Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    437
    Личноста во огледалото

    Ете таков продорен поглед ми упатува личноста од огледалото..
    Сериозен и ништожен.
    А устата и молчи..
    Но погледот и зборува.
    -Оди!
    Иронична насмевка.
    А потоа се свртува .. и заминува.
    Не давајки ни најмало значење на изминатиов момент..
    А зошто би?!
    Чекорот и е сигурен..
    Таа не е.
    Ноншалантно одминува илјада желни погледи..
    И одмаршира кон пропаста.
    Повторно..
    Отворени карти..
    -Изгуби!
    Самоуверена насмевка.
    А знаеше..
    Никогаш и немаше среќа во таквите игри..на среќа.
    Упорно се вшушташе во искушението..
    И гордо го поднесуваше поразот.
    А утрата секогаш го донесуваа оној рамнодушен и продорен поглед од личноста во огледалото.
    За да ја потсетат дека повторно изгуби.
    И конечно да се откаже.
    Или не..
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    TOJ

    Необично убаво се почувствував кога му го слушнав гласот. Иако само преку компјутер, сепак ме освои. Не разбрав баш се што рече, но ја сватив едната реченица која постојано ја повторуваше. Тој ме исполнуваше, иако беше толку далеку сепак беше мојот, принц на бел коњ. Иако немаше коњ и не беше принц. Ги имаше оние нејасни, неодливи, надреално убави очи, беше боженствено совршен. За тие педесетина секунди кои постојано ги превртував, тотално ме вовлекоа во штосот: „Постои совршенство“. После половина час, престанав да ги превртувам тие мигови, па почнав нешто ново да пребарувам, се ми беше веќе гледано, а сакав нешто ново, не најдов, па решив да се вратам назад на Фејзбук. Таму беше преплавено со негови слики, се што можев да видам е неговото неверојатно топло, драго, неодоливо лице, бидејки бев ја посетила секоја страна на која го забележав неговото име, бев го прегледала секој профил, со оние кои ја имаат истата приказна за раскажување како мене, бев разговарала со половина од нив и сватив колку сме слични...
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zombi

    zombi Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    18
    ПРОСТИ МИ

    Прости ми што не те љубам
    што не можеш да си мој
    и јас како тебе губам
    но љубен е само тој.

    Прости ми што не го љубам
    тоа срце кое моли
    и моето срце љуби
    но првата љубов боли.

    Не чекорам за да стигнам
    не копнеам за да имам,
    не создавам за да губам
    само љубам за да умрам.


    Прости ми што за него пеам
    но што можам солзи кога течат
    прости ми што пред тебе соли леам
    но старите рани уште печат.

    Не сум прва која губи
    во животот секој еднаш губел,
    биди тажен и плачи со мене
    и ти мора силно да си љубел.
     
    На Little-Mk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    “Петар и Марија”


    Секој во овој свет прави грешки.Некој помали некој поголеми.

    Некого една грешка може да го чини цел живот,а некого може и да не го засегне ни 1%.

    Тоа е она што старите го нарекуваат “Секој со својата среќа”. Всушност за Марија таа изрека слободно можеше да биде изречена “Марија со својата несреќа”.

    Зошто е тоа така???

    Епааа….

    - Не беше многу одамна ,кога за прв пат го запозна . Кого ?? Еден ангел реинкарниран во човек. Името што го носеше беше толку ангелско – Петар .

    Го запозна и неочекувано се вљуби во него. Го сакаше повеќе од себе. Нејзините скромни 16 години воопшто не и пречеа за кон него да чувствува исконска љубов. Не и пречеше љубовта , но ја исплаши. Во сржта и заради таков страв…

    Ќе се праша некој зошто страв?? Можеби страв од среќата или едноставно страв од љубовта.

    Стравот беше нејзината грешка. Му дозволи да ја надвладее. Да , ја надвладеа и тој зборуваше во нејзино име во моментите кога…

    Марија : Неможам , Петар.

    Петар: Што неможеш??

    Марија: Неможам да продолжам со сето ова што го имаме јас и ти. Остави ме. Сакам да сум среќна-но не со тебе.

    Петар: Сигурна ли си во ова што го кажуваш??? Размисли малку?? Не е лесно туку-така се да пропадне во вода. Неможеш лесно да го отфрлиш она што го имаме. Неможеш,несмееш,нетреба…

    Марија: Можам,смеам,треба.Тоа е она што го сакам. И сигурна сум во тоа.

    Петар: Уште еднаш ќе те прашам..Сигурна ли си ?? Знаеш дека нема да се вратам назад…

    -Го гледаше како заминува , и во неа се бореа два волка. Првиот беше бел-љубовта , вториот црн-стравот. Белиот шепотеше “Не продолжувај да чекориш.Сврти се кон мене . Те сакам.”, а црниот викаше со сиот глас “Трчај !! Бегај од мене.”

