Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Да споделам, по толку време на форумов...пишувана во период кога ја преживеав најголемата загуба во мојот живот, вечерва со желба да споделам...


    Молитва


    Чувствувам како времето ме гази,
    како одлетува нешто мое и свето,
    нешто што никогаш нема да се врати,
    нешто прекрасно,во исто време клето.


    Болен сјај во моите очи,
    телото се дели од својата душа,
    молитва за вчера,денес и утре,
    молитва, но глеј,никој не ја слуша.


    Под ова вишно небо,мирно стојам,
    како античка ваза извиена,
    се трудам да ја потиснам тагава,
    но преголема е,за да остане скриена.


    Се излева таа со секоја воздишка,
    со секој поглед на моите очи,
    со секој такт на моето срце,
    и обид за насмевка, протолкуван како злочин.


    Злочин на мојата мисла,
    или несреќа во мојот миг,
    не,тоа не сум јас, јас гласав за среќа,
    и не, не го препознавам овој тажен лик.


    Не сакав и не барав јас,
    само вложував и не штедев,
    судбината моја не мислеше исто,
    иронично но, туркаше таму,каде јас редев.


    Овој пат тргнав моќно,
    со половина срце, но со цврст чекор,
    газам по минатото, чекорам кон иднината,
    и не спуштам поглед пред презир,пред прекор.
     
    На Hopeful, Girl.Jyoti, Ariel и 2 други им се допаѓа ова.
  2. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Поврзаност

    Влегуваше во собата бурно и со бес,
    знаев, а не сакав да кажам,
    да не му предизвикам поголем бол,
    одново и одново,
    од дете гледав како се собираше
    во него, во мене,
    и направивме цврста фасада,
    непробивлив ѕид,
    ги гледав своите потези во неговите,
    своите мисли во неговото однесување,
    крвта не врзува, не само болката,
    логично е да бидеме слични,
    физички можеби не, но внатрешно,
    поинаку, подлабоко,
    ја гледам мојата душа во неговата.

    Толку е силна врската...
     
    На L-enna и Hayley им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ~пресврт~
    Растурени сеќавања по постелата
    Како изгазени перници, скапуваат.
    И по некоја капка надеж
    Таму каде што капнала солза,
    Испокршени соништа
    Како парченца од огледало.
    Се трупаат како нечисти садови
    сомнежите и стравовите.
    Болка до небото и назад...
    А никогаш не сум сакала повеќе од сега.
     
    На De-lovely, L-enna, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Знаев дека таа ќе ми се врати.
    Знаев со сигурност, затоа што јас бев ТОЈ на кој што сите се кладеја. Оној кој го влечеја од соба во соба, форсирајќи го да се предаде, тело и душа, оној кој го празнеа целосно само за потоа да можат повторно да го наполнат со тајни, тајни, тајни. Мизерии испрекинати со тешки воздушки, вистини закопани во него. Еден збор, и не ќе видеше уште еден ден. Или, поверојатната алтернатива, не ќе видеше уште еден ден со неа.
    Нејзиниот живот целосно зависи од мене.
    А јас, јас зависам од неа.
    И што е тоа што би го правеле тие без мене, фамозниот убавец кој го контролираа со жички? Доказот дека не се без срце, без грижа на совест? Се е само еден испрекинат, незавршувачки круг.
    Еднаш не ги послушав.
    Само недела подоцна, таа беше во нивните раце. Божем случајно. Така им изгледаше на сите. И нејзе. Но мене не ме залажаа.
    Ги виде сите хорори јас што ги видов.
    Но, ми се врати.
    Со мала моја помош, мала помош на тие што ме сакаа за себе. Најголема улога, секако, играше нејзината воља и љубов кои што се изборија над моралот. Знам дека не можеше тоа да ми го направи, да ме остави без неа.
    Но, по која цена?
    Еве ја. Пред мене. Со лузни, од оние што никогаш не заздравуваат.
    Не ме ни препознава.
    Дали знае дека таа е мојата единствена љубов? Дека само таа ме поседува? Не како тие лажните, глупави, неупатени суштества што ми го купуваа телото за една вечер.
    Ја бакнувам нежно, како што таа најмногу сака. И го шепотам нејзиното име на кое што само тpепнува, но никако да ме погледне. Како да е западната во некој свет што не го гледам.
    Така е неколку недели.
    Деновите се толку бавни и мачни. Научив да ги плетам нејзините јазли. Ги завршував нејзините мрежи. А таа, само гледаше во некоја далечна точка, без да примети дека седам покрај неа.
    Се прашувам дали ги гледа истите слики што ми се појавуваат во ноќните мори.
    Дали ова ми е нивната казна? Да ја имам, привидно, колку да е причина за мој опстанок, но таа да е толку далечна и недофатлива?
    Еден ден, плетејќи, ја запејав песната што таа ми ја пееше кога се вратив и не можев да спијам. Тогаш за прв пат ме погледна. Но само толку траеше.
    И пејам секој ден. Нејзината рака е како залепена за мојата.
    Живеам за да го дочекам денот кога таа ќе ми се врати.
    Знам дека таа ќе ми се врати.
    Нели така завршува секоја пријазна, доброто го поведува злото?
    Јас се заколнив дека ќе се борам.
     
  5. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Не се одмене,ги најдов на интеренет но сепак мислам дека би ви послужиле.

    Смртта на роматиката

    Моите мисли лутаат како парчиња изгорена хартија низ ветрот. Се обидувам да ги запрам, но едноставно се хаотични. Вртоглаво поминуваат низ моите спомени. Како во стар филм во далечината не гледам нас. Детско смеење, игри на дождот, држење за рака додека шетаме низ парк.

    Се прашувам каде отиде детето што веруваше во сето тоа? Го убив романтичарот во мене. Барајќи ружи, добив трња. Барајќи бакнежи на дожд, добив невреме. Барајќи вечера со свеќи, се изгорев.

    Можеби ти не си виновен, можеби не е ни тој, можеби јас барав премногу. Некаде прочитав дека не е препорачливо девојките да гледаат романтични филмови и да читаат љубовни романчиња затоа што тоа е лошо за нивните врски – од нивните партнери го бараат невозможното. Можеби и јас го барав тоа од тебе.

    Моите мисли застануваат на разговорот со личноста што ја нарекувам сродна душа – мојата најдобра другарка, се кикотевме и си ги замислувавме нашите партнери како за нас го прават невозможното – тоа што го посакуваме од нив. Знаеш, можеби се немам откажано од тоа, можеби дел од мене сеуште ги бара оние клише романтики за кои што ми имаат раскажувано.

    Стаклен ѕид околу мене. Го гледам светот, но не дозволувам на никој да ми се приближи доволно. Си живеам во мојот свет, во мојата “снежна топка“.

    Сакав овде да ги споделам моите идеи за тоа што подразбирам под “совршена – клише романтика“, но сфатив дека обидувајќи се да го закопам романтичарот во мене, сум успеала во тоа. Таа страница на која што беа напишани сите мои желби, бакнежи под ѕвездите и секс позади водопадите, изгорела. Огнот што го предизвика во мене изгоре се. Па дури и спомените за тебе.

    Денес избирам “романтиката“ да биде вртоглаво високи штикли, чипкана долна облека, чорапи со подвезици и див секс до изнемоштување.

    Ако некаде го пронајдеш детето кое што веруваше во љубов, во нежност, те молам врати ми го, или барем грижи се за него, така како што не можев јас.

    Патот до тебе


    Можеби ќе те сакав ако ми дадеше шанса. Можеби ќе си дадев шанса и сама на себе. Можеби ќе бевме среќни. Можеби и ќе се смеев на твоите глупави шеги и ќе имав трпение за твоето детско однесување. Можеби ќе ме сакаше и ти…

    Но, не барав, не молев, не дадов. А тебе тоа ти одговараше. Возрасни заробени во ум на деца. Егото ни е поголемо од нас. Сега заедно молчиме. Гледаме на иста страна, но никако еден во друг. Чекориме заедно по иста патека, еден до друг, скоро и да се држиме за раце, но не заедно, никако.

    Јас со насмевка на моето лице, ти со сјај во очите уште еднаш ја премолчуваме нашата приказна. Ти си среќен, јас уште повеќе. Чекаме завесата да се спушти за да ја прекинеме оваа глума со надеж дека некогаш ќе можеме да ги осетиме оние чувства што денес ги замислуваме.

    Ти подавам рака, а ти се правиш дека не ја гледаш. Бараш внимание, бараш заштита, од сите, само не од мене. Истото го правам и јас. Сега внимателно ги бирам зборовите за да не се пронајдеш во нив. Ги бирам зборовите за јас да не те пронајдам во нив. Да се лажеме дека е за некој друг, всушност дека тој друг не постои, дека е плод на мојата имагинација. А можеби е така. Можеби не постоиш на друго место освен во мене.

    Знаеш, успеав да си ги загушам чувствата. Кон сите, не само кон тебе. Ти ме научи на тоа, ти благодарам. Вака е подобро. На овој начин е полесно.

    Сега продолжувам да го барам патот до Пеколот заедно со тебе. Заедно ќе чекориме по оваа патека од крв и трња што сами си ја одбравме. Ја одбравме за да можеме еден со друг да одиме по неа. И ќе продолжиме да молчиме.

    Тивко, без да приметиш проверувам дали си овде, не сакам да те изгубам. Се вртиш кон мене и се насмевнуваш. Ме предизвикуваш за последен пат. Уште еднаш го прифаќам предизвикот. Се или ништо, како и секогаш.

    До мене си, тоа е најважно.

    Dragonfly

    Го чекаш мразот да почне да сјае во светот каде Сонцето распостила црна светлина. Вина и каење. Очи со тап поглед. Смрзнат водопад. Некаков чуден дожд паѓа од темните облаци. Го чувствуваш горчливиот вкус на воздухот, но сепак уживаш во тоа. Се прашуваш во себе, бараш знак за да ја откриеш смислата на сивите тонови кои те опкружуваат. Самрак преку лицето. Ѕверовите трчаат околу тебе и острат заби, сакаат да те распарчат. Се обидуваш да ја извлечеш последната капка сила од себе, пред да се предадеш во трнливите раце на ноќта. Веќе се е темно, само сјајот на молњите успева по малку да те освести и да те натера да бараш излез. Ја гледаш грмушката со црни рози.

    Нешто ти го привлекува погледот. Го забележуваш кревкото и издолжено тело со два пара нежни и проѕирни крила. Прелеваат нијансите на сината боја. Мами некакво искривување на твоите усни. Личи на мала насмевка. На небото се развлекува Аурората. Вилинското коњче почнува да лета кон поларната светлина. Знаеш дека треба да го следиш. Знаеш дека во сите тие студени карпи, тоа означува нова сила за тебе. Силата на вилинското коњче да се бори за преживување, да го живее секој момент од животот и да ти посочи кој си и каде припаѓаш. Те води кон место каде розите се црвени, а Сонцето е жолто, каде се слуша звукот на водопадите, а дождот те смирува. Се движиш со истата леснотија како што тоа лета.

    Зад себе ги оставаш сенките кои ги бакнуваше, валканите бисери, кошмарите. Ја закопуваш жива последната песна на гладниот волк. Не ти преостанува ништо друго, освен да ја преживееш смртта на минатото. Да заборавиш на гнилежот и смрдеата. Да го надминеш тоа и да замавнеш со крилата на вилинското коњче. Тие се твојот спас и патоказ до местото што се уште ги нема изгубено боите

    Чудовиште или човек?

    Игра на зборови, игра со луѓе. Сакам да кажам, сакам да викам. Од бес, од задоволство. Неповрзани мисли. Се само за да остане тајна. Недокажани реченици, изгубени погледи. Насмевки и допири, живот без боја. Лаги, измами, ти, тој.

    Задоволство, оргазми, празнина. Без сјај во очите продолжувам да чекорам и да го правам тоа што треба да ме прави среќна. Го добивам тоа што го сакам. Сфаќам дека не знам што сакам и посакувам нешто друго. Се вртам во круг.

    Бакнежи и воздишки, спокојна љубов. Минато. Сега без емоции уживам. Не барај душа во мене, не барај љубов, не барај заштита. Можам да бидам тука, но ќе бидам за мене, а не за тебе. Кога ќе помине, ќе те оставам.

    Седнуваат на иста маса. Се гледаат во очи. Љубезно се насмевнуваат. Јас ги гледам од страна. А знаат… знаат и двајцата. Се однесуваат како да не знаат. Така треба, така е правилно.

    Дали грешам? Дали сум себична? Или сум само човек?

    Последна патетика за тебе

    Најмил мој, се сеќаваш на она време кога бевме заедно? Ги паметиш сите оние прекрасни ноќи? Заспивав на твоето рамо, а ти ме гушкаше и по цела ноќ, се грижеше да не се откријам и спиеше во чудни положби, само за да можам удобно да потонам во твоите раце.

    Се сеќаваш на денот кога повторно се сретнавме после многу време? Кога сакав да ти се вратам, но сепак решив да се правам важна. Кога бев повторно присутна во секој миг од твојот живот, без да можеш повторно да ме бакнеш.

    Дали се сеќаваш на моментот кога сфати дека се гледам со друг? Кога стигнуваа пораки од тебе во миговите кога бев со него? Кога се појавуваше секогаш кога ќе успеев малку да подзаборавам на тебе? Како се чувствуваше додека ме гледаше кога се бакнував со друг човек?

    Ти имам кажано дека неколку пати му се обратив со твоето име?

    Додека бев со него, тагував по тебе. Сакав да си ти на неговото место.

    Знам дека ми требаше премногу време за да сфатам колку ми значиш. Предоцна, во секој случај.

    Немам никакво оправдување. Можам само да те гледам како заминуваш далеку од мене. Тоа што го направив и јас, но во многу погрешен момент.

    Ме праша зошто навреме не ги решив проблемите со тебе? Морам да ти откријам еден брутален дел од мојот карактер. Секогаш го избирам она што помалку боли, а во случајов, тоа е другиот маж. Оној во кој не сум вљубена. Затоа што, ако те изберев тебе, имаше некаква шанса да ми предизвикаш болка која би ме дотолчила. Другиот ја нема таа моќ.

    Ме интересира, дали и ти функционираш на овој начи?. Потврдниот одговор не би сменил ништо, туку би бил само некаква утеха во моментите кога те гледам и јас тебе со друга. Да, боли и тоа, но многу помалку боли кога се случува подалеку од мене. Затоа повторно те избегнувам.

    Љубов, ова е најдобрата одлука што можам да ја донесам. Не поради тебе, туку поради себе. Повторно гледам за себе и не те прашувам што мислиш ти. Ако те прашам, постои можност да се премислам.



    *Добар знак е ако ова го добиеш во приватна порака. Лошо е доколку го објавам на блогот. Тоа значи дека сум немала храброст да ти го испратам.

    Дождот на среќата

    Дождот се уште ме смирува. Не си потребен ти, не е потребен никој… Воздух. Можам да дишам. Среќна сум. Светот околу мене застанува. Проблемите исчезнуваат. Остануваме само јас и капките. Секогаш било така. Се сеќавам кога бев мала седев на тераса, уживав во дождот и околу мене се појавуваше меур на сигурноста. Таму бев безбедна. Се уште сум.
    Кога врне романтичарот во мене излегува на површина. Мирисот на дожд, чаша црвено вино, свеќи, јас и ти. Всушност нема потреба од тебе. Доволна сум си сама на себе.
    Го сакам начинот на кој капките удираат во темниот асфалт. Создаваат совршени кругови, совршени меурчиња. Моите чувства се дават во водата. Исчезнуваат. Станувам камен. Нема болка. Нема солзи. Нема други мириси. Само тој на дождот. Единствениот што е само мој. Единствениот што остана. Единствениот што не ме остави. Единствениот што не ја предизвика туку ја спречи мојата болка.
    Јас и тој, засекогаш заедно, засекогаш сами.

    Секс, хаос и лудило

    Забранетото е секогаш послатко. Или тоа беше туѓото? Не е важно, сум ги посакала и двете. Сум ги добила и двете. Гревовите се редат како бисери на вратот, надевајќи се дека еден ќе ме загушат. Љубов. Ха! Го имав тоа, нели? Љубов е тоа кога даваш се од себе за на крај откако ќе те убие, да ти каже дека те сака… или не беше тоа? Не, љубов е неверојатно добар секс, барем така ме научија. Страст. Хаос. Влегува во мене без да ме погледне. Влегува во мене не прашувајќи дали е добро. Себично ме ебе. А тоа мене ме пали. Сака да мислам дека моите оргазми не му се важни, а сепак ги брои и се обидува да ја надмине бројката до која ме довел минатиот пат. Знае дека сака да му го пушам и дека најдоброто од мене ќе го добие само ако се покаже и само ако направи да се изгубам. Без глума. Без притисок. Без љубов.

    Дали веруваш во љубов во која што нема страст? Дали би избрал да живееш во тој “златен кафез“? Дали би можел да ебеш само една девојка до крајот на животот во “мисионерска“ знаејќи дека нема да биде подобро?

    Не е важно. Не ми е важно. Јас не би можела. Сексот е премногу добар за да биде лош. Да, постои лош секс. Всушност постоеше. Не повеќе. Сега е добар. Сега е одличен.

    Дали е можно да сакаш двајца во исто време? Дало можеш да седнеш на неговиот кур знејќи дека пред неколку часа друг уживал во тебе? Јас… јас сакам чипка и подвезици. Сакам кога очајно се обидува да ми го откопча градникот со една рака и кога ќе успее во тоа е среќен како да ја искачил највисоката планина. Сакам да менувам и теми. Да не одговарам на прашања. А сакам и да менувам пози. Скратување на задоволство. Свршувам ко луда на doggy, но зошто да не пробаме нешто друго? Мазохизам.

    Пристојност. Елегантност. Дама. Тоа е она кога додека седите во големо друштво, твојата рака случајно ќе го најде неговиот пенис, нежно ќе го гали додека не добие целосна ерекција, желен за твоите усни и твојата влажна вагина, а ти тогаш прекинуваш и си ја дополнуваш чашата со црвено вино. Го погледнуваш во очи и дрско му се насмевнуваш.

    Тајна. Скриена страст. Украдени минути, далеку од сите. Никој да не знае, само ти и јас. Изнуден секс. Сега или никогаш. Сега, па кој знае кога. И дали некогаш пак…

    Работи направени на сила. Исто како и овие зборови.

    Мислам дека се доволно како за почеток,ако сакате ќе објавувам уште :)
     
    На princessLeia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Леснотијата која води кон сите потешкотии

    Се сокри позади плитките зборови во туѓа песна,
    небаре се удави во најголемата длабочина.
    Идолот кој ја претставува цела твоја животна филозофија
    е лик од роман со кој друго име се прославило.

    Постоиш во свет каде е нормално
    успехот да ти тропне на врата
    и да не понесе низ вратата кај бесмртните
    во пижами, беднику!

    Б.П
     
    На De-lovely и Hayley им се допаѓа ова.
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Рандеву:

    Ја конзумирав месечината што пенетрираше зазорување во страстните напуштени коски во мојата каллива куќа.

    Собите во цут се појавуваат и исчезнуваат,
    нема сомнеж дека се тука
    да ги држат напуштените коски од мојата каллива куќа. И ноќта го пенетрираше својот парфем на чудните земји што се претвораат во огномет,зашиени на ѕидовите и испиени од прашината која танцува во малиот простор осветлен од мојот задоволен здив. Животот ми согорува во шкртки од пенкало, додека очите ми се впиваат во чадот од цигарите. Моите желби заробени во пајакова мрежа,
    што лебди во градската популација, додека градовите се распространети колку што гласовите се разделуваат по раскрсниците. Утрото ги скокотка распукотините на пеперутките што ги задржуваат нивните здивови за да изградат под, и клучот трепери растекувајќи се во амнезијак кој ја заклучува вратата. Дрвјата се расклопуваат, возовите се гушат во проектираните шуми во вашите срца. - Постигнувам неподвижна положба од денот на моето раѓање.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Малечок расказ за Љубовта


    Во еден малечок град, полн со болви и камени статуи, си живеела една малечка мечтателка. За неа нема многу познати зборови, ниту страници од светски библиографии. Таа си стои на балкон кога удираат громови и ги собира во тегла. Некогаш заспива на облаци и пропаѓа во глувчја дупка.
    Нејзините приказни го заспиваат светот. Се дружи со маалските мачки и има голема желба да го научи јазикот на дрвјата. Понекогаш светулките и прават друштво додека го чисти својот точак во подрумот.

    Малечка мечтателка, која секој ден расте по малку од Љубов.

    Еден ден, така, нејзиното лице доби нов израз, кога хартиеното бротче отпатува со нејзиниот љубен, далеку во една древна, стара земја. Таа не сакаше да му испраќа хартиени авиони со поздрави, туку само да му ги бакнува очите додека заспиваат. Во различни времиња, а споени на врвот на светот. Тој изгреваше, таа заоѓаше. Во зенитот, водеа Љубов.


    Традицијата вели дека таа треба да му ткае платно и во него да ги запишува своите мигови, својот свет. Да ткае реченици. Но... Кога имате игли за плетење, не ви треба волница. Ви треба само топлината на веќе создадените покривки што се направени од заедничката Љубов. И така, малата мечтателка наместо да ги користи иглите за плетење, ги претвори во стапчиња за јадење.
    Готвеше неуморно. Секој ден различни приказни, различни мириси, различни солзи, насмевки, бои, висини и низини. Мирисот патуваше далеку, далеку, се’ до кај нејзиниот љубен. Му пееше приспивни песни на небото, да прати дожд и тајфуни и да му ги намокри чевлите. Тоа сум Јас, сакаше да му каже.
    Јас ти праќам дожд. Ти праќам смеа, солзи, сиот мој живот додека сме разделени. Ги готвам деновите, правам јуфки, правам супа. Правам колачи со облик на ѕвезди и ги закачувам на нашето небо.

    Уште го чека.
    За да јадат заедно од нивниот убав свет. И расте секој ден, малата мечтателка, од Љубов.
     
    На Hipica и Hayley им се допаѓа ова.
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Песна за Тоше

    По обравче нежно
    созла врела тече
    и паѓа на гради
    ги гори ги пече.

    Солзите течат
    утежа нема а
    мама ми вели
    Господ го зема.

    Песна на Тоше
    насекаде се слуша
    а мене ме боли
    и срце и душа.

    Ангел златокрилен
    на небото тој е,
    и секогаш ќе живее
    во срцето твое!



    Бев 5то одделение кога е напишав песничкава,случајно сега е најдов и реков ај да е пишам :)
     
  10. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Се надевам дека ме гледаш секогаш кога ќе ги затвориш очите,
    зошто кога ме гледаше со отворени, посакуваше да исчезнам.

    Се надевам дека те убива тоа што не можеш да ме допреш,
    зошто кога можеше, правеше се за да избегам.

    Се надевам дека секогаш кога плачеш, ме вкусуваш мене,
    зошто секој мој бакнеж ти имаше вкус на солза.

    Се надевам дека те измачува мојата тишина,
    зошто секогаш кога зборував, пробуваше да ме замолчиш.

    Се надевам дека некогаш ќе ме видиш со некој друг,
    зошто кога ти се колнев дека нема таков, ти го измисли.

    Се надевам дека наоѓаш утеха во некоја друга,
    зошто кај мене секогаш успеваше да најдеш немир. Или да го создадеш.

    Се надевам дека надежта те јаде како грижа на совест,
    зошто кога ја кршеше мојата, не те допираше воопшто.

    Се надевам дека и ти се надеваш како мене,
    зошто надежта е почетокот на сите разочарувања.

    Се надевам дека без мене веќе ти е урнат светот,
    зошто мојот се урна со тебе. Поради тебе.

    Се надевам дека ќе престанам да се надевам,
    зошто ти започна да живееш без мене.

    А јас започнав да умирам.
     
    На zombi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Сеуште можам да ти потврдам, гледајќи во твојте црни очи. Сеуште можам да ти раскажам, како не припаѓам тука. Дека дури и да ме одведеш, каде што припаѓам, нема да се пронајдам ни таму. Јас сум душевен патник. Сеуште можам да те избркам од мојот живот, сеуште можам без тебе. Дури и кога срцето ме боли и чука се побавно и побавно. Се дури овие гради се полнат со воздух, ќе го грабам мојот живот, меланхолично или хиперактивно, важно ќе го живеам.
    А ти неможеш ни да ми го одговориш прашањето „Толку ли можеш да земеш од универзумот? Само тој мал здив? “ Излези надвор и земи силно воздух, наполни ги градите, и ако и тогаш, чувствуваш болка, знај дека Ти незнаеш да избереш што да земеш, што да почувствуваш. Овој живот нуди многу. Ние земаме малку. Ние го земаме баш лошото.. А лошото е секогаш добродојдено.
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Чекајќи те

    Соба, прашлива, задушлива,
    сцена на уште еден залуден ден,
    не дозволувам ни сонцето да влезе,
    стани, легни,стани,
    залудно,
    само го губам времето,
    а минутите се часови,
    часовите денови,
    деновите недели,
    како да поминаа години.
    Ништо не е исто разбери,
    благото е горко,
    интересното е досадно,
    смешното е монотоно,
    се е недоволно добро без тебе.
    И да ги внесам дневните дози,
    кофеин, никотин,
    доста е,
    а пак е се малку без тебе.
    Ги сакам сите луѓе околу мене,
    сепак малку за да исполни,
    да биде цело.
    И конечно молба,
    ајде дојди ми,
    пак да бидам таа ЈАС,
    а не сенка на она што би била.
    Ете така времето минува
    чекајќи те.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Денес јас и тој се гушнавме.
    По којзнае колку време.
    Не дека се немаме гушнато, ама се немаме гушнато вистински. Ги знаете оние кратки лепршави гушки само колку да се покаже почит и демек многу љубов. Е, оваа беше поинаква, оваа беше вистинска. Онаа кога некој ќе те гушне цврсто и само ќе стоите така загубени во времето и просторот. И тогаш ништо повеќе не е важно. Е таква беше оваа гушка. Мојата омилена.
    Стоевме така неколку минути, во тишината и го дишевме ладниот воздух.
    Рацете ми беа црвени како патлиџани, ме болеа белите дробови од ладниот воздух и не ги чувствував учите од ладниот ветер кој косеше се пред себе.
    Ама јас се чувствував потопло од никогаш досега. Не ми беше важно. Тој беше до мене и одеднаш, се изгуби значење.
     
    На donna.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    За С.

    За се` што е лебди во мене

    Јас би стоела во центарот на планетава,
    на највисоката планина,
    на најметежната улица,
    би стоела онаму каде сите би можеле
    да ја видат насмевката
    што ти ја создаваш, кога сакаш.

    Јас би била се што сум,
    и се што не сум.
    Јас сум се што сум,
    со тебе,до тебе.

    Со дланките над твоите,
    моето лице на твоето рамо
    а твоите дланки на моите колкови,
    со тебе каде што ти посакуваш.
    Зарем не е доволна секоја моја насмевка,
    воздишка, за да продолжиш да ми
    создаваш насмевки ?
     
    На donna.17, AnaKarenina, L-enna и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Убаво е кога врне

    (Првпат напишав наслов
    па запишувам песна)

    Нам, ни е убаво кога врне
    и можеме да пливаме во чајот
    со вкус на аронија
    и животна иронија
    оти испарува
    побрзо одошто врелите бакнежи,

    па се бориме
    да твориме
    за да оставиме чадори
    отворени кон небо
    штитници од самите себеси
    скитници од врнежливи небеси,
    за да запомниме
    дека влажноста на земјата
    е лажноста на телата
    а вистината на душата.

    Пловиме, кога ловиме
    капки од нос, па на лицето
    задржани насмевки по улици
    закрчени сообраќајни раскрсници
    и испотени изморени патници.

    Убаво е кога врне
    оти тогаш одново се раѓаме
    во сета смелост на студот
    кога нежно
    капка по капка паѓаме.
     
    На NoellePage, BeYourself, srcka2002 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    And as for you...

    It's something I've buried too deep within
    only so I would forget it exists.

    I remember there was a storm,
    or your voice,
    no sign of your eyes,
    not even your scent.
    Blackness,
    no matter if from the depth
    or was I blind in the hole?

    All I know is, surely, I was deaf
    to the harmonies of our being.
    But yet, I could hear you say "You lie!"
    it's infinite,
    it still sounds so much like you.

    Unable to decide whether to walk or fly
    -so you're stuck,
    screaming and begging
    to go back,
    because even in the puddle of your pride
    you know I've always done you right.
    And, was it me who talked back?
    Because I stood up for you instead for myself.

    What to speak of, I don't know,
    it no longer exists.
     
    На honorthyself и L-enna им се допаѓа ова.
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Пусто

    Пусто е без нас на улиците.
    Пусти се гранките на дрвјата и копнеет по нова пролет.
    Пусти се нивите по жетвата.
    Пусти се жиците без ластовиците и желни повторно да се будат со песна.
    Пусто е небото без сонце, сиво и безлично
    Пуст е просторот кој го направивме меѓу нас.
    Пусто како утроба без посакуван плод.
    Пусто како безнадежен поглед.
    Пусто е...
    Додека дрвјата ја чекаат пролетта, нивите-посевот...
    Ние сме сами, далечни... И пусти како пустина…
     
    На donna.17, De-lovely и tweety26 им се допаѓа ова.
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Недостиг!
    Ми недостига твојот топол поглед
    твојот цврст стисок за мојата рака,
    ми недостига сјајот на најубавите сини очи
    и храброста која ја чувствував да им кажам те сакам.
    Ми недостига една силна прегратка во лет
    и сите украдени бакнежи.
    Толку нешта ми недостигаат...
    Тебе те нема да ми ги дадеш...
    Ми недостигаат најдолгите телефонски разговори
    и сите тајни откриени,
    ми недостига бегањето од сите
    и нашето лудо кратко патување.
    Ми недостига рамото на кое се потпирав
    и смеењето од срце,
    ми недостига таа пролет
    и мирисот на лаванда од нашето дрво.
    Тоа за мене беа најсреќни денови,
    ми недостигаат тие мигови.
    Ми недостигаш ти...
    единствениот кој успеа да ми го промени целосно животот.
     
    На De-lovely и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  19. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Зарем фер е,
    животот го минуваш зборејќи за правда,
    за нас, нашата еднаквост,
    и за тоа колку си фер,
    а ги оставаш несреќниците да гнијат
    некаде во длабочината
    каде што ги натера да пропаднат.
    Слушаш врескаат,
    “Не е фер, не е фер, НЕ Е ФЕР!’’
    А се смееш,
    толку плитко и површно
    што ни милиметар кубен не се потопува.
    Зарем е фер
    да редиш лаги за поимот фер?
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Брзање

    Кога случајно
    ќе прочитам
    љубов на улица
    или во споените дланки
    на двајца што шетаат
    и гледам
    како тој и ја допира нежно раката
    или и ја става својата на половината
    се смешкам,

    и си велам
    има приказни што вреди да се видат
    да се напише за нив збор, два
    да не се заборава
    како Љубовта царува по улици
    се тркала како есенските костени
    се мириса како ланските спомени:
    циметпортокалколеделедеситнипаричкииоган

    А времето минува
    во брзање
    истурени сметки пред влезот
    изгубени клучеви од точаци
    недојадени појадоци
    ненапишани семинарски и дипломски
    а се’ е во брзање.
    И љубовта е како инстант супа
    кратко загрева и заминува

    па завршува
    како скромен тивок разговор
    меѓу пензионерот и сосетката
    (и двајцата без партнерот)
    и зародишот на среќата.

    И си велам
    Секаде има по нешто
    што се крие од нас
    а јасно осветлува погледи
    а ние, итаме забрзани
    задишани и остарени
    наместо
    со обичен лист есенски
    да си ја накитиме душата.
    Награда
    Зошто сме виделе
    Допреле
    Љубов.

    И си се смешкам...
     
    На De-lovely, L-enna, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.