,
    зашто не си тука да се радуваме заедно
    на заедничките успеси и идеи;
    зашто не си тука
    кога треба да уживаме во омилените мигови.

    Иако те нема – тука си.
    Живееш во мене,
    во секој атом во моево тело,
    во моите побуди и сништа.
    Живееш во мене,
    во сите скришни местенца на срцево,
    каде скржаво ги кријам нашите спомени,
    зашто ако бар на момент
    се спојат нивната чистина и злобата на луѓето –
    ќе нè снема
    и нив, и мене.
    Живееш во мене,
    во две реалности:
    една е вистинската
    каде те немам,
    а другата е онаа мојата,
    исполнета со најчисти чувства.
    искрени погледи полни со љубов
    и тишина,
    која само вљубените ја познаваат.

    Таму се будам крај тебе,
    го набљудувам танцот на твоите трепки,
    ја проучувам твојата срамежлива насмевка
    и се трудам да го дешифрирам сонот –
    зашто знам дека е за Нас.
    Уживам во секој украден бакнеж
    и оживувам во секоја твоја воздишка.

    Ти си Ѕвездата и Сонцето
    на мојот бескраен Универзум,
    заедно;
    сите чувства, мисли и спомени
    се вртат околу тебе.
    Но тие колку и да се трудат
    нема да успеат да те допрат,
    зашто ти не си тука
    а не знам дали некогаш воопшто и ќе бидеш.
     
    На innablood, Hayley и blueeparadise им се допаѓа ова.
  4. Universe

    Universe Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    6
    Si odis bez da vidis solzi vo moive oci,
    Nemam sila da gi sprecam,
    Niv srceto gi toci.
    I sekoj moment so tebe
    E ogan sto se pali, uzivam vo sekoja tvoja vozdiska sto me gali.
    Da me ottrgnat od tebe, toa go sakaat znam,
    No togas bez tebe neznam sto ke pram
    A, kako denovive minat, taka mi se cini kletkive mi gi kinat.
    Se bez tebe nim im godi,no mojov izvot bez tebe nema da mi odi ..
     
  5. Universe

    Universe Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    6
    Ti si momceto bez koe sega, ne mozam da si go zamislam denot.Ah, mnogu izbrzav!Nemozam da si go zamislam budenjeto.Kako li ke gi otvoram ocite I zaedno so niv da im stavam nasmevka na usnive ako znam deka denes, utre I ponatamo vo mojot zivot nema da te gledam postojano?I da stanam da jadam? Da se setam? Da odam na kafe ili da izlezam na vecer? So kogo? So drustvo ili so moi bliski rodnini? So drugarki sto samo si go stavile epitetot “drugarka” I koga I da izlezam pred niv samo mi se smeskaat so ironija, kako da ne sakaat da vidam sto imaat zad nivnata sminka?Pa vecerta da si legnam zaedno so solzite koi, em ke mi ja izmijat I ispraznat dusata, em ke me nateraat da se ubijam? Ili mirno I spokojno da si legnam I da zaspijam?Nemozam! Ahhhhh, I nikogo ne sakam! NIKOGO! Te sakam samo tebe!Sakam sekoj den, sekoj cas, sekoja minuta, sekunda da ja minam zaedno so tebe! Sakam da se cuvstvuvam kompletno pokraj tebe.I sigurno.Da se cuvstvuvam kako najsakana licnost vo vselenava.Barem ednas vo denot da te vidam, da ti go slusnam glasot, da znam deka si dobro, za I jas da bidam dobro!Sakam tvojot glas da mi gi rasparuva usite postojano,a jas da gi izvrsuvam tvoite naredbi.Sakam da bidam tvoja, I samo tvoja da krajot na zivotot!Da se razbuduva so nasmevka I da se pomolam da ostanime zasekogas zaedno, I da si leginam so istata pomisla, taka ke se cuvstvuvam najdobro :$
     
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Семето се одби од каменот
    и таму застана;
    Семето направи дупка
    и се задоми.

    Па каменот роди
    вртоглави гранки испреплетени со синџир зелен,
    цветчиња со три глави,
    лист жолт во лисја зелени,
    слепи грмушки и плевел.
    И бубачки кои се размонжуваат,
    патувајќи од корењата,
    за да се качат на врвовите.
    И гласот на срамежливата Ѕвончица,
    милион мириси на дом...

    За да заврти врат и да виде,
    Кој го фрлил семето.
     
    На honorthyself, Mayyya и Monroe им се допаѓа ова.
  7. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Му оставаш простор на времето
    чуда да прави од далечината.
    Дали да помислам дека е бегање?
    Ти ја скусувам далечината со мобилниот.
    И времето ти го кусам.
    Од навика или потреба?
    Твое е времето.
    Не си го оддалечувај од себе оти внатре сум и јас.
     
    На lady.N и thelittle17 им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Место романтика во оваа ноќ,тага,
    место бакнежи,испукани усни,
    место насмеан поглед кон очите твои,поглед празен и замислен,
    место прегратка,празни раце,
    место ТЕ САКАМ, тишина...
    Место покрај тебе,сама седам тажна,
    место заедно да сонуваме,ќе сонувам кошмари,
    место заедно да остваруваме,ме оставаш сама да тргнам,
    место заедно да се љубиме,ме оставаш без љубов,
    место исполнетост,празнина во душава...
     
    На Jelena-JK му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Еве го доаѓа, она од кое најмногу се плаѓев, длабоко во себе. Она кое ти ветував дека никогаш нема да дојде во нашата врска.
    Стоп.
    НЕ беше врска.
    Тоа и ме боли најмногу. Не што не беше ова врска за пред светот.
    туку она што не почувствував ни за миг дека си толку блики за да можам на себи си да тебе да те наречам свој партнер.
    Мој.

    Ни за миг не осетив онаква вистинска љубов која ќе жари и пали на сите страни, а сепак те сакав и те сакам сеуште.
    Онака чисто. Детски можеби.
    Но, ти никогаш нема да ми направиш простор во својот живот.
    Секогаш ќе сум во чошот и ќе те чекам.
    Како верна жена, што својот маж го чека да се врати од далек пат.
    Сега ќе заминеш.
    Тука ќе останеме јас и спомените кои верно ќе ги чувам за себе.
    А, ги има толку многу.
    И ќе болат толку многу.
    Денот ќе минува.
    Сонцето ќе стои.
    Земјата ќе се врти.
    Метеорите ќе паѓаат.
    И секој паднат метеор ќе ме потсеќа на тебе.

    Ќе се преколнувам.
    Затоа што себе си и тебе ти ветив дека нештово ќе успее.
    Ти реков љубов со љубов се полева.
    Ама редовно. А, не од време на време.
    НЕ вака.
    Да знам дека си тука, а не можам да сум до тебе.

    Барам каде згрешив јас.
    Сега знам.
    Човек го сака само она што не му е достапно.
    Проклети да сме.
    Да се оддалечев можеби ќе почувствуваше потреба да ме освоиш.
    Ама јас незнам така.

    И после се сум тука. И ќе останам.
    А, ти трчај. Јас веќе немам сила. Овде застанувам.
    А, се што требаше да направиш беше да ми дадеш љубов.
    За да ја изгаснам жедта.



    ТЕ САКАМ!
     
    На L-enna и Hayley им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Синхронос


    За грам чоколада на лицето
    за љубовта кон Косили шампонот
    за малите конфети меланхолија
    што те фаќаат
    на првиот шанк
    после тешка пловидба,
    раскин,
    нечие заминување,
    тагување.

    Тргнуваш, кон реката луѓе
    секој со свои побуди
    ранлив свет од порази
    и победи.
    Чувствителна улица офарбана
    со светлечки реклами
    и лажни сонови
    Пловите, заедно
    во времето што минува
    создава приказна.

    Што јас, којзнае зошто
    милувам да ја раскажувам
    Оти во сите Нас
    си постојам.
    Во мигот на преминување
    од овде до таму
    од некогаш до засекогаш
    Во капачето сон истурам
    малку од шампонот
    и заиграв.
    Меурчиња радост.
    Се најдовме, сите.
     
    На honorthyself, Feminkaa, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. elena.16

    elena.16 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    МАЛИОТ СВЕТ НА РОУЗ


    Соништа.Таа мала фантазија која гори во нашите глави во текот на небесната ноќ.Таму се сите наши неисполнети желби и мистерии кои сакаме да се случат,па и да се невозможни.Плавите очи беа првото нешто што го забележав кај него.
    Бев на прошетка со мојата блиска пријателка,додека ги гледавме припемите за пролет,се слушаа звуци на младите кошаркари кои се бореа да победат како ѕверови,а ветрот си играше со нашите коси,ни го галеше лицето и не престануваше.Како да беше некое невидливо суштество кое не милуваше,кое беше преполно со љубов,а немаше кому да ја подари,беше невидливо баш како несреќното сираче.Додека јас си разговарав со Елизабет,ветерот дуваше се посилно и посилно,така што баскетот удри право во мене.Паднав.Кога погледнав нагоре пред мене стоеше плаво момче со плави очи.Ми подаде рака : " Добро ли си ? " - ме праша.Ми помогна да станам.Неговата коса светеше од сонцето,иако ветрот му ја разбушавуваше по малку.Очите му беа големи,а бојата на очите беше чисто плава,која ме потсетуваше на чистото небо во летните денови.Беа волшебни.Не можев да престанам да гледам,во еден момент само реков : " Добро сум,благодарам,иако малку ме боли главата . " - одговорив несигурно." Извини,ветерот многу јако дуваше и баскетот удри во тебе.. " - рече." Не е до ветрот,туку неможеш да го тргнеш погледот од девојката,хаха.. " - довика еден од групата машки кои играа кошарка.Другарка ми се кикотеше,а тој се засрами и се насмевна.Неговата насмевка му го правеше лицето многу поубаво,му се гледаа и меките усни,кои сакав бар на момент да ги почувствувам,а очите имаа толкав сјај,што неможев да го заборавам."Роуз,мило ми е." - му подадов рака." Џош,исто и на мене. " - ја повтори мојата постапка.Продолжевме со прошетката и седнавме на клупа."А многу ли те боли главата,мила Роуз.." - ме задеваше пријателката.
    " Мамо!Каде ми се фармерките ? " - викав пред да појдам на училиште.Доцнев за на час,па набрзина ги зедов книгите и истрчав од вратата.Се што гледав по патот,беа згради и куќи,а луѓето беа прилично добро расположени.Се зачудив.Како може човек да е толку расположен во понеделник...И од тука го слушнав ѕвончето на моето училиште,почнав да трчам,исто како и другите ученици од училиштето кои доцнеа." Ајде Роуз,само уште малку и ке стинеш во твојата сакана училница. " - се тешев.Овдека сите беа во свој филм,имавме и лоши и добри момци,иако повеќе преферираа лоши момци,за разлика од мене.гледајќи во земјата и броејќи ги чекорите за да стигнам побрзо на час,удрив во некој.Ми паднаа книгите." Леле,извини! Колку сум невнимателна... " - реков."Дозволи да ти помогнам.. " - се понуди."Уф,благодарам многу.." - ги собирав книгите заедно со него и не видов кој е.Потоа го погледнав.Знаев дека некогаш тоа лице повторно ќе го сретнам.Жарчето во мене почна да гори,неможеше никој да го изгасне,па дури ни цунами." Џош,па тоа си ти ! " - реков изненадено.." Епа,секогаш ќе ме сретнеш каде најмалку очекуваш " - рече."Само немој наредниот пат кога ке те сретнам пак да летне твојот баскет во мојата глава од невнимателност.."-се пошегував.Тој се насмевна и побрза за на час.Мислам дека е нов во ова училиште,порано не сум го видувала.Завршија моите часови.Си одев накај дома.Ветрето повторно немирно си играше со мојата коса,а штурчињата веќе си ја свиркаа песната, јас одев накај дома задоволна."Еј,почекај!" - гласот ми беше познат,се завртевме со Елизабет."Џош ? " - зачудено извика Елизабет.Ја погледнав намуртено."Еј,Џош,повторно се гледаме,како си ?"- го прашав за да го прекинам подмолното зборување на Елизабет,бидејќи таа имаше навика да бидне таква."Може ли да ви се придружам на патот кон дома,бидејќи сум нов..." - несигурно праша."Секако дека може,не ни смета,нели Елизабет ? " - реков.Не и се дпадна многу идејата на Елизабет."Луѓе,јас ве напуштам,морам да стигнам дома,имам гости.." - одбивно рече и си продолжи сама."Остави ја,незнае што сака.."- рече.Настана тишина,чекоревме заедно и не ми се веруваше дека чекорам со него.За момент сакав да го прегрнам и да го фатам за рака.Застана."Што е сега,зошто застана ? " - прашав."Дали си се чувстувала како да не припаѓаш некаде,како да си туѓинец ? " - тажно погледна кон мене."Зошто прашуваш тоа,што се случило,ајде раскажи ми..." - се загрижив."Машките се многу поинакви од мојот град,ако си кул,ќе те прифатат,ако не си кул,велат дека си папучар.." - тивко изусти."Да ти кажам право,кул е оној кој има добра смисла за хумор,кој се грижи за своите пријатели и е искрен,а тие се вистински папучари,не мислам дека си таков.." - реков."Навистина го мислиш тоа? Благодарам! Знаеш ли зошто зјапав во тебе во паркот ?" - почна да зборува."Зошто? " - се осмелив да прашам."Никогаш порано не зјапав толку во некое девојче,но кога те видов тебе,твоето лице,костенливите очи,твојата разлетена коса со која си се играше ветрот..останав без зборови и неможев да се контолирам,а сабајле само сакав да те поздравам кога те видов.."- рече засрамено."Па...Благодарам." - во стомакот се ми беше испревртено,осетив нешто за прв пат.Можеби се вљубив,а можеби и само се занесов,но тоа момче делуваше толку искрено.Ме испрати.Ова чувство ме направи пресреќна.Го погледнав.Навечер неговите очи толку многу светат,што како да го покажуваат патот до неговото срце,тој се смешкаше цело време."Можеби...во петок сакаш една прошетка со мене,мислам само да ми го покажеш градот ? " - се почеша за главата."Одлична идеја,обожавам прошетки ! " - многу се израдував."Па..би требало да одам.." - реков."Би сакал да потрае ова повеќе..но..сега те имам само тебе.."- рече.Ме фати за рака.Неговата топлина ми ја затопли раката.Почувстував жарче длабоко во себе,трперев цела.Се доблипжи.Имав можност да го видам тој сјај одблизу.Тие очи кои ме занесуваа.Ме бакна.Ги почувстував тие усни.Беше како во филмовите.Неможев да верувам дека ова се случува.Се насмевнав и продолжив со бакнувањето.
    Од тој ден,не се делевме,иако Елизабет се одалечи од мене.Заедно одевме во парк.Се мававме како мали деца,ме учеше како да играм кошарка,ме прегрнуваше секој пат кога ке се прибжам и ми шепотеше на уво "Мојата малецка Роуз,срамежлива и полна со љубов".Ме земаше во раце и трчавме,возевме велосипед.Највеќе ми се допаѓаше кога од позади ке ме исплашеше и ќе ме прегнеше.Чувството неможам да го опишам,моментот кога си среќен,кога ќе се вљубиш како мало дете.
    Дојде зимата.Кога гледав од прозорецот се беше бело,како од небо да паѓаа мали бисерчиња кои одвај чекаа да паднат на улиците.Децата правеа снешковци,ме потсетуваа на моето детство.Се облеков и бев спремна за излегување со мојот сакан,Џош.Ме чекаше на нашето место,во паркот.Снегулките паѓаа врз мене,се чувствував како некоја снежна самовила.Имаше и многу ветер,кој снегулките ги мамеше во моите очи,и неможев да гледам убаво.Се беше замрзнато.Го видов Џош.Почнав да трчам и го прегрнав.Потоа се бакнавме."Колку е студено,што кога ќе се бакнуваме ќе ни се залепат усните.."-секогаш знаеше да се шегува.Шетавме,јас го бутнав и се губевме како мали деца по снегот,потоа направив снежна топка и го гаѓав.Почнав да бегам за да не настрадам.Ме зграпчи силно и почна да ме бакнува.Се смеевме.Никогаш не се почувстував толку среќно како кога бев со него.Како секој ден да беше празник.Многу го сакаа и моите.Секогаш прашуваа " Каде е зетот Џош.."-се зафркаваа со мене на моја сметка.Сепак тој беше многу добро и искрено момче,можеби и затоа беше посебен за мене.Елизабет се одалечи од мене,се дружеше со други,но само со мене не.Можеби беше љубоморна на нашата среќа..којзнае.
    Мојот кошаркар секогаш беше внимателен со мене,ми подаруваше ситници,кои за мене значеа многу.Наставничката ме стави со Елизабет да изработиме хамер.Ми беше чудно,таа секогаш ме избегнуваше."Не ми се допаѓа Елизабет,отсекогаш ми беше одвратна.." - тој ми рече."Во суштина таа и не е толку лоша,само неможе да поднесе некој да е среќен." - муабетивме со Џош,пред да дојде Елизабет за училишната задача.Џош веќе не беше тука.
    Заѕвони ѕвончето.Дојде Елизабет."Повели,влези.." - културно и се обратив."Никогаш не би влегла,но ова е училишна задача." - одбивно одговори.Почнавме со хамерот."Зошто толку ме мразиш,зошто се одалечи од мене.." - прашав."Не те мразам тебе Роуз,ти се одалечи од мене откако почна со тој смотан Џош.." - рече смирено додека го правеше хамерот.Ја прекинав и и реков : "Како можеш така да кажеш за Џош,тој е толку добар,а ти си толку покварена.." - се налутив."Те молам Роуз,ти секое машко што ќе посакаше можеше да го имаш,тој требаше да биде мој,му се допаѓав,не ми е јасно зошто толку ме прашуваше за тебе..."- изусти."Молам ? Како можеше тоа да го криеш од мене...." - почнав да викам.Таа си отиде.За ова ли се дружев со неа,безсреќничка една..Колку и да ме повредија нејзините зборови,јас останав со Џош.Веднаш отидов за да го известам за настанот.Не ни тропнав на вратата.На земјата имаше облека,веројатно беше негова.Влегов во неговата соба.Останав со подотворена уста.Го затекнав со некоја девојка во неговиот кревет."Џош,што е ова ? " - го прашав и веќе се појавија солзи на моите очи."Роуз,малечка моја..дозволи да ти објаснам.." -стануваше од креветот и се облекуваше,а таа се ја криеше главата."Не сакам ништо да знам,не ме интересира,остави ме.." ме влечеше за раката,додека јас излегував од неговиот дом.Почнав да трчам,тој викаше да ми каже нешто,не го послушав,веднаш отидов трчајќи дома.
    Сама во ќошот од мојата темна соба,умирав од болки.Чувствував празнина,односно огромна дупка во моето срце,како некој да ме прободел.Собата ми беше несредена,очите ми беа цели подувани,усните суви,бев преслаба.Неможев да живеам без него,тој ми го правеше секој ден посебен,имаше посебно место во моето срце кое секогаш ке го има,кога ќе се сетам се што поминав за ова година со него,се рушам.Малецката Роуз која како дете беше вљубена,се почувстува осамена како ветерчето кое невидливо си играше со косите на луѓето,како сираче без дом и без родителска љубов.Ме бараше,ми вртеше на телефонот,ми праќаше пораки.Не одговарав.Останав и без пријатели,едниствениот пријател ми беше тагата.Костенливите очи ја губеа бојата,слабееше,не јадеше ништо."Каде се твоите плави очи да ми го разубават денот,твојата насмевка да ми ја исполни душава,твојата прегратка да направи да се почувстувам заштитено..сето тоа го нема сега,те нема ни тебе,којзнае каде си.." ова беа зборовите кои често ги изговараше.Тој се пресели во друг град,бидејки неможеше да го совлада срамот.Таа му помогна да стане нешто,а тој ја уништи целосно."Можеме да поправиме се,ти ветувам,луѓето од страна те срушија.." - кажуваше тој."Не,ти ме сруши целосно,не сакам да те видам повторно,никаквецу..." - нивниот последен разговор се заврши така.
    Роуз беше мало девојче кое беше многу наивно,но сепак со големо срце.Имаше костенливи очи кои во текот на ноќта беа прекрасни.Секој ќе посака да го види тој сјај во очите,толку искрен и нежен,и непофторлив.
    Правата љубов се основа со вистина љубов,искреност, доверба...понекогаш се вљубуваме во погрешни личности кои незнаат дека сме спремни да се откажеме и од животот за нив.Соништа.Ако се бориш за да ја постигнеш целта,ќе успееш,исто како и во љубовта.Се појавува на најразлчни места и во најнеочекувано време,а сонот,е сепак наша мала фантазија која живее само во нашата глава.

    Е.М.

    Еве нешто и од мене,се надевам ќе ви се допадне :D
     
    На princessLeia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Крај со среќните краеви

    Погледнав во широко отвореното небо над мене. Беше мрачно, боите се прелеваа од темно кон уште потемно сиво, но сепак беше тивко. Без грмежи, без татнежи. Се слушаше само свирежот на остриот и жесток ветар. Гледајќи така безгласно, не можев да се сосредоточам на ништо суштински важно. Ми се чинеше дека една непостоечка точка стои пред мене, левитира и осцилира, а моја единствена должност е непречајно да ја анализирам. Рој непотребни и банални мисли зуеја во мојата глава. Ме напаѓаа и ме боцкаа, оставајќи го осилото на песимизмот длабоко зариено во моето битие. Се топеше и лачеше непријатно чувство. Смртоносен секрет.
    Бев беспомошна. Се обидов да ги избркам сенишните мисли, слично онака како што ги гонев зашематените летни муви со големина на орев. Можеби ако ја протресам главата, ако кимам искажувајќи несогласност ќе отидат, ќе се разбегаат.
    Безуспешно!
    Сеуште се ѕурев во бескрајноста на тој простор. Доколку би постоело совршенство, бев неотповикливо уверена дека со сигурност би почивало таму, во тие безгранични далечини. Во небото. Меѓутоа, сега небото беше далеку од совршено. Всушност беше толку разобличено и магливо што ме наведе да се замислам, да се двоумам. Ги затворив очите. Сакав да го смирам распламтениот оган во мене, толку спротивен и несвојствен за мојата надворешност. Бев на ринг, на суров натпревар помеѓу темпераментноста и сталоженоста. Неизвесноста пулсираше на својата врвна точка.
    Тешка крупна капка ме пецна на клепката. Студенило!
    Се подзамислив повторно, но овој пат бледа насмевка го осветли моето лице. Оваа ситуација наликуваше на перипетија на некоја патетично-романтична новела, оние со бедно среќен крај, а ова би требало да биде моментот кога девојката го напушта дечкото и со насолзени очи се качува во авионот. Во последен момент доаѓа момчето и ја преколнува за прошка. Понатаму знаете – „си живееја среќно и весело до крајот на животот.“ Многу евтино и неуверливо. Никогаш не сум ги сакала таквите приказни, зашто се во кулминативна контрадикторност со реалноста. Ветуваат, а потоа разочаруваат. Болно...
    Се чувствував ко на сцена. Аеродромот, мрачното врнежливо време, гужвата... Се се поклопуваше совршено добро, како рубрикова коцка која си го нашла својот финален крај. Потоа влажни наросени очи, иако пресушени од солзи, осаменост. Се беше на сцената, се беше подготвено. Само некој да каже „Снимај!
    Тишина! Нема груб и зарипнат глас што ќе го најави почетокот, само недефиниран бесформен џагор на масата луѓе околу мене.
    Недостасуваше нешто. Можеби реквизит? Или одредена зголемена емотивна потпора на приказната?
    ...
    Еден артист!
    Еден артист недостасуваше, но никој не го забележуваше тоа. Секој беше презафатен и соборен од тежината на својата улога, што никој не обрна внимание на квалитативните недостатоци во сторијата. Една улога ќе го дочека крајот на приказната сама, а единствениот воочлив волонтер бев јас.
    Ништо од совршеноста.
    Ништо од среќниот крај.
     
    На Sara123 и elena.16 им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Дедо

    Сега си некаде горе
    на небесно море
    пееш.
    Можеби, јадеш алва
    со поглед некаде вперен
    во далечината
    Знам, кога е топло
    можам да те гледам
    во дамките на Месечината.

    95 лета
    храброст
    "дај еден рачун да ти кажам"
    "кој е најголем ѕвер на светот?"
    Приказни за кума Лиса
    во себе си ги тажам.
    Дедо, од тебе
    можам да зачувам дел
    како цвет во книга
    да ме потсетува
    дека сме долговечни
    само кога во нас
    живее младоста.

    За дедо
    1917 - 2012
     
    На Linn1, SexyLady и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  14. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Ова е само извадок од романот кој јас сама го пишувам, малу е без врска но сепак сум само на 15... Романот се нарекува Обалци Но овој извадок е со поднаслов Страв


    Стравот кај сите е подеднакво голем, без разлика на тоа за што се однесува. Секогаш ќе се најде некој кој ќе рече дека нема страв од ништо, но тоа не значи дека тој е храбар, не напротив... тоа само значи дека тој се плаши од ништото. Тоа значи дека тој е најслабиот човек на Земјата. Но, не му верувајте, непостои суштество кое не се плаши од ништо, секогаш има поголем од поголемиот, а како што се вели Бог е најсилен.
    И мали и стари, како што времето ги менува, така тие доаѓаат до иста гледна точка, така тие се здобиваат до исти или слични гледни точки, затекнуваат исти или слични желби и старвови, сите стануваат како еден, почнуваат слично или исто да се облекуваат, ја следат модата како што велат. Но зар никому не му доаѓа до ум, дека тоа не е некоја си мода, тоа е стил на некоја сосема непозната личност, која сите ја копираат, ја пробраќаат се додека не дојдат до крајната цел, да направат од нас кловнови во шарени костуми...
    :$
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Сакаш да ме нема,
    само да исчезнам.
    И што, ако само така ме снема,
    ќе ти е исполни ли душата?
    Очите ти ги црпат сенките
    насекаде околу нас,
    па и сонцето почнува да се повлекува,
    му ја уништуваш работата.
    Но си знаеш,
    што ќе беше ти да не бев јас?
    Затоа што и сега да ме снема
    во тебе ќе продолжам да живеам.
    Одлетај си со тенките крила,
    и да паднеш - ќе те задржам,
    но не се осмелувај да ми се заблагодариш.
    Тоа е ce што животот е најмалку - зборови.
    Делата секогаш ќе ти противречат.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    “Дали се сеќаваш кога ми рече дека немаше да бидеш таа што си да не бев јас?“

    Неговиот глас одекнуваше низ ходникот, долго и развлечено. Или тоа беше само во нејзината глава. Не можеше да се одлучи.

    Како и да е, да не остане на малку, си ги повтори зборовите уште еднаш пред да му даде одговор. Го погледна в очи, и знаеше дека е залудно. “Лажев.’’

    И двајцата знаеа дека единствената лага која што лебдеше во просторијата беа трагите од тој збор.

    Тој се насмевна на празно. Направи само еден чекор кон неа и го постигна она што тој не го знаеше, а секогаш и го правеше со својата близина. И самата несвесна го држеше здивот, а срцето и чукаше контрадикторно, небаре наитало на вишок кислород. “Мила,’’ конечно прошепоти, “Да не те навредувам - лажеш совршено убедливо. Но и самата си знаеш дека јас те знам подобро од тоа.’’

    Не му одговори. Напротив, мислеше како да се извлечи од тоа. “Ти беше со неа. Те видов.’’

    Веѓите му се доближија. “Зарем? Па што виде?’’

    “Ох, ти добро си знаеш што видов.’’

    Немаше излез. Таа беше потврдоглава отколку разумна. “Да. Знам. Дали има потреба да те потсетам дека никој нема да те сака како што јас те сакав?’’

    Овој пат таа се насмеа. “Сериозен си?“ Направи еден чекор до него така што само сантиметри ги разделуваа. Можеше да го почувствува неговото забрзано дишење кога го закопа погледот во неговиот. Чекаше, но не доби одговор.

    “Да. Никој нема да ме сака како тебе. Толку себично и кукавички. Но таа... во твоите прегратки. Никогаш нема да ти простам!“

    Тогаш и се стркала една солза по образот. Брзо ја избиша, па си ги затвори очите. Чекапе да замине, а срцето молеше за бакнеж. Но тој само рече, “Не биди толку конечна. Такви безкрајни зборови... никогаш.’’ Направи кратка пауза, колебајќи се пред да каже уште нешто.

    “Побарај ме кога ќе сфатиш како е навистина.’’

    Така сакаше на се да заборави и само да му се фрли во прегратки. И ќе го направеше тоа, но кога очите и беа ширум отворени, тој не беше никаде. Заминал. Ја фати паника, иако ништо не направи. Се потпре на ѕидот лизгајќи се бавно по него, се додека не седна и солзите и течеа како река.

    Двајца што животот зацртал да се заедно останаа без партнер до крајот на својата ера. Тој, испи многу, пиеше додека алкохолот не му ја исцица душата. А ја чекаше... чекаше да се приземји. Таа, секој ден го врвеше со лажна насмевка уверена дека така животот треба да се помине.

    Нејзиниот инает и гордоста од двете страни одделија луѓе кои што вистински се сакаа. Таа никогаш не дозна дека девојката од минатата вечер седеше сама на улицата со влажни образи, се тресеше од студ. Така, се додека тој не и пријде да ја праша што и е. Да ја утеши... Никогаш повторно не ја виде.


    Дали вредеше?
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    И на крај,
    Сепак,
    Не е твоја вина што некој
    Одбрал да бидеш сакан.
    Некој што мислел дека би го сакал и ти.
    (некогаш, со малку среќа, можеби засекогаш )

    Знам,
    Кога би можел
    Би ги продал сите насмевки и лица,
    И би го обоил светот во сиво
    За конечно да можеш да кажеш дека се наоѓаш дома.

    А јас, ветувам,
    Нема повеќе да бидам таа
    Што со љубов и среќа
    Секогаш ти ја уништува бојата
    За нијанса.
     
    На donna.17, marama, honorthyself и 2 други им се допаѓа ова.
  18. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Прозорец

    Се будиш рано наутро
    и пропаѓаш во бездна,
    конфузно упатуваш
    еден поглед
    кон замаглениот прозорец,
    или тоа си ти гледајќи
    право во
    колебливото,
    нескротливото,
    недопирливиото,
    избувливото
    срце?
    Би можела да го напишеш
    неговото име
    на оној прозорец.
    Во аголот на прозорот прашина,
    околу тебе неред.
    Доволно за да те потсети
    дека се уште тониш,
    повторно посегнуваш кон нешто
    што не ти припаѓа тебе.
    Дали тоа е силуета
    на поројниот дожд?
    Можеби да беше сончево
    сега ќе се разбудеше,
    побегнеше од изобличеноста.
    Лаги.
    Ти сакаш да останеш тука,
    зарем не?
    Оваа реалност е подобра
    од сите илузии.
    Немаш потреба од помош
    дојде тука толку спонтано,
    како метафора,
    компарација,
    градација,
    персонификација
    во дело на несуден уметник.
    И ќе бидеш добро.
    Откако се расчистат
    темните облаци
    од твојот прозорец,
    над твоето небо.
    Сега врати се таму
    на единственото место
    каде се препознаваш себеси
    - во спокојниот немир
    на преполовената душа.

    Б.П.
     
    На Sara123, L-enna и Hayley им се допаѓа ова.
  19. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Колку и далеку да стигнеш, ќе се измориш
    трчајќи и жалејќи, од љубомора
    на тие што се чекор понапред.
    Ако твоето скапоцено време
    го трошиш на мене
    тогаш и не вреди многу
    само празни зборови и плиток поглед
    глава високо горе,
    сега, кога е облачно.
    Не сум ништо подобра.
    Искрено, штом ова го знам сум и зад тебе.

    Ми останува само време
    -бесконечно од тоа.
    Лисја хартиени, и тие од дрвјата
    пожолтени,
    во гората
    каде што е закопан нашиот ден,
    не ќе ги добројам.
    Ти, како скриен ангел
    лично мој
    ќе постоиш.
    Едно па исто.
    А јас, патувам.. во мислите.
     
    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Полноќ.
    Пет-шест книги расфрлени по бирото, неколку лекции кои чекаат да бидат научени, премногу грижи затрупани некаде низ нередот, за скршеното ветување кон себеси кое постојано си го повторував во текот на летото. Немам време, не сакам отечени очи и слаба концентрација кои би биле рефлексија на недостаток на сон. Во главата имам темпирана бомба, чинам дека во секој момент ќе ми се распрска главата на сите страни низ дневната, од меланхоличниот кауч и здодевен телевизор, се` до фрижидерот кој во изминативе шест месеци ми внесува ужасна монотонија. Едно исто, секој ден, секој час, минута, секунда. Каква рутина, ја мразам, од дното на душата. Не сакам да си легнувам во исто време, ниту да станувам рано наутро во шест. Да ги гледам истите ликови во автобус, да седам на истото седиште од левата страна. Истите патишта, истите дупки, здодевни баби и дедовци кои се тегнат како полжави низ автобусите.
    Се мразам себеси кога здодевни и глупави прашања ми кружат низ главата. Зошто сум баш тука, зошто не таму? Зошто имаме раце, а не опашки? Зошто сме ние луѓето толку ужасни понекогаш, безчувствителни и себични, а од друга страна мразиме кога се другите такви кон нас? Што би било кога таа вечер не седнавме на таа клупа, зошто ли реков да седнеме? Зошто воопшто отидовме до парк? Беше доцна и неиспланирано, зошто ли инсистирав? Зошто паднав под влијание на други размислувања и празни совети и решив да признаам, па изгубив другар? Тука е крајот на огромното клопче што ми е разбркано во главата.
    Немам време, ми гори под нозе. Утре е нов ден. Уште еден, здодевен, рутински. Каква ужасна симетрија!
     
    На anichka94 и Moschino им се допаѓа ова.