    Две солзи жешки како жарови од камин се слееа по нејзиниот образ. По нив уште две. Се закануваше опасност од повторно содавање на океанот Тетис , доколку не престанеше со пролевањето солзи кои повеќе наликуваа на вулканска лава.

    Замина.

    Петар замина, а Марија остана сама на малото копно кое пополека тонеше. Кога виде во каква ситуација се наоќа стравот исчезна. Храброста го замени неговото место . Ги избриша солзите и го заврте Петаровиот број…

    Марија: Извини. Бев во заблуда. Грешев. Никогаш нема да бидам среќна со друг . Свесна сум. Сега сфатив колку згрешив. Во тебе се крие мојата среќа..

    Петар: Сега е веќе доцна. Јас тогаш два пати те замолив. Ми ја скрши гордоста Марија. Тоа е нешто кое нема да ми дозволи никогаш повеќе да бидам со тебе.Ми го зеде срцето. Тоа кај тебе е . Го немам јас. Чувствувам празнина во градиве, ми недостасува тоа. Гордоста е единственото нешто што го имам…

    - Храброста испари од неа,неможеше повеќе да зборува,замолче.

    Тој замина. Ја остави стуткана во кош од празна соба да плаче и да се кае.

    Но што и носеше каењето???? Само болка …Ништо друго.

    Стравот кој го хранеше во себе , беше грешката на Марија која ја обележа за век и векови…
     
    На kate-pp, Little-Mk и Lella им се допаѓа ова.
  5. kirijakija

    kirijakija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    105
    Изреки,поговорки,мудри мисли,секојдневни поуки и слично :)

    Се` тешеше дека е среќна што некогаш ја имала таа љубов. Ја почуватвувала и сега ја чуваше некаде длабоко во себе. Оние погледи од кои се` во неа гореше, оние допири каде трепереше како дете кога се плаши и оние бакнежи кои и го одземаа здивот. Се` држеше до спомените и се` заглавуваше во времето и просторот. Емотивно стагнираше.И беше тоа еднаш. Некогаш одамна. Љубов каква што никогаш не се раѓа. Љубов која ја повреди. Љубов која и ја однесе сета надеж. Љубов која ја направи скептична. Љубов која ја натера никогаш повеќе да не верува во неа.


    А сега отвори ги очите и заборави. Насмевни се и сети се. Ветерот ќе ја однесе болката. А кругот ќе престане да се врти. Затоа што сети се дека рече дека никогаш нема да замине. А замина….

    А можеби е и најдобро вака. Ти и јас. Никогаш НИЕ. Премногу добра приказна. Премногу фантазии, а премалку реалност. Еден куп мои вистини, еден тон твои лаги. Искрена љубов од моја страна, премногу рамнодушност од твоја.


    Него неможам да го мразам. Не умеам. Со него секој момент е прекрасен. Но со него се кратко трае. Со него се кратко траеше. Тој никогаш нема да направи нешто што не сака. Тој е многу тврдоглав. Нему не му е битно што другите мислат. Него не го засега туѓата болка. Ни туѓите солзи. Него го барам во другите. Но никој нема како неговата насмевка. Ни тој сјај во очите. Поглед. Никој неможе да го замени тој глас. Тој не е личност која лесно се заборава. Тој не е личност која можете да ја сакате кратко време. Тој добива што ќе посака. Често. Тој не е наивен. Ниту совршен. Далеку од тоа. x
     
