Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Враќајки се дома
    погледнав во небото
    чиниш наплаќа долгови
    ќе врне велам ,
    наближува бура
    зарем не гледаш
    ќе остави трага .


    Гледајќи во небото повторно мислев на тебе
    си мислам можеби кога би имало сонце не би мислела
    но не, и тогаш би мислела,
    секогаш.
    Почна бурата.
     
    На Lady-in-white му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    ;( Тажна Птица

    Затворена, заробена во тој кафез, како криминалец зад решетки, птицата- тажна, немала на кого да се наслони и искаже... Живеела и се хранела од спомените - Кога се и било смеа, кога од своето гнездо ќе одлетала и му се препуштала на животот сладок, му се восхитувала на неговата убавина... Се додека несовесните ловџии ја зеле “на пик„ и ја застрелаа... Ранетата птица се обидувала со нејзините крилја да се држи во воздухот, но се предала и падна... Падна во рацете на еден навидум фин и насмеан човек, ја однел на некое непознато место и веднаш почнал да експриментира со неа... Најпрво и ги исекол крилјата - за да повеќе неможе никогаш да лета, животот од сладок и убав и постанал - пекол и горчлив... Експриментирал, се додека не му здодеа и ја фрли како некоја си безвредна пачавра во контејнер... Птицата се извлекла од таму, талкаше со денови, ползеше за да стигне до своето гнездо... Стигнала... Со помош на некои др, птици се вовлекла во своето гнездо - од таму посматраше се што се случува... Седела и чекала да и зараснат раните, крилјата... За да одлета повторно и да биде среќна! ! ! :*
     
  3. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Спомени !
    Си спомнувам како да беше вчера, но далечината на јазот меѓу нас е долгу далечна што со голо око неможе да се види, па од таа далечина сме повеќе како странци отколку како блиски кои ја делеа животната приказна заедно. Не верувам во луѓе кои не веруваат во никој и во ништо, според мене не постојат такви луѓе, зошто секој човек е доведен до толкава мера на немоќност и страв што е приморан да бара помош и да ги остави се на надежта, а дека сите сме доведени барем еднаш во животот до состојба на човечка немоќност и дека тогаш ја гледаме нашата маленкост во светот, во космосот е токму мојата приказна .
    Си споменувам како трчав низ зелените полјани, покрини со млада зелена трева и полски цвеќиња, сонцето нежни ми го грееше детското лице, а очите ми беа затворени зошто светлината беше толку силна што неможев да ги држам очите отворени, а така правев за да уживам и да се насладувам на миристот на пролетта.
    Си споменува дека бев дете и бев многу среќна, но ми останаа само спомените од тоа детство, од кои се појавуваше мала насмевка на лицето кога ќе си споменев на моите спомени.
    Си споменува на една жена која на главата во таа пролет носеше тенка пролетна шамија која внимателно ја имаше ставено на главата , а од под шамијата исе подаваше прамен на тенко сплетена плетенка од коса. Си споменува на една жена која беше синоним на добрина, живот полн со страдања, а љубов бескнечна, очи полни со мајчинска благородност а душа безгрешна, таа жена беше дел од мојот живот и јас ја сакав многу.
    Си споменувам ........
     
  4. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Пустина во нас

    Врнеше долго
    како што не врнело долго
    за да ни ги раздроби црнилата,
    да ни ги живне корените,
    да не оплоди повторно
    оти сме станале пустина.

    А ние носевме чадори.
     
    На karenin, De-lovely, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Пишуваме на дадена тема

    Приказна.. (мојата и неговата приказна)
    Јас го напишав кога ми беше тешко.За него .. Само на ваков начин можев да си олеснам на себе си.
    Па кажете го своето мислење,од како ќе прочитате:) Ова е целата вистина за мене и за него.


