Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Не знаеш што сакаш..
    Мене ли најде да ме мачиш?
    Ти, со твојата несигурност и нестабилност,
    проклета недостапност.
    Секој чекор испреплетен
    со прекумерно самољубие
    и неблагодарност кон подлогата.
    Затоа што, нели,
    ти и непослушноста
    никаде навистина не постоите.

    Ми недостига шармот во твојот поглед
    кај што жедува и гладува да биде возвратен.
    И беше...
    со толку љубов и восхит што не веруваше
    а бараше повеќе
    и повторно
    Затоа што...
    дали знаеш што е тоа нешто што храни его?

    Со румени образи, јаболчиња
    и очи поцрни од темнината..
    колку срца ли запре?
    Да, да!
    Единствено го нахранив моето задоволство!

    Среде ноќ ме будиш, знаеш?

    И педесет години нека минат,
    јас пак ќе ги читам
    ситните букви на твојот здив;
    секое вдишување и издишување.
    Постоиш.
    И тоа е доволно...

    А,
    ми недостигаш
    само затоа што не знам
    зошто те немам.
     
    На Divinebutterfly, De-lovely, honorthyself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Прекрасен свет

    Неделива сенка, неизбежен страв,
    звук на тапи чекори во извештачена темнина,
    одбележани лисја во исчезнување од ѓонови
    на нечии чевли.
    Стихови проследени со прашања
    за разочарување и волја,
    горчливата иронија во беспомошноста
    со надеж за излез од
    играта со правила вградени во нашиот систем,
    слепа верба во храбрите кои одбиваат да играат
    по правила кои заборавиле дека ги немаат заборавено.
    Контрастот помеѓу надежта и апсурдноста,
    противречноста помеѓу одразот во огледалото
    и нашата субјективна перцепција,
    разновидноста на невистините под маска.
    Зарем не убедуваат и принудуваат?
    Мамат, лажат!
    Очи со заматен вид и души со дупки,
    отсуство на прифатлива вистина, многу векови.
    Никогаш над границата е проклетството
    на оние кои мислат дека знаат за
    несомнителни празнини во меморијата,
    часовници - измамници
    И еден прекрасен свет.

    Б.П
     

    Прикачени фајлови:

    На De-lovely и Hayley им се допаѓа ова.
  3. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Cura sa plave oci...

    Sjecas li se na curu
    sa plave oci
    koja je za tebe
    plakala u noci?

    Sjecas li se na curu
    sa plave oci
    koja zivot bi dala
    da je nazoves „moja mala“?

    Sjecas li se na curu
    sa plave oci
    koja je mislila
    da bez nje neces moci?

    Sjecas li se na curu
    sa plave oci
    koja te je volela
    vise od svega?
     
  4. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Лажго

    Капките дожд
    се тркалаа по моето лице,
    а заедно со нив
    и болните солзи.

    Сите брзаа некаде,
    сите со чадори,
    а јас изгубена
    во моите мисли.

    Ме сакаше ли?
    Се прашувам...
    Ако одговорот е „да“
    како што ми велеше,
    тогаш зошто ме повреди?
    Зарем и јас бев една од твоите девојки?
    Ме излажа...
    Ми велеше „единствена моја“,
    а уште колку такви
    „единствени“ си имал ти.
    Во овој пеколен час,
    знај дека се заврши меѓу нас.
     
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.082
    Пол:
    Женски
    Го најдов случајно низ компјутер. Долго е, нема смисла, не знам ни кога сум го напишала. Ама ако, читајте си, ако воопшто некој прочита.
    Намерно го ставив во спојлер.

    Понеделник
    Ме разбуди алармот во 7: 15 наутро, како и секое обично утро. Не знам зошто го имам тоа чудно чувство во мене, се шири низ моето тело, расте, ме задушува. Едвај дишам. Имам напад на паника, или барем така мислам. Сакам да го дефинирам така, иако никогаш не сум се консултирала со доктор. Можно ли е воопшто да имам напад на паника толку рано?
    Но ова утро има и уште нешто покрај тој вообичаен напад на паника. Параноја. Слушам чекори низ ходникот. Не, не е можно. Живеам сама, немам ни соседи, становите до мојот не се населени. Ама сигурна сум дека се чекори. Сега и слушам нечиј глас. Вриштам. Зошто вриштам? Ништо не се случува, нема никој надвор, не слушам гласови.
    Морам да се средам малку, не може вака. Ама нозете ми се претешки за да ги поместам од креветот, а и се уште сум поспана. Се тресам. Ми студи малку, а во исто време се препотувам.
    Треба да станам. Ме чека напорен ден, милион обврски, а сепак во моментов се ми изгледа неважно. И цртежите, и понудите, и станот што не е готов. Можеби денес воопшто нема да ја напуштам собава. Можеби никој нема ни да се сети на мене и ќе останам тука додека не се стемни. А тогаш пак ќе си легнам да спијам, и утре се ќе биде подобро.
    Потоа се сетив. Нема ништо необично за овој ден. Секое утро се будам со надеж дека можеби денес ќе биде поинаку, и секогаш е исто.
    Станувам од креветот и погледнувам наоколу. Хаос. Алишта расфрлани низ собата, листови насекаде на бирото и околу него и остатоците од вчерашната вечера на наткасната. Решив да го игнорирам хаосот, како и вообичаено, и само застанав пред огледалото.
    Косата ми паѓаше врз градите и ги затскирваше. Зошто воопшто бев гола?
    Изгледав ужасно. Решив да потрошам доволно време утрово и да изгледам барем прифатливо за контакт со луѓе.
    Вчерашната шминка е се уште на мене. Размачкана, не изгледа ни блиску до тоа што изгледаше вчера. Не можам да си го гледам одразот во огледалото, можеби ако се истуширам ќе биде подобро.
    Ладно е. Не сфаќам зошто, летото е одамна започнато. Кој месец е? Збунета сум. Не сакам да размислувам.
    Влегувам во купатилото и седнувам во кадата.
    Здогледав кутија цигари на подот. Цигари имаше насекаде низ станот, луѓето што доаѓаа секогаш ги забораваа. Се обидов да се сетам кога си отидоа вчера сите, но не ми успеа. Веројатно пред 2 или 3 часа.
    Чадот од цигарата малку ме рассони. Ја пуштив чешмата и легнав, чекајќи да се наполни кадата. Погледнав наоколу, и видов нечија долна облека. Ништо веќе не ме изненадува во станов, којзнае што ќе најдам во дневната. Се навикнав да не се сеќавам на претходната вечер, со денови ми се случува истото.
    Ана ми кажа дека не треба да пијам толку.
    Не ја разбирам ни неа, нејзината филозофија на животот беше дека еднаш се живее и секој момент треба да се искористи правилно. Сега ме убедува да не пијам. И да внимавам на здравјето.
    Одамна не сум ја видела неа, ми недостасува малку. Таа не сака да биде дел од ноќите без спиење, ама затоа полни со алкохол, дрога и секс.
    Кадата се наполни, и без воопшто да размислам зошто, ја фрлив цигарата во водата. Што правам?
    Земав шампон и почнав да ја мијам долгата коса, и сфатив дека рацете ми се тресат повеќе од што би требало. Што се внесов во организмот вчера? Храна сигурно не.
    Ана ми се лутеше кога не јадев. Сега Ана ја нема, а јас не сум во состојба на донесувам правилни одлуки. Можеби треба да и се јавам, ако ништо друго, барем ќе ми даде некое чувство на сигурност.
    Дали да ставам регенератор на косата? И онака е во ужасна состојба, а јас имам уште малку време за да ја направам мојата маска за пред другите луѓе, тие кои не ми беа доволно блиски за да знаат дека нешто ми се случува.
    Се избањав и тргнав накај собата. Водата се цеди од моето тело, заборавив да земам пешкир. Сеедно.
    Започнав со процесот на спремање, и во 8 и 30 веќе бев готова.
    Косата ми е совршено сплетена, слоевите пудра и коректор изгледаат природно, сенката и тушот се нанесени без ниту една грешка. Облеков облека за која имам платено многу повеќе од просечната плата во државава, и ги закопчив сандалите, со штикла над 10 сантиметри.
    Се погледнувам повторно во огледало, само што овојпат сум задоволна со тоа што го гледам. Изгледам одлично. Посакувам и да се чувствував така.












