Уморните клепки го бараат своето засолниште Некаде над нерамната кожа која плови во солзи и пот. Небото одамна го изгубило својот сјај. Онака смуртено го чешла градот со своите канџи. Го чекам часот, кога ветрот ќе дувне повторно, Кон рамениците, Кон рабовите на усните кои ќе се развлечат на спротивни краеви, Кога светлината истовремето ќе ја допира косата црна, И ќе удрира по секоја клетка на телово,пробудувајќи ја. Копнеам за слобода . Она слобода зачинета со лудост,бесмисленост во правење на нештата. Заборавам се. Чекам воздухот задушен од сон, во собата да го опие мојот ум, И да ме одведе во соништата. Знаеш ,таму никој ништо ни ми одзема, Таму патувам низ времињата и темнината на оваа душа Која се обидува да избега од овој горчлив свет.
Моето 3то дело. Сега почнувам ама мерак ми прави да ја ставам душата на хартија! Татко Повторно те нема цела вечност Не помина многу време... Ден,недела,месец? Те немало и повеќе,знам... Уште еден месец фантомот те зеде од тебе. Како прав повторно ми се испушти низ прсти. Почнав да се бричам. Сам-без татко Две лузни на брадата за мојот татко. Ама ќе се вратиш,и ќе ги нема. Се ке биде како што беше. Затишје пред бура,преубава катастрофа... И сега ја чувствувам таа празнина без тебе. Боли и пече како свежа рана. На местото каде што беше ти,татко Сега нема ништо. Само сенишна болка, и пресушени солзи од јад,татко...
Нестрпливо ги броеше минутите од часовникот. Чекањето правеше времето да минува бавно, а тоа не беше во прилог за неа. Од секогаш се надеваше на денот кога заедно ке излезат со оној што го сака. На крајот животот и приреди една таква средба. Ќе беше можеби помалку болно се уште да живееше во сон како се двајцата заедно. Сега се блиски, и заедно се. Таа може слободно да ги гледа неговите очи што сакаат друга. Нејзината таканаречена најдобра пријателка.Благодарение на таа љубов таа е во негова близина. Сеќавањето на моментот кога дозна за таа негова љубов, создавата чудно чувство во стомахот. Сега се нарекува среќна обидувајки се со тие мисли да ја намали болката што ја убива. Чудно е што и успева. Постојано се смее. Всушност се надева. Како да ке и помогне. Не пуштила ни една солза. Ја памети ноќта по добро, надевајќи се дека наредната ноќ ќе биде подобра. Ветувајќи си себеси дека се ќе помине. Си вети дека нема да се откаже. Им вети на другите дека нема да и се потчини на љубовта. Никогаш не го кажа тоа, но сите знаеја. Реши за оваа љубов да рече “За прв пат успеа, ти победи!”. Се плашеше од тоа што би направила доколку изгуби... Реши да изгубат и другите со неа....
Мачето по име-Грдо Со моето куче се шетав во паркот близу мојата куќа. На пет чекори имаше собрано група деца наредени во круг. Децата вриштеа и викаа: „Посилно! Посилно!“ Се заинтересирав и ги прашав што е тоа многу значајно. Тие се разбегаа, а на истото место лежеше едно мало маче. Беше повредено на ногата и левото око, предната нога му беше изместена и многу болно скршена. Моето куче се доближи и легна до него. Посакав да го земам, но страв ми беше да не се измести уште нешто. Го повикав мојот чичко кој беше ветеринар го крена во раце и го однесе до мојот дом. Ми објасни како да го лекувам, зошто тој требаше да заминува за Холандија. Со шприц го хранев само една недела, и почна да јаде благодарение на моето куче кое го гледаше како негово дете. Толку многу ме радуваше, но истовремено и загрижуваше иднината на тоа маче... Поминаа неколку недели и мачето скоро заздраве. Окото се разбира, го правеше да личи грдо, но го сакав колку и да е грдо го сакав! Дојде време и да се прошета надвор. Доволно можеше да трча и да се движи со нозете. Додека си играв со него во дворот, едно дете се доближи до оградата. -„Па зар не ти е гад да ја галиш таа мачка?!“ се извика детето. -„Зошто да ми е? Тоа е мое маче“. му се обратив на детето. -„Да сум на твое место би го крстил Грдо!“ми одговори детето. Го погледнав мачето. Беше толку мило па и без тоа окце. -„Биди среќен, биди богат, биди УБАВ! Но, јас секогаш ќе се обидувам да бидам ГРДА!“ се обратив на детето. Знаев деканема да ме разбере се разликувавме скоро 10 години, но, знам дека кога ќе биде доволно зрел ќе се сети и ќе дознае што значи тоа! Ова ми е текст од моја имагинација, добро сега не е претерано, има нешто и вистинито.
Дамата со исончано лице Булевар, испарува конечно јуни доби слобода да не’ испржи ко саботна кајгана па сега нема што да се буниме кога летото си го добивме. Ја гледам, неа А можеби само ја здогледав На час, се појави како приказна има 65 или 25 се прашувам ти си или јас Има брчки и малку целулит но неважно, удира, во бит како да е лебдечка соната или обичен урбан мит. На раката носи стар часовник (од мртвиот сопруг или живиот татко, сеедно, времето и одамна не постои) а можеби и во дланка грст солзи туѓо срце на грб и бол на плешки и ползи Ја гледам можеби е како меркање дали е со себе или е сама Ми значи да видам како е кога жената гледа жена и се восхитува како дама на дама. Таа е како најголемата сенка што го заспива градот а во очите има сонце што испарува низ чадот.
Сопственото јас! Да се запрашаме себе си кои навистина сме, не би одговориле затоа што постојат многу работи кои се цврсто поврзани со нашето его. Говорејќи за нас само инстинктивно би се провериле себе си од една обична перспектива, но кога би продлабочиле во нашите чувства, мисли и се друго ќе видиме дека не сме само обични човечки суштества кои паткаат по обичната правлива земја, туку ќе видиме дека навистина постои нешто поврзано со нашето постоење. Но зошто сме создадени, која е нашата цел со која се стремиме за еден живот кој иако не знаеме колку долго би траел сепак се обидуваме повторно и повторно да да го донесеме во совршенство. Ние сме тие кои го движиме светот. Секој човек е различно граден и конституционално и емоционално, секој е посебен на свој начин и секој има различен карактер од другите. Секој има право на свој личен идентитет и право на слободно размислување, секој има право да го живее својот живот на начин кој го има замислено. Но постојат личности кои со својата перверзност ја засенуваат нашата патека, само затоа што сме подобри од нив. Но зошто е тоа така? Во нив отсуствува онаа страна од човекот со која треба да се биде човек. Не, тие личности се нашите сеништа од кои се плашиме да им се спротивставиме, се плашиме да им го покажеме сопственото јас, сопствениот идентитет, сопствените сили. Во секој од нас постои барем трошка храброст за да бидеме соперник понекогаш во животот, но зошто тоа не го правиме во потребните мигови кога навистина ни е потребна таа храброст. Никој не може да ја погази нашата храброст, затоа што таа е посилна од што и да било, затоа што со неа ја докажуваме вистинската личност која живее во нас , го докажуваме нашиот нескротлив бик. Ние сме тие, да ние сме тие кои можеме да зрачиме со широка насмевка со која ќе го заблескаме секој оној кој се обидува да не зацрни, ние сме тие кои треба да си веруваме себе си и да го слушаме нашиот внатрешен дух затоа што само на тој начин ќе се истакнеме пред другите како индивидуалци и тоа професионалци. Никој, сосема никој не смее а и ние не треба да дозволиме да ни го руши нашиот веќе изграден свет. Колку губитници имаат застанато цврсто на земјата и имаат речено “јас можам и ќе успеам”. Да, станати од пеколот и вешто, остроумно и храбро продолжуваат напред. Една работа која треба да не води напред и во која треба да веруваме е оптимизмот во која треба да ги насочиме сите наши верувања, желби и успеси и цврсто да се соочиме со “доблестите” кои ни ги нуди животот. Животот е еден, единствени сме ние, нашите срца не треба да го погазат она што копнее во нас, расте и живее. Духот кој живее во нас секогаш треба да го гледаме како најголем пријател, бидејќи само тој може да не одведе до вистинскиот пат наречен успех. Затоа верувај, верувај во самиот себе си и она невозможното можеби еден ден ќе стане возможно! еве нешто и од мене..
Инспирацијата ми дојде од настаните кои ѓи одбележаа деновиве. Затоа напишав кратка песна за луѓето кои се горди залагачи за човековите права и слободи, со надеж дека ќе ви се допадне. Шепоти торнадото дур се тресе калдрмата, ескалира ли стравот? - Допри ја идилата. Насликај портрет со сивило и прет, ако реалноста е парадигма.. Ил си зол ил си смел. Пружи љубов, допри сонце, рев, за кога сите молчат, да бидеш бунтовник со револт и гнев. Фрли ја шапката, отуѓи ја туѓината, креирај го праволинието на свилата. Ако си еманципирана дама од транзицијата, покриј се со превез, избриши ја од лицето тишината. Биди прашинка, искушение во браздата, летај без кријла, бакни ја призмата. Накити палки со машни црвени, кога говор в гнездо е оган и свил рој, За в глувата ноќ дур ита пратеникот, велиш - чуј ме јас сум поетот свој!
Беше пладне, а времето беше посеано со темни облаци, кои беа спремни за дожд. Беше тоа летниот период, кога сите убави парови обожаваа да се релаксираат на убавото време, да водат романтики и да уживаат со своите сакани. Но, овој ден беше поразличен од останатите. Како што кажав темните облаци беа нависнати на небото и како да сакаа одеднаш да ги истурат своите солзи кои одамна ги чувале во себе, да ги искажат своите тајни..Беше толку темно како да беше полноќ, но беше тоа пладне. Дуваше и ветар, кој ги крадеше насмевките од оние кои беа излезени во паркот. Вики, која беше многу вљубена во Марко, му предложи да излезат да се прошетаат во паркот, па да одат покрај реката која беше бистра и голема. Марко, покрај сета неизвесност, несакајќи да ја одбие Вики излезе, иако ја предупредуваше Вики, дека се спрема бура, која може да биде фатална. Но, Вики сакајќи да го види Марко не можеше да издржи дома, па мораше да земи чист воздух, и сето тоа сакаше да го направи со нејзиниот дечко. Се сретнаа и кратко разговараа, кога почна да врне. Но, се оддалечија од нивните домови, и сакаа малку да уживаат во летниот дожд. Тој дожд му донесе несреќа и на двајцата. Вики беше девојка која сакаше да знае се, беше девојка која имаше и шесто сетило и беше љубопитна. Марко за разлика од неа, беше добро момче, кое се грижеше за Вики и многу ја сакаше. Никогаш ја немаше изневерено, и нивната љубов од ден на ден растеше се повеќе и повеќе. Почна посилно да врни и Марко сакаше да ја испрати Вики дома затоа што времето по малку беше морничаво. Седеа покрај реката и немаше многу луѓе, освен оние кои со шатори брзаа да се вратат што поскоро дома. Беше веќе 7 часот, а надвор беше темно. Вики тогаш го праша Марко дали ја сака..А тој само ја бакна, и нежно ја помилува за коса. Таа беше среќна, доволно среќна за да живее со помислата дека има некој кој многу ја сака. Но, временските услови како да сакаа да ја уништат нивната среќа. Времето стануваше поморничаво и капките дожд се истураа врз нивните тела, па тие беа свесни дека навистина невремето ќе трае долго, па мораа да се вратат дома. Во тој момент преминувајќи ја улицата на Марко му падна телефонот, па се обиде да го земе, додека Вики трчајќи ја удри автомобил. Возачот на автомобилот, несовесен човек замина, а Марко кога ја виде таа катастрофална глетка како да му се распарчи срцето на два дела. Не знаеше што да прави, а девојката очигледно имаше добиено силен удар на главата. Беше облеана со крв, но капките дожд го омиваа нејзиното невино лице. Марко избезумен викна брза помош. Дождот уште повеќе се засилуваше, грмотевици и секавици го осветлуваа целото небо, а Марко се обидуваше да ја освести Вики. Сеуште дишеше, а нејзиното тело беше целосно мокро. Марко како да знаеше дека тоа се последните минути од животот на Вики, цврсто ја прегрна и ја бакна нежно велејќи и дека многу ја сака. Тоа беше најлошиот ден од животот на Марко, неговото срце беше скршено, и во него немаше повеќе надеж. Машки, за прв пат срона солзи, но беа избришани. Останаа секако оние солзи кои ги пропушташе неговото срце, оние солзи кои беа врежани за целиот негов живот. Пристигна брзата помош, но веќе беше доцна, затоа што во тој момент душата на Вики згасна засекогаш, и се оддалечи од овој свет, напуштајќи го Марко. Брзата помош ја одведе Вики во болница, а Марко остана сам на дождот, занемен и целосно осамен. Ги гледаше само светлата од брзата помош како се оддалечуваат од него. Во неговото срце веќе немаше љубов, ниту остана малку надеж. Убиен од смртта на неговата сакана, го продолжи остатокот од својот живот, хранејќи се од спомените на неговата Вики.
Мал дел од еден мој текст за бивши дечко. Смешно ми е сега кога ќе ми текне дека бев облиена во солзи додека го пишував... И се што напишав онака беше баш од срце. хаха ...Кажи ми, после се, како нема да ти фали она излежувањето, гледајќи се очи во очи, без ништо да правиме, без ни еден збор да кажеме, без да се допреме? Зарем не ти беше поубаво од се? Верувај, живеев за тие моменти, живеев да сум до тебе, во твојата прегратка, сосема блиску до твето лице, твојата кожа... да го чувствувам твоето дишење... и знаеш, некако не чувствував потреба од повеќе, бев задоволна. Не чувствував потреба да те бакнам, за да ти докажам колку ми е убаво, колу сакам засекогаш да остане вака... Само што... знам, згрешив со тоа што незнаев како да ти кажам, јас грешев, а мислев дека ти си тој кој не е во право, и сакав да ме сфатиш без ништо да ти кажам...
Ми тргна со песниве.. Еве ќе поставам уште една која поодамна ја напишав, а се однесува на ,,Окото кое гледа се''. Триаголна ерозија За мене прочитавте во новина, во XVI век проникнав. Преку телевизиите, списанијата и медиумите - го обрав бостанот од градините. Мојата душа на дереџе е глина ронлива, кисела, како мерка лимонова. Ја стопив смеата на децата, и ја скаменив белегзијата на среќата. Чуј ме како денски гребам по лисјата, дур љубам и мразам небиднина. Сечам со рака погрешна, и забивам отров со стрела орозна. Јавам смело до границата, а тогаш кога станувам уморна, зад ќелиите во умот се притајувам. Јас не сум сонце за да греам, не сум месечева светлост за дива да бидам. Јас сум бурата, војната, пустинската круцијална кукавица - - предвесник на апокалипсата. Колку сум сиромашна, толку сум и богата, колку нахранета - толку погладна. Не испарувам кога во просторија свештеник ветар ќе повика, и не се кријам в розата како капка проѕирна. Кога шумата се претвора во огнена стихија, пред вас поставувам проста визија.
Кога една алиенизирана иконичка во еден компјутер беше крунисана за цар, во нејзините црни очи се насобраа еден куп светкави солзички. Наместо веднаш да седне на својот трон, се смести меѓу толпата и почна да раскажува за неговата покојна мајка што во својата утроба носела урбанизација на град. Некој архитект со кој се запознала во младоста, како што велела таа, бил мошне убедлив во тоа дека тој е Љубов, и и подметнал смог што кутрата сосема го воспримила, и од нејзиното мртво тело ја излупиле утробата што сега е всушност меур, во овој град во кој тој владее како цар. Се изнаплака кутриот, што замириса на прашината што беше насобрана под мермерот над кој стоевме. Таа вечер саде импулси ми вриштеа под кожата. Со оној ковчест створ се немав видено долго време. Се разделивме на една крстосница додека пешачевме последниот пат и најверојатно стигнав пред него, или премногу доцна. Така си мислев, се до тој момент кога не се појави пред мене и иритирачки ми ја искрши глетката, та дури за последната нишка ми ги оголи импулсите под кожа и почна гласно да се кикоти. Како некој микроорганизам што ми се влечел под облеката и знаел што правам додека го немало, ете така се кикотеше ова олицетворение на добата. (извадок)
~Триатлон~ Со тебе животот е триатлон, во три дела, три личности, јас, ти и твоето его. И кога од инат глас не ти слушам, а до тогаш телефонот се убил од ѕвонење, и сите тие бркотници од мисли кои се обидуваш ладно да ми ги сервираш, гнев само ми плишти и понекогаш се прашувам што ли видов во тебе, постанав ли мазохист, упорно со ладна глава и промислено ти се враќам. Па ова мора да е некаква аномалија, не може да е нормално, секојдневно. А ти очекуваш уште да ја завршам трката, бидејќи доаѓам последна, т.е сигурен си, да те праша некој со глава би тврдел дека за тебе ќе победам, од каде? Од каде таа сигурност во мене, од кај си сигурен дека и утре ќе ме има до тебе, дека нема да се откажам, да дезертирам од твојата трка, од твојот натпревар, пробај да играш само ти ти со твоето его, како ќе го завршиш твојот триатлон.
Си беше еднаш едно девојченце, убаво, мило, кротко со крупни кафени очи. Имаше поглед кој бараше одговор и длабочина исполнета со нешто чудно. Не знаеше што е тоа.... го имаше и таму во градите. Нешто ја тиштеше. Но немаше зошто, имаше се што сака, родители, фамилија, пари, школо. Сакаше да дознае зошто на другите поинаку им чука срцето, зашто не им е шупливо како кај неа. Се разбуди еден ден после долго посакување баш со таа дарба. Таа можеше да ги слуша другите, конечно и се исполни желбата.Тргна надвор и се прошета, се изнаслуша купишта проблеми здраствено љубовни финансиски. Додека се шеташе сфати дека е благословена, дека нема за што да се грижи воопшто. Зарем тоа беше одговор на нејзините прашањ. Таа имала се и ништо не ценела. Застана и нешто се промени кај неа, се допре кај градите почуствува нешто. Ох таа среќа што ја доживеа. Веднаш потрча кај домашните да сподели таа голема радост. Прелета низ вратата, и појде кај мајка и, Мамо па ние имаме се што човек може да посака, јас тоа тек сега го разбирам, ох колку сме среќни во животот. Мајка и погледна низ неа ја зема чинијата за јадење и ја подаде. Немаше никаков израз на лицето, тапи очи и две црти за усни. Се сврте и си продложи со обврски. Девојчето немаше што да прави ја зема чинијата и јадеше тоа што и беше дадено. Отиде во бањата да се измие, се погледна во огледало и забележа нешто ново, две црти место усни на неа.
It's been a while.. Сон ли е ова или реалност? Толку вистинскo но истовремено магливо. Одамна не сум те сонувала, минаа месеци. Не е ни битно повеќе.. Блага светлина, веројатно малку пред да се раздени. Лежам во својот кревет, лежиш и ти – на другата страна. Но некако, не си присебе. Очите ти се отворени, но погледот празен. Изгледаш замислено, далечно.. Ја наведнуваш главата како да ти е страв да ме погледнеш. Не сум те видела таков. Не, не си ти ова, неможеш да бидеш. Не сум ни јас, ова. Дури и во цела оваа несвесност, те гледам, но знам дека не смеам да те допрам. Тоа би ме вратило назад, многу назад, баш овој пат кога успеав да стигнам толку далеку. Не, не смеам. Ќе те погледам уште малку од оваа страна па можеби со доаѓањето на зората ќе исчезнеш и ти. Изгледаш смирено, но целата твоја појава извикува “немам право да сум тука”. Но нели сон е ова? Па тука сме се што не сме биле. Тука сме безгрешни. Прекрасно чувство на безвременост. Не издржав. Ја пружам раката и ти го допирам лицето а ти замижуваш. Ги држиш своите раце склопчени на перницата а дланките затворени. Нежно ги земам, ги бакнувам. “Не плаши се, тоа сум само јас.” Одамна не сум те сонувала, минаа месеци. Не е ни битно повеќе..
Срцева тајна Сеќавање на филм во сепија, и трагачот со свеќата. Смело врви низ пат сторен од шеќер и мов, чекори, да го спаси својот род. Тој е јулски жнеач, и декемвриски косач. Со јунаштво створено од стакло, тешко за пробив, а мамење слатко. Мене не ме опи виното колку далечината, ме маѓепса тој - кројачот на квечерината.
Зошто еднаш не почнеш да се грижиш за себе? Што те интересираат туѓите глупости? Како веќе да немаш свои. Ги имам и премногу. Знам. Скршените луѓе секокаш пробуваат да ги поправат другите. Не ми се лути за тоа. Желбите и намерите убиваат, посебно оние неостварените. Го мразиш патот и местото само кога ти недостига дома. Ти треба светлината најмногу во моментот кога се гаси. Знаеш дека ја сакаш кога ќе замине. Иста филозофија. Она ,,те сакам“ е патетично. Но, кажи го на смртна постела, пред да ги атвориш очите и тие два збора ќе бидат прифатени како огромна мудрост. Патетично. Очигледно, оваа писателка, ако и воопшто може да се нарече така – пишувањето не е само уништување на сопствените мисли, сака да каже нешто, но разумот не и дава тоа да го изговори гласно. Ама, доста е патетики и емоционалности. И, што ќе биде ако изговориш гласно и в лице? Ова беше многу директно. Се повлеков малку назад. Немам ни сила ни храброст за тоа да зборувам. Не сакам се пак од почеток. Не пак од нула. Тоа е проблем кој не знам да го објаснам. Збунета сум. Сакам да објаснам зошто. Да дефинирам емоции и барем еднаш во животот да не стојам на мраз во рана пролет. Така ќе биде подобро за сите. Јас сеуште ќе сум во фантазиите дека се ќе биде во ред, дека ќе има некој покрај мене во моментот на песимистички електромагнетни импулси, нерамномерни удари и црвени водени очи. Желбата е едно, но кој би сакал да биде со депресивна писателка, зависна од музика и книги? Па ни јас не сум толку себична да уништувам туѓо време, а не можам да го вратам. Пак се вртам во круг. Да разврзам или да го заврзам јазикот? Не знам. Никогаш и нема. Еден ден ќе биде предоцна. Сите краеви исти се, болни, тажни и расплакани. Сите погледи исти се, тешки и опасни. Затоа и не гледам во очите на другите. Огледалото на душата го занемарувам. Но, огледалото е огледало, го гледаш само својот одраз, иако е туѓо. Доцна е. Не знам дали крајот вака мириса, но тоа сетило не е важно сега. Гледам моите две огледалца се замаглуваат. Слушам гласови и некои звуци на чекори. Лесни во воздухот. Ги чувствувам допирите по дланката и мекото поминување на дланка по главата. Ги чекав лесните чекори со затворени очи. Кога ги осетив дека се блиску, со последен атом на сила ги отворив замаглените огледалца и кажав тоа што сакав. Мртвите што починале со она што најмногу им значи неискажано, се враќаат. А немам намера да ме трпиш пак. Ја стегнав таа дланка во мојата и се свртив каде што сакав долго време. Ги реков двата збора. Очите се затворија и истече црна солза. Лесните чекори стигнаа до мене. Нешто невидливо за останатите замавна и јас веќе немав сила да ја стегам таа дланка во мојата. Не сакав да ти досадувам после. Вака полесно се заборава. И онака сите завршуваме исто. Патетично. Чисти патетики од една самопрогласена писателка. Ви реков дека не треба да се нарекува така.
Изгледаше толку далечно , недостижно.. Како производ со истечен рок на употреба , копнееш по него , а знаеш дека ќе ти наштети... А она забранетото - толку слатко и примамливо ... Го гледав од далечините , мирно кроејќи план како да го уловам мојот плен ... Некако немав храброст за никаков чекор .. И одеднаш како да се отвори небото .. Како да се случи чудо ... Не знаев дали е вистина , но стана дел од мојот живот .. Секој ден самиот по себе носи нова приказна .. Чекориме се побргу и побргу по патеката на среќата ... Те сакав - тешко слушнав , но трудот се исплатеше ... Сега знам дека се што е тешко-достижно , не е и невозможно !!!
Далеку си! Те гледам во далечината и знам дека ти си ТОЈ! Да ТОЈ..црни очи,црна коса,црниот тен..ТОЈ секогаш стокмен во облека што му прилега на еден дечко. ТОЈ што кога ке ме бакне ме носи на седмо небо и останувам таму додека сум со него,ТОЈ што кога ми се јавува секогаш имам нешто убаво да му кажам,ТОЈ што секогаш може да ме разбере,ТОЈ што сакам да биде покрај мене,ТОЈ што пред сите ме представува како негова!...ДА! Баш ТОЈ!Баш ТОЈ го сакам секогаш да остане покрај мене и во моето срце!
Не ја собира Младоста ни помина како ветер кога ќе те олади после тешка омарнина па си мислиш Еј добро е, живи сме, а тоа поминале веќе денови, месеци, години возови, автобуси истечени пасоши, возачки дозволи умреле баби и дедовци, се родиле нови генерации пукнале стари врски засветиле ноќни светулки. Младоста ја тажам секое утро зошто не ја познавам, бега како арамија што украл по некоја година од животната витрина Во тегла, во тенџере во компјутер во фотографии секаде сакам да ја зачувам Не ја собира. А пишуваме за неа небаре ќе ја збере во песна Не. Младоста и кога ја носиме Ни е тесна.
Прашање без одговор Јас сум прашање, а ти одговор. Прашај ме, за да ти кажам. Но, немој вистината, немој самиот да се одделиш и немој пред мене да заплачеш. Подобро молчи... ... за да ти одговорам на молкот. Велат... љубовта е како виното! Колку постара, толку поубава. Но, ние да не ја старееме, подобро кратка, а вечна, отколку долга, а далечна. Подобро поглед кон минатото, отколку солзи за иднината. Патот ќе не врати назад низ годините кои полека ќе не прегазат. И колку и да ме прашуваш, за одговорот пак нема да знаеш, и да прашаш, и да ти објаснам, пак нема да разбереш. Кажи ми дали слепилото ми даде или ми зеде, дали ме прати таму таму каде сеуште те чекам, таму каде си ти, а те нема каде те допирам, а не можам да те фатам. Дали во сонот во кој живеев или во реалноста каде несакајќи се изгубив? Таму лежи одговорот на прашањето наше.