    Ноќва мојата душа го напушта моето тело. Се чувствувам осамено, предадено. Се огледувам во огледалото… Го нема сјајот во моите очи како некогаш ! Тивок шепот слушам во тишината. „ СОВРШЕНАТА ЉУБОВ ПРАВИ ДА БИДЕШ НЕСРЕЌЕН „ ! … Што ? Нешто имагинарно се обидува ми каже дека јас имам совршена љубов? Не, не.. само халуцинирам. Тоа е поради притисокот кој го врши душата напуштајќи го телото. Милиони стрептококи бацили го лазат моето тело, ладен зној ме облива. Во грлото чувствувам некој камен, камен кој не ми дозволува да ги искажам моите чувства. Барав начин како да го сторам тоа, сфатив, едноставно е ! Ќе му испратам писмо. Писмо кое ќе претставува нов почеток а можеби и почеток на крајот…
    Темно е. Се плашам. Но, тука неможам да го сторам тоа. Додека сите спијат тивко излегувам надвор. Со мене зедов една кутија, лист, перо, мастило и плико. Залутав некаде, незнам ни самата каде се движам. Наеднаш се најдов тука, меѓу зградите на клупата која беше само наша. Ја оставив кутијата, го извадив листот, перото и мастилото и липајќи почнав да пишувам … :
    „ Здраво. Незнам како да почнам, почетокот е далеку. Седам тука, на ова место, место кое ме потсетува на тебе љубов моја. Никогаш не се осмелив да кренам слушалка, можеби да побарам да се видиме за да ти објаснам, неможев, извини. Ова е најлесниот начин, ти пишувам писмо и плачам. Ги чувствуваш ли моите солзи? И тие плачат ! Да не одолговлекувам. Се беше толку убаво. Ах… Шетање по паркови, плоштади, кејот крај реката. Имавме љубов од бајките. А каде сме сега, љубов моја? Се сеќаваш ли на денот, за нас двајца посебен? Те сак… не, неможам да го напишам тоа. Извини. Тука сум со една причина. Со една огромна точка би сакала да ставам крај на сево ова. Незнам како да го наречам, најдобар синоним би било „ измачување „. Безброј пати ме повреди. Безброј пати плачев додека ти беше среќен. Среќен беше затоа што знаеше дека мојата љубов кон тебе беше огромна. Тоа ти даваше повод да правиш што сакаш. Ти простив еднаш, два пати , три пати.. безброј пати ти простив. Пак и пак, одново и одново се будев несреќна гледајќи ги сликите кои на момент ме предизвикуваа да се насмеам. Но денес, се води кон пропаст. Немам причина да се смеам, незнам зошто живеам. Зошто ми правеше така ? Можеби мислиш дека можеш да смениш се и да бидеме среќни? Веќе е предоцна. Гледам наоколу. Се е исто како оној ден. Нашиот ден. Се сеќаваш ли ? Денот на кој ми го подари ова ланче. Ланче кое од ден во ден се повеќе и повеќе го губеше сјајот. Со секоја наша следна караница бледеше и тоа. Преокупирана бев со мислите колку внимание ми посветуваш ти на мене… Но, како што велат. Секој почеток е убав. Каде е вниманието сега? Го нема, не постои. Додека го пишувам ова, целата се тресам, неможам да замислам дека тука е крајот. Ти мислеше дека никогаш нема да дојде. Ме гледаше како суштество кое нема да се осмели да го направи овој чекор затоа што нема храброст. Собрав сила и еве, сигурна во тоа ти пишувам дека јас и ти завршивме. Ланчето е твое, го враќам назад каде што припаѓа, можеби еден ден ќе го подариш на друга девојка, но пази, не дозволувај да бледи како што тоа беше случај додека ланчето беше во кутијава. А јас, не загрижувај се за мене, јас сум храбра, ќе издржам, ќе помине болкава. Ги гледам зградиве, ја гледам клупава се ме потсетува на тебе. Имам желба да го исцепам писмото да ти се јавам и да ти кажам ТЕ САК….. ненене, неможам ни да помислам на такво нешто. Ти не ја заслужуваш мојата љубов. Збогум , за мене веќе не постоиш ! „

