Како може така лесно туѓа несреќа лесно да влијае врз сопствениот разум, воден од други товари ? Да го смени текот на целиот ден и од огромна позитивност да создаде едно нагонско чувство на повраѓање и одбивност кон останатиот свет. Ни крив ни должен некој ќе си го ’’однесе“ заради нашата лоша среќа и неприсебно справување со нештата. Многупати се запрашав дали е можно да се живее само од љубов, и на површината се трудев да излезе зборот ДА , но секое себеубедување ми докажува дека не е така. Се уште сонувам...голем сонувач сум ! Полесно ми е да залутам на друго туѓо, непознато место и да се грижам за проблеми кои не постојат отколку да ги решам оние реалните. Клише е да се запрашам дали разумот или срцето. Отсекогаш навивам за срцето, но во овој измиинат краток, но сладок период, разумот навистина не ми допушта да продолжам да сонувам. Сонувам за таа боженствена појава можеби околу 2000 дена. Не константо, не сум до толку примитивна, но секако-често. Не така често колку овие последни мигови. Никогаш до сега не сум чувствувала пречка во надминување на некоја своја емоција. Овојпат секој природен тек е ненормален. Долго време лутајќи по нечии други идеали заборавив на своето место и дозволив проблемите, за кои досега не знаев дека ги има, да станат секојдневие кое константно се натрупува.Не било вака необично никогаш...грозно суштество, парајќи ја утробата ме потсеќа на секојдневието кое морам да го погледнам во очи. Ме стаса онаа : Кога нешто премногу силно посакуваш , кога ќе го имаш веќе нема да ти значи. Не дека не ми значи, само што уште не сум одлучива што сакам. Се надевам набрзо ќе одлучам со помислата дека никој вечно нема да ме чека. Ќе ме чекаат само моите ВИСТИНСКИ пријатели. Само тие ќе имаат трпение и разбирање па заедно ќе поминеме низ ова измешано лудило кое истовремено не престигна.Но, не сме ние криви-едноставно светот полудел ! Не издели од системот за да ни покаже дека сме едниствени и неодоливи.
Сребрената девојка Не успеа. Ја оставија среде пустина. Не знаеше од каде да почне и каде да го бара патот. Скиташе низ жешкиот песок, под канџите на огненото сонце. Можеби и затоа толку го сакаше дождот. И даваше парче надеж за подобро утре. Низ пустината бараше оази и кога ги најдуваше... Стоп. Назад на стартот. Блед поглед, испиено лице и разбушавена коса ја карактеризираше. Беше убава. Ја сакаше ноќта. Во доцните часови и пееше на месечината и танцуваше со својата сенка во бело лелеаво фустанче. Навидум беше среќна. Таа уживаше во дождот. Уживаше во неговите капки и во неговиот мирис. Знаете, оној совршен мирис. Спој на дожд и прав. Ноќ. Во аголот чоколадна свеќа што догорува. Го изгубила мирисот. Да се разбереме, ова не е љубовна приказна. Се случува на место кое никогаш не заборава, дури и тогаш когa луѓето забораваат. Продолжува...
И сега ќе заборавам Ќе застанам за миг на нашето место.. и ќе ја наведнам главата.. на земјата ќе капнат неколку солзи, и ќе заборавам... Ќе заборавам дека на тоа место некогаш постоеле двајца.. ќе заборавам на се што тие доживеале.. Ќе ги затворам очите и ќе избришам се пред себе, секој спомен од секој ќош.. Ќе ги закопам тука засекогаш тие двајца, и нивната приказна.. ќе го закопам него, и сите спомени... ќе ја закопам љубовта, и ќе заборавам... Ќе заборавам се негово.. Ќе ја заборавам и бојата на неговите очи, Ќе го заборавам и звукот на неговиот глас, ќе го заборавам мирисот на неговите прегратки, ќе го заборавам вкусот на неговите бакнежи... И ќе ја заборавам сета болка и тага.. И ќе го предадам срцето..друг да се потпише врз неговото име, Ќе го предадам телото..други допири да ги бришат неговите бакнежи, Ќе ги предадам очите, друг да ги бриши моите солзи.. Ќе ја предадам душата, друг да спие во моите прегратки.. И ако тој сеуште живее во мене, ќе горам во огнот на тие гревови за да уништам се.. ако се уништам јас, ќе го нема ни него... ќе не нема и нас! http://kuklaodpamuk.blogspot.com/
Еве нешто и од мене. Не е ништо посебно ама ај I'm not a seriously girl, don't know what happened to me, relationships and love stories don't get deep to me because in my opinion they were only a little bit of fantasy... And then you appear just like a dream to me saying you love me and it was so sweet I was "three meters above the sky"... But there was a dark side of you that I never knew and that's why I was just a victim. Now I'm only a girl with broken heart and it's cutting me like a knife but I must let you to walk out of my life. Spoiler Се потрудив да пишувам на англиски, да вежбам дури сум мала . Се извинувам ако имам грешки...
Во себе Одеднаш, пишуваш песна оти во тебе лежи нешто налик камен ама ете, полесно е зошто е од збор и дава збор дека ќе премолчи само кога ќе го изустиш напишеш запишеш некаде наоколу Додека се збива животот.
Kога ке ги затворам очите Kога ке ги затворам очите те гледам понекогаш и си замислувам како да направам времето да сопре. Kога ке ги затворам очите заедно старееме и ако заминам пред тебе дозволи ми ... таму ке те пречекам. ...и да се смејам или да заплачам дури и небото да е полно со молњи јас те љубам... да, те љубам ... љубов моја... Kога ке ги затворам очите само тогаш сме заедно и ако мислам на тебе премногу со воздишка прегрни ме. ...и да се смејам или да плачам дури и небото да е полно со молњи јас те љубам... да, те љубам ... љубов моја, засекогаш. Kога животот ке не раздели никогаш прекасно не е а, твојата тишина прегласна е говори ми... Kога ке ги затворам очите повторно сме пресреќни...
Нова вода Едно од оние утра кога имам гугутки на балкон саксиите свират џез со љубичиците мачките се греат во пар по улиците мириса на пита од комшии а јас сонувам со очи ширум отворени. (Градот е гладот и во него има шерифи а ние, отсекогаш сме биле Индијанци) И ми се пишува живот ми се вдишува зошто сакам да зачувам мигови ко детелини залепени зрнца среќа за крвната слика. Музика кревет парче хартија искористена ноќ и многу љубов и допир од ноќ стари сеќавања нова симфонија и те раѓам тебе себе нас нив сите што тонат, па испливуваат на брегот што води кон Новиот свет. И како во Girl and the sea сакам да ме допираш низ прсти како песок кој се развејува за да напишам колку е ведро да се биде жив додека времето истекува.
... Запрев таму. Во преплетот на твојот бесшум и тропотот на моето срце, со распарани конци помеѓу левата и десната преткомора. Ти си таму на десната, јас на левата, контрастно мразејќи се со очи. Се губиш во моето синило и чувствувам како ми станува сеедно. Ми се лади телото. Ми се скаменува лицето во безумие на ладна кучка со интригантен поглед вешто сокриена под превез од нишки неверување. Се гледам во огледало и чувствувам како се сушат боите на испиената младост, и се претворам во слика со мрачни тонови умешно насликана од Пикасо или Да Винчи. Барај ме во Лувр.
Немој косава да ја галиш, залудно трошиш драгоцено време, брзо ќе научам, побрзо ќе се навикнам, како е секој ден да те гледам, да те гледам а да не те бакнам. Не гледај во очиве така, нема да ти откријат како полека ја заборавам насмевката твоја, нема ѓаволесто да те гледаат,а да ме предадат цврсто ќе застанат во одбрана моја. Усниве чинам, сеуште треперат во твојата близина.... Но верувај,тие нема да ти споменат ништо важно. Сакајќи да бидам како тебе, лажев. Ги лажев сите,а и себе. Со усниве љубев лажно.
... на плеќи те носев, како пердув со леснина и сила на ветер, прашинка, делче срце на дланка со љубов, тоа во него, барем мислам, по ѓаволите кој би знаел. Потрошен материјал беше тој сјај, тоа вообразено парче насмевка и голем дел душа. А мислиш тој пердув никогаш не ќе се претвори во камен, карпа и сега само Сизифови маки . Оти јас така сакав. Избор не да нема, ама друго нешто не би ни било пердув, после тебе се би било карпа, и понатаму поголемо. Блазе им на бездушните... а јас на плеќи те носам. Оти така сакав.
Може помош околу писмена работа со наслов "Незаборавно Патување" или "Мојот Животен Патопис" ? *во лп БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД !
Инспирација, рефлексија и дожд Тишина. Небото плаче. Крупни капки дожд удираат безмилосно по прозорецот. Приквечерина е. Се слуша тажна птичја песна. Вдиши, издиши. Можеш да го почувствуваш мирисот на свеж јоргован. Најдобро време за пишување поезија. Ова тмурно време ме исполнува со надеж. Надеж за нас. Поради тебе и ја пишувам поезијава. За се што правам, ти си моја инспирација. Во се што правам, ти си моја рефлексија. Биди искрен. Единствено тоа го барам од тебе. Искреност. Покажи ми ги твоите чувства. Можеме многу да имаме, верувај.
Љубовта е бескрајна река дали тој ќе ме чека?? Тој за мене е најважен со он со неа е тажен. Му требам јас заврши последниот час дали јас сум заљубена во него изгубен??? Во овој круг ме заглави со тие очи плави кој е твојот трик или ова е само очаен крик??? Што ли ми стори овој оган за тебе вечно ќе гори велиш љубоморна сум јас кога само се борам за нас Таа чуства нема мозокот му го зема таа го изневерува без чуства ладно и кога е со мене го погледнува нападно Заедно сме луди тој постојано за неа се труди сега тој неа ја моли а мене срцево ме боли </3
Слобода И ќе се разбудам во твоето срце опколена со капки миризби пиво, сол рани полни сеќавања радост и јас и ти во нова иднина. Ќе помислам зарем не е мрачно? Има тука една мала дупка светлина на која можам да видам се’. И ќе прочитам на ѕидините дека ова е мојот најслободен простор. Да се биде во твоето срце.
Почеток на нова ера Никогаш не се вратила толку доцна. Веќе воздухот почна да мириса на роса и да се гаси уличното светло, ама нејзе тоа не и беше важно. Пред да заврши стариот ден, започна новиот и се се одвиваше така молскавично. На оваа плански градена девојка, деновите и зависеа од моќта на непредвидливоста. Влезе дома на прсти, никој да не ја чуе...не заради прекор или замерка...заради навиката секогаш се да е на свое место без никакво несогласување со времето и просторот. Тоа несогласување вечерта беше големо. Седна на креветот така дотерана и без никакво психичко присуство во реалноста одлета низ миговите во кои беше физички присутна пред малку. На памет не и падна да се соблече, да ја извади шминката или да ја расплете косата, вечерта блескаше и сакаше да остане засекогаш таква. Нејзините мисли сега се занимаваа со нешто многу поважно од тоа дека целиот живот и се преврте наопаку или дека почна да ги занемарува секојдневните обврски. Тоа што ги запостави сите и се околу неа не можеше да заземе толкаво место во неа како што тоа го правеше тој. Самата беше свесна дека целосно ја измести од сите граници кои си ги беше поставила, но од друга страна...таа токму тоа го посакуваше. Оваа вечер го достигнаа врвот, едвај разменија по некој ред ,а толку добро се разбираа. Се оддадоа целосно, барем таа. Тој не ја пушташе од раце. Ноќта ќе беше греота да се помине во спиење. Мечтаењето беше послатко. Беа одделени можеби едвај пола час, а низ нејзинита глава се кроеше план за она што следи. Кога ќе се сретнат ? Утре ли ? Не утре...подоцна..за некој час. Себеси се измачуваше со мисли и цели кои нему не му значеа ништо. Тој само знаеше да му се препушти на моментот и да ја има. Во овие триесеттина часа немаше место за утре. Деновите се нижат еден по еден, се зголемува и искуството...ако не е љубов нека биде искуство.. а свесна беше потајно дека е љубов. Или не ? Е не знаеше..веруваше во се што ќе кажеа. Викаа дека е љубов. И оваа ноќ ја помина така. Свесна , а со него -сонувајќи за него.
Требаше Требаше да љубиме додека ремените не’ стегаа па се соблекувавме голи за да трчаме по Месечината која не е ништо друго ами обична улица што одоздолу ни се чини округла, требаше да се изгубиме па најдеме некаде меѓу дрворедите кај што штиците што прават мостови се држат за дланки обидувајќи се да ни кажат - Дечки, не смеете да останете гневни, предвреме остарени носталгични и тажни смеете да се смеете оти со тоа сте обдарени овде сте важни. Требаше да љубиме за да победиме. Требаше. Уште никој не знае дали месечината е обична улица или круг кој не’ лаже дека ноќта е светла.
Песимизам Кога денот ќе замине преку светлоста на уличните канделабри, можеш да ме најдеш на улицата без име, како флуид растечена низ сувиот асфалт.. И не прашувај ме ништо. Ништо не ќе ти кажам. Остани со мене, ќе си зјапаме бесцелно во фокусот на црно-белата фотографија на истргнатиот живот низ прстите.. И ќе потонеме во кошмари на изопачен свет, со изгубени вредности.. Ќе си ги сплотиме дланките и песимистички ќе кажеме, оти чашата е полупразна.
Многу ми е тешко. Ми тежат самите зборови кои ги типкам на тастатурава. Ми тежат деновите поминати во погрешни одлуки. Ми тежи непромисленоста. Ми тежи невозвратената љубов. Ми тежат грешките. Ми тежат солзите. Ми тежи музиката. Ми тежат мислите. Ми тежи секојдневието. Ми тежи монотонијата. Ми тежи копнежот. Ми тежи незадоволството. Ми тежат клепките на очите. Ми тежат зборовите заглавени некаде помеѓу грлото и усните. Ми тежи неуспехот да сменам нешто. Ми тежи неспособноста да бидам сакана. Ми тежат нотите отсвирени на гитара. Ми тежат облаците на небото. Ми тежи кога знам дека можев поинаку. Ми тежи инаетот. Ми тежи упорноста. Ми тежи. Тешко е да ти тежи се, кога нема кој да ти помогне, кога нема кој да те поддржи, кога нема кој да го сподели товарот со тебе, кога нема кој да те повлече преку карпата, кога нема кој да ти ја дофати раката, кога нема кој да те прегрне силно, кога нема кој да те чуе. Кога си нем во тишината, кога зборовите се излишни. Кога нема начин да се искажеш, кога не си дефиниран, кога си празен. Тешко е...
Ковчеже Спомените. Ах, спомените. Некои со насмевка, некои расплакани. Сите искуствени. Те обликуваат, те менуваат, те прават она што си. Се до сегашноста, кога ти засметаат, ги врзуваш со розева панделка, да ги ставиш во ковчеже, да не се заборавиш, кој си, што си, од каде си, зошто си тука, зошто си таков. Ги имаш, без нив не можев, во нив не живееш...