    На livingluxury, kate-pp и purelove им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Офф. Каде е Шарлот, Кристабел?“ Брзо зборуваше Џулиет. „Зарем татко ми толку долго ќе биде кај крадците?“
    „Незнам. Да и се случило нешто – не може. Алиса, Софија и Алекса се секогаш до неа.“ Кажа Кристабел
    Тогаш задишана од далечината се појави Шарлот.
    „ Татко ти излезе од занданите. Прави што ќе правиш, занданите се слободни.“ Рече таа задишано.
    Џулиет тргна накај занданите.
    Во меѓувреме, кога кралот Камерон си замина од занданите, ете што се случуваше таму.
    „Може зборувам, со вас, на само?“ Праша еден крадец.
    „Што сакаш, бе?“ Грубо одврати стражарот. „Ајде доаѓај!“
    „Дојде кога, принцеса Жулет?“ Праша крадецот.
    „Што ти е тебе гајле? Гледај главата да си ја спасиш, а не како да стигнеш до нашата принцеза.“
    „Имам важно нејзе, кажам нешто.“ Кажа крадецот. “Молам, дојде таа тука...“
    „Тоа што имаш да и го кажеш мене кажи ми го.“ Продолжи стражарот.
    „Не, тоа нејзе само кажам“ Не се предаваше крадецот. „Само принцеса Жулие.“
    „Се вика принцеза Џулиет. Кој тебе...“
    Го прекина силниот глас на принцезата:
    „Нели бевте пет. Каде ви е петтиот?“
    „Тоа... нели принцеса Жулиет.“ Рече крадецот и истрча во одајчето каде што беше принцезата.
    „Принцеса Жулет. Имам вам, нешто важно кажам.“ Брзо рече тој.
    „Што е? Што сакаш да ми кажеш. Зборувај!“ Викаше Џулиет.
    „Само, сами.“ Кажа крадецот.
    „Што мумла овој?“ Го праша Џулиет стражарот.
    „Вели дека сака да разговарате насамо, очигледно.“
    „Доаѓај!“ Му рече принцезата на крадецот и го поведе во соседното одајче.
    „Кажувај ајде.“
    „Јас... јас, знам вашиот каде круна.“ Рече крадецот.
    „Што?! Кажи, кажи! Веднаш кажи ми, кажи!“ Викаше Џулиет.
    „Нема, кажам!“ Одлучно рече крадецот.
    „Кажувај, Господ да те казни. Кажи ми! Знаеш ли ти со кој зборуваш, жити Бога, кажи!“ Го молеше принцезата.
    „Нема, кажам, принцеса Жулиет.“ Тој одлучно замавнуваше со главата.
    „Ќе ти дадам се! Само кажи ми каде е мојата круна. Ако не ја најдам татко ми ќе ме убие.“
    „Тоа јас сакам, принцеса!“ Рече крадецот.
    „Престани! Кристабел, јажето донеси го, донеси го!“ Викаше Џулиет.
    „Повелете, принцезо!“ Кристабел и го даде јажето на Џулиет.
    „Оди си, Кристабел.“ Рече Џулиет.
    „Принцеса Жулет. Ова јаже зошто вам?“ Праша крадецот.
    „За да те убијам!“
    Крадецот подголтна.
    „Последен пат те прашувам. Ќе кажеш кеде е круната или не?“
    „Подобро умрам, не предавам татковина Франција, принцеса Жулиет.“
    „Ја прададе! Штом знае дека си од Франција, татко ми може како мравка да го убие Кристиан Ерик Тревор (владател на Франција). Како и да е, немам друг избор. Ќе го загубиш животот. Патем, знам Француски.
    „Нема тоа сторите принцеса, само јас знаеме каде вашата круна. Јас едниствен извор вашата круна.“
    „Толку ли е паметен“ – си помисли Џулиет. „Но од умен има и поумен.“
    „Немој да се лажеш. Јас знам како да и ја вратам круната. Ти тоа не грижи се. Туку, број ги секундите до твојата смрт.“ покажа заби принцезата.
    „Принцеса Жулиет,“ Молеше тој. “Немојте, немојте, не ме убивајте. Ќе кажам ако не освојувате повеќе земји.
    „Во ред, нема. Кажувај каде е круната.“ Викаше Џулиет.
    „Во шуплината на старото дрво зад замокот.“ Рече тој на француски.
    Џулиет широко се насмевна и истрча надвор од занданите.
    „Ох, знам каде е мојата круна...“ Викаше таа.
    „Џулиет, што се случило, како дозна?“ Праша Шарлот.
    „Крадецот ми кажа, за возврат немало да освојуваме повеќе земји.“
    Радосно велеше таа.
    „Но, како без да освојувате, ќе пропадне цело богатство!“ Рече Шарлот со скршен глас.
    „Кој вели дека нема да освојуваме. Па тие се робови, тие нашле да ме уценуваат, кој ги слуша нив.“ Викна таа и истрча зад замокот. Погледна во шуплината во старото дрво. Но... таму, таму ја немаше круната.
    „ШТО?! Тој проклетник ме излажал, ме излажал, значи тој само гледал да си ја спаси главата.“ Почна да зборува Џулиет.
    „Џулиет, смири се, смири се!“ И велеше Шарлот. Од пред замокот трчаше Џесика со своите слугинки.
    „Морам да одам во занданата, ќе види тој проклетник со кого нашол да си игра.“
    „Не, не оди.“ Викна Џесика „Немој, не оди! Мајка ти Елеонор, нервозна одеше накај занданите.“
    „Ништо не може да ме спречи, ништо.“ Викаше принцезата.
    Стигна во занданата.
    „Мамо!“
    „Убавице моја, погледни, што бараше твојата круна во она старо шупливо дрво. Татко ти утрово ми кажа дека имало кражба во твојата соба. Многу се вознемирив. Го поврзав тој случај со овој. Изгледа копилињава ти ја украле круната. Треба да се казнат. А, замисли, татко ти уште не знае од каде се.“ Зборувале кралицата Елеонор со нејзината вообичаена брзина за зборување.
    „Мамо, ти ми ја најде круната. Ја најде! Не ми се верува, мамо, ја најде! Мојата круна! Мојата најубава круна.“ Рече Џулиет и ја грабна круната од раце и ја стави на главата.
    Во тој миг се појави кралот Камерон.
    „Што барате вие две овде? Елеонор, зошто сте тука?“ Праша тој.
    „Ништо. Само Џулиет си ја беше загубила круната и ја најдов и дојдов да барам отчет од крадците. Сигурно тие ја украле.“ Рече кралцата.
    „Значи Џулиет ја загубила својата круна, така ли?“ Праша кралот.
    „Не, тато, не!“ Почна да се правда Џулиет.
    „Молчи. Си го загубила споменот од твоето потекло.“ Се развика Камерон.
    „Тато! Те молам прости ми! Кажи што сакаш најмногу на светот да дознаеш?“
    „Се разбира, од каде се копилињава (крадците).“ Брзо рече Камерон.
    „Можам да ти кажам. Ќе ми простиш ли ако ти го кажам тоа?“
    „Секако дека ќе ти простам. Ако ми го кажеш тоа утре ќе ти донесам сто фустани, сто комлети накит, сто украси за коса, сто пара потпетици...“ Зборуваше Камерон.
    „Нема потреба, нема потреба. Тие... крадците се од... од Франција, од Франција се! Треба да го убиеш Кристиан Ерик Тревор!“ Рече Џулиет.
    „Од каде го знаеш ти тоа?“ Се сомневаше кралот.
    „Верувај ми, тато. Знам француски, овие ставаат дијалекти на француски, и плус тоа овој“ покажа накај предавникот „ми рече дека нема да ја предаде Франција.“
    „А вие сте разговареле?“ Рече Камерон.
    „Да... рече дека знае каде ми е круната, но не ми кажуваше, немало да ја предаде Франција, му го покажав јажето за убивање и веднаш се исплаши, па ме уцени, веќе да не си освојувал, инаку немало да ми каже каде е круната. Но се разбира, тој е роб и неговата уцена не важи ништо, и понатаму ќе освојуваме, и понатаму ќе победуваме и ќе бидеме богати!“ Раскажа принцезата Џулиет.
    „Од Франција... од Франција...“ Се замисли Камерон, потоа силно викна „Верни тринаесет слуги, подгответе се! Утре одиме на нов подвиг, ќе ја освоиме Франција. Ќе го убиеме Кристиан Ерик Тревор...“
    Џулиет се насмевна мод мустаќ. Ја поднамести круната на главата, и со придружба на Џесика, Шарлот, Кристабел, нивните слугинки, и се разбира круната – замина накај замокот...


    Извадок од мојата прва книга.. Кој сака цела ќе му ја пратам по ЛП :$
    (инаку не се смејте знам дека е за нигде) :$
     
  7. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Ќе можеш ли мене да ми ја пуштиш !! Благодарам од напред :*
     
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    1:45 минути.. Сеуште не можеше да заспие. Зошто ли? Погледна кон календарот кој висеше точно пред нејзиниот поглед.. Беше 13 април, 2012.. Убава и миризлива пролет.. надвор се слушаа штурците, а од отворениот прозорец благо допираше пролетното ветре..Тој прозор секогаш беше отворен, така заспиваше. Се заврте и ја зеде книгата „Клеопатра“. Зошто ли ја чита? Да.. затоа што баба и така сакаше.. Мораше да признае дека ништо не разбираше, но, не сакаше да и противречи на баба си. Затоа вети дека ќе ја прочита.. На некој начин нејзината баба беше чудна. Веруваше дека Клеопатра е нејзин предок, затоа и настојуваше сите од семејството да ја прочитаат таа книга. На некој начин, немаше причина да се верува во тоа, ниту пак да верува дека нејзината внука ќе верува во таа необична приказна за Клеопатра, но таа не се противеше на тоа, зошто да не, тоа добро и годеше на нејзината слика пред другите... Ја фрли книгата на подот... Ова беше измачување. Зошто мора да ја чита таа проклета книга? Не мора, и нема да ја чита.. Се заврте и почна да си ја потпевнува „Ода на радоста“ од Л.В. Бетовен. Ги обожаваше неговите композиции, свиреше на пијано и тој и беше нејзин идол... Полека, сонот почна да ја совладува...

    Почеток на мојата нова книга :$
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Само еднаш
    со погледот ме зароби
    ме расоблече
    без да се насмевнеш
    а јас стоев, нема
    не знаев како да возвратам.
    Минуваа часови, а всушност минути
    ти на некој метар од мене,
    а сепак некако поблиску
    и повторно
    со поглед
    ме бодеше.
    А јас, нема
    во некој свет западната
    или источната
    ама нема врска
    затоа што не бевме заедно
    ама ти беше
    и јас бев
    таму
    и најсреќни.
     
    На Divinebutterfly и Anna-Banana им се допаѓа ова.
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Незгасната љубов

    Колку и да те сакам тоа ќе остане скирено кај мене во срцево.Јас те сакав,те сакам,и ќе те сакам.Сега си само сениште кое ме следи.Сениште од кое јас очајно барам љубов.Трагам по љубов.Помниш:бевме најсреќни вљубени,насмеани..Се се случи за миг.И двајцата се повредивме.Бевме пијани од љубов,толку пијани што и самите незнаевме што зборуваме.Таква ни била судбината,јас и ти.Можеби никогаш заедно не би можеле да бидеме повторно среќни никогаш ама баш никогаш.
    И онака сум само обичен патик,кој безвредно минува тука низ времето.Патиник кој нема ништо свое.Патик кој бара нешто,кој бара човек што ќе умее да го сака.Тоа си ти зарем не гледаш.Зарем не помисли еднаш.Зарем не е виде онаа светлина во очите,иако повеќе се гледа тага. Што е со солзите,тие сами си навираат по лицево,лице невино.Детско онака како што го нарекуваше ти.
    Се сретнавме случајно,се погледнавме.Два пати - три пати,се беше како некогаш.Насмевката.Љубовта сеуште живее меѓу нас.Но судбина било јас и ти да не бидеме заедно,можеби некогаш заедно на небото.
    Знаеш,јас сум само обичен човек,што живее обичен живот.Моето име ќе биде наскоро заборавно,но јас љубев со цело срце,и тоа за мене секогаш беше доволно!
     
    На kate-pp, purelove, Talita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. purelove

    purelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Не ми ги даваш бакнежите

    Се сеќавам како порано ме вовлкуваше кон себе, се сеќавам како не можеше да се наситиш од мене, се сеќавам дека го губев здивот од твоите бакнежи... Во минатото ли остана цела страст што ја чувствуваше?
    Не ми ги даваш бакнежите...
    Ги чуваш љубоморно за некоја друга, за некоја која ти ја буди страста некогаш што ми припаѓаше мене.
    Не ми ги даваш бакнежите...
    Оддамна не сум се почувствувала дека сум жива, ти порано тоа вешто го правеше со бакнежите и допирите кои ми ги даваше. Бев најубавата, најмилата, најдобрата... Бев твојата најсакана!
    Кај се изгуби се’ тоа? Кога ти станав странец? Кога ја запозна неа? Што има таа, а јас немам? Што е тоа што направи неа да ја сакаш? Поубава е? Пострасно се бакнува?
    Се трудев да дознаам која е таа, дали неа ја сакаш, сфатив дека не вреди.
    Не ми ги даваш бакнежите...
    Бакнуваш без душа, а душата не може да лаже како зборовите.
    Не ми ги даваш бакнежите...
    Кратко, брзо и отсечно ме бакнуваш, не чувствуваш страст, ни најмалку љубов. Не чувствувам ни јас.
    Замре она нашето, не сме веќе ние.
    Сакам да ме ослободиш, пушти ме да полетам сама, да пробам да преболам. Да ја излечам раната што ми ја забоди в грб, да заборавам дека дозволив да бидам наивна.
    НЕ МИ ГИ ДАВАЈ БАКНЕЖИТЕ!
    Не ги сакам повеќе, лажни се, и не можам да ја поднесам лагата на моите усни.
    За прв пат сакам да сум сама конечно сама и ничија освен своја. Не заслужуваш ни едно збогум а најмалку пак објаснение, доволно е кажано со тишината и погледите, и сам си свесен дека стигнавме до крајот. Барем неа сакај ја, му се молам на Бога да научиш да сакаш, можеби таа е твојот вистински ментор.
    Јас и ти не бевме вистинските...
    Да бевме, никогаш немаше да погледнеш друга, никогаш немаше да ја продадеш нашата љубов. Ме изневери и за да ме задржиш ме излажа.
    Не ми ги давај бакнежите, дај и ги неа ако мислиш дека вреди повеќе.
    Те жалам, ме замени за една тешка к**ветина која се сплетка во туѓа врска.
    Бакнувај ги сега нејзините пари, венчај се со нив. Биди сега среќен еднаш засекогаш!
     
  12. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам празно, чувствувам како да сум изгубена во просторот и времето! Чувствувам како да немам со кого да ја споделам болкава, а понекогаш и радоста, како да не доволно тоа што за се вложувам огромен труд. Како да не е доволно тоа што сакам да бидам среќна, како да не е доволно тоа што се обидува да бидам подобра личност, да ги попрвам грешките! Како да не е доволно тоа што помагам, тоа што љубам...
    Ниту една песна, без разлика дали е депресивна или забавна не ми помога да се почувствувам повторно среќна. Сите овие насмевки на моето лице се всушност една совршена маска, маска која ја користам за да неморам да објаснувам зошто не сум расположена, за да ме мислат секогаш среќна и задовна од животот, а не скршена и беспомошна како се обидувам да ја навлечам таа маска. На моменти ми заглавува, како да не сака да биде повеќе дел од оваа моја мала драма. Драма наречена живот. Посакувам еден ден да разберам зошто, зошто не ми е дозволено за мала доза на среќа?????

    Чувствувам како да сум расеана меѓу реалноста(толку сурова и тажна) и моите сништа(каде се е онака како што сакам јас). Да можам да изберам, би живела во моите сни, среќна, со саканите, успешна, со се она што сакам и се што ќе посакам да го добијам!

    Животот е една мала енигма што сите се обидуваме да ја разрешиме, но неможиме, не сме доволно силни за да и се спротиставиме на судбината. А така е понепредвидливо, а сепак пострашно!

    Ништо не е доволно за мене, ништо не е доволно за да бидам среќна, ништо не е доволно за да имам со кого да ги прославам оние ретки убави моменти!!!!!
     
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Ова е еден извадон од книгата која планирам наскоро да ја издавам, се надевам ќе ви се допадне. :)

    Таа ноќ танцував заедно со неа. Додека сите присутни беа вџашени во маргините на студот, јас мислев дека јануари ќе биде бајка. За првпат се осмелив да поставам оган во снегот. А несакав, се колнам. Се каам за сторениот грев. Но, бев под сугестија на отровните супстанци кои ме вовлекоа како вакуум во себе. Тој момент почнав поинаку да го перцепирам светот. Добив мнение за еден диференцијален изолирано - деформиран простор каде светлината е крунисана.
    Се колнам во универзумот, и со полна свест зборувам за гордоста видена во туѓите очи. Сета маскирана и надреална. А сешто требаше да се постигне беше еволутивното парализирање. Испуштање на реликвијата од белите дланки, спуштање на безбојните чадори наземи, бидејки снег немаше.
    Беше итно потребна реконструкција на злосторството врежано во пандорината кутија.
    Така се губат лажни пријатели. Сешто преостана е да ѓи чувам близу до себе ирационалните разнобојни контури во облик на тела. Кои ме демнеа додека спиев, токму таму во темниот агол од мојот креденец.
    Се вовлекуваа дури и под навлаката на креветот каде почивав, и се криеа под дрвјата кога се будев во шумата. Апстрактно постоеше вистината. Јас немав право да видам зад црните решетки, затоа што визијата беше превртена на еден уникатно формален начин. Збиднувањата беа во мојата глава, вистини или лаги ќе дознаам кога наскоро заедно ќе завршиме со танцот.
     
    На kate-pp му/ѝ се допаѓа ова.
  14. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Раѓање на човекот. Нов пат по кој тој тргнува. Поминува време и време додека човекот сам оди по патот и бара друштво. Одеднаш некој запрел. Се двоумел дали да оди право,лево или десно. Тоа води некаде далеку, далеку... Па, затоа никој не се осмелил да тргне по тој пат. Но, и понатаму, бил сам и барал пријател. Неколку луѓе се осмелиле па тргнале лево, потоа десно и се сретнале во еден простор полн со идеи технологија, иднина. Сите луѓе биле сами, не знаеле да проговорат. Сите биле мрзеливи па не сакале да скокнат високо до иднината. Фатиле малку идеи и малку технологија. Но, не знаеле да ги користат. Со идеите претпоставувале па направиле војни. Со војните луѓето биле сами на својот пат. Барале друштво, никаде го немало. Продолжиле да одат право и само да знаеле каде ги водат идеите, каде идеите царуваат во нив, не би направиле да се сами. А, идејата сака слобода, па некаде длабоко вкопано во нас ја ископала технологијата. Човекот не знаел каде оди,сам на светот. Создал многу работи кои ветувале добра иднина. Но, човекот бил мрзелив да ја фати кога можел ,па сега создава, надоградува и претпоставува за иднината која не ја знае. Со компјутерот и телевизорот, модерната музика и ЦД-плеерот, човекот не оди далеку. Со роботот за рака и така е некој без мака. Само не разбира. Ги нема чувствата. Друштвото во метал и копчиња те прави метален внатре. И, пак, пак е човекот сам без човек до него. Мисли дека е во ред да се биде метален.
    Но, јас... Јас не сакам да бидам метална, не сакам да бидам сама, ќе продолжам да го барам моето друштво...
    Го напишав на 12 години :D :D
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  15. luna589

    luna589 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Човекот е најсовршеното суштество на планетава.Но, иако човекот може да зборува, тој, неможе да каже, ги разликува сите бои но, сепак светот го гледа црно-бел, тој памети но, сепак го заборава дури и својот роденден затоа што не знае да цени. Љубовта , семејството, парите се само злоупотребени играчки на човекот. Пријателството е само збор кој значи корист, соседот е само за озборување, никој не сфаќа дека љубомората е самоуништување. Магарето што носи памук му се смее на магарето што носи сол, несвесно дека ќе се удави во сопствената среќа, затоа што секој во животот во одреден момент секој ќе помине низ река. Зарем нема човек меѓу овие луѓе кој ке го сфати тоа? Некој кој ќе разбере дека животот е премногу краток за толку желби? На крајот, Господ ќе ни суди, небото ќе биде сведок за секоја наша трага која сме ја оставиле во секој момент. Од нас зависи што ке се крие во нашето срце, колку нашата душа ќе биде исполнета и кој пат ќе го избереме. Сите патишта водат до нашиот Бог, но не секој пат е најлесниот, вистинскиот. Не секогаш ќе бидеме среќни, секој пречка во животот треба да ни донесе поука, и не секоја желба во животот ќе ни биде остварена. Човек како човек сака да го искористи целиот живот, да исцеди се што мисли дека треба да има пролевајќи се со горчлив сок од лимон. Секогаш незадоволен, се повеќе гладен за совршен живот, нарцистички настроен и злобен е речиси секој човек и ден за ден се повеке се неизбројни маските што ги менува во секој миг. Остри заби, канџи, големи уши кои можат да го регистрират секој звук, голема уста спремна да го голтне секој што ќе застане на патот, вештина да го прикрие секое злосторство, срце полно со бол и бес а сепак милни очи полни со желба, во нив може да видиш пламен затоа што тие се огледало на душата. Страшно, но, не, не опишав ѕвер ниту друго фантастично суштество излезено од приказна, изнесов опис на најсовршеното суштество на планетата- човекот...
    - del od nesto sto nemozam da go konkretiziram
     
  16. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Велат животот е убав за тој што знае да го живее.Маните ги претвара во предност.Секој ден се буди со надеж и копнеж,за само убави работи,во истиот.А,што е со мене обична губитничка.Постојано се жалам на работите,што ме опкружуваат.Но,кој се вистинските виновници за тоа,тие или јас?Сама одлучувам за семејството,цигарите,алкохолот...за себе.Никој не може да ми го ускрати тоа па ни Бог.Тагата како едно обично чувство,создадено во мојот ум,дозволувам да ме води,а бесот да зборува наместо мене.Кого да го обвинам за смртта на брат ми и болеста на татко ми? За мојот скинат чорап..Сакам себе си но неможам не чувствувам вина,сакам докторите,но што можат тие во доцен стадиум на канцер.Епа тогаш татко ми,зошто не превземал нешто,зошто не посетил доктор.Тивко но полека чудовиштето го јаде.Гладно,ненаситно.За 6 месеци ке останат само коските и утехата.Но,сакал ли тој да биде болен,да не остави мене и мајка ми сами,после загубата на мојот брат?Сакал ли да пати.. Тешко е да се издржи таков товар,на некој,што го сакаш да му ги броиш деновите до црната земја.Преостанува само да се молиш,да замине на најбезболен начин,длабоко во себе знаеш дека ќе се случи токму спротивното.Ке се случува ужасно врескање цела ноќ,а веке следниот ден,мртва тишина,морфиум и тешко дишење.Знаеш дека дошол крајот,последната воздишка означува макотрпна борба,изгубена борба.Нервозно тупкање со нога,бледо лице,и рака полна со апчиња за смирување.Немора така да биде.Велат оптимистите живеат подолго,но дали тие навистина го знаат значењето на зборот патење?Се сомневам.Живејте го секој ден ко последен,без каење за нешто поминато,зошто кој знае животот со што се може да не изненади?
     
  17. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Толку многу го сакав,што не можев да го замислам мојот живот без него.Не можев да заспијам без неговото *добра ноќ,сакана моја*,не можев да се разбудам без да му го слушнам гласот,и не можам да верувам дека ми направи нешто лошо.Човекот на кого му се покорував,молев ко бога,сакав ко мајка плачев ко дете,и патев ко евреите од хитлер.ДА,тој беше мојот хитлер.Без малку сожалување ме гледаше како се давам во моите солзи,не му беше доволно,сакаше да ме докрајчи.Се прашувам што навистина толку му згрешив..сега знам,премногу,себично го сакав,само за мене.Ко секој почеток,нормалноста провладуваше,љубовта и страста доживеаа колуминација,кондомот пукна,ха ха ха. Каква иронија,како и секоја млада жена така и јас оставена на милост и немилост.НА АБОРТУС.Кога дознав искрено се израдував,но потоа следуваше пекол.Следуваа две недели во болница,поради некакви си компликации.Немав многу посети.Од него воопшто.Нашата љубов произлезе уште од средношколските клупи,јас прва,он трета,годините убаво минуваа,со добро прослави и согласување.Топлината која некогаш ја чувствував во неговата прегратка се губеше,веќе во учевство беше мирисот на некоја друга.Крајот се закануваше,ѕиркајќи од неговите очи.Сакаше да ме остави,но немаше храброст да ми каже.Па така одлучи да ме понижува на секој можен начин.Физички и психички.Беше навлечен на некои дроги,а потоа,конзумирањето го зголеми.Мојот страв од него исто така константо се зголеми.Но не можев да се откажам го сакав со цело тело и душа.И по толку време,сеуште размислувам за него,онака понекогаш,остана само една слика,но веќе наредната годината заборавот ќе ја однесе со сите лоши спомени.Љубовта може да биде слепа се додека ТОЈ не ви ги отвори очите.
     
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Посакувам душата да ми беше пеперутка,
    па да ти ја дадам на дланки.
    Да ја стоплиш со поглед,
    да ја стоплиш со насмевка.
    Да ме разбудиш во поубав свет,
    во поубави одаи.
    Да ги гониш моите чекори,
    да го пратиш мојот поглед.
    Да ме држиш во твојте силни раце.
    Да ме кренеш милион пати.
    Да ме скриеш од светот.
    Да ме скриеш од сите болки,
    од сите несоници,
    од сите желби.
    Да ме повредуваш како никој,
    да ме сакаш како никој,
    да ме чуваш како никој.
    Да ти бидам се, освен „никој“..
     
    На L-enna и Serafima им се допаѓа ова.
  19. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Го зеде палтото и замина. Веројатно не можеше повеќе да го издржи товарот на ситуацијата што не престануваше да го гуши. Не бегаше, само сакаше да вдише свеж воздух и да ја избегне кулминацијата на згуснатиот момент чијшто крај можеше да биде немил за сите. Студенилото го погоди право в лице, но тоа му беше и потребно, бидејќи главата му беше повеќе од жешка. Поради тоа би направил нешто што не сака, а со ваква топлина која му минуваше низ крвта, друго нешто тешко можеше да се очекува.

    Снегот не престануваше да паѓа. Надвор, сè беше толку поразлично. Ги дели само неколку чекори, а веќе се чувствуваш како да си во некој поинаков свет. Тешко можеше да ги надвладее своите емоции, но на крај скоро секогаш успеваше во тоа. Можеби затоа сите мислеа дека е бесмилосен. А, можеби сепак упорноста му беше најсилна страна.

    Чкрипањето на чизмите беше единствениот звук кој се слушаше во блиската околина. Сè беше толку тивко и мирно... Сè некако спиеше. Да не мораше да биде тука, со сигурност и самиот тој ќе избегаше во својот стан и ќе спиеше со часови. Му требаше тој сон. Но, не. Неговото место сега е овде. А, веќе за кратко време повторно ќе биде дома, оние неколку скромни квадрати простор каде се чувствува најудобно. Бегаше, патуваше, се криеше, па заминуваше, но топлината која ја чувствуваше кога ќе се вратеше дома никогаш не се променила. Наеднаш се сепна и сфати дека премногу се има оддалечено, додека снегот и времето како да му се топеа од раце.

    [​IMG]



    Овој фрагмент е производ на момент на инспирација и имагинација. Нема почеток, ниту крај. Ги пишував зборовите така како што ми се редеа сликите во главата. Не размислував дали сето тоа накрај ќе има некаква смисла или не. Фотографијата само ја надополнува идејата.
     
    На ana-girl и francais им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Карма

    Оние, мигови,
    што сечат
    ко со нож
    ко со ножички, ајде да речеме
    секунди
    секвенци, нешто што личи
    на приказна
    од Бурда, од перфорирана хартија.
    Сеќавања, живот, приказна
    дарена некому во празна постела.
    Молк
    или волк.
    Хив
    или Жив?


    некој некаде некому згрешил
    и се’ е вода.


    Ама кој да знае дека солзите ги создале сите мориња.


    Добра ноќ.