    Листот го склопив на два дела и го ставив во пликот. Го земам ланчето во рака и го гледам. Си размислувам.. .Вака е најдобро. Сигурна сум дека не правам грешка. Го ставив ланчето во пликот и истиот го затворив. Недалеку од клупава гледам еден сив гулаб… „ Гулабу, повели, однеси го ова писмо таму каде што припаѓа, кај човекот кој ја натера мојата душа да излезе од моето тело. И ако сака да ми се обрати на ист начин, те молам, те преколнувам не донесувај ми го писмото. „ – му се обратив на гулабот и со солзи во очите тргнав накај дома. Останува да видиме… Дали ова ќе биде нов почеток кој ќе ми донесе среќа, или можеби почеток на крајот во кој ќе продолжам да тонам….
     
  6. zhirafa

    zhirafa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    На врелиот образ се стркала солза,
    токму откако испушти нежен крик,
    илајдапати се проколна младата мајка
    што за момент го разбуди својот „вик’’.

    Или се во добро семејство,
    или баш никаде не се
    - помислата на тоа на лето ќе ја гори
    а во студените зимски ноќи ќе ја тресе.

    И неколку месеци подоцна,
    во себе почувствува удар силен.
    Малечкото сираче почна да се бори,
    почна да се мачи за живот милен.

    Солзите ја допираа тврдата земја,
    бескрајно долго,горчливо а слатко.
    Небото смислуваше одговор,
    на прашањето „Кој ми е татко?’’

    Проклетница беше голема,
    со срце омраза полно,
    но сепак горда мајка
    на сираче за живот волно.

    Не е нешто убаво или посебно,имам петнаесет години. :D
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Би нацртала круг
    над твојата глава
    да беше она што никогаш
    не беше.
    И ти би го направил истото
    да бев она што секогаш
    бев.
     
    На Д.Чобанова му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Те чувствувам во коските
    полна сум со спомени
    надеж
    бес
    страв.
    Лежам стравствена и беззначајна
    ти си мојот лек излечиме со нежност,
    но не е ова реалност
    помоли се за мене , јас му припаѓам на небото.
     
  9. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    Љубов!

    Жедно го пијам виното на спомените. Лакомо ги јадам сликите што повторно се создаваат пред мене. Старите сензуални фотографии од Piazza Dei Cavalli, каде пареата од секое утринско кафе создаваше ефект на замагленост на нашите лица. Дали тоа бевме ние?

    Доколку сме биле ние, зошто сега сме толку непрепознатливи?

    Ја гледам сликата со зебрестиот фустан и огромниот црн шешир. Црвените жарки разгорени усни навираа под тој шешир бесно преколнувајќи ги римските калдрми, убијците на високите потпетици. Ти се потсменуваш на фотографијата. Секогаш си ме сакал лута.

    Колку убаво беше! Колку поубаво можеше да биде. Кога помислувам на тоа еден тон песок паѓа врз моите гради,комплетно оставајќи ме без здив. Виновна сум што те мислам. Љубов, многу од моите солзи го носат твоето име. Но јас имам се помалку и помалку хартија. Ќе престанам да пишувам. Животот ми е исполнет. Немам што да ти пишувам. Немам кога, немам зошто. Кога ќе те исчезнам и до најмалиот атом во мојата душа, ќе немам ни кому. И знаеш што Љубов, многу се радувам. Убаво било некој да пати за тебе. Не е инспиративно како кога патиш сам, но е дефинитивно поубаво чувство. Има моќ да ти ја крене наведната глава, да те исправи, да ти го обели лицето, да те истресе од пепелта. Ние двајцата стоевме дијагонално во нашиот круг. Толку земјотреси, ерупции на вулкани, поплави, зарем ни беше дозволено да веруваме дека нема да се сврти. Дека местото наменето за патење нема да дојде и под твое тло. Епа, ете се сврте. Сега кај болката стоиш ти. А јас за да не се осудам да се најдам на старото ... Заминав од тој наш магичен круг. Заминав засекогаш.
    Пати Љубов, пати и со поголема болка. тоа ќе биде моја утеха за секоја лузна од секоја рана. Помалку или повеќе веќе зараснаа.

