Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Лаги и вистини

    Сеништата кои секојдневно ги гледате
    се само производ на вашата скржавост,
    тенденцијата животот да го поминете на свеќи.
    Стравот од интензивната светлина нема да го излекувате
    лепејќи фластер преку безизразните испиени очи
    пред да излезете надвор од сигурносниот оклоп
    во кој ги пуштате да влезат само вашите душмани.

    О, навидум безгрижни луѓе,
    ги закопавте прашањата во коренот на осаменото дрво
    кога дознавте дека одговорите се во некоја друга галаксија.
    Зарем навистина верувате дека ќе побегнете од лавиринтот
    на вашата искривена перцепција пред да престанете
    да ја негирате вистината на нашата реалност
    во која се крие суштината на сомнежите кои ги отфрливте?!


    Б.П.
     

    Прикачени фајлови:

    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Пресрет

    Сакам
    од иднава меланхолија
    што ќе надоаѓа
    во бранови
    заедно со кренатите кранови
    промени
    и со студот задржан за здивовите
    благо насмевнати по излозите
    Потпорите за гугутките
    да го отспијат својот есенски сон
    Ти и Јас
    да заѕвониме ко песна
    со ракавици и мразулци
    од мрсули во носињата.
    Да те видам во огледалото на есента
    младоженец
    со бело палто
    ко на оние слики од Југославија
    (кај што сите младоженци се во бело)
    И да пееме со уши
    да слушаме со усни.
    Облици зборови
    облаци дождови.


    Сакам, да ја задржам
    љубовта во песнава
    блесокот на летото
    песокот на истото
    сеќавањето
    дека ништо веќе не е исто
    Ама е подобро.
    Од било кога.
     
    На Feminkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vergie

    vergie Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    1
    Розата нема да стане
    На патот по кои одев
    најдов јас трн ;
    беше грд и сув
    со цветот свој црн.
    Се сожалив в час
    го кренав ''јаден''
    за каков грев лежи
    во правта страден
    Го сви тој листот ;
    заборави на јадот
    и ме прободе в срце ;
    без жал гадот .
    Го отфлив назад
    ми затрепри гласот;
    но поука јас добив
    уште една в часот.
    Не жали го трнот;
    ( срце мое виде!)
    а од него никогаш
    роза нема да биде !
     
  4. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    молчиш ти, молчам јас
    молкот тоне во темнава ноќ.
    врвот од свеќава ќе изгуби здив
    штом повторно очиве ќе плачат за нас.
     
  5. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Додека ги впивам твоите строги црти на лицето, ддека ги допирам твоите дланки, ги гледам твоите очи и ги гледам сите твои мечти. Се прашувам дали сум дел од нив?
    Што кријат твојте црни, таинствени очи? Сакам да седам и само да го набљудувам подигнувањето на твоите гради. Цело издигнување, цело преродување.
    Ништо повеќе од тишината не посакувам. Само ти и тишината, заедно прегрнати. Да уживам во мигот, целосно да се сплотам со тебе. А кога ќе почне ново блескање на сонцето? Е, тогаш ќе се родам повторно. Ќе се преродам во тебе, и ќе те молам за една прегратка. И за само еден миг, уште еднаш да видам како сончевиот златен сјај ја бои твојата коса во портокалов изгрев, нов, чист, невин. Нов изгрев на нежноста. Моја недостиг.
    И тогаш остави ме. Оди.
     
  6. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Изградив куќа.

    Малечка и топла
    со ѕидови во сите бои
    исполнета со луѓе
    среќни, креации мои.

    Беше исто како тој облакот
    што се тркалаше во сините небести
    така ги гледав, толпи од минатото
    со вили и лопати
    пушки и тенкови,
    трчаат да ја срушат.

    Ја градев со години
    цигла по цигла,
    дел по дел,
    но сепак се најде некој смел
    црн и црвен
    да ми ја руши.

    Сите фантазии,
    верби и надежи,
    сите илузии,
    препреки без падежи
    сега станаа слаби
    и кршливи.

    Но не и ѕидовите
    од куќата жолта,
    во неа пукаа и фрлаа,
    а таа остана цела, горда.

    Можеби беше празна
    и сама,
    но затоа чекаше
    да биде дом.
    Остана верна
    на својата цел.
     
    На De-lovely и lady.N им се допаѓа ова.
  7. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Одредени фрагменти од книга која не е напишана,сеуште е во тек,ја пишувам и се надевам еден ден ќе имам можност да ја објавам.


    Да го сакате и не беше баш лесно.Во еден момент знаете дека ќе биде тешко.дека ќе морате да се борите за да го добиете,но веќе счедниот миг се прашувате дали битката ќе биде достојна за вашето време и вашата гордост,и што ако изгубите?


    Тогаш го погледнав убаво во неговите очи.Сосема цврсто.Онака необично.Јас сеуште не го заборавив.Всушност да.Го сакав заради него,заради самиот него и она што беше тој.Повеќе не беше вaжна неговата некогашна убавина ниту репутација со која сјаеше.Тој полека пропаѓаше,се губеше,не личеше на човек.Но сето тоа сега и не беше важно.Бев со друг човек но сега сум до него и сакам тоа така и да остане.

    Во тој момент решив да се борам,сама да продолжам напред без разлика што секој нагодуваше дека ништо нема да добијам.Ни јас самата не бев сигурна што правам,каде чекорам,каде одат моите стапки но во едно бев сигурна,точно знаев што сакам и кај сакам да одам.

    Ја допрев неговата рака.Полека чувствував дека ми се доближува со лицето.Можев да ја почувствувам неговата блискост,неговата воздишка,неговата необична насмевка која по вторпат ја доживеав.Изгледаше како времето да врви,да не гази брзо и сигурно.Не сакав да го оставам.Ја слушав тишината,крајот на песната стивнуваше но тој за некое чудо или за некое очекување остана со мене.Продолживме со танцот,како огнот никогаш да не стивнал,ја почувствував неговата рака како силно се прикрепува за мојот грб.Толку сигурно,толку полека што бев сигурна дека никогаш нема да паднам,дека секогаш ќе останам горе,во облаците.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Остани

    Животот поминува
    и вознемирува трепети.
    И си спомнуваш:
    (Од оние сум што
    би цртале на песок
    срциња, такви некои
    клишеа кога ти е ладно.)
    Трчање по дожд
    шишање коса во ПМС
    заборавен спомен во џеб од фармерка.
    Глад и шворц.
    Љубење без мерка.

    Се заробувам дома
    во влечки
    пижами
    гледам серии
    и плачам на драми.
    и ќе си помислам.

    Немој. Остани.
    Тука, да ми го чуваш срцето
    како во саксија со цвеќе
    не треба вода
    ами милни зборови
    галење и сонување
    за да не бидам веќе
    Сама.
    Со себе.
    И нашето ќебе.

    Странци на поминување
    автобуси на заминување
    капки дожд
    а речиси солзи
    летови полни страв
    торби со ајвар и грав.

    Животот минува.
    Ама Љубовта не.
    Остани.
     
    На De-lovely, Bright, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    Во таа декемвриска ноќ го вдишав студениот воздух кој се разнесе низ целото тело кое беше студено, како моето срце кое беше празно и очајно посакуваше да те види, да те почуствува. Со празнина во душата го продолжив патот бесцелно, без никаква дестинација. Со надеж дека ќе те видам, но тебе те нема... никаде. Каде си? Проклето ми требаш, да ми ја стоплиш душата, да ми го наполниш срцето со љубов и позитивни емоции.. Ме познаваш ли? - се прашувам. Или можеби сум само дел од толпата.. душа без надворешност која ти се восхитува. Милион прашања но ниеден одговор..


    ( Декември, 2009)
     
    На Talita и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ~Невреме~

    И тогаш ме праша што сакам.
    Што сакам?

    Сакам шарени зборови, розеви неба и пурпурни ноќи.
    Бранови од радости
    Ветрови од воздишки
    Дождови од надежи
    Облаци од вистина
    Бура од страсти
    А потоа,
    Виножито од емоции.

    Сакам од ова невреме
    Да направам љубовна класика,
    приказна за паметење.
     
    На skyAngel, nela.oh, De-lovely и 5 други им се допаѓа ова.
  11. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Ви сее допаѓа песнава?

    Тага

    Цел ден тажно седам
    цел ден здедевни часови редам
    размислувам, душа си мачам
    бистри солзи леам, плачам.

    Зошто ли зошто
    ме остави
    отиде далеку, предалеку
    во таа земја црна
    но, за оследен пат ти силно ме прегрна.


    Посветена до баба ми!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bamby

    bamby Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    Еве и од мене една
    денес во школо ја напишав :lol:

    Без тебе

    Без тебе ништо нема вредност,
    наместо среќа и радост,
    сега тагата има предност.

    Одвнатре се чуствувам празна,
    од големата љубов наша остана само споменот,
    кои боли, тоа е нашата казна.

    Сега секој по свој пат нека оди,
    така е кога дозволивме
    себичноста и гордоста да не води.

    Сепак никогаш нема да те заборавам тебе,
    засекогаш ќе те сакам,
    ќе те сакам повеќе и од себе.
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Тие двајца имаа чуден однос со години. Час беа заедно, нас не. Секогаш едниот го оставаше другиот кога му беше тешко, но и секогаш беа тука еден за друг кога им беше најтешко.
    Тој за неа ја имаше најтоплата прегратка, а таа за него најубавата насмевка. Ретко се гледаа, но времето го користеа целосно. Се ковеа планови со недели и месеци што ќе се прави во тие неколку часа за нив.
    Едниот на еден крај, другиот на друг. Не знам ни како успеаа да бидат толку долго заедно. Постојаниот разговор ги одржуваше емоциите, а разговараа пречесто. Таа плачеше што не може секогаш да е тука за неа, а тој се оправдуваше дека не е до него.
    Се запознаваа со години одново и одново иако се знаеа уште од мали. Еден празник ги спои како што не очекуваа. Тој пристигна на најфилмскиот начин, а таа потоа со погледот го бараше фраерот со мотор. Не мораше долго да го бара, се појави по кратко време до неа и никогаш не се одвои целосно.
    Од првиот миг се споија, не размислуваа на далечината, не размислуваа за разликата во години, постоеја само тие и нивниот мал свет.
    Но, надвор од тој нивен свет беа сосема различни, слушаа поинаква музика, се облекуваа различно, немаа исти ставови, ниту пак иста амбиција. Сакаа нивните иднини да се движат во различни правци.
    Тој беше некој на кој му беше доволна само таа и неговите, а таа сакаше да се дружи, да излегува. И беше потребен и тој, но беше навикната на неговото отсуство, па сакаше да излегува со други луѓе. Неговата неамбициозност ја одвраќаше од него и речиси секогаш беше во потрага по некој подобар од него. Тој никогаш не ни помисли дека некаде постои некоја подобра од неа.
    Често се напуштаа. Таа кога ќе пронајдеше некој кој мислеше дека е подобар од него, а тој тогаш кога немаше да знае што со себе, па ни со неа. Но, и во тие моменти повторно не се напуштаа целосно. Се слушаа и си ги споделуваа случките од денот, од неделата. Не можеа да издржат еден без друг. Таа по некое време сфаќаше дека новиот не може да биде како него, секој го споредуваше со него, па на крај разочарана од очекувањата се враќаше во неговите прегратки. А тој иако често не знаеше што со себе, па и со неа како ќе биде, знаеше дека не може да биде без неа. Си ги простуваа сите изневерувања, сите болки и солзи.
    Но, што кога љубовта повеќе не е доволна? Што кога зборот е малку? Што кога довербата е залудна?
    Што кога не можат да бидат речиси никогаш физички присутни еден за друг?
    Таа знаеше дека тој би оставил се за неа, но се плашеше тоа да го побара. Се плашеше затоа што повторно очекуваше да се појави некој подобар од него.
    На крајот и тој се откажа. Се откажа тогаш кога таа побара да биде со неа засекогаш ...
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l, Sara123, La.Reina.Del.Sur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    седам така сама, без ниедна емоција во мене.
    Уште една очајна ноќ,уште една нова тишина четири ѕида јас и тагата.
    Ги нема пеперутките во стомакот,го нема адреналинот,го нема занесот,го нема ни седмото небо
    нема ништо,од она што некогаш беше дел од минутата дел од секундата дел од секојдневието,дел од филмот што посакувам да го премотам назад.
    Филмот во кој јас и ти бевме пример за една совршена љубов и страст,а сега сум само пример за
    измешани чуства, измешани солзи и времина ..
    се гледам себеси во секоја скршена вазна,во секој залутан лист од ветрот,во секое изгубено дете
    Те гледам тебе во секој нормален човек,во секој машки профил,во секој заљубен пар.
    Не ми фалиш ти ми фали човекот што мислев дека си !!!
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Се’ уште чекорам. Продолжив да чекорам неколебливо иако свесна за очигледната бескрајност на мојот пат и соочена лице во лице со фактот дека никогаш нема да му ја видам границата, макар ја ѕрнала со аголот на окцето. Завршетокот се крие, се шмугнува и успева да ми се измолкне од раце во моментот кога очекувањата за happily ever after се на својата веќепозната кулминативна точка. А патот? – Патот се продолжува и растегнува, се клонира и станува двојно потежок и поизмачувачки. И како и секогаш, одненадеш се ’ќе се усложни, ќе стане комплицирано и несфатливо. Збунувачко. Да, патот мој е полн со епитети кои одат во моја штета.
     
  16. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Ноншалантна


    Ако некогаш ги носев воздишките
    сега ги испуштам тешко,
    ако некоја од нив стигне некаде,
    тогаш сум постигнала нешто,
    за никого не би била она што сум,
    сем за тебе ,
    а ме наложува есента
    да ти се фрлам в прегратки и да ти речам молчи,
    да останам во тебе како топлината во твоите очи.
    И не можам песна да почнам,
    а за тебе да не прозборам,
    како да молчам кога ми доаѓа да викнам,
    ТИ - одговор на секое прашање,
    ТИ - причина за секоја насмевка,
    ТИ - начин на кој што живеам,
    извор на живнувањето на
    секоја молекула во моето тело.
    Избор кој радо повторно би го направила.
    ТИ - кулминација на моите соништа.

    ... По ѓаволите, не требаше да биде љубовна.
     
    На lady.N, La.Reina.Del.Sur и L-enna им се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    За нас

    Се будиме заедно, па се одвојуваме
    секој на своето работно место
    се препотуваме на средбите, на временските непогоди
    на скршените чадори
    на недоброените капки дожд,
    на малите светулки од летото
    што пргаво се борат против есента
    си заминуваме еден од друг
    за да се видиме
    како да не било ништо
    како да било нешто
    како да е сешто.

    Се наоѓаме по паркови
    по мракови, по улици
    се сретнуваме небаре река и море
    како небо и нешто над него горе
    водиме љубов несмасно
    задржано, од неколкуте мигови поглед
    исповедално, како да сме во личен храм
    за сите денови разделени.
    Ти читам, се’ што сум напишала
    Ми читаш, се’ што си научил.
    Се гледаме, се присетуваме
    дали се забораваме?
    Не. Не сме се.
    Мирисот зад ушната ресичка,
    од чајот планински кесичка,
    чевлите тазе бојосани
    чела од Љубов оросени.

    И се будиш
    и можеш да кажеш дека нештото е Наше.
    Во пар
    соништа, денови, патеки, две чинии, една лажичка, јогурт, сендвич, влечки, поделена цигара.

    Во мирисот, те барам
    ме најде.

    Ќе те чекам
    Додека здивот сончев не зајде.
     
    На De-lovely, Sara123, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Боенка

    Денес го нацртав денот
    со дрвени боички
    се крши врвчето
    на бојата за небо
    за цвет
    за целиот свет.

    Со острилка
    пробувам да вратам од острината
    од ведрината
    да не ми избега фокусот,
    го задржувам здивот доволно долго
    за да се претворам
    во мала пињата.
    Полн автомат детски играчки
    и игрички.

    Удри ме со бакнеж. Допри ме.
    Направи вртлог, заведи ме.
    Од мене сета игра да потече
    да замине, ова невреме.

    Цртам, со стапала
    нова и стара патека
    каде што не сум поминала
    и од каде што секојдневно поминувам.
    За да не заборавам
    дека
    кога танцувам
    кога спијам
    кога одам
    кога седам
    кога рими редам
    кога се лутам
    кога цутам
    и се’ кога правам

    Животот ме црта мене, со дрвени боички.

    (денес најдов изгубена острилка
    и во неа писмо од Детството)
     
    На innablood, honorthyself, ocila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Затишје пред бурата

    Гласовите повторно одекнуваа во собата. Се одбиваа од високите ѕидови свежо обоени во чадесто розева боја – онаа боја измеѓу бојата на слатките шеќерни лижавчиња и бојата на детските румени обравчиња. Гласовите иако невидливи, имаа облик на нешто заоблено и клопчесто, но не беа нежни, ниту пак меки – далеку од тоа. Едниот ми наликуваше на бесно ѓаволско топче – грубо, подебело, наместа рапаво, а другиот? Другиот глас се одразуваше како ситна и кршлива џамлија, како оние што се плашите да ги држите во дланка од преголемата кревкос; провидна и лесна... токму како воздухот. Нејсе, ни едниот, ниту другиот не беа шарени. Тие всушност, не ни поседуваа некаква боја. Беа безбојни и бледи, замачкани во просторот со немарноста на времето, а сепак толку очигледни и воочливи. Ми ги бодеа очите и ми ги гребеа ушите. Ме уништуваа. Сепак, несвесно! Најверојатно и ненамерно.

    Тие повторно се караа.
    Петнаесет минути лежев вкочанета на креветот, растргната помеѓу тенденцијата да го дочитам започнатиот пасус на книгата со дебели и рапави корици со лососова боја и наслов со златно изгравирани италик букви и принуденоста да ги слушам нивните караници. Одново и одново, едното исто, се’ по старо! Секојпат кога се обидував да започнам нова реченица со сконцентрирани мисли, низ просторот прошаруваа две-три извикани пцовки, дузина расфрлани клетви и безброј запечатени навреди кои се раскостуваа од агол до агол како сјајно исполиран порцелан на парампарчиња. Ме уништуваа.

    По неколкуте неуспешни обиди за навраќање на концентрацијата и мислите кон вртоломните настани на протагонистите чии судбини беа запечатени на хартијата пред мене, исфрустрирано рипнав, ја треснав книгата од масата која тресна со громовидна јачина. Во тој момент собата ми изгледаше толку голема, сепак толку празна. Се’ беше тука, а ништо не гледав, ништо не можев да најдам. Впрочем, не ни знаев што барам, па така го грабнав првото волнено бело нешто што го воочив при рака и молскавично истрчав надвор. Како и да е, Тие не го приметуваа моето постоење или непостоење. Тие не го приметуваа моето присуство, ниту пак моето отсуство.

    Одненадеж оглувев. Ги немаше повеќе гласовите во мојата глава, немаше брмчење на надворешните автомобили, немаше отчукувања на моето срце. Тоа беше молк на апсолутноста. Рој муви или оси – сеедно, го напаѓаа мојот слух и неоспорно беа единствената дразба која допираше до мене. Се’ друго беше непостоечко, избришано и исчезнато. Се’ беше глуво, се’ беше немо. Работите се движеа безгласно и успорено, не брзајќи да го постигнат својот нормален тек на остварување. Се движев и јас. Не! Ќе излажам. Се движеа моите нозе, додека јас самата стоев на едно место, не поместувајќи се како што и дотогаш умеев. Можеби ја сакав или скоро обожував таа положба на статичност, постојаност и познатост. Недвосмислено и отворено го негував своето идолопоклонство кон статусот кво зашто љубев да знам како работите ќе завршат.

    Најпосле, слухот почна да ми се повраќа. Сега тишината веќе не беше толку тивка. Во густата и црна ноќ, во тој бездимензионален мрак се одзвучуваа само шлапкањата на моите лесни гумени апостолки кои како детски играчки се плескаа по тврдиот димносив асвалт. Овде-онде ќе се чуеше и разочарано очаен плач на некој осамен штурец. Застанав во една точка, збунета и тогаш се фатив себе си како стојам на сред непозната и темна улица. Не беше морничаво, ниту страшно – стравот се беше отселил од моето тело веќе одамна.

    Тогаш ги почувствував сите мои сетила речиси опипливо со сета своја врела жестина, а дразбите непокането се населуваа во секоја моја клетка. Во тој безформен момент јас неоспорно гледав се’, слушав се’, мирисав се... чувствував се’. Чинам дека изненада целиот универзум се отвори пред мене, како вратата на гостопримливите домаќини и не двоумејќи се ми ги покажа сите свои тајни и мистерии. Некаде таму во (не)постоечката бескрајност се наѕираше границата, крајот, како тенко пајажинесто конче на свилена буба. Или барем мене ми се чинеше, или сакав така да мислам верувајќи дека ако така мислам – така ќе биде. Го гледав крајот на се’ и точно знаев како се’ ќе заврши. Коренче на задоволство пркна во моето срце – сега бев мирна.

    Во воздухот надвор ,како мастило во вода, се прелеваа ароми на разобличени карикатури и илузии, длабоки ровки стремежи, недостижни фиктивни амбиции и лузни кои се’ уште сурово печеа. Тоа го издишував труејќи го воздухот.

    Не сакав! Не сакав јас да бидам зачеток на полуцијата и сквернавењето на ова општество, иако скриено и уверено знаев дека тоа не е вистина. Општеството веќе одамна беше загадено, гнасно и одвратно; а јас бев само еден милијардити дел од масовниот извор на гадости. Сето тоа течеше незапирливо, неуништливо и нескротливо.

    Најпосле, тоа беше посилно од мене и од тебе и од сите нас, зашто сите ние заедно бевме општеството, а општеството не креираше нас.
    Напоредно, непосредно, наизменично.
    Тоа беше таа неизбежна паралелност во перспективата на постоењето.


    [​IMG]
     
    На dancing.in.the.rain и De-lovely им се допаѓа ова.
  20. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Some place you've never been

    Silently, slowly,
    she's floating, she's flowing,
    through unknown places,
    where no men ever been.

    Flying and soaring,
    she's leaving, she's voyaging
    in seas of untouched dreams
    pure as a raindrop.

    And finally wakes up
    to a world of promises broken,
    free of whatsoever fear,
    thus she knows heaven.

    Б.П
     
    На innablood и L-enna им се допаѓа ова.