    Дали на работа сите ме гледаат чудно?
    Се плашам дека некој ќе забележи.
    Решавам денес сепак контактите со луѓе да ги сведам на минимум, така е најдобро. Се затворам во канцеларија и ја заклучувам вратата.
    Се уште сум убедена дека не сум сама, чувствувам нечие присуство во канцеларијата. Не, нема никој тука. Ако провеврам под бирото ќе најдам само прашина. Зошто проверувам под бирото?
    Сама сум.
    Малку посмирена, си правам кафе во кафематот. Немам поим што би правела денес, не можам да се сконцентрирам на ништо, а толку работи ми поминуваат низ глава. Ми се врти, гледам заматено секојпат кога нагло ќе се поместам.
    Наоѓам кутија со цигари во фиоката и палам една. Ми е гајле што не смее да се пуши тука, никој не може да ми забрани.
    Цигарата е лоша идеја, ми стана полошо, и ми се врти се повеќе. Всушност, не можам ни да гледам сега воопшто, освен некои матни сенки околу мене. Се навалувам на столот. Добро сум, ќе помине, ќе помине.
    Ми се повраќа.
    Немам што да повраќам.
    Не знам колку време останав така.
    Некој чука на вратата. Страв ми е да отворам и се препотувам, а единствено нешто на што можам да помислам е дека ќе ми се размачка шминката.
     
    На fear, tea4e, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Во главата секогаш имаме едно гласче,
    мене ми вели,
    навиката секогаш те води,
    се тешела ти поинаку или не,
    но еднаш дива, нескротлива,
    не можат да те заврзат,
    навикната или не.
    Ќе се вратиш на старото.
    Ќе те влече широчината,
    во срцето празнината.
    Да живееш во болка,
    за да можеш да твориш,
    не за друго.
    Да се реди стих по стих,
    дури го чувствуваш ветрот,
    дури знаеш нема ланци да те тргнат,
    да те задават секојпат кога подалеку отидеш,
    како кучето во на соседот дворот.
    И кога вратничето на кафезот ќе го најдеш отворено,
    нема да стоиш,
    да се двоумиш,
    го знаеш тоа.
    Ќе летнеш.
    И тоа го знаеш.
    Нема да се грижиш за тоа што останало назад,
    немало да го остават вратничето ако толку
    те мислеле нели?
    Ете изговор.
    Слободна...
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mirindaa

    mirindaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    26
    Имам состав од половина тетратка .. Ако некој успее да го напише , секоја чест :P
     
  8. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Сестра

    Ако среќата има име,
    се вика Андријана.
    Мојата сестра,
    злато, убавица права.
    Низ животов
    топлина, светлина зрак,
    и каде и мојата Анче да оди,
    кај мене се враќа пак.
    Ме гледа со очи
    најубави, милозливи, блескави.
    Ме сака со сето срце,
    чувства нераскинливи, бескрајни.
    Нејзините зборови
    се како бисери,
    на грло дијамантски ѓердани.
    Нејзината насмевка
    е ангелска, ме топи
    небаре шеќер сум,
    ставен во вода.
    Сестра ми е синоним
    за искреност, ум и слобода.
    Таа живее за моментот,
    таа љуби со срце цело.
    Нејзините совети чуда прават,
    ме тераат да знам дека вредело,
    што таа е тука, што можам
    да ја гледам и слушам.
    Да и ги гледам русите коси,
    румените образи, зелените очи.
    Што можам да ја гушкам и сакам,
    што имам уште една топла рака,
    што мислам дека ги допирам облаците,
    кога таа е тука,
    што имам сестра,
    за добро и лошо, прекор и поука.
    Ана, те сака малата крофна,
    за најдобра сестра имаш трофеј!
    Хм, поетскава душа само сестра си мора да ја слуша.. :D :wasntme:
    пс: имам строг копирајт на творбите! :rofl:
     
  9. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Сама, седам сама во оваа просторија..
    повторно моето срце те повикува,
    не знам дали е тоа добро...
    се мислам, се прашувам,
    зошто после се пак на тебе мислам
    зошто морам да се сеќавам на тебе секој ден,
    зошто мора да чувствувам болка во моето срце,
    да копнеам по тебе...

    Зошто толку спомени...
    зошто толку зборови искажани..
    но најмногу од се се прашувам зошто сеуште има љубов?

    Исто така се прашувам зошто си мојата прва мисла кога ке се разбудам
    и последната пред да заспијам..
    ги лажам сите дека не мислам на тебе, дека те заборавив
    но најмногу боли што самата не можам да се излажам
    да, мислам на тебе... мислам на секој поминат ден со тебе..
    на секој твој збор, на секој твој бакнеж..

    Го чекам денот кога оваа болка од моето срце ќе излезе...
    го чекам денот кога ќе можам да те погледам без да почувствувам ни малку љубов..
    го чекам денот кога ќе можам да се разбудам а да не помислам на тебе..
    или пак можеби го чекам денот кога ти повторно ќе бидеш со мене..
    -најболното прашање... што чекам.. ?
     
  10. Miss-Sinner

    Miss-Sinner Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    14
    Не го сакам ова чувство ..

    Мислев исчезна некаде во празнината на мојата душа ..

    Да, во празнината која ти ми ја остави, после тебе се остана празно и безцелно ..

    Мислев не ми требаш, имаше денови кога се чувствував одлично и помислував на тебе,

    но со помислата дека веќе сум те преболела.

    Почнаа веќе и спомените да не ме болат, но тоа само на некој ден ...

    Мислев поминало веќе се, ти по својот пат, а јас по мојот.

    Но, некој од нас тапка во место, а можеби и двајцата.

    Јас останав да живеам во моите соништа, а ти ги живееш твоите соништа, со друга покрај тебе и премногу блиску до мене.

    Боли таа твоја близина, боли тоа што се заврши како што и започна, со погледи ..

    Порано ја барав твојата близина макар и само да те гледам, а сега сваќам дека и тоа ми е малку ..

    Ми ги разорува вените, како силен отров ми струи низ телото, ми ја гребе душата секој нејзин допир, секоја нејзина насмевка, ме боли тоа што таа ја има мојата среќа.

    Ме боли тоа што не си мој, и никогаш и не си бил.

    А јас на пати бев твоја, сеуште сум и веројатно ќе бидам..

    Не си дозволувам уште еден како тебе да ми се случи, а и не верувам дека некој би те заменил.

    И болат сите погледи, и двајцата не знаеме што секој од нас крие ..

    Го одолговлекуваме крајот, иако веќе одамна се е завршено, иако можеби никогаш и ништо не започнало ..

    Или можеби има нешто посилно од се ..

    Посилно од дргиот до мене, од другата до тебе ..

    И го мразам тоа чувство, мислев веќе не постои ..

    Но кого залажувам ...

    Јас сеуште те сакам, и понекогаш навистина го мразам тоа.
     
  11. kalimero0

    kalimero0 Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Уморно правам уште еден чекор. Кон ништото.Чекорам без цел, онака, колку да не се губи смислата на животот. Ги здивнувам сите болки и страдања и уморна застанувам на прагот на уште една година. Тече животот, минуваат годините. А јас не чувствувам. Минува покрај мене како воз од кој ми маваат рака и среќата и љубовта. Го пропуштив тој воз. Се качив јас на последниот, влечејки ги со мене сите тешкотии и несреќи.Повторно.Кон уште една година. Се гледаме со животот. Очи во очи. И молчиме. Двајца странци, непознати. Доцна е да се почне одново. Се раѓаме еднаш, и умираме еднаш. А родени сме, нема назад. И сега ја чекаме смртта. А целта,тоа ли е? Го тегнам животот како леплива смола влечејки го низ моиве изминати години. И ќе го влечам, уште многу. Кога ќе пронајдам цел во животот, или не.. Сеедно. А студен е декември. И студено ми е срцето, замрзнато во челични мразулци, чука, за да живее...една личност. Уморно го правам следниот чекор, топејки се како снегулка на подмрзната земја. А декември е.

    :)
     
    На kate-pp, simpaticnaa и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Утрово за првпат во животот ме разбуди крцкањето на непцата на ѕидовите од мојата соба.

    Тие неуморно грицкаа остатоци од ноќта во кои никој не љубел никого, и се бореа да зграбат што повеќе од истите за да имаат сила и да го издржат променливото есенско време.

    На врвките на чизмите ми се лепеа кревки осврти кои создаваа збиена панделка со јазол кој наликуваше на невино гомце од пиленце или глувче.

    Нормално, бидејќи беа кафени.

    Си ги мразев кафените полу-гумени чизми со просечен ѓон од некоја премногу сакачка причина, и ми пречеа на еден воопшто незабележителен начин кој само јас го разбирав.



    Мојот часовник, кој беше на диета, од аналоген кружен и обесен на ѕидот, се претвори во дигитални бројчиња кои ми отчукуваа во главата, и јадеа од себе, па така наместо во дванаесет и триесет, мојот автобус се навести во дванаесет и немав време да ја исправам разбушавената коса.

    Ја замотав околу една шнола и внимателно ја збуткав помеѓу нејзините запци, спремна да тргнам.

    Стоејќи и чекајќи го автобусот, сигурно размислував за безброј, безброј работи кои сега веќе ги заборавив, и на кои најверојатно веќе никогаш нема да се сетам.

    Од кога ги видов сите оние кои не сакав воопшто да ги видам, си седнав на седиштето во автобусот и мирно набљудував пред мене.

    Тука седеа еден маж и една жена. Тој слабичок, со голем, остар получпртав нос, а таа - дебела, со мрсна коса и усни што ја кршеа сета симетрија на просторот. Се гушкаа толку заљубено што душата ми се топлеше и посакав да бидам толку дебела што ќе ме сакаат сите цефчиња на светот.



    Одминувавме дрвја, брегови покрај Вардар, кучиња, рибари, овчари, јата со птици.

    И тука имаше нешта кои требаше да ги запаметам но сега најверојатно не се ни сеќавам на нив.



    Е, кога се симнав на местото до кое патував, како и секогаш - истото ме разголе.

    Преку сета облека, кожа, коски, крв и циркулација на астероиди во моите ноздри, стоев збунето и откриено со сите мои тајни како најголем грешник пред љубопитните минувачи.

    Се прашував дали е поради тоа што сум метро и пеесет, или можеби затоа што косата ми има боја на морков, или поради тоа што имам чудни чизми со јазол како гомце од птица или глушец.

    Потоа сфатив - јас над главата морам да имам некаков ореол кој виси и свети и сите гледаат во него.

    Мора да е тоа она поради кое сите ме гледаат така чудно.

    А толку многу посакував да бидам незабележителна. Дури и се трудев.



    Си купив лимонада, седнав на клупата во централниот парк и посакав да прочитам некој пасус од книгата-ама немав храброст.

    Овде никој не чита книги - сфатив од кога се поразвртев наоколу и видов куп парови кои се гушкаат и се лигават, чудни манијаци, напиздени сељандури кои зјапаат во некого и бесрамно дофрлуваат.

    Немав причина да седам тука. Немав причина ни да станам. Останав уште некое време, потоа станав, си ја земав лимонадата и тркнав до еден бутик во близина - да видам што има.

    Видов работи што навидум беа одлични, прекрасни - но кога требаше да ги зближам со мене, на мене личеа како вреќи за спиење, а јас во нив како компир со гради.



    Се откажав и од оваа намера, и решив да одам и да ја завршам денешната обврска. Од како го направив тоа, иако знам дека беше најмалку важно, отидов и ги сретнав очите што кога од земјата ќе погледнеа во моите очи, беа како две совршено синхронизирани изгрејсонца што се топеа во контрастите на приквечерината, а кога ќе погледнеа повторно во земјата, сакав да згаснам со нив. - Ова вредеше да се запамети.





    И кога повторно се вратив да го фатам наредниот автобус, сите луѓе чудно ме гледаа.

    И сфатив - повторно ореолот ми виси над главата.

    Мора многу силно да свети.

    Сигурно не ми одговара со гомцето на смотаните забегани чизми.

    Но ниту гомцето на смотаните забегани чизми не одговараше со нив.



    Одеднаш, градот се претвори во ореол, јас се претворив во јазолчето во форма на гомце, а телото кое го балансираше сето тоа сосема исчезна.

    Онака, незабележително, како што сакам да исчезнам и јас еден ден, кога ќе ги изгладнам ѕидовите бидејќи силно ќе љубам, и ќе им докажам на автобусите дека не сите постојат за да почитуваат одреден термин.

    Некои од нив продаваат сладолед, некои од нив воопшто не ни постојат...
     
    На kate-pp му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Би сакала да се искачам на највисоката што постои карпа и од таму да те фрлам...
    :wasntme: како лубеница која ми паѓа од раце, да те скршам. Да те преполовам на милион парчиња, како кога стакло се крши...
    Сакам да се викам „Замрзнувач“, да те замрзнам засекогаш. Да ме напуштиш како кога си ме земал в прегратка.
    Ти... „осаменост“ моја која никогаш не помислував дека ќе станам твоја...
    Остави ме побогу! :^)
    ...( Моментално измислено ) :lol:
     
  14. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Постојам за еден момент. Моментот, кога нашите погледи ќе се спојат. На чудесен начин додаваш магична боја во се што ќе прострелаш со твоите очи, потемни и од ноќ без месечина. Живеам, за моментот кога ќе ме обоиш, кога денот од сив, го правиш пошарен и од виножитото над езерото што често го сонуваш. И ги љубам моментите кога тој топол поглед застанува во моите еднолични, сиви очи што раѓаат само празен, тажен поглед. И нив сакаш да ги обоиш? Доволно е што ми ги боиш сништата, бар тие не се сиви повеќе.. Не сакам, не сакам ништо друго од тебе, несакам ниту да замислувам, затоа што вечно ќе мечтаам.
    Знам, ќе останеш желба неостварена, ќе останеш љубов огромна, платонска. Пак би рекла – живот. Никогаш не се знае до крајот. Можеби некогаш ќе го дочекам моментот кога ќе нурнам во твојата прегратка, ќе го почувствувам ритамот на твоето срце што чука за некоја среќничка, ќе го почувствувам мирисот на твојата кожа. Бар за момент, кој за мене ќе заврши кога ќе ја испуштам последната воздишка. И тоа е премногу, иако е само плод на мојата имагинација. Но далеку некаде, ќе постоиме јас и ти. Длабоко закопани, мртви, во песокот на дното од срцево. Ти незнаеш и несакам да дознаеш. Не треба да дознаеш. Ти само треба да додадеш боја во сето сивило околу.
    Знам дека си среќен. И биди. Засекогаш.
     
    На kate-pp и Hayley им се допаѓа ова.
  15. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Ноќта паѓа побрзо на зима. Побрзо и од снегот. А и тој не е ништо побрз.
    Залутал некаде каде што не му е место и тоа е толку очигледно. Се вртат глави, де лево, де десно, чисто колку да не се издадат дека зјапаат во него. А, да не, е невозможно. Највисок во толпата и како само на него да паѓа ретката месечева светлина. Ликот непобедлив, погледот моќен, а образите задржале толку топлина што никој не би ни претпоставил дека светот е надвладеен од зимата. Или е дел од неа, или е отпорен на неа. Во било кој случај, тој е супериорен.
    Сепак, секој си има сопствен живот, нечиј со повеќе обврски отколку туѓиот, па сите заборавија на него и си продолжија вообичаено.
    А пак тој беше навикнат на внимание, посебно кога е далеку од дома. И така, продолжи да се приближува до својата цел.
    Најпрво морам да напоменам дека човек со толку важна цел мора да има концентрација во секој момент и да се подготвен ама на баш се. Никако не смее да се случи да заборави дека е над сите, затоа што навистина е. Но, после толкав пат, нема кој не би сакал да одмори.
    Така, тој седна на една клупа малку после полноќ и си вети дека ќе одмара само еден час.
    Тогаш таа се материјализира од зад сенките и седна покрај него. Ја викаа зимската вештерка. Во секој случај, таа не беше вештерка, туку само девојка која што веруваше во, за другите, невозможни работи. Таа толку силно веруваше што го напушти својот дом и тргна да трага по нив.
    Ни тој, а ни таа, не знаеа дека штотуку започнаа смртоносен натпревар. Во секој натпревар има само еден победник, најверојатно тој со повеќе предности и среќа. Тој знаеше, а таа веруваше во постоењто на тоа што за другите беше мит. Друг мит беше дека вербата го победува знаењето. А трет дека двајца можат да соработуваат.
    Седејќи, разговараа за најразлични работи. Како и да е, ниеден не зборуваше за долгиот пат кон целта, па не ни дознаа дека им е заедничка.
    Се збогуваа, па двајцата се упатија на различни правци.
    Таа го знаеше пократкиот, но тој беше побрз. Се разбира дека повторно се сретнаа. Тој, и онака побрз, го подигна предметот и не сакаше борба, па со трчање се упати што е можно подалеку од неа.
    Можеби не беше вештерка и зимата воопшто не ја сакаше, ама таа сепак остави некоја ладна магија во него.
    Тој во рацете ја држеше љубовта, а со тоа што таа не се откажа, ниту пак тргна по него да му ја земе, таа ја совлада добрината. Зрачеше со неа, па сега повеќе не беше зимската вештерка, туку другите почнаа да го гледаат, за прв пат, нејзиниот вистински лик.
    Минаа години кога повторно се сретнаа.
    Тој, не најде начин како да ја расее љубовта во неговиот свет, а ја имаше. Таа сеуште зрачеше, толку многу што за малку не го заслепи. Без да и рече збор, ја извади кутијата од џеб и и ја подаде. Таа со насмевка ја прифати и го направи тоа што тој никогаш не успеа - ја отвори. Ја извади содржината и ја подели на два дела. Таа беше добра, па почна својот дел да го дели на повеќе, ама тој ништо не знаеше за добрината па себично го проголта своиот дел.
    Така, тој нејзе себично ја сакаше и немаше ништо посилно од неговата љубов.
    А таа, таа однесе по едно делче од љубовта и од својата доврина и во двата нивни света, па сите имаа малку љубов, а и малку добрина.
    Живееја заедно многу, многу векови.
    Тој среќен, таа посреќна.
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Fifties

    Што е тоа кај љубовта што на моменти те прави како да си птица во висок лет,како златото на крајот на виножитото а пак на други моменти како пропаднат наркос или пак беден бездомник?
    Како е возможно еден човек да ти го направи животот најсреќен за момент и да те срози од земја во друг?
    Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи?!
    Што е тоа во солзите кога откога ќе се исплачеш ти е подобро?
    Зар постои нешто наречено љубов на прв поглед?
    Или е само дел од тие стари романтични филмови со Грејс Кели како грациозна госпоѓа и нејзиниот партнер,џентлмен со храбро срце и мека душа?
    Ех,колку би сакала јас да сум таа Грејс Кели,покрај себеси да имам џентлмен,човек со срце на лав и душа на кротка срна.Колку би сакала цел живот да ми е како една романтична комедија,еден романтичен филм од пеесетите полн со гламур,смеа,забава и безгрижност.Шампањ,Шанел,Есте Лаудер и Френк Синатра.

    Или пример за момент само да ја оживеам таа реченица "Како на филм" во вистина...само за момент.
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jeremiel

    Jeremiel Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    "Будилникот"

    Сосема ново сознание ме разбуди од долгиот напорен сон . Веќе и незнам колку време спиев , незнам ни колку ноќи минаа и колку денови бесцелно се провлекоа низ дупката на времето , дали сонцето изгревало секое утро или пак некое можеби и заборавало понекогаш и незнам дали реалноста и сонот се здружиле против мене и заковале некој таен заговор за кој никој не знае и само јас ете морав да ја живеам таа казна . Иако незнам , немам ни најмала идеа за почетокот , а камоли за содржината на оваа загатка , веќе не ми е ни грижа , веќе и ништо од сето тоа не важно , веќе ништо не важно . Она кое сега ми одекнува во мене како силен тропот на срцето кога е возбудено е сознанието дека се разбудив , дека сето она кое го оставив на перницата и истутканиот кревет ќе остане таму , дека сите тие чуства кои ми ја боеа душата во бескрајно црнило останаа залепени за чаршафите како валкана крв и никогаш повеќе нема да владеат .
    А на оваа страна на постоењето е навистина прекрасно страшно . Силни зраци на сонцето ме голицкаат по белата невидлива кожа која во секој момент се повеќе потемнува и се здебелува , очите се подзатвораат од светлината и ја менуваат бојата , како и тие ете да полека се привикнуваат , добиваат и тие боја , жолта боја на живоста , на постоењето . Нови некои звуци ја исполнуваат тишината , како ветер поминуваат низ пајажината од ништило и ја кинат нежно , дури неприметно , тоа се звуците на животот , на реалноста , на будноста . Има тука многу кои не ги распознавам , та нели сега се разбудив , но некои никогаш не се забораваат , како птиците , како тажните песни и убавите стихови , како неговиот глас . Онај глас кој го исполнувата телото како вода жедното цвеќе , онај глас кој ја избојува душата како виножито темен зимски ден , гласот на саканиот човек .
    Во овој свет се е во боја , буквално секој предмет , секоја соба , секоја улица , секој човек има своја боја . Чудно ми е , некои ги знам онака напамет , не знам кои се и што значат , но знам како се викаат . Полека ги набљудувам сите , ги учам нивните особини и содржини , гу учам причинско последичните врски и нивната поврзаност со емоциите . Дали црната секогаш значи тага , дали белата е бојата на среќата и дали онаа црвената е без исклучок бојата на љубовта . Потоа и други нешта прочував дали оние кои се во потрага по таа боја , упорно ја носат , се китат со таа боја , облекуваат нешта кои се надеваат дека ќе ги обојат и одвнатре и така ќе ја пополнат страшната празнина во себе , така ќе се утешат и ќе можат да барем продолжат да талкаат ... Дали оние кое се обвиткуваат во црно , ја бараат болката ,од неа се хранат од неа живеат . Оние пак кои ја преферираат белата , ја бараат светлината , среќата , бараат бескрајна детска среќа која никогаш не завршува . Или оние на кои им треба плавата , кои ја бараат слободата , дали тие успеваат барем на миг да се чуствиваат слободни , дали ? Ако е така , сега гледам зошто мојот свет беше црно бел , сега гледам и разбирам се , сваќам дека двобоие завладеало со мојата душа и како шаховска табла моите емоции одат од белите на црните полиња и се така до бескрај . Но , ете сега кога сум будна и ги научив боите гледам дека играта е завршена , вечноста стана смртна и мојот свет доби боја . Најважната беше неговата боја , најпотеребна ми беше таа , таа ми го стопли постоењето и ми ја запре агонијата , таа ме врати во живот , токму таа-неговата црвена боја .
    Во овај свет има многу лица , некои се скриени , некои пак на површина , некои се наместени и иссилени , некои несвесни и неконтролирани . За сенешто ни служат тие , за одбрана , за заштина , за нансување болка , за маскирање ...одберете сами . Некои ме плашат , други пак ми се згадуваат , трети ме смеат , четврти ме измачуваат , ви велам многу лица има има в о овај свет и тешка лекција е да ги научите.Најтешката од сите е да знаете како да се справувате , како да се однесувате , како да се заштитите .
    Но тој има илјада лица , има безброј ликови кои дури и немаат крај , неможеш да ги запознаеш и дознаеш , неможеш да ги научиш , неможеш да се заштитиш . Тие лица можат да ја осветлат било која соба како ден , можат да ти јго распеат секојдневието , можат да те вивнат до небесата и таму да лебдиш во облаците како птица . Тие лица можат да ја стемнат и најтемната ноќ , можат да ти нанесат болка пооштра од најостар нож , можат да го збунат и најлогичниот ум . Но не важно кое од нив и да е , сите бескрајно ме сакаат .. а јас ете неможам а да не ги сакам сите . Тие се понекогаш и причината за моето постоење , тие ме водат како брод разбрануваното море во предели непознати и мистични , во мојот и неговиот свет .


    Најважно е дека јас се разбудив , дека мојот пријател е сега реалноста и дека илузиите ги затворив во ковчегот на минатите животи .
    Најважно е што јас и мојот будилник можеме сега до вечноста и назад и понекогаш се прашувам дали и таа ќе ни биде доволна .
     
  18. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Empty simplicity

    Парното веќе одамна изгасна
    ја полнам кадата со жешка вода
    и уживам во шокот
    при усогласување на температурите.

    Повторно додавам гас,
    задавам последен обид
    за судир со нешто вистинско -
    губам чувство за сопствените
    поседувања.
    А што може да поседува еден роб
    кој сам по себе преставува
    туѓо поседување?

    Ја пуштам водата до крај
    протестирам против залагање
    за иднината на нашите потомци,
    се уште заостанувам со
    проучување на сопствените
    непромислени постапки
    од сегашното минато.

    Веќе тонам кон таванот
    (дом на бездомни пајаци)
    сведочам за соединувањето
    на душата на моето црнило од
    лажна боја за коса со син сјај,
    вчерашен креон и засушена маскара,
    лак на ноктите и кал под нив,
    - со архе.

    Директен судир во успорена снимка е
    совршенство.

    Сообраќаец бара да застанам,
    некој ја одзатнува кадата.
    Таванот е повторно горе, далеку,
    непромислен сон ми ја тргна
    маската, заштитник.
    Речиси заборавив на мојата
    празна едноставност.

    Б.П.
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Блескаа се додека не згаснаа

    Блескаа.
    Блескаа како сонцето што сјае.
    Блескаа како сјајот на нејзиното лице.
    Блескаше твојата насмевка
    која го правеше денот побогат и поубав.
    Твоето срце.
    Твоето срце беше исполнето со радост,добрина.
    Премногу невино да заталка низ темнина.
    Твоите раце.
    Твоите раце беа широко отворени за секого.
    Во некој миг ние ги затворавме нашите
    немислејќи дека она што свети-згаснува.
    Широко ги отвори рацете но очите не.
    Повеќе не.
    Твоите очи,срце,насмевка,раце
    те сочинуваа тебе.
    Те направија личност која не заслужи да згасне.
    Но дали во еден момент помисли за назад?
    Дали се обиде?
    Во твоите очи имаше светлина се додека не згаснаа.
    Кога веќе згаснаа се беше залудно.
    Беше толку близу-а толку далеку!
    Толку си далеку-но толку близу!

    M.C
     
  20. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Болеше ли?

    Ги мијам рацете по втор пат
    или можеби трет, четврт?
    Грдото злосторство го дистанцира
    времето од мене
    или можеби само го забави, запре?

    Кога го отворив градниот кош
    ги протнав рацеве меѓу ребрата
    и посегнав кон твоето срце
    кажи, болеше ли?!

    Б.П
     

    Прикачени фајлови:

    • Ripmyheartout.jpg
      Ripmyheartout.jpg
      Големина на фајлот:
      10,1 KB
      Прегледи:
      156
    На Hayley и Hinebrra им се допаѓа ова.