    Фотографии Љубов, сето наше долго преолго минато зачувано во таа магична материја. Само фотографии кои толку лесно горат. Толку брзо ги снемува лицата, доволно е само да ја изгасам цигарава над нив.

    Искрено посакувам да беше само непријатна миризба од цигари. Да беше тоа Љубов, ванилава што ја имам безрезервно ќе те уништеше. Но не си. Но, уште многу малку солзи останаа да го носат твоето име.
     
  10. Isabella

    Isabella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    188
    Ти ја затвори едната врата од загушлива и измачувачка соба, и отвори нова врата. Сигурно е почеток кој ќе носи радост и среќа. Доволно е да ги активираш сите свои сетила, да не пропуштиш нешто што може да значи нова среќа. И пружи ја својата рака. Пружи ја за да ја дофатиш радоста. Затоа што само тогаш кога бараме, тогаш наоѓаме.
     
  11. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Месечеви прошетки
    “Се сеќаваш ли се уште на мене ? Ми имаш ли обезбедено место во твојата совршена глава, во која би ме чувал засекогаш? Ме сакаш ли ? ”
    До утре можев да измислувам прашања кои би ги отсликувале нашите зачетоци. Зачетоци на љубов и пролетна топлина која ги грееше нашите срца и ги зголемуваше желбите да се преточиме во едно. Распламтената природа секогаш знаеше да ни го оттргне вниманието од секојдневниот хаос и да ни ги приушти најубавите мигови во кои можевме заедно да дишеме. Не стигнавме ни убаво да се запознаеме. Само знаевме дека на некој начин, не знаевме ни на кој, меѓу нас имаше нераскинлива врска. Стариот дел на градот секогаш ни беше засолниште. Не криеше од злите јазици и љубопитните очи кои во нашето мало гратче правеа чуда. А доста ни беше од чуда ! Сакавме мир кој ќе го поделиме на две парчиња и ненаситно ќе му се насладуваме.
    Свесни бевме за меѓусебната привлечност, но никогаш не се осмеливме да ја овековечиме. Можеби времето во кое животите ни се сретнаа не беше она вистинското. Таа привлечност ден денес остана сенка која одвреме-навреме тивко оди зад мене. Ја слушам..но не ја разбирам. Поминаа 6 години а гласот на сенката е се уште нејасен. Често се сеќавам на тие времиња. Беа убави времиња...му бегавме на секојдневието за да го гледаме месецот качени најгоре на градот. Успевавме да им избегаме на сите и барем на два часа да постоиме само ние ...за себе...засекогаш...барем така мислевме.

    Денес мемориите ги делам со сенката...се надевам ги дели и тој. И денес сме свесни за својата несекојдневна врска. Врска која физички и практично не постои, ами само како некој тенок конец пробува да не спои. И после толку време...безуспешно, апстрактно. Но, ќе го причекам Бог да ја вмеша судбината која е последното и конечно решение на се. Можеби таа ќе не замота и повеќе никогаш нема да се одделиме. Можеби.....многу можеби.

    До тој ден ќе ја замислувам нашата повторна средба. Барем за неа сум сигурна дека ќе ја има. Каква и да е ќе ја има. Не би било интересно оваа бајка која уште не е сосема реална да заврши тука. Нема да заврши . Ветувам и верувам ! Ќе и се обраќам на месечината и ќе се надевам дека таа е нашата нераскинлива врска за која тврдам дека постои.
     
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Денес е светски ден на поезијата. И благодарам што ме облагороди.

    Ветувам, дека никогаш нема да престанам да си играм со зборовите.

    Ви ја подарувам песнава.



    Случајно


    Понекогаш,

    Се случува да се родиш
    И да не можеш да заспиеш
    Покрај оној што случајно си го сретнал,
    Како случајно најден весник во локалното кафуле
    Сакаш да го прочиташ,
    Ама ќе мораш да го оставиш
    За и другите да имаат што да знаат
    Можеби
    Ќе можеш да му оставиш трага
    Брчка, или лага
    Круг од шољата за кафе
    Еден или два стравови,
    Капка солза, или пот
    Додека денот минува

    А тебе животот, ти минал цел
    И оставил
    Само дел по дел
    Да ги собираш
    Случајните сонувачи
    Кои покрај тебе
    Не се заспани.
     
    На vinozito1, Esperanza, WarriorAngel и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Моето јас

    Моето тело е тука седи на овој стол,
    Мојот ум е далеку од вас и вашите очи,
    Мојата душа е скриена длабоко во моето тело
    и тажи, сака да се сокрие од вас и од вашите љубопитни очи.

    Не гледајте ме со испитувачки очи,
    Не барајте го моето срце,
    Не барајте од моето тело движења,
    Оставете ме сама онаква каква што од секогаш бев.

    Мојота душа копнее по мир,
    Моето тело копнее по одмор,
    Мојот ум копнее по радост,
    а срцето копнее по среќа за да ја сподели со некој.

    Не ја познавате мојата душа,
    затоа оставете да бидам она што сум моето јас.
     
    На karenin и Serafima им се допаѓа ова.
  14. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Нешто од мојата стара поезија кога пишував блог...
    одамна не сум напишала ништо, но додека да се решам.. еве нешто :)

    Пустина

    Чекорам и го следам трагот од зајдисонцето кој бесшумно се провира низ трепките..
    како во сон тонам во ново искушение.
    Во оваа пустина како пеколен рај, јас барам притаен спас.
    Чувствувам како во мене да беснее живиот песок
    кој го чувствувам под петиците,
    во оваа пустина ќе оставам се.
    Ќе ја удавам секоја болка во нејзината длабочина,
    во песокот ке закопам секоја тага.
    и во секое зрно ќе ја сокријам секоја солза.
    Ќе избришам се, што на тебе ме потсетува.
    И ќе го чекам дождот, да се пролее врз спомените..
    да ја облее оваа пустина од тага која ти ја создаде.


    Лагата е најсурова болка

    Лутам по празнината на скршеното срце,
    газам по под од прав..
    под мене чувствувам небо,
    не чувствувам ни допир ни страв.
    Зад мене слушам чекори без шум,
    чувствувам врисоци без глас..
    тоа е моето его, но не сум јас.
    Откако ме остави на прагот со студена душа,
    и чувства во ковчег од стакло,
    во тишината само молк слушам!
    Сама сум со свет со лажни лица
    каде и да погледнам настанува бура
    плачот во душата, како песна на тажна птица.
    Ме рануваат трњата од твојата роза..
    но не ме болат воопшто знај..
    повеќе ме боли тоа што не знаешe да кажеш Крај!


    1001 лик

    Беше ноќ, а во твоите очи видов толку сјај
    длабоко потонуваше во нивното синило.
    Се обидов да го направам уште подлабоко,
    но секогаш кога ке ме погледнеше, како мистериозно да исчезнуваше.
    Се обидов да влезам во твоето срце, но вратата беше заклучена.
    Во твојата насмевка имаше мала доза на иронија,
    а сепак беше толку божествена..
    Се обидов да ги прочитам твоите мисли,
    но не можев да ги сватам,
    зборуваа на јазик, кој не го разбирам.
    Се обидов подобро да те запонаам, но беше прекасно.
    Во твојот свет постои 1001 лик, а јас би била последниот.
    Се обидов да те освојам
    но беше залудново твојот свет постои друга, од која твоето срце е украдено....
     
  15. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Џарејќи се во празнината, не чуствував ништо, освен топлите солзи кои течеа по моите образи. Го слушав само моето пригушено дишење. Немав сила, ниту пак желба да се подмрднам од својот кревет. Сакав таму да останам и да заспијам и никогаш повеќе да не се разбудам. Бев уморна. Уморна од се. Уморна од горката судбина. Како да бев празна, како да немаше ништо во мене. Ја чуствував онаа ужасна празнина, осаменост која ме тераше да викам, да викам, да викам но би било попусто. Никого не би ме чул. Никого не би го чул моето молење за помош. Ми требаше само една прегратка. Но не билочија прегратка. Ми требаше неговата прегратка. Неговите прегратки беа посебни. Кога ќе ме прегрнеше, се чуствував толку сигурно, заштитено, толку посакувано. Повторно почнаа да ме прогонуваат оние слики во мојот ум. Оние моменти, оние сеќавања. Се досетив на оние времиња кога бев среќна, а сега дури незнам ни што е тоа среќа. Се досетив на оние времиња кога незнаев за солза, за болка, за тага. Ми недостига тоа. Ми недостигаат тие времиња. Го сакам тоа назад, а знаев дека сепак неможам да го добијам тоа. Се исправив. Застанав на нозе. Полека се доближив до огледалото. Што беше тоа во одразот на огледалото? Која беше таа личност? Која беше таа личност низ чии очи можеше да се види само бескрајна болка? Која беше таа личност чии лице беше толку бледо што изгледаше мртво? Неможев да го гледам она бедно суштество кое стоеше таму. Се свртев и погледнав низ прозорецот. Сакав да излезам малку и да ги тргнам оние црни мисли. Без никакво двоумење излегов надвор. Го немаше сонцето. Беше се скрило зад темните облаци. Само стоев боса на ладниот мермер и сонливо ги гледав облаците. Наеднаш почуствував капки дожд по своето разголено тело. Тоа беше тоа што го чекав. Дождот. Го чекав дождот. Моите усни полека се раздалечија и за прв пат се насмевнав. За прв пат почуствував нешто. Се почуствував жива. Се присетив на нашите игри низ дождот. Срцето ме стегна. Мојата насмевка за миг ја снема. Повторно почнав да плачам како дете. Повторно ме обзеде она сивило. Повторно се вратив внатре. Мислам дека зедов некои пилули во кои го гледав спасот, мирот. Без размислување ги голтнав. Легнав на својата ладна постела и ги затворив очите и никогаш повеќе не ги отворив...
     
    На mari4eeee и nirvanaholic им се допаѓа ова.
  16. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Ангел во пеколот

    Чекорев сама во градината со безбојни цвеќиња чиј мирис ме присеќаше на вечност...
    со трнови во глуждовите го барав цвеќето со најубава боја
    Заробена во лавиринтот 8..трагав по љубовта која беше илзуија
    Го гледав она што сакав да го видам,
    во екот од громови го слушав само твојот глас
    Во распараното сиво небо го допирав виножитото, пустината ја гледав како рајска градина
    Во прашината го чувствував мирисот на виолетов јоргован, во секое зрно криев една солза
    Додека громовите го расекуваа секое парче од моето срце,
    јас ги чувствував како мелем.
    Дождот не беше само капки вода, беа дијаманти кои се тркалаа по моето лице
    Стоев среде пеколот, мислејки дека се наоѓам во рај.
    Го љубев ѓаволот..
    горев во неговиот оган,
    пиев од неговата крв,
    Јас ангелот ги заложив своите крилја,
    да станам грешник,
    за миг пак да живеам во пеколниот рај.

    http://kuklaodpamuk.blogspot.com/
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Пролет

    Отворам ширум прозорци
    да намирисам што се случува,
    соседите пак јадат на балкон
    веќе е почната сезоната
    на балетанки,
    точаци и зелени гранки,
    на весници што летаат од ветрот,
    на белоглави гулаби
    што носат пораки
    дека треба да е мирно
    и мачките на раат
    да се фрлаат по нив
    кога овие првнуваат да летаат,

    треба да е топло
    за пензионерите да шетаат
    (А не да се туркаат по автобусите),
    дека можеме на работа и со точак
    (да тргнеме против ауспусите)

    и така
    отварам крилја како гулабите
    што без да сакаат
    на глави ни какаат
    ама носат пораки
    дека треба да е мирно
    кога
    Пролетта
    надоаѓа силно.
     
  18. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Бегајќи од себеси

    Беше како пекол и рај, двете во едно..
    на моменти чувствував како телото да ми се распаѓа а веднаш потоа како повторно да се раѓав од прашината.
    Понекогаш повеќе болеа солзите кои не можеа да излезат, кои беа заглавени таму некаде помеѓу очите и душата.
    Посакував да вриснам силно со надеж дека некој ке ме извади од таа бездна, дека некој друг ќе ме маѓепса со поглед како неговиот, дека ќе биде негова копија и ќе биде возможно да ја сакам..
    Љубовта со него беше како дрога, на моменти го даваше она еуфорично возвишено чувство а веднаш потоа ме доведуваше до работ на лудилото.. но продолжував да ја земам иако полека ме уништуваше.
    Го сакав на некој необјаснив начин, понекогаш ми беше доволно да го погледнам и да сватам дека тој ми припаѓа само мене а веднаш потоа ми требаше повеќе од колку што можев да издржам.
    Сакав да го сакам, но повеќе сакав да го мразам.. и кога ќе го свртеше грбот и ќе заминеше посакував да истрчам пред него и да го гушнам силно, но го пуштав да оди бидејки знаев дека повторно ќе ми се врати.
    Одевме по различни патишта кои на крајот сепак се вкрстуваа, имаше нешто толку чудно во нашата судбина.
    Бевме како оган и вода, како небо и земја, ангел и ѓавол.. а сепак припаѓавме еден на друг.
    Како да доаѓавме од друг свет каде што тие разлики беа совршенство.
    Заминував секогаш кога знаев дека ќе бидам повредена.
    Барав утеха под туѓо небо но ветрот повторно ме враќаше на неговите облаци..
    барав спас во друг поток но реката пак ме носеше до неговите сплавови.
    Како да се криев од месечината, а таа секогаш ги следеше моите чекори..
    Бегав од него, а всушност бегав од себеси.

    http://kuklaodpamuk.blogspot.com/
     
  19. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Без него..

    Отвори се земјо, пронајди го мојот љубен..
    испрати му го мојот глас..
    кажи му да ме чека,
    на овој свет не сакам да живеам јас..
    Еј љубен мој.. каде отиде..
    зошто со тебе не ме поведе..
    ме остави меѓу живите,
    мртовец да бидам..
    но јас не припаѓам овде.
    Еј ангели мои кажете му..
    без него ништо на овој свет не сакам да видам..
    ни сонце,
    ни небо,
    ни реки,
    ни ѕвезди..
    без него ништо не сакам да видам.
    Еј сонце без него не изгревај,
    Еј небо без него не патувај,
    Еј реки без него не течете,
    Еј ѕвезди без него не блескајте..
    без него ништо не сакам да видам!
    Еј срце мое.. те ослободувам..
    јас друг не можам да љубам.
    Еј ангели мои одведете ме
    јас смртта со радост ќе ја дочекам..
    одведете ме кај него
    во неговиот пекол јас да горам,
    од ѓаволот крв јас да пијам..
    само ноќва постелава гроб да не ми е.
    Еј Ти Севишен Богу..
    зошто ме казнуваш со живот вечен..
    кога овој свет без него вистина не е..
    Или стори ме пепел,
    или јас неговата ќе бидам!


    http://kuklaodpamuk.blogspot.com/
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jay-jay

    Jay-jay Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Jас напишав песна верувале или не со 50 строфи... :!: Не се опишани баш некои чувства, и како приказна е, (на некој начин љубовна) со наслов "Италијанецот"... и јас се нешто мислам дека ми е глупава.... :^)
    Мака ми беше да ја пишувам